Екатерина Петрова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekaterina-petrova/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Jun 2022 07:38:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Екатерина Петрова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekaterina-petrova/ 32 32 Екатерина Петрова од Бугарија на преведувачка резиденција во Скопје ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ekaterina-petrova-od-bugarija-na-preveduvachka-rezidencija-vo-skopje-kje-gi-preveduva-raskazite-na-rumena-buzarovska/ Thu, 09 Jun 2022 07:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=512927

Во јуни, во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на преведувачка резиденција во Скопје престојува преведувачката од Бугарија, Екатерина Петрова. За време на својот престој, Екатерина Петрова ќе работи на преводот на бугарски јазик на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска.

Екатерина Петрова е книжевна преведувачка и авторка на есеистички книги. Има завршено постдипломски студии за книжевен превод на Универзитетот во Ајова, САД. Активно се занимава со превод на дела од бугарски автори на англиски јазик и обратно, а предава превод и на Универзитетот во Софија. Во 2021 година ја објавува збирката есеи/патописи „Трагач по нешта: 44 (не)обични предмети од блиску и од далеку“.

„Превод во движење“ е меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји.

Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post Екатерина Петрова од Бугарија на преведувачка резиденција во Скопје ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска appeared first on Република.

]]>

Во јуни, во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на преведувачка резиденција во Скопје престојува преведувачката од Бугарија, Екатерина Петрова. За време на својот престој, Екатерина Петрова ќе работи на преводот на бугарски јазик на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Екатерина Петрова е книжевна преведувачка и авторка на есеистички книги. Има завршено постдипломски студии за книжевен превод на Универзитетот во Ајова, САД. Активно се занимава со превод на дела од бугарски автори на англиски јазик и обратно, а предава превод и на Универзитетот во Софија. Во 2021 година ја објавува збирката есеи/патописи „Трагач по нешта: 44 (не)обични предмети од блиску и од далеку“. „Превод во движење“ е меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји. Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post Екатерина Петрова од Бугарија на преведувачка резиденција во Скопје ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска appeared first on Република.

]]>