еколошка мода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekoloshka-moda/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Oct 2022 14:34:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еколошка мода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekoloshka-moda/ 32 32 Поддржете ги малите еколошки локални бизниси, кажете НЕ на „брзата мода“: Изложба на одржлива и еколошка мода и дизајн https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/poddrzete-gi-malite-ekoloshki-lokalni-biznisi-kazete-ne-na-brzata-moda-izlozba-na-odrzliva-i-ekoloshka-moda-i-dizajn/ Wed, 05 Oct 2022 14:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=557654

Најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” што се одржа во Kултурно-социјалниот простор „Центар – Јадро“, даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина.

Како што соопштуваат организаторите, беа претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ.

Спротивставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата, исто така имаше за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно. За ова издание беше објавен отворен повик и стручното жири ги одбра следните брендови и дизајнери: „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине - стои во соопштението. 

Поддржете ги малите еколошки локални бизниси. Кажете НЕ на „брзата мода“. Купувајте помалку, избирајте внимателно - порачуваат креаторите на одржлива еко мода.

The post Поддржете ги малите еколошки локални бизниси, кажете НЕ на „брзата мода“: Изложба на одржлива и еколошка мода и дизајн appeared first on Република.

]]>

Најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” што се одржа во Kултурно-социјалниот простор „Центар – Јадро“, даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Како што соопштуваат организаторите, беа претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ.
Спротивставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата, исто така имаше за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно. За ова издание беше објавен отворен повик и стручното жири ги одбра следните брендови и дизајнери: „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине - стои во соопштението. 
Поддржете ги малите еколошки локални бизниси. Кажете НЕ на „брзата мода“. Купувајте помалку, избирајте внимателно - порачуваат креаторите на одржлива еко мода.

The post Поддржете ги малите еколошки локални бизниси, кажете НЕ на „брзата мода“: Изложба на одржлива и еколошка мода и дизајн appeared first on Република.

]]>
Eколошка мода и дизајн во КСП „Центар-јадро“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ekoloshka-moda-i-dizajn-vo-ksp-centar-jadro/ Thu, 29 Sep 2022 07:49:03 +0000 https://republika.mk/?p=555413

Во Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ во Скопје од денеска ќе биде отворена изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes”.

За ова издание на изложбата беше објавен отворен повик, при што стручното жири ги одбра брендовите и дизајнери – „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине.

Како што е најавија од македонскиот моден бренд „Лудус“, изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина.

Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ. Исто така, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно, соопштија од „Лудус“.

Изложбата ќе биде отворен до 2 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.

The post Eколошка мода и дизајн во КСП „Центар-јадро“ appeared first on Република.

]]>

Во Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ во Скопје од денеска ќе биде отворена изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes”. За ова издание на изложбата беше објавен отворен повик, при што стручното жири ги одбра брендовите и дизајнери – „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине. Како што е најавија од македонскиот моден бренд „Лудус“, изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина.
Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ. Исто така, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно, соопштија од „Лудус“.
Изложбата ќе биде отворен до 2 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.

The post Eколошка мода и дизајн во КСП „Центар-јадро“ appeared first on Република.

]]>
Изложба на еколошка мода и дизајн во Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/izlozba-na-ekoloshka-moda-i-dizajn-vo-kulturno-socijalniot-prostor-centar-jadro/ Thu, 22 Sep 2022 15:30:05 +0000 https://republika.mk/?p=553227

Следната недела ќе се одржи најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes" во Kултурно-социјалниот простор „Центар - Јадро“ на улица „Алберт Ајнштајн“, број 2 во Дебар маало, Скопје.

Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ. Спротиставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата исто така ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно.

Шоурумот ќе биде отворен од 28 септември до 2 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот.

За ова издание беше објавен отворен повик и стручното жири ги одбра следните брендови и дизајнери: „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине.

Лудус“ ќе ја претстави актуелната колекција за есен-зима 2022/23 со наслов „Пост-родовост IV“. Шестото поглавје ја зајакнува темата на елиминирање на родовите улоги и ги преиспитува концептите на женственост и машкост во нашето општество.
Брендот се залага за еколошко и етичко производство, па така материјалите се 100% природни, дел се обоени со природни состојки, а дел ги оживуваат локалните занаети и им даваат употреба во современото дизајнерско производство.

„Сензација“ е најновата колекција на Нина Нинеска.

Композиции од рачно виткана неоксидирачка жица која се преплетува околу бисерот ја претставува сензацијата која е иницирана од убавината. Сензацијата е жицата, а бисерот ја претставува чистата исконска убавина. Бавно и нежно рачно изработениот накит ја поттикнува свесноста и подготвеноста за подобрување на квалитетот на животот.

„Shades of harmony“

Со танцувачки рефлексии на светлина и боја, водата стимулира интуиција, чувствителност, имагинација и слобода на движење. Симбол на бесконечниот проток кој се движи низ блокадите на душата и го ослободува внатрешниот мир. Со сета своја моќ се смета за прочистувач на душата. Персонификација на заштита и ранливост, промена и постојаност.

Котев Ксенија креира модерни парчиња накит од рециклирано сребро.

Зад брендот „Мy Precious“ стои Елена Поповска која целосно рачно ги изработува парчињата со што употребата на енергенси е сведена на минимум. Колекцијата „Белези од природата“ е составена од рачно изработен накит од сребро и бакар е инспириран од пеперутките кај нас и во светот. Со реалистичното рачно цртање авторката сака да ја доближи природата до урбаната жена.

„Тога Пула“ е насловот на колецијата на брендот AЯMMA на Амра Исмани.

Мултифункционалноста и спонтаноста на елегантната драперија на тогата се главните елементи врз кои е креиран првиот фустан од истоимената колекција, во 2015 година.

Водена од премисата дека облеката му е потчинета на телото, AЯMMA е колаж од удобност и мултифункционалност која ги дестабилизира конзервативните замисли за женската естетика.

Новата колекција „Риби“ на Марта Пејоска се занимава со водата, односно езерото како главен инспиративен момент. Овој пат, покрај брановите, на виделина излегуваат и рибите. Материјалот е сребро, со додаток бисер и природен камен од брегот на езерото.

Производите се целосно рачно изработени во студиото на дизајнерката во Охрид, која веќе 15тина години е присутна на македонската дизајн сцена.

The post Изложба на еколошка мода и дизајн во Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ appeared first on Република.

]]>

Следната недела ќе се одржи најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes" во Kултурно-социјалниот простор „Центар - Јадро“ на улица „Алберт Ајнштајн“, број 2 во Дебар маало, Скопје. Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Ќе бидат претставени најновите колекции на нашите дизајнери, чијшто производ е препознатлив по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ. Спротиставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата исто така ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно. Шоурумот ќе биде отворен од 28 септември до 2 октомври, а ќе функционира во периодот од 12 до 20 часот. За ова издание беше објавен отворен повик и стручното жири ги одбра следните брендови и дизајнери: „Лудус“, Марта Пејоска, „My Precious“, „Армма“, Ксенија Котев и Нина Нине. Лудус“ ќе ја претстави актуелната колекција за есен-зима 2022/23 со наслов „Пост-родовост IV“. Шестото поглавје ја зајакнува темата на елиминирање на родовите улоги и ги преиспитува концептите на женственост и машкост во нашето општество. Брендот се залага за еколошко и етичко производство, па така материјалите се 100% природни, дел се обоени со природни состојки, а дел ги оживуваат локалните занаети и им даваат употреба во современото дизајнерско производство. „Сензација“ е најновата колекција на Нина Нинеска. Композиции од рачно виткана неоксидирачка жица која се преплетува околу бисерот ја претставува сензацијата која е иницирана од убавината. Сензацијата е жицата, а бисерот ја претставува чистата исконска убавина. Бавно и нежно рачно изработениот накит ја поттикнува свесноста и подготвеноста за подобрување на квалитетот на животот. „Shades of harmony“ Со танцувачки рефлексии на светлина и боја, водата стимулира интуиција, чувствителност, имагинација и слобода на движење. Симбол на бесконечниот проток кој се движи низ блокадите на душата и го ослободува внатрешниот мир. Со сета своја моќ се смета за прочистувач на душата. Персонификација на заштита и ранливост, промена и постојаност. Котев Ксенија креира модерни парчиња накит од рециклирано сребро. Зад брендот „Мy Precious“ стои Елена Поповска која целосно рачно ги изработува парчињата со што употребата на енергенси е сведена на минимум. Колекцијата „Белези од природата“ е составена од рачно изработен накит од сребро и бакар е инспириран од пеперутките кај нас и во светот. Со реалистичното рачно цртање авторката сака да ја доближи природата до урбаната жена. „Тога Пула“ е насловот на колецијата на брендот AЯMMA на Амра Исмани. Мултифункционалноста и спонтаноста на елегантната драперија на тогата се главните елементи врз кои е креиран првиот фустан од истоимената колекција, во 2015 година. Водена од премисата дека облеката му е потчинета на телото, AЯMMA е колаж од удобност и мултифункционалност која ги дестабилизира конзервативните замисли за женската естетика. Новата колекција „Риби“ на Марта Пејоска се занимава со водата, односно езерото како главен инспиративен момент. Овој пат, покрај брановите, на виделина излегуваат и рибите. Материјалот е сребро, со додаток бисер и природен камен од брегот на езерото. Производите се целосно рачно изработени во студиото на дизајнерката во Охрид, која веќе 15тина години е присутна на македонската дизајн сцена.

The post Изложба на еколошка мода и дизајн во Културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ appeared first on Република.

]]>