еколошки бизниси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekoloshki-biznisi/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Oct 2023 07:16:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еколошки бизниси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekoloshki-biznisi/ 32 32 Прв базар на мали еколошки бизниси https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prv-bazar-na-mali-ekoloshki-biznisi/ Sat, 21 Oct 2023 07:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=693492

Во организација на Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ и „Јуроп хаус“ Скопје, денеска во „Бистро Комедија“ ќе се одржи првиот базар на мали еколошки бизниси.

Целта на настанот е запознавање со овие бизниси кои секојдневно придонесуваат кон одржливиот развој на државата, промоција на еколошките алтернативи што се нудат во замена за стандардните производи кои секојдневно се користат и подигнување на еколошката свест и позитивното влијание што овие бизниси го имаат.

Ова не е само обичен базар, туку и можност за дружба и запознавање со еко заедницата која, освен поединци, вклучува и над 30 бизниси, од кои 20-тина ќе бидат присутни на базарот. Биоразградливи хулахопки, накит од рециклирана пластика, облека од втора рака и природни материјали, житни цевки за пијалаци, освежувачи за простории од кора од портокал се само дел од македонските иновативни и еколошки производи кои ќе може да ги најдете на базарот, велат од Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ - Скопје.

Освен базарот, за сопствениците на бизнисите ќе биде одржана и работилница на тема „Еколошки бизниси: комуникација и пристап до потрошувачите".  Предавач и водич ќе биде Игор Мишевски - претприемач, инвеститор, експерт за развој на пазарни системи и основач на Импакт Фондација, а целта на работилницата е сопствениците да ги подобрат продажните вештини со што би можеле да допрат до што повеќе луѓе. 

The post Прв базар на мали еколошки бизниси appeared first on Република.

]]>

Во организација на Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ и „Јуроп хаус“ Скопје, денеска во „Бистро Комедија“ ќе се одржи првиот базар на мали еколошки бизниси. Целта на настанот е запознавање со овие бизниси кои секојдневно придонесуваат кон одржливиот развој на државата, промоција на еколошките алтернативи што се нудат во замена за стандардните производи кои секојдневно се користат и подигнување на еколошката свест и позитивното влијание што овие бизниси го имаат.