ЕХФ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ehf/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 11:56:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕХФ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ehf/ 32 32 ЕХФ „удри“ по џебот на Турците https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ehf-udri-po-dhebot-na-turtsite/ Tue, 01 Oct 2024 11:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=821403

Ракометниот Суд на Европската ракометна федерација донесе одлука по отворената постапка против Турската федерација.

Беше отворена процедура против турската делегација за однесување на ЕХФ шампионатот во Косово.

ЕХФ ја казни турската федерација со 3.000 евра за неспортско и несоодветно однесување на делегацијата.

Турците го освоија шестото место на ЕХФ шампионатот во Косово и не успеаја да обезбедат промоција на ЕП.

The post ЕХФ „удри“ по џебот на Турците appeared first on Република.

]]>

Ракометниот Суд на Европската ракометна федерација донесе одлука по отворената постапка против Турската федерација. Беше отворена процедура против турската делегација за однесување на ЕХФ шампионатот во Косово. ЕХФ ја казни турската федерација со 3.000 евра за неспортско и несоодветно однесување на делегацијата. Турците го освоија шестото место на ЕХФ шампионатот во Косово и не успеаја да обезбедат промоција на ЕП.

The post ЕХФ „удри“ по џебот на Турците appeared first on Република.

]]>
Филип Додевски се стекна со сертификат од програмата за менаџери на ЕХФ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/filip-dodevski-se-stekna-so-sertifikat-od-programata-za-menadheri-na-ehf/ Sun, 02 Jul 2023 11:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=658934

Филип Додевски, членот на Управниот Одбор на Куманово, се стекна со сертификат од специјализираната програма „Европски ракометен менаџер“ што ја организира Европската Ракометна Федерација.

ЕХФ ја реализира оваа програма во соработка со Универзитетот за Спорт од Келн, Германија, а завршните проекти учесниците ги презентираа за време на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Додевски е еден од ретките во регионот кој успешно ја заврши програмата, а претходно програмата ја завршија менаџери од врвни европски клубови, како што се Кил, Веспрем, Ѓер…

-По препорака на луѓе од ЕХФ се пријавив за програмата, затоа што тоа беше предизвик за мене. Ова беше добро искуство, а сертификатот верува ќе бида од корист за македонскиот ракометен спорт - вели Додевски.

Програмата вклучува менаџирање со играчи, национални тимови, федерации и се одвива на секои две години на англиски јазик, а се состои од пет интердисциплинарни модули.

Секој модул вклучува теоретски и практични делови, кои се учат експерти од различни области, вклучувајќи економија, право, комуникација и психологија. Вкупно се примаат 20 апликанти секоја година.

The post Филип Додевски се стекна со сертификат од програмата за менаџери на ЕХФ appeared first on Република.

]]>

Филип Додевски, членот на Управниот Одбор на Куманово, се стекна со сертификат од специјализираната програма „Европски ракометен менаџер“ што ја организира Европската Ракометна Федерација. ЕХФ ја реализира оваа програма во соработка со Универзитетот за Спорт од Келн, Германија, а завршните проекти учесниците ги презентираа за време на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Додевски е еден од ретките во регионот кој успешно ја заврши програмата, а претходно програмата ја завршија менаџери од врвни европски клубови, како што се Кил, Веспрем, Ѓер…
-По препорака на луѓе од ЕХФ се пријавив за програмата, затоа што тоа беше предизвик за мене. Ова беше добро искуство, а сертификатот верува ќе бида од корист за македонскиот ракометен спорт - вели Додевски.
Програмата вклучува менаџирање со играчи, национални тимови, федерации и се одвива на секои две години на англиски јазик, а се состои од пет интердисциплинарни модули. Секој модул вклучува теоретски и практични делови, кои се учат експерти од различни области, вклучувајќи економија, право, комуникација и психологија. Вкупно се примаат 20 апликанти секоја година.

The post Филип Додевски се стекна со сертификат од програмата за менаџери на ЕХФ appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Македонската ракометна легенда Кире Лазаров влезе во „Куќа на славните“ на ЕХФ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/sledete-vo-zhivo-ehf-otvora-kuka-na-slavnite-se-ochekuva-da-vleze-i-kire-lazarov/ Mon, 26 Jun 2023 15:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=655238

Maкедонскиот најдобар ракометар Кирил Лазаров кој е и актуелен селектор и официјално влезе во „Куќата на славните“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ) како што беше најавено.

Европската куќа на ракометот ќе го одбележи 30-годишниот јубилеј со отворање на „Куќа на славните“ во која се најде и Лазаров.

Лазаров сѐ уште го држи рекордот за најмногу голови во Лигата на шампионите, беше најдобар стрелец на Европското првенство и двапати најдобар стрелец во Лигата на шампионите, која и ја освојуваше.

На настанот ќе се избира и олстар тим на сезоната и МВП играч. Сите кои ќе сакаат да го следат во живо ќе можат на официјалната страна на ЕХФ, почетокот е од 17:30 часот.

The post Следете во живо: Македонската ракометна легенда Кире Лазаров влезе во „Куќа на славните“ на ЕХФ appeared first on Република.

]]>

Maкедонскиот најдобар ракометар Кирил Лазаров кој е и актуелен селектор и официјално влезе во „Куќата на славните“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ) како што беше најавено. Европската куќа на ракометот ќе го одбележи 30-годишниот јубилеј со отворање на „Куќа на славните“ во која се најде и Лазаров. Лазаров сѐ уште го држи рекордот за најмногу голови во Лигата на шампионите, беше најдобар стрелец на Европското првенство и двапати најдобар стрелец во Лигата на шампионите, која и ја освојуваше. На настанот ќе се избира и олстар тим на сезоната и МВП играч. Сите кои ќе сакаат да го следат во живо ќе можат на официјалната страна на ЕХФ, почетокот е од 17:30 часот.

The post Следете во живо: Македонската ракометна легенда Кире Лазаров влезе во „Куќа на славните“ на ЕХФ appeared first on Република.

]]>
ЕХФ: Првакот на Македонија ќе има директно место во ЛШ во следната сезона https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ehf-prvakot-na-makedonija-kje-ima-direktno-mesto-vo-lsh-vo-slednata-sezona/ Tue, 27 Sep 2022 18:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=554947

Новиот шампион на Мaкедонија во ракометната сезона 2022/23 ќе има автоматско место во Лигата на Шампионите за наредната сезона, објави денеска ЕХФ.

Европската куќа на ракометот денеска ја објави официјалната ранг-листа за учеството во европските купови за 2023/24, ранкинг на кој Македонија се наоѓа на осмото место пред се благодарение на втората европска круна освоена од страна на Вардар.

Со оглед на фактот дека првите девет земји од листата имаат автоматски учесник во Лигата на Шампионите, се очекува мак-ракометот повторно да има свој претставник во елитното натпреварување.

Вардар со години наназад беше дел од ЛШ, но „црвено-црните“ на самиот старт од сезонава беа суспендирани од страна на ЕХФ поради неплатени долгови.

Исходот беше неочекуван, па така вицешампионот Еурофарм Пелистер воошто не аплицираше за место во ЛШ, а мак-ракометот е без учесник во елитното клупско натпреварување.

Сепак, се очекува по една година пауза македонските тимови да се вратат на големата сцена, а останува да се види дали тоа ќе биде Вардар или Еурофарм Пелистер, големите ривали кои и сезонава ќе водат битка за шампионскиот трофеј.

The post ЕХФ: Првакот на Македонија ќе има директно место во ЛШ во следната сезона appeared first on Република.

]]>

Новиот шампион на Мaкедонија во ракометната сезона 2022/23 ќе има автоматско место во Лигата на Шампионите за наредната сезона, објави денеска ЕХФ. Европската куќа на ракометот денеска ја објави официјалната ранг-листа за учеството во европските купови за 2023/24, ранкинг на кој Македонија се наоѓа на осмото место пред се благодарение на втората европска круна освоена од страна на Вардар. Со оглед на фактот дека првите девет земји од листата имаат автоматски учесник во Лигата на Шампионите, се очекува мак-ракометот повторно да има свој претставник во елитното натпреварување. Вардар со години наназад беше дел од ЛШ, но „црвено-црните“ на самиот старт од сезонава беа суспендирани од страна на ЕХФ поради неплатени долгови. Исходот беше неочекуван, па така вицешампионот Еурофарм Пелистер воошто не аплицираше за место во ЛШ, а мак-ракометот е без учесник во елитното клупско натпреварување. Сепак, се очекува по една година пауза македонските тимови да се вратат на големата сцена, а останува да се види дали тоа ќе биде Вардар или Еурофарм Пелистер, големите ривали кои и сезонава ќе водат битка за шампионскиот трофеј.

The post ЕХФ: Првакот на Македонија ќе има директно место во ЛШ во следната сезона appeared first on Република.

]]>
Кадетите го освоија ЕХФ-шампионатот и обезбедија пласман на ЕП и СП https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/kadetite-go-osvoija-ehf-shampionatot-i-obezbedija-plasman-na-ep-i-sp/ Sun, 14 Aug 2022 16:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=540273

Младите македонски ракометни со пет победи во исто толку одиграни средби го освоја првото место на ЕХФ шампионатот за играчи до 18 години што се одржа во Рига, Летонија.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ попладнево во финалето ја совладаа селекцијата на Швајцарија со 24-22 полувреме 13-10 и заслужено се закитија со златото.

Триумфот на ова првенство е дотолку поголем за оваа генерација, која се овој резултат се избори и за настап на две следни големи натпреварувања.

Тие следната година ќе играат на Светското првенство за ракометари до 19 години, а во 2024-та ќе бидат и дел од елоитата на Европскиот шампионат за играчи до 20 години .

The post Кадетите го освоија ЕХФ-шампионатот и обезбедија пласман на ЕП и СП appeared first on Република.

]]>

Младите македонски ракометни со пет победи во исто толку одиграни средби го освоја првото место на ЕХФ шампионатот за играчи до 18 години што се одржа во Рига, Летонија. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ попладнево во финалето ја совладаа селекцијата на Швајцарија со 24-22 полувреме 13-10 и заслужено се закитија со златото. Триумфот на ова првенство е дотолку поголем за оваа генерација, која се овој резултат се избори и за настап на две следни големи натпреварувања. Тие следната година ќе играат на Светското првенство за ракометари до 19 години, а во 2024-та ќе бидат и дел од елоитата на Европскиот шампионат за играчи до 20 години .

The post Кадетите го освоија ЕХФ-шампионатот и обезбедија пласман на ЕП и СП appeared first on Република.

]]>
Стојановски: ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ за да се отвори место за Алборг https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/stojanovski-ehf-tendenciozno-go-iskluchi-vardar-od-lsh-za-da-se-otvori-mesto-za-alborg/ Mon, 27 Jun 2022 07:53:26 +0000 https://republika.mk/?p=520087

Извршниот директор на АД РК Вардар, Давор Стојановски денес во обраќање до јавноста објасни како дојде до ситуацијата „црвено-црните“ да бидат исклучени од Лигата на шампионите.

Стојановски смета дека Вардар е исклучен тенденциозно со цел неговото место да го добие друга екипа која не избори учество во елитното натпреварување по регуларен пат.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Стојановски:

Почитувани спортски пријатели, навивачи и поддржувачи на РК Вардар. По освојувањето на двојната круна во Македонија на голема жалост ја добивме некоректната одлукана извршниот одбор на Европската ракометна федерација за исклучување на двојниот шампион АД РК Вардар 1961 од Лигата на шампионите и сакаме да Ве известиме дека повеќе од јасно ни е како е донесена оваа одлука, а не се однесува на наводниот долг од минатите сезони.

Врз основа на соопштението објавено од страна на РК Вардар 1961 година би сакале на јавноста да и ја прецизираме целата вистина. АД РК Вардар пред и по освојувањето на втората европска титула јавно кажа дека повеќе не е во можност финансиски и понатаму да го одржува клубот со буџетот како во изминатите 5 години. После освојувањето на втората европска титула во 2019 година добивме повик од премиерот на Република Македонија каде ни беше ветена финансиска помош од 2.5 милиони евра од државата и побарано да се вложат дополнителни 2.5 милиони евра од сопственикот на клубот за да може да се задржи истата екипа и Вардар да продолжи со истото ниво како досега, но на жалост тоа никогаш не се реализираше. Единствена награда која клубот ја доби за европската титула во 2019 беа 500.000 евра добиени од Градоначалникот на Град Скопје кои не беа доволни ни за исплата на бонусите (наградите) на играчите за освојување на титулата.

При преземањето на клубот од страна на Михајло Михајловски во правна постапка согласно законите АД РК Вардар 1961 стана правен следбеник каде го наследи спортскиот континуитет, но не и обврските на АД РК Вардар.

Во истиот момент од страна на ЕХФ беше доставено барање со кое условија за да се задржи спортскиот континуитет на двете титули кон новиот АД РК Вардар 1961 да бидат превземени сите обврски кои произлегуваат од минатите сезони.

Вистина е дека во тој момент АД РК Вардар имаше одредени долгови кон играчите но новиот следбеник АД РК Вардар 1961 побара и доби од Сергеј Самсоненко покрај гаранциите со секој играч и обезбедување во висина од 2.5 милиони евра кое е поголемо од тогашниот долг потпишано и заверено нотарски каде гарантира со целиот свој личен имот се со цел да не произлезат понатамошни штети на новиот следбеник.

Во меѓувреме на жалост се соочивме со светска криза и пандемија во која и покрај се г-дин Сергеј Самсоненко успева да сервисира дел од долгот но не целосно. Јуни 2021 година АД РК Вардар 1961 добива услов од ЕХФ да достави депозит од 1 милион евра како сигурност за неисплатените долгови кон играчите доколку сака да се натпреварува во следната сезона. По добивањето на овој услов Михајловски се обрати до управата на поранешниот Вардар која вложи максимални напори и депозитот кој беше побаран од 1 милион евра се реализираше лично од сопственикот на РК Вардар Сергеј Самсоненко, односно во рок од 30 дена од добивањето на условот на ЕХФг-дин Сергеј Самсоненко исплати 700.000 евра кон играчите и даде 300.000 евра позајмица на АД РК Вардар 1961 кои беа депонираникон ЕХФ.

Во целиот овој период на исплата од страна на Самсоненко,  Михајловски и управата на поранешниот Вардар беа во постојана комуникација со играчите и преговорите со нив, каде секогаш добивавме поддршка од нив и никогаш не наидовме на незадоволство за временските рокови кои беа заеднички усогласувани.

За останатиот долг кој требаше да се реализира до 15.05.2022 година г-дин Сергеј Самсоненко повлече кредит од банка во висина од 500.000,00 евра предвидени за подмирување на обврските кон играчите. Причината за нивното задоцнување до 27.05.2022 беа дополнителните административни процедури со банката.

По извршената уплата од 500.000,00 евра согласно условот од минатата година депозитот од 300.000,00 евра требаше веднаш да биде ослободен за комплетна исплата кон играчите за кои ЕХФ доби прецизен список со имиња, но за жал тоа до денес се нема случено и сеуште овој износ е на сметката на ЕХФ, како и одреден износ кој се уште не е исплатен за минатите сезони.И повеќе од се на кое сакаме да воочиме е дека ниту еден играч кон РК Вардар нема поднесено тужбено барање пред ниеден суд во Република Македонија како и пред арбитражниот суд на европската федерација за да може да биде донесена ваква апсудрна одлука за негово исклучување. Веќе две години се слуша како постои незадоволство од ростерот на играчи на АД РК Вардар 1961 и кога конечно клубот и покрај се вложи напори каде донесе засилувања се со цел да се подобрува во натпреварувачката сезона го добива линчот од ЕХФ. Поради сето тоа нашите видувања се дека исклучувањето на АД РК Вардар 1961 е тендециозно направено за да може екипи како Алборг кои не го освоија домашното првенство а ги добија во состав играчите како Микел Хансен и други за следната сезона да можат да бидат дел од Лигата на шампионите. Вардар секогаш ќе биде најголемиот спортски бренд во Македонија, ја заслужува поддршката во моментов и по било каква одлука донесена понатаму двете титули се испишани и ќе се пишуваат уште многу во европскиот ракомет, стои во соопштението на Давор Стојановски.

За во 11 часот прес-конференција закажа генералниот менаџер на клубот, Михајловски.

The post Стојановски: ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ за да се отвори место за Алборг appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на АД РК Вардар, Давор Стојановски денес во обраќање до јавноста објасни како дојде до ситуацијата „црвено-црните“ да бидат исклучени од Лигата на шампионите. Стојановски смета дека Вардар е исклучен тенденциозно со цел неговото место да го добие друга екипа која не избори учество во елитното натпреварување по регуларен пат. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Стојановски:
Почитувани спортски пријатели, навивачи и поддржувачи на РК Вардар. По освојувањето на двојната круна во Македонија на голема жалост ја добивме некоректната одлукана извршниот одбор на Европската ракометна федерација за исклучување на двојниот шампион АД РК Вардар 1961 од Лигата на шампионите и сакаме да Ве известиме дека повеќе од јасно ни е како е донесена оваа одлука, а не се однесува на наводниот долг од минатите сезони. Врз основа на соопштението објавено од страна на РК Вардар 1961 година би сакале на јавноста да и ја прецизираме целата вистина. АД РК Вардар пред и по освојувањето на втората европска титула јавно кажа дека повеќе не е во можност финансиски и понатаму да го одржува клубот со буџетот како во изминатите 5 години. После освојувањето на втората европска титула во 2019 година добивме повик од премиерот на Република Македонија каде ни беше ветена финансиска помош од 2.5 милиони евра од државата и побарано да се вложат дополнителни 2.5 милиони евра од сопственикот на клубот за да може да се задржи истата екипа и Вардар да продолжи со истото ниво како досега, но на жалост тоа никогаш не се реализираше. Единствена награда која клубот ја доби за европската титула во 2019 беа 500.000 евра добиени од Градоначалникот на Град Скопје кои не беа доволни ни за исплата на бонусите (наградите) на играчите за освојување на титулата.
При преземањето на клубот од страна на Михајло Михајловски во правна постапка согласно законите АД РК Вардар 1961 стана правен следбеник каде го наследи спортскиот континуитет, но не и обврските на АД РК Вардар. Во истиот момент од страна на ЕХФ беше доставено барање со кое условија за да се задржи спортскиот континуитет на двете титули кон новиот АД РК Вардар 1961 да бидат превземени сите обврски кои произлегуваат од минатите сезони. Вистина е дека во тој момент АД РК Вардар имаше одредени долгови кон играчите но новиот следбеник АД РК Вардар 1961 побара и доби од Сергеј Самсоненко покрај гаранциите со секој играч и обезбедување во висина од 2.5 милиони евра кое е поголемо од тогашниот долг потпишано и заверено нотарски каде гарантира со целиот свој личен имот се со цел да не произлезат понатамошни штети на новиот следбеник. Во меѓувреме на жалост се соочивме со светска криза и пандемија во која и покрај се г-дин Сергеј Самсоненко успева да сервисира дел од долгот но не целосно. Јуни 2021 година АД РК Вардар 1961 добива услов од ЕХФ да достави депозит од 1 милион евра како сигурност за неисплатените долгови кон играчите доколку сака да се натпреварува во следната сезона. По добивањето на овој услов Михајловски се обрати до управата на поранешниот Вардар која вложи максимални напори и депозитот кој беше побаран од 1 милион евра се реализираше лично од сопственикот на РК Вардар Сергеј Самсоненко, односно во рок од 30 дена од добивањето на условот на ЕХФг-дин Сергеј Самсоненко исплати 700.000 евра кон играчите и даде 300.000 евра позајмица на АД РК Вардар 1961 кои беа депонираникон ЕХФ. Во целиот овој период на исплата од страна на Самсоненко,  Михајловски и управата на поранешниот Вардар беа во постојана комуникација со играчите и преговорите со нив, каде секогаш добивавме поддршка од нив и никогаш не наидовме на незадоволство за временските рокови кои беа заеднички усогласувани. За останатиот долг кој требаше да се реализира до 15.05.2022 година г-дин Сергеј Самсоненко повлече кредит од банка во висина од 500.000,00 евра предвидени за подмирување на обврските кон играчите. Причината за нивното задоцнување до 27.05.2022 беа дополнителните административни процедури со банката.
По извршената уплата од 500.000,00 евра согласно условот од минатата година депозитот од 300.000,00 евра требаше веднаш да биде ослободен за комплетна исплата кон играчите за кои ЕХФ доби прецизен список со имиња, но за жал тоа до денес се нема случено и сеуште овој износ е на сметката на ЕХФ, како и одреден износ кој се уште не е исплатен за минатите сезони.И повеќе од се на кое сакаме да воочиме е дека ниту еден играч кон РК Вардар нема поднесено тужбено барање пред ниеден суд во Република Македонија како и пред арбитражниот суд на европската федерација за да може да биде донесена ваква апсудрна одлука за негово исклучување. Веќе две години се слуша како постои незадоволство од ростерот на играчи на АД РК Вардар 1961 и кога конечно клубот и покрај се вложи напори каде донесе засилувања се со цел да се подобрува во натпреварувачката сезона го добива линчот од ЕХФ. Поради сето тоа нашите видувања се дека исклучувањето на АД РК Вардар 1961 е тендециозно направено за да може екипи како Алборг кои не го освоија домашното првенство а ги добија во состав играчите како Микел Хансен и други за следната сезона да можат да бидат дел од Лигата на шампионите. Вардар секогаш ќе биде најголемиот спортски бренд во Македонија, ја заслужува поддршката во моментов и по било каква одлука донесена понатаму двете титули се испишани и ќе се пишуваат уште многу во европскиот ракомет, стои во соопштението на Давор Стојановски.
За во 11 часот прес-конференција закажа генералниот менаџер на клубот, Михајловски.  

The post Стојановски: ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ за да се отвори место за Алборг appeared first on Република.

]]>
ЕХФ го избрка Вардар од Лигата на шампионите! https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ehf-go-izbrka-vardar-od-ligata-na-shampionite/ Wed, 22 Jun 2022 11:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=518443

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди одлуката на Извршниот комитет со која не му се дозволи учество на Вардар во Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023 година.

Причина за оваа одлука е несредената финансиска ситуација, која го доведуваше до знак прашалник и настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите од 2017 и 2019 година минатата сезона во елитата.

Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот и со тоа да го задржи клубот од Скопје на највисоко ниво. Со оглед на тоа што Вардар одлучи активно да го презентира својот став пред медиумите, Европската ракометна федерација одлучи да даде јавен одговор. Овој одговор е директно доставен до клубот во исто време. Европските натпреварувања на клупско ниво имаат многу чувствителна структура и многу зависат од интегритетот на клубовите-учеснички. За да се расчистат сите работи со Вардар, имаше многу писмена комуникација, па дури и лични разговори и јасни рокови беа дадени од страна на ЕХФ. За жал, претставниците на клубот не можеа да ги почитуваат овие датуми и поставија стратегија на одложување или дури и неодговарање. Плаќањата беа направени само делумно, а беа преземени неколку обиди датумите да се одложат во следната сезона. Извршниот комитет на состанокот минатиот петок дојде до едногласен заклучок дека Вардар ниту ги исполнил договорените работи, ниту навремено ги завршил плаќањата и со тоа не ги исполнува критериумите за настап во Европските купови во сезоната 22/23. Депозитот од сметката на ЕХФ веќе беше префрлен на сметката на клубот и дополнително ќе следи трансфер и на преостанатите средства што треба да ги добие клубот. Европската ракометна федерација изрази жалење што беше неопходно да се преземе таков чекор и подвлекува дека тоа не е во интерес на федерацијата, но ситуацијата предизвикана од поранешниот клуб резултираше со дефицити кои не беше едноставно да се покријат преку новиот клуб, стои во соопштението на ЕХФ.

Оваа забрана за Вардар важи во сите европски натпреварувања, што значи дека македонскиот шампион нема да може да биде дел и од останатите европски натпреварувања под капата на ЕХФ.

The post ЕХФ го избрка Вардар од Лигата на шампионите! appeared first on Република.

]]>

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди одлуката на Извршниот комитет со која не му се дозволи учество на Вардар во Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023 година. Причина за оваа одлука е несредената финансиска ситуација, која го доведуваше до знак прашалник и настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите од 2017 и 2019 година минатата сезона во елитата.
Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот и со тоа да го задржи клубот од Скопје на највисоко ниво. Со оглед на тоа што Вардар одлучи активно да го презентира својот став пред медиумите, Европската ракометна федерација одлучи да даде јавен одговор. Овој одговор е директно доставен до клубот во исто време. Европските натпреварувања на клупско ниво имаат многу чувствителна структура и многу зависат од интегритетот на клубовите-учеснички. За да се расчистат сите работи со Вардар, имаше многу писмена комуникација, па дури и лични разговори и јасни рокови беа дадени од страна на ЕХФ. За жал, претставниците на клубот не можеа да ги почитуваат овие датуми и поставија стратегија на одложување или дури и неодговарање. Плаќањата беа направени само делумно, а беа преземени неколку обиди датумите да се одложат во следната сезона. Извршниот комитет на состанокот минатиот петок дојде до едногласен заклучок дека Вардар ниту ги исполнил договорените работи, ниту навремено ги завршил плаќањата и со тоа не ги исполнува критериумите за настап во Европските купови во сезоната 22/23. Депозитот од сметката на ЕХФ веќе беше префрлен на сметката на клубот и дополнително ќе следи трансфер и на преостанатите средства што треба да ги добие клубот. Европската ракометна федерација изрази жалење што беше неопходно да се преземе таков чекор и подвлекува дека тоа не е во интерес на федерацијата, но ситуацијата предизвикана од поранешниот клуб резултираше со дефицити кои не беше едноставно да се покријат преку новиот клуб, стои во соопштението на ЕХФ.
Оваа забрана за Вардар важи во сите европски натпреварувања, што значи дека македонскиот шампион нема да може да биде дел и од останатите европски натпреварувања под капата на ЕХФ.  

The post ЕХФ го избрка Вардар од Лигата на шампионите! appeared first on Република.

]]>
РФМ во одбрана на Вардар, испрати официјално писмо до ЕХФ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rfm-vo-odbrana-na-vardar-isprati-oficijalno-pismo-do-ehf/ Tue, 21 Jun 2022 09:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=517972

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) испрати писмо преку генералниот секретар Филип Милошевски до Европската ракометна федерација (ЕХФ) за проблемот со кој се соочува македонскиот првак Вардар.

„Балкан-хендбол“ вчера објави дека Вардар е пред исфрлање од Лигата на шампиони (ЛШ) поради долговите на старото раководство кон поранешните ракометари, но РФМ застана на срана на „црвено-црните“ и се обрати до ЕХФ.

Македонската ракометна федерација ги цени сите обиди и инвестиции во ракометот на нашите клубови, особено во време на криза. Секогаш се стремиме да помогнеме на клубовите, за да ракометот опстане како спорт број еден во Македонија.

По комуникацијата меѓу ЕХФ и Вардар 1961, за спогодбата на поранешните долгови, која е надвор од нашите ингеренции, ние, како ракометен авторитет би сакале да замолиме да се донесе позитивна одлука за активното учество на Вардар 1961 во натпреварувањата на ЕХФ за 2022/23.

Овој клуб е обновен ракометен бренд, не само во државата, туку и на Балканот. Вардар има голема база на фанови и активно придонесува во развојот на македонскиот ракомет. Не треба ниту да се спомене дека ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезоните 2016/17 и 2018/19, а од таа гледна точка, придонесе за нови млади фанови низ светот.

Сметаме дека одлуката за исфлање на Вардар 1961 од Лигата на шампионите, негативно ќе влијае на имиџот на ракометот, не само во Македонија, туку и на Балканот. Поради тоа, уште еднаш, би сакале да ве замолиме да го согледате горенаведеното, пред да ја донесете финалната одлука, пишува во писмото испратено до ЕХФ.

The post РФМ во одбрана на Вардар, испрати официјално писмо до ЕХФ appeared first on Република.

]]>

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) испрати писмо преку генералниот секретар Филип Милошевски до Европската ракометна федерација (ЕХФ) за проблемот со кој се соочува македонскиот првак Вардар. „Балкан-хендбол“ вчера објави дека Вардар е пред исфрлање од Лигата на шампиони (ЛШ) поради долговите на старото раководство кон поранешните ракометари, но РФМ застана на срана на „црвено-црните“ и се обрати до ЕХФ.
Македонската ракометна федерација ги цени сите обиди и инвестиции во ракометот на нашите клубови, особено во време на криза. Секогаш се стремиме да помогнеме на клубовите, за да ракометот опстане како спорт број еден во Македонија. По комуникацијата меѓу ЕХФ и Вардар 1961, за спогодбата на поранешните долгови, која е надвор од нашите ингеренции, ние, како ракометен авторитет би сакале да замолиме да се донесе позитивна одлука за активното учество на Вардар 1961 во натпреварувањата на ЕХФ за 2022/23. Овој клуб е обновен ракометен бренд, не само во државата, туку и на Балканот. Вардар има голема база на фанови и активно придонесува во развојот на македонскиот ракомет. Не треба ниту да се спомене дека ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезоните 2016/17 и 2018/19, а од таа гледна точка, придонесе за нови млади фанови низ светот. Сметаме дека одлуката за исфлање на Вардар 1961 од Лигата на шампионите, негативно ќе влијае на имиџот на ракометот, не само во Македонија, туку и на Балканот. Поради тоа, уште еднаш, би сакале да ве замолиме да го согледате горенаведеното, пред да ја донесете финалната одлука, пишува во писмото испратено до ЕХФ.
 
The post РФМ во одбрана на Вардар, испрати официјално писмо до ЕХФ appeared first on Република.

]]>
Македонски судии на Ф4 турнирот од Лигата на Европа на ЕХФ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonski-sudii-na-f4-turnirot-od-ligata-na-evropa-na-ehf/ Sat, 21 May 2022 10:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=505051

Македонските ракометни судии се признаени во европските купови, Начевски и Николов речиси сигурно ќе бидат дел од фајналфор турнирот во Лигата на Шампионите, а големо признание добија и Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои беа избрани меѓу четирите судиски двојки за завршниот турнир од Лигата на Европа на ЕХФ.

Битолските арбитри ќе бидат задолжени за делење на правдата на дуелот за третото место на турнирот во Лисабон, што ќе се одигра на 29 мај.

Во полуфиналните пресметки ќе се сретнат Магдебург и Нексе, додека домаќинот Бенфика за ривал ќе го има полскиот вицепрвак Висла Плоцк.

The post Македонски судии на Ф4 турнирот од Лигата на Европа на ЕХФ appeared first on Република.

]]>

Македонските ракометни судии се признаени во европските купови, Начевски и Николов речиси сигурно ќе бидат дел од фајналфор турнирот во Лигата на Шампионите, а големо признание добија и Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои беа избрани меѓу четирите судиски двојки за завршниот турнир од Лигата на Европа на ЕХФ. Битолските арбитри ќе бидат задолжени за делење на правдата на дуелот за третото место на турнирот во Лисабон, што ќе се одигра на 29 мај. Во полуфиналните пресметки ќе се сретнат Магдебург и Нексе, додека домаќинот Бенфика за ривал ќе го има полскиот вицепрвак Висла Плоцк.

The post Македонски судии на Ф4 турнирот од Лигата на Европа на ЕХФ appeared first on Република.

]]>
ЕХФ му честита роденден на Лазаров: Посакуваме времето да не лета и да играш вечно https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ehf-mu-chestita-rodenden-na-lazarov-posakuvame-vremeto-da-ne-leta-i-da-igrash-vechno/ Tue, 10 May 2022 20:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=500771

Кирил Лазаров го одложи пензионирањето по пласманот на Македонија на Светското првенство и засега се уште е активен ракометар, а со таков статус ја раситни и 43-та година од својот живот.

Легендарниот Кире денеска полни 42 години и неговата долговечност во професионалниот ракомет е најдобар доказ за тоа каква кариера имаше, па како лидер и капитен на нашата репрезентација, се погрижи најдобриот тим да биде дел од уште едно големо натпреварување.

Засега се уште непознато е дали Лазаров ќе реши да настапи и на мундијалот кој се игра на почетокот на наредната година, но луѓето од ЕХФ дефинитивно посакуваат да го гледаат Кире уште долго на терените.

Европската Федерација му посвети роденденска порака на македонскиот селектор, порачувајќи му никогаш да не стави крај на кариерата.

– Денеска има 42 години, посакуваме времето да не лета и засекогаш да те гледаме на теренот! Среќен роденден Киро!, – гласи пораката.

The post ЕХФ му честита роденден на Лазаров: Посакуваме времето да не лета и да играш вечно appeared first on Република.

]]>

Кирил Лазаров го одложи пензионирањето по пласманот на Македонија на Светското првенство и засега се уште е активен ракометар, а со таков статус ја раситни и 43-та година од својот живот. Легендарниот Кире денеска полни 42 години и неговата долговечност во професионалниот ракомет е најдобар доказ за тоа каква кариера имаше, па како лидер и капитен на нашата репрезентација, се погрижи најдобриот тим да биде дел од уште едно големо натпреварување. Засега се уште непознато е дали Лазаров ќе реши да настапи и на мундијалот кој се игра на почетокот на наредната година, но луѓето од ЕХФ дефинитивно посакуваат да го гледаат Кире уште долго на терените. Европската Федерација му посвети роденденска порака на македонскиот селектор, порачувајќи му никогаш да не стави крај на кариерата.
– Денеска има 42 години, посакуваме времето да не лета и засекогаш да те гледаме на теренот! Среќен роденден Киро!, – гласи пораката.

The post ЕХФ му честита роденден на Лазаров: Посакуваме времето да не лета и да играш вечно appeared first on Република.

]]>
Украина го откажа настапот во ракометните мундијалски квалификации https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ukraina-go-otkaza-nastapot-vo-rakometnite-mundijalski-kvalifikacii/ Thu, 10 Mar 2022 17:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=470833

Украинската ракометна репрезентација поради руската инвазија на земјата го откажа настапот на претстојните мундијалски квалификации во кои следната седмица требаше да игра против Финска, потврди денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ).

– Ракометната федерација на Украина нè извести дека националниот тим се откажува од квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство 2023, кои требаше да ги игра против Финска на 16 или 17 март, како и реваншот на 20 март, бидејќи не е во можност да се подготви и да патува, се наведува во соопштението на ЕХФ.

Двата натпревари се регистрирани со службена победа од 10-0 на Финска, која директно се пласираше во втората квалификациска фаза во која за место на Мундијалот ќе игра против Хрватска.

The post Украина го откажа настапот во ракометните мундијалски квалификации appeared first on Република.

ЕХФ изрече парична казна за македонската ракометна репрезентација поради различна боја на чорапите на репрезентативците https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ehf-izreche-parichna-kazna-za-makedonskata-rakometna-reprezentacija-poradi-razlichna-boja-na-chorapite-na-reprezentativcite/ Sat, 15 Jan 2022 11:01:51 +0000 https://republika.mk/?p=444911

Европската ракометна федерација (ЕХФ) и изрече парична казна на македонската репрезентација во износ од 2.000 евра поради прекршување на протокол поврзан со опремата за време дуелот против Словенија.

ЕХФ наведува дека Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе мора да плaти казна поради различна боја на чорапите со кои дел од македонските репрезентативци настапија на натпреварот против Словенија (25:27) во четвртокот.

Македонските ракометари вечерва од 18 часот во Дебрецин против Црна Гора го играат вториот натпревар во рамки на групата А.

The post ЕХФ изрече парична казна за македонската ракометна репрезентација поради различна боја на чорапите на репрезентативците appeared first on Република.

]]>

Европската ракометна федерација (ЕХФ) и изрече парична казна на македонската репрезентација во износ од 2.000 евра поради прекршување на протокол поврзан со опремата за време дуелот против Словенија. ЕХФ наведува дека Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе мора да плaти казна поради различна боја на чорапите со кои дел од македонските репрезентативци настапија на натпреварот против Словенија (25:27) во четвртокот. Македонските ракометари вечерва од 18 часот во Дебрецин против Црна Гора го играат вториот натпревар во рамки на групата А.

The post ЕХФ изрече парична казна за македонската ракометна репрезентација поради различна боја на чорапите на репрезентативците appeared first on Република.

]]>