еколошки активисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekoloshki-aktivisti/ За подобро да се разбереме Sun, 21 May 2023 14:42:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еколошки активисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekoloshki-aktivisti/ 32 32 Еколошки активисти истурија разреден јаглен во водата во фонтаната ди Треви во Рим https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ekoloshki-aktivisti-isturija-razreden-jaglen-vo-vodata-vo-fontanata-di-trevi-vo-rim/ Sun, 21 May 2023 14:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=643277

Седум млади активисти кои денеска протестираа против климатските промени влегоа во водата во Фонтаната Треви во Рим и истурија разреден јаглен во неа за да добие црна боја.

Демонстрантите се членови на групата „Ultima Generazione“ („Последната генерација“).

Тие истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Нема да плаќаме за фосилни горива“ и извикуваа „Нашата земја умира!“.

По нив набрзо пристигнала и полицијата која ги привела. Бројни туристи го снимиле инцидентот, а неколку набљудувачи, како што покажуваат видео снимки, ги навредувале демонстрантите.

Во соопштението за медиумите на групата „Ultima Generazione“ тие повикуваат на укинување на јавните субвенции за фосилни горива и ги поврзуваат со смртоносните поплави во северниот италијански регион Емилија-Ромања.

Групата тврди дека, според нејзините податоци, секоја четврта куќа во Италија е во опасност од поплава.

Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери го осуди протестот, последен во низата слични активности, како тие чија цел беа уметнички дела.

The post Еколошки активисти истурија разреден јаглен во водата во фонтаната ди Треви во Рим appeared first on Република.

]]>

Седум млади активисти кои денеска протестираа против климатските промени влегоа во водата во Фонтаната Треви во Рим и истурија разреден јаглен во неа за да добие црна боја. Демонстрантите се членови на групата „Ultima Generazione“ („Последната генерација“). Тие истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Нема да плаќаме за фосилни горива“ и извикуваа „Нашата земја умира!“. По нив набрзо пристигнала и полицијата која ги привела. Бројни туристи го снимиле инцидентот, а неколку набљудувачи, како што покажуваат видео снимки, ги навредувале демонстрантите. Во соопштението за медиумите на групата „Ultima Generazione“ тие повикуваат на укинување на јавните субвенции за фосилни горива и ги поврзуваат со смртоносните поплави во северниот италијански регион Емилија-Ромања. Групата тврди дека, според нејзините податоци, секоја четврта куќа во Италија е во опасност од поплава. Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери го осуди протестот, последен во низата слични активности, како тие чија цел беа уметнички дела.

The post Еколошки активисти истурија разреден јаглен во водата во фонтаната ди Треви во Рим appeared first on Република.

]]>
Еколошки активисти испрскаа со боја државни објекти и медиумска куќа во Лондон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekoloshki-aktivisti-isprskaa-so-boja-drzavni-objekti-i-mediumska-kukja-vo-london/ Mon, 31 Oct 2022 18:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=567930

Членови на еколошката група „Just stop oil“ што се бори за забрана на користењето фосилни горива денеска испрскаа портокалова боја врз фасадите на зградите на британското Министерство за внатрешни работи, на Разузнавачката служба (МИ5), Банката на Англија и на лондоската филијала на американската медиумска групација „News Corp“.

„Тие објекти се избрани затоа што претставуваат столбови што ја поддржуваат економијата на фосилните горива – владата, безбедноста, финансиите и медиумите“, беше соопштено од еколошкото движење.

Неименуван претставник на групата истакна дека ерата на фосилните горива треба да заврши, со забелешка дека „злобните интереси за фосилни горива продолжуваат да ја корумпираат нашата политика, владата и медиумите како што тоа го правеа со децении“.

Лондонската полиција соопшти дека уапсила осум лица.

Меѓу целите на нападите со боја е и лондонската филијала на „News Corp“, американската медиумска групација на австралискиот тајкун Руперт Мардок, во чие сопствеништво се и британските „Тајмс“ и таблоидот „Сан“.

Членовите на групата изминатите недели спроведоа неколку акции во Велика Британија. Тие со торта го измачкаа лицето на восочната фигура на кралот Чарлс Трети  во музејот на „Мадам Тисо“, додека во Националната галерија прскаа со доматен сос врз познатата слика „Сончогледи“ на холандскиот сликар Винсент ван Гог.

The post Еколошки активисти испрскаа со боја државни објекти и медиумска куќа во Лондон appeared first on Република.

]]>

Членови на еколошката група „Just stop oil“ што се бори за забрана на користењето фосилни горива денеска испрскаа портокалова боја врз фасадите на зградите на британското Министерство за внатрешни работи, на Разузнавачката служба (МИ5), Банката на Англија и на лондоската филијала на американската медиумска групација „News Corp“. „Тие објекти се избрани затоа што претставуваат столбови што ја поддржуваат економијата на фосилните горива – владата, безбедноста, финансиите и медиумите“, беше соопштено од еколошкото движење. Неименуван претставник на групата истакна дека ерата на фосилните горива треба да заврши, со забелешка дека „злобните интереси за фосилни горива продолжуваат да ја корумпираат нашата политика, владата и медиумите како што тоа го правеа со децении“. Лондонската полиција соопшти дека уапсила осум лица. Меѓу целите на нападите со боја е и лондонската филијала на „News Corp“, американската медиумска групација на австралискиот тајкун Руперт Мардок, во чие сопствеништво се и британските „Тајмс“ и таблоидот „Сан“. Членовите на групата изминатите недели спроведоа неколку акции во Велика Британија. Тие со торта го измачкаа лицето на восочната фигура на кралот Чарлс Трети  во музејот на „Мадам Тисо“, додека во Националната галерија прскаа со доматен сос врз познатата слика „Сончогледи“ на холандскиот сликар Винсент ван Гог.

The post Еколошки активисти испрскаа со боја државни објекти и медиумска куќа во Лондон appeared first on Република.

]]>