Екатерина Захарива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekaterina-zahariva/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Sep 2022 09:08:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Екатерина Захарива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekaterina-zahariva/ 32 32 Захариева: Политичарите во Македонија се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zaharieva-politicharite-vo-makedonija-se-ushte-se-zrtvi-na-komunistichkata-jugoslovenska-propaganda/ Fri, 30 Sep 2022 09:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=555879

Едно мора да им биде јасно на политичарите во Скопје, Европската унија гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа, но наместо да одат по патот на добрососедството, тие се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија, вели поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за БГНЕС, а во пресрет на парламентарните избори во земјата каде таа е еден од носителите на листа на ГЕРБ.

На прашањето дали во Брисел разбираат дека македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е место во ЕУ таа потенцира дека јасно е кој има интерес а кој не сака Македонија да влезе во ЕУ и кој сака Балканот да остане нестабилен.

„Урсула фон дер Лајен тешко дека ќе заборави како ја пречекаа во парламентот на Македонија – со плакати „Предавници на народот“, „Народот рече НЕ, сфатете“, „Јазикот е идентитет“, „Деца на Заевизмот, го враќате фашизмот“. Што е со францускиот претседател, што со комесарот за проширување? Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски. Сите знаеме кој има интерес од ова, кој не сака Македонија да влезе во Европската Унија и кој сака Балканот да остане нестабилен. Зарем не мислите дека европските амбасадори во Скопје пред неколку дена не видоа како на трибините на нивниот стадион публиката ја исвиркува нашата химна и ги навредува нашите фудбалери. Видовте ли таков став во Разград кога бевме домаќини на нивната фудбалска репрезентација?“,вели Захариева.

 

The post Захариева: Политичарите во Македонија се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда appeared first on Република.

]]>

Едно мора да им биде јасно на политичарите во Скопје, Европската унија гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа, но наместо да одат по патот на добрососедството, тие се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија, вели поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за БГНЕС, а во пресрет на парламентарните избори во земјата каде таа е еден од носителите на листа на ГЕРБ. На прашањето дали во Брисел разбираат дека македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е место во ЕУ таа потенцира дека јасно е кој има интерес а кој не сака Македонија да влезе во ЕУ и кој сака Балканот да остане нестабилен. „Урсула фон дер Лајен тешко дека ќе заборави како ја пречекаа во парламентот на Македонија – со плакати „Предавници на народот“, „Народот рече НЕ, сфатете“, „Јазикот е идентитет“, „Деца на Заевизмот, го враќате фашизмот“. Што е со францускиот претседател, што со комесарот за проширување? Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски. Сите знаеме кој има интерес од ова, кој не сака Македонија да влезе во Европската Унија и кој сака Балканот да остане нестабилен. Зарем не мислите дека европските амбасадори во Скопје пред неколку дена не видоа како на трибините на нивниот стадион публиката ја исвиркува нашата химна и ги навредува нашите фудбалери. Видовте ли таков став во Разград кога бевме домаќини на нивната фудбалска репрезентација?“,вели Захариева.  

The post Захариева: Политичарите во Македонија се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда appeared first on Република.

]]>