економиија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomiija/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Oct 2022 07:18:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png економиија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomiija/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Поради дезертерот Ковачевски и Владата полоши во економија од Македонија се само Украина и Русија каде има војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-poradi-dezerterot-kovachevski-i-vladata-poloshi-vo-ekonomija-od-makedonija-se-samo-ukraina-i-rusija-kade-ima-vojna/ Thu, 06 Oct 2022 07:18:51 +0000 https://republika.mk/?p=557832

Македонската економија тоне заедно со стандардот на граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во Европа. Последниот официјален податок за стапката на инфлација говори дека таа достигнала 16,7%, што е повеќе од просекот во еврозоната кој е 9,1%, од Србија со 12,9%, па дури и од Полска и Унгарија кои се во непосредното соседство на Украина кои имаат стапка на инфлација од 16,1% односно 15,6%.

Дезертерот Ковачевски бидејќи ја манипулира јавноста дека инфлацијата е секаде иста како во Македонија, па дури и во САД, треба да знае дека во САД инфлацијата е само 8,3%.

Ова покажува дека стандардот на народот стрмоглаво паѓа, а речиси двојно повисоката инфлација кај нас во однос на европската и американската економија, покажува дека во голема мера тоа што кај нас се случувс е предизвикано од домашни извори. Клучниот проблем на македонската економија е неспособната и криминална влада предводена од клептоманската СДС.

Во исто време излезе уште еден поразителен податок, а тоа е прогнозата на Светската банка за растот на БДП за оваа 2022 година. Според оваа реномирана институција растот на македонската економија ќе биде катастрофално мал од само 2,1%, а од нас полоши во Европа се само Русија и Украина. Ако на ова се додаде огромното ниво на инфлација, тогаш сме доведени во стагфлација во која малиот раст нема ниту да се забележи.

Ете до кое дереџе не донесе оваа власт предводена од дезертерот Ковачевски, Македонија да биде земја со уништен стандард, уништена економија, земја која проси храна и електрична енергија, земја која ја изеде корупцијата на власта, се вели во соопштението на партијата.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Поради дезертерот Ковачевски и Владата полоши во економија од Македонија се само Украина и Русија каде има војна appeared first on Република.

]]>

Македонската економија тоне заедно со стандардот на граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во Европа. Последниот официјален податок за стапката на инфлација говори дека таа достигнала 16,7%, што е повеќе од просекот во еврозоната кој е 9,1%, од Србија со 12,9%, па дури и од Полска и Унгарија кои се во непосредното соседство на Украина кои имаат стапка на инфлација од 16,1% односно 15,6%. Дезертерот Ковачевски бидејќи ја манипулира јавноста дека инфлацијата е секаде иста како во Македонија, па дури и во САД, треба да знае дека во САД инфлацијата е само 8,3%. Ова покажува дека стандардот на народот стрмоглаво паѓа, а речиси двојно повисоката инфлација кај нас во однос на европската и американската економија, покажува дека во голема мера тоа што кај нас се случувс е предизвикано од домашни извори. Клучниот проблем на македонската економија е неспособната и криминална влада предводена од клептоманската СДС. Во исто време излезе уште еден поразителен податок, а тоа е прогнозата на Светската банка за растот на БДП за оваа 2022 година. Според оваа реномирана институција растот на македонската економија ќе биде катастрофално мал од само 2,1%, а од нас полоши во Европа се само Русија и Украина. Ако на ова се додаде огромното ниво на инфлација, тогаш сме доведени во стагфлација во која малиот раст нема ниту да се забележи. Ете до кое дереџе не донесе оваа власт предводена од дезертерот Ковачевски, Македонија да биде земја со уништен стандард, уништена економија, земја која проси храна и електрична енергија, земја која ја изеде корупцијата на власта, се вели во соопштението на партијата.  

The post ВМРО-ДПМНЕ: Поради дезертерот Ковачевски и Владата полоши во економија од Македонија се само Украина и Русија каде има војна appeared first on Република.

]]>
Митева: Економијата со години тоне, луѓето во Владата не работат за државата, туку за своите лични и партиски интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/miteva-ekonomijata-so-godini-tone-lugjeto-vo-vladata-ne-rabotat-za-drzavata-tuku-za-svoite-lichni-i-partiski-interesi/ Sun, 08 May 2022 12:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=499474

Економијата со години тоне, забележува пад, политики кои ја зголемуваат сиромаштијата, имаме ниски плати, а зголемување на трошоците, кажа Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на отворање на трибината „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство“ – Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина.

Таа потенцираше дека со СДСМ на власт кризите во Македонија брзо доаѓаат, траат многу долго, но бавно се надминуваат. Дополнително анализирајќи ги мерките кои ги презема владата истата рече дека и ДЗР детектирала лоша реализација на мерките и нивната ефикасност.

Митева истакна и дека граѓаните си го поставуваат прашањето каде завршиле парите од буџетите, на што се потрошени, зошто јавниот долг е толку многу зголемен, но одговорот на ова прашање е многу едноставен, а тоа е дека луѓето во владата не работат за државата, туку работат за своите лични и партиски интереси.

 

The post Митева: Економијата со години тоне, луѓето во Владата не работат за државата, туку за своите лични и партиски интереси appeared first on Република.

]]>

Економијата со години тоне, забележува пад, политики кои ја зголемуваат сиромаштијата, имаме ниски плати, а зголемување на трошоците, кажа Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на отворање на трибината „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство“ – Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина. Таа потенцираше дека со СДСМ на власт кризите во Македонија брзо доаѓаат, траат многу долго, но бавно се надминуваат. Дополнително анализирајќи ги мерките кои ги презема владата истата рече дека и ДЗР детектирала лоша реализација на мерките и нивната ефикасност. Митева истакна и дека граѓаните си го поставуваат прашањето каде завршиле парите од буџетите, на што се потрошени, зошто јавниот долг е толку многу зголемен, но одговорот на ова прашање е многу едноставен, а тоа е дека луѓето во владата не работат за државата, туку работат за своите лични и партиски интереси.  

The post Митева: Економијата со години тоне, луѓето во Владата не работат за државата, туку за своите лични и партиски интереси appeared first on Република.

]]>