Ејми Вајнхаус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ejmi-vajnhaus/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jan 2024 20:28:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ејми Вајнхаус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ejmi-vajnhaus/ 32 32 Објавен трејлер за филмот „Back to Black“: Приказна за животот на Ејми Вајнхаус https://arhiva3.republika.mk/scena/film/objaven-trejler-za-filmot-back-to-black-prikazna-za-zhivotot-na-ejmi-vajnhaus/ Thu, 11 Jan 2024 20:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=732136

„StudioCanal“ и „Monumental Pictures“ го објавија првиот официјален трејлер за „Back To Black“, биографскиот филм на Ејми Вајнхаус.

Режисер на филмот е Сем Тејлор Џонсон, а Ејми Вајнхаус и нејзините години живот во Лондон, како и нејзиниот пат до славата, верно ги долови актерката Мариса Абела.

Покрај Абела, во филмот „Back To Black“ играат и Џек О’Конел како поранешниот сопруг на Ејми, Блејк Филдер Сивил, Еди Марсан како нејзиниот татко Мич, Џулиет Кауан како нејзината мајка Џенис и Лесли Менвил како нејзината баба Синтија.

Филмот, кој има одобрение од семејството, содржи многу нејзини хит песни, снимени и изведени од Абела, пренесува NME.

Откривањето талент како Мариса Абела е како да се најде златен прав. Во моментот кога погледна во камерата на нејзината прва аудиција, знаев дека е совршена актерка за улогата на Ејми Вајнхаус. Вложуваше огромен труд и работеше многу, внимаваше на секој детал и вежбаше секој ден, со часови, за да може да пее во текот на целиот филм. Таа не ја игра Ејми, Ејми живее во неа – изјави режисерот на филмот, Тејлор Џонсон.

Тејлор Џонсон претходно го режираше биографскиот филм за Џон Ленон, како и првиот филм од франшизата „Педесет нијанси сиво“. Мет Гринхалг го напиша сценариото за филмот „Back To Black“.

Воодушевени сме што StudioCanal, Focus Features и Monumental го снимаат овој филм прославувајќи го извонредното музичко наследство на нашата ќерка Ејми и прикажувајќи го нејзиниот талент на начин на кој таа заслужува – изјавија родителите на Ејми Вајвхаус кон крајот на минатата година.

„Back To Black“ ќе се прикажува во кината низ Велика Британија и Ирска на 12 април 2024 година.

https://www.youtube.com/watch?v=Uuuzmeyw3mc

The post Објавен трејлер за филмот „Back to Black“: Приказна за животот на Ејми Вајнхаус appeared first on Република.

]]>

„StudioCanal“ и „Monumental Pictures“ го објавија првиот официјален трејлер за „Back To Black“, биографскиот филм на Ејми Вајнхаус. Режисер на филмот е Сем Тејлор Џонсон, а Ејми Вајнхаус и нејзините години живот во Лондон, како и нејзиниот пат до славата, верно ги долови актерката Мариса Абела. Покрај Абела, во филмот „Back To Black“ играат и Џек О’Конел како поранешниот сопруг на Ејми, Блејк Филдер Сивил, Еди Марсан како нејзиниот татко Мич, Џулиет Кауан како нејзината мајка Џенис и Лесли Менвил како нејзината баба Синтија. Филмот, кој има одобрение од семејството, содржи многу нејзини хит песни, снимени и изведени од Абела, пренесува NME.
Откривањето талент како Мариса Абела е како да се најде златен прав. Во моментот кога погледна во камерата на нејзината прва аудиција, знаев дека е совршена актерка за улогата на Ејми Вајнхаус. Вложуваше огромен труд и работеше многу, внимаваше на секој детал и вежбаше секој ден, со часови, за да може да пее во текот на целиот филм. Таа не ја игра Ејми, Ејми живее во неа – изјави режисерот на филмот, Тејлор Џонсон.
Тејлор Џонсон претходно го режираше биографскиот филм за Џон Ленон, како и првиот филм од франшизата „Педесет нијанси сиво“. Мет Гринхалг го напиша сценариото за филмот „Back To Black“.
Воодушевени сме што StudioCanal, Focus Features и Monumental го снимаат овој филм прославувајќи го извонредното музичко наследство на нашата ќерка Ејми и прикажувајќи го нејзиниот талент на начин на кој таа заслужува – изјавија родителите на Ејми Вајвхаус кон крајот на минатата година.
„Back To Black“ ќе се прикажува во кината низ Велика Британија и Ирска на 12 април 2024 година. https://www.youtube.com/watch?v=Uuuzmeyw3mc

The post Објавен трејлер за филмот „Back to Black“: Приказна за животот на Ејми Вајнхаус appeared first on Република.

]]>
Се снима биографски филм за Ејми Вајнхаус https://arhiva3.republika.mk/scena/film/se-snima-biografski-film-za-ejmi-vajnhaus/ Tue, 17 Jan 2023 09:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=597775

Речиси 12 години по смртта на Ејми Вајнхаус, почна снимањето на биографски филм за животот на британската соул-пејачка.

Режисерката Сем Тејлор-Џонсон објави на Инстаграм дека снимањето на „Back to Black“, именуван по вториот албум на Ејми, почнало вчера во Лондон. Таа ја објави и првата слика од глумицата Мариса Абела преобразена во познатата пејачка, со крената коса, тетоважи и големи обетки. Филмот ги следи „живописните рани години на Ејми во Лондон и нејзиното интензивно патување до ѕвездите“, се вели во известувањето.

Првиот пат кога го видов настапот на Ејми беше на шоу за таленти во џез-клуб во Сохо и веднаш беше очигледно дека не се работи само за талент… Таа беше генијалец. Се чувствувам и возбудено и понизно, бидејќи имам можност да ја реализирам и донесам убавата, единствена и трагична приказна за Ејми, придружена со најважниот дел од нејзиното наследство – нејзината музика, рече Тејлор-Џонсон.

Режисерката е можеби најпозната по хитот „50 нијанси сиво“, како и биографскиот филм „Џон Ленон: Момче кое не ветува“.

Сценариото за филмот го напиша Мет Гринхалг. Филмот е заеднички продуциран од „Фокус фичрс“, „Монјументал пикчрс“ и „Студиоканал“.

Покрај нејзиниот величенствен глас и големите музички хитови, Вајнхаус ги полнеше весниците и со своето однесување. Таа со години се бореше со зависноста од алкохол и дрога. Почина на 23 јули 2011 од труење со алкохол, на само 27 години. Во 2015 година, британскиот режисер Асиф Кападија сними документарен филм за животот на Ејми Вајнхаус, за што доби и „Оскар“.

 

The post Се снима биографски филм за Ејми Вајнхаус appeared first on Република.

]]>

Речиси 12 години по смртта на Ејми Вајнхаус, почна снимањето на биографски филм за животот на британската соул-пејачка. Режисерката Сем Тејлор-Џонсон објави на Инстаграм дека снимањето на „Back to Black“, именуван по вториот албум на Ејми, почнало вчера во Лондон. Таа ја објави и првата слика од глумицата Мариса Абела преобразена во познатата пејачка, со крената коса, тетоважи и големи обетки. Филмот ги следи „живописните рани години на Ејми во Лондон и нејзиното интензивно патување до ѕвездите“, се вели во известувањето.
Првиот пат кога го видов настапот на Ејми беше на шоу за таленти во џез-клуб во Сохо и веднаш беше очигледно дека не се работи само за талент… Таа беше генијалец. Се чувствувам и возбудено и понизно, бидејќи имам можност да ја реализирам и донесам убавата, единствена и трагична приказна за Ејми, придружена со најважниот дел од нејзиното наследство – нејзината музика, рече Тејлор-Џонсон.
Режисерката е можеби најпозната по хитот „50 нијанси сиво“, како и биографскиот филм „Џон Ленон: Момче кое не ветува“. Сценариото за филмот го напиша Мет Гринхалг. Филмот е заеднички продуциран од „Фокус фичрс“, „Монјументал пикчрс“ и „Студиоканал“. Покрај нејзиниот величенствен глас и големите музички хитови, Вајнхаус ги полнеше весниците и со своето однесување. Таа со години се бореше со зависноста од алкохол и дрога. Почина на 23 јули 2011 од труење со алкохол, на само 27 години. Во 2015 година, британскиот режисер Асиф Кападија сними документарен филм за животот на Ејми Вајнхаус, за што доби и „Оскар“.  

The post Се снима биографски филм за Ејми Вајнхаус appeared first on Република.

]]>
Почна снимањето на документарецот за Ејми Вајнхаус https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochna-snimanjeto-na-dokumentarecot-za-ejmi-vajnhaus/ Thu, 14 Jul 2022 18:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=529027

Речиси четири години по првата објава, биографскиот филм за пејачката Ејми Вајнхаус, конечно, тргнува напред на чело со режисерката Сем Тејлор-Џонсон („Педесет нијанси сиво“).
Тејлор-Џонсон (55) потпиша договор за режија на биографскиот филм „Враќање во црно“, што е истиот наслов како и на албумот на Вајнхаус од 2006 година. Проектот бргу напредува, а Тејлор-Џонсон работи по сценариото на Мет Гринхалг.
Се очекува филмот да го следи нејзиниот живот како талентирана џез-пејачка во северен Лондон до нејзиното издигнување како глобална суперѕвезда со вториот албум „Back to Black“ (2006), кој го вклучува нејзиниот голем хит-сингл „Rehab“.
Ејми стана една од петте жени во музичката историја што освоиле пет награди „греми“ во една вечер, вклучувајќи ги статуетките за најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината.

The post Почна снимањето на документарецот за Ејми Вајнхаус appeared first on Република.

]]>

Речиси четири години по првата објава, биографскиот филм за пејачката Ејми Вајнхаус, конечно, тргнува напред на чело со режисерката Сем Тејлор-Џонсон („Педесет нијанси сиво“). Тејлор-Џонсон (55) потпиша договор за режија на биографскиот филм „Враќање во црно“, што е истиот наслов како и на албумот на Вајнхаус од 2006 година. Проектот бргу напредува, а Тејлор-Џонсон работи по сценариото на Мет Гринхалг. Се очекува филмот да го следи нејзиниот живот како талентирана џез-пејачка во северен Лондон до нејзиното издигнување како глобална суперѕвезда со вториот албум „Back to Black“ (2006), кој го вклучува нејзиниот голем хит-сингл „Rehab“. Ејми стана една од петте жени во музичката историја што освоиле пет награди „греми“ во една вечер, вклучувајќи ги статуетките за најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината.

The post Почна снимањето на документарецот за Ејми Вајнхаус appeared first on Република.

]]>