екологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekologija/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Feb 2023 11:15:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png екологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekologija/ 32 32 Западен Балкан: Научници и претставници на невладини организации повикуваат на заштита на реките како дел од Емералд мрежата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zapaden-balkan-nauchnitsi-i-pretstavnitsi-na-nevladini-organizatsii-povikuvaat-na-zashtita-na-rekite-kako-del-od-emerald-mrezhata/ Mon, 13 Feb 2023 11:15:13 +0000 https://republika.mk/?p=608359

Во 2011 година, земјите од Западен Балкан предложија мал број на подрачја да бидат вклучени
во широката Емералд мрежа на заштитени природни подрачја. Но, голем број на извонредни реки останаа незаштитени- а, постои нов предлог кој треба да го надополни тој недостаток.
Денес, група на научници и невладини организациии од 11 земји објавија листа на 88 реки кои
тие сметаат дека треба да бидат со висок приоритет на заштита, со што земјите од Западен Балкан и потписници на Бернската конвенција бараат проширување на Емералд мрежата во регионот.
Воспоставена од Советот на Европа во 1989 во рамки на Конвенцијата за зачувување на
европскиот див свет и нивните живеалишта (Бернска Конвенција), Емералд мрежата е составена
од подрачја од посебно значење за зачувување на дивата флора и фауна и нивните природни
живеалишта.
Како потписници на Бернската Конвенција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна
Македонија и Србија, во 2011 година го започнаа процесот на воспоставување на Емералд мрежата преку предлагање на мал број на локации. Од тогаш, ниту една од земјите нема предложено нова локација која треба да биде заштитена, а дополнително, најголем дел од нив немаат правна заштита во согласност со националното право, немаат соодветно управување, податоците сe нецелосни, а ресурсите се недоволни, што резултира со неефективна заштита на најголем дел од реките и рибната фауна.
Листата на реки која што денес се објавува е резултат на семинарот посветен на Емералд
подрачјата кој го организираше CEE Bankwatch Network во декември 2022 година, каде што
учествуваа претставници кои доставија научни податоци за видовите риби и рибни живеалишта.
Како подрачје на значаен биодиверзитет, Западен Балкан може да се пофали со исклучителен
речен диверзитет. Планините во регионот, реките, езерата и крајбрежјата се дом на бројни
загрозени видови и значајни живеалишта од кои голем дел се ендемични видови кои не можат да
бидат најдени на ниту едно друго место. Во споредба со останатиот дел на Европа, голем дел од
реките во регионот се во добра или недопрена природна состојба, што ги прави идеални кандидати за заштита според листата на приоритетни подрачја која ја објавуваме денес.

Андреј Ралев, Координатор за заштита на биодиверзитетот, CEE Bankwatch Network:
„Заштитата на реките и соодветно примена на Емералд мрежата е долготраен процес, што
подразбира соработка помеѓу владите, научниците, невладините организаии и локалните
заедници. Нашиот предлог, се заснова на сеопфатни научни знаења за популациите на риби во
региониот, што е значаен придонес во овој процес. Наредниот чекор е да ги поддржиме властите
во региониот да подготват и официјални предлози за нови Емералд подрачја.“
Ѓорѓи Митревски, Координатор за поддршка на заедниците, Еко-свест: „Реките во нашата
земја се под влијание на разни инфраструктурни проекти кои ги загрозуваат ретките и ендемични
видови кои живеат во нив. Вклучувањето на реките во Емералд мрежата е неопходен чекор напред за да можеме да обезбедиме нивна заштита како наше природно наследство.“

Западен Балкан е еднo од глобалните жаришта на биолошката разновидност, особено во контекст на биодиверзитетот кој живее во речните екосистеми. Огромниот број на планини, речни и езерски крајбрежја во регионот се дом на бројни загрозени видови и значајни живеалишта со висок степен на ендемизам. Во нашиот регион, висок процент од реките во се во добра или недопрена состојба, значително над европскиот просек. Ние, потписниците на оваа Заедничка изјава, веруваме дека правилно воспоставување на Емералд мрежата на Западен Балкан и развивање на планови за управување во Емералд подрачјата и други значајни подрачја за зачувување може да понудат можност за заштита за рибите и другите важни видови и живеалишта, со што ќе се зачува уникатната вредност на биолошката разновидност на реките во регионот. Заштитените и обновени реки во регионот на Западен Балкан нудат одлична можност за одржлив развој на локалните заедници кои живеат покрај речните крајбрежја. Тие се извор на вода за пиење, храна, вода за наводнување, спречуваат поплави, ја регулираат климата, нудат можности за развој на риболов, водни спортови и екотуризам, со што се зајакнуваат односите и соработката помеѓу земјите, научниците, инстицуиите, бизнисите и невладините организации.

Во почетокот на декември 2022 година, 39 научници и претставници на невладините организации од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Црна Гора, Македонија, Србија и Швајцарија, учествуваа на онлајн вебинарот за мапирање на нови Емералд подрачја. Преку вебинарот беше подготвена Листа во сенка и мапа на 88 Емералд подрачја кои треба да бидат додадени на Емералд мрежата во земјите потписнички на Бернската Конвенција. Резултатите се засновани на последните достапни податоци и информации за дистрибуцијата и зачувувањето на повеќе од 50 видови риби од европско значење. Преку Листата во сенка на Емералд подрачјата и мапите за нивната локација, сакаме да ги охрабриме и поддржиме властите во регионот да го завршат процесот на управување со подрачјата од Емералд мрежата. Се залагаме за практична примена на критериумите на Емералд мрежата и овој процес го препознаваме како неопходен чекор во пристапувањето кон Европската унија, особено бидејќи Емералд подрачјата ќе станат дел од Натура 2000 мрежата. Како членови на Советот на Европа и потписници на Конвенцијата за зачувување на дивиот свет и природните живеалишта (Бернска конвенција), 5 од земјите од Западен Балкан мора да воспостават Подрачја од посебен интерес за зачувување како дел од функционирањето на Емералд мрежата. Оваа барање од Советот на Европа е дел од Бернската Конвенција, а воспоставување на Емералд мрежата на национално нив се смета за една од основните механизми за договорните страни да постапуваат во согласност со обврските од Конвенцијата.

Како договорни страни на Бернската Конвенција, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, во 2011 година ја комплетираа првата фаза за воспоставување на Емералд мрежата и предложија неколку подрачја кои треба да бидат вклучени. Од тогаш па се до денес, ниту една од овие земји не ја прошири првичната листа на подрачја, со што пропуштија да ги заштитат најголем број од реките и популациите на риби. Дополнително, најголем број од овие подрачја немаат планови за управување, систем за мониторинг, веродостојни податоци и ресурси. Зачувувањето на реките и со соодветно финансирање на Емералд мрежата во регионот на Западен Балкан е долгорочна задача која подразбира соработка помеѓу институциите, научниците, невладините организации, но и вклученост на локалните заедници кои живеат во околината или близината на Емералд подрачјата. Покрај придонесот кон исполнување на обврските од Бернската Конвенција, управувањето со Емералд подрачјата може да им помогне на земјите полесно да ги исполнат целите за зачувување на биодиверзитетот и екосистемите кои се утврдени во Зелената Агенда за Западен Балкан, како и Глобалната рамка за биодиверзитетот која беше усвоена во декември 2022 година во Монтреал на последната конференција на Конвенцијата за биолошка разновидност (COP 15). Листата во сенка на Емералд подрачјата и мапите за нивните локации се дел од нашиот придонес во овој процес, со цел да им дадеме поддршка на властите да ги идентификуваат најважните локации за заштита на слатководните видови и живеалишта кои се дел од Резолуцијата 4 (1996) и Резолуцијата 6 (1998) на Бернската Конвенција. Подготвени сме да ги понудиме и заеднички да ги дискутираме деталните мапи на подрачјата кои треба да бидат вклучени во Емералд мрежата, листите на видови и живеалишта, како и стандардните податоци во ГИС формат за сите локации. За оние локации каде што недостасуваат податоци, стоиме на располагање да бидеме поддршка во спроведување на дополнителни теренски истражувања. Конечно, ние, потписниците на оваа Заедничка изјава, би сакале да ги поддржиме властите да обезбедат проширување на Емералд мрежата која ќе овозможи значајни придобивки за локалните заедници и долгорочна заштита на најважните речни живеалишта во Европа. Потписници на изјавата:

  1. Александра-Ања Драгомировиќ, Заменик претседател, Centar za životnu sredinu (CZZS), Босна и Херцеговина 2. Амели Хубер, Раководител на проекти за заштита на слатководни живеалишта, Euronatur, Германија 3. Ана Чоловиќ Лешоска, Извршна директорка, Центар за истражување и информирање за животната средина Еко- свест, Македонија 4. Андреј Ковачев, Експерт за Натура 2000 подрачја, Здружение за заштита на диви видови “Balkani”, Бугарија 5. Андреј Ралев, Експерт за биолошка разновидност, CEE Bankwatch Network, Бугарија 6. Андријана Миќановиќ, Биолог, Црногорско друштво на еколози, Црна Гора 7. Авдул Адровиќ, Професор, Природно-математички факултет, Босна и Херцеговина 8. Белма Каламујиќ, Виш научен соработник, Институт за генетичко инжиниерство и биотехнологија, Сараево, Босна и Херцеговина 9. Џорџе Стефановиќ, Директор, Udruženje Dinarica, Босна и Херцеговина 10. Душан Јелиќ, Претседател, BIOTA i Хрватски институт за биолошка разновидност, Хрватска 11. Фридрих Вулф, Раководител на меѓународни политики за биолошка разновидност, Здружение “Pro Natura”/ “Friends of Earth”, Швајцарија 12. Ѓорѓи Митревски, Координатор за поддршка на заедниците, Центар за истражување и информирање за животната средина Еко- свест, Македонија 13. Ирма Поповиќ Дујмовиќ, Директор на програма за слатководни живеалишта во Хрватска, “The Nature Conservancy (TNC)”, Хрватска 14. Јелена Иваниќ, Заменик претседател, Centar za životnu sredinu (CZZS), Босна и Херцеговина 15. Јелена Поповиќ, Генерален секретар, Црногорско друштво на еколози, Црна Гора 16. Др. Јорг Фрејхоф, Експерт за слатководна биолошка разновидност, екологија и ихтиологија, Природнонаучен музеј во Берлин, Германија 17. Др. Катерина Ребок, Редовен професор, Институт за биологија, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија 18. Лаура Ана Јурман, Биолог, BIOTA и Хрватски институт за биолошка разновидност, Хрватска 19. Др. Марија Смедеревац- Лалиќ, Виш научен соработник, Институт за мултидисциплинарни истражувања, Универзитет во Белград, Србија 20. Др. Милица Ристовска, Редовен професор, Институт за биологија, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија 21. Милија Чабаркапа, Директор, NVO Eko-tim, Црна Гора 22. Наташа Миливојевиќ, Претседател, Еколошко здружение “Rzav“, Србија 23. Олси Ника, хидробиолог, Извршен директор, NVO EkoAlbanija, Албанија 24. Пенчо Пандаков, хидробиолог, Здружение на рибари “Balkanka”, Бугарија 25. Спасе Шумка, хидробиолог, член на одбор, Организација за зачувување на животната средина “PPNEA”, Албанија 26. Др. Стаматис Зогарис, биолог географ, Институт за морски биолошки ресурси и внатрешни води, Хеленски центар за истражување на морињата, Грција 27. Др. Стивен Вајс, Вонредни професор, Институт за биологија, Универзитет во Грац, Австрија 28. Страхиња Мациќ, правен експерт, Polekol/ Pravo na vodu, Србија 29. Др. Тихомир Стефанов, Вонреден професор, Национален природен музеј во Бугарија, Бугарска академија на науките, Бугарија 30. Тијана Величковиќ, член на експертски тим, Зружение “Ekomar“, Србија 31. Улрих Ајхелман, Директор, НВО “Riverwatch“, Австрија

The post Западен Балкан: Научници и претставници на невладини организации повикуваат на заштита на реките како дел од Емералд мрежата appeared first on Република.

]]>

Во 2011 година, земјите од Западен Балкан предложија мал број на подрачја да бидат вклучени во широката Емералд мрежа на заштитени природни подрачја. Но, голем број на извонредни реки останаа незаштитени- а, постои нов предлог кој треба да го надополни тој недостаток. Денес, група на научници и невладини организациии од 11 земји објавија листа на 88 реки кои тие сметаат дека треба да бидат со висок приоритет на заштита, со што земјите од Западен Балкан и потписници на Бернската конвенција бараат проширување на Емералд мрежата во регионот. Воспоставена од Советот на Европа во 1989 во рамки на Конвенцијата за зачувување на европскиот див свет и нивните живеалишта (Бернска Конвенција), Емералд мрежата е составена од подрачја од посебно значење за зачувување на дивата флора и фауна и нивните природни живеалишта. Како потписници на Бернската Конвенција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во 2011 година го започнаа процесот на воспоставување на Емералд мрежата преку предлагање на мал број на локации. Од тогаш, ниту една од земјите нема предложено нова локација која треба да биде заштитена, а дополнително, најголем дел од нив немаат правна заштита во согласност со националното право, немаат соодветно управување, податоците сe нецелосни, а ресурсите се недоволни, што резултира со неефективна заштита на најголем дел од реките и рибната фауна. Листата на реки која што денес се објавува е резултат на семинарот посветен на Емералд подрачјата кој го организираше CEE Bankwatch Network во декември 2022 година, каде што учествуваа претставници кои доставија научни податоци за видовите риби и рибни живеалишта. Како подрачје на значаен биодиверзитет, Западен Балкан може да се пофали со исклучителен речен диверзитет. Планините во регионот, реките, езерата и крајбрежјата се дом на бројни загрозени видови и значајни живеалишта од кои голем дел се ендемични видови кои не можат да бидат најдени на ниту едно друго место. Во споредба со останатиот дел на Европа, голем дел од реките во регионот се во добра или недопрена природна состојба, што ги прави идеални кандидати за заштита според листата на приоритетни подрачја која ја објавуваме денес. Андреј Ралев, Координатор за заштита на биодиверзитетот, CEE Bankwatch Network: „Заштитата на реките и соодветно примена на Емералд мрежата е долготраен процес, што подразбира соработка помеѓу владите, научниците, невладините организаии и локалните заедници. Нашиот предлог, се заснова на сеопфатни научни знаења за популациите на риби во региониот, што е значаен придонес во овој процес. Наредниот чекор е да ги поддржиме властите во региониот да подготват и официјални предлози за нови Емералд подрачја.“ Ѓорѓи Митревски, Координатор за поддршка на заедниците, Еко-свест: „Реките во нашата земја се под влијание на разни инфраструктурни проекти кои ги загрозуваат ретките и ендемични видови кои живеат во нив. Вклучувањето на реките во Емералд мрежата е неопходен чекор напред за да можеме да обезбедиме нивна заштита како наше природно наследство.“
Западен Балкан е еднo од глобалните жаришта на биолошката разновидност, особено во контекст на биодиверзитетот кој живее во речните екосистеми. Огромниот број на планини, речни и езерски крајбрежја во регионот се дом на бројни загрозени видови и значајни живеалишта со висок степен на ендемизам. Во нашиот регион, висок процент од реките во се во добра или недопрена состојба, значително над европскиот просек. Ние, потписниците на оваа Заедничка изјава, веруваме дека правилно воспоставување на Емералд мрежата на Западен Балкан и развивање на планови за управување во Емералд подрачјата и други значајни подрачја за зачувување може да понудат можност за заштита за рибите и другите важни видови и живеалишта, со што ќе се зачува уникатната вредност на биолошката разновидност на реките во регионот. Заштитените и обновени реки во регионот на Западен Балкан нудат одлична можност за одржлив развој на локалните заедници кои живеат покрај речните крајбрежја. Тие се извор на вода за пиење, храна, вода за наводнување, спречуваат поплави, ја регулираат климата, нудат можности за развој на риболов, водни спортови и екотуризам, со што се зајакнуваат односите и соработката помеѓу земјите, научниците, инстицуиите, бизнисите и невладините организации. Во почетокот на декември 2022 година, 39 научници и претставници на невладините организации од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Црна Гора, Македонија, Србија и Швајцарија, учествуваа на онлајн вебинарот за мапирање на нови Емералд подрачја. Преку вебинарот беше подготвена Листа во сенка и мапа на 88 Емералд подрачја кои треба да бидат додадени на Емералд мрежата во земјите потписнички на Бернската Конвенција. Резултатите се засновани на последните достапни податоци и информации за дистрибуцијата и зачувувањето на повеќе од 50 видови риби од европско значење. Преку Листата во сенка на Емералд подрачјата и мапите за нивната локација, сакаме да ги охрабриме и поддржиме властите во регионот да го завршат процесот на управување со подрачјата од Емералд мрежата. Се залагаме за практична примена на критериумите на Емералд мрежата и овој процес го препознаваме како неопходен чекор во пристапувањето кон Европската унија, особено бидејќи Емералд подрачјата ќе станат дел од Натура 2000 мрежата. Како членови на Советот на Европа и потписници на Конвенцијата за зачувување на дивиот свет и природните живеалишта (Бернска конвенција), 5 од земјите од Западен Балкан мора да воспостават Подрачја од посебен интерес за зачувување како дел од функционирањето на Емералд мрежата. Оваа барање од Советот на Европа е дел од Бернската Конвенција, а воспоставување на Емералд мрежата на национално нив се смета за една од основните механизми за договорните страни да постапуваат во согласност со обврските од Конвенцијата. Како договорни страни на Бернската Конвенција, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, во 2011 година ја комплетираа првата фаза за воспоставување на Емералд мрежата и предложија неколку подрачја кои треба да бидат вклучени. Од тогаш па се до денес, ниту една од овие земји не ја прошири првичната листа на подрачја, со што пропуштија да ги заштитат најголем број од реките и популациите на риби. Дополнително, најголем број од овие подрачја немаат планови за управување, систем за мониторинг, веродостојни податоци и ресурси. Зачувувањето на реките и со соодветно финансирање на Емералд мрежата во регионот на Западен Балкан е долгорочна задача која подразбира соработка помеѓу институциите, научниците, невладините организации, но и вклученост на локалните заедници кои живеат во околината или близината на Емералд подрачјата. Покрај придонесот кон исполнување на обврските од Бернската Конвенција, управувањето со Емералд подрачјата може да им помогне на земјите полесно да ги исполнат целите за зачувување на биодиверзитетот и екосистемите кои се утврдени во Зелената Агенда за Западен Балкан, како и Глобалната рамка за биодиверзитетот која беше усвоена во декември 2022 година во Монтреал на последната конференција на Конвенцијата за биолошка разновидност (COP 15). Листата во сенка на Емералд подрачјата и мапите за нивните локации се дел од нашиот придонес во овој процес, со цел да им дадеме поддршка на властите да ги идентификуваат најважните локации за заштита на слатководните видови и живеалишта кои се дел од Резолуцијата 4 (1996) и Резолуцијата 6 (1998) на Бернската Конвенција. Подготвени сме да ги понудиме и заеднички да ги дискутираме деталните мапи на подрачјата кои треба да бидат вклучени во Емералд мрежата, листите на видови и живеалишта, како и стандардните податоци во ГИС формат за сите локации. За оние локации каде што недостасуваат податоци, стоиме на располагање да бидеме поддршка во спроведување на дополнителни теренски истражувања. Конечно, ние, потписниците на оваа Заедничка изјава, би сакале да ги поддржиме властите да обезбедат проширување на Емералд мрежата која ќе овозможи значајни придобивки за локалните заедници и долгорочна заштита на најважните речни живеалишта во Европа. Потписници на изјавата:
  1. Александра-Ања Драгомировиќ, Заменик претседател, Centar za životnu sredinu (CZZS), Босна и Херцеговина 2. Амели Хубер, Раководител на проекти за заштита на слатководни живеалишта, Euronatur, Германија 3. Ана Чоловиќ Лешоска, Извршна директорка, Центар за истражување и информирање за животната средина Еко- свест, Македонија 4. Андреј Ковачев, Експерт за Натура 2000 подрачја, Здружение за заштита на диви видови “Balkani”, Бугарија 5. Андреј Ралев, Експерт за биолошка разновидност, CEE Bankwatch Network, Бугарија 6. Андријана Миќановиќ, Биолог, Црногорско друштво на еколози, Црна Гора 7. Авдул Адровиќ, Професор, Природно-математички факултет, Босна и Херцеговина 8. Белма Каламујиќ, Виш научен соработник, Институт за генетичко инжиниерство и биотехнологија, Сараево, Босна и Херцеговина 9. Џорџе Стефановиќ, Директор, Udruženje Dinarica, Босна и Херцеговина 10. Душан Јелиќ, Претседател, BIOTA i Хрватски институт за биолошка разновидност, Хрватска 11. Фридрих Вулф, Раководител на меѓународни политики за биолошка разновидност, Здружение “Pro Natura”/ “Friends of Earth”, Швајцарија 12. Ѓорѓи Митревски, Координатор за поддршка на заедниците, Центар за истражување и информирање за животната средина Еко- свест, Македонија 13. Ирма Поповиќ Дујмовиќ, Директор на програма за слатководни живеалишта во Хрватска, “The Nature Conservancy (TNC)”, Хрватска 14. Јелена Иваниќ, Заменик претседател, Centar za životnu sredinu (CZZS), Босна и Херцеговина 15. Јелена Поповиќ, Генерален секретар, Црногорско друштво на еколози, Црна Гора 16. Др. Јорг Фрејхоф, Експерт за слатководна биолошка разновидност, екологија и ихтиологија, Природнонаучен музеј во Берлин, Германија 17. Др. Катерина Ребок, Редовен професор, Институт за биологија, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија 18. Лаура Ана Јурман, Биолог, BIOTA и Хрватски институт за биолошка разновидност, Хрватска 19. Др. Марија Смедеревац- Лалиќ, Виш научен соработник, Институт за мултидисциплинарни истражувања, Универзитет во Белград, Србија 20. Др. Милица Ристовска, Редовен професор, Институт за биологија, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија 21. Милија Чабаркапа, Директор, NVO Eko-tim, Црна Гора 22. Наташа Миливојевиќ, Претседател, Еколошко здружение “Rzav“, Србија 23. Олси Ника, хидробиолог, Извршен директор, NVO EkoAlbanija, Албанија 24. Пенчо Пандаков, хидробиолог, Здружение на рибари “Balkanka”, Бугарија 25. Спасе Шумка, хидробиолог, член на одбор, Организација за зачувување на животната средина “PPNEA”, Албанија 26. Др. Стаматис Зогарис, биолог географ, Институт за морски биолошки ресурси и внатрешни води, Хеленски центар за истражување на морињата, Грција 27. Др. Стивен Вајс, Вонредни професор, Институт за биологија, Универзитет во Грац, Австрија 28. Страхиња Мациќ, правен експерт, Polekol/ Pravo na vodu, Србија 29. Др. Тихомир Стефанов, Вонреден професор, Национален природен музеј во Бугарија, Бугарска академија на науките, Бугарија 30. Тијана Величковиќ, член на експертски тим, Зружение “Ekomar“, Србија 31. Улрих Ајхелман, Директор, НВО “Riverwatch“, Австрија

The post Западен Балкан: Научници и претставници на невладини организации повикуваат на заштита на реките како дел од Емералд мрежата appeared first on Република.

]]>
МСУ – Скопје иницира еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/msu-skopje-inicira-ekoloshki-proekt-kon-zachuvuvanje-na-zdravata-zivotna-sredina/ Thu, 03 Nov 2022 08:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=569068

Музејот на современата уметност – Скопје започнува со реализaција на проектот „Пејзаж на вознемиреност“ (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени). Реализацијата на проектот започнува утре на 4 ноември со работилница во Велес.

Проектот се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролирани траектории на експлотација на основните ресурси, како водата и воздухот, глобален раст и несакани миграции.

Главно прашање на проектот е како институциите во културата и уметниците можат да придонесат во справување со овие кризни состојби. Со овој проект, Музејот на современата уметност презема важна институционална улога осредоточена на ефектите од климатските промени, погрешните локални политики, загадувањето на воздухот, депониите и губењето на биодиверзитетот.

Во претстојниот период, проектот вклучува повеќе серии на работилници во Скопје, Велес, Битола и Преспа, кои ќе се реализираат во соработка со локални еколошки друштва и организации, преку кои, новите генерации уметници, истражувачи и активисти во Македонија ќе се ангажираат во однос на животната средина и климатските промени.

Овој процес на едукација и размена на искуства ќе резултира со создавање колаборативни уметнички дела, публикација на рециклирана хартија, и изложба во Музејот на современата уметност во Скопје во Март 2023 година.

 На 4 ноември е договорена првата работилница во Велес, со учество на  Тихомир Топузовски (раководител на проектот) Ивана Васева (кураторка)  Кирил Арсовски (биолог и еколог) Денис Сарагиновски и Слободанка Стевчевска (ОПА, уметнички колектив) Ивана Мирчевска (уметницa) Дарко Алексовски (уметник), како и членови на Еколошко друштво од Велес „Вила Зора“.

Учесниците во работилницата првин ќе одат во посета на неколку значајни локалитети во Велес: Езеро Младост – Како човекот низ просторот и времето го менува и прилагодува релјефот„Топилница“– Историските и моменталните траги од човечката индустријализација и во Велешки Ади, Градски Парк - Историската и културолошкaта промена на потребата и начините на кој човекот ги искористува природните ресурси.

Потоа, со почеток во 12 часот на пладне ќе се одржи работна сесија во Ликовниот центар на „Народен музеј“ Велес, каде ќе се одржи предавање на тема „Природна и еколошка карта на Велес“, потоа разговор со локален еколошки активист Вила Зора – Велес и на крајот ќе се води дискусија.

Работилницата ќе биде отворена за јавноста. Сите заинтересирани, можат да присуствуваат на предавањата или да земат учество во дискусијата.

Македонија и земјите од Западен Балкан преставуваат средиште на загадувањето во Европа, пред се, поради застарените фабрики за јаглен, автомобилите, неисправните индустрии и енергетската сиромаштија на населението. Низа фактори кои во континуитет го загадуваат воздухот, водата и севкупниот биодиверзитет на земјата, предизвикуваат негативни влијанија врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Културата е суштинска алатка за генерирање на еколошки ангажмани, истовремено влијаејќи на други меѓусебно поврзани агенди, како што се урбаното планирање, социјалната вклученост и правото на здрава животна средина.

Основната цел на проектот е да создаде услови за квалитетна размена на знаења, соработки, едукација и уметничка продукција, преку која уметниците, истражувачите, еколозите, активистите и граѓаните во Македонија ќе се ангажираат во однос на животната средина и климатските промени. Проектот е целосно финансиран од ФООМ (Фондацијата Отворено општество – Македонија).

The post МСУ – Скопје иницира еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина appeared first on Република.

Драстично се намалени бројни популации на диви животински видови на Планетата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/drastichno-se-namaleni-brojni-populacii-na-divi-zivotinski-vidovi-na-planetata/ Thu, 13 Oct 2022 12:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=560662

Набљудуваните популации на диви видови во светот - цицачи, водоземци, влекачи и риби - во просек се намалени за 69 отсто во споредба со 1970 година. Информацијата е објавена во Извештајот за состојбата на планетата на Светската организација за заштита на природата.

Извештајот што се објавува на секои две години, носи научни докази дека неодржливите човекови активности ги доведуваат екосистемите, заслужни за животот на Земјата, до раб на пропаста. Тоа ги повикува светските лидери да се здружат во изградба на поодржлива, поотпорна и поздрава планета за луѓето и за природата.

Податоци особено укажуваат на тоа дека меѓу 1970 и 2018 година, набљудуваните популации на диви животни во Јужна Америка и во пределот на Карибите, опаднале во просек за 94 отсто.

Генералниот директор на Меѓународната светска организација за заштита на природата, Марко Ламбертини истакна дека човештвото е соочено со две вонредни состојби предизвикани од дејствувањето на луѓето - климатските промени и губењето на биодиверзитетот, што го загрозуваат благосостојбата на сегашните и идните генерации.

Извештајот изнесува шокантни бројки. Доколку сакаме да го заприме и превртиме губењето на природата, односно да обезбедиме здрава иднина за луѓето и природата, одговорот мора да биде промена на системот - нагласи Ламбертини.

Светската организација за заштита на природата се залага лидерите на земјите потписнички на Конвенцијата на ОН за биолошка разновидност, на конференција во декември да постигнат договор сличен на Парискиот, со што ќе се обврзат на запирање на губењето на биодиверзитетот и до 2030 година ќе обезбедат свет насочен кон зачувување на природата.

Извештајот покажува дека секаде во светот главни причини за намалување на популацијата на дивите животни се деградација и губење на живеалиштата, експлоатација, воведување на инвазивни видови, загадување, климатски промени и болести.

The post Драстично се намалени бројни популации на диви животински видови на Планетата appeared first on Република.

]]>

Набљудуваните популации на диви видови во светот - цицачи, водоземци, влекачи и риби - во просек се намалени за 69 отсто во споредба со 1970 година. Информацијата е објавена во Извештајот за состојбата на планетата на Светската организација за заштита на природата. Извештајот што се објавува на секои две години, носи научни докази дека неодржливите човекови активности ги доведуваат екосистемите, заслужни за животот на Земјата, до раб на пропаста. Тоа ги повикува светските лидери да се здружат во изградба на поодржлива, поотпорна и поздрава планета за луѓето и за природата. Податоци особено укажуваат на тоа дека меѓу 1970 и 2018 година, набљудуваните популации на диви животни во Јужна Америка и во пределот на Карибите, опаднале во просек за 94 отсто. Генералниот директор на Меѓународната светска организација за заштита на природата, Марко Ламбертини истакна дека човештвото е соочено со две вонредни состојби предизвикани од дејствувањето на луѓето - климатските промени и губењето на биодиверзитетот, што го загрозуваат благосостојбата на сегашните и идните генерации.
Извештајот изнесува шокантни бројки. Доколку сакаме да го заприме и превртиме губењето на природата, односно да обезбедиме здрава иднина за луѓето и природата, одговорот мора да биде промена на системот - нагласи Ламбертини.
Светската организација за заштита на природата се залага лидерите на земјите потписнички на Конвенцијата на ОН за биолошка разновидност, на конференција во декември да постигнат договор сличен на Парискиот, со што ќе се обврзат на запирање на губењето на биодиверзитетот и до 2030 година ќе обезбедат свет насочен кон зачувување на природата. Извештајот покажува дека секаде во светот главни причини за намалување на популацијата на дивите животни се деградација и губење на живеалиштата, експлоатација, воведување на инвазивни видови, загадување, климатски промени и болести.

The post Драстично се намалени бројни популации на диви животински видови на Планетата appeared first on Република.

]]>
Екодебата „Светла иднина“ во резиденцијата на Европската Унија: Треба да излеземе од удобната зона https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ekodebata-svetla-idnina-vo-rezidencijata-na-evropskata-unija-treba-da-izlezeme-od-udobnata-zona/ Wed, 23 Mar 2022 12:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=477142

Треба да излеземе од удобната зона, да бидеме креативни како да создаваме помалку отпад и да размислуваме што ѝ правиме на нашата животна околина со секое наше однесување. Сакаме повеќе да се обрнува внимание на екологијата во образовниот процес, преку реални проекти и практики, а не само теоретски – велат гимназијалци од „Панче Арсовски“ од Скопје, кои учествуваа на дебатата „Светла иднина“ посветена на тоа како се справуваме со отпадот, што беше организирана минатата недела во резиденцијата на Европската Унија во Скопје.

Дебатата, чиј директен повод е изложбата „Розови тигри и златни гуштери и уште што не“ инспирирана токму од начелата на Зелениот договор, е прва од планираната пролетна серија во организација на Делегацијата на Европската Унија, во соработка со галеријата „Акантус“. Ученици, професори, уметници, експерти за животна околина, екоактивисти се обединија и разговараа на горливата тема. Прво дело од кое се инспирираа за дискусија беше „Светла иднина“ на уметникот Ајваз Озбек, дел од самата изложба. Преку делото, изработено од отпадно железо, уметникот ги претстави четирите страни на светот, сите споени во форма на светилка, навестувајќи ја нашата огромна потреба од енергија.

Летниот период имаше многу пожари кај нас. Знаеме дека при пожар се сушат дрвјата. Дрвото поставено во централниот дел на делото е исушено. Светилката како енергија што ја имаме ни го претставува делото. Моите соседи почнаа да ми нудат шрафови, некако почна природно рециклирање во маалото. Колегите уметници сè почесто користат рециклирачки материјали за своите дела и тоа ме радува – вели Озбек.

Бојан Д. Георгиевски од галеријата „Акантус“ истакна дека изложбата укажува на моменталните грижи и проблеми во сите општества на нашата планета, а повеќето уметници се фокусирале на биодиверзитетот.

Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ изработија видео што ги разгледува проблемите на биодиверзитетот. Велимир Жерновски се фокусира на моќта на регенерацијата кај гуштерите, Маја Кировска го отвори прашањето што може секој поединец со малку труд да направи за подобрување на нашата околина. Ненад Тонкин, инспириран од детски цртежи, од рециклирани материјали создаде скулптури и зборува за губењето на живеалиштата - истакна Георгиевски.

Домаќинот на настанот, Пол Бускот, истакна дека токму преку уметноста ќе бидат водени дискусиите зашто „таа е гласот на срцето, на душата.“

Овде сме да разговараме, да упатиме пораки за работи што можат да бидат направени за оваа земја да биде подобро место за живеење - рече Бускот.

Модератор на дискусијата беше Мила Јовановска од организацијата „Биди зелен“, која нагласи дека е многу важно отворено да се зборува за проблемите, а особено што климатските активисти најдоа начин преку уметноста да повикаат на акција.

Отпадот многу придонесува за загадувањето на животната средина и за климатските промени. Секој од нас може да биде добар пример и да шири еколошката свест – истакна таа.

На младите им пречи што нема доволно јавна свест, сакаат повеќе да се зборува и дејствува на оваа тема во образованието.

Јас сум од Петровец и кај нас нема такви контејнери. И нема како да се рециклира, а сакам да го правам тоа. Уште од 4. одделение учествувам во екопроекти. Морам да кажам дека првенствено наставниците ни даваат добар пример. Јас неодамна научив дека постојат машини за пластични шишиња кои потоа ти даваат пари или некоја друга награда. Тоа треба и кај нас да се примени - вели еден од средношколците. За негов соученик, оваа тема треба да биде секогаш актуелна и со повеќе акции и кампањи по медиумите, но и на училиште. Младите се самокритични и признаваат дека не размислуваат премногу на темата како да го намалат количеството отпад и дека им е тешко да излезат од удобната зона. Тие, исто така, признаваат дека и ковид-пандемијата придонела за нивно созревање и добивање појасна слика за животната средина и нашето влијание врз неа.

Наставничка по биологија од „Панче Арсовски“ посочи дека екологијата се изучува на училиште, но дека оваа проблематика треба да се изучува преку реални примери и практики, а не теоретски како тема во едно полугодие.

Ние како училиште преку нашиот Екоклуб имаме многу активности кои ги спроведуваме заедно со учениците, зашто учениците се преоптоварени со теоријата, потребни се реални активности. Децата можат повеќе да се изразат преку примена на различни практики, а не само да знаат дефиниции за областа. И не треба да се поврзуваат само наставниците по биологија и природни науки со оваа проблематика. Таа е проблематика на сите сфери од општеството. Ние како наставници реализираме и екосодржини како дел од наставните планови по сите предмети. Детето од мали нозе се учи за еколошката свест. „Гледај ме што правам, а не што зборувам.“ Детето го гледа родителот дома. Нас многу често нè ставаат на тапет дека не сме ги научиле. Примерот е најдобар начин - истакна таа.

Иван Дургутов, млад европски амбасадор од иницијативата на Европската Унија, забележа дека екологијата е тема што младите денес ја чувствуваат како поблиска. Тој посочи дека општеството сè уште нема создадено атмосфера за таа да се сфаќа посериозно.

Ана Каранфилова-Мазневска, одговорна на Секторот за справување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, им доближи на младите што значат законите што ги имаме и каде може да се информираат за сè што ги интересира на темата.

Низ интересни примери, Виктор Христов, експерт за цврст отпад, им објасни на младите различни аспекти од справувањето со отпадот.

Отпадот е вид цивилизациска вредност. Затоа што кога ќе видиме како во некои земји добро се справуваат со отпадот, знаеме да кажеме: „Овие се поцивилизирани од нас.“ Доколку  влезете кај некого дома, ако не е чисто, мислите дека не е добар домаќин. Во 20 години сум работел во над 30 земји во светот. Законите секаде се релативно добри. За жал, кај нас примената законите е многу бавна - вели Христов.

Промените треба да дојдат од вас, младите, а ние, возрасните, треба да се трудиме да создадеме услови за тоа, им порача на младите Филип Ивановски од „Пакомак“.

Инфраструктурата полека ја градиме, знаеме дека не е доволно, но мора да ја смениме перцепцијата за нашата околина. Совеста треба да нè натера да го бараме соодветниот контејнер каде да го одлагаме отпадот. Акт на најголема љубов кон државата е да се грижите за вашата околина - заклучи Ивановски.

The post Екодебата „Светла иднина“ во резиденцијата на Европската Унија: Треба да излеземе од удобната зона appeared first on Република.

]]>

Треба да излеземе од удобната зона, да бидеме креативни како да создаваме помалку отпад и да размислуваме што ѝ правиме на нашата животна околина со секое наше однесување. Сакаме повеќе да се обрнува внимание на екологијата во образовниот процес, преку реални проекти и практики, а не само теоретски – велат гимназијалци од „Панче Арсовски“ од Скопје, кои учествуваа на дебатата „Светла иднина“ посветена на тоа како се справуваме со отпадот, што беше организирана минатата недела во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Дебатата, чиј директен повод е изложбата „Розови тигри и златни гуштери и уште што не“ инспирирана токму од начелата на Зелениот договор, е прва од планираната пролетна серија во организација на Делегацијата на Европската Унија, во соработка со галеријата „Акантус“. Ученици, професори, уметници, експерти за животна околина, екоактивисти се обединија и разговараа на горливата тема. Прво дело од кое се инспирираа за дискусија беше „Светла иднина“ на уметникот Ајваз Озбек, дел од самата изложба. Преку делото, изработено од отпадно железо, уметникот ги претстави четирите страни на светот, сите споени во форма на светилка, навестувајќи ја нашата огромна потреба од енергија.
Летниот период имаше многу пожари кај нас. Знаеме дека при пожар се сушат дрвјата. Дрвото поставено во централниот дел на делото е исушено. Светилката како енергија што ја имаме ни го претставува делото. Моите соседи почнаа да ми нудат шрафови, некако почна природно рециклирање во маалото. Колегите уметници сè почесто користат рециклирачки материјали за своите дела и тоа ме радува – вели Озбек.
Бојан Д. Георгиевски од галеријата „Акантус“ истакна дека изложбата укажува на моменталните грижи и проблеми во сите општества на нашата планета, а повеќето уметници се фокусирале на биодиверзитетот.
Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ изработија видео што ги разгледува проблемите на биодиверзитетот. Велимир Жерновски се фокусира на моќта на регенерацијата кај гуштерите, Маја Кировска го отвори прашањето што може секој поединец со малку труд да направи за подобрување на нашата околина. Ненад Тонкин, инспириран од детски цртежи, од рециклирани материјали создаде скулптури и зборува за губењето на живеалиштата - истакна Георгиевски.
Домаќинот на настанот, Пол Бускот, истакна дека токму преку уметноста ќе бидат водени дискусиите зашто „таа е гласот на срцето, на душата.“
Овде сме да разговараме, да упатиме пораки за работи што можат да бидат направени за оваа земја да биде подобро место за живеење - рече Бускот.
Модератор на дискусијата беше Мила Јовановска од организацијата „Биди зелен“, која нагласи дека е многу важно отворено да се зборува за проблемите, а особено што климатските активисти најдоа начин преку уметноста да повикаат на акција.
Отпадот многу придонесува за загадувањето на животната средина и за климатските промени. Секој од нас може да биде добар пример и да шири еколошката свест – истакна таа.
На младите им пречи што нема доволно јавна свест, сакаат повеќе да се зборува и дејствува на оваа тема во образованието.
Јас сум од Петровец и кај нас нема такви контејнери. И нема како да се рециклира, а сакам да го правам тоа. Уште од 4. одделение учествувам во екопроекти. Морам да кажам дека првенствено наставниците ни даваат добар пример. Јас неодамна научив дека постојат машини за пластични шишиња кои потоа ти даваат пари или некоја друга награда. Тоа треба и кај нас да се примени - вели еден од средношколците. За негов соученик, оваа тема треба да биде секогаш актуелна и со повеќе акции и кампањи по медиумите, но и на училиште. Младите се самокритични и признаваат дека не размислуваат премногу на темата како да го намалат количеството отпад и дека им е тешко да излезат од удобната зона. Тие, исто така, признаваат дека и ковид-пандемијата придонела за нивно созревање и добивање појасна слика за животната средина и нашето влијание врз неа.
Наставничка по биологија од „Панче Арсовски“ посочи дека екологијата се изучува на училиште, но дека оваа проблематика треба да се изучува преку реални примери и практики, а не теоретски како тема во едно полугодие.
Ние како училиште преку нашиот Екоклуб имаме многу активности кои ги спроведуваме заедно со учениците, зашто учениците се преоптоварени со теоријата, потребни се реални активности. Децата можат повеќе да се изразат преку примена на различни практики, а не само да знаат дефиниции за областа. И не треба да се поврзуваат само наставниците по биологија и природни науки со оваа проблематика. Таа е проблематика на сите сфери од општеството. Ние како наставници реализираме и екосодржини како дел од наставните планови по сите предмети. Детето од мали нозе се учи за еколошката свест. „Гледај ме што правам, а не што зборувам.“ Детето го гледа родителот дома. Нас многу често нè ставаат на тапет дека не сме ги научиле. Примерот е најдобар начин - истакна таа.
Иван Дургутов, млад европски амбасадор од иницијативата на Европската Унија, забележа дека екологијата е тема што младите денес ја чувствуваат како поблиска. Тој посочи дека општеството сè уште нема создадено атмосфера за таа да се сфаќа посериозно. Ана Каранфилова-Мазневска, одговорна на Секторот за справување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, им доближи на младите што значат законите што ги имаме и каде може да се информираат за сè што ги интересира на темата. Низ интересни примери, Виктор Христов, експерт за цврст отпад, им објасни на младите различни аспекти од справувањето со отпадот.