EK Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ek/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 12:44:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png EK Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ek/ 32 32 ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-utre-ke-go-usvoi-paketot-izveshtai-za-napredokot-vo-protsesot-na-proshiruvane/ Tue, 29 Oct 2024 12:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=832071

Европската комисија на утрешното заседание на Колеџот на комесари треба да го усвои Пакетот на извештаи за 2024 година за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Како што информира денеска портпаролот на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер, Пакетот ќе вклучува извештаи за напредокот на 10-те земји опфатени со процесот на проширување, вклучително и Македонија.

По усвојувањето на пакетот, тој ќе биде официјално презентиран од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Еврокомисијата секоја година усвојува и презентира Пакет за проширување, кој опфаќа збир на документи што ја објаснуваат политика за проширувањето на ЕУ и прави преглед на случувањата во текот на изминатата година.

Во Извештајот се анализира на напредокот постигнат од страна на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, предизвиците со кои тие се соочуваат и реформите што треба да ги спроведат.

Во прилог на главниот документ, пакетот содржи и детални одвоени извештаи за напредокот во реформите во секоја земја кандидат и потенцијален кандидат, како и препораки и насоки за реформските приоритети.

The post ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување appeared first on Република.

]]>

Европската комисија на утрешното заседание на Колеџот на комесари треба да го усвои Пакетот на извештаи за 2024 година за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ. Како што информира денеска портпаролот на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер, Пакетот ќе вклучува извештаи за напредокот на 10-те земји опфатени со процесот на проширување, вклучително и Македонија. По усвојувањето на пакетот, тој ќе биде официјално презентиран од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. Еврокомисијата секоја година усвојува и презентира Пакет за проширување, кој опфаќа збир на документи што ја објаснуваат политика за проширувањето на ЕУ и прави преглед на случувањата во текот на изминатата година. Во Извештајот се анализира на напредокот постигнат од страна на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, предизвиците со кои тие се соочуваат и реформите што треба да ги спроведат. Во прилог на главниот документ, пакетот содржи и детални одвоени извештаи за напредокот во реформите во секоја земја кандидат и потенцијален кандидат, како и препораки и насоки за реформските приоритети.

The post ЕК утре ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување appeared first on Република.

]]>
Европската комисија официјално ја одобри Реформската агенда на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evropskata-komisija-ofitsijalno-ja-odobri-reformskata-agenda-na-makedonija/ Wed, 23 Oct 2024 13:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=830210

Министерството за европски прашања ја информира јавноста дека Европската комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија, што претставува значаен исчекор во процесот на интеграција на земјата и регионот во Европската Унија. Оваа одлука следува по деталната анализа од страна на Европската комисија, која ја препозна релевантноста и сеопфатноста на реформските планови, особено во забрзувањето на усогласувањето на земјата со законите, вредностите и стандардите на ЕУ, информираат од надлежното министерство.

Одобрувањето на оваа агенда овозможува пристап до финансиски средства во рамките на Фондот за реформи и раст на ЕУ, во износ од 6 милијарди евра. Фондот е дизајниран да го поддржи трансформативниот процес на Македонија, осигурувајќи дека реформите не само што ќе ги зајакнат демократските институции и човековите права, туку и ќе ја подобрат економската интеграција на земјата со ЕУ.

Реформската Агенда, која е дел од поширокиот План за раст на ЕУ за Западен Балкан за периодот 2024-2027, е фокусирана на клучни социо-економски реформи и фундаментални области како што се владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Комисијата ги поздрави овие напори, истакнувајќи дека реформите значително ќе придонесат за социо-економска конвергенција со ЕУ и ќе ѝ помогнат на Македонија во исполнувањето на клучните критериуми за пристапување.

Овoј важен чекор значително ја поткрепува стратешката определба на земјата за европска интеграција, истовремено интензивирајќи ја интеринституционалната соработка меѓу Македонија и Европската комисија, со цел реализација на заедничките стратешки приоритети и долгорочни цели за целосно интегрирање во европските структури. Министерството за европски прашања ја реафирмира својата и посветеноста на Владата за ефективна и навремена имплементација на овие реформи, кои ќе обезбедат просперитетна иднина за сите граѓани, стои во соопштението на министерството.

The post Европската комисија официјално ја одобри Реформската агенда на Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерството за европски прашања ја информира јавноста дека Европската комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија, што претставува значаен исчекор во процесот на интеграција на земјата и регионот во Европската Унија. Оваа одлука следува по деталната анализа од страна на Европската комисија, која ја препозна релевантноста и сеопфатноста на реформските планови, особено во забрзувањето на усогласувањето на земјата со законите, вредностите и стандардите на ЕУ, информираат од надлежното министерство. Одобрувањето на оваа агенда овозможува пристап до финансиски средства во рамките на Фондот за реформи и раст на ЕУ, во износ од 6 милијарди евра. Фондот е дизајниран да го поддржи трансформативниот процес на Македонија, осигурувајќи дека реформите не само што ќе ги зајакнат демократските институции и човековите права, туку и ќе ја подобрат економската интеграција на земјата со ЕУ. Реформската Агенда, која е дел од поширокиот План за раст на ЕУ за Западен Балкан за периодот 2024-2027, е фокусирана на клучни социо-економски реформи и фундаментални области како што се владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Комисијата ги поздрави овие напори, истакнувајќи дека реформите значително ќе придонесат за социо-економска конвергенција со ЕУ и ќе ѝ помогнат на Македонија во исполнувањето на клучните критериуми за пристапување. Овoј важен чекор значително ја поткрепува стратешката определба на земјата за европска интеграција, истовремено интензивирајќи ја интеринституционалната соработка меѓу Македонија и Европската комисија, со цел реализација на заедничките стратешки приоритети и долгорочни цели за целосно интегрирање во европските структури. Министерството за европски прашања ја реафирмира својата и посветеноста на Владата за ефективна и навремена имплементација на овие реформи, кои ќе обезбедат просперитетна иднина за сите граѓани, стои во соопштението на министерството.

The post Европската комисија официјално ја одобри Реформската агенда на Македонија appeared first on Република.

]]>
ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-dodeli-nad-380-milioni-evra-za-133-ekoloshki-proekti-vo-evropa-megu-koi-i-1-2-milioni-za-energetska-efikasnost-na-objekti-vo-zemjava/ Mon, 21 Oct 2024 14:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=829511

Европската комисијата денеска донесе одлука да додели повеќе од 380 милиони евра за реализација на 133 нови проекти ширум Европа во рамките на Програмата за активности поврзани со животната средина и климата „Лајф“, меѓу кои и за обезбедување на енергетска ефикасност на постојните станбени објекти во земјава.

Инаку, овие 380 милиони евра претставуваат над половина од вкупните инвестициски потреби за реализација на проектите, кои изнесуваат 574 милиони евра. Преостанатите средства ќе бидат обезбедени од националните, регионалните или локалните власти, преку јавно-приватни партнерства, како и од бизнисите и граѓанските организации.

Проектот во земјава е дел од напорите за усогласување на сопствените со климатските и енергетските цели на ЕУ до 2030 година и има за цел да обезбеди систем на услуги за реновирање на станбени објекти со цел обезбедување на нивна енергетска ефикасност.

За време на пилот фазата ќе биде субвенционирано реновирањето на 200 куќи и станови во Скопје, Куманово и Кочани со цел да се обезбеди заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови.

За проектот од ЕУ се предвидени речиси 1,20 од вкупно потребните над 1,26 милиони евра за негова реализација, за што крајниот рок е 30 септември 2027 година. Координатор на проектот е Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ од Скопје.

Проектот се базира врз основа на усогласувањето на македонското законодавство за енергетска ефикасност на зградите со она на ЕУ, што се очекува значително да влијание врз изградбата на енергетски поефикасни нови згради.

Но, од друга страна кога станува збор за реновирање на постојните станбени објекти, тоа се изведува со темпо од околу еден отсто од нивниот вкупен број, што е далеку под препорачаната стапка за реновирање на ЕУ од пет проценти.

Овој проект има за цел да поттикне дополнителни напори за „бранот на реновирања“ на зградите за да се постигне целосно спроведување на директивите на ЕУ, па со него се предвидува развој и имплементирање на интегрирани услуги за енергетско ефикасно реновирање на станбени згради и куќи.

Се очекува со проектот да се надминат предизвиците поврзани со недостигот на вештини, капацитети и финансии за имплементирање на комплексниот и амбициозен план за транзиција кон чиста енергија.

Се предвидува со проектот да се поттикнат инвестиции од околу три милиони евра, заштеда на примарна енергија од 3,75 гигават часови годишно, генерирање на обновлива енергија од 2.976 гигават часови годишно и намалување на емисиите на стакленички гасови за 3584,75 тони еквивалент на јаглерод диоксид годишно.

Преку програмата „Лајф“ треба да остварат голем број на цели од Европскиот зелен договор поврзани со климата, енергијата и животната средина, вклучително и целта на ЕУ да стане климатски неутрална до 2050 година и да ја запре загубата на биолошкиот диверзитет до 2030 година.

Според ЕК, покрај обезбедувањето на долгорочен просперитет за Европа, овие средстава ќе се искористат за обезбедување трајно влијание врз животна средина, економијата и благосостојбата на сите Европејци.

Со денешната одлука ЕУ ќе обезбеди 74 милиони евра од вкупно потребните 143 милиони евра, за проекти за поттик на циркуларната економија и подобрување на квалитетот на животот, преку намалување на употребата на вода, на отпадот од индустријата и домаќинствата, на загадувањето на воздухот и на бучавата, како и за поттикнување на рециклирањето.

Вкупно 144,5 милиони евра од ЕУ ќе бидат наменети за проекти за заштита на природата и биолошкиот диверзитет, за обнова на слатководните, морските и крајбрежните екосистеми и живеалиштата, како и за подобрено зачувување на птиците, инсектите, рептилите, водоземците и цицачите. Вкупната потребна сума за овие проекти е 216 милиони евра.

Од вкупно неопходните 110 милиони евра, ЕУ ќе обезбеди речиси 62 милиони евра за проекти за климатската отпорност и ублажување на последиците од климатските промени.

Дополнително, уште 99 милиони од потребните 105 милиони евра, ЕУ ќе намени за проекти за забрзување на транзицијата кон чиста енергија.

Меѓу проектите за кои се обезбедени средства се и оние за рециклирање на графитниот отпад од батериите во Италија, за намалување на последиците од отпадот од текстилната индустрија во Шпанија, за производство на свежа вода на шпанските Канарски Острови, за спас на ретката птица воден трскар (Acrocephalus paludicola) во Белгија, Германија, Литванија, Полска, Португалија, Украина, Унгарија, Франција, Холандија и Шпанија, како и за промоција на „мирниот соживот на природата и урбаниот начин на живот“ во Будимпешта.

Дополнително преведени се и средства за зголемување на отпорноста на влијанието на екстремни временски настани на лозовите насади во Шпанија, Франција и Италија и на производството на познатите сирења Пармиџано реџано, Нормандиски камембер и Рокефор, за прилагодување на земјоделството на климатските промени и недостигот на вода во повеќе земји, како и за намалување на емисиите на стакленички гасови од електричните прекинувачи во Белгија.

Меѓу проектите кои ќе се реализираат ширум Европа се и оние за дигитална обука за изградба на поефикасен и иновативен градежен сектор, за поттик на инвестиции во одржлива енергија и за поддршка на енергетските заедници за развој на бизнис модели со долгорочна одржливост.

Средства се обезбедени и за проектот за користење на виртуелната реалност за изградба и реновирање на објекти со цел да се обезбеди нулта емисија на штетни гасови во Бугарија, Грција, Романија, Хрватска и Чешка.

Овие 133 проекти што ќе добијат финансиска помош од ЕУ беа избрани од вкупно 653 апликации за проектна поддршка доставени на конкурсот за Програмата „Лајф“ во 2023 година.

Во рамки на Програмата „Лајф“, лансирана во 1992 година, досега се поддржани над 6.000 еколошки и климатски проекти во ЕУ и партнерските земји. За буџетскиот период 2021 - 2027 година за оваа програма се наменети 5,43 милијарди евра, што претставува зголемување за 60 отсто во споредба со средствата одвоени во претходните седум години.

The post ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава appeared first on Република.

]]>

Европската комисијата денеска донесе одлука да додели повеќе од 380 милиони евра за реализација на 133 нови проекти ширум Европа во рамките на Програмата за активности поврзани со животната средина и климата „Лајф“, меѓу кои и за обезбедување на енергетска ефикасност на постојните станбени објекти во земјава. Инаку, овие 380 милиони евра претставуваат над половина од вкупните инвестициски потреби за реализација на проектите, кои изнесуваат 574 милиони евра. Преостанатите средства ќе бидат обезбедени од националните, регионалните или локалните власти, преку јавно-приватни партнерства, како и од бизнисите и граѓанските организации. Проектот во земјава е дел од напорите за усогласување на сопствените со климатските и енергетските цели на ЕУ до 2030 година и има за цел да обезбеди систем на услуги за реновирање на станбени објекти со цел обезбедување на нивна енергетска ефикасност. За време на пилот фазата ќе биде субвенционирано реновирањето на 200 куќи и станови во Скопје, Куманово и Кочани со цел да се обезбеди заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови. За проектот од ЕУ се предвидени речиси 1,20 од вкупно потребните над 1,26 милиони евра за негова реализација, за што крајниот рок е 30 септември 2027 година. Координатор на проектот е Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ од Скопје. Проектот се базира врз основа на усогласувањето на македонското законодавство за енергетска ефикасност на зградите со она на ЕУ, што се очекува значително да влијание врз изградбата на енергетски поефикасни нови згради. Но, од друга страна кога станува збор за реновирање на постојните станбени објекти, тоа се изведува со темпо од околу еден отсто од нивниот вкупен број, што е далеку под препорачаната стапка за реновирање на ЕУ од пет проценти. Овој проект има за цел да поттикне дополнителни напори за „бранот на реновирања“ на зградите за да се постигне целосно спроведување на директивите на ЕУ, па со него се предвидува развој и имплементирање на интегрирани услуги за енергетско ефикасно реновирање на станбени згради и куќи. Се очекува со проектот да се надминат предизвиците поврзани со недостигот на вештини, капацитети и финансии за имплементирање на комплексниот и амбициозен план за транзиција кон чиста енергија. Се предвидува со проектот да се поттикнат инвестиции од околу три милиони евра, заштеда на примарна енергија од 3,75 гигават часови годишно, генерирање на обновлива енергија од 2.976 гигават часови годишно и намалување на емисиите на стакленички гасови за 3584,75 тони еквивалент на јаглерод диоксид годишно. Преку програмата „Лајф“ треба да остварат голем број на цели од Европскиот зелен договор поврзани со климата, енергијата и животната средина, вклучително и целта на ЕУ да стане климатски неутрална до 2050 година и да ја запре загубата на биолошкиот диверзитет до 2030 година. Според ЕК, покрај обезбедувањето на долгорочен просперитет за Европа, овие средстава ќе се искористат за обезбедување трајно влијание врз животна средина, економијата и благосостојбата на сите Европејци. Со денешната одлука ЕУ ќе обезбеди 74 милиони евра од вкупно потребните 143 милиони евра, за проекти за поттик на циркуларната економија и подобрување на квалитетот на животот, преку намалување на употребата на вода, на отпадот од индустријата и домаќинствата, на загадувањето на воздухот и на бучавата, како и за поттикнување на рециклирањето. Вкупно 144,5 милиони евра од ЕУ ќе бидат наменети за проекти за заштита на природата и биолошкиот диверзитет, за обнова на слатководните, морските и крајбрежните екосистеми и живеалиштата, како и за подобрено зачувување на птиците, инсектите, рептилите, водоземците и цицачите. Вкупната потребна сума за овие проекти е 216 милиони евра. Од вкупно неопходните 110 милиони евра, ЕУ ќе обезбеди речиси 62 милиони евра за проекти за климатската отпорност и ублажување на последиците од климатските промени. Дополнително, уште 99 милиони од потребните 105 милиони евра, ЕУ ќе намени за проекти за забрзување на транзицијата кон чиста енергија. Меѓу проектите за кои се обезбедени средства се и оние за рециклирање на графитниот отпад од батериите во Италија, за намалување на последиците од отпадот од текстилната индустрија во Шпанија, за производство на свежа вода на шпанските Канарски Острови, за спас на ретката птица воден трскар (Acrocephalus paludicola) во Белгија, Германија, Литванија, Полска, Португалија, Украина, Унгарија, Франција, Холандија и Шпанија, како и за промоција на „мирниот соживот на природата и урбаниот начин на живот“ во Будимпешта. Дополнително преведени се и средства за зголемување на отпорноста на влијанието на екстремни временски настани на лозовите насади во Шпанија, Франција и Италија и на производството на познатите сирења Пармиџано реџано, Нормандиски камембер и Рокефор, за прилагодување на земјоделството на климатските промени и недостигот на вода во повеќе земји, како и за намалување на емисиите на стакленички гасови од електричните прекинувачи во Белгија. Меѓу проектите кои ќе се реализираат ширум Европа се и оние за дигитална обука за изградба на поефикасен и иновативен градежен сектор, за поттик на инвестиции во одржлива енергија и за поддршка на енергетските заедници за развој на бизнис модели со долгорочна одржливост. Средства се обезбедени и за проектот за користење на виртуелната реалност за изградба и реновирање на објекти со цел да се обезбеди нулта емисија на штетни гасови во Бугарија, Грција, Романија, Хрватска и Чешка. Овие 133 проекти што ќе добијат финансиска помош од ЕУ беа избрани од вкупно 653 апликации за проектна поддршка доставени на конкурсот за Програмата „Лајф“ во 2023 година. Во рамки на Програмата „Лајф“, лансирана во 1992 година, досега се поддржани над 6.000 еколошки и климатски проекти во ЕУ и партнерските земји. За буџетскиот период 2021 - 2027 година за оваа програма се наменети 5,43 милијарди евра, што претставува зголемување за 60 отсто во споредба со средствата одвоени во претходните седум години.

The post ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава appeared first on Република.

]]>
ЕК ќе разгледува зошто Бугарија, Романија и Грција плаќале поскапа струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-ke-razgleduva-zoshto-bugarija-romanija-i-grtsija-plakale-poskapa-struja/ Thu, 03 Oct 2024 09:05:01 +0000 https://republika.mk/?p=822117

Романија, Бугарија и Грција поднесоа заедничко барање до Европската комисија за решавање на проблемите во енергетскиот пазар, што ќе се разгледа на состанокот на Советот на министри на 15 октомври. Ова го потврди романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуја на прес-конференција по владината седница, пренесоа медиумите Агерпрес и БТА.

Според Бурдуја, прашањето за функционалниот енергетски пазар ќе биде дел од дискусиите во Луксембург, како резултат на иницијативата на трите земји. Притоа, тој презентираше споредбени податоци за цените на електричната енергија, според кои на 11 јули, Романија плаќала 190 евра за мегават час, додека земји како Франција и Австрија имале значително пониски трошоци – 78 и 75 евра соодветно. Од друга страна, Унгарија плаќала дури 264 евра. До 2 септември, цените во регионот достигнале врв, со 234 евра за мегават час во Романија, со слични цени во Бугарија, Грција и Унгарија.

Министерот истакна дека високите цени се должат на недостатокот на реализирани интерконекции меѓу земјите од Источна и Западна Европа, особено од страна на Австрија и Словачка. Тоа ја спречува евтината енергија произведена на Запад да стигне до земјите на Истокот. Тој најави дека врз основа на студиите изработени од операторите на електропреносните системи во Романија, Бугарија и Грција, ќе побараат конкретни мерки за надминување на овие предизвици.

The post ЕК ќе разгледува зошто Бугарија, Романија и Грција плаќале поскапа струја appeared first on Република.

]]>

Романија, Бугарија и Грција поднесоа заедничко барање до Европската комисија за решавање на проблемите во енергетскиот пазар, што ќе се разгледа на состанокот на Советот на министри на 15 октомври. Ова го потврди романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуја на прес-конференција по владината седница, пренесоа медиумите Агерпрес и БТА. Според Бурдуја, прашањето за функционалниот енергетски пазар ќе биде дел од дискусиите во Луксембург, како резултат на иницијативата на трите земји. Притоа, тој презентираше споредбени податоци за цените на електричната енергија, според кои на 11 јули, Романија плаќала 190 евра за мегават час, додека земји како Франција и Австрија имале значително пониски трошоци – 78 и 75 евра соодветно. Од друга страна, Унгарија плаќала дури 264 евра. До 2 септември, цените во регионот достигнале врв, со 234 евра за мегават час во Романија, со слични цени во Бугарија, Грција и Унгарија. Министерот истакна дека високите цени се должат на недостатокот на реализирани интерконекции меѓу земјите од Источна и Западна Европа, особено од страна на Австрија и Словачка. Тоа ја спречува евтината енергија произведена на Запад да стигне до земјите на Истокот. Тој најави дека врз основа на студиите изработени од операторите на електропреносните системи во Романија, Бугарија и Грција, ќе побараат конкретни мерки за надминување на овие предизвици.

The post ЕК ќе разгледува зошто Бугарија, Романија и Грција плаќале поскапа струја appeared first on Република.

]]>
Европратениците отфрлија две одлуки на ЕК за нивоата на пестициди во храната увезена во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropratenitsite-otfrlija-dve-odluki-na-ek-za-nivoata-na-pestitsidi-vo-hranata-uvezena-vo-eu/ Wed, 18 Sep 2024 13:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=817489

Европскиот парламент на денешното пленарно заседание во Стразбур со големо мнозинство гласови отфрли две одлуки на Европската комисија со кои се регулираа нивоата на дозволени пестициди во прехранбените продукти што се увезуваат во ЕУ од трети земји.

Станува збор за одлуките за толеранција на максималните нивоа на остатоци на ципроконазол и спиродиклофен во житните култури, семињата, месото, црниот дроб и бубрезите, како и за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил во лимоните, лиметите, мандарините и бамиите.

Инаку, употребата на сите овие пестициди е забранета во ЕУ.

Резолуцијата со која се отфрла првата одлука за нивоата на ципроконазол и спиродиклофен беше усвоена со 522 гласа „за“, 127 „против“ и 28 „воздржани“, а втората за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил беше прифатена со 516 гласаа „за“, 129 „против“ и 27 „воздржани“. За усвојување на резолуциите беше потребна поддршка од најмалку 359 гласови на европратениците.

Во резолуциите се нагласува дека за земјоделските производи увезени во ЕУ од земји кои не се членки на Унијата мора да важат истите стандарди, како и за продуктите произведени во земјите членки на блокот, со цел да се обезбеди „рамноправен терен за игра“.

Според европратениците со дозволувањето повисоки нивоа на остатоци од пестициди во увезената храна, воедно се загрозува и здравјето на граѓаните во Европа, но и на жителите на земјите производители на овие прехранбени продукти.

Врз основа на ваквата одлука на ЕП, Еврокомисијата сега мора да ги повлече двете одлуки. Европратениците воедно ја повикуваат ЕК да предложи нови нацрт-одлуки со кои ќе се намалат сите максимални нивоа на остатоци на пестициди до најниската граница што може да се открие или на стандардната вредност од 0,01 милиграми на килограм, како и да отфрли какви било барања за толеранции за отстапување од стандардите за увезената храна.

The post Европратениците отфрлија две одлуки на ЕК за нивоата на пестициди во храната увезена во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент на денешното пленарно заседание во Стразбур со големо мнозинство гласови отфрли две одлуки на Европската комисија со кои се регулираа нивоата на дозволени пестициди во прехранбените продукти што се увезуваат во ЕУ од трети земји. Станува збор за одлуките за толеранција на максималните нивоа на остатоци на ципроконазол и спиродиклофен во житните култури, семињата, месото, црниот дроб и бубрезите, како и за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил во лимоните, лиметите, мандарините и бамиите. Инаку, употребата на сите овие пестициди е забранета во ЕУ. Резолуцијата со која се отфрла првата одлука за нивоата на ципроконазол и спиродиклофен беше усвоена со 522 гласа „за“, 127 „против“ и 28 „воздржани“, а втората за нивоата на беномил, карбендазим и тиофанат-метил беше прифатена со 516 гласаа „за“, 129 „против“ и 27 „воздржани“. За усвојување на резолуциите беше потребна поддршка од најмалку 359 гласови на европратениците. Во резолуциите се нагласува дека за земјоделските производи увезени во ЕУ од земји кои не се членки на Унијата мора да важат истите стандарди, како и за продуктите произведени во земјите членки на блокот, со цел да се обезбеди „рамноправен терен за игра“. Според европратениците со дозволувањето повисоки нивоа на остатоци од пестициди во увезената храна, воедно се загрозува и здравјето на граѓаните во Европа, но и на жителите на земјите производители на овие прехранбени продукти. Врз основа на ваквата одлука на ЕП, Еврокомисијата сега мора да ги повлече двете одлуки. Европратениците воедно ја повикуваат ЕК да предложи нови нацрт-одлуки со кои ќе се намалат сите максимални нивоа на остатоци на пестициди до најниската граница што може да се открие или на стандардната вредност од 0,01 милиграми на килограм, како и да отфрли какви било барања за толеранции за отстапување од стандардите за увезената храна.

The post Европратениците отфрлија две одлуки на ЕК за нивоата на пестициди во храната увезена во ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕК: ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против пожарите во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ek-eu-mobilizira-dopolnitelna-pomosh-za-borba-protiv-pozharite-vo-makedonija/ Fri, 02 Aug 2024 12:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=802768

По упатеното барање за помош од Македонија, Германија и Шведска мобилизираа по два авиони од флотата на ЕУ намената за справување со пожарите – РескЕУ, а оваа помош беше надополнета со хеликоптер од флотата стационирана во Чешка и со по еден хеликоптер од Словенија и Србија, соопшти денеска Европската комисија.

– Како дел од постојаната борба против шумските пожари, веднаш реагираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Благодарен сум на земјите членки кои испратија помош, ова е солидарност на ЕУ во пракса, изјави еврокомесарот за справување со кризи Јанез Ленарчич.

Дополнително, во земјава е распореден и офицер за врска од Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ со цел поддршка на македонските власти во координација на одговорот на пожарите.

Покрај за Македонија, изминатава недела Механизмот за цивилна заштита на ЕУ беше активиран и за гаснење на шумските пожари во Бугарија и Албанија.

Во Бугарија се испратени по два авиони од Грција и Франција, како и уште два авиони од флотата на РескЕУ во Шведска, додека во Албанија се распоредени два авиони од флотата на ЕУ стационирани во Италија.

– Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ продолжува внимателно да ја следи ситуацијата, со цел дека може брзо да се распореди дополнителна помош доколку е потребно, се додава во соопштението.

Со цел да помогне во справувањето со евентуалните пожари, Европската комисија во пресрет на летото формира флота од авиони и хеликоптери за гаснење пожари и ангажираше пожарникари спремни за итна реакции, кои се распоредени на неколку локации ширум Европа.

Противпожарната флота на ЕУ се состои од 28 авиони и четири хеликоптери стационирани во 10 земји членки на ЕУ.

Дополнително, 556 пожарникари од 12 земји се стратешки распоредени на клучните локации во Европа, во Франција, Грција, Португалија и Шпанија, кои се подготвени да реагираат во помош на локалните противпожарни единици во справувањето со огнените стихии.

The post ЕК: ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против пожарите во Македонија appeared first on Република.

]]>

По упатеното барање за помош од Македонија, Германија и Шведска мобилизираа по два авиони од флотата на ЕУ намената за справување со пожарите – РескЕУ, а оваа помош беше надополнета со хеликоптер од флотата стационирана во Чешка и со по еден хеликоптер од Словенија и Србија, соопшти денеска Европската комисија.
– Како дел од постојаната борба против шумските пожари, веднаш реагираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Благодарен сум на земјите членки кои испратија помош, ова е солидарност на ЕУ во пракса, изјави еврокомесарот за справување со кризи Јанез Ленарчич.
Дополнително, во земјава е распореден и офицер за врска од Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ со цел поддршка на македонските власти во координација на одговорот на пожарите. Покрај за Македонија, изминатава недела Механизмот за цивилна заштита на ЕУ беше активиран и за гаснење на шумските пожари во Бугарија и Албанија. Во Бугарија се испратени по два авиони од Грција и Франција, како и уште два авиони од флотата на РескЕУ во Шведска, додека во Албанија се распоредени два авиони од флотата на ЕУ стационирани во Италија.
– Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ продолжува внимателно да ја следи ситуацијата, со цел дека може брзо да се распореди дополнителна помош доколку е потребно, се додава во соопштението.
Со цел да помогне во справувањето со евентуалните пожари, Европската комисија во пресрет на летото формира флота од авиони и хеликоптери за гаснење пожари и ангажираше пожарникари спремни за итна реакции, кои се распоредени на неколку локации ширум Европа. Противпожарната флота на ЕУ се состои од 28 авиони и четири хеликоптери стационирани во 10 земји членки на ЕУ. Дополнително, 556 пожарникари од 12 земји се стратешки распоредени на клучните локации во Европа, во Франција, Грција, Португалија и Шпанија, кои се подготвени да реагираат во помош на локалните противпожарни единици во справувањето со огнените стихии.

The post ЕК: ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против пожарите во Македонија appeared first on Република.

]]>
ЕК: Измените на Кривичниот законик негативно влијаат на справувањето со корупцијата на високо ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ek-izmenite-na-krivichniot-zakonik-negativno-vlijaat-na-spravuvaneto-so-koruptsijata-na-visoko-nivo/ Wed, 24 Jul 2024 18:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=799932

ронични проблеми, нов извештај – Брисел е загрижен за независноста на македонското судство и големиот ризик од корупција во државата. Ова го објави  Европската Комсија, во извештајот за владеење на правото во Европската Унија за 2024та година, во кој за прв пат се вклучени и државите од процесот на проширување.

Конкретно за Македонија, се констатира дека државата спровела реформи за независност на судството, но останува загриженоста од влијание.

- Нивото на утврдена независност на судството е многу ниско. Загриженоста останува и во однос на функционирањето и на независноста на Судскиот совет, иако се преземени чекори во овој поглед. Одлуките за именување јавни обвинители и судии беа критикувани од граѓанското општество дека не се сеопфатно мотивирани или засновани на објективни критериуми, се вели во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година.

Според Европската Комисија, Врховниот суд и Судскиот совет презеле мерки за да ја подобрат транспарентноста. Од друга страна, пак, за независноста на судството Комисијата ги посочува и парите. Стои дека ограничените финансиски средства доделени на судството може да влијаат на финансиската автономија, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата.

Корупцијата останува стара болка. Во извештајот пишува дека е воспоставена сеопфатна национална антикорупциска стратегија, но дека има застој во нејзината имплементација.

- Големиот ризик од корупција, останува распространет во многу области. Неодамнешните измени на Кривичниот законик ја ослабеа правната рамка, негативно влијаејќи на справувањето со корупцијата, особено во случаите на корупција на високо ниво, стои во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година.

Се споменува Државната комисија за спречување на корупцијата, за која стои дека продолжува со напорите за исполнување на својот мандат и покрај ограничените ресурси.

Политичката поларизација во Собранието, пак, предизвикала доцнење во носењето закони и несоодветна употреба на забрзани законодавни процедури. .

Загриженост има и поради државното рекламирање во медиумите. За безбедноста на новинарите, се забележува дека се зајакнати законските гаранции за заштита, но дека и покрај тоа имало одредени закани и акти на насилство кон медиумските работници.

The post ЕК: Измените на Кривичниот законик негативно влијаат на справувањето со корупцијата на високо ниво appeared first on Република.

]]>

ронични проблеми, нов извештај – Брисел е загрижен за независноста на македонското судство и големиот ризик од корупција во државата. Ова го објави  Европската Комсија, во извештајот за владеење на правото во Европската Унија за 2024та година, во кој за прв пат се вклучени и државите од процесот на проширување. Конкретно за Македонија, се констатира дека државата спровела реформи за независност на судството, но останува загриженоста од влијание. - Нивото на утврдена независност на судството е многу ниско. Загриженоста останува и во однос на функционирањето и на независноста на Судскиот совет, иако се преземени чекори во овој поглед. Одлуките за именување јавни обвинители и судии беа критикувани од граѓанското општество дека не се сеопфатно мотивирани или засновани на објективни критериуми, се вели во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година. Според Европската Комисија, Врховниот суд и Судскиот совет презеле мерки за да ја подобрат транспарентноста. Од друга страна, пак, за независноста на судството Комисијата ги посочува и парите. Стои дека ограничените финансиски средства доделени на судството може да влијаат на финансиската автономија, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата. Корупцијата останува стара болка. Во извештајот пишува дека е воспоставена сеопфатна национална антикорупциска стратегија, но дека има застој во нејзината имплементација. - Големиот ризик од корупција, останува распространет во многу области. Неодамнешните измени на Кривичниот законик ја ослабеа правната рамка, негативно влијаејќи на справувањето со корупцијата, особено во случаите на корупција на високо ниво, стои во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година. Се споменува Државната комисија за спречување на корупцијата, за која стои дека продолжува со напорите за исполнување на својот мандат и покрај ограничените ресурси. Политичката поларизација во Собранието, пак, предизвикала доцнење во носењето закони и несоодветна употреба на забрзани законодавни процедури. . Загриженост има и поради државното рекламирање во медиумите. За безбедноста на новинарите, се забележува дека се зајакнати законските гаранции за заштита, но дека и покрај тоа имало одредени закани и акти на насилство кон медиумските работници.

The post ЕК: Измените на Кривичниот законик негативно влијаат на справувањето со корупцијата на високо ниво appeared first on Република.

]]>
ЕК препорача постапка против седум членки на ЕУ поради „прекумерен дефицит“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-preporacha-postapka-protiv-sedum-chlenki-na-eu-poradi-prekumeren-defitsit/ Tue, 09 Jul 2024 11:10:25 +0000 https://republika.mk/?p=794921

Европската комисија реши да му препорача на Советот на ЕУ да покрене постапки против седум земји членки на Унијата поради „прекумерно ниво“ на нивниот буџетски дефицит.

Станува збор за Белгија, Италија, Малта, Полска, Словачка, Унгарија и Франција, за кои според Еврокомисијата постои оправдана основа за започнување постапка за „прекумерен дефицит“.

Согласно ваквиот предлог на ЕК, Советот на ЕУ треба да ја оцени неговата оправданост и доколку го прифати ќе треба да усвои препораки за прилагодување и краен рок до кој посочените земји треба да ја надминат состојбата со прекумерниот дефицит.

Услов за иницирање ваква постапка е доколку буџетскиот дефицит на една земја членка за претходната година и планираниот за тековната надминува три отсто од националниот БДП.

Според податоците на ЕК, Белгија лани имала буџетски дефицит од 4,4 отсто, колку што е предвидената стапка и за оваа година, во Италија ланскиот дефицит бил 7,4 проценти, а годинешниот е прогнозиран на 4,3 отсто, додека на Малта лани бил 4,9, а за оваа година е предвиден на 4,5 проценти. Во Полска минатата година дефицитот бил 5,1 отсто и се очекува да остане на исто ниво и во 2024-та, во Словачка се предвидува зголемување на дефицитот од ланските 4,9 на 6 проценти оваа година, во Унгарија лани стапката изнесувала 6,7 отсто, а годинава се прогнозира да достигне 4,5 проценти, додека во Франција за годинава се предвидува благо намалување на нивото на буџетскиот дефицит од ланските 5,5 на 5,3 отсто.

The post ЕК препорача постапка против седум членки на ЕУ поради „прекумерен дефицит“ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија реши да му препорача на Советот на ЕУ да покрене постапки против седум земји членки на Унијата поради „прекумерно ниво“ на нивниот буџетски дефицит. Станува збор за Белгија, Италија, Малта, Полска, Словачка, Унгарија и Франција, за кои според Еврокомисијата постои оправдана основа за започнување постапка за „прекумерен дефицит“. Согласно ваквиот предлог на ЕК, Советот на ЕУ треба да ја оцени неговата оправданост и доколку го прифати ќе треба да усвои препораки за прилагодување и краен рок до кој посочените земји треба да ја надминат состојбата со прекумерниот дефицит. Услов за иницирање ваква постапка е доколку буџетскиот дефицит на една земја членка за претходната година и планираниот за тековната надминува три отсто од националниот БДП. Според податоците на ЕК, Белгија лани имала буџетски дефицит од 4,4 отсто, колку што е предвидената стапка и за оваа година, во Италија ланскиот дефицит бил 7,4 проценти, а годинешниот е прогнозиран на 4,3 отсто, додека на Малта лани бил 4,9, а за оваа година е предвиден на 4,5 проценти. Во Полска минатата година дефицитот бил 5,1 отсто и се очекува да остане на исто ниво и во 2024-та, во Словачка се предвидува зголемување на дефицитот од ланските 4,9 на 6 проценти оваа година, во Унгарија лани стапката изнесувала 6,7 отсто, а годинава се прогнозира да достигне 4,5 проценти, додека во Франција за годинава се предвидува благо намалување на нивото на буџетскиот дефицит од ланските 5,5 на 5,3 отсто.

The post ЕК препорача постапка против седум членки на ЕУ поради „прекумерен дефицит“ appeared first on Република.

]]>
ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ek-obezbedi-50-milioni-evra-makrofinansiska-pomosh-za-zemjava/ Fri, 10 May 2024 08:24:03 +0000 https://republika.mk/?p=776635

Европската комисија обезбеди позајмици за Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што соопшти денеска Еврокомисијата, овие средства треба да обезбедат дополнителна поддршка за Македонија, чија економија е сериозно погодена од енергетската криза предизвикана од руската инвазија врз Украина.

Помошта ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди понатамошни реформи поврзани со тековната програма на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Македонија. Тоа ќе и помогне на  Македонија и да напредува на нејзиниот европски пат, се додава во соопштението.

Обезбедувањето на оваа поддршка следува откако Еврокомисијата утврдила дека земјата ги исполни релевантните политички обврски договорени со ЕУ за ослободување на првата транша.

Македонија постигна напредок во областа на јавните финансии со формирање на независен фискален совет и со зајакнување на управувањето со јавните инвестиции. За да ги подобри јавните приходи,  Македонија усвои мерки за даночна политика кои ја прошируваат даночната основа. Владата, исто така, постигна дополнителен напредок кон формализирање на неформалната економија и презеде мерки за подобрување на енергетската ефикасност. На крајот, Владата го зајакна судството со нова Стратегија за реформи во правосудството, потенцира Европската комисија.

Инаку целокупната тековна операција за макрофинансиска помош за земјава е во вкупна вредност до 100 милиони евра во форма на заеми. По исплатата на оваа прва транша од 50 милиони евра, останува на располагање втора транша во истиот износ, чие ослободување ќе зависи од напредокот во имплементацијата на договорените услови.

Макрофинансиска помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со земјите од соседството наменет како исклучителен инструмент на Унијата за одговор на кризи, кој им е достапен на државите опфатени со процесот на проширување, како и на земјите од поширокото европско соседството што имаат сериозни проблеми со платниот биланс.

Предлогот на ЕК за оваа операција на макрофинансиска помош за Македонија беше одобрен од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ на 12 јули минатата година. Севкупно, од 2020 година, па со се последните 50 милиони евра, ЕУ на земјава досега и исплати околу 210 милиони евра поддршка во рамки на макрофинансиската помош.

The post ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за земјава appeared first on Република.

]]>

Европската комисија обезбеди позајмици за Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти денеска Еврокомисијата, овие средства треба да обезбедат дополнителна поддршка за Македонија, чија економија е сериозно погодена од енергетската криза предизвикана од руската инвазија врз Украина. Помошта ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди понатамошни реформи поврзани со тековната програма на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Македонија. Тоа ќе и помогне на  Македонија и да напредува на нејзиниот европски пат, се додава во соопштението. Обезбедувањето на оваа поддршка следува откако Еврокомисијата утврдила дека земјата ги исполни релевантните политички обврски договорени со ЕУ за ослободување на првата транша. Македонија постигна напредок во областа на јавните финансии со формирање на независен фискален совет и со зајакнување на управувањето со јавните инвестиции. За да ги подобри јавните приходи,  Македонија усвои мерки за даночна политика кои ја прошируваат даночната основа. Владата, исто така, постигна дополнителен напредок кон формализирање на неформалната економија и презеде мерки за подобрување на енергетската ефикасност. На крајот, Владата го зајакна судството со нова Стратегија за реформи во правосудството, потенцира Европската комисија. Инаку целокупната тековна операција за макрофинансиска помош за земјава е во вкупна вредност до 100 милиони евра во форма на заеми. По исплатата на оваа прва транша од 50 милиони евра, останува на располагање втора транша во истиот износ, чие ослободување ќе зависи од напредокот во имплементацијата на договорените услови. Макрофинансиска помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со земјите од соседството наменет како исклучителен инструмент на Унијата за одговор на кризи, кој им е достапен на државите опфатени со процесот на проширување, како и на земјите од поширокото европско соседството што имаат сериозни проблеми со платниот биланс. Предлогот на ЕК за оваа операција на макрофинансиска помош за Македонија беше одобрен од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ на 12 јули минатата година. Севкупно, од 2020 година, па со се последните 50 милиони евра, ЕУ на земјава досега и исплати околу 210 милиони евра поддршка во рамки на макрофинансиската помош.

The post ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за земјава appeared first on Република.

]]>
ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење на правото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-predlozhi-zapirane-na-postapkata-protiv-polska-za-nepochituvane-na-printsipite-na-vladeene-na-pravoto/ Mon, 06 May 2024 12:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=774698

Европската комисија денеска ја заврши својата анализа за состојбата со владеењето на правото во Полска во однос на постапката покрената според член 7 став 1 од Договорот за ЕУ и заклучи дека повеќе „не постои јасен ризик од сериозно прекршување на владеењето на правото“ во земјата, соопшти портпаролот на ЕК за правда, еднаквост и владеење на правото Кристијан Виганд.

Според него, врз основа на ваквиот заклучок, Еврокомисијата решила да ги информира Советот на ЕУ и Европскиот парламент оти планира да ја затвори постапката што беше покрената против Полска врз основа на нејзиниот предлог од 2017 година.

Полска започна серија законодавни и други мерки за да одговори на загриженоста за независноста на правосудниот систем. Таа го призна приматот на правото на ЕУ и е посветена на спроведување на сите пресуди на Судот на правдата на Европската Унија и Европскиот суд за човекови права поврзани со владеењето на правото, истакна Виганд.

Тој додаде дека Комисијата усвоила и „информативна белешка“ што потпретседателката на ЕК задолжена за вредности и транспарентност Вера Јоурова ја испратила до Советот на ЕУ за до го информира за одлуката, а известување е доставено и до Европскиот парламент.

Виганд ја пренесе и пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во врска со ваквата одлука во која таа нагласува дека денешниот ден означува ново поглавје за Полска

Првото барање за исплата е испратено вчера и го покрива периодот од ноември 2022 до јануари 2022, барањата за исплата ќе се праќаат на месечна основа и ја повикуваме Полска итно да се усоглас

По повеќе од шест години, веруваме дека постапката од член 7 став 1 може да биде затворена. Им честитам на (полскиот) премиер Доналд Туск и на неговата Влада за овој важен чекор напред. Тоа е резултат на нивната напорна работа и решителни реформски напори. Тековната обнова на владеењето на правото во Полска е одлична за полскиот народ и за нашата Унија во целина. Тоа е доказ за издржливоста на владеењето на правото и демократијата во Европа, додава Фон дер Лајен во пораката.

Во образложените на својата одлука, ЕК потсетува дека на 20 февруари годинава Полска пред Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) го претстави својот Акциски план за владеење на правото, како одраз на посветеноста да одговори на сериозните грижи Комисијата.

Според ЕК, усвојувањето на јасна програма во форма на Акциски план и фактот дека Полска ги презеде првите конкретни чекори за негово спроведување, биле релевантни елементи за проценка на ризикот по владеењето на правото.

Откако ги испита овие фактори, Комисијата заклучува дека веќе не постои јасен ризик од сериозно прекршување на владеењето на правото. Во овој контекст, важно е да се забележи дека Полска му се приклучи на Европското јавно обвинителство на 29 февруари 2024 година. Затоа, Комисијата има намера да го повлече својот предлог и го повикува Советот да даде какви било забелешки што би ги сметал за соодветни, се додава во образложението.

Согласно процедурата, Јоурова ќе треба ја претстави одлуката на Комисијата на следниот состанок на Советот за општи работи, кој треба да се произнесе по неа. Доколку Советот ја поддржи одлуката, тогаш Еврокомисијата и формално ќе ја запре постапката против Полска.

The post ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење на правото appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска ја заврши својата анализа за состојбата со владеењето на правото во Полска во однос на постапката покрената според член 7 став 1 од Договорот за ЕУ и заклучи дека повеќе „не постои јасен ризик од сериозно прекршување на владеењето на правото“ во земјата, соопшти портпаролот на ЕК за правда, еднаквост и владеење на правото Кристијан Виганд. Според него, врз основа на ваквиот заклучок, Еврокомисијата решила да ги информира Советот на ЕУ и Европскиот парламент оти планира да ја затвори постапката што беше покрената против Полска врз основа на нејзиниот предлог од 2017 година. Полска започна серија законодавни и други мерки за да одговори на загриженоста за независноста на правосудниот систем. Таа го призна приматот на правото на ЕУ и е посветена на спроведување на сите пресуди на Судот на правдата на Европската Унија и Европскиот суд за човекови права поврзани со владеењето на правото, истакна Виганд. Тој додаде дека Комисијата усвоила и „информативна белешка“ што потпретседателката на ЕК задолжена за вредности и транспарентност Вера Јоурова ја испратила до Советот на ЕУ за до го информира за одлуката, а известување е доставено и до Европскиот парламент. Виганд ја пренесе и пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во врска со ваквата одлука во која таа нагласува дека денешниот ден означува ново поглавје за Полска Првото барање за исплата е испратено вчера и го покрива периодот од ноември 2022 до јануари 2022, барањата за исплата ќе се праќаат на месечна основа и ја повикуваме Полска итно да се усоглас По повеќе од шест години, веруваме дека постапката од член 7 став 1 може да биде затворена. Им честитам на (полскиот) премиер Доналд Туск и на неговата Влада за овој важен чекор напред. Тоа е резултат на нивната напорна работа и решителни реформски напори. Тековната обнова на владеењето на правото во Полска е одлична за полскиот народ и за нашата Унија во целина. Тоа е доказ за издржливоста на владеењето на правото и демократијата во Европа, додава Фон дер Лајен во пораката. Во образложените на својата одлука, ЕК потсетува дека на 20 февруари годинава Полска пред Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) го претстави својот Акциски план за владеење на правото, како одраз на посветеноста да одговори на сериозните грижи Комисијата. Според ЕК, усвојувањето на јасна програма во форма на Акциски план и фактот дека Полска ги презеде првите конкретни чекори за негово спроведување, биле релевантни елементи за проценка на ризикот по владеењето на правото. Откако ги испита овие фактори, Комисијата заклучува дека веќе не постои јасен ризик од сериозно прекршување на владеењето на правото. Во овој контекст, важно е да се забележи дека Полска му се приклучи на Европското јавно обвинителство на 29 февруари 2024 година. Затоа, Комисијата има намера да го повлече својот предлог и го повикува Советот да даде какви било забелешки што би ги сметал за соодветни, се додава во образложението. Согласно процедурата, Јоурова ќе треба ја претстави одлуката на Комисијата на следниот состанок на Советот за општи работи, кој треба да се произнесе по неа. Доколку Советот ја поддржи одлуката, тогаш Еврокомисијата и формално ќе ја запре постапката против Полска.

The post ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење на правото appeared first on Република.

]]>
ЕК ќе обезбеди 600 милиони евра за набавка на 12 авиони за гаснење пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-ke-obezbedi-600-milioni-evra-za-nabavka-na-12-avioni-za-gasnene-pozhari/ Mon, 25 Mar 2024 13:34:26 +0000 https://republika.mk/?p=758560

Европската комисијата ќе ја финансира набавката на нови авиони за гаснење пожари за да го зголеми капацитетот на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за справување со огнени стихии, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и управување со кризи Балаж Ујвари.

Од фондовите на ЕУ ќе бидат искористени 600 милиони евра за купување на 12 нови авиони, кои ќе бидат стационирани во шест земји членки – Хрватска, Франција, Италија, Грција, Португалија и Шпанија, изјави Ујвари, додавајќи дека авионите ќе бидат испорачани до 2027 година.

Овие нови авиони ќе може да се користат за гаснење пожари низ Европската Унија и 10 земји од соседството, вклучително и  Македонија, особено во текот на летните месеци кога животите, домовите и средствата за живот стануваат се повеќе загрозени од шумски пожари од големи размери.

Ујвари соопшти дека комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич денеска во Загреб присуствувал на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Владата на Хрватска и канадска корпорација за купување на специјализирани авиони за гаснење пожари. Неодамна сличен договор за набавка на авиони за гаснење пожар потпиша и Владата на Грција.

Според Ленарчич, ваквите договори за купување на авиони ќе помогнат за заштита на граѓаните низ цела Европа.

Им честитам на Хрватска, како и на Грција, кои први ги потпишаа договорите за набавка на авиони, кои ќе ја формираат новата генерација европски воздухопловни противпожарни капацитети. И благодарам и на Канада што го олесни склучувањето договори со засегнатата компанија да го продолжи производството на овие многу потребни авиони. Тоа ќе биде 100 отсто платено од Европската комисија, како дел од нашиот зајакнат капацитет за гаснење пожари. Подготвени сме да се бори со уште поинтензивни шумски пожари во Европа, додаде Ленарчич.

Европската комисија пред пет години го надгради Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со вклучување флота од противпожарни авиони и хеликоптери.

Механизмот има за цел да и обезбеди на ЕУ координиран пристап за спречување, реагирање и справување со шумски пожари, доколку нивниот обем ги надминуваат националните капацитети за одговор. Во Механизмот, покрај 27-те земји членки на ЕУ се вклучени и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Молдавија, Норвешка, Србија, Турција, Црна Гора и Украина.

The post ЕК ќе обезбеди 600 милиони евра за набавка на 12 авиони за гаснење пожари appeared first on Република.

]]>

Европската комисијата ќе ја финансира набавката на нови авиони за гаснење пожари за да го зголеми капацитетот на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за справување со огнени стихии, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и управување со кризи Балаж Ујвари. Од фондовите на ЕУ ќе бидат искористени 600 милиони евра за купување на 12 нови авиони, кои ќе бидат стационирани во шест земји членки – Хрватска, Франција, Италија, Грција, Португалија и Шпанија, изјави Ујвари, додавајќи дека авионите ќе бидат испорачани до 2027 година. Овие нови авиони ќе може да се користат за гаснење пожари низ Европската Унија и 10 земји од соседството, вклучително и  Македонија, особено во текот на летните месеци кога животите, домовите и средствата за живот стануваат се повеќе загрозени од шумски пожари од големи размери. Ујвари соопшти дека комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич денеска во Загреб присуствувал на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Владата на Хрватска и канадска корпорација за купување на специјализирани авиони за гаснење пожари. Неодамна сличен договор за набавка на авиони за гаснење пожар потпиша и Владата на Грција. Според Ленарчич, ваквите договори за купување на авиони ќе помогнат за заштита на граѓаните низ цела Европа. Им честитам на Хрватска, како и на Грција, кои први ги потпишаа договорите за набавка на авиони, кои ќе ја формираат новата генерација европски воздухопловни противпожарни капацитети. И благодарам и на Канада што го олесни склучувањето договори со засегнатата компанија да го продолжи производството на овие многу потребни авиони. Тоа ќе биде 100 отсто платено од Европската комисија, како дел од нашиот зајакнат капацитет за гаснење пожари. Подготвени сме да се бори со уште поинтензивни шумски пожари во Европа, додаде Ленарчич. Европската комисија пред пет години го надгради Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со вклучување флота од противпожарни авиони и хеликоптери. Механизмот има за цел да и обезбеди на ЕУ координиран пристап за спречување, реагирање и справување со шумски пожари, доколку нивниот обем ги надминуваат националните капацитети за одговор. Во Механизмот, покрај 27-те земји членки на ЕУ се вклучени и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Молдавија, Норвешка, Србија, Турција, Црна Гора и Украина.

The post ЕК ќе обезбеди 600 милиони евра за набавка на 12 авиони за гаснење пожари appeared first on Република.

]]>
ЕП ќе ја тужи ЕК поради нејзината одлука да и дозволи на Унгарија пристап до фондовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ep-ke-ja-tuzhi-ek-poradi-nejzinata-odluka-da-i-dozvoli-na-ungarija-pristap-do-fondovite/ Thu, 14 Mar 2024 20:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=754904

Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради нејзината минатогодишна одлука да и дозволи на Унгарија пристап до милијарди евра кои и беа замрзнати во европските фондови.

Лидерите на партиите во Европскиот парламент се договориле да ја тужат ЕК пред Европскиот суд на правдата, пишува Фајненшл тајмс.

Потегот на ЕП може, според весникот, да ја искомплицира кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на претседател на Комисијата оваа година.

Пред една година, извршната власт на Европската унија блокираше значителни суми пари наменети за Унгарија, загрижена дека демократското назадување на националистичката влада на премиерот Виктор Орбан може да го загрози европскиот буџет.

На 13 декември, ЕК деблокираше третина од околу 30 милијарди евра средства бидејќи Орбан изгледаше подготвен да им пркоси на своите партнери во ЕУ и да стави вето на отворањето на преговорите за членство со Украина и финансирањето на нејзината економија разурната од војна.

По потегот на Фон дер Лајен, Орбан ја поддржа одлуката на ЕУ да испрати помош од 50 милијарди евра за Киев.

Роберта Мецола, претседателката на парламентот, рече дека ќе поднесе тужба пред 25 март.

The post ЕП ќе ја тужи ЕК поради нејзината одлука да и дозволи на Унгарија пристап до фондовите appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради нејзината минатогодишна одлука да и дозволи на Унгарија пристап до милијарди евра кои и беа замрзнати во европските фондови. Лидерите на партиите во Европскиот парламент се договориле да ја тужат ЕК пред Европскиот суд на правдата, пишува Фајненшл тајмс. Потегот на ЕП може, според весникот, да ја искомплицира кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на претседател на Комисијата оваа година. Пред една година, извршната власт на Европската унија блокираше значителни суми пари наменети за Унгарија, загрижена дека демократското назадување на националистичката влада на премиерот Виктор Орбан може да го загрози европскиот буџет. На 13 декември, ЕК деблокираше третина од околу 30 милијарди евра средства бидејќи Орбан изгледаше подготвен да им пркоси на своите партнери во ЕУ и да стави вето на отворањето на преговорите за членство со Украина и финансирањето на нејзината економија разурната од војна. По потегот на Фон дер Лајен, Орбан ја поддржа одлуката на ЕУ да испрати помош од 50 милијарди евра за Киев. Роберта Мецола, претседателката на парламентот, рече дека ќе поднесе тужба пред 25 март.

The post ЕП ќе ја тужи ЕК поради нејзината одлука да и дозволи на Унгарија пристап до фондовите appeared first on Република.

]]>
Советот на ЕУ и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sovetot-na-eu-i-evropskiot-parlament-donesoa-odluka-za-zabrana-na-zabnite-plombi-so-amalgam/ Thu, 14 Mar 2024 11:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=754719

Советот на Европската Унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам што содржат жива, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година.

Сребрените или амалгамските пломби се основни во третманот на кариес со децении, пренесува Euroweekly news и додава дека за нивно производство се користени метали како сребро, калај, бакар и жива.

Од 2018 година, забрането е користење на амалгамски пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени.

Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10-те производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачани побезбедни алтернативи.

The post Советот на ЕУ и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам appeared first on Република.

]]>

Советот на Европската Унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам што содржат жива, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година. Сребрените или амалгамските пломби се основни во третманот на кариес со децении, пренесува Euroweekly news и додава дека за нивно производство се користени метали како сребро, калај, бакар и жива. Од 2018 година, забрането е користење на амалгамски пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени. Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10-те производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачани побезбедни алтернативи.

The post Советот на ЕУ и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам appeared first on Република.

]]>
Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskiot-parlament-ke-ja-tuzhi-evropskata-komisija-poradi-orban/ Tue, 12 Mar 2024 11:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=754003

Европскиот Парламент се подготвува да ја тужи Европската комисија поради нејзината контроверзна одлука за одмрзнување на милијарди евра средства за Унгарија кон крајот на минатата година, изјавија за Политико лица вклучени во одлуката.

 

Собраниската комисија за правни прашања речиси едногласно изгласа – со 16 членови „за“, еден против и ниту еден воздржан – да ја тужи Комисијата за „прекршување на должноста за заштита на парите на даночните обврзници од злоупотреба“. Во декември минатата година, Комисијата деблокираше 10,2 милијарди евра замрзнати кохезиони фондови на ЕУ наменети за Будимпешта.

Одлуката беше донесена еден ден пред самитот на ЕУ на кој лидерите требаше да разговараат за новата помош за Украина и отворањето на пристапните преговори за Киев, потези кои унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ги блокира. Одлуката на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен да ги одмрзне средствата наиде на реакција кај пратениците во Европскиот парламент, кои ја обвинија дека попуштила пред уцените на Орбан.

The post Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан appeared first on Република.

]]>

Европскиот Парламент се подготвува да ја тужи Европската комисија поради нејзината контроверзна одлука за одмрзнување на милијарди евра средства за Унгарија кон крајот на минатата година, изјавија за Политико лица вклучени во одлуката.   Собраниската комисија за правни прашања речиси едногласно изгласа – со 16 членови „за“, еден против и ниту еден воздржан – да ја тужи Комисијата за „прекршување на должноста за заштита на парите на даночните обврзници од злоупотреба“. Во декември минатата година, Комисијата деблокираше 10,2 милијарди евра замрзнати кохезиони фондови на ЕУ наменети за Будимпешта. Одлуката беше донесена еден ден пред самитот на ЕУ на кој лидерите требаше да разговараат за новата помош за Украина и отворањето на пристапните преговори за Киев, потези кои унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ги блокира. Одлуката на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен да ги одмрзне средствата наиде на реакција кај пратениците во Европскиот парламент, кои ја обвинија дека попуштила пред уцените на Орбан.

The post Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан appeared first on Република.

]]>
ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-preporachuva-shtedeneto-na-gasot-da-prodolzhi-i-vo-naredniot-period/ Tue, 27 Feb 2024 13:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=748919

Европската комисијата денеска предложи усвојување на Препорака до земјите членки на ЕУ со која се бара да продолжат да преземаат мерки за намалување на потрошувачката на гас на ниво за 15 отсто под просечното трошење во периодот помеѓу април 2017 и март 2022 година.

Според податоците на ЕК, во периодот од август 2022 година до декември 2023 година ЕУ ја намалила потрошувачката на гас за 18 проценти во споредба со претходниот период, заштедувајќи околу 101 милијарда кубни метри гас. Ваквото намалување беше остварено врз основа на Регулативата усвоена во текот на летото 2022 година, со цел да се обезбеди стабилно снабдување со гас и стабилизација на енергетските пазари во ЕУ, како и да се манифестира солидарност со Украина.

Важноста на одредбите од оваа Регулатива за намалување на потрошувачката на гас истакува на 31 март, па затоа ЕК сега предлага земјите членки доброволно да продолжат со спроведување на мерките за штедење на енергенсот и по овој датум.

За предлогот на Еврокомисијата ќе се расправа на заседанието на министерскиот Совет за енергетика предвидено за 4 март.

- Благодарение на широкиот опсег на итни мерки кои беа воведени по инвазијата на Русија врз Украина, енергетската перспектива на ЕУ е подобрена: снабдувањето е поразновидно, инсталирани се поголеми капацитети за производство на обновлива енергија и направени се импресивни заштеди на енергенсите, посочи ЕК.

Според Комисијата, ваквите мерки резултираа со намалување и стабилизирање на цените на енергенсите во Европа, но со оглед на актуелните геополитички тензии, состојбите на глобалниот пазар на гас и целта на ЕУ за целосно ослободување од зависноста од руските фосилни горива, и натаму е неопходна континуирана заштеда на енергијата.

Континуираната заштеда на гас ќе помогне да се одржи и подобри тековната стабилност на пазарот, вклучително и преку олеснување на полнењето на гасните складишта во текот на пролетта и летото, а, исто така, ќе се поддржат и напорите на ЕУ за декарбонизација, наведува Еврокомисијата.

Денешната Препорака, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се базира на извештаите за ревизија на Регулативата за намалување на потрошувачката на гас и за Регулативата за складирање гас.

Покрај гарантирањето на безбедноста на снабдувањето, двете регулативи придонесоа и за стабилизирање на цените на енергијата, за зајакнување на конкурентноста на економијата на ЕУ и за намалување на сметките за граѓаните, кои достигнаа максимални суми во август 2022 година, се додава во соопштението.

The post ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период appeared first on Република.

]]>

Европската комисијата денеска предложи усвојување на Препорака до земјите членки на ЕУ со која се бара да продолжат да преземаат мерки за намалување на потрошувачката на гас на ниво за 15 отсто под просечното трошење во периодот помеѓу април 2017 и март 2022 година. Според податоците на ЕК, во периодот од август 2022 година до декември 2023 година ЕУ ја намалила потрошувачката на гас за 18 проценти во споредба со претходниот период, заштедувајќи околу 101 милијарда кубни метри гас. Ваквото намалување беше остварено врз основа на Регулативата усвоена во текот на летото 2022 година, со цел да се обезбеди стабилно снабдување со гас и стабилизација на енергетските пазари во ЕУ, како и да се манифестира солидарност со Украина. Важноста на одредбите од оваа Регулатива за намалување на потрошувачката на гас истакува на 31 март, па затоа ЕК сега предлага земјите членки доброволно да продолжат со спроведување на мерките за штедење на енергенсот и по овој датум. За предлогот на Еврокомисијата ќе се расправа на заседанието на министерскиот Совет за енергетика предвидено за 4 март. - Благодарение на широкиот опсег на итни мерки кои беа воведени по инвазијата на Русија врз Украина, енергетската перспектива на ЕУ е подобрена: снабдувањето е поразновидно, инсталирани се поголеми капацитети за производство на обновлива енергија и направени се импресивни заштеди на енергенсите, посочи ЕК. Според Комисијата, ваквите мерки резултираа со намалување и стабилизирање на цените на енергенсите во Европа, но со оглед на актуелните геополитички тензии, состојбите на глобалниот пазар на гас и целта на ЕУ за целосно ослободување од зависноста од руските фосилни горива, и натаму е неопходна континуирана заштеда на енергијата. Континуираната заштеда на гас ќе помогне да се одржи и подобри тековната стабилност на пазарот, вклучително и преку олеснување на полнењето на гасните складишта во текот на пролетта и летото, а, исто така, ќе се поддржат и напорите на ЕУ за декарбонизација, наведува Еврокомисијата. Денешната Препорака, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се базира на извештаите за ревизија на Регулативата за намалување на потрошувачката на гас и за Регулативата за складирање гас. Покрај гарантирањето на безбедноста на снабдувањето, двете регулативи придонесоа и за стабилизирање на цените на енергијата, за зајакнување на конкурентноста на економијата на ЕУ и за намалување на сметките за граѓаните, кои достигнаа максимални суми во август 2022 година, се додава во соопштението.

The post ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период appeared first on Република.

]]>
ЕК започна истрага против ТикТок за прекршување на Законот за дигитални услуги на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-zapochna-istraga-protiv-tiktok-za-prekrshuvane-na-zakonot-za-digitalni-uslugi-na-eu/ Mon, 19 Feb 2024 13:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=745739

Како што соопшти ЕК, ваквата одлука е донесена врз основа на досега спроведената прелиминарна истрага, како и врз основа на анализа на извештајот за проценка на ризикот и на одговорите на нејзините формални барања за информации доставни од страна на ТикТок.

Според најавата постапката ќе се фокусира на усогласеноста со обврските од ДСА поврзани со проценката и ублажувањето на системските ризици и реални или предвидливи негативни ефекти кои произлегуваат од дизајнот на системот на ТикТок, вклучувајќи ги и алгоритамските системи, кои можат да стимулираат зависности во однесувањето.

– Ваквата проценка е потребна за да се спречат потенцијалните ризици за остварување на основното право на физичката и менталната благосостојба на корисниците, почитувањето на правата на детето, како и влијанието врз процесите на радикализација. Понатаму, мерките за ублажување што се применуваат во овој поглед, особено алатките за проверка на возраста што ги користи ТикТок за да го спречи пристапот на малолетниците до несоодветна содржина, може да не се разумни, пропорционални и ефективни, се наведува во соопштението.

Дополнително ќе се проверуваат мерките за обезбедување високо ниво на приватност, безбедност и сигурност за малолетниците, особено во однос на стандардните поставки за нивната приватност, усогласеност со обврските на ДСА поврзани со рекламите и зголемување на транспарентноста на ТикТок и недостатоците во давањето пристап до јавно достапните податоци.

Комисијата посочува дека отворањето на формална постапка не го прејудицира нејзиниот исход, како и дека за време на нејзиното траење може да покрене и друга истрага поврзана со прекршување на одредбите од ДСА, како на пример со ширењето на илегални и терористички содржини, сексуална злоупотреба на деца на интернет или известувања за сомнежи за кривични дела.

Законот за дигитални услуги не поставува законски рок за завршување на формалните постапки, чие времетраење зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја сложеноста на случајот, степенот до кој платформата соработува со Комисијата и остварувањето на нејзините права на одбрана.

ТикТок беше прогласена за „многу голема онлајн платформа“ на 25 април 2023 година врз основа на Законот за дигитални услуги на ЕУ, затоа што социјалната мрежа во тој период имала 135,9 милиони месечни активни корисници во Унијата. Со прогласувањето за „многу голема онлајн платформа“, од август минатата година ТикТок мораше да започне да се усогласува со низата обврски утврдени во ДСА.

Инаку, од саботата одредбите од Законот за дигитални услуги важат на сите интернет сајтови, а не само за оние кои лани го добија статусот на „многу големи онлајн платформи“.

The post ЕК започна истрага против ТикТок за прекршување на Законот за дигитални услуги на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Како што соопшти ЕК, ваквата одлука е донесена врз основа на досега спроведената прелиминарна истрага, како и врз основа на анализа на извештајот за проценка на ризикот и на одговорите на нејзините формални барања за информации доставни од страна на ТикТок. Според најавата постапката ќе се фокусира на усогласеноста со обврските од ДСА поврзани со проценката и ублажувањето на системските ризици и реални или предвидливи негативни ефекти кои произлегуваат од дизајнот на системот на ТикТок, вклучувајќи ги и алгоритамските системи, кои можат да стимулираат зависности во однесувањето. – Ваквата проценка е потребна за да се спречат потенцијалните ризици за остварување на основното право на физичката и менталната благосостојба на корисниците, почитувањето на правата на детето, како и влијанието врз процесите на радикализација. Понатаму, мерките за ублажување што се применуваат во овој поглед, особено алатките за проверка на возраста што ги користи ТикТок за да го спречи пристапот на малолетниците до несоодветна содржина, може да не се разумни, пропорционални и ефективни, се наведува во соопштението. Дополнително ќе се проверуваат мерките за обезбедување високо ниво на приватност, безбедност и сигурност за малолетниците, особено во однос на стандардните поставки за нивната приватност, усогласеност со обврските на ДСА поврзани со рекламите и зголемување на транспарентноста на ТикТок и недостатоците во давањето пристап до јавно достапните податоци. Комисијата посочува дека отворањето на формална постапка не го прејудицира нејзиниот исход, како и дека за време на нејзиното траење може да покрене и друга истрага поврзана со прекршување на одредбите од ДСА, како на пример со ширењето на илегални и терористички содржини, сексуална злоупотреба на деца на интернет или известувања за сомнежи за кривични дела. Законот за дигитални услуги не поставува законски рок за завршување на формалните постапки, чие времетраење зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја сложеноста на случајот, степенот до кој платформата соработува со Комисијата и остварувањето на нејзините права на одбрана. ТикТок беше прогласена за „многу голема онлајн платформа“ на 25 април 2023 година врз основа на Законот за дигитални услуги на ЕУ, затоа што социјалната мрежа во тој период имала 135,9 милиони месечни активни корисници во Унијата. Со прогласувањето за „многу голема онлајн платформа“, од август минатата година ТикТок мораше да започне да се усогласува со низата обврски утврдени во ДСА. Инаку, од саботата одредбите од Законот за дигитални услуги важат на сите интернет сајтови, а не само за оние кои лани го добија статусот на „многу големи онлајн платформи“.

The post ЕК започна истрага против ТикТок за прекршување на Законот за дигитални услуги на ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕК: Жалбите за изборни нерегуларности во Србија треба соодветно да се истражат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ek-zhalbite-za-izborni-neregularnosti-vo-srbija-treba-soodvetno-da-se-istrazhat/ Wed, 27 Dec 2023 18:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=727061

Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо, а жалбите дека имало нерегуларности за време на локалните парламентарни избори во Србија треба соодветно да се истражат, соопшти денеска Европската комисија, пренесува Бета.

Европската Унија повикува на мир и дијалог, соопшти Европската комисија на барање на телевизијата Н1 да ги коментира низата настани во Србија што се случија по вонредните парламентарни и локални избори одржани на 17 ноември.

Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо. Полициските дејствија мора да бидат пропорционални и да ги почитуваат основните права во рамки на владеењето на правото, велат од Европската комисија.

Како што додаваат, „приговорите за изборни нерегуларности треба соодветно да се истражат и да се постапи по нив“.

Во изјавата објавена на 19 декември, Борел и Вархеји изразија очекување дека „веродостојните извештаи за (изборни) нерегуларности ќе бидат разгледани на транспарентен начин од надлежните органи на Србија“.

Ова ги вклучува наводите поврзани со локалните избори во Белград и другите општини. Го повикуваме политичкото раководство на Србија да обезбеди конструктивен и инклузивен дијалог низ политичкиот спектар, порачаа Борел и Вархеји.

The post ЕК: Жалбите за изборни нерегуларности во Србија треба соодветно да се истражат appeared first on Република.

]]>

Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо, а жалбите дека имало нерегуларности за време на локалните парламентарни избори во Србија треба соодветно да се истражат, соопшти денеска Европската комисија, пренесува Бета. Европската Унија повикува на мир и дијалог, соопшти Европската комисија на барање на телевизијата Н1 да ги коментира низата настани во Србија што се случија по вонредните парламентарни и локални избори одржани на 17 ноември. Иако правото на мирни демонстрации мора да се зачува, насилството не е решение и е неприфатливо. Полициските дејствија мора да бидат пропорционални и да ги почитуваат основните права во рамки на владеењето на правото, велат од Европската комисија. Како што додаваат, „приговорите за изборни нерегуларности треба соодветно да се истражат и да се постапи по нив“. Во изјавата објавена на 19 декември, Борел и Вархеји изразија очекување дека „веродостојните извештаи за (изборни) нерегуларности ќе бидат разгледани на транспарентен начин од надлежните органи на Србија“. Ова ги вклучува наводите поврзани со локалните избори во Белград и другите општини. Го повикуваме политичкото раководство на Србија да обезбеди конструктивен и инклузивен дијалог низ политичкиот спектар, порачаа Борел и Вархеји.

The post ЕК: Жалбите за изборни нерегуларности во Србија треба соодветно да се истражат appeared first on Република.

]]>
ЕК ги критикуваше Франција, Белгија, Хрватска и Финска за прекумерно трошење https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-gi-kritikuvashe-frantsija-belgija-hrvatska-i-finska-za-prekumerno-troshene/ Tue, 21 Nov 2023 16:31:44 +0000 https://republika.mk/?p=714872

Европската комисија денеска оцени дека Франција, Белгија, Хрватска и Финска „ризикуваат да не бидат во согласност со препораките за буџетот на ЕУ“ за следната година, поради прекумерната јавна потрошувачка.

Тие четири земји се повикани да ги „преземат неопходните мерки“ за да се усогласат со европските ограничувања, изјави денеска комесарот за економија Паоло Џентилони.

ЕК денеска го соопшти своето мислење за предлог-буџетот за 2024 година.

Француското Министерство за финансии, пак, објави дека буџетот е усогласен со намалувањето на јавниот дефицит, кој се очекува на 4,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Тој дефицит мора да се намали на три проценти од 2027 година, што е граница поставена со Пактот за стабилност, буџетскиот договор на земјите од еврозоната.

Во еврозоната, ниту еден нацрт-буџет за 2024 година не претставува „сериозен ризик“ од непочитување на Пактот, нагласува ЕК.

The post ЕК ги критикуваше Франција, Белгија, Хрватска и Финска за прекумерно трошење appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска оцени дека Франција, Белгија, Хрватска и Финска „ризикуваат да не бидат во согласност со препораките за буџетот на ЕУ“ за следната година, поради прекумерната јавна потрошувачка. Тие четири земји се повикани да ги „преземат неопходните мерки“ за да се усогласат со европските ограничувања, изјави денеска комесарот за економија Паоло Џентилони. ЕК денеска го соопшти своето мислење за предлог-буџетот за 2024 година. Француското Министерство за финансии, пак, објави дека буџетот е усогласен со намалувањето на јавниот дефицит, кој се очекува на 4,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Тој дефицит мора да се намали на три проценти од 2027 година, што е граница поставена со Пактот за стабилност, буџетскиот договор на земјите од еврозоната. Во еврозоната, ниту еден нацрт-буџет за 2024 година не претставува „сериозен ризик“ од непочитување на Пактот, нагласува ЕК.

The post ЕК ги критикуваше Франција, Белгија, Хрватска и Финска за прекумерно трошење appeared first on Република.

]]>
Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од јагленот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-so-4-milijardi-evra-ke-se-osloboduva-od-jaglenot/ Fri, 17 Nov 2023 10:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=702475

Меѓународни кредитори, вклучително и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и Светската банка, ќе одобрат план вреден 4 милијарди евра кој треба да ја оттргне  Македонија од користењето јаглен во енергетиката, потврди првиот човек на ЕБРД за агенцијата Ројтерс.

Договорот, кој треба да биде објавен за време на Климатскиот самит КОП28 во Дубаи кој започнува на 30 ноември, ќе содржи план за затворање на двете преостанати електрани на јаглен во земјата, РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, и нивна замена со обновлива енергија преку капацитети кои ќе произведуваат 1,7 гигавати електрична енергија.

Јагленот во  Македонија претставува 40 проценти од енергетските извори, тој е многу голем и значаен, вели претседателот на ЕБРД, Одиле Рено-Басо за Ројтерс.

Ова е еден пример за тоа што сакаме да го претставиме на КОП, да го претставиме овој пристап и што тој може да придонесе, како и нашата поддршка за земјата.

Македонија е дел од планот наречен „Инвестициска програма за праведна енергетска транзиција“, и опфаќа слични проекти за замена на јагленот со обновливи извори во Јужна Африка, Индонезија, Виетнам и Сенегал, со поддршка на влади, јавни доверители и приватни инвеститори.

Цената на проектот е голема - околу 2.000 евра по глава на жител во Македонија - и ги апострофира проблемите со финансирањето на малите земји во транзицијата кон чиста енергија.

Во 2018 година, Обединетите нации го наведоа главниот град Скопје како најзагаден град во Европа, и земјата работеше на замена на јагленот со чиста енергија. Но, во 2021 година, Македонија повторно ја отвори старата централа Осломеј за да го намали увозот на струја.

Портпарол на Климатскиот инвестициски фонд на Светската банка потврди дека Македонија е кандидат за концесиско финансирање во вредност од 85 милиони долари, и вели дека точната сума ќе биде одредена следната година.

Рено-Басо вели дека освен концесиското финансирање во вредност од 300 до 400 милиони евра, финансирањето ќе дојде од мултилатерални позајмувачи како Меѓународната финансиска корпорација и од приватниот сектор. Светската банка и владата на Македонија досега не одговорија на барањата за коментар за планот.

Македонија се приклучи кон Сојузот за енергија без јаглен во 2021 година. Откако првично планираше да го отстрани јагленот од употреба во 2027 година, рокот потоа беше продолжен за јануари 2030 година. Одложувањето, како и плановите да се отворат два нови рудника за јаглен, за да се обезбеди енергија поради војната во Украина, се слични како и плановите на други земји во ЕУ.

The post Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од јагленот appeared first on Република.

]]>

Меѓународни кредитори, вклучително и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и Светската банка, ќе одобрат план вреден 4 милијарди евра кој треба да ја оттргне  Македонија од користењето јаглен во енергетиката, потврди првиот човек на ЕБРД за агенцијата Ројтерс. Договорот, кој треба да биде објавен за време на Климатскиот самит КОП28 во Дубаи кој започнува на 30 ноември, ќе содржи план за затворање на двете преостанати електрани на јаглен во земјата, РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, и нивна замена со обновлива енергија преку капацитети кои ќе произведуваат 1,7 гигавати електрична енергија. Јагленот во  Македонија претставува 40 проценти од енергетските извори, тој е многу голем и значаен, вели претседателот на ЕБРД, Одиле Рено-Басо за Ројтерс. Ова е еден пример за тоа што сакаме да го претставиме на КОП, да го претставиме овој пристап и што тој може да придонесе, како и нашата поддршка за земјата. Македонија е дел од планот наречен „Инвестициска програма за праведна енергетска транзиција“, и опфаќа слични проекти за замена на јагленот со обновливи извори во Јужна Африка, Индонезија, Виетнам и Сенегал, со поддршка на влади, јавни доверители и приватни инвеститори. Цената на проектот е голема - околу 2.000 евра по глава на жител во Македонија - и ги апострофира проблемите со финансирањето на малите земји во транзицијата кон чиста енергија. Во 2018 година, Обединетите нации го наведоа главниот град Скопје како најзагаден град во Европа, и земјата работеше на замена на јагленот со чиста енергија. Но, во 2021 година, Македонија повторно ја отвори старата централа Осломеј за да го намали увозот на струја. Портпарол на Климатскиот инвестициски фонд на Светската банка потврди дека Македонија е кандидат за концесиско финансирање во вредност од 85 милиони долари, и вели дека точната сума ќе биде одредена следната година. Рено-Басо вели дека освен концесиското финансирање во вредност од 300 до 400 милиони евра, финансирањето ќе дојде од мултилатерални позајмувачи како Меѓународната финансиска корпорација и од приватниот сектор. Светската банка и владата на Македонија досега не одговорија на барањата за коментар за планот. Македонија се приклучи кон Сојузот за енергија без јаглен во 2021 година. Откако првично планираше да го отстрани јагленот од употреба во 2027 година, рокот потоа беше продолжен за јануари 2030 година. Одложувањето, како и плановите да се отворат два нови рудника за јаглен, за да се обезбеди енергија поради војната во Украина, се слични како и плановите на други земји во ЕУ.

The post Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од јагленот appeared first on Република.

]]>
ЕК побара информации од „Амазон“ за мерките за заштита на потрошувачите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-pobara-informatsii-od-amazon-za-merkite-za-zashtita-na-potroshuvachite/ Wed, 15 Nov 2023 13:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=701867

Европската комисија испрати официјално барање до компанијата „Амазон“ за дополнителни информации за мерките што таа ги презела за усогласување со одредбите и обврските до Законот за дигитални услуги на ЕУ, поврзани со проценката на ризикот и мерките за заштита на потрошувачите на интернет, особено во однос на ширењето на илегални производи и гаранцијата на основните права.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, „Амазон“ мора да ги достави бараните информации до Еврокомисијата најдоцна до 6 декември 2023, по што таа врз основа на проценка на одговорите ќе донесе одлука за следните чекори, кои би можеле да вклучат формално отворање постапка за неусогласеност со Законот за дигитални услуги.

Согласно законот, Комисијата може да изрече казни за дадени неточни, нецелосни или погрешни информации на барањето, а во случај да не добие одговор од страна на „Амазон“ до крајниот рок може да одреди санкции.

„Амазон“ заедно со уште 18 други социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за онлајн трговија, согласно Законот за дигитални услуги, беше прогласен за „многу голема онлајн платформа“, што го обврзува на серија одредби, вклучително и за проценка и ублажување на ризиците поврзани со ширењето на илегални и штетни содржина и за какви било негативни ефекти врз остварувањето на основните права.

Слични барања за информации за усогласеност со Законот, претходно ЕК упати и до платформите Икс, ТикТок и Јутјуб, како и до компаниите „Мета“ и „Снеп“. „Мета“ е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, а „Снеп“ на Снепчет.

The post ЕК побара информации од „Амазон“ за мерките за заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>

Европската комисија испрати официјално барање до компанијата „Амазон“ за дополнителни информации за мерките што таа ги презела за усогласување со одредбите и обврските до Законот за дигитални услуги на ЕУ, поврзани со проценката на ризикот и мерките за заштита на потрошувачите на интернет, особено во однос на ширењето на илегални производи и гаранцијата на основните права. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, „Амазон“ мора да ги достави бараните информации до Еврокомисијата најдоцна до 6 декември 2023, по што таа врз основа на проценка на одговорите ќе донесе одлука за следните чекори, кои би можеле да вклучат формално отворање постапка за неусогласеност со Законот за дигитални услуги. Согласно законот, Комисијата може да изрече казни за дадени неточни, нецелосни или погрешни информации на барањето, а во случај да не добие одговор од страна на „Амазон“ до крајниот рок може да одреди санкции. „Амазон“ заедно со уште 18 други социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за онлајн трговија, согласно Законот за дигитални услуги, беше прогласен за „многу голема онлајн платформа“, што го обврзува на серија одредби, вклучително и за проценка и ублажување на ризиците поврзани со ширењето на илегални и штетни содржина и за какви било негативни ефекти врз остварувањето на основните права. Слични барања за информации за усогласеност со Законот, претходно ЕК упати и до платформите Икс, ТикТок и Јутјуб, како и до компаниите „Мета“ и „Снеп“. „Мета“ е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, а „Снеп“ на Снепчет.

The post ЕК побара информации од „Амазон“ за мерките за заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>