ехо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eho/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 16:12:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ехо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eho/ 32 32 Има големи проблеми со скрининг програмата и наоѓање термини, новодијагностицираните не можат да закажат ехо на дојка и мамографија, апелираат пациентите и здруженијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ima-golemi-problemi-so-skrining-programata-i-naogane-termini-novodijagnostitsiranite-ne-mozhat-da-zakazhat-eho-na-dojka-i-mamografija-apeliraat-patsientite-i-zdruzhenijata/ Sat, 19 Oct 2024 16:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=828859

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што денеска се одржа во Школка во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заедно во превенција и свест за рак на дојка – твојата сила започнува со твојата свест“ во организација на Здружението „ХЕМА-ОНКО“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели и нивните членки „Пеперутки“, по повод октомври – месецот кој секаде во светот се одбележува како месец за подигнување на свеста за рак на дојка.

Настанот, како што беше посочено, е само почеток на се она што се планира да се сработи за да се промени здравствениот систем. Целта е да се промени позитивната листа, да се променат протоколите на Онкологија и да се направи современа скрининг програма која ќе биде за пациентките од рак на дојка, но и за заштита на оние кои не се заболени за да се спречи растот на бројот на заболени.

Потпретседателот и менаџер за комуникации во „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузмановска порача дека настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ кој беше почнат минатата година на Клиниката за хематологија веќе преоѓа во традиционален.

-Со овој настан го одбележуваме месец октомври кој глобално се прославува како месец за подигнување на свесноста за рак на дојка. Нашето здружение е посветено на пациенти со рак на дојка и во членството имаме голем број на пациенти со рак на дојка, тоа се нашите „Пеперутки“, изјави Кузмановска.

Претседателката на „ХЕМА-ОНКО“ Лидија Пецова истакна дека идејата за организирање на ваков настан ја добила додека живеела во Австралија каде речиси 25 години организирала „Појадок за болни од рак на дојка“.

-Ние сме посветени на пациентите со рак на дојка, но и на сите видови рак и нивните негуватели, рече Пецова.

Ана Марјановиќ посочи дека како една од „Пеперутките“ може да потврди дека во земјава не се зголемува свеста кај жените за ракот на дојката и покрај настаните како денешниов што се организираат за подигнување на нивната свест.

-Токму тоа е еден од проблемите во нашиот здравствен систем и една од причините поради која ние „Пеперутките“ од една обична фејсбук група решивме да се приклучиме кон „ХЕМА-ОНКО“ и да станеме официјално здружение, како и за поорганизирано да се бориме со системот и да ги промениме работите во здравството. Не само што треба да се работи на подигнување на самосвеста и прегледите кои сами ги прават жените, па и мажите, треба сериозно да се работи и на скрининг програмата и да се подобри целокупниот здравствен систем, вклучувајќи ја и терапијата. Токму тоа и нашата цел како „Пеперутки“, потенцира Марјановиќ и додаде дека во земјава не се знае точниот број на пациенти заболени од рак на дојка заради немањето регистар за заболени од рак.

Сепак, како што кажа, бројот на заболени годишно се зголемува за нови 1.000 до 1.200 пациенти.

-Без програма која ќе направи превенција во наредните 10 години овие бројки ќе одат само нагоре. Како онколошки пациенти на нашата листа на барања првото место го зазема промената на позитивната листа на лековите, веднаш потоа е скрининг програмата која иако е нова има премногу пропусти. Затоа треба да се преработи и за да се изработи нова програма во соработка со пациентските здруженија. Трето барање е нови протоколи на Онкологија за да се подобрат условите з апациентите, но и да се олесни работата на докторите, бидејќи во нехуманите услови што ги има и тие не можат да се посветат на пациентите како што треба, рече Марјановиќ.

Во моментов, како што кажа, според нејзините информации на Онкологија има терапија и не е вратен ниту еден пациент, а поголеми проблеми има околу скрининг програмата и наоѓање термини за дополнителни прегледи. Новодијагностицираните, додаде, имаат голем проблем за закажат ехо на дојка и мамографија, но не се чека за хируршки третман.

-Треба да се направат нови протоколи во кои ќе има соработка помеѓу Онкологија, Радиологија и Хирургија бидејќи тоа е поврзано и треба да се промени како се гледаат и како се третираат пациентите, порача Марјановиќ.

Доктор Гордана Петковска, специјалист онколог на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија што работи на одделот што третира пациенти со рак на дојка истакна дека на светско ниво од 2012 година статистиките покажуваат дека за еден отсто годишно се зголемува бројот на заболени од рак на дојка, но благодарение на развојот на медицината и на лековите за 40 отсто е намалена смртноста од оваа опака болест.

-Сметам дека е многу важно да постојат и да работат пациентски здруженија кои во светот рушат системи, обезбедуваат подобри услови за сите пациенти. Не се сами во борбата, тука сме со нив и максимално ги поддржуваме зашто нивната борба е и наша борба. И ние се соочуваме со недостаток на лекови и со недостаток на термини за дијагностика. Тоа не е во рацете само на Онкологија како институција, туку е дел од здравствениот систем за кој се надеваме дека ќе го подобриме, изјави д-р Петковска.

Нагласи дека се поместува старосната граница на заболени од рак и дека се почесто заболуваат жените под 50 годишна возраст.

-Постои преоптовареност секаде и во секоја амбуланта. Секојдневно се зголемува бројот на заболени и се трудиме секој ден да одговориме на потребите. Сепак, во Македонија се уште немаме точни податоци за заболените од рак заради регистерот на рак кој се уште е во зародиш и кој се уште не ги дава точните бројки, потенцира д-р Петковска.

На настанот присуствуваше и своја поддршка даде и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

 

The post Има големи проблеми со скрининг програмата и наоѓање термини, новодијагностицираните не можат да закажат ехо на дојка и мамографија, апелираат пациентите и здруженијата appeared first on Република.

]]>

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што денеска се одржа во Школка во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заедно во превенција и свест за рак на дојка – твојата сила започнува со твојата свест“ во организација на Здружението „ХЕМА-ОНКО“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели и нивните членки „Пеперутки“, по повод октомври – месецот кој секаде во светот се одбележува како месец за подигнување на свеста за рак на дојка. Настанот, како што беше посочено, е само почеток на се она што се планира да се сработи за да се промени здравствениот систем. Целта е да се промени позитивната листа, да се променат протоколите на Онкологија и да се направи современа скрининг програма која ќе биде за пациентките од рак на дојка, но и за заштита на оние кои не се заболени за да се спречи растот на бројот на заболени. Потпретседателот и менаџер за комуникации во „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузмановска порача дека настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ кој беше почнат минатата година на Клиниката за хематологија веќе преоѓа во традиционален. -Со овој настан го одбележуваме месец октомври кој глобално се прославува како месец за подигнување на свесноста за рак на дојка. Нашето здружение е посветено на пациенти со рак на дојка и во членството имаме голем број на пациенти со рак на дојка, тоа се нашите „Пеперутки“, изјави Кузмановска. Претседателката на „ХЕМА-ОНКО“ Лидија Пецова истакна дека идејата за организирање на ваков настан ја добила додека живеела во Австралија каде речиси 25 години организирала „Појадок за болни од рак на дојка“. -Ние сме посветени на пациентите со рак на дојка, но и на сите видови рак и нивните негуватели, рече Пецова. Ана Марјановиќ посочи дека како една од „Пеперутките“ може да потврди дека во земјава не се зголемува свеста кај жените за ракот на дојката и покрај настаните како денешниов што се организираат за подигнување на нивната свест. -Токму тоа е еден од проблемите во нашиот здравствен систем и една од причините поради која ние „Пеперутките“ од една обична фејсбук група решивме да се приклучиме кон „ХЕМА-ОНКО“ и да станеме официјално здружение, како и за поорганизирано да се бориме со системот и да ги промениме работите во здравството. Не само што треба да се работи на подигнување на самосвеста и прегледите кои сами ги прават жените, па и мажите, треба сериозно да се работи и на скрининг програмата и да се подобри целокупниот здравствен систем, вклучувајќи ја и терапијата. Токму тоа и нашата цел како „Пеперутки“, потенцира Марјановиќ и додаде дека во земјава не се знае точниот број на пациенти заболени од рак на дојка заради немањето регистар за заболени од рак. Сепак, како што кажа, бројот на заболени годишно се зголемува за нови 1.000 до 1.200 пациенти. -Без програма која ќе направи превенција во наредните 10 години овие бројки ќе одат само нагоре. Како онколошки пациенти на нашата листа на барања првото место го зазема промената на позитивната листа на лековите, веднаш потоа е скрининг програмата која иако е нова има премногу пропусти. Затоа треба да се преработи и за да се изработи нова програма во соработка со пациентските здруженија. Трето барање е нови протоколи на Онкологија за да се подобрат условите з апациентите, но и да се олесни работата на докторите, бидејќи во нехуманите услови што ги има и тие не можат да се посветат на пациентите како што треба, рече Марјановиќ. Во моментов, како што кажа, според нејзините информации на Онкологија има терапија и не е вратен ниту еден пациент, а поголеми проблеми има околу скрининг програмата и наоѓање термини за дополнителни прегледи. Новодијагностицираните, додаде, имаат голем проблем за закажат ехо на дојка и мамографија, но не се чека за хируршки третман. -Треба да се направат нови протоколи во кои ќе има соработка помеѓу Онкологија, Радиологија и Хирургија бидејќи тоа е поврзано и треба да се промени како се гледаат и како се третираат пациентите, порача Марјановиќ. Доктор Гордана Петковска, специјалист онколог на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија што работи на одделот што третира пациенти со рак на дојка истакна дека на светско ниво од 2012 година статистиките покажуваат дека за еден отсто годишно се зголемува бројот на заболени од рак на дојка, но благодарение на развојот на медицината и на лековите за 40 отсто е намалена смртноста од оваа опака болест. -Сметам дека е многу важно да постојат и да работат пациентски здруженија кои во светот рушат системи, обезбедуваат подобри услови за сите пациенти. Не се сами во борбата, тука сме со нив и максимално ги поддржуваме зашто нивната борба е и наша борба. И ние се соочуваме со недостаток на лекови и со недостаток на термини за дијагностика. Тоа не е во рацете само на Онкологија како институција, туку е дел од здравствениот систем за кој се надеваме дека ќе го подобриме, изјави д-р Петковска. Нагласи дека се поместува старосната граница на заболени од рак и дека се почесто заболуваат жените под 50 годишна возраст. -Постои преоптовареност секаде и во секоја амбуланта. Секојдневно се зголемува бројот на заболени и се трудиме секој ден да одговориме на потребите. Сепак, во Македонија се уште немаме точни податоци за заболените од рак заради регистерот на рак кој се уште е во зародиш и кој се уште не ги дава точните бројки, потенцира д-р Петковска. На настанот присуствуваше и своја поддршка даде и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.  

The post Има големи проблеми со скрининг програмата и наоѓање термини, новодијагностицираните не можат да закажат ехо на дојка и мамографија, апелираат пациентите и здруженијата appeared first on Република.

]]>
Отворено 15. издание на ЕХО Фестивалот на планински филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-15-izdanie-na-eho-festivalot-na-planinski-film/ Sat, 19 Oct 2024 09:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=828739

Со проекција на филмот „Виорник од работ“ на режисерот Игор Вртачник од Словенија, синоќа во салата на Домот на АРМ во Скопје започна 15-тото издание на Фестивалот на планински филм Ехо.

Програмата во следните денови продолжува во Кинотека.

Денеска по 18 часот Националниот парк Шар Планина, најмладиот национален парк во нашата држава, ќе ги презентира нивните активности и предизвици, а Македонското еколошко друштво ќе изврши презентација на тема „Пожари: што пред и после нив?“. Веднаш потоа следи проекцијата на филмот „Рај“ на Александар Абатуров од Франција, кој ја освои наградата за најдобра кинематографија на ИДФА.

The post Отворено 15. издание на ЕХО Фестивалот на планински филм appeared first on Република.

]]>

Со проекција на филмот „Виорник од работ“ на режисерот Игор Вртачник од Словенија, синоќа во салата на Домот на АРМ во Скопје започна 15-тото издание на Фестивалот на планински филм Ехо. Програмата во следните денови продолжува во Кинотека. Денеска по 18 часот Националниот парк Шар Планина, најмладиот национален парк во нашата држава, ќе ги презентира нивните активности и предизвици, а Македонското еколошко друштво ќе изврши презентација на тема „Пожари: што пред и после нив?“. Веднаш потоа следи проекцијата на филмот „Рај“ на Александар Абатуров од Франција, кој ја освои наградата за најдобра кинематографија на ИДФА.

The post Отворено 15. издание на ЕХО Фестивалот на планински филм appeared first on Република.

]]>
МЗ почна да испраќа смс-пораки до жени над 45 години за ехо и мамографија на дојки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-pochna-da-isprakja-sms-poraki-do-zeni-nad-45-godini-za-eho-i-mamografija-na-dojki/ Fri, 11 Nov 2022 12:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=572733

Министерството за здравство соопшти дека започнало со испраќање на смс-пораки до жени на возраст над 45 години кои се евидентирани во системот Мој термин за ехо и мамографија на дојки. Во пораките кои се испратени се дадени насоки и како да откажат или да го преместат терминот, доколку за тоа имаат потреба.

Медиумите објавија дека во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци.

https://republika.mk/vesti/makedonija/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/

Целна популација на скрининг програмата се жените на возраст од 45 до 69 години, кои не извршиле преглед во изминатите две години, или никогаш не направиле мамографски преглед.

Во скрининг програмата за дојка може да се пријават жени на возраст од 40 до 44 години, доколку имаат позитивна семејна анамнеза кај еден или повеќе членови во семејството, и тоа со: рак на дојка, овариуми, дебело црево или панкреас.

Кај матичните лекари е изработен посебен модул во кој тие може да ги видат информациите за своите пациентки (дали им е закажан преглед и кога), за што дополнително ќе бидат информирани сите матични лекари по пат на е-маил известување од Управата за електронско здравство, велат од МЗ.

Сите учесници во скринингот може да ги видат закажаните пациентки во своите центри.

Ова значи дека жените со потврден карцином на биопсија во рок од една недела од изготвениот радиолошки извештај и хистопатолошки наод според патеката ќе се упатуваат на торакална хирургија со упат од специјалист радиолог, за што Управата за електронско здравство креира амбуланта за жена од скрининг програмата.

За жените, пак, кои сакаат да направат мамографија и ехо или имаат потреба пред и по операција или онколошка терапија, Националната комисија при МЗ направи патека како жената да стигне на преглед, со цел жената да стигне соодветно на ехо и мамографија согласно здравствената состојба.

За жените во скрининг, кои имаат потреба од дополнителни прегледи е овозможено радиологот да издава упат за ехо преглед, биопсија, торакална хирургија и тоа е најбрзиот пат од суспектен карцином до операција.

Од МЗ велат дека од први ноември годинава продолжиле со националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка, имајќи предвид дека за време на ковид пандемијата беше отежнат пристапот до оваа дијагностичка процедура.

Мамографско снимање, односно скрининг мамографија, во моментот се врши во следните ЈЗУ:
Универзитетски институт за радиологија, ГОБ „8-ми Септември“, Универзитетска клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски, клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, Општа болница со проширена дејност Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Општа болница Охрид, Велес, Здравствен дом Скопје - поликлиника Букурешт и поликлиника Чаир, како и во Здравствен дом Радовиш.

Согласно податоците од електронската евиденција на Управата Мојтермин, само за илустрација, во ГОБ „8 Септември“ во октомври се закажани вкупно 149 термини за дијагностика, од кои 94 се реализирани , а 55 жени закажаниот термин не го искористиле. Исто така, во Здравствен дом Скопје- Поликлиника Букурешт за месец октомври, од закажани 208 термини за мамографија, реализирани биле 173 термини, додека 35 жени закажаниот термин не го искористиле.

Преку скрининг програмата дополнително се овозможуваат термини за прегледи на навидум здрави жени и тоа во истите болници каде има и паралелно термини за дијагностика. При што, вкупно, во ноември им е овозможено на 2.499 жени да направат мамографски преглед со скрининг програмата. Од 1 до 10 ноември, 2022 година, вкупно се закажани 963 жени за мамографија, а од нив терминот го искористиле вкупно 390 жени, додека закажаниот термин не го искористиле вкупно 573 жени.

https://republika.mk/vesti/makedonija/od-januari-nema-da-razgovarame-dali-kje-ima-mamografija-vo-negotino-ili-pacientite-kje-se-snimaat-vo-skopje-reche-ministerot-za-zdravstvo/

The post МЗ почна да испраќа смс-пораки до жени над 45 години за ехо и мамографија на дојки appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство соопшти дека започнало со испраќање на смс-пораки до жени на возраст над 45 години кои се евидентирани во системот Мој термин за ехо и мамографија на дојки. Во пораките кои се испратени се дадени насоки и како да откажат или да го преместат терминот, доколку за тоа имаат потреба. Медиумите објавија дека во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци. https://republika.mk/vesti/makedonija/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/ Целна популација на скрининг програмата се жените на возраст од 45 до 69 години, кои не извршиле преглед во изминатите две години, или никогаш не направиле мамографски преглед. Во скрининг програмата за дојка може да се пријават жени на возраст од 40 до 44 години, доколку имаат позитивна семејна анамнеза кај еден или повеќе членови во семејството, и тоа со: рак на дојка, овариуми, дебело црево или панкреас.
Кај матичните лекари е изработен посебен модул во кој тие може да ги видат информациите за своите пациентки (дали им е закажан преглед и кога), за што дополнително ќе бидат информирани сите матични лекари по пат на е-маил известување од Управата за електронско здравство, велат од МЗ.
Сите учесници во скринингот може да ги видат закажаните пациентки во своите центри. Ова значи дека жените со потврден карцином на биопсија во рок од една недела од изготвениот радиолошки извештај и хистопатолошки наод според патеката ќе се упатуваат на торакална хирургија со упат од специјалист радиолог, за што Управата за електронско здравство креира амбуланта за жена од скрининг програмата. За жените, пак, кои сакаат да направат мамографија и ехо или имаат потреба пред и по операција или онколошка терапија, Националната комисија при МЗ направи патека како жената да стигне на преглед, со цел жената да стигне соодветно на ехо и мамографија согласно здравствената состојба. За жените во скрининг, кои имаат потреба од дополнителни прегледи е овозможено радиологот да издава упат за ехо преглед, биопсија, торакална хирургија и тоа е најбрзиот пат од суспектен карцином до операција. Од МЗ велат дека од први ноември годинава продолжиле со националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка, имајќи предвид дека за време на ковид пандемијата беше отежнат пристапот до оваа дијагностичка процедура. Мамографско снимање, односно скрининг мамографија, во моментот се врши во следните ЈЗУ: Универзитетски институт за радиологија, ГОБ „8-ми Септември“, Универзитетска клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски, клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, Општа болница со проширена дејност Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Општа болница Охрид, Велес, Здравствен дом Скопје - поликлиника Букурешт и поликлиника Чаир, како и во Здравствен дом Радовиш. Согласно податоците од електронската евиденција на Управата Мојтермин, само за илустрација, во ГОБ „8 Септември“ во октомври се закажани вкупно 149 термини за дијагностика, од кои 94 се реализирани , а 55 жени закажаниот термин не го искористиле. Исто така, во Здравствен дом Скопје- Поликлиника Букурешт за месец октомври, од закажани 208 термини за мамографија, реализирани биле 173 термини, додека 35 жени закажаниот термин не го искористиле. Преку скрининг програмата дополнително се овозможуваат термини за прегледи на навидум здрави жени и тоа во истите болници каде има и паралелно термини за дијагностика. При што, вкупно, во ноември им е овозможено на 2.499 жени да направат мамографски преглед со скрининг програмата. Од 1 до 10 ноември, 2022 година, вкупно се закажани 963 жени за мамографија, а од нив терминот го искористиле вкупно 390 жени, додека закажаниот термин не го искористиле вкупно 573 жени. https://republika.mk/vesti/makedonija/od-januari-nema-da-razgovarame-dali-kje-ima-mamografija-vo-negotino-ili-pacientite-kje-se-snimaat-vo-skopje-reche-ministerot-za-zdravstvo/

The post МЗ почна да испраќа смс-пораки до жени над 45 години за ехо и мамографија на дојки appeared first on Република.

]]>