економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomija/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 19:13:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomija/ 32 32 Мицкоски: Економијата се стабилизира, единствено нешто што е катастрофално е состојбата што ни ја остави СДС https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ekonomijata-se-stabilizira-edinstveno-neshto-shto-e-katastrofalno-e-sostojbata-shto-ni-ja-ostavi-sds/ Sat, 19 Oct 2024 13:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=828833

Економијата се стабилизира, слободното паѓање е запрено. Единствена катастрофа за Македонија е седумгодишното разбојничко работење со државни ресурси на СДСМ и ДУИ, а не прогнозата на Светска банка за економијата на државава во најновиот извештај што опозицијата ја препознава, е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски на обвинувањата од опозициската СДСМ дека оваа влада ќе направи економска катастрофа.

Пратеникот на СДСМ и екс вицепремиер Фатмир Битиќи денеска изјави дека македонската економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 %, годинава, според Светска банка, ќе ја завршиме со само 1,8%.Тоа според него е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни.

Мицкоски рече дека е задоволен што во оваа Влада сите економски индикатори се позитивни.

Единственото нешто што е катастрофално во Македонија е состојбата која што СДСМ ја остави после седум години разбојничко управување. Она што го прави оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е сето тоа да го консолидира, јас сум повеќе задоволен што слободното паѓање го сопревме и добро е што како оваа Влада сите индикатори се позитивни – рече Мицкоски.

Според Мицкоски, „се што кажаа од СДСМ, промашија“.

Она што можам да го кажам е дека се што кажала СДСМ промашија. Овие прес-конференции треба да бидат само знак дека е спротивно од тоа што тие го кажуваат е во реалноста. Им благодарам на СДСМ што преку своите прес-конференции и пораки кои ги испраќаат во јавноста само потврдуваат и ги потсетуваат граѓаните за своето седумгодишно разбојничко владеење, управување со ресурсите во Македонија, и ги потсетуваат граѓаните на сите понижувања и национални отстапки што ги правеа на сметка на зголемување на своето лично богатство и богатење на грбот на граѓаните – додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Економијата се стабилизира, единствено нешто што е катастрофално е состојбата што ни ја остави СДС appeared first on Република.

]]>

Економијата се стабилизира, слободното паѓање е запрено. Единствена катастрофа за Македонија е седумгодишното разбојничко работење со државни ресурси на СДСМ и ДУИ, а не прогнозата на Светска банка за економијата на државава во најновиот извештај што опозицијата ја препознава, е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски на обвинувањата од опозициската СДСМ дека оваа влада ќе направи економска катастрофа. Пратеникот на СДСМ и екс вицепремиер Фатмир Битиќи денеска изјави дека македонската економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 %, годинава, според Светска банка, ќе ја завршиме со само 1,8%.Тоа според него е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни. Мицкоски рече дека е задоволен што во оваа Влада сите економски индикатори се позитивни.
Единственото нешто што е катастрофално во Македонија е состојбата која што СДСМ ја остави после седум години разбојничко управување. Она што го прави оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е сето тоа да го консолидира, јас сум повеќе задоволен што слободното паѓање го сопревме и добро е што како оваа Влада сите индикатори се позитивни – рече Мицкоски.
Според Мицкоски, „се што кажаа од СДСМ, промашија“.
Она што можам да го кажам е дека се што кажала СДСМ промашија. Овие прес-конференции треба да бидат само знак дека е спротивно од тоа што тие го кажуваат е во реалноста. Им благодарам на СДСМ што преку своите прес-конференции и пораки кои ги испраќаат во јавноста само потврдуваат и ги потсетуваат граѓаните за своето седумгодишно разбојничко владеење, управување со ресурсите во Македонија, и ги потсетуваат граѓаните на сите понижувања и национални отстапки што ги правеа на сметка на зголемување на своето лично богатство и богатење на грбот на граѓаните – додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Економијата се стабилизира, единствено нешто што е катастрофално е состојбата што ни ја остави СДС appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Приватните инвестиции придонесуваат за развој на економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-privatnite-investitsii-pridonesuvaat-za-razvoj-na-ekonomijata/ Wed, 31 Jul 2024 13:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=802011

Ми претставува голема чест и задоволство што бев денеска дел од овој настан. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на инвеститорот, Трајче е навистина пример кој што треба да го следат сите Македонци насекаде низ светото, да не си ја забораваат својата татковина. Знам дека тоа се макотрпно и тешко заработени средства кои што таму некаде далеку после Атлантикот, Трајче ги има заработено, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Кавадарци.

Но, не ги заборава своите корења, не ја заборава својата татковина и инвестира во својот град Кавадарци.

Ефектите се огромни за економијата. Прво, да се има еден ваков водечки светски бренд, водечки светски бренд како што е Холидеј Ин, навистина е чест овдека во Кавадарци, благодарение на инвеститорот тоа ќе се случи набргу од денеска. Од презентацијата можев да видам дека станува збор за импозантна градба, градба која што нема како, а да не го развие целиот регион сега и Кавадарци ќе биде на многу пожестоко место на туристичката мапа, голем број на туристите кои што го посетуваат регионот поради, според мене најубавото вино во Европа, но и највкусното грозје во Европа, сега ќе имаат уште еден поголем репрезентативен со светски квалитет сместувачки капацитет.

Самата градба вработува луѓе и допринесува во локалната економија.

Благодарност и до градоначалникот Јанчев што цело време го следи административно овој проект, благодарност и до сите луѓе кои се вклучени во овој проект. Како Влада имаме цел во Македонија да донесеме што е можно повеќе вакви инвестиции, да поддржиме да бидеме лидери во регионот и убеден сум дека можеме тоа да го направиме.

Набргу од денеска сите ние ќе сведочиме на една прекрасна градба овде во Кавадарци, каде што ќе работата не само кавадарчани, туку луѓе од регионот и цела држава. Сакам што побрзо тоа да се случи ние сме сите нестрпливи. Знам дека секоја една работа има природен тек, не можете да одите спротивно на природата, но сигурен сум дека ова репрезентативно здание ќе биде нешто кое што сите ние ќе се гордееме и ќе имаме со што да се гордееме.

Така што еве посакувам следниот пат кога ќе се видиме овде да присуствуваме на отворањето набрзо од денеска, и посакувам успешно да работи и да придонесува не само во локалната, туку и во националната економија.

The post Мицкоски: Приватните инвестиции придонесуваат за развој на економијата appeared first on Република.

]]>

Ми претставува голема чест и задоволство што бев денеска дел од овој настан. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на инвеститорот, Трајче е навистина пример кој што треба да го следат сите Македонци насекаде низ светото, да не си ја забораваат својата татковина. Знам дека тоа се макотрпно и тешко заработени средства кои што таму некаде далеку после Атлантикот, Трајче ги има заработено, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Кавадарци.
Но, не ги заборава своите корења, не ја заборава својата татковина и инвестира во својот град Кавадарци. Ефектите се огромни за економијата. Прво, да се има еден ваков водечки светски бренд, водечки светски бренд како што е Холидеј Ин, навистина е чест овдека во Кавадарци, благодарение на инвеститорот тоа ќе се случи набргу од денеска. Од презентацијата можев да видам дека станува збор за импозантна градба, градба која што нема како, а да не го развие целиот регион сега и Кавадарци ќе биде на многу пожестоко место на туристичката мапа, голем број на туристите кои што го посетуваат регионот поради, според мене најубавото вино во Европа, но и највкусното грозје во Европа, сега ќе имаат уште еден поголем репрезентативен со светски квалитет сместувачки капацитет. Самата градба вработува луѓе и допринесува во локалната економија. Благодарност и до градоначалникот Јанчев што цело време го следи административно овој проект, благодарност и до сите луѓе кои се вклучени во овој проект. Како Влада имаме цел во Македонија да донесеме што е можно повеќе вакви инвестиции, да поддржиме да бидеме лидери во регионот и убеден сум дека можеме тоа да го направиме. Набргу од денеска сите ние ќе сведочиме на една прекрасна градба овде во Кавадарци, каде што ќе работата не само кавадарчани, туку луѓе од регионот и цела држава. Сакам што побрзо тоа да се случи ние сме сите нестрпливи. Знам дека секоја една работа има природен тек, не можете да одите спротивно на природата, но сигурен сум дека ова репрезентативно здание ќе биде нешто кое што сите ние ќе се гордееме и ќе имаме со што да се гордееме. Така што еве посакувам следниот пат кога ќе се видиме овде да присуствуваме на отворањето набрзо од денеска, и посакувам успешно да работи и да придонесува не само во локалната, туку и во националната економија.

The post Мицкоски: Приватните инвестиции придонесуваат за развој на економијата appeared first on Република.

]]>
„Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/standard-i-purs-ochekuva-zabrzuvane-na-ekonomijata-stabilizirane-na-javniot-dolg-i-zajaknata-fiskalna-konsolidatsija/ Wed, 31 Jul 2024 12:42:27 +0000 https://republika.mk/?p=801998

Македонската економија во 2024 година се очекува да забрза до ниво од 2,5% и да достигне 3 % до 2027 година, јавниот долг да остане умерен и да се стабилизира на 57% од БДП до 2027 година, а буџетскиот дефицит за годинава е ревидиран на 4,9 % и се очекува од 2025 година да се зајакнат напорите за фискална консолидација согласно Законот за буџети. Ова го констатира Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандар и пурс” во најновиот извештај со кој земјата го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи.

„Стандард и пурс” во извештајот наведува дека земјата забележа стапка на раст од 1,3% во 2023 година, продолжувајќи го ваквиот тренд од последните две години, поради слабата надворешна побарувачка и инвестиции. Поконкретно, во извештајот се констатира дека „во првиот квартал од 2024 година, економијата забележа раст од 1,3% на годишно ниво, што е доминантно поттикнат од инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти”, кои според Агенцијата и во наредниот период ќе бидат двигатели на економскиот раст. Ризиците кои може да влијаат на намалување на растот се поврзани со неизвесното економско окружување во ЕУ и потенцијалот за зголемување на цените на суровините поттикнати од глобалните геополитички тензии. Сепак, очекувањата на Aгенцијата се растот да закрепне и да достигне 3% до 2027 година поттикнат од очекуваното зголемување на надворешната побарувачка и зајакнување на кредитната активност.

И покрај слабиот  економски раст, „Стандард и пурс” нотира дека постигнато е значително намалување на стапката на невработеност, која е намалена на ниво од 12,9% во првиот квартал од 2024 година и дека таквиот тренд ќе продолжи и во иднина поддржан од приливот на странски директни инвестиции. Ризик на кој се посочува е високото ниво на емиграција, значителниот неформален сектор и недостигот на квалификувана работна сила.

Исто така, во извештајот се нотира дека послабите изгледи за економскиот раст за оваа година се пресликуваат и во ревидираниот буџет кој се фокусира на пораст на пензиите, платите и сервисирање на долговите, и намалување на другите расходи, а воедно буџетскиот дефицит за 2024 година е ревидиран на ниво од 4,9%. Значајно, според „Стандард и пурс” е почитување на Законот за буџети и понатамошна фискална консолидација. Во периодот 2024-2027 буџетскиот дефицит во просек е проектиран на 3,5% од БДП. При тоа клучни предизвици на кои се упатува во извештајот се неформалниот сектор и зголемени трошоци за инфраструктурните проекти.

Клучно според „Стандард и пурс” е да се продолжи со обезбедување силен економски раст и спроведување на структурните реформи. Примарна агенда на Владата, нотира Агенцијата, се сеопфатни реформи насочени кон ревитализација на институциите, борба со корупцијата и почитување на владеењето на правото. Клучна цел е економскиот раст, поставен на 5%, поттикнат од големите инфраструктурни проекти, привлекување нови инвестиции, зајканување на наплатата на даноците и зголемување на приходите, зголемување на пензиите и платите.

Кредитниот рејтинг, кој го изготвуваат Агенциите за кредитен рејтинг го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Кредитниот рејтинг на земјата го оценуваат „Стандард и пурс” и „Фич” двапати во годината.

The post „Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација appeared first on Република.

Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија: Продолжуваме со поддршка за развој на занаетчиството кое е фактор за економски развој во нашата земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-medhiti-i-ganiu-i-sali-vo-poseta-na-zanaetchiite-vo-starata-skopska-charshija-prodolzhuvame-so-poddrshka-za-razvoj-na-zanaetchistvoto-koe-e-faktor-za-ekonomski-razvoj-vo-nashata-zemja/ Fri, 26 Jul 2024 10:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=800440

Министерот за економија Бесар Дурмиши заедно со првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали денеска ги посетија занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија.

Министерот Дурмиши ги информираше занаетчиите за мерките за поддршка на занаетчиството во рамки на Министерството за економија и труд.

„Чест и задоволство ми е што денеска сум тука заедно со вас да ги посетиме занаетчиите во Старата Скопска Чаршија и лично да ги информирам за поддршката која што Министерството за економија и труд ја дава за нив.

Занаетчиството е важен сегмент на нашата економија, а Министерството за економија и труд  и Владата во наредниот период ќе продолжат со континуирана поддршка, преку мерки и активности кои се дел од политиките за развој и унапредување на занаетчитвото во државата“ кажа министерот Дурмиши.

Министерот информираше дека Министерството за економија и труд минатата недела го објави јавниот повик за поодршка на занаетчиството.

„Со оваа мерка е предвидено да се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.За оваа мерка согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија предвидени се средства во вкупен износ од 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството за економија и труд, а субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци кои занаетчиите ги направиле, во 2023 и 2024 година. На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години“ кажа Дурмиши.

Министерот информираше дека во насока на развој и поддршка на занаетчиството, исто така Министерството за економија и труд минатата недела обајви и повик за поддршка на проекти на здруженија и занаетчиски комори за проекти воделот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми, организирање на промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.

Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија, а  занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври 2024 година

“Сакам да ги повикам сите занаетчии од сите региони во државата да аплицираат за поддршката што како Министерство за економија и труд им ја даваме. Како Министер сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството  е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството во Република Македонија“ им порача министерот Дурмиши на занаетчиите.

The post Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија: Продолжуваме со поддршка за развој на занаетчиството кое е фактор за економски развој во нашата земја appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Бесар Дурмиши заедно со првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали денеска ги посетија занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија. Министерот Дурмиши ги информираше занаетчиите за мерките за поддршка на занаетчиството во рамки на Министерството за економија и труд. „Чест и задоволство ми е што денеска сум тука заедно со вас да ги посетиме занаетчиите во Старата Скопска Чаршија и лично да ги информирам за поддршката која што Министерството за економија и труд ја дава за нив. Занаетчиството е важен сегмент на нашата економија, а Министерството за економија и труд  и Владата во наредниот период ќе продолжат со континуирана поддршка, преку мерки и активности кои се дел од политиките за развој и унапредување на занаетчитвото во државата“ кажа министерот Дурмиши. Министерот информираше дека Министерството за економија и труд минатата недела го објави јавниот повик за поодршка на занаетчиството. „Со оваа мерка е предвидено да се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.За оваа мерка согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија предвидени се средства во вкупен износ од 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството за економија и труд, а субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци кои занаетчиите ги направиле, во 2023 и 2024 година. На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години“ кажа Дурмиши. Министерот информираше дека во насока на развој и поддршка на занаетчиството, исто така Министерството за економија и труд минатата недела обајви и повик за поддршка на проекти на здруженија и занаетчиски комори за проекти воделот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми, организирање на промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис. Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија, а  занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври 2024 година “Сакам да ги повикам сите занаетчии од сите региони во државата да аплицираат за поддршката што како Министерство за економија и труд им ја даваме. Како Министер сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството  е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството во Република Македонија“ им порача министерот Дурмиши на занаетчиите.    

The post Дурмиши, Меџити и Ганиу и Сали во посета на занаетчиите во Старата Скопска Чаршија: Продолжуваме со поддршка за развој на занаетчиството кое е фактор за економски развој во нашата земја appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од престижниот универзитет Џон Хопкинс: Најголемиот приоритет мора да е економијата, времето на политичари заштитници на криминалот завршува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-prestizhniot-univerzitet-dhon-hopkins-najgolemiot-prioritet-mora-da-e-ekonomijata-vremeto-na-politichari-zashtitnitsi-na-kriminalot-zavrshuva/ Mon, 08 Jul 2024 20:07:22 +0000 https://republika.mk/?p=794733

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при својата неколкудневна посета на САД, денеска оствари предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, каде покрај на темите важни за Македонија, се осврна на повеќе теми од интерес на регионот и пошироко.

Најголем приоритет на Владата пред се ќе биде зајакнување на економијата. А таа не може да расте, ако нема одлучна борба против криминалот и корупцијата. Мораме да се соочиме со криминалот и корупцијата ако сакаме да ја развиеме нашата држава за следната генерација. Има голема коалиција помеѓу одредени политичари, судии, обвинители и бизнис елита, и ние мора да ја разбиеме таа коалиција, во спротива ќе потфрлиме исто како сите наши претходници и би биле поразени, потенцира Мицкоски.

Претседателот на Владата истакна дека трите најважни паларии ќе бидат инвестициите во енергетиката, Интер конекторот на гас како и вложувањата во инфраструктурата.

Премиерот соопшти дека од самиот почеток тргнал со идејата за распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители, затоа што тие две институции имаат само 2% доверба меѓу граѓаните.

Кога има проблем треба да се соочиме со него и да се даде решение. Има експерти кои се против, но никој не дава решение како да се реши истиот. Ние сега имаме статус кво, но ќе ја продолжиме нашата борба, во насока да донесеме правда и надеж, тие два столба одат заедно, во спротива би потфрлиле, кажа Мицкоски.

Тој даде јасно до знаење дека ќе се бори, ќе се бори за своите ставови, ќе се соочи со аргументи со сите експерти, затоа што народот е гладен за правда.

Премиерот Мицкоски се осврна и на ветото на Бугарија. Тој истакна дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни, македонските граѓани премногу жртвуваа за европската перспектива и доста е со понижувања.

Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега, изјави Мицкоски.

Од друга страна Мицкоски се задржа и на актуелното прашања со Украина.

Мојата држава е огромен донатор за Украина. Собранието гласаше за огромна поддршка за Украина. Ние сме меѓу топ 5 доставувачи на помош по глава на жител во светот“, истакна премиерот Мицкоски, истакнувајќи дека ние не сме толку голема и богата држава, но сме направиле максимални напори во насока да ја поддржиме Украина и украинскиот народ.

The post Мицкоски од престижниот универзитет Џон Хопкинс: Најголемиот приоритет мора да е економијата, времето на политичари заштитници на криминалот завршува appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при својата неколкудневна посета на САД, денеска оствари предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, каде покрај на темите важни за Македонија, се осврна на повеќе теми од интерес на регионот и пошироко.
Најголем приоритет на Владата пред се ќе биде зајакнување на економијата. А таа не може да расте, ако нема одлучна борба против криминалот и корупцијата. Мораме да се соочиме со криминалот и корупцијата ако сакаме да ја развиеме нашата држава за следната генерација. Има голема коалиција помеѓу одредени политичари, судии, обвинители и бизнис елита, и ние мора да ја разбиеме таа коалиција, во спротива ќе потфрлиме исто како сите наши претходници и би биле поразени, потенцира Мицкоски.
Претседателот на Владата истакна дека трите најважни паларии ќе бидат инвестициите во енергетиката, Интер конекторот на гас како и вложувањата во инфраструктурата. Премиерот соопшти дека од самиот почеток тргнал со идејата за распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители, затоа што тие две институции имаат само 2% доверба меѓу граѓаните.
Кога има проблем треба да се соочиме со него и да се даде решение. Има експерти кои се против, но никој не дава решение како да се реши истиот. Ние сега имаме статус кво, но ќе ја продолжиме нашата борба, во насока да донесеме правда и надеж, тие два столба одат заедно, во спротива би потфрлиле, кажа Мицкоски.
Тој даде јасно до знаење дека ќе се бори, ќе се бори за своите ставови, ќе се соочи со аргументи со сите експерти, затоа што народот е гладен за правда. Премиерот Мицкоски се осврна и на ветото на Бугарија. Тој истакна дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни, македонските граѓани премногу жртвуваа за европската перспектива и доста е со понижувања.
Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега, изјави Мицкоски.
Од друга страна Мицкоски се задржа и на актуелното прашања со Украина.
Мојата држава е огромен донатор за Украина. Собранието гласаше за огромна поддршка за Украина. Ние сме меѓу топ 5 доставувачи на помош по глава на жител во светот“, истакна премиерот Мицкоски, истакнувајќи дека ние не сме толку голема и богата држава, но сме направиле максимални напори во насока да ја поддржиме Украина и украинскиот народ.

The post Мицкоски од престижниот универзитет Џон Хопкинс: Најголемиот приоритет мора да е економијата, времето на политичари заштитници на криминалот завршува appeared first on Република.

]]>
Костал: Првиот впечаток од средбата со Мицкоски е одличен, очекувам влада благонаклонета кон економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kostal-prviot-vpechatok-od-sredbata-so-mitskoski-e-odlichen-ochekuvam-vlada-blagonakloneta-kon-ekonomijata/ Mon, 27 May 2024 18:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=782191

Андреас Костал, сопственик на компанијата „Костал“ која има свое претставништво во земјава, во гостувањето на „Трилинг“ дава одговор на прашањето за неговите први средба со идниот премиер Христијан Мицкоски, како и со Стопанската комора на Македонија.

Според Костал, првиот впечаток е одличен и очекува Влада која е благонаклонета кон економијата и економскиот развој и дека тука во Македонија начелно има добра клима и околности за идни инвестиции од претпријатија кои веќе се присутни тука, но и дека има основа за нови инвестиции во државата.

На прашањето што треба да биде приоритет на новата Влада, тој вели дека од една страна, вежно е за претпријатијата кои веќе се тука, и за оние кои сакаат да се инсталираат тука, да се креираат стабилни и доверливи рамковни услови.

Ако не погледнете нас како претпријатие, ние досега имаме инвестирано околу 100 милиони евра тука во Македонија и немаме ниту можност, ниту намера, да ја повлечеме инвестицијата од тука на краток рок и да ја однесеме на друго место. Но затоа многу зависиме од тоа, рамковните услови, даночните, регулаторните, царински рамковни услови и слично да бидат стабилни, а договорите и спогодбите да се почитуваат и да се почитуваат временските рокови, вели Костал за „Трилинг“ и додава дека на тој начин да може да се создаде доверлива и пресметлива рамка во која може да се дејствува.

За тоa што мисли за ситуацијата тука во Македонија, Костал вели дека не е експерт за да може да зборува за општествениот развој, но она што може да го констатира кога ги гледа, на пример, нивните активности тука во Македонија низ годините, е дека имаат направено неверојатно голем напредок и огромен чекор напред.

Пред сè во поглед на технолошката компетенција тука. А тоа верувам оди паралелно со техничкото образование и со техничките квалификации кај нас, кај нашите вработени, но пред сè кај поширокото население што се должи на универзитетите и на школското образование. Ако се погледне нашето оперативно работење, се гледа огромна промена. Претставете си, на почетокот, почнувавме со едноставни единечни прекинувачи, а во меѓувреме ги правиме најкомплексните производи во автомобилската електрика со огромна додадена вредност. Не само што мора да можеме да се справиме со комплексноста на производот, туку и со најразличните степени на стекнување додадена вредност. Од курсот за шприцање, преку електроника, преку монтажа, заварување и многу други. Затоа, организацијата мора да има висок степен на зрелост, а вработените висок степен на технолошка компетенција. Мислам дека ние како компанија го реализиравме овој развој во минатите години, а и не мислам дека бевме сами во тоа. Верувам дека истото се случуваше и на други места во Македонија, истакна тој.

Во однос на тоа кој е најголемиот проблем со кој се соочуваат како компанија, Костал вели дека сите компании кои се глобални, кои се исто така извозно ориентирани, задолжително треба да уживаат добар сет на правила и закони и законодавство на сила за да се избегне корупцијата, кои ги штитат бизнисите и владата од корупција.

Значи, ова е, од моја перспектива, навистина почетна точка за понатамошното развивање. Во однос на инфраструктурата, се разбира, кога ќе ја погледнете нашата компанија како добавувач на автомобили, сите производи што ги произведуваме овде всушност се извезуваат. Значи, се извезуваат некаде, главно на европскиот континент, во други земји, во погоните на производителите на автомобили. Затоа, се разбира, инфраструктурата ни е важна. И само како еден пример, како што знаете, ние сме лоцирани во Охрид. Не сакам да го пренагласувам тоа, но секако за нас би било корисно автопатот Скопје – Охрид да биде завршен со цел да ни се олеснат транспортните потреби. И, исто така, со цел да им олесниме на некои од нашите вработени да размислат да работат во „Костал“ во Охрид, иако можеби нивните семејства живеат во Скопје, посочи Костал.

Целиот разговор на Горазд Чомовски со Андреас Костал погледнете го во видеото подолу:

https://youtu.be/gqmAj9UXNjA?si=NMrehJKq8ac2hNvb

The post Костал: Првиот впечаток од средбата со Мицкоски е одличен, очекувам влада благонаклонета кон економијата appeared first on Република.

]]>

Андреас Костал, сопственик на компанијата „Костал“ која има свое претставништво во земјава, во гостувањето на „Трилинг“ дава одговор на прашањето за неговите први средба со идниот премиер Христијан Мицкоски, како и со Стопанската комора на Македонија. Според Костал, првиот впечаток е одличен и очекува Влада која е благонаклонета кон економијата и економскиот развој и дека тука во Македонија начелно има добра клима и околности за идни инвестиции од претпријатија кои веќе се присутни тука, но и дека има основа за нови инвестиции во државата. На прашањето што треба да биде приоритет на новата Влада, тој вели дека од една страна, вежно е за претпријатијата кои веќе се тука, и за оние кои сакаат да се инсталираат тука, да се креираат стабилни и доверливи рамковни услови.
Ако не погледнете нас како претпријатие, ние досега имаме инвестирано околу 100 милиони евра тука во Македонија и немаме ниту можност, ниту намера, да ја повлечеме инвестицијата од тука на краток рок и да ја однесеме на друго место. Но затоа многу зависиме од тоа, рамковните услови, даночните, регулаторните, царински рамковни услови и слично да бидат стабилни, а договорите и спогодбите да се почитуваат и да се почитуваат временските рокови, вели Костал за „Трилинг“ и додава дека на тој начин да може да се создаде доверлива и пресметлива рамка во која може да се дејствува.
За тоa што мисли за ситуацијата тука во Македонија, Костал вели дека не е експерт за да може да зборува за општествениот развој, но она што може да го констатира кога ги гледа, на пример, нивните активности тука во Македонија низ годините, е дека имаат направено неверојатно голем напредок и огромен чекор напред.
Пред сè во поглед на технолошката компетенција тука. А тоа верувам оди паралелно со техничкото образование и со техничките квалификации кај нас, кај нашите вработени, но пред сè кај поширокото население што се должи на универзитетите и на школското образование. Ако се погледне нашето оперативно работење, се гледа огромна промена. Претставете си, на почетокот, почнувавме со едноставни единечни прекинувачи, а во меѓувреме ги правиме најкомплексните производи во автомобилската електрика со огромна додадена вредност. Не само што мора да можеме да се справиме со комплексноста на производот, туку и со најразличните степени на стекнување додадена вредност. Од курсот за шприцање, преку електроника, преку монтажа, заварување и многу други. Затоа, организацијата мора да има висок степен на зрелост, а вработените висок степен на технолошка компетенција. Мислам дека ние како компанија го реализиравме овој развој во минатите години, а и не мислам дека бевме сами во тоа. Верувам дека истото се случуваше и на други места во Македонија, истакна тој.
Во однос на тоа кој е најголемиот проблем со кој се соочуваат како компанија, Костал вели дека сите компании кои се глобални, кои се исто така извозно ориентирани, задолжително треба да уживаат добар сет на правила и закони и законодавство на сила за да се избегне корупцијата, кои ги штитат бизнисите и владата од корупција.
Значи, ова е, од моја перспектива, навистина почетна точка за понатамошното развивање. Во однос на инфраструктурата, се разбира, кога ќе ја погледнете нашата компанија како добавувач на автомобили, сите производи што ги произведуваме овде всушност се извезуваат. Значи, се извезуваат некаде, главно на европскиот континент, во други земји, во погоните на производителите на автомобили. Затоа, се разбира, инфраструктурата ни е важна. И само како еден пример, како што знаете, ние сме лоцирани во Охрид. Не сакам да го пренагласувам тоа, но секако за нас би било корисно автопатот Скопје – Охрид да биде завршен со цел да ни се олеснат транспортните потреби. И, исто така, со цел да им олесниме на некои од нашите вработени да размислат да работат во „Костал“ во Охрид, иако можеби нивните семејства живеат во Скопје, посочи Костал.
Целиот разговор на Горазд Чомовски со Андреас Костал погледнете го во видеото подолу: https://youtu.be/gqmAj9UXNjA?si=NMrehJKq8ac2hNvb

The post Костал: Првиот впечаток од средбата со Мицкоски е одличен, очекувам влада благонаклонета кон економијата appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Економијата како столб на новата влада, борба против корупција, да направиме подобро утре се дел од темелните принципи за кои се разговара со Вреди https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/misajlovski-ekonomijata-kako-stolb-na-novata-vlada-borba-protiv-koruptsija-da-napravime-podobro-utre-se-del-od-temelnite-printsipi-za-koi-se-razgovara-so-vredi/ Mon, 13 May 2024 19:28:18 +0000 https://republika.mk/?p=777746

Главна особина помеѓу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди треба да бидат темелните принципи и вредности како да направиме подобро утре за секој граѓанин, точно и како да стигнеме побрзо до ЕУ, но без ултиматуми и да се почитува волјата на македонскиот народ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за „360 степени“ на МРТ.

Мисајловски посочи дека на средбата со Вреди првично се разговарало за темелните принципи, а потоа ќе следат кадровски решенија и се останато.

 Со Вреди зборувавме за првите принципи, а тоа пред се борбата против корупцијата, економијата како столб на новата влада, зборувавме за оние предизвици кои следат, ЕУ интеграциите и како да се создаде партнерски однос. Ние сме спремни да се почитува волјата на граѓаните и ако сакаме да градиме пријателство треба овие принципи да бидат темел, а потоа да се разгледаат сите прашања, рече Мисајловски.

Мисајловски додаде дека исто така е важно коалицијата да се пронајде и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ како во делот на инвестиции, здравство, економија и така натаму.

Во однос на уставните измени, Мисајловски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе си го одржи ветувањето заради кои и народот ја даде довербата.

– Нашиот став е постојан и ние кажуваме дека македонскиот народ треба да добие нешто плус и да не се чувствува дека е понижен. Со преземање на обврската СДС и ДУИ да потпишат таков договор тие го понижија македонскиот народ, а македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаат тоа. Треба да седнеме да разговараме и со новата влада во Бугарија да најдеме начин како човековите права и на Македонците да не бидат загрозени, знаете дека ни македонска невладина не може да се отвори во Бугарија. Навистина сакаме да бидеме членка во ЕУ, но со овој договор се понижува македонскиот народ и ова е едно од главните прашања. Нема да го смениме ставот од денес до утре бидејќи сме ветиле пред граѓаните, македонскиот народ да добие нешто плус, изјави Мисајловски.

The post Мисајловски: Економијата како столб на новата влада, борба против корупција, да направиме подобро утре се дел од темелните принципи за кои се разговара со Вреди appeared first on Република.

]]>

Главна особина помеѓу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди треба да бидат темелните принципи и вредности како да направиме подобро утре за секој граѓанин, точно и како да стигнеме побрзо до ЕУ, но без ултиматуми и да се почитува волјата на македонскиот народ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за „360 степени“ на МРТ. Мисајловски посочи дека на средбата со Вреди првично се разговарало за темелните принципи, а потоа ќе следат кадровски решенија и се останато.
 Со Вреди зборувавме за првите принципи, а тоа пред се борбата против корупцијата, економијата како столб на новата влада, зборувавме за оние предизвици кои следат, ЕУ интеграциите и како да се создаде партнерски однос. Ние сме спремни да се почитува волјата на граѓаните и ако сакаме да градиме пријателство треба овие принципи да бидат темел, а потоа да се разгледаат сите прашања, рече Мисајловски.
Мисајловски додаде дека исто така е важно коалицијата да се пронајде и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ како во делот на инвестиции, здравство, економија и така натаму. Во однос на уставните измени, Мисајловски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе си го одржи ветувањето заради кои и народот ја даде довербата. – Нашиот став е постојан и ние кажуваме дека македонскиот народ треба да добие нешто плус и да не се чувствува дека е понижен. Со преземање на обврската СДС и ДУИ да потпишат таков договор тие го понижија македонскиот народ, а македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаат тоа. Треба да седнеме да разговараме и со новата влада во Бугарија да најдеме начин како човековите права и на Македонците да не бидат загрозени, знаете дека ни македонска невладина не може да се отвори во Бугарија. Навистина сакаме да бидеме членка во ЕУ, но со овој договор се понижува македонскиот народ и ова е едно од главните прашања. Нема да го смениме ставот од денес до утре бидејќи сме ветиле пред граѓаните, македонскиот народ да добие нешто плус, изјави Мисајловски.  

The post Мисајловски: Економијата како столб на новата влада, борба против корупција, да направиме подобро утре се дел од темелните принципи за кои се разговара со Вреди appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vmro-dpmne-ke-ponudi-multinatsionalni-kompanii-vo-svetot-da-gi-prenesat-svoite-profitni-tsentri-vo-makedonija/ Thu, 08 Feb 2024 16:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=741934

Нема да биде како до сега, досега беше лошо, односно не било полошо. Кога станува збор за економијата можам да кажам дека за нас што претставува најголем приоритет. Според сите мерења на јавното мислење, како прв приоритет граѓаните го посочуваат проблемот со нискиот стандард, ниските плати, економијата. Што значи дека ако ние направиме сериозни реформи, што не се сомневам, убеден сум дека ќе направиме нешто што ќе биде историски значајно и ќе ја трансформира Македонија во насока во која сакаме да ја видиме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата за Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ во Велес.

Мицкоски истакна дека изминативе 6 и половина години владата на СДС и ДУИ ја заковаа Македонија на дното, во регионот и Европа според економските параметри, дали е тоа раст на БДП, странски инвестиции, домашни инвестиции.

Македонија се наоѓа денеска на дното и сите тоа го знаеме и тоа е една од причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ влегува во овие избори, и ние на два месеци од почеток како кампањата сме фаворит, затоа што граѓаните кога ќе ги прашате која од политичките партии очекуваат да ги решат тие проблеми, во огромно мнозинство се изјаснуваат дека очекуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ги решат тие проблеми, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во иднина има намера да ја продолжи политиката на ниски давачки, односно рамен данок кој што е карактерна особина и претпознатлив реформски потег кој го почна ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС во одреден период осцилираше и воведуваше прогресивен данок и создаде непријатна атмосфера во бизнисот, атмосфера на непознато и на тој начин бизнисмените не инвестираа, не отвораа работни места, а економијата тапкаше во место и сега сме последни позади Косово, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе пакет кој ќе опфати понуда до мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија.

Тука не зборувам за производни, туку профитни центри, и на тој начин тие својата консолидирана добивка ќе ја донесат во Македонија, односно за ниски даноци до 5% ќе можат да ја консолидираат нивната добивка тука, Македонија ќе биде земја со најнизок рамен данок на профит во Европа, нагласи тој.

Мицкоски го потенцираше и проектот со кој се планира реалокација на средства од државниот буџет кон општините, за финансирање на проекти кои се важни за граѓаните, а кои за жал досега не биле реализирани.

Мицкоски посочи дека тоа се проекти како водоводи, канализација, патишта, училишта, градинки и така натаму.

Граѓаните мора да почувствуваат дека владата се грижи за нив. Овој проект годишно ќе зафати околу 250 милиони евра или во 4 годишен мандат 1 милијарда евра, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија appeared first on Република.

]]>

Нема да биде како до сега, досега беше лошо, односно не било полошо. Кога станува збор за економијата можам да кажам дека за нас што претставува најголем приоритет. Според сите мерења на јавното мислење, како прв приоритет граѓаните го посочуваат проблемот со нискиот стандард, ниските плати, економијата. Што значи дека ако ние направиме сериозни реформи, што не се сомневам, убеден сум дека ќе направиме нешто што ќе биде историски значајно и ќе ја трансформира Македонија во насока во која сакаме да ја видиме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата за Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ во Велес. Мицкоски истакна дека изминативе 6 и половина години владата на СДС и ДУИ ја заковаа Македонија на дното, во регионот и Европа според економските параметри, дали е тоа раст на БДП, странски инвестиции, домашни инвестиции.
Македонија се наоѓа денеска на дното и сите тоа го знаеме и тоа е една од причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ влегува во овие избори, и ние на два месеци од почеток како кампањата сме фаворит, затоа што граѓаните кога ќе ги прашате која од политичките партии очекуваат да ги решат тие проблеми, во огромно мнозинство се изјаснуваат дека очекуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ги решат тие проблеми, изјави Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во иднина има намера да ја продолжи политиката на ниски давачки, односно рамен данок кој што е карактерна особина и претпознатлив реформски потег кој го почна ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДС во одреден период осцилираше и воведуваше прогресивен данок и создаде непријатна атмосфера во бизнисот, атмосфера на непознато и на тој начин бизнисмените не инвестираа, не отвораа работни места, а економијата тапкаше во место и сега сме последни позади Косово, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе пакет кој ќе опфати понуда до мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија.
Тука не зборувам за производни, туку профитни центри, и на тој начин тие својата консолидирана добивка ќе ја донесат во Македонија, односно за ниски даноци до 5% ќе можат да ја консолидираат нивната добивка тука, Македонија ќе биде земја со најнизок рамен данок на профит во Европа, нагласи тој.
Мицкоски го потенцираше и проектот со кој се планира реалокација на средства од државниот буџет кон општините, за финансирање на проекти кои се важни за граѓаните, а кои за жал досега не биле реализирани. Мицкоски посочи дека тоа се проекти како водоводи, канализација, патишта, училишта, градинки и така натаму.
Граѓаните мора да почувствуваат дека владата се грижи за нив. Овој проект годишно ќе зафати околу 250 милиони евра или во 4 годишен мандат 1 милијарда евра, изјави Мицкоски.
 
The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мултинационални компании во светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: За првпат разговараме за економија, а не за политиката која носи поделби https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-prvpat-razgovarame-za-ekonomija-a-ne-za-politikata-koja-nosi-podelbi/ Mon, 22 Jan 2024 10:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=735387

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ посочи дека во Скопје со лидерите од другите земји од Западен Балкан разговараат за економија, а не за политика. Тој очекува разговорите да донесат бенефити за сите држави од Западен Балкан.

Пред се да ги поздравам браќата Македонци во Македонија, да се заблагодарам на гостопримството. Состаноците овде се важни за целиот регион, разговараме за планот на раст со американските и европските претставници. Разговаравме за т.н. зелените линии за нашите камиони, за да поминуваат слободно низ границите на ЕУ“, рече Вучиќ.

Во наредните денови ќе се потпишат протоколи за слободен пристап на работна сила во Тирана, Скопје и Белград.

По првпат се состануваме за да се зборува за економија, а не за политика која носи големи поделби за нас“, додаде Вучиќ.

The post Вучиќ: За првпат разговараме за економија, а не за политиката која носи поделби appeared first on Република.

Милошоски: Кога имаш влада со најслаб економски тим, тогаш имаш и најслаби економски резултати во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/miloshoski-koga-imash-vlada-so-najslab-ekonomski-tim-togash-imash-i-najslabi-ekonomski-rezultati-vo-regionot/ Thu, 12 Oct 2023 07:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=690331

Кога имаш влада со најслаб економски тим, тогаш имаш и најслаби економски резултати во регионот, пишува на својот фејсбук профил Антонио Милошоски.

The post Милошоски: Кога имаш влада со најслаб економски тим, тогаш имаш и најслаби економски резултати во регионот appeared first on Република.

За каква економија да зборуваме во земја во која премиерот има двојно понизок рејтинг од лидерот на опозицијата?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-kakva-ekonomija-da-zboruvame-vo-zemja-vo-koja-premierot-ima-dvojno-ponizok-rejting-od-liderot-na-opozitsijata/ Sun, 25 Jun 2023 09:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=654872

Економијата е најголем проблем за граѓаните на Македонија. Тие не очекуваат подобри денови од актуелното државно раководство, ниту пак му веруваат дека презема мерки за сузбивање на криминалот и на корупцијата. Резултатите од анектата на Маркет вижн објавени вчера покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство со двојно повисок рејтинг од владејачката СДСМ. 22% од испитаниците се определиле за партијата што ја предводи Христијан Мицкоски, а само 11,5% за партијата на чело со Димитар Ковачевски. ДУИ се уште е најпопуларна албанска партија, за интегративците на Али Ахмети би гласале 9,2 отсто.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dvojno-poveke-makedontsi-im-veruvaat-na-vmro-dpmne-i-hristijan-mitskoski-nasproti-sdsm-i-dimitar-kovachevski/

Со еден збор, рејтинзите доволно говорат дека на актуелното владејачко раководство деновите му се избројани.

Речиси половина од избирачите сметаат дека најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност. Високи 43,6% од испитаниците кои учестувале во телефонската анкета на Маркет вижн, спроведена од 5 до 16 јуни, за потребите на МКД.мк сметаат дека економските и стопанските параметри се во очајна состојба.

На прашањето дали сметате дека Македонија се движи во позитивна насока, мал дел од испитаниците (само 14,2%) се согласуваат со ова. Нешто повеќе од една четвртина сметаат дека стои во место, додека 55,5% сметаат дека оди во негативна насока.

Подобрување на животниот стандард со премиерот Димитар Ковачевски очекуваат само 18 отсто од испитаниците. Сличен процент (19 отсто) очекуваат Владата до крајот на својот мандат да донесе подобрувања во делот на економијата, наспроти две третини од испитаниците кои не очекуваат Владата да донесе подобрувања во економијата до крајот на својот мандат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-mkd-mk-vmro-dpmne-vo-vodstvo-paga-rejtingot-na-kovachevski/

Испитаниците од македонска етничка припадност во споредба со испитаниците од албанска етничка припадност се помали оптимисти за тоа дека државата се движи во позитивна насока.

Рак-рана на општеството се нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата за 26,7% од испитаниците, што претставува силен аларм имајќи предвид дека 79,8% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на минатата година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dvojno-poveke-makedontsi-im-veruvaat-na-vmro-dpmne-i-hristijan-mitskoski-nasproti-sdsm-i-dimitar-kovachevski/

Проектот за изградба на коридорите 8 и 10 го поддржуваат 59,4% од испитаниците. Само 12,9% сметаат дека проектот кој треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ не е коруптивен, додека нешто повеќе од една третина од испитаниците сметаат дека е подобро овој проект да не се гради под вакви услови. Приближно една четвртина од испитаниците кои го поддржуваат проектот, сметаат дека не треба да се гради под вакви услови.

Анкета на Маркет Вижн покажува и дека премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ најмоќната партија во владата Али Ахмети немаат поголема доверба од граѓаните споредено со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски сам има 12 проценти додека Ковачевски и Ахмети имаат исто толку но како збир (6,1 + 5,9).

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-vo-istorijata-dvajtsa-lideri-na-vladejachki-partii-imaat-vkupno-rejting-kolku-liderot-na-opozitsijata/

Ова е прв случај во историјата на македонските анкети лидер на опозиција да има ист или поголем рејтинг од двете најголеми партии во владата.

Анкетата покажува дека за околу сто дена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се зголемила за најмалку 20 илјади гласа во корист на партијата на Христијан Мицкоски.

The post За каква економија да зборуваме во земја во која премиерот има двојно понизок рејтинг од лидерот на опозицијата?! appeared first on Република.

]]>

Економијата е најголем проблем за граѓаните на Македонија. Тие не очекуваат подобри денови од актуелното државно раководство, ниту пак му веруваат дека презема мерки за сузбивање на криминалот и на корупцијата. Резултатите од анектата на Маркет вижн објавени вчера покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство со двојно повисок рејтинг од владејачката СДСМ. 22% од испитаниците се определиле за партијата што ја предводи Христијан Мицкоски, а само 11,5% за партијата на чело со Димитар Ковачевски. ДУИ се уште е најпопуларна албанска партија, за интегративците на Али Ахмети би гласале 9,2 отсто. https://republika.mk/vesti/makedonija/dvojno-poveke-makedontsi-im-veruvaat-na-vmro-dpmne-i-hristijan-mitskoski-nasproti-sdsm-i-dimitar-kovachevski/ Со еден збор, рејтинзите доволно говорат дека на актуелното владејачко раководство деновите му се избројани. Речиси половина од избирачите сметаат дека најголем проблем во државата се економијата и намалената стопанска активност. Високи 43,6% од испитаниците кои учестувале во телефонската анкета на Маркет вижн, спроведена од 5 до 16 јуни, за потребите на МКД.мк сметаат дека економските и стопанските параметри се во очајна состојба. На прашањето дали сметате дека Македонија се движи во позитивна насока, мал дел од испитаниците (само 14,2%) се согласуваат со ова. Нешто повеќе од една четвртина сметаат дека стои во место, додека 55,5% сметаат дека оди во негативна насока. Подобрување на животниот стандард со премиерот Димитар Ковачевски очекуваат само 18 отсто од испитаниците. Сличен процент (19 отсто) очекуваат Владата до крајот на својот мандат да донесе подобрувања во делот на економијата, наспроти две третини од испитаниците кои не очекуваат Владата да донесе подобрувања во економијата до крајот на својот мандат. https://republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-mkd-mk-vmro-dpmne-vo-vodstvo-paga-rejtingot-na-kovachevski/ Испитаниците од македонска етничка припадност во споредба со испитаниците од албанска етничка припадност се помали оптимисти за тоа дека државата се движи во позитивна насока. Рак-рана на општеството се нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата за 26,7% од испитаниците, што претставува силен аларм имајќи предвид дека 79,8% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на минатата година. https://republika.mk/vesti/makedonija/dvojno-poveke-makedontsi-im-veruvaat-na-vmro-dpmne-i-hristijan-mitskoski-nasproti-sdsm-i-dimitar-kovachevski/ Проектот за изградба на коридорите 8 и 10 го поддржуваат 59,4% од испитаниците. Само 12,9% сметаат дека проектот кој треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ не е коруптивен, додека нешто повеќе од една третина од испитаниците сметаат дека е подобро овој проект да не се гради под вакви услови. Приближно една четвртина од испитаниците кои го поддржуваат проектот, сметаат дека не треба да се гради под вакви услови. Анкета на Маркет Вижн покажува и дека премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ најмоќната партија во владата Али Ахмети немаат поголема доверба од граѓаните споредено со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мицкоски сам има 12 проценти додека Ковачевски и Ахмети имаат исто толку но како збир (6,1 + 5,9). https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-vo-istorijata-dvajtsa-lideri-na-vladejachki-partii-imaat-vkupno-rejting-kolku-liderot-na-opozitsijata/ Ова е прв случај во историјата на македонските анкети лидер на опозиција да има ист или поголем рејтинг од двете најголеми партии во владата. Анкетата покажува дека за околу сто дена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се зголемила за најмалку 20 илјади гласа во корист на партијата на Христијан Мицкоски.

The post За каква економија да зборуваме во земја во која премиерот има двојно понизок рејтинг од лидерот на опозицијата?! appeared first on Република.

]]>
ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 проценти, наредната 3,1 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ek-rastot-na-makedonskata-ekonomija-godinava-2-0-protsenti-narednata-3-1-otsto/ Mon, 15 May 2023 12:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=640987

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 процент.

Во пролетната економска прогноза на ЕК, во делот за Македонија, се вели дека по делумното закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата од Ковид-19, годишниот раст на БДП забави од 3,9 проценти во 2021 година на 2,1 процент во 2022 година. На економијата на земјата влијаеја намалената надворешната побарувачка, прекините во глобалните синџири на снабдување и растот на глобалните цени на храната и енергијата.

Додека пензиите и платите реално се намалија, пораснаа дознаките и приватната потрошувачка. Домашната потрошувачка, иако помала отколку во 2022 година, останува клучниот двигател на растот, се вели во извештајот. Се предвидува растот на инвестициите да остане стабилен со дополнително зголемување на постојните.

Негативните надворешни влијанија се очекува да се намалат, согласно со зголемената странска побарувачка и понискиот раст на увозот, наведува ЕК.

Дефицитот на тековната сметка значително се зголемил во 2022 година, поради наглиот раст на цените на енергијата и зависноста од увоз. Значителното зголемување во приватните трансфери (дознаки) и суфицитот во услужната дејност, потпомогнат од закрепнувањето на туризмот, делумно го компензирале влошувањето во трговијата со енергија. Проектираното намалување на дефицитот на сметката во текот на прогнозираниот период е главно поради значителното подобрување на трговскиот биланс, пониските цени на суровините, како и посилната надворешна побарувачка, поддржана од олеснувањето на притисоците во синџирите на снабдување.

Стапката на инфлација се искачила на 14,2 проценти во просек во 2022 година, во споредба со 3,2 проценти во 2021 година. Храната и енергијата заедно сочинуваат речиси 60 проценти од домашната структура на индексот на потрошувачките цени, а токму растот на цените во овие две категории имале најголемо влијание на вкупната инфлација, која во октомври достигнала врв на 19,8 проценти. Иако се бележи пад, базичната инфлација опстојува, поради заостанатите прелевања од цените на енергијата, но се очекува да продолжи да се намалува.

Економскиот раст треба да се засили во 2024 година, пред се воден од домашната побарувачка. Се предвидува и постепено намалување на фискалниот дефицит.

Како ризици за економскиот раст ЕК ги посочува пречките што се поставуваат пред владините планови за јавни инвестиции и даночната реформа. Од друга страна, процесот на пристапување на земјата во ЕУ е катализатор на развојот и за спроведување на структурните реформи и фискална одржливост.

The post ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 проценти, наредната 3,1 отсто appeared first on Република.

]]>

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 процент. Во пролетната економска прогноза на ЕК, во делот за Македонија, се вели дека по делумното закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата од Ковид-19, годишниот раст на БДП забави од 3,9 проценти во 2021 година на 2,1 процент во 2022 година. На економијата на земјата влијаеја намалената надворешната побарувачка, прекините во глобалните синџири на снабдување и растот на глобалните цени на храната и енергијата. Додека пензиите и платите реално се намалија, пораснаа дознаките и приватната потрошувачка. Домашната потрошувачка, иако помала отколку во 2022 година, останува клучниот двигател на растот, се вели во извештајот. Се предвидува растот на инвестициите да остане стабилен со дополнително зголемување на постојните. Негативните надворешни влијанија се очекува да се намалат, согласно со зголемената странска побарувачка и понискиот раст на увозот, наведува ЕК. Дефицитот на тековната сметка значително се зголемил во 2022 година, поради наглиот раст на цените на енергијата и зависноста од увоз. Значителното зголемување во приватните трансфери (дознаки) и суфицитот во услужната дејност, потпомогнат од закрепнувањето на туризмот, делумно го компензирале влошувањето во трговијата со енергија. Проектираното намалување на дефицитот на сметката во текот на прогнозираниот период е главно поради значителното подобрување на трговскиот биланс, пониските цени на суровините, како и посилната надворешна побарувачка, поддржана од олеснувањето на притисоците во синџирите на снабдување. Стапката на инфлација се искачила на 14,2 проценти во просек во 2022 година, во споредба со 3,2 проценти во 2021 година. Храната и енергијата заедно сочинуваат речиси 60 проценти од домашната структура на индексот на потрошувачките цени, а токму растот на цените во овие две категории имале најголемо влијание на вкупната инфлација, која во октомври достигнала врв на 19,8 проценти. Иако се бележи пад, базичната инфлација опстојува, поради заостанатите прелевања од цените на енергијата, но се очекува да продолжи да се намалува. Економскиот раст треба да се засили во 2024 година, пред се воден од домашната побарувачка. Се предвидува и постепено намалување на фискалниот дефицит. Како ризици за економскиот раст ЕК ги посочува пречките што се поставуваат пред владините планови за јавни инвестиции и даночната реформа. Од друга страна, процесот на пристапување на земјата во ЕУ е катализатор на развојот и за спроведување на структурните реформи и фискална одржливост.

The post ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 проценти, наредната 3,1 отсто appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со антикризните мерки ги помагаме компаниите, се бориме за секое работно место https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-so-antikriznite-merki-gi-pomagame-kompaniite-se-borime-za-sekoe-rabotno-mesto/ Thu, 09 Feb 2023 17:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=606999

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска беше во посета на фармацевтската компанија „Бионика Фармацеутикалс“.

За време на посетата, на премиерот Ковачевски му беше презентиран производствениот процес на компанијата, чија главна дејност е производство на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана и козметика.

Премиерот се сретна и со менаџерскиот тим на компанијата, која брои 77 вработени и освен во државава е и извозно ориентирана.

„За секоја пофалба е она што оваа компанија успеала во изминативе дваесетина години да го постигне на македонскиот пазар, а тоа е континуирано производство и продажба на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана и козметика. И не само во границите на државата, туку и во над 10 други држави каде ги извезува своите производи.

Како производствена компанија, „Бионика Фармацеутикалс“ успеа овој свој бизнис модел да го развие со прекугранични партнерства. Уверени сме дека на компаниите сета оваа државна помош им значи бидејќи додека во светот се случуваат затворања на фирми и масовни отпуштања, ние се бориме за секое работно место, за одржување ликвидност на компаниите, за раст на домашното производство и за секаков вид на поддршка на бизнис секторот со цел да бидеме конкурентни и на регионалните и светските пазари“, истакна премиерот Ковачевски, при посетата на компанијата „Бионика Фармацеутикалс“, каде му беше презентирана и работата на стик-пек машината, набавена со државна помош.

Тој потсети на помошта која Владата ја обезбедува за потребите на бизнис секторот.

„Со цел ние како држава да ги помогнеме компаниите, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во 2022 година исплативме рекордна државна помош во вредност од 23 милиони евра, кон 410 компании кои вработуваат над 27.000 работници. Минатата година се потпишани нови 277 договори, што е најголем број потпишани договори, од донесувањето на законот.

Навреме го донесовме и пакетот антикризни мерки во висина од над 760 милиони евра, кој е оценет како најголема државна помош во регионот, според податоците на Светската Банка“, подвлече премиерот.

Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека компанијата „Бионика Фармацеутикалс“, како и стотици други компании биле директно поддржани и во време на ковид кризата, со цел да се обезбеди континуитет во нивното работење.

Тој појасни дека со досегашните мерки се помогнати голем број компании.

„Креираме нови мерки се со цел да излеземе во пресрет на нашата индустрија, на нашите стопанственици, а со тоа да го зголеми бројот на вработените, а секако да имаат можност да инвестираат во нови технологии. Повеќе од 400 компании биле поддржани со мерката што ја реализиравме за зголемување на конкурентноста и дополнително над 400 компании се поддржани согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Ова значи дека повеќе од 30 милиони евра од страна на државата, Фондот за иновативност и технолошки развој и од Министерството за економија преку Македонската банка за развој, преку различни мерки се слеани во нашата индустрија, каде што се креирани нови работни места, а дополнително на таков начин е зголемен извозот“, рече министерот Бектеши, најавувајќи дека се работи на ревидирање на законската регулатива за финансиска поддршка на инвестиции, преку широк консултативен процес со сите засегнати.

Сопственикот на „Бионика Фармацеутикалс“, Марко Нововиќ, за време на настанот, ја искажа важноста на финансиската поддршка која ја добиле од државата, односно 100.000 евра преку мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД -19.

„ Мерката ја искористивме за набавка на технологија за производство на цврсти фармацевтски форми, односно прашак во стикови и имплементација на софтвер согласно последните барања на добрата производствена пракса за производство на фармацевтски производи.

Овој проект нас ни овозможи да ја покачиме конкурентноста на нашите производи на сите пазари каде што сме присутни, да го зголемиме портфолиото на нашите производи и да го подобриме обезбедувањето на квалитет при производството на нашите производи“, рече сопственикот на “Бионика Фармацеутикалс“, Марко Нововиќ.

Бионика поседува сертификат за производство на лекови (ГМП) од Република Словенија, којшто е валиден за целата територија на ЕУ, што овозможува извоз на производи во земјите членки и пошироко.

Компанијата има договори со партнери за производство за различни производи од државава, Данска, Србија и Романија, како и со дистрибутери на нивните производи во регионот и пошироко.

The post Ковачевски: Со антикризните мерки ги помагаме компаниите, се бориме за секое работно место appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска беше во посета на фармацевтската компанија „Бионика Фармацеутикалс“.   За време на посетата, на премиерот Ковачевски му беше презентиран производствениот процес на компанијата, чија главна дејност е производство на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана и козметика.   Премиерот се сретна и со менаџерскиот тим на компанијата, која брои 77 вработени и освен во државава е и извозно ориентирана. „За секоја пофалба е она што оваа компанија успеала во изминативе дваесетина години да го постигне на македонскиот пазар, а тоа е континуирано производство и продажба на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана и козметика. И не само во границите на државата, туку и во над 10 други држави каде ги извезува своите производи. Како производствена компанија, „Бионика Фармацеутикалс“ успеа овој свој бизнис модел да го развие со прекугранични партнерства. Уверени сме дека на компаниите сета оваа државна помош им значи бидејќи додека во светот се случуваат затворања на фирми и масовни отпуштања, ние се бориме за секое работно место, за одржување ликвидност на компаниите, за раст на домашното производство и за секаков вид на поддршка на бизнис секторот со цел да бидеме конкурентни и на регионалните и светските пазари“, истакна премиерот Ковачевски, при посетата на компанијата „Бионика Фармацеутикалс“, каде му беше презентирана и работата на стик-пек машината, набавена со државна помош. Тој потсети на помошта која Владата ја обезбедува за потребите на бизнис секторот. „Со цел ние како држава да ги помогнеме компаниите, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во 2022 година исплативме рекордна државна помош во вредност од 23 милиони евра, кон 410 компании кои вработуваат над 27.000 работници. Минатата година се потпишани нови 277 договори, што е најголем број потпишани договори, од донесувањето на законот. Навреме го донесовме и пакетот антикризни мерки во висина од над 760 милиони евра, кој е оценет како најголема државна помош во регионот, според податоците на Светската Банка“, подвлече премиерот. Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека компанијата „Бионика Фармацеутикалс“, како и стотици други компании биле директно поддржани и во време на ковид кризата, со цел да се обезбеди континуитет во нивното работење. Тој појасни дека со досегашните мерки се помогнати голем број компании. „Креираме нови мерки се со цел да излеземе во пресрет на нашата индустрија, на нашите стопанственици, а со тоа да го зголеми бројот на вработените, а секако да имаат можност да инвестираат во нови технологии. Повеќе од 400 компании биле поддржани со мерката што ја реализиравме за зголемување на конкурентноста и дополнително над 400 компании се поддржани согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.   Ова значи дека повеќе од 30 милиони евра од страна на државата, Фондот за иновативност и технолошки развој и од Министерството за економија преку Македонската банка за развој, преку различни мерки се слеани во нашата индустрија, каде што се креирани нови работни места, а дополнително на таков начин е зголемен извозот“, рече министерот Бектеши, најавувајќи дека се работи на ревидирање на законската регулатива за финансиска поддршка на инвестиции, преку широк консултативен процес со сите засегнати. Сопственикот на „Бионика Фармацеутикалс“, Марко Нововиќ, за време на настанот, ја искажа важноста на финансиската поддршка која ја добиле од државата, односно 100.000 евра преку мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД -19. „ Мерката ја искористивме за набавка на технологија за производство на цврсти фармацевтски форми, односно прашак во стикови и имплементација на софтвер согласно последните барања на добрата производствена пракса за производство на фармацевтски производи. Овој проект нас ни овозможи да ја покачиме конкурентноста на нашите производи на сите пазари каде што сме присутни, да го зголемиме портфолиото на нашите производи и да го подобриме обезбедувањето на квалитет при производството на нашите производи“, рече сопственикот на “Бионика Фармацеутикалс“, Марко Нововиќ. Бионика поседува сертификат за производство на лекови (ГМП) од Република Словенија, којшто е валиден за целата територија на ЕУ, што овозможува извоз на производи во земјите членки и пошироко.   Компанијата има договори со партнери за производство за различни производи од државава, Данска, Србија и Романија, како и со дистрибутери на нивните производи во регионот и пошироко.  

The post Ковачевски: Со антикризните мерки ги помагаме компаниите, се бориме за секое работно место appeared first on Република.

]]>
Власта да поработи посериозно на инфлацијата која ги осиромашува граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-da-poraboti-poseriozno-na-inflacijata-koja-gi-osiromashuva-gragjanite/ Fri, 09 Sep 2022 18:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=549213

Инфлацијата граѓаните ја доживуваат како нивно дополнително осиромашување затоа што платите коишто ги добиваат ја губат вредноста. Од друга страна пак варијациите на инфлацијата во Македонија е голема, достигна 16.8 посто, со што Македонија е меѓу европските држави со највисока инфлаација а ниски примања, вели универзитетскиот професор, Јован Пејковски за телевизија 24.

Според него, Власта треба сериозно да пристапи кон изнаоѓање мерки со кои ќе им го олесни животот на најранливите кои се и најпогодени, од тука го поставува и прашањето до кое ниво инфлацијата ќе навлегува во џебовите на граѓаните и ќе ја обезверднува нивната месечна приходна страна

Од друга страна, самите граѓаните и тоа како ја чувствуваат инфлацијата затоа што не можат да ги задоволат основните потреби. Растот на цената на енергијата, на горивата, на струјата, растот на цената на храната гледаме и тоа како влијае на граѓаните и затоа кај нив се јавува една одбивност кон секоја најава за зголемување на цените како што веќе имаме најава за зголемување на цените на струјата, на горивото, на храна и така натаму.“ - вели универзитетскиот професор, Јован Пејковски.

Целиот текст овде.

The post Власта да поработи посериозно на инфлацијата која ги осиромашува граѓаните appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата граѓаните ја доживуваат како нивно дополнително осиромашување затоа што платите коишто ги добиваат ја губат вредноста. Од друга страна пак варијациите на инфлацијата во Македонија е голема, достигна 16.8 посто, со што Македонија е меѓу европските држави со највисока инфлаација а ниски примања, вели универзитетскиот професор, Јован Пејковски за телевизија 24. Според него, Власта треба сериозно да пристапи кон изнаоѓање мерки со кои ќе им го олесни животот на најранливите кои се и најпогодени, од тука го поставува и прашањето до кое ниво инфлацијата ќе навлегува во џебовите на граѓаните и ќе ја обезверднува нивната месечна приходна страна
Од друга страна, самите граѓаните и тоа како ја чувствуваат инфлацијата затоа што не можат да ги задоволат основните потреби. Растот на цената на енергијата, на горивата, на струјата, растот на цената на храната гледаме и тоа како влијае на граѓаните и затоа кај нив се јавува една одбивност кон секоја најава за зголемување на цените како што веќе имаме најава за зголемување на цените на струјата, на горивото, на храна и така натаму.“ - вели универзитетскиот професор, Јован Пејковски.
Целиот текст овде.

The post Власта да поработи посериозно на инфлацијата која ги осиромашува граѓаните appeared first on Република.

]]>
Дизелот поскапува, цената на бензините не се менува https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dizelot-poskapuva-cenata-na-benzinite-ne-se-menuva/ Thu, 18 Aug 2022 11:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=541669

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 15.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179%, кај дизелот зголемување во просек за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Од 19.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)

The post Дизелот поскапува, цената на бензините не се менува appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 15.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179%, кај дизелот зголемување во просек за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Од 19.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)  

The post Дизелот поскапува, цената на бензините не се менува appeared first on Република.

]]>
Tони Блер: Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/toni-bler-se-priblizuvame-kon-krajot-na-zapadnata-politichka-i-ekonomska-dominacija/ Sat, 16 Jul 2022 14:37:26 +0000 https://republika.mk/?p=530020

Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на западната политичка и економска доминација се ближи кон крајот поради рускиот напад врз Украина и подемот на Кина како „втора суперсила“ во светот.

Тој рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ.

Според Блер, „бруталната и неоправдана“ инвазија на Владимир Путин врз Украина покажа дека Западот повеќе не може автоматски да очекува големите светски сили да се придржуваат до прифатените меѓународни норми.

– Како резултат на постапките на Путин, повеќе не можеме да се потпреме на кинеското раководство дека ќе се однесува на начин што го сметаме за рационален, рече тој.

– Не ме сфаќајте погрешно. Не велам дека Кина во блиска иднина ќе се обиде со сила да го заземе Тајван. Но, не можеме да ја засноваме нашата политика врз сигурност дека тие нема да го сторат тоа, нагласи Блер.

Тој рече дека најголемата геополитичка промена на овој век ќе дојде од Кина, а не од Русија.

– Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација, истакна Блер.

The post Tони Блер: Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на западната политичка и економска доминација се ближи кон крајот поради рускиот напад врз Украина и подемот на Кина како „втора суперсила“ во светот. Тој рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ. Според Блер, „бруталната и неоправдана“ инвазија на Владимир Путин врз Украина покажа дека Западот повеќе не може автоматски да очекува големите светски сили да се придржуваат до прифатените меѓународни норми. – Како резултат на постапките на Путин, повеќе не можеме да се потпреме на кинеското раководство дека ќе се однесува на начин што го сметаме за рационален, рече тој. – Не ме сфаќајте погрешно. Не велам дека Кина во блиска иднина ќе се обиде со сила да го заземе Тајван. Но, не можеме да ја засноваме нашата политика врз сигурност дека тие нема да го сторат тоа, нагласи Блер. Тој рече дека најголемата геополитичка промена на овој век ќе дојде од Кина, а не од Русија. – Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација, истакна Блер.

The post Tони Блер: Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација appeared first on Република.

]]>
Бектеши на Министерски состанок на Енергетска заедница: Работиме на обезбедување на алтернативи извори за снабдување со гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-na-ministerski-sostanok-na-energetska-zaednica-rabotime-na-obezbeduvanje-na-alternativi-izvori-za-snabduvanje-so-gas/ Fri, 08 Jul 2022 11:16:43 +0000 https://republika.mk/?p=525903

Енергетскиот сектор во Македонија се соочи со навистина тежок период како резултат на сите кризи кои ја зафатија не само нашата земја туку и целиот свет. Покрај тоа, ние како земја продолжуваме да ги фокусираме нашите политики поврзани со енергијата на здрава и чиста животна средина, како и енергетска независност. Владата на Република Македонија го усвои Националниот енергетски и климатски план, а со усвојувањето на овие документи, земјата ги постави својата визија и цели во сите пет димензии на Европската унија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на Неформалниот Министерски состанок на Енергетската заедница кој денеска се одржува во Баден, Виена.

Министерот Бектеши информираше дека Министерството за економија досега го изготви клучното законодавство во областа на енергетиката, кое е усвоено во периодот од 2018 до 2020 година, а во кое се вклучени реформски мерки за исполнување на целите на енергетската стратегија во согласаност со третиот пакет од Директиви за електрична енергија и природен гас.

“За дел од реформските политики за многу краток временски период постигнавме практична имплементација, односно потпишани се Договори за право на користење на премија од фотонапонски електрани со вкупна инсталирана можност од приближно 160 MW. Во континуитет го следиме реформскиот процес и во тесна соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница вложуваме значителни напори до крајот на оваа година да подготвиме усогласено законодавство со т.н. Зелен пакет од Директивите за ОИЕ и за ЕЕ и Регулативата за управување со енергија, се со цел да создадеме поволна клима и соодветен правен основ за имплементација на целите  од Националниот план за енергија и клима до 2030 година, кој Владата го усвои на 31.05.2022 година како оперативен стратешки документ“ кажа министерот Бектеши.

Министерот потенцираше дека во целиот овој интегративен процес Македонија ги вложува сите напори за исполнување на нашите предуслови како земја кандидат и земја потписник на Договорот за енергетска заедница и воедно проактивно учествуваме во програмирањето на  IPA.

Во делот со снабдување и складирање со гас што во моментот е еден од најголемите преедизвици во сите земји во регионот и Европа министерот Бектеши информираше дека Македонија е приклучена во новата Регионална платформа на Европската унија за набавка на гас, преку која ќе се решаваат регионалните потреби за гас и струја, инфраструктурата, цените, но и намалувањето на зависноста од руските извори на енергија.

Со Акцискиот план на ЕУ, Регионалната платформа Југ се планира Македонија и Бугарија да го започнат процесот на потпишување на договорот за интерконекција за да овозможат пристап и проток на трети страни од алтернативни извори кон Македонија со оглед на фактот што транспортниот капацитет од бугарска страна е целосно закупен од страна на руски Газпром до 2030 година.

„Секретаријатот на Енерегетската заедница изразија готовност да помогнат технички околу изготвувањето на договорот за интерконекција за да овозможат пристап и проток на трети страни од алтернативни извори кон Македонија“ потенцираше Бектеши.

Европската комисија и бугарскиот регулатор планираат мерки согласно ЕУ регулативите за ослободување на капацитетите на руски Газпром на бугарска територија кон земјите членки и Договорните страни на ЕЗ за претстојната зима.

The post Бектеши на Министерски состанок на Енергетска заедница: Работиме на обезбедување на алтернативи извори за снабдување со гас appeared first on Република.

]]>

Енергетскиот сектор во Македонија се соочи со навистина тежок период како резултат на сите кризи кои ја зафатија не само нашата земја туку и целиот свет. Покрај тоа, ние како земја продолжуваме да ги фокусираме нашите политики поврзани со енергијата на здрава и чиста животна средина, како и енергетска независност. Владата на Република Македонија го усвои Националниот енергетски и климатски план, а со усвојувањето на овие документи, земјата ги постави својата визија и цели во сите пет димензии на Европската унија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на Неформалниот Министерски состанок на Енергетската заедница кој денеска се одржува во Баден, Виена. Министерот Бектеши информираше дека Министерството за економија досега го изготви клучното законодавство во областа на енергетиката, кое е усвоено во периодот од 2018 до 2020 година, а во кое се вклучени реформски мерки за исполнување на целите на енергетската стратегија во согласаност со третиот пакет од Директиви за електрична енергија и природен гас. “За дел од реформските политики за многу краток временски период постигнавме практична имплементација, односно потпишани се Договори за право на користење на премија од фотонапонски електрани со вкупна инсталирана можност од приближно 160 MW. Во континуитет го следиме реформскиот процес и во тесна соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница вложуваме значителни напори до крајот на оваа година да подготвиме усогласено законодавство со т.н. Зелен пакет од Директивите за ОИЕ и за ЕЕ и Регулативата за управување со енергија, се со цел да создадеме поволна клима и соодветен правен основ за имплементација на целите  од Националниот план за енергија и клима до 2030 година, кој Владата го усвои на 31.05.2022 година како оперативен стратешки документ“ кажа министерот Бектеши. Министерот потенцираше дека во целиот овој интегративен процес Македонија ги вложува сите напори за исполнување на нашите предуслови како земја кандидат и земја потписник на Договорот за енергетска заедница и воедно проактивно учествуваме во програмирањето на  IPA. Во делот со снабдување и складирање со гас што во моментот е еден од најголемите преедизвици во сите земји во регионот и Европа министерот Бектеши информираше дека Македонија е приклучена во новата Регионална платформа на Европската унија за набавка на гас, преку која ќе се решаваат регионалните потреби за гас и струја, инфраструктурата, цените, но и намалувањето на зависноста од руските извори на енергија. Со Акцискиот план на ЕУ, Регионалната платформа Југ се планира Македонија и Бугарија да го започнат процесот на потпишување на договорот за интерконекција за да овозможат пристап и проток на трети страни од алтернативни извори кон Македонија со оглед на фактот што транспортниот капацитет од бугарска страна е целосно закупен од страна на руски Газпром до 2030 година. „Секретаријатот на Енерегетската заедница изразија готовност да помогнат технички околу изготвувањето на договорот за интерконекција за да овозможат пристап и проток на трети страни од алтернативни извори кон Македонија“ потенцираше Бектеши. Европската комисија и бугарскиот регулатор планираат мерки согласно ЕУ регулативите за ослободување на капацитетите на руски Газпром на бугарска територија кон земјите членки и Договорните страни на ЕЗ за претстојната зима.  

The post Бектеши на Министерски состанок на Енергетска заедница: Работиме на обезбедување на алтернативи извори за снабдување со гас appeared first on Република.

]]>
„Премногу е, Македонија меѓу земјите со највисока инфлација во Европа и во мај 2022 година!“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/premnogu-e-makedonija-megju-zemjite-so-najvisoka-inflacija-vo-evropa-i-vo-maj-2022-godina/ Sat, 18 Jun 2022 11:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=516633

Целосно објавените податоци за инфлацијата во мај 2022 година ја потврдија констатацијата дека Македонија е меѓу државите коишто имаат највисока инфлација во рамки на Европската Унија, земјите кои се дел од Европската економска област и од земјите во регионот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Само 8 држави се пред нас на листата (со Турција 9 којашто има годишна инфлација од 73,5%), додека вкупно 25 држави имаат пониска инфлација.

Од земјите во регионот, пониска инфлација имаат: Албанија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, а повисока имаат Косово и Бугарија.

Најниска инфлација во Европа имаат Исланд, Малта и Франција. Во услови на ист негативен шок од страна на понудата и позитивен од страна на побарувачката, а при единствена монетарна политика во евро зоната, варијациите на инфлацијата во земјите кои припаѓаат во неа се однесуваат на способноста на владите за справување со инфлацијата. Кај нас, со самостојна монетарна политика и неспособна влада, сме меѓу земјите на врвот на листата според инфлацијата!

Премногу е! Вечер на протест за предвремени избори!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post „Премногу е, Македонија меѓу земјите со највисока инфлација во Европа и во мај 2022 година!“ appeared first on Република.

]]>

Целосно објавените податоци за инфлацијата во мај 2022 година ја потврдија констатацијата дека Македонија е меѓу државите коишто имаат највисока инфлација во рамки на Европската Унија, земјите кои се дел од Европската економска област и од земјите во регионот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Само 8 држави се пред нас на листата (со Турција 9 којашто има годишна инфлација од 73,5%), додека вкупно 25 држави имаат пониска инфлација. Од земјите во регионот, пониска инфлација имаат: Албанија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, а повисока имаат Косово и Бугарија.
Најниска инфлација во Европа имаат Исланд, Малта и Франција. Во услови на ист негативен шок од страна на понудата и позитивен од страна на побарувачката, а при единствена монетарна политика во евро зоната, варијациите на инфлацијата во земјите кои припаѓаат во неа се однесуваат на способноста на владите за справување со инфлацијата. Кај нас, со самостојна монетарна политика и неспособна влада, сме меѓу земјите на врвот на листата според инфлацијата! Премногу е! Вечер на протест за предвремени избори!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post „Премногу е, Македонија меѓу земјите со највисока инфлација во Европа и во мај 2022 година!“ appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Стандардот на граѓаните е уништен, основните трошоци за живот двојно зголемени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/arsovski-standardot-na-gragjanite-e-unishten-osnovnite-troshoci-za-zivot-dvojno-zgolemeni/ Sun, 22 May 2022 13:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=505486

Ако Ковачевски вели, малку кој верувал дека ќе има 500 евра просечна плата, јас велам дека сето тоа повторно е вештачко. Мораме да потенцираме дека малку кој веруваше во Република Македонија дека СДСМ ќе ја донесе државата на ова дереџе и дека ќе имаме двоцифрена инфлација, која што е една од највисоките во регионот. Малку кој веруваше дека за една година цените на основните животни потреби на граѓаните ќе се зголемат од 30 до 100 проценти. Тоа е вистинскиот одговор на Ковачевски, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за коментар за изјавите на премиерот Димитар Ковачевски дека до исполниле ветувањето за 500 евра просечна плата во Македонија.

Им порача на власта да престане да ги лаже граѓаните со покачување на платите откако енормно ги зголемија цените на струјата, горивото и основните прехранбени продукти со што се зголемија и трошоците за живот што граѓаните го чувствуваа на сопствен грб, така што платите ја изгубија вредноста што ја имаа и со тие пари многу малку производи може да се купат во маркетите.

Цената на струјата ја покачуваат за 30 проценти, цената на горивата за 80%, цените на лебот и брашното за 100%, цената за шеќерот 40%. Млекото е покачено за 50%, маслото за јадење 100 проценти поскапо и така натаму. Ете го одговорот на Ковачевски. Да прекине да ги лаже граѓаните. стандардот на граѓаните е уништен и тоа го гледаат тие самите секојдневно. Стандардот на граѓаните е уништен, економијата е разрушена. Платите изгубија вредноста која што ја имале претходно и тоа благодарение на СДСМ. Така да, да не ги замајуваат граѓаните, да не ја лажат јавноста, бидејќи никој повеќе не им верува затоа што знаат самите граѓани колку им вреди нивната плата кога ќе влезат да пазаруваат во маркет“, истакна Арсовски.

Додаде дека додека македонските граѓани се повеќе осиромашуваат, Владата на Ковачевски продолжува да се луксузира и да троши народни пари за кафиња, апетисани, скапи меса не грижејќи се воопшто за состојбата на граѓаните.

Од друга страна, истата таа Влада на Ковачевски се луксузира, троши едно брдо пари на граѓаните на непродуктивни трошоци, троши пари на кафиња во владата, троши пари на апетисани, на скапи меса и така натака. Но, најважно е нив да им е удобно и луксузно, за граѓаните воопшто не им е грижа како им е и што им се случува. Ете тоа е вистинскиот одговор на Ковачевски. Криминалот, неодговорноста, неспособноста и крадењето на оваа Влада на СДСМ и ДУИ народот скапо ја плаќа“, порача Арсовски.

The post Арсовски: Стандардот на граѓаните е уништен, основните трошоци за живот двојно зголемени appeared first on Република.

]]>

Ако Ковачевски вели, малку кој верувал дека ќе има 500 евра просечна плата, јас велам дека сето тоа повторно е вештачко. Мораме да потенцираме дека малку кој веруваше во Република Македонија дека СДСМ ќе ја донесе државата на ова дереџе и дека ќе имаме двоцифрена инфлација, која што е една од највисоките во регионот. Малку кој веруваше дека за една година цените на основните животни потреби на граѓаните ќе се зголемат од 30 до 100 проценти. Тоа е вистинскиот одговор на Ковачевски, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за коментар за изјавите на премиерот Димитар Ковачевски дека до исполниле ветувањето за 500 евра просечна плата во Македонија. Им порача на власта да престане да ги лаже граѓаните со покачување на платите откако енормно ги зголемија цените на струјата, горивото и основните прехранбени продукти со што се зголемија и трошоците за живот што граѓаните го чувствуваа на сопствен грб, така што платите ја изгубија вредноста што ја имаа и со тие пари многу малку производи може да се купат во маркетите.
Цената на струјата ја покачуваат за 30 проценти, цената на горивата за 80%, цените на лебот и брашното за 100%, цената за шеќерот 40%. Млекото е покачено за 50%, маслото за јадење 100 проценти поскапо и така натаму. Ете го одговорот на Ковачевски. Да прекине да ги лаже граѓаните. стандардот на граѓаните е уништен и тоа го гледаат тие самите секојдневно. Стандардот на граѓаните е уништен, економијата е разрушена. Платите изгубија вредноста која што ја имале претходно и тоа благодарение на СДСМ. Така да, да не ги замајуваат граѓаните, да не ја лажат јавноста, бидејќи никој повеќе не им верува затоа што знаат самите граѓани колку им вреди нивната плата кога ќе влезат да пазаруваат во маркет“, истакна Арсовски.
Додаде дека додека македонските граѓани се повеќе осиромашуваат, Владата на Ковачевски продолжува да се луксузира и да троши народни пари за кафиња, апетисани, скапи меса не грижејќи се воопшто за состојбата на граѓаните.
Од друга страна, истата таа Влада на Ковачевски се луксузира, троши едно брдо пари на граѓаните на непродуктивни трошоци, троши пари на кафиња во владата, троши пари на апетисани, на скапи меса и така натака. Но, најважно е нив да им е удобно и луксузно, за граѓаните воопшто не им е грижа како им е и што им се случува. Ете тоа е вистинскиот одговор на Ковачевски. Криминалот, неодговорноста, неспособноста и крадењето на оваа Влада на СДСМ и ДУИ народот скапо ја плаќа“, порача Арсовски.

The post Арсовски: Стандардот на граѓаните е уништен, основните трошоци за живот двојно зголемени appeared first on Република.

]]>
Руската економија годинава ќе се намали за 10 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-ekonomija-godinava-kje-se-namali-za-10-procenti/ Wed, 13 Apr 2022 09:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=487780

Претседателот на руската парламентарна комора за контрола на буџетот, Алексеј Кудрин изјави дека руската економија годинава ќе забележи пад од 10 отсто, поради што Министерството за финансии ќе треба да предложи ребаланс на буџетот.

Доколку се оствари прогнозата на Кудрин, тоа ќе биде најголемиот економски пад од 1994 година, кога беше регистриран пад од 12,7 отсто.

По воведувањето на санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина, се очекува и зголемување на инфлацијата за 20 проценти.

Централната банка на Русија предвидува пад на активноста оваа година од осум отсто, а Светската банка го проценува на 11,2 проценти, што е приближно иста како прогнозата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

The post Руската економија годинава ќе се намали за 10 проценти appeared first on Република.

]]>

Претседателот на руската парламентарна комора за контрола на буџетот, Алексеј Кудрин изјави дека руската економија годинава ќе забележи пад од 10 отсто, поради што Министерството за финансии ќе треба да предложи ребаланс на буџетот. Доколку се оствари прогнозата на Кудрин, тоа ќе биде најголемиот економски пад од 1994 година, кога беше регистриран пад од 12,7 отсто. По воведувањето на санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина, се очекува и зголемување на инфлацијата за 20 проценти. Централната банка на Русија предвидува пад на активноста оваа година од осум отсто, а Светската банка го проценува на 11,2 проценти, што е приближно иста како прогнозата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

The post Руската економија годинава ќе се намали за 10 проценти appeared first on Република.

]]>