еко емисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eko-emisija/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Jul 2022 10:58:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еко емисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eko-emisija/ 32 32 Почна снимањето на втората сезона на еколошката емисија „Агенда 21“ https://arhiva3.republika.mk/scena/pochna-snimanjeto-na-vtorata-sezona-na-ekoloshkata-emisija-agenda-21/ Wed, 27 Jul 2022 10:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=533778

Почна снимањето и подготовките на втората сезона на еколошката ТВ емисија Агенда 21. Актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов , пак ќе ја спасуваат природата. Во новата сезона покрај Весна и Игор, учествуват и младите, сега веќе поискусни од минатата сезона, Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова. Тука се и децата од актерската школа на Весна, кои се дел од снимањето на еколошката емисја за подигање на свеста за зачувување на природата.

Загадениот воздух и почва, дивите депонии и електронскиот отпад ќе бидат главна тема и оваа сезона. Мора сите повеќе да се грижиме за животната средина, да ја негуваме и цениме оти таа е нашето живеење, нашето постоење, рече Весна Петрушевска.

Еколошката ТВ емисија Агенда 21 е во продукција на КМК, од каде велат дека се свесни за големата тежина на темите кои ги обработуваат и дека само со едукација и јавна дебата може да се дојде до посакуваната цел, а тоа е зачувување на природата и чист воздух.

Во ова непредвидливо време во кое живееме тешко е да се зборува на вакви теми. Токму затоа сме многу среќни што компаниите Нула отпад и Пакомак ја препознаа нашата мисија. Се надевам дека емисијата има влијание кај гледачите, а особено кај младите преку најмладите глумци од актерската школа на Весна Петрушевска бидејќи, ефектите од глобалното затоплување ги чувствуваме секојдневно. - потенцира Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

The post Почна снимањето на втората сезона на еколошката емисија „Агенда 21“ appeared first on Република.

]]>