Ехуд Барак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ehud-barak/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Nov 2023 09:57:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ехуд Барак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ehud-barak/ 32 32 Поранешен премиер на Израел: Ќе ја изгубиме поддршката од светот поради одговорот на нападот на Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshen-premier-na-izrael-ke-ja-izgubime-poddrshkata-od-svetot-poradi-odgovorot-na-napadot-na-hamas/ Thu, 02 Nov 2023 09:57:10 +0000 https://republika.mk/?p=697335

Ехуд Барак, поранешен израелски премиер и началник на Генералштабот на израелската армија, даде интервју за US Foreign Policy, велејќи дека Израел „веројатно ќе ја изгуби поддршката од светската јавност“ поради неговиот одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

Барак рече дека „целта е да се ограничат воените и владините капацитети на Хамас во Појасот Газа. Тоа не може да се постигне само со воздушни напади. Илјадници и илјадници војници мора да бидат распоредени на терен“.

Тој ја коментираше и поддршката од САД и западните влади во светот. - Знаеме дека за една или две недели веројатно ќе ја изгубиме поддршката на јавното мислење во многу делови од слободниот свет, а за две или три недели би можеле да ја изгубиме поддршката од многу влади во слободен свет. Мислам дека САД сè уште ќе биде со нас, но за нив ќе биде сè покомплицирано да останат со нас, оцени Барак.

Во врска со воената стратегија на Израел, поранешниот премиер рече дека ќе бидат потребни „најверојатно околу 50.000 или повеќе војници за да се осигура дека ќе победат“.

Дури и ако војната прерасне во голем регионален конфликт со Хезболах, кој има 10 пати повеќе ракети и проектили, или ако се вклучат Западниот Брег или Голанската висорамнина, Израел е сепак посилен. Тоа не е егзистенцијална закана, но ќе биде потребно повеќе време, повеќе загуби и повеќе непријатности со оние кои нè поддржуваат во светот, оцени Барак.

The post Поранешен премиер на Израел: Ќе ја изгубиме поддршката од светот поради одговорот на нападот на Хамас appeared first on Република.

]]>

Ехуд Барак, поранешен израелски премиер и началник на Генералштабот на израелската армија, даде интервју за US Foreign Policy, велејќи дека Израел „веројатно ќе ја изгуби поддршката од светската јавност“ поради неговиот одговор на нападот на Хамас на 7 октомври. Барак рече дека „целта е да се ограничат воените и владините капацитети на Хамас во Појасот Газа. Тоа не може да се постигне само со воздушни напади. Илјадници и илјадници војници мора да бидат распоредени на терен“. Тој ја коментираше и поддршката од САД и западните влади во светот. - Знаеме дека за една или две недели веројатно ќе ја изгубиме поддршката на јавното мислење во многу делови од слободниот свет, а за две или три недели би можеле да ја изгубиме поддршката од многу влади во слободен свет. Мислам дека САД сè уште ќе биде со нас, но за нив ќе биде сè покомплицирано да останат со нас, оцени Барак. Во врска со воената стратегија на Израел, поранешниот премиер рече дека ќе бидат потребни „најверојатно околу 50.000 или повеќе војници за да се осигура дека ќе победат“. Дури и ако војната прерасне во голем регионален конфликт со Хезболах, кој има 10 пати повеќе ракети и проектили, или ако се вклучат Западниот Брег или Голанската висорамнина, Израел е сепак посилен. Тоа не е егзистенцијална закана, но ќе биде потребно повеќе време, повеќе загуби и повеќе непријатности со оние кои нè поддржуваат во светот, оцени Барак.

The post Поранешен премиер на Израел: Ќе ја изгубиме поддршката од светот поради одговорот на нападот на Хамас appeared first on Република.

]]>
Ехуд Барак: Израел нема друга опција освен онаа што ја спроведува Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ehud-barak-izrael-nema-druga-optsija-osven-onaa-shto-ja-sproveduva-netanjahu/ Sun, 15 Oct 2023 17:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=691472

За Израел во оваа фаза практично нема друга опција освен онаа што владата на Бенјамин Нетанјаху ја спроведува во Газа, изјави поранешниот израелски премиер Ехуд Барак.

Говорејќи викендов за Радио 4 на Би-би-си поранешниот премиер кажа дека целта на таквата стратегија е да се осигура дека воените капацитети на Хамас ќе бидат уништени и дека управувањето со Појасот Газа ќе и биде предадено на Палестинска управа предводена од Фатах.

Тој, исто така, инсистираше на тоа дека Израел е целосно посветен на меѓународното право, но мора да ја ослободи израелската граница од контролата на Хамас, што тој го нарече „тип на операција на Ал Каеда“.

The post Ехуд Барак: Израел нема друга опција освен онаа што ја спроведува Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

За Израел во оваа фаза практично нема друга опција освен онаа што владата на Бенјамин Нетанјаху ја спроведува во Газа, изјави поранешниот израелски премиер Ехуд Барак. Говорејќи викендов за Радио 4 на Би-би-си поранешниот премиер кажа дека целта на таквата стратегија е да се осигура дека воените капацитети на Хамас ќе бидат уништени и дека управувањето со Појасот Газа ќе и биде предадено на Палестинска управа предводена од Фатах. Тој, исто така, инсистираше на тоа дека Израел е целосно посветен на меѓународното право, но мора да ја ослободи израелската граница од контролата на Хамас, што тој го нарече „тип на операција на Ал Каеда“.

The post Ехуд Барак: Израел нема друга опција освен онаа што ја спроведува Нетанјаху appeared first on Република.

]]>