еко автобуси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eko-avtobusi/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Mar 2023 10:57:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еко автобуси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eko-avtobusi/ 32 32 Арсовска бара поддршка од советниците за еко-автобусите и за субвенции за електрични и хибридни возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-bara-poddrshka-od-sovetnitsite-za-eko-avtobusite-i-za-subventsii-za-elektrichni-i-hibridni-vozila/ Thu, 30 Mar 2023 10:57:27 +0000 https://republika.mk/?p=625427

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес-конференција пред почетокот на 27. седница на градскиот Совет побара поддршка од советниците за набавката на новите еко автобуси.

На оваа седница од советниците на градскиот Совет бараме поддршка за набавка на новите еко автобуси кои ќе немаат емисии на загадување во воздухот и кои ќе го заменат старите дотраени автобуси кои не нудат задоволително ниво за услуга на граѓаните, истакна Арсовска.

Таа посочи дека со набавката на овие автобуси ќе има дополнително подобрување во јавниот превоз преку намалување на трошоците и на негативниот ефект врз животната средина.

Најави дека денеска пред советниците ќе се најде и одлука за субвенционирање на граѓани и на такси превозници за набавка на нови еко возила на хибриден или електричен погон.

Овој пилот проект кој за прв пат се имплементира во Македонија и со која Градот Скопје ќе субвенционира 200 илјади денари по возило. Овој проект на Градот Скопје е дел од ветувањата на програмата за Модерно Скопје, а во оваа фаза го лансираме како пилот проект со кој се детектираат потребите и интересот на граѓаните за истиот, рече Арсовска.

The post Арсовска бара поддршка од советниците за еко-автобусите и за субвенции за електрични и хибридни возила appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес-конференција пред почетокот на 27. седница на градскиот Совет побара поддршка од советниците за набавката на новите еко автобуси.
На оваа седница од советниците на градскиот Совет бараме поддршка за набавка на новите еко автобуси кои ќе немаат емисии на загадување во воздухот и кои ќе го заменат старите дотраени автобуси кои не нудат задоволително ниво за услуга на граѓаните, истакна Арсовска.
Таа посочи дека со набавката на овие автобуси ќе има дополнително подобрување во јавниот превоз преку намалување на трошоците и на негативниот ефект врз животната средина. Најави дека денеска пред советниците ќе се најде и одлука за субвенционирање на граѓани и на такси превозници за набавка на нови еко возила на хибриден или електричен погон.
Овој пилот проект кој за прв пат се имплементира во Македонија и со која Градот Скопје ќе субвенционира 200 илјади денари по возило. Овој проект на Градот Скопје е дел од ветувањата на програмата за Модерно Скопје, а во оваа фаза го лансираме како пилот проект со кој се детектираат потребите и интересот на граѓаните за истиот, рече Арсовска.
 
The post Арсовска бара поддршка од советниците за еко-автобусите и за субвенции за електрични и хибридни возила appeared first on Република.

]]>
Денеска не се гласаше за нови 250 еко автобуси, туку за ново задолжување од 10 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-ne-se-glasashe-za-novi-250-eko-avtobusi-tuku-za-novo-zadolzhuvane-od-10-milioni-evra/ Thu, 26 Jan 2023 13:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=601305

Денеска не се гласаше и расправаше за Проект за нови 250 еко автобуси какви вети Арсовска за „Модерно Скопје“, туку за ново задолжување од 10 милиони евра кое е без објаснување за условите, слепо, без дебата и без план, велат од советничка група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.

Скопје има потреба од нови автобуси, но не и од задолжување без образложение за нов криминал и задоволување на приватни интереси.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и Коалицијата за Обнова на Македонија нема да поддржи задолжување без објаснување. Нема информации на колку години е тоа задолжување, дали има градот и ЈСП финансиска моќ, од каде ќе е задолжувањето, дали однапред е тоа договорено?

Нема да поддржиме задолжување без да се каже колкава е каматната стапка, каков е грејс периодот и условите за тоа. Арсовска нема информации какви автобуси ќе набавува, на каков погон.

Арсовска беше должна да објасни зошто нема јавна расправа и анкета за новото задолжување што е обврска согласно закон.

Дали Арсовска е сигурна дека со 10 милиони евра може да се купат 50 еко автобуси? Пред истиов совет веќе ЈСП во инвестициската програма предвиди 4 милијарди денари за набавка на хибрид автобуси, какви се тие автобуси, и дали тие автобуси се истите за кои ќе се задолжува сега Арсовска?

Слепа поддршка за ново задолжување дадоа фолирантите од Левица, криминогената ДУИ, и уценетата ГРОМ, а причините зошто се дава слепа поддршка е затоа што се работи за богато корумпирана структура која крева раце за се што е потребно.

Од друга страна СДС прави политика бидејќи го штити своето неработење и хаосот кое само Арсовска го продолжи, велат од советничката група.

The post Денеска не се гласаше за нови 250 еко автобуси, туку за ново задолжување од 10 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Денеска не се гласаше и расправаше за Проект за нови 250 еко автобуси какви вети Арсовска за „Модерно Скопје“, туку за ново задолжување од 10 милиони евра кое е без објаснување за условите, слепо, без дебата и без план, велат од советничка група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.
Скопје има потреба од нови автобуси, но не и од задолжување без образложение за нов криминал и задоволување на приватни интереси. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и Коалицијата за Обнова на Македонија нема да поддржи задолжување без објаснување. Нема информации на колку години е тоа задолжување, дали има градот и ЈСП финансиска моќ, од каде ќе е задолжувањето, дали однапред е тоа договорено? Нема да поддржиме задолжување без да се каже колкава е каматната стапка, каков е грејс периодот и условите за тоа. Арсовска нема информации какви автобуси ќе набавува, на каков погон. Арсовска беше должна да објасни зошто нема јавна расправа и анкета за новото задолжување што е обврска согласно закон. Дали Арсовска е сигурна дека со 10 милиони евра може да се купат 50 еко автобуси? Пред истиов совет веќе ЈСП во инвестициската програма предвиди 4 милијарди денари за набавка на хибрид автобуси, какви се тие автобуси, и дали тие автобуси се истите за кои ќе се задолжува сега Арсовска? Слепа поддршка за ново задолжување дадоа фолирантите од Левица, криминогената ДУИ, и уценетата ГРОМ, а причините зошто се дава слепа поддршка е затоа што се работи за богато корумпирана структура која крева раце за се што е потребно. Од друга страна СДС прави политика бидејќи го штити своето неработење и хаосот кое само Арсовска го продолжи, велат од советничката група.

The post Денеска не се гласаше за нови 250 еко автобуси, туку за ново задолжување од 10 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе се борам до крај да донесеме 150 електрични автобуси, со услов да отворат фабрика со над 500 вработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mickoski-kje-se-boram-do-kraj-da-doneseme-150-elektrichni-avtobusi-so-uslov-da-otvorat-fabrika-so-nad-500-vraboteni/ Fri, 11 Mar 2022 07:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=471023

Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска во својата програма имаат план да се обезбедат 250 еко автобуси. 100 до 150 електрични, стотина на природен компримиран гас, итн. Што е тука лошо ако ние обезбедиме преку транспарентна јавна постапка, 150 електрични автобуси и ако секој од нив заштедува 80 000 тони CO2 и притоа има услов да се отвори фабрика во Македонија со 500 вработени, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија.

Мицкоски истакна дека тука нема ништо лошо бидејќи и државата и граѓаните од ова ќе имаат корист, но власта наместо да го поддржи ова, тие се фрлија со напади.

-Во вакви моменти ако некој навистина сака да помогне, навистина тоа би било добро и за државата, навистина треба да седнеме заеднички и да поразговараме и да видиме како може да си помогнеме, затоа што сепак една таква фабрика за производство на електрични автобуси, Македонија е на мапата на производители на такви хајтек-компоненти, би значело стратешки многу за државата и за граѓаните. Наместо да подадат рака и да помогнат, тие излегоа почнаа да ме напаѓаат, потенцира Мицкоски.

Тој повикува да се седне и да се сработи ова наместо да се напаѓа.

-Јас сум навикнат на тој фолклор, но дајте да седнеме и да сработиме, да ги донесеме луѓето тука да отворат фабрика и од таа фабрика после тоа да може да извезуваме надвор од Македонија. Тие тоа не го направија туку ме нападнаа, истакна Мицкоски

The post Мицкоски: Ќе се борам до крај да донесеме 150 електрични автобуси, со услов да отворат фабрика со над 500 вработени appeared first on Република.

]]>

Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска во својата програма имаат план да се обезбедат 250 еко автобуси. 100 до 150 електрични, стотина на природен компримиран гас, итн. Што е тука лошо ако ние обезбедиме преку транспарентна јавна постапка, 150 електрични автобуси и ако секој од нив заштедува 80 000 тони CO2 и притоа има услов да се отвори фабрика во Македонија со 500 вработени, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија. Мицкоски истакна дека тука нема ништо лошо бидејќи и државата и граѓаните од ова ќе имаат корист, но власта наместо да го поддржи ова, тие се фрлија со напади.