ЕХО Фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eho-festival/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 07:34:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕХО Фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eho-festival/ 32 32 Со проекција на филмот „Виорник од работ“ ќе се отвори 15. издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-proektsija-na-filmot-viornik-od-rabot-ke-se-otvori-15-izdanie-na-eho-festival-na-planinski-film-2024/ Fri, 18 Oct 2024 07:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=828301

Со проекција на филмот „Виорник од работ“, во режија на Игор Вртачник, Словенија, во Домот на АРМ во Скопје денеска официјално ќе биде отворено 15 - то издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 година. Фестивалот ќе трае од 18-25 октомври 2024, а следните седум денови ќе продолжи програмата во Кинотеката.

Како што е најавено од организаторите, на отворањето на фестивалот обраќање ќе има и режисерот на филмот Игор Вртачник.

Ова издание на фестивалот ЕХО, е посветено на ширење на планинската култура, преку филмови, изложби, издавање книги, панел дискусии, детски и филмски работилници, предавања на многу различни теми.

Темата на фестивалот опфаќа планински спортови, еколошки филмови, документарни филмови што ја отсликуваат врската помеѓу човекот и природата.

Детските работилници, како што е најавено, ќе се одржат во ЕУ Хаус, освен една која ќе биде демонстрација на поставување на фото замки за диви животни од страна на Македонското еколошко друштво, која ќе се одржи во дворот на Кинотеката. Работилницата „Планински креативен документарен филм“ е исто така во Кинотека на РМ.

Имаме три филмски жирија, Главно жири составено од Трифун Ситниковски, Златко Ѓелески и Маја Мухич, Еколошко жири составено од членови на Македонското еколошко друштво, жири за најдобар алпинистички и качувачки филм, составено со членови на Македонската алпинистичка федерација, и жири за најдобар ски/сноуборд филм. На фестивалот за конкурсот за најдобра фотографија ќе оценува и жири за најдобра планинска фотографија, составено од членови на зрно фестивалот, соопшти тимот на ЕХО.

Додаваат дека секоја вечер освен отворањето и затворањето на фестивалот, ќе има по некоја презентација или панел дискусија.

The post Со проекција на филмот „Виорник од работ“ ќе се отвори 15. издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 appeared first on Република.

]]>

Со проекција на филмот „Виорник од работ“, во режија на Игор Вртачник, Словенија, во Домот на АРМ во Скопје денеска официјално ќе биде отворено 15 - то издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 година. Фестивалот ќе трае од 18-25 октомври 2024, а следните седум денови ќе продолжи програмата во Кинотеката. Како што е најавено од организаторите, на отворањето на фестивалот обраќање ќе има и режисерот на филмот Игор Вртачник. Ова издание на фестивалот ЕХО, е посветено на ширење на планинската култура, преку филмови, изложби, издавање книги, панел дискусии, детски и филмски работилници, предавања на многу различни теми. Темата на фестивалот опфаќа планински спортови, еколошки филмови, документарни филмови што ја отсликуваат врската помеѓу човекот и природата. Детските работилници, како што е најавено, ќе се одржат во ЕУ Хаус, освен една која ќе биде демонстрација на поставување на фото замки за диви животни од страна на Македонското еколошко друштво, која ќе се одржи во дворот на Кинотеката. Работилницата „Планински креативен документарен филм“ е исто така во Кинотека на РМ.
Имаме три филмски жирија, Главно жири составено од Трифун Ситниковски, Златко Ѓелески и Маја Мухич, Еколошко жири составено од членови на Македонското еколошко друштво, жири за најдобар алпинистички и качувачки филм, составено со членови на Македонската алпинистичка федерација, и жири за најдобар ски/сноуборд филм. На фестивалот за конкурсот за најдобра фотографија ќе оценува и жири за најдобра планинска фотографија, составено од членови на зрно фестивалот, соопшти тимот на ЕХО.
Додаваат дека секоја вечер освен отворањето и затворањето на фестивалот, ќе има по некоја презентација или панел дискусија.

The post Со проекција на филмот „Виорник од работ“ ќе се отвори 15. издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 appeared first on Република.

]]>
ЕХО фестивалот на планински филм пред прилепската публика https://arhiva3.republika.mk/scena/film/eho-festivalot-na-planinski-film-pred-prilepskata-publika/ Wed, 13 Mar 2024 11:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=754360

Прилеп како докажана дестинација која ја негува планинската култура, традиционално ќе биде домаќин на ЕХО фестивалот на планински филм, кој ќе се претстави пред прилепската публика со дел од овогодинешната програма.

Организатор на настанот е здружението Форум за Авангардна Креативност – Прилеп со поддршка на INTERLUCAS и CLS equipment. Форумот за Авангардна Креативност оваа година одбележува 25 години од постоењето и со неколку активности преку целата година ќе го промовира јубилејот.

Проекцијата на филмови ќе се одржи на 14ти март (четврток) во Кино Мис Стон, НУЦК „ Марко Цепенков “ – Прилеп со почеток во 19:00 часот.

Програма:

Блок 1, 19:00 часот

Претставување на најновата публикација на ЕХО: „Пат“ на Нејц Заплотник, 15’

„Еголенд“, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 20’

„До планините и назад“, Мајк Квигли, Канада, 47’

ПАУЗА 15мин

Блок 2, 20:45 часот

„Поврзување на летови“, Николас Бриксл, Германија, 19’

„Звучен опсег“, Тими Онил, САД, 15′

„Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Јаник Боисено, Франција, 27’

„АлтаВиа 4000“, Лука Матасони и Марко Тоноли, Италија, 37’

Влезот е слободен.

The post ЕХО фестивалот на планински филм пред прилепската публика appeared first on Република.

]]>

Прилеп како докажана дестинација која ја негува планинската култура, традиционално ќе биде домаќин на ЕХО фестивалот на планински филм, кој ќе се претстави пред прилепската публика со дел од овогодинешната програма. Организатор на настанот е здружението Форум за Авангардна Креативност – Прилеп со поддршка на INTERLUCAS и CLS equipment. Форумот за Авангардна Креативност оваа година одбележува 25 години од постоењето и со неколку активности преку целата година ќе го промовира јубилејот. Проекцијата на филмови ќе се одржи на 14ти март (четврток) во Кино Мис Стон, НУЦК „ Марко Цепенков “ – Прилеп со почеток во 19:00 часот. Програма: Блок 1, 19:00 часот Претставување на најновата публикација на ЕХО: „Пат“ на Нејц Заплотник, 15’ „Еголенд“, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 20’ „До планините и назад“, Мајк Квигли, Канада, 47’ ПАУЗА 15мин Блок 2, 20:45 часот „Поврзување на летови“, Николас Бриксл, Германија, 19’ „Звучен опсег“, Тими Онил, САД, 15′ „Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Јаник Боисено, Франција, 27’ „АлтаВиа 4000“, Лука Матасони и Марко Тоноли, Италија, 37’ Влезот е слободен.

The post ЕХО фестивалот на планински филм пред прилепската публика appeared first on Република.

]]>