екодебата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekodebata/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 12:36:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png екодебата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekodebata/ 32 32 Во младите е надежта за заштита на пчелите и биодиверзитетот, рекоа на екодебатата во резиденцијата на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-mladite-e-nadezta-za-zashtita-na-pchelite-i-biodiverzitetot-rekoa-na-ekodebatata-vo-rezidencijata-na-eu/ Mon, 23 May 2022 12:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=505965

„Заштита на биодиверзитетот преку чување на природата и реверзија на деградацијата на екосистемите“ беше темата на четвртата дебата инспирирана од изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Зелениот договор на Европската Унија и предизвиците со кои се соочуваме се суштината на сите дебати. Колку се грижиме за заштита на биодиверзитетот и зошто ова прашање е дел од Зелениот договор? Можно ли е заштитата на природата и економскиот развој да се одвиваат како паралелни процеси - беа дел од прашањата начнати на дебатата.

Домаќините, ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и Пол Бускот ги поздравија учесниците Даниел Богнер, експерт и поранешен тим-лидер на проектот „Натура 2000“ на ЕУ, Маја Богдановска-Зенделска, проект-менаџер во Делегацијата на ЕУ, д-р Светислав Крстиќ, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ), д-р Ивана Трајаноска, професорка на „Американ колеџ“, Диме Меловски од Македонското еколошко друштво, Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при Националниот парк „Галичица“, Едита Зеќировиќ од Министерството за животна средина и просторно планирање, Иван Дургутов, млад европски амбасадор и студентки од ПМФ и од „Американ колеџ“.

Модератор на дебатата беше активистот Горјан Јовановски од AirCare.

Дијана Томиќ-Радевска е куратор на изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што ја организира Делегацијата на ЕУ во соработка со галеријата „Акантус“ како еден од начините преку уметноста да се зборува за глобалните проблеми. Таа го претстави концептот преку делата на Андреј Жерновски, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ (заеднички проект), Ненад Тонкин, Озбек Ајваз, а се задржа на делото на Маја Кировска. Поттикнати од пандемијата, карантините и ограничувањето на движење во природата, Кировски создале домашна градина. Почнале да ги проучуваат видовите што ги одгледуваат, да истражуваат за нив.

Тоа го споив со социјалните мрежи што ги користам како медиум. Се прашав кој јазик на комуникација го користат инфлуенсерите за да постигнат нешто. Постојано ги освежувам информациите и бројот на публиката расте - вели Кировска.

Модераторот Јовановски направи интересен пресврт на почетокот на дебатата и ги насочи студентите тие да поставуваат прашања на кои одговараа експертите.

Ана Варелова, активистка и апсолвентка на студии по екологија при Институтот за биологија, се интересираше за пристапите за заштита на биодиверзитетот и можностите да се направат промени во легислативата и на политичко ниво.

Диме Меловски го вброи сочувувањето на биодиверзитетот во две групи – заштита на конкретен вид (како во случајот со балканскиот рис) и заштита на цели екосистеми. Според него, кога би имале повеќе подрачја „Натура 2000“, најголемата координирана еколошка мрежа на заштитени подрачја во светот, би добиле заштита и на самите елементи на екосистемот, вклучувајќи заштита на видовите и интеракција на човекот со нив.

Проф. Светислав Крстиќ посочи дека исчезнувањето на видовите постоело и пред човекот.

Главното прашање е колку човекот влијае врз забрзувањето на исчезнувањето на видовите.

Има податок дека фрапантни 10.000 вида исчезнуваат годишно. Ако ги додадете тука и климатските промени и загадувањето, повеќе од очигледно е колку човекот придонесува во овој процес. Но, видовите мора да ги гледате како дел од екосистемот, не можете да ги изземете од него - вели Крстиќ.

Тој посочи дека нема време да се навлегува во правни лавиринти. За почеток доволно е да се почитува постојната регулатива за квалитет на водите, што само по себе ќе донесе огромни придобивки за видовите што живеат во екосистемите. Таа легислатива постои, но треба да се почитува.

Законите за овие прашања се максимално приближени до европската легислатива, дури 95 отсто. Дали се доволни? Не, зашто мора да се имплементираат и да се почитуваат - вели Крстиќ.

Според Едита Зеќировиќ од МТСП, проблем е што во нашата држава не постои национален мониторинг-систем што ќе води сметка за биолошката разновидност. Постојат истражувања, но тие се базирани на индивидуални проекти и нема континуитет. Министерството соработува со невладиниот сектор, со научната заедница и со меѓународни експерти и институции. Добра вест е што за 13,5 отсто е зголемен бројот на заштитени подрачја во земјава – Шар Планина, Малешево и Осоговските Планини. Според Зеќировиќ, еден од најголемите предизвици е сериозниот недостиг на експерти кои во иднина ќе работат на овие прашања.

Андон Бојаџи инспиративно зборуваше за својата работа.

Јас 31 година работам во Националниот парк „Галичица“ и уште ми се оди на работа! Оваа земја е мала по површина, но има исклучително богата разновидност, како и сите земји на Балканот. А за видовите не важат политичките граници. Затоа, соработката меѓу земјите од регионот е неопходна ако сакаме навистина да ги заштитиме видовите - рече Бојаџи.

Тој нагласи дека веќе вложуваат во обука на млади кадри и дека сами си го изработиле Планот за управување со НП „Галичица“. Тој потенцира дека имаат многу активности и ги покани младите и сите заинтересирани граѓани да се вклучат во нив.

Според Даниел Богнер, токму поради распространетоста на биодиверзитетот надвор од границите на една земја, многу се важни и корисни прекуграничните проекти. Во однос на заштита на биодиверзитетот, свесноста кај луѓето е исклучително важна.

Многу е важно луѓето да ја почувствуваат врската со природата. Сум ги видел изразите на лицата на луѓе кои првпат ќе мириснат цвеќе или ќе чујат птици, шумолење на поток. Овие луѓе треба да се вклучат во работата на заштитата на природата. Во многу земји функционира т.н. граѓанска наука (citizens science), каде што обичните граѓани се вклучени во мониторирање на видовите - рече Богнер.

И тој и Крстиќ се согласуваат дека овие процеси мора да се водат под надзор на научната заедница.

Ивана Трајаноска вели дека на „Американ колеџ“ не се изучуваат природните науки, но ја користат секоја можност да вградат компоненти преку кои студентите ќе можат подобро да го разберат биодиверзитетот. Студентките од АК ја потенцираа свесноста на студентите за проблемите на биодиверзитетот и потребата за поактивно информирање и вклучување на студентите во овие процеси.

Младиот европски амбасадор Иван Дургутов ги повика младите да ги користат сите начини за заштита на животната средина – да користат јавен превоз, велосипед или да се движат пеш, а модераторот Јовановски повика да ја искористат секоја можност активно да се вклучат во решавање на овие прашања.

Евроамбасадорот Гир рече дека ги забележал сите прашања и аспекти начнати на дебатата.

Еден од проблемите во оваа земја е чувството на безнадежност кај граѓаните. Општиот впечаток е дека ништо не чини и не функционира. Тоа треба да го смениме. Во делот на заштитата на биодиверзитетот има и позитивни примери на посветеност како во НП „Галичица“. Сè што дискутираме тука, не смее тука да заврши - поентира Гир.

Бускот е импресиониран од ентузијазмот на младите да дискутираат за проблемите и да се вклучат во нивното решавање. Тој и Гир неодамна се вратиле од Австралија, каде што биле очевидци на климатските промени и последиците врз биодиверзитетот, особено во океанот. Бускот ја потенцира својата загриженост за пчелите – наше национално богатство. Тој е одушевен од филмот „Медена земја“ каде што на прекрасен, инспиративен начин вниманието е свртено токму кон овие инсекти.

Потребни се поголеми напори за заштита на пчелите и биодиверзитетот. Тука ја гледам улогата на младите, тие се круна на сè, тие се надеж. Имаат кревки рамена, но тежината што ја носат на нив е голема. Ние, возрасните, мора да сториме сè за дел од таа тежина да понесеме и на нашите рамена - рече Бускот.

Според Гир, европскиот Зелен договор треба да одговори на троен предизвик: климатските промени, колапс на биодиверзитетот и деградација на животната средина.

Веќе подолго време отвораме дебати, организираме кампањи за овие прашања. Но, договорите на политичко ниво не се доволни. Во овие процеси неопходно е да се вклучат сите, особено младите. Ним сум им особено благодарен што се присутни - заврши Гир.

The post Во младите е надежта за заштита на пчелите и биодиверзитетот, рекоа на екодебатата во резиденцијата на ЕУ appeared first on Република.

]]>

„Заштита на биодиверзитетот преку чување на природата и реверзија на деградацијата на екосистемите“ беше темата на четвртата дебата инспирирана од изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Зелениот договор на Европската Унија и предизвиците со кои се соочуваме се суштината на сите дебати. Колку се грижиме за заштита на биодиверзитетот и зошто ова прашање е дел од Зелениот договор? Можно ли е заштитата на природата и економскиот развој да се одвиваат како паралелни процеси - беа дел од прашањата начнати на дебатата. Домаќините, ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и Пол Бускот ги поздравија учесниците Даниел Богнер, експерт и поранешен тим-лидер на проектот „Натура 2000“ на ЕУ, Маја Богдановска-Зенделска, проект-менаџер во Делегацијата на ЕУ, д-р Светислав Крстиќ, редовен професор на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ), д-р Ивана Трајаноска, професорка на „Американ колеџ“, Диме Меловски од Македонското еколошко друштво, Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при Националниот парк „Галичица“, Едита Зеќировиќ од Министерството за животна средина и просторно планирање, Иван Дургутов, млад европски амбасадор и студентки од ПМФ и од „Американ колеџ“. Модератор на дебатата беше активистот Горјан Јовановски од AirCare. Дијана Томиќ-Радевска е куратор на изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“ што ја организира Делегацијата на ЕУ во соработка со галеријата „Акантус“ како еден од начините преку уметноста да се зборува за глобалните проблеми. Таа го претстави концептот преку делата на Андреј Жерновски, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ (заеднички проект), Ненад Тонкин, Озбек Ајваз, а се задржа на делото на Маја Кировска. Поттикнати од пандемијата, карантините и ограничувањето на движење во природата, Кировски создале домашна градина. Почнале да ги проучуваат видовите што ги одгледуваат, да истражуваат за нив.
Тоа го споив со социјалните мрежи што ги користам како медиум. Се прашав кој јазик на комуникација го користат инфлуенсерите за да постигнат нешто. Постојано ги освежувам информациите и бројот на публиката расте - вели Кировска.
Модераторот Јовановски направи интересен пресврт на почетокот на дебатата и ги насочи студентите тие да поставуваат прашања на кои одговараа експертите. Ана Варелова, активистка и апсолвентка на студии по екологија при Институтот за биологија, се интересираше за пристапите за заштита на биодиверзитетот и можностите да се направат промени во легислативата и на политичко ниво. Диме Меловски го вброи сочувувањето на биодиверзитетот во две групи – заштита на конкретен вид (како во случајот со балканскиот рис) и заштита на цели екосистеми. Според него, кога би имале повеќе подрачја „Натура 2000“, најголемата координирана еколошка мрежа на заштитени подрачја во светот, би добиле заштита и на самите елементи на екосистемот, вклучувајќи заштита на видовите и интеракција на човекот со нив. Проф. Светислав Крстиќ посочи дека исчезнувањето на видовите постоело и пред човекот. Главното прашање е колку човекот влијае врз забрзувањето на исчезнувањето на видовите.
Има податок дека фрапантни 10.000 вида исчезнуваат годишно. Ако ги додадете тука и климатските промени и загадувањето, повеќе од очигледно е колку човекот придонесува во овој процес. Но, видовите мора да ги гледате како дел од екосистемот, не можете да ги изземете од него - вели Крстиќ.
Тој посочи дека нема време да се навлегува во правни лавиринти. За почеток доволно е да се почитува постојната регулатива за квалитет на водите, што само по себе ќе донесе огромни придобивки за видовите што живеат во екосистемите. Таа легислатива постои, но треба да се почитува.
Законите за овие прашања се максимално приближени до европската легислатива, дури 95 отсто. Дали се доволни? Не, зашто мора да се имплементираат и да се почитуваат - вели Крстиќ.
Според Едита Зеќировиќ од МТСП, проблем е што во нашата држава не постои национален мониторинг-систем што ќе води сметка за биолошката разновидност. Постојат истражувања, но тие се базирани на индивидуални проекти и нема континуитет. Министерството соработува со невладиниот сектор, со научната заедница и со меѓународни експерти и институции. Добра вест е што за 13,5 отсто е зголемен бројот на заштитени подрачја во земјава – Шар Планина, Малешево и Осоговските Планини. Според Зеќировиќ, еден од најголемите предизвици е сериозниот недостиг на експерти кои во иднина ќе работат на овие прашања. Андон Бојаџи инспиративно зборуваше за својата работа.
Јас 31 година работам во Националниот парк „Галичица“ и уште ми се оди на работа! Оваа земја е мала по површина, но има исклучително богата разновидност, како и сите земји на Балканот. А за видовите не важат политичките граници. Затоа, соработката меѓу земјите од регионот е неопходна ако сакаме навистина да ги заштитиме видовите - рече Бојаџи.
Тој нагласи дека веќе вложуваат во обука на млади кадри и дека сами си го изработиле Планот за управување со НП „Галичица“. Тој потенцира дека имаат многу активности и ги покани младите и сите заинтересирани граѓани да се вклучат во нив. Според Даниел Богнер, токму поради распространетоста на биодиверзитетот надвор од границите на една земја, многу се важни и корисни прекуграничните проекти. Во однос на заштита на биодиверзитетот, свесноста кај луѓето е исклучително важна.
Многу е важно луѓето да ја почувствуваат врската со природата. Сум ги видел изразите на лицата на луѓе кои првпат ќе мириснат цвеќе или ќе чујат птици, шумолење на поток. Овие луѓе треба да се вклучат во работата на заштитата на природата. Во многу земји функционира т.н. граѓанска наука (citizens science), каде што обичните граѓани се вклучени во мониторирање на видовите - рече Богнер.
И тој и Крстиќ се согласуваат дека овие процеси мора да се водат под надзор на научната заедница. Ивана Трајаноска вели дека на „Американ колеџ“ не се изучуваат природните науки, но ја користат секоја можност да вградат компоненти преку кои студентите ќе можат подобро да го разберат биодиверзитетот. Студентките од АК ја потенцираа свесноста на студентите за проблемите на биодиверзитетот и потребата за поактивно информирање и вклучување на студентите во овие процеси. Младиот европски амбасадор Иван Дургутов ги повика младите да ги користат сите начини за заштита на животната средина – да користат јавен превоз, велосипед или да се движат пеш, а модераторот Јовановски повика да ја искористат секоја можност активно да се вклучат во решавање на овие прашања. Евроамбасадорот Гир рече дека ги забележал сите прашања и аспекти начнати на дебатата.
Еден од проблемите во оваа земја е чувството на безнадежност кај граѓаните. Општиот впечаток е дека ништо не чини и не функционира. Тоа треба да го смениме. Во делот на заштитата на биодиверзитетот има и позитивни примери на посветеност како во НП „Галичица“. Сè што дискутираме тука, не смее тука да заврши - поентира Гир.
Бускот е импресиониран од ентузијазмот на младите да дискутираат за проблемите и да се вклучат во нивното решавање. Тој и Гир неодамна се вратиле од Австралија, каде што биле очевидци на климатските промени и последиците врз биодиверзитетот, особено во океанот. Бускот ја потенцира својата загриженост за пчелите – наше национално богатство. Тој е одушевен од филмот „Медена земја“ каде што на прекрасен, инспиративен начин вниманието е свртено токму кон овие инсекти.
Потребни се поголеми напори за заштита на пчелите и биодиверзитетот. Тука ја гледам улогата на младите, тие се круна на сè, тие се надеж. Имаат кревки рамена, но тежината што ја носат на нив е голема. Ние, возрасните, мора да сториме сè за дел од таа тежина да понесеме и на нашите рамена - рече Бускот.
Според Гир, европскиот Зелен договор треба да одговори на троен предизвик: климатските промени, колапс на биодиверзитетот и деградација на животната средина.
Веќе подолго време отвораме дебати, организираме кампањи за овие прашања. Но, договорите на политичко ниво не се доволни. Во овие процеси неопходно е да се вклучат сите, особено младите. Ним сум им особено благодарен што се присутни - заврши Гир.

The post Во младите е надежта за заштита на пчелите и биодиверзитетот, рекоа на екодебатата во резиденцијата на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Климатските промени и Зелениот договор го засегаат целото општество, екодебата во резиденцијата на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/klimatskite-promeni-i-zeleniot-dogovor-go-zasegaat-celoto-opshtestvo-ekodebata-vo-rezidencijata-na-eu/ Mon, 04 Apr 2022 10:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=483026

„Европскиот зелен договор: повеќе од климатски промени“ беше тема на втората од дебатите инспирирани од тековната изложба „Розeви тигри и златни гуштери и што уште не“ што се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Климатските промени и што по нив - беше во фокусот на разговорите, овој пат инспирирани од делото „Beyond: Reptiles 2021“ на реномираниот уметник Велимир Жерновски, еден од шестемина автори вклучени во поставката што ќе биде отворена во резиденцијата до 20 мај. Изложбата ја организира Делегацијата на ЕУ во соработка со галеријата „Акантус“.

На дебатата, покрај уметникот Жерновски, учествуваа и кураторот Дијана Томиќ-Радевска, Теодора Грнчаровска, државен советник во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Чоловиќ-Лешоска од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје, Бојана Станојевска-Пецуровска од Центарот за климатски промени, Гент Салихи, млад европски амбасадор од иницијативата на ЕУ и повеќе студенти од државни и приватни факултети во земјава. Домаќини беа ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и Пол Бускот, а дебатата ја модерираше Мила Јовановска од организацијата „Биди зелен“.

Бускот ги воведе присутните во изложбата и поединечно ги претстави делата на Жерновски, Маја Кировска, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ (заеднички проект), Ненад Тонкин и Озбек Ајваз. Акцентот беше ставен на инсталацијата на Жерновски - 3Д-принт изработен од акрил и златни ливчиња. Инсталацијата има иконографски пристап и секвенционира надреалистични претстави на гуштери од видот леопард геко. Претставите на гуштерите се продукт на реупотреба на материјали од пластичен отпад и од пченкарни лисја. Аранжирани на црна заднина, кружно, ја претставуваат математичката бесконечност.

Изложбата е основа за дебатите за Зелениот договор и ќе отвораме прашања, што можеме да сториме во врска со тоа во нашето општество - објасни Бускот.

Евроамбасадорот Гир ги поздрави присутните и рече дека дневнополитичките настани во светот се важни, но не треба да нè дефокусираат од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото – климатските промени, деградацијата на животната средина и колапсот на биодиверзитетот.

Затоа, користејќи го медиумот на уметноста, да зборуваме за различните аспекти што се однесуваат на сиве овие предизвици - рече Гир.

Претставниците на институциите и на невладиниот сектор отворија конструктивна дебата за состојбите на локално и на централно ниво во земјава, што прават граѓанските организации, какви се обврските кон меѓународната заедница и конвенциите што нашата земја ги има ратификувано. Според Грнчаровска, секогаш е предизвик да се зборува за климатските промени, но и да се дејствува. Темата е комплексна и опфаќа многу ресори – економија, финансии, земјоделство, шумарство и водостопанство, транспорт и врски, локална самоуправа.

Климатските промени и Зелениот договор го засегаат целото општество, но за жал, проблемите секогаш се адресираат до Министерството за животна средина и просторно планирање. Малкумина прашуваат како ние се справуваме со проблемите во однос на капацитетот на кадар, креирање, предлагање и туркање политики. Неопходна ни е инфраструктура – административна поделеност, делегирана должност, ангажирање писмен кадар на национално и на локално ниво. И најважно од сè, државата да реши дека Зелената агенда ѝ е приоритет за да се креираат мудри политики базирани на наука. Да не си замислуваме желби што ќе ги ставаме само на хартија и таму ќе останат, туку реално да се оцени ситуацијата и да се креираат политики што ќе бидат одржливи. Свесни сме за слабостите – вели Грнчаровска.

Според Чоловиќ-Лешоска, 70 отсто од енергијата што ја користиме се добива од термоелектричните централи. Кога тие работат без филтри, се зголемува нивото на сулфур диоксид и јаглерод диоксид, аерозагадувањето е огромно, не може да се контролира и се  шири и во земјите од соседството. Решението е во трансформација на енергетскиот систем, наместо фосилни горива, да се користат обновливи извори на енергија.

Можеби е бавно, но има напредок во легислативата. Ако во 2012 година сме рекле дека стратегија ни е да продолжиме со користење фосилни горива, веќе во стратегијата во 2019 година сме се определиле за обновливи извори на енергија. Ние сме мала земја во развој, но не може да го жртвуваме плодното земјиште за енергетски развој. Оваа мала земја е многу богата со биодиверзитет и имаме обврска да го заштитиме и чуваме за идните генерации - рече Чоловиќ-Лешоска.

„Еко-свест“, Македонската академија на науките и уметностите и The Nature Conservancy веќе работат на изработка на ГИФ-карти што ќе ги покажуваат најпогодните места за поставување фотоволтаици и ветерници. Следниот чекор е изработка на ГИФ-карти за неплодни земјишта.

Според Грнчаровска, ова е одличен проект чии податоци ќе бидат добредојдени во изработката на новиот просторен план.

Станојевска-Пецуровска се осврна на поглавјето 27 и 10. потсектори што произлегуваат од него. Станува збор за огромна материја. Нашата земја прво треба да ги усогласи законите со европското законодавство и потоа сето тоа да го имплементираме. Според неа, имаме одлични закони за животната средина, но слабо стоиме со законодавството за климатски промени.

Студентите генерално посочија дека овие теми се малку или воопшто не се застапени во програмите што ги изучуваат, ниту на техничките ниту на правните факултети. А тоа што го учат е со застарена содржина. Анкица Соколиќ, студентка на 4. година на Машинскиот факултет во Скопје (насока енергетика и екологија), вели дека предметите не се ажурирани, а водата сè уште се води како обновлив извор на енергија. Вера Палевска, 4. година на Факултетот за електротехника и комуникациски технологии, посочи дека, за жал, сè повеќе студенти на ФЕИТ решаваат да студираат програмирање наместо енергетика. Азиз Сулејмани од Тетово, студент на Правниот факултет во Скопје, вели дека климатските промени како тема досега не биле застапени во образовниот систем и заклучи дека тапкањето в место за ова прашање е поради тоа што нема политичка волја. Гент Салихи, млад ЕУ-амбасадор, смета дека во стратешките документи се носат лоши политики кои одамна се напуштени во развиените земји. На тоа се надоврза Томиќ-Радевска, која запраша како општините субвенционираат електрични тротинети чии литиумски батерии нема начин да се рециклираат. Дополнително, таа појасни дека сите застапени уметници на изложбата подолго време во своето творештво третираат прашања поврзани со планетата, здравата животна средина, климатските промени. Актуелните дела се резултат на нивните претходни уметнички истражувања.

Гуштерите и нивната способност да се регенерираат се тајна која научниците допрва ќе ја откриваат. Изложбата е апел да се замислиме што сме направиле, кои сме ние, супериорниот вид на Земјата, и како ги заборавивме законите на природата? Ние ја гориме библиотеката на животот - рече Томиќ-Радевска.

Модераторката Јовановска заклучи дека можеби нештата кај нас се случуваат бавно, но свеста на јавноста е разбудена за климатските промени.

Ако пред 20 години било проблем да зборуваме за климатски промени, денес дебатираме на оваа тема. Мора да се надеваме дека свесноста ќе влијае да спречиме поголема еколошка деградација - заврши таа.

The post Климатските промени и Зелениот договор го засегаат целото општество, екодебата во резиденцијата на ЕУ appeared first on Република.

]]>

„Европскиот зелен договор: повеќе од климатски промени“ беше тема на втората од дебатите инспирирани од тековната изложба „Розeви тигри и златни гуштери и што уште не“ што се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Климатските промени и што по нив - беше во фокусот на разговорите, овој пат инспирирани од делото „Beyond: Reptiles 2021“ на реномираниот уметник Велимир Жерновски, еден од шестемина автори вклучени во поставката што ќе биде отворена во резиденцијата до 20 мај. Изложбата ја организира Делегацијата на ЕУ во соработка со галеријата „Акантус“. На дебатата, покрај уметникот Жерновски, учествуваа и кураторот Дијана Томиќ-Радевска, Теодора Грнчаровска, државен советник во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Чоловиќ-Лешоска од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје, Бојана Станојевска-Пецуровска од Центарот за климатски промени, Гент Салихи, млад европски амбасадор од иницијативата на ЕУ и повеќе студенти од државни и приватни факултети во земјава. Домаќини беа ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и Пол Бускот, а дебатата ја модерираше Мила Јовановска од организацијата „Биди зелен“. Бускот ги воведе присутните во изложбата и поединечно ги претстави делата на Жерновски, Маја Кировска, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ (заеднички проект), Ненад Тонкин и Озбек Ајваз. Акцентот беше ставен на инсталацијата на Жерновски - 3Д-принт изработен од акрил и златни ливчиња. Инсталацијата има иконографски пристап и секвенционира надреалистични претстави на гуштери од видот леопард геко. Претставите на гуштерите се продукт на реупотреба на материјали од пластичен отпад и од пченкарни лисја. Аранжирани на црна заднина, кружно, ја претставуваат математичката бесконечност.
Изложбата е основа за дебатите за Зелениот договор и ќе отвораме прашања, што можеме да сториме во врска со тоа во нашето општество - објасни Бускот.
Евроамбасадорот Гир ги поздрави присутните и рече дека дневнополитичките настани во светот се важни, но не треба да нè дефокусираат од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото – климатските промени, деградацијата на животната средина и колапсот на биодиверзитетот.
Затоа, користејќи го медиумот на уметноста, да зборуваме за различните аспекти што се однесуваат на сиве овие предизвици - рече Гир.
Претставниците на институциите и на невладиниот сектор отворија конструктивна дебата за состојбите на локално и на централно ниво во земјава, што прават граѓанските организации, какви се обврските кон меѓународната заедница и конвенциите што нашата земја ги има ратификувано. Според Грнчаровска, секогаш е предизвик да се зборува за климатските промени, но и да се дејствува. Темата е комплексна и опфаќа многу ресори – економија, финансии, земјоделство, шумарство и водостопанство, транспорт и врски, локална самоуправа.
Климатските промени и Зелениот договор го засегаат целото општество, но за жал, проблемите секогаш се адресираат до Министерството за животна средина и просторно планирање. Малкумина прашуваат како ние се справуваме со проблемите во однос на капацитетот на кадар, креирање, предлагање и туркање политики. Неопходна ни е инфраструктура – административна поделеност, делегирана должност, ангажирање писмен кадар на национално и на локално ниво. И најважно од сè, државата да реши дека Зелената агенда ѝ е приоритет за да се креираат мудри политики базирани на наука. Да не си замислуваме желби што ќе ги ставаме само на хартија и таму ќе останат, туку реално да се оцени ситуацијата и да се креираат политики што ќе бидат одржливи. Свесни сме за слабостите – вели Грнчаровска.
Според Чоловиќ-Лешоска, 70 отсто од енергијата што ја користиме се добива од термоелектричните централи. Кога тие работат без филтри, се зголемува нивото на сулфур диоксид и јаглерод диоксид, аерозагадувањето е огромно, не може да се контролира и се  шири и во земјите од соседството. Решението е во трансформација на енергетскиот систем, наместо фосилни горива, да се користат обновливи извори на енергија.
Можеби е бавно, но има напредок во легислативата. Ако во 2012 година сме рекле дека стратегија ни е да продолжиме со користење фосилни горива, веќе во стратегијата во 2019 година сме се определиле за обновливи извори на енергија. Ние сме мала земја во развој, но не може да го жртвуваме плодното земјиште за енергетски развој. Оваа мала земја е многу богата со биодиверзитет и имаме обврска да го заштитиме и чуваме за идните генерации - рече Чоловиќ-Лешоска.
„Еко-свест“, Македонската академија на науките и уметностите и The Nature Conservancy веќе работат на изработка на ГИФ-карти што ќе ги покажуваат најпогодните места за поставување фотоволтаици и ветерници. Следниот чекор е изработка на ГИФ-карти за неплодни земјишта. Според Грнчаровска, ова е одличен проект чии податоци ќе бидат добредојдени во изработката на новиот просторен план. Станојевска-Пецуровска се осврна на поглавјето 27 и 10. потсектори што произлегуваат од него. Станува збор за огромна материја. Нашата земја прво треба да ги усогласи законите со европското законодавство и потоа сето тоа да го имплементираме. Според неа, имаме одлични закони за животната средина, но слабо стоиме со законодавството за климатски промени. Студентите генерално посочија дека овие теми се малку или воопшто не се застапени во програмите што ги изучуваат, ниту на техничките ниту на правните факултети. А тоа што го учат е со застарена содржина. Анкица Соколиќ, студентка на 4. година на Машинскиот факултет во Скопје (насока енергетика и екологија), вели дека предметите не се ажурирани, а водата сè уште се води како обновлив извор на енергија. Вера Палевска, 4. година на Факултетот за електротехника и комуникациски технологии, посочи дека, за жал, сè повеќе студенти на ФЕИТ решаваат да студираат програмирање наместо енергетика. Азиз Сулејмани од Тетово, студент на Правниот факултет во Скопје, вели дека климатските промени како тема досега не биле застапени во образовниот систем и заклучи дека тапкањето в место за ова прашање е поради тоа што нема политичка волја. Гент Салихи, млад ЕУ-амбасадор, смета дека во стратешките документи се носат лоши политики кои одамна се напуштени во развиените земји. На тоа се надоврза Томиќ-Радевска, која запраша како општините субвенционираат електрични тротинети чии литиумски батерии нема начин да се рециклираат. Дополнително, таа појасни дека сите застапени уметници на изложбата подолго време во своето творештво третираат прашања поврзани со планетата, здравата животна средина, климатските промени. Актуелните дела се резултат на нивните претходни уметнички истражувања.