еко мода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eko-moda/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Aug 2022 08:38:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еко мода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eko-moda/ 32 32 Еко мода и реупотребата на облека – предавање, работилница и концерт во МКЦ за јубилејното издание на „Прво па женско 10“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/eko-moda-i-reupotrebata-na-obleka-predavanje-rabotilnica-i-koncert-vo-mkc-za-jubilejnoto-izdanie-na-prvo-pa-zensko-10/ Wed, 31 Aug 2022 08:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=545964

Денеска, на 31 август во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ) како дел од Зелената програма на јубилејното издание на фестивалот „Прво па женско 10' ќе се одржат предавање, работилница и активности кои ја промовираат одржливата, еко мода и реупотребата на облека.

Со почеток во 18ч ќе се одржи предавањето „Зошто е модата феминистичко прашање?“ на Александра Спасеска, потоа следува работилницата со Александа Спасеска и Борјан Исајловски на тема „Како да изградите одржлива капсулна гардероба?“. Во 21 часот ќе се одржи концерт на кантавторки, а ќе настапат: Јоана Ристеска, Марија Каева, Сара Ренар и Теа Шалдева/Galatheia.

Во последно време сè повеќе јавно се проблематизира модната хиперпродукција, неетичките услови за работа на текстилните работници и загадувачкиот ефект врз животната средина предизвикан од производството на текстил. Кој ја прави нашата облека, како и од што? – се прашањата чии одговори треба да предизвикаат бурна феминистичка модна револуција! Фестивалот во своето десетто издание реши да се придружи на оваа важна дебата и да создаде платформа за едукација, расправа и мотивација за изнаоѓање практични и одржливи решенија – велат организаторите.

На настанот ќе може да се разменува облека каде можат да се донесат постари парчиња облека или оние кои не се употребуваат и ќе можат да се заменат со други. Во склоп на овој дел од програмата на фестивалот, исто така се охрабрува публиката да донесе една памучна маица за Партизанска штампа да ги освежи со боите на ППЖ10, во склоп на Реупотреби со Партизанска штампа!

The post Еко мода и реупотребата на облека – предавање, работилница и концерт во МКЦ за јубилејното издание на „Прво па женско 10“ appeared first on Република.

]]>

Денеска, на 31 август во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ) како дел од Зелената програма на јубилејното издание на фестивалот „Прво па женско 10' ќе се одржат предавање, работилница и активности кои ја промовираат одржливата, еко мода и реупотребата на облека. Со почеток во 18ч ќе се одржи предавањето „Зошто е модата феминистичко прашање?“ на Александра Спасеска, потоа следува работилницата со Александа Спасеска и Борјан Исајловски на тема „Како да изградите одржлива капсулна гардероба?“. Во 21 часот ќе се одржи концерт на кантавторки, а ќе настапат: Јоана Ристеска, Марија Каева, Сара Ренар и Теа Шалдева/Galatheia.