економска политика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomska-politika/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Mar 2022 07:25:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png економска политика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomska-politika/ 32 32 Николоски: Оваа Влада не знае да креира економска политика, најдобро е да се согласи на предвремени парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ovaa-vlada-ne-znae-da-kreira-ekonomska-politika-najdobro-e-da-se-soglasi-na-predvremeni-parlamentarni-izbori/ Sun, 13 Mar 2022 14:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=472137

Досега не слушнавме релевантен одговор што ќе се случи со праската во Росоман, која што веќе нема извоз. Што ќе се случи со јаболкото во Ресен кое што исто така нема извоз? Што ќе се случи со пролетната зелка која што главно се сади во струмичко, Босилево, Василево, кое што исто така нема извоз? Понатака, второто прашање е сошто не се исплаќаат субвенциите? Следното прашање кое што треба да го одговори власта е што ќе се случи со црешата, вишната, со капината и со сите оние производи кои што доаѓаат, кои што вредните земјоделци ги произведуваат, а веќе нема да можат да ги пласираат на пазари. Следно се малите трговци, затоа што со вака ограничување на маржите тие не можат да преживеат. Сите знаат дека во раноградинарските поризводи кои што се продаваат во малите дуќани. Она што е кало или она што се фрла е некаде 30-тина до 40% од производот што значи дека маржа од 10% не може да ја надокнади само загубата, а да не зборувам да нешто се заработи, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во вестите на Алфа телевизија.

Николоски додаде дека поради оваа ситуација многумина размислуваат да затворат своите мали бизниси, што значи десетици илјади луѓе на улица дополнително на веќе зголемените цени и големата криза.

– Ова е една тотално неспособна Влада. Оваа Влада која што не знае да прави економија. Ова е Влада која што не знае да помага, ниту на земјоделците, ниту на малите бизниси, а не пак на средниот и големиот бизнис. И затоа оваа Влада треба да замине час поскоро, нагласи Николоски.

Николоски се осврна на и спорот со Бугарија што посочи дека да се прашуваше само власта досега 100 пати ќе го продадеше македонскиот идентитет и историја, но власта се соочува со голем отпор од македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ.

Причината поради која што од власта не се појавуваат по медиумите е дека немаат одговор на клучните прашања. А, тоа се прашањата за кои што зборувавме досега, што ќе се случува со цените и што ќе се случува со производот што го произведуваат македонските земјоделци, а кој што ќе остане по нивите. Од власта немаат одговор на тие прашања, немаат одговор на празните рафтови во маркетите, немаат одговор на затворањето на малите бизниси, немаат одгворо на поскапувањето и затоа бегаат, рече Николоски.

Николоски укажа дека за власта е најдобро е да се согласат на предвремени парламентарни избори, затоа што не можат вечно да бегаат од народот.

The post Николоски: Оваа Влада не знае да креира економска политика, најдобро е да се согласи на предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Досега не слушнавме релевантен одговор што ќе се случи со праската во Росоман, која што веќе нема извоз. Што ќе се случи со јаболкото во Ресен кое што исто така нема извоз? Што ќе се случи со пролетната зелка која што главно се сади во струмичко, Босилево, Василево, кое што исто така нема извоз? Понатака, второто прашање е сошто не се исплаќаат субвенциите? Следното прашање кое што треба да го одговори власта е што ќе се случи со црешата, вишната, со капината и со сите оние производи кои што доаѓаат, кои што вредните земјоделци ги произведуваат, а веќе нема да можат да ги пласираат на пазари. Следно се малите трговци, затоа што со вака ограничување на маржите тие не можат да преживеат. Сите знаат дека во раноградинарските поризводи кои што се продаваат во малите дуќани. Она што е кало или она што се фрла е некаде 30-тина до 40% од производот што значи дека маржа од 10% не може да ја надокнади само загубата, а да не зборувам да нешто се заработи, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во вестите на Алфа телевизија. Николоски додаде дека поради оваа ситуација многумина размислуваат да затворат своите мали бизниси, што значи десетици илјади луѓе на улица дополнително на веќе зголемените цени и големата криза.