Егзит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/egzit/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 09:40:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Егзит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/egzit/ 32 32 Трето издание на Get EXITед спектаклот денес во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/treto-izdanie-na-get-exited-spektaklot-denes-vo-strumitsa/ Fri, 06 Sep 2024 09:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=813742

Долгоочекуваното трето издание на Get EXITед спектаклот ќе се одржи денес на 6 септември, во големиот Струмички парк, а вратите се отвораат веќе од 17:30. На големата забава под отворено небо пристигаат популарното електро дуо Agents Of Time, Grammy номинираното техно трио Meduza, њујоршката afro-house дива Layla Benitez, најпознатата звезда на регионалната хип-хоп и трап сцена Senidah како и домашната подршка Young Dadi, 2Bona, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye, Divizija и DJ Bonev.

 

Големата забава за затворање на летната сезона е во организација на EXIT тимот и Општина Струмица. Возбодувањето расте додека публиката се припрема да се препушти на хитовите од разноврсниот музички програм, а во прилог ги испраќаме и саатниците на сите настапи.

 

Летната забава под звездите во Струмичкиот парк ќе ја отвори DJ Bonev во 17:30, a во склоп на јакиот регионален програм ќе го прати и DJ Popeye од 18:00, Divizija од 19:30, Zee, Matej Foltz и Young Dadi од 20:05. Од 21:25 публиката додатно ќе ја загрее нашите 2Бона, додека во 22:50 на сцената доаѓа ненадминливата регионална дива Senidah! Od 00:00 забавата се подига на максимум со afro-house zvezdata Layla Benitez, динамичното техно трио Meduza од 01:30, додека фианлето на ноќната забава ќе припадне на популарното елетро дуо Agents Of Time, кои настапуваат од 03:00.

 

 

The post Трето издание на Get EXITед спектаклот денес во Струмица appeared first on Република.

]]>

Долгоочекуваното трето издание на Get EXITед спектаклот ќе се одржи денес на 6 септември, во големиот Струмички парк, а вратите се отвораат веќе од 17:30. На големата забава под отворено небо пристигаат популарното електро дуо Agents Of Time, Grammy номинираното техно трио Meduza, њујоршката afro-house дива Layla Benitez, најпознатата звезда на регионалната хип-хоп и трап сцена Senidah како и домашната подршка Young Dadi, 2Bona, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye, Divizija и DJ Bonev.   Големата забава за затворање на летната сезона е во организација на EXIT тимот и Општина Струмица. Возбодувањето расте додека публиката се припрема да се препушти на хитовите од разноврсниот музички програм, а во прилог ги испраќаме и саатниците на сите настапи.   Летната забава под звездите во Струмичкиот парк ќе ја отвори DJ Bonev во 17:30, a во склоп на јакиот регионален програм ќе го прати и DJ Popeye од 18:00, Divizija од 19:30, Zee, Matej Foltz и Young Dadi од 20:05. Од 21:25 публиката додатно ќе ја загрее нашите 2Бона, додека во 22:50 на сцената доаѓа ненадминливата регионална дива Senidah! Od 00:00 забавата се подига на максимум со afro-house zvezdata Layla Benitez, динамичното техно трио Meduza од 01:30, додека фианлето на ноќната забава ќе припадне на популарното елетро дуо Agents Of Time, кои настапуваат од 03:00.    

The post Трето издание на Get EXITед спектаклот денес во Струмица appeared first on Република.

]]>
Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah и многу други пристигаат на Get EXITed настан во Струмица за да го испратат летото https://arhiva3.republika.mk/scena/agents-of-time-meduza-layla-benitez-senidah-i-mnogu-drugi-pristigaat-na-get-exited-nastan-vo-strumitsa-za-da-go-ispratat-letoto/ Thu, 15 Aug 2024 08:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=806709

EXIT фестивалот и Општина Стумица на 6 септември на отворениот простор на Големиот парк носат ново издание на Get EXITed настанот, кој ја носи врвната летна забава.

Креаторите на светски познатата клупска химна "The Mirage" - Agents of Time, мега хитмејкерите вредни неколку милијарди прегледи - Meduza, њујоршката афро-хаус дива Layla Benitez, неприкосновената кралица на Балканската трап и поп сцена Senidah и силната регионална поддршка составена од Young Dadi, Matej Foltz, DJ Popeye и Дивизија носат лепеза на жанрови, ненадминати хитови и ритми за танцување од ѕвездено небо до изгрејсонце.

По минатогодишното издание на кое се забавуваа над 20.000 луѓе, Get EXITed се враќа во струмичкиот парк, трет пат по ред, за уште еден танц за испраќање на летото!

Откако ја започнаа својата кариера во 2013 година, Agents Of Time, италијанско електронско дуо, станаа глобално барана електронска група која издава албуми од година во година за некои од најпознатите продуцентски куќи.  Креаторите на клупската химна „The Mirage“, која тежи неколку милиони прегледи, пристигнуваат во Струмица и ветуваат електронски спектакл на отворено.  Со музички опус што вклучува хит по хит како што се „Dream Visions“, „Paradigm“, „Vertigo“, „Love Is A Drug“ и „Friend Of Mine“, но и соработки како што е нивниот ремикс на песните на The Weekend „Take My Breath“ го потврдуваат своето место меѓу водечките имиња во современата електронска музика.

Заедно со Agents of Time, публиката во ноќта ќе ја води и Meduza, италијанско-шведско трио, составено од талентираните продуценти Матија Витале, Симоне Џани и Лука Де Грегорио, попознати во светот како едни од најголемите хитмејкери на денешната сцена.  За само две години постигнаа планетарна популарност, а нивната песна „Piece Of Your Heart“, создадена во соработка со познатото дуо Goodboys, сега има над 2 милијарди слушања ширум светот!  Нивните синглови како „Lose Control“, „Paradise“, „Tell It To My Heart“ и многу други продолжуваат да достигнуваат метеорски височини на топ листите ширум светот, истовремено достигнувајќи над 150 илјади слушања на стриминг сервисите дневно .

Senidah, неприкосновената кралица на балканската музичка сцена, од година во година поставува нови стандарди на продукција и изведба во трап и поп жанровите. Вп текот на кариерата долга повеќе од десет години, таа стана препознатлива по својот автентичен изглед, музичкиот израз кој комбинира различни жанрови и уникатниот вокал.  Нејзините најнови синглови „Alo Alo“, „Greh“ и „Delija“ веќе достигнуваат повеќемилионски прегледи, а нејзините мегахитови како „Behute“ и „Mishichi“, но и многу други, се пеат од збор до збор во еден глас докажувајќи ја љубовта на публиката кон нејзиниот уникатен и широк музички опус.

Ѕвездата во подем Layla Benitez, талентирана диџејка од Њујорк, позната по својот афро хаус звук, ќе биде поддршка и гаранција за незаборавна атмосфера. Многумина посетители на фестивалот EXIT ја паметат по спектакуларниот настап во mts Dance Arena, а годинава сите ќе уживаат во нејзините хитови „Usion“, „No Place To Go“ и најпознатиот сингл „Fizzy Pop“ , како и многу други кои таа ги носи во уникатна музичко-визуелна изведба во Големиот струмички парк

Програмата на Get EXITed забавата под ѕвездите дополнително ќе биде зајакната со рап дуото 2Bona, талентираното трап дуо Zee, перспективниот трап артист Young Dadi, креативниот продуцент Matej Foltz, динамичниот диџеј Popeye и експерименталниот хип-хоп колектив Дивизија.

The post Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah и многу други пристигаат на Get EXITed настан во Струмица за да го испратат летото appeared first on Република.

]]>

EXIT фестивалот и Општина Стумица на 6 септември на отворениот простор на Големиот парк носат ново издание на Get EXITed настанот, кој ја носи врвната летна забава. Креаторите на светски познатата клупска химна "The Mirage" - Agents of Time, мега хитмејкерите вредни неколку милијарди прегледи - Meduza, њујоршката афро-хаус дива Layla Benitez, неприкосновената кралица на Балканската трап и поп сцена Senidah и силната регионална поддршка составена од Young Dadi, Matej Foltz, DJ Popeye и Дивизија носат лепеза на жанрови, ненадминати хитови и ритми за танцување од ѕвездено небо до изгрејсонце. По минатогодишното издание на кое се забавуваа над 20.000 луѓе, Get EXITed се враќа во струмичкиот парк, трет пат по ред, за уште еден танц за испраќање на летото!
Откако ја започнаа својата кариера во 2013 година, Agents Of Time, италијанско електронско дуо, станаа глобално барана електронска група која издава албуми од година во година за некои од најпознатите продуцентски куќи.  Креаторите на клупската химна „The Mirage“, која тежи неколку милиони прегледи, пристигнуваат во Струмица и ветуваат електронски спектакл на отворено.  Со музички опус што вклучува хит по хит како што се „Dream Visions“, „Paradigm“, „Vertigo“, „Love Is A Drug“ и „Friend Of Mine“, но и соработки како што е нивниот ремикс на песните на The Weekend „Take My Breath“ го потврдуваат своето место меѓу водечките имиња во современата електронска музика.

Заедно со Agents of Time, публиката во ноќта ќе ја води и Meduza, италијанско-шведско трио, составено од талентираните продуценти Матија Витале, Симоне Џани и Лука Де Грегорио, попознати во светот како едни од најголемите хитмејкери на денешната сцена.  За само две години постигнаа планетарна популарност, а нивната песна „Piece Of Your Heart“, создадена во соработка со познатото дуо Goodboys, сега има над 2 милијарди слушања ширум светот!  Нивните синглови како „Lose Control“, „Paradise“, „Tell It To My Heart“ и многу други продолжуваат да достигнуваат метеорски височини на топ листите ширум светот, истовремено достигнувајќи над 150 илјади слушања на стриминг сервисите дневно .

Senidah, неприкосновената кралица на балканската музичка сцена, од година во година поставува нови стандарди на продукција и изведба во трап и поп жанровите. Вп текот на кариерата долга повеќе од десет години, таа стана препознатлива по својот автентичен изглед, музичкиот израз кој комбинира различни жанрови и уникатниот вокал.  Нејзините најнови синглови „Alo Alo“, „Greh“ и „Delija“ веќе достигнуваат повеќемилионски прегледи, а нејзините мегахитови како „Behute“ и „Mishichi“, но и многу други, се пеат од збор до збор во еден глас докажувајќи ја љубовта на публиката кон нејзиниот уникатен и широк музички опус.

Ѕвездата во подем Layla Benitez, талентирана диџејка од Њујорк, позната по својот афро хаус звук, ќе биде поддршка и гаранција за незаборавна атмосфера. Многумина посетители на фестивалот EXIT ја паметат по спектакуларниот настап во mts Dance Arena, а годинава сите ќе уживаат во нејзините хитови „Usion“, „No Place To Go“ и најпознатиот сингл „Fizzy Pop“ , како и многу други кои таа ги носи во уникатна музичко-визуелна изведба во Големиот струмички парк

Програмата на Get EXITed забавата под ѕвездите дополнително ќе биде зајакната со рап дуото 2Bona, талентираното трап дуо Zee, перспективниот трап артист Young Dadi, креативниот продуцент Matej Foltz, динамичниот диџеј Popeye и експерименталниот хип-хоп колектив Дивизија.

The post Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah и многу други пристигаат на Get EXITed настан во Струмица за да го испратат летото appeared first on Република.

]]>
Преку 210.000 луѓе ја најавија прославата на 25 години EXIT Фестивал! https://arhiva3.republika.mk/scena/preku-210-000-luge-ja-najavija-proslavata-na-25-godini-exit-festival/ Wed, 17 Jul 2024 14:24:28 +0000 https://republika.mk/?p=797729

Овогодишното издание на ЕГЗИТ фестивал за време на вкупно пет дена го обележаа настапи на најголемите светски музички ѕвезди – од Нултиот ден минатата среда во чест на Никола Тесла со Бејби Лазања, Бурак Јетер, Димаш и Инико, преку острите рими и електронски ритми кои во првата фестивалска ноќ ги донесоа основоположникот на трап музиката Гучи Мејн и синонимот за професијата диџеј Карл Кокс, до најхитовската танцувачка носталгија со поп-рап иконите „Блек Ајд Пис“, враќањето на панкот на голема врата со „Д Експлоитед“ и еден од симболите на Денс Арена, Масео Плекс.

Финалната вечер во неделата помина во знак на фуриозните гитарски рифови и фантастична енергија на публиката заедно со основачот и главниот автор на бендовите „Рејџ Агенст д Машин“ и „Аудиослејв“ – Том Морело. Култната „Like A Stone” Морело во емотивна изведба ја посвети на Крис Корнел, за потоа од тврдината конечно да згрми и „Killing in the Name”, песната со рифови познати низ цел свет која во еден глас ја пееше цела Главна бина! За тоа време, публиката на Денс Арена ја воодушевија „Бери Кант Свим“ и повеќекратниот носител на Греми номинации Бонобо, „НСНС Стејџ“ до последно место ја исполни Сара Ландри, додека маестралната завршница со магичното изгрејсонце над преполниот Егзитов храм на електронската музика ја приреди Блек Кофи!

Она што истотака беше карактеристика на овогодишниот ЕГЗИТ беа родителите со деца – како на бините така и во публиката. На фестивалот, сега веќе традиционално, беа трите генерации Ковачевиќ – основачот и директор на Егзит, Душан Ковачевиќ, неговиот татко Илија и синовите Лав и Ноа. Некои нови клинци доаѓаа со своите родители да ги запознаат ѕвездите на новите генерации, меѓу кои апсолутни фаворити беа Бејби ЛазањаЏокер Аут и Сем ДивајнТом Морело концертот на „Тесла Универз“ бината го отвори со својот тринаесетгодишен син, младиот гитарски вундеркинд Роман Морело, а интересно е дека пар часа претходно и Макс Кавалера настапи со својот син Игор Јуниор.

Пред означувањето на официјалниот крај на уште едно магично фестивалско поклонение, започна следното, јубилејно и историско. Последната вечер точно на полноќ и порано од било кога досега, од Тврдината беше лансирана кампањата за следното издание на Фестивалот, кое од 10 до 13 јули 2025 година ќе одбележи четврт век од основањето на Егзит и уште еднаш ќе ја оживее и втемели „State of EXIT“. Започна и регистрацијата за најповолните влезници, а ќе трае до петок, 19 јули на сајтот на ЕГЗИТ Фестивал.

The post Преку 210.000 луѓе ја најавија прославата на 25 години EXIT Фестивал! appeared first on Република.

]]>

Овогодишното издание на ЕГЗИТ фестивал за време на вкупно пет дена го обележаа настапи на најголемите светски музички ѕвезди – од Нултиот ден минатата среда во чест на Никола Тесла со Бејби Лазања, Бурак Јетер, Димаш и Инико, преку острите рими и електронски ритми кои во првата фестивалска ноќ ги донесоа основоположникот на трап музиката Гучи Мејн и синонимот за професијата диџеј Карл Кокс, до најхитовската танцувачка носталгија со поп-рап иконите „Блек Ајд Пис“, враќањето на панкот на голема врата со „Д Експлоитед“ и еден од симболите на Денс Арена, Масео Плекс. Финалната вечер во неделата помина во знак на фуриозните гитарски рифови и фантастична енергија на публиката заедно со основачот и главниот автор на бендовите „Рејџ Агенст д Машин“ и „Аудиослејв“ – Том Морело. Култната „Like A Stone” Морело во емотивна изведба ја посвети на Крис Корнел, за потоа од тврдината конечно да згрми и „Killing in the Name”, песната со рифови познати низ цел свет која во еден глас ја пееше цела Главна бина! За тоа време, публиката на Денс Арена ја воодушевија „Бери Кант Свим“ и повеќекратниот носител на Греми номинации Бонобо, „НСНС Стејџ“ до последно место ја исполни Сара Ландри, додека маестралната завршница со магичното изгрејсонце над преполниот Егзитов храм на електронската музика ја приреди Блек Кофи! Она што истотака беше карактеристика на овогодишниот ЕГЗИТ беа родителите со деца – како на бините така и во публиката. На фестивалот, сега веќе традиционално, беа трите генерации Ковачевиќ – основачот и директор на Егзит, Душан Ковачевиќ, неговиот татко Илија и синовите Лав и Ноа. Некои нови клинци доаѓаа со своите родители да ги запознаат ѕвездите на новите генерации, меѓу кои апсолутни фаворити беа Бејби ЛазањаЏокер Аут и Сем ДивајнТом Морело концертот на „Тесла Универз“ бината го отвори со својот тринаесетгодишен син, младиот гитарски вундеркинд Роман Морело, а интересно е дека пар часа претходно и Макс Кавалера настапи со својот син Игор Јуниор. Пред означувањето на официјалниот крај на уште едно магично фестивалско поклонение, започна следното, јубилејно и историско. Последната вечер точно на полноќ и порано од било кога досега, од Тврдината беше лансирана кампањата за следното издание на Фестивалот, кое од 10 до 13 јули 2025 година ќе одбележи четврт век од основањето на Егзит и уште еднаш ќе ја оживее и втемели „State of EXIT“. Започна и регистрацијата за најповолните влезници, а ќе трае до петок, 19 јули на сајтот на ЕГЗИТ Фестивал.

The post Преку 210.000 луѓе ја најавија прославата на 25 години EXIT Фестивал! appeared first on Република.

]]>
Том Морело за крај на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/scena/tom-morelo-za-kraj-na-festivalot-egzit-vo-novi-sad/ Mon, 15 Jul 2024 10:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=796957

Крајот на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, Србија, го одбележа виртуозноста на гитарата... Последен настапи американскиот рок-гитарист Том Морело, кој ги изведе „Solider in the army of love“, „Bombtrack“, „Know Your Enemy“ и други композиции.

- Овој миг го чекав 30 години!, изјави гитаристот на почетокот на концертот, којшто го следеа илјадници посетители.

Најпосетен ден на фестивалот беше саботата, кога настапија Џон Њуман, Вили Вилијам, Марсело, Ива Лоренс... Инаку, на главната сцена настапија и „Офенбах“, Јан Рејчер, Стив Анџело, а на втората бина - Огуз, Сара Лондреј и други. На Денс-сцената настапија изведувачите Ѓ. Бонобо, Карлита и Блек кофи.

На помалите сцени настапија изведувачи од разни други жанрови.

Претходниве пет дена Новосадската тврдина беше домаќин на десетици илјади луѓе од различни делови на светот, а на фестивалот учествуваа речиси 600 изведувачи од различни области - рок, рап, хип-хоп и други карактеристични музички жанрови за Егзит.

https://www.youtube.com/watch?v=qRNQqv9GmPs

The post Том Морело за крај на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Крајот на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, Србија, го одбележа виртуозноста на гитарата... Последен настапи американскиот рок-гитарист Том Морело, кој ги изведе „Solider in the army of love“, „Bombtrack“, „Know Your Enemy“ и други композиции.

- Овој миг го чекав 30 години!, изјави гитаристот на почетокот на концертот, којшто го следеа илјадници посетители. Најпосетен ден на фестивалот беше саботата, кога настапија Џон Њуман, Вили Вилијам, Марсело, Ива Лоренс... Инаку, на главната сцена настапија и „Офенбах“, Јан Рејчер, Стив Анџело, а на втората бина - Огуз, Сара Лондреј и други. На Денс-сцената настапија изведувачите Ѓ. Бонобо, Карлита и Блек кофи. На помалите сцени настапија изведувачи од разни други жанрови. Претходниве пет дена Новосадската тврдина беше домаќин на десетици илјади луѓе од различни делови на светот, а на фестивалот учествуваа речиси 600 изведувачи од различни области - рок, рап, хип-хоп и други карактеристични музички жанрови за Егзит. https://www.youtube.com/watch?v=qRNQqv9GmPs

The post Том Морело за крај на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Фестивалите на EXIT исцртуваат големо срце на регионалната мапа! https://arhiva3.republika.mk/scena/festivalite-na-exit-istsrtuvaat-golemo-srtse-na-regionalnata-mapa/ Mon, 04 Mar 2024 17:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=751166

На почетокот на сѐ беше EXIT. Веќе во своите први години, фестивалот испиша историја како прв масовен собир на младите по војните во деведесеттите, етаблирајќи се како столб на помирувањето на нашите простори. Како што растеше организацијата, само во изминатите две години, EXIT организираше 50 настани во 12 земји, а неговото срце се наоѓа и чука токму во нашиот регион. Ако со црвен молив ги поврземе пулсните точки на Егзитовите регионални настани, вклучувајќи го и најновото дополнување, фестивалот Unity84 кој викендов ќе прослави 40 години од одржувањето на Зимските олимписки игри во Сараево, го добиваме токму тоа – едно големо срце кое ја симболизира љубовта и синергијата што EXIT со своите фестивали ја шири на просторите на поранешна Југославија.

Симболично е што фестивалот со кој се слави годишнината на еден од најголемите дострели на поранешна Југославија го комплетира нашето регионално срце. Олимпијадата е симбол на заедништво и здрав дух, а токму таквите вредности се вткаени во ДНК-та на нашите настани“, изјави Душан Ковачевиќ, основач и директор на фестивалот EXIT.

Денес меѓународниот и повеќекратно наградуван летен музички фестивал е основан уште во далечната 2000 година, пред речиси четврт век и се одржува секоја година на една од најубавите фестивалски локации во светот - Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Светската препознатливост на EXIT му ја донесоа големите имиња кои се слушаа од бините на фестивалот, бројните посетители од целиот свет, но и добро познатата и грижливо чувана магична енергија на фестивалот.

Уште во своите први години, EXIT изгради силна репутација како општествено движење на младите и се позиционираше како столб на помирувањето во регионот. Со цел да се негуваат вредностите на мирот и слободата, покрај матичниот фестивал во Нови Сад, основани се No Sleep во Белград, Sea Dance и Ada Divine Awakening во Црна Гора, Sea Star во Хрватска, Get EXITed во Македонија и најновото дополнување во Егзитовото фестивалско семејство – Unity84 во Босна и Херцеговина. Сите заедно, тие се тука да ја претставуваат универзалната љубов и кокреација во регионот.

Големото регионалнo срце на Exit прикажано е и во анимацијата, додека за музичката подлога симболично е искористен синглот на еден од најуспешните продуценти од овие простори, Space Motion, на кој му се придружува и американската пејачка JES. Станува збор за траката „Universe“, првото издание објавено на растечката издавачка куќа на Exit, Soundscape, кое на врвот на водечката Beatport Hype: Melodic House & Techno листа се задржа 12 последователни недели!

Покрај регионалните фестивали, EXIT организира и бројни настани во Европа и светот - во 2023 година од Егзитовата организација произлегоа 24 настани во 13 различни градови и 6 земји во светот. Заедно со 2022 година, таа бројка изнесува дури 50 настани во 12 земји и околу милион посетители од сите краеви на светот.

 

The post Фестивалите на EXIT исцртуваат големо срце на регионалната мапа! appeared first on Република.

]]>

На почетокот на сѐ беше EXIT. Веќе во своите први години, фестивалот испиша историја како прв масовен собир на младите по војните во деведесеттите, етаблирајќи се како столб на помирувањето на нашите простори. Како што растеше организацијата, само во изминатите две години, EXIT организираше 50 настани во 12 земји, а неговото срце се наоѓа и чука токму во нашиот регион. Ако со црвен молив ги поврземе пулсните точки на Егзитовите регионални настани, вклучувајќи го и најновото дополнување, фестивалот Unity84 кој викендов ќе прослави 40 години од одржувањето на Зимските олимписки игри во Сараево, го добиваме токму тоа – едно големо срце кое ја симболизира љубовта и синергијата што EXIT со своите фестивали ја шири на просторите на поранешна Југославија.
Симболично е што фестивалот со кој се слави годишнината на еден од најголемите дострели на поранешна Југославија го комплетира нашето регионално срце. Олимпијадата е симбол на заедништво и здрав дух, а токму таквите вредности се вткаени во ДНК-та на нашите настани“, изјави Душан Ковачевиќ, основач и директор на фестивалот EXIT. Денес меѓународниот и повеќекратно наградуван летен музички фестивал е основан уште во далечната 2000 година, пред речиси четврт век и се одржува секоја година на една од најубавите фестивалски локации во светот - Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Светската препознатливост на EXIT му ја донесоа големите имиња кои се слушаа од бините на фестивалот, бројните посетители од целиот свет, но и добро познатата и грижливо чувана магична енергија на фестивалот. Уште во своите први години, EXIT изгради силна репутација како општествено движење на младите и се позиционираше како столб на помирувањето во регионот. Со цел да се негуваат вредностите на мирот и слободата, покрај матичниот фестивал во Нови Сад, основани се No Sleep во Белград, Sea Dance и Ada Divine Awakening во Црна Гора, Sea Star во Хрватска, Get EXITed во Македонија и најновото дополнување во Егзитовото фестивалско семејство – Unity84 во Босна и Херцеговина. Сите заедно, тие се тука да ја претставуваат универзалната љубов и кокреација во регионот. Големото регионалнo срце на Exit прикажано е и во анимацијата, додека за музичката подлога симболично е искористен синглот на еден од најуспешните продуценти од овие простори, Space Motion, на кој му се придружува и американската пејачка JES. Станува збор за траката „Universe“, првото издание објавено на растечката издавачка куќа на Exit, Soundscape, кое на врвот на водечката Beatport Hype: Melodic House & Techno листа се задржа 12 последователни недели! Покрај регионалните фестивали, EXIT организира и бројни настани во Европа и светот - во 2023 година од Егзитовата организација произлегоа 24 настани во 13 различни градови и 6 земји во светот. Заедно со 2022 година, таа бројка изнесува дури 50 настани во 12 земји и околу милион посетители од сите краеви на светот.
 

The post Фестивалите на EXIT исцртуваат големо срце на регионалната мапа! appeared first on Република.

]]>
Get EXITed спектаклот со најголемите светски и регионални ѕвезди уште еднаш ги воодушеви фановите во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/get-exited-spektaklot-so-najgolemite-svetski-i-regionalni-zvezdi-ushte-ednash-gi-voodushevi-fanovite-vo-strumitsa/ Fri, 08 Sep 2023 19:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=680072

Долгоочекуваното, второ по ред издание на „Get EXITed“ настанот во Струмица, во организација на ЕГЗИТ тимот синоќа на посетителите во струмичкиот Градски парк им приреди спектакл за паметење! Повеќе од 20.000 фанови танцуваа до утро со омилените песни на поп и соул сензацијата Џон Њуман, кој со својот специјален настап покажа зошто важи за една од најголемите светски ѕвезди на денешницата, незаборавниот сет на глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалните мегаѕвезди Констракта и „Ван Гог“, но и одличниот Џамбо Агушеви Оркестар, вундеркиндот на електронската музичка сцена Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“!

Во последните децении многумина работеа на тоа што повеќе да ги поделат луѓето и народите на овие простори, а токму ваквите средби го свртуваат тој процес во обратен правец, наместо омраза да имаме љубов, мир наместо војни, соработка и разбирање наместо кавги. Проектите како што е овој ја враќаат надежта и вербата дека подобра иднина, не само тука, туку и на целиот свет е можна, и тоа е суштината на нашата соработка со Струмица“ – кажа основачот и директор на ЕГЗИТ фестивалот Душан Ковачевиќ.

На втората по ред „Get EXITed“ забава, која ветува да стане нова, блескава традиција, присуствуваше и градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, кој го истакна значењето на овој настан.

„Кога ќе дојдете на „Get EXITed“ Струмица можете да ја почувствувате позитивната енергија која што е иницијална каписла и за мене и за Душан како основач на ЕГЗИТ фестивалот. Навистина чест и задоволство е да го имаме Get EXITed во Струмица втора година и со сигурен сум дека ќе го имаме и наредната и понаредната, и сѐ додека можеме да шириме позитивна енергија на Балканот тоа и ќе го правиме, бидејќи ваквите настани се нештата кои можат да нѐ обединат“, изјави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

Феноменалниот Џон Њуман синоќа ги воодушеви фановите со својот специјален хибриден настап, претставувајќи емотивни мелодии и танцувачки ритми во совршени размери, додека светски познатиот продуцент и диџеј со турско потекло Бурак Јетер со најголемите глобални хитови ја издигна енергијата до точка на вриење. Публиката уживаше и во еклектичната и жанровски шаренолика музичка програма која ја претставија омилената уметница во регионов Констракта со својот бенд „Земља Грува“, рок легендите „Ван Гог“ со својата богата безвременска дискографија и еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот Џамбо Агушеви Оркестар, додека одличниот електронски звук го комплетираа и донесоа првата потписничка за „EXIT Echosystem Music & Talent Office“, Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“.

(*Фотографии: EXIT Photo Team)

The post Get EXITed спектаклот со најголемите светски и регионални ѕвезди уште еднаш ги воодушеви фановите во Струмица appeared first on Република.

]]>

Долгоочекуваното, второ по ред издание на „Get EXITed“ настанот во Струмица, во организација на ЕГЗИТ тимот синоќа на посетителите во струмичкиот Градски парк им приреди спектакл за паметење! Повеќе од 20.000 фанови танцуваа до утро со омилените песни на поп и соул сензацијата Џон Њуман, кој со својот специјален настап покажа зошто важи за една од најголемите светски ѕвезди на денешницата, незаборавниот сет на глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалните мегаѕвезди Констракта и „Ван Гог“, но и одличниот Џамбо Агушеви Оркестар, вундеркиндот на електронската музичка сцена Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“! Во последните децении многумина работеа на тоа што повеќе да ги поделат луѓето и народите на овие простори, а токму ваквите средби го свртуваат тој процес во обратен правец, наместо омраза да имаме љубов, мир наместо војни, соработка и разбирање наместо кавги. Проектите како што е овој ја враќаат надежта и вербата дека подобра иднина, не само тука, туку и на целиот свет е можна, и тоа е суштината на нашата соработка со Струмица“ – кажа основачот и директор на ЕГЗИТ фестивалот Душан Ковачевиќ. На втората по ред „Get EXITed“ забава, која ветува да стане нова, блескава традиција, присуствуваше и градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, кој го истакна значењето на овој настан. „Кога ќе дојдете на „Get EXITed“ Струмица можете да ја почувствувате позитивната енергија која што е иницијална каписла и за мене и за Душан како основач на ЕГЗИТ фестивалот. Навистина чест и задоволство е да го имаме Get EXITed во Струмица втора година и со сигурен сум дека ќе го имаме и наредната и понаредната, и сѐ додека можеме да шириме позитивна енергија на Балканот тоа и ќе го правиме, бидејќи ваквите настани се нештата кои можат да нѐ обединат“, изјави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов. Феноменалниот Џон Њуман синоќа ги воодушеви фановите со својот специјален хибриден настап, претставувајќи емотивни мелодии и танцувачки ритми во совршени размери, додека светски познатиот продуцент и диџеј со турско потекло Бурак Јетер со најголемите глобални хитови ја издигна енергијата до точка на вриење. Публиката уживаше и во еклектичната и жанровски шаренолика музичка програма која ја претставија омилената уметница во регионов Констракта со својот бенд „Земља Грува“, рок легендите „Ван Гог“ со својата богата безвременска дискографија и еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот Џамбо Агушеви Оркестар, додека одличниот електронски звук го комплетираа и донесоа првата потписничка за „EXIT Echosystem Music & Talent Office“, Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“. (*Фотографии: EXIT Photo Team)

The post Get EXITed спектаклот со најголемите светски и регионални ѕвезди уште еднаш ги воодушеви фановите во Струмица appeared first on Република.

]]>
Во Струмица денес пристигнуваат Џон Њуман, Бурак Јетер, Констракта и Ван Гог, а влезот е бесплатен! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vo-strumitsa-denes-pristignuvaat-dhon-numan-burak-jeter-konstrakta-i-van-gog-a-vlezot-e-besplaten/ Thu, 07 Sep 2023 07:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=679551

Големата, долгоочекувана Get EXITed журка ќе биде одржана денеска, 7 септември, во Градскиот парк во Струмица, со почеток во 19 часот, а на неа ќе настапат водечките имиња на светската и регионалната сцена – поп и соул сензацијата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, омилената уметница во регионот Констракта, рок легендите Ван Гог, струмичкиот Џамбо Агушеви Оркестар и младите продуцентки и диџејки во подем Лана и Д Георс! Влезот е слободен, а сѐ уште се достапни и ВИП влезниците по цена од 3.100 денари за оние кои овој спектакл сакаат да го доживеат на највисоко ниво!

Најголемата забава за испраќање на летната сезона на настани во организација на тимот на ЕГЗИТ, утре пристигнува во струмичкиот Градски парк, а исчекувањето дополнително го зголемуваат глобалните хитови кои во збир бројат повеќе од пет милијарди слушања, како и жанровски шареноликата програма која пристигнува со водечките светски и регионални имиња, а познати се и деталите за распоредот на настапите на омилените изведувачи, местата за замена на ВИП влезниците со нараквици и временската прогноза!

Капиите на преубавиот струмички Градски парк ќе бидат отворени во 19:00 часот, а публиката во 20:00 часот ќе ја пречека локалниот Џамбо Агушеви Оркестар, еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот, додека во 21:00 на бината ќе застане омилената регионална уметница Констракта со својот бенд „Земља Грува“! Гитарскиот звук од 22:30 ќе го донесат рок легендите, групата Ван Гог, по која ќе следува исчекуваниот, специјален хибриден настап на светската поп и соул сензација Џон Њуман, кој почнува во 23:50! Од 01:05 публиката ќе ја разигра глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Бурак Јетер, додека за завршницата на втората по ред Get EXITed журка ќе биде задолжена силната женска поддршка од светот на електронската музика – младата продуцентка и диџејка Lanna од 02:30 и одличните The Geors од 03:30!

Влезот е бесплатен и отворен за сите посетители, а за оние кои еклектичната музичка програма и најголемите светски и регионални ѕвезди сакаат да ги чујат и доживеат на највисоко ниво, достапни се ВИП влезниците по цена од 3.100 денари. Посетителите кои купиле ВИП влезници, истите ќе можат да ги заменат за нараквици на самиот настан на влезот во ВИП зоната.

Временската прогноза за четврток, 7 септември, најавува сончево и топло време со температура до 27 степени, идеално за највозбудливата летна забава во струмичкиот Градски парк!

Get EXITed настанот го реализира ЕГЗИТ тимот во соработка со Општина Струмица, а ова е второ по ред издание на оваа спектакуларна забава, која ветува дека ќе стане нова, блескава традиција!

The post Во Струмица денес пристигнуваат Џон Њуман, Бурак Јетер, Констракта и Ван Гог, а влезот е бесплатен! appeared first on Република.

]]>

Големата, долгоочекувана Get EXITed журка ќе биде одржана денеска, 7 септември, во Градскиот парк во Струмица, со почеток во 19 часот, а на неа ќе настапат водечките имиња на светската и регионалната сцена – поп и соул сензацијата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, омилената уметница во регионот Констракта, рок легендите Ван Гог, струмичкиот Џамбо Агушеви Оркестар и младите продуцентки и диџејки во подем Лана и Д Георс! Влезот е слободен, а сѐ уште се достапни и ВИП влезниците по цена од 3.100 денари за оние кои овој спектакл сакаат да го доживеат на највисоко ниво! Најголемата забава за испраќање на летната сезона на настани во организација на тимот на ЕГЗИТ, утре пристигнува во струмичкиот Градски парк, а исчекувањето дополнително го зголемуваат глобалните хитови кои во збир бројат повеќе од пет милијарди слушања, како и жанровски шареноликата програма која пристигнува со водечките светски и регионални имиња, а познати се и деталите за распоредот на настапите на омилените изведувачи, местата за замена на ВИП влезниците со нараквици и временската прогноза! Капиите на преубавиот струмички Градски парк ќе бидат отворени во 19:00 часот, а публиката во 20:00 часот ќе ја пречека локалниот Џамбо Агушеви Оркестар, еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот, додека во 21:00 на бината ќе застане омилената регионална уметница Констракта со својот бенд „Земља Грува“! Гитарскиот звук од 22:30 ќе го донесат рок легендите, групата Ван Гог, по која ќе следува исчекуваниот, специјален хибриден настап на светската поп и соул сензација Џон Њуман, кој почнува во 23:50! Од 01:05 публиката ќе ја разигра глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Бурак Јетер, додека за завршницата на втората по ред Get EXITed журка ќе биде задолжена силната женска поддршка од светот на електронската музика – младата продуцентка и диџејка Lanna од 02:30 и одличните The Geors од 03:30! Влезот е бесплатен и отворен за сите посетители, а за оние кои еклектичната музичка програма и најголемите светски и регионални ѕвезди сакаат да ги чујат и доживеат на највисоко ниво, достапни се ВИП влезниците по цена од 3.100 денари. Посетителите кои купиле ВИП влезници, истите ќе можат да ги заменат за нараквици на самиот настан на влезот во ВИП зоната. Временската прогноза за четврток, 7 септември, најавува сончево и топло време со температура до 27 степени, идеално за највозбудливата летна забава во струмичкиот Градски парк! Get EXITed настанот го реализира ЕГЗИТ тимот во соработка со Општина Струмица, а ова е второ по ред издание на оваа спектакуларна забава, која ветува дека ќе стане нова, блескава традиција!

The post Во Струмица денес пристигнуваат Џон Њуман, Бурак Јетер, Констракта и Ван Гог, а влезот е бесплатен! appeared first on Република.

]]>
Џон Њуман пристигнува на големата Get EXITed забава! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dhon-numan-pristignuva-na-golemata-get-exited-zabava/ Thu, 24 Aug 2023 19:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=675333

Глобалната поп и соул сензација Џон Њуман повеќе од деценија наназад суверено владее на светската музичка сцена и ги освојува срцата на фановите со моќниот глас, емотивните мелодии и песните кои достигнуваат до самиот врв на водечките топ листи. Единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј, на 7 септември на големиот Get EXITed спектакл пристигнува со хитовите тешки повеќе од 2,5 милијарди стримови и тоа во својот специјален хибриден настап! Жанровски шареноликата програма ја заокружуваат глобалниот хитмејкер Бурак Јетер и регионалните ѕвезди Констракта, Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Ланна и Д Георс, а влезот е слободен за сите посетители!

Џон Њуман денеска стои зад песните кои ги знае целиот свет, меѓу кои се „Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), „Feel The Love“, „Not Giving In“ (feat. Rudimental), „Cheating“ и многу други, а дури девет негови нумери беа број еден на водечките светски топ листи. Вештината на овој извонреден британски уметник да пренесе длабока емоција низ секоја нота долги години континуирано ги воодушевува фановите ширум светот, а неговата способност да спојува и преплетува различни музички елементи, од поп, соул и електроника, балади и денс хитови, одамна ја освои планетата и се покажа како формула за неговата автентичност и успех.

 

Уште синглот „Feel The Love“, со кој во 2012 година се придружи на мегапопуларната група Рудиментал, наговестуваше дека зад оваа соработка се крие нова глобална музичка сензација во зародок. Песната стана инстант хит и достигна до прво место на британската топ листа на најдобри синглови, а истата судбина ја имаше и синглот „Love Me Again“ од албумот „Tribute“, со кој Њуман година дена подоцна ја започна својата соло кариера. Веќе неговиот дебитантски албум го претстави изразот на уметничка зрелост, од ритмичките поп нумери до емотивните балади, што резултираше и со прво место на британската листа на најдобри албуми! Во својот втор студиски албум „Revolve“, кој ги изнедри омилените „Come and Get it“, „Tiring Game“ и „I’m Not Your Man“, Њуман ја покажа својата способност да се прилагоди на различните музички стилови, истовремено задржувајќи го својот препознатлив белег и силните влијанија на соул звукот, и со тоа уште еднаш демонстрираше дека не е само моментална сензација, туку сериозен и доследен уметник.

Зад себе има соработки со лидерите на музичкиот свет, меѓу кои се Дејвид Гета, Калвин Харис, Алесо, Рудиментал, Сигала, Најл Роџерс, Галантис и Кајго, но и бројни настапи кои ја редефинираат кариерата, како затворањето на Коачела со Калвин Харис, и спектакуларните „лајв“ изведби на настаните од светска класа, меѓу кои се ЕГЗИТ и Гластонбери. Неодамна ја објави песната „Call Your Name“ со Алесо, на која предодредена ѝ е судбината на глобален хит и која е прогласена за песна на Тумороуленд фестивалот!

 

Џон Њуман ќе го обои со емоции и со единствен настап големиот Get EXITed спектакл во Струмица на 7 септември, на кој му се придружува ѕвездена и шаренолика екипа сочинета од глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалната сензација Констракта, Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и Д Георс.

Влезот на овој голем музички спектакл во организација на ЕГЗИТ тимот и општина Струмица е слободен, додека за посетителите кои сакаат да го доживеат настанот на специјално ниво во продажба се ВИП влезници по промотивна цена од 3.100 денари.

The post Џон Њуман пристигнува на големата Get EXITed забава! appeared first on Република.

]]>

Глобалната поп и соул сензација Џон Њуман повеќе од деценија наназад суверено владее на светската музичка сцена и ги освојува срцата на фановите со моќниот глас, емотивните мелодии и песните кои достигнуваат до самиот врв на водечките топ листи. Единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј, на 7 септември на големиот Get EXITed спектакл пристигнува со хитовите тешки повеќе од 2,5 милијарди стримови и тоа во својот специјален хибриден настап! Жанровски шареноликата програма ја заокружуваат глобалниот хитмејкер Бурак Јетер и регионалните ѕвезди Констракта, Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Ланна и Д Георс, а влезот е слободен за сите посетители!
Џон Њуман денеска стои зад песните кои ги знае целиот свет, меѓу кои се „Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), „Feel The Love“, „Not Giving In“ (feat. Rudimental), „Cheating“ и многу други, а дури девет негови нумери беа број еден на водечките светски топ листи. Вештината на овој извонреден британски уметник да пренесе длабока емоција низ секоја нота долги години континуирано ги воодушевува фановите ширум светот, а неговата способност да спојува и преплетува различни музички елементи, од поп, соул и електроника, балади и денс хитови, одамна ја освои планетата и се покажа како формула за неговата автентичност и успех.   Уште синглот „Feel The Love“, со кој во 2012 година се придружи на мегапопуларната група Рудиментал, наговестуваше дека зад оваа соработка се крие нова глобална музичка сензација во зародок. Песната стана инстант хит и достигна до прво место на британската топ листа на најдобри синглови, а истата судбина ја имаше и синглот „Love Me Again“ од албумот „Tribute“, со кој Њуман година дена подоцна ја започна својата соло кариера. Веќе неговиот дебитантски албум го претстави изразот на уметничка зрелост, од ритмичките поп нумери до емотивните балади, што резултираше и со прво место на британската листа на најдобри албуми! Во својот втор студиски албум „Revolve“, кој ги изнедри омилените „Come and Get it“, „Tiring Game“ и „I’m Not Your Man“, Њуман ја покажа својата способност да се прилагоди на различните музички стилови, истовремено задржувајќи го својот препознатлив белег и силните влијанија на соул звукот, и со тоа уште еднаш демонстрираше дека не е само моментална сензација, туку сериозен и доследен уметник. Зад себе има соработки со лидерите на музичкиот свет, меѓу кои се Дејвид Гета, Калвин Харис, Алесо, Рудиментал, Сигала, Најл Роџерс, Галантис и Кајго, но и бројни настапи кои ја редефинираат кариерата, како затворањето на Коачела со Калвин Харис, и спектакуларните „лајв“ изведби на настаните од светска класа, меѓу кои се ЕГЗИТ и Гластонбери. Неодамна ја објави песната „Call Your Name“ со Алесо, на која предодредена ѝ е судбината на глобален хит и која е прогласена за песна на Тумороуленд фестивалот!   Џон Њуман ќе го обои со емоции и со единствен настап големиот Get EXITed спектакл во Струмица на 7 септември, на кој му се придружува ѕвездена и шаренолика екипа сочинета од глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалната сензација Констракта, Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и Д Георс. Влезот на овој голем музички спектакл во организација на ЕГЗИТ тимот и општина Струмица е слободен, додека за посетителите кои сакаат да го доживеат настанот на специјално ниво во продажба се ВИП влезници по промотивна цена од 3.100 денари.

The post Џон Њуман пристигнува на големата Get EXITed забава! appeared first on Република.

]]>
Објавена програмата за Get EXITed спектаклот во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/objavena-programata-za-get-exited-spektaklot-vo-strumitsa/ Tue, 22 Aug 2023 14:19:48 +0000 https://republika.mk/?p=674662

Објавена е целосната програма на второто издание на Get EXITed настанот во преубавиот струмички Градски парк. ЕГЗИТ и Општина Струмица за 7 септември подготвуваат спектакл кој го предводат Џон Њуман, Бурак Јетер и Констракта, а сега им се придружуваат Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и „Д Георс“. Овие одлични изведувачи за време на маратонската забава на посетителите ќе им донесат разновиден звук – од соул, поп и рок, преку најголемите глобални хитови, до музика на светот и техно! Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со општината Струмица, влезот е слободен, додека за посетителите кои овој голем настан сакаат да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезниците по промотивната цена од 3100 денари.

Суверената поп/соул ѕвезда Џон Њуман, турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј Бурак Јетер и една од најпосебните музичарки на нашите простори Констракта на 7 септември ќе се најдат во исклучително друштво на колегите и колешките од регионов! Квалитетната гитарска страна на Get EXITed настанот ќе ја предводат рок ветераните на регионалната сцена, бендот Ван Гог. Во тридецениската кариера тие создадоа 10 студиски албуми, меѓу кои најновиот „More bez obala“. Овој бенд, оформен во 1986 година, наполни многу арени во Србија и светот и два пати ја освои регионалната „Емтиви“ награда. Пејачот, гитарист, автор на песните и фронтмен на групата , Звонимир Ѓуриќ - Џуле во 2019 ја објави книгата „Ван Гог – Море без брег“, со стихови од песните, фотографии и, како што се вели во описот на книгата – тајни.

Македонскиот Џамбо Агушев Оркестар потекнува токму од Струмица, а денеска е еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот. Првото аудио-издание за меѓународниот пазар го објавија во 2016 година, што беше важен чекор во трасирањето на патот на овој бенд кон светската сцена, додека во 2020 пристигна вториот албум, насловен „Brasses For the Masses“, и тоа за угледната германска издавачка куќа „Асфалт Танго“. Овој албум донесе одлична изведба, но и нов, практично фанки звук, како и композиторска разновидност која Оркестарот Џамбо Агушеви во полн сјај ќе ја покаже во струмичкиот Градски парк.

На овој Get EXITed настан ќе бидат претставени и исклучителни млади уметници од полето на електронската музика, меѓу кои се Лана (Lanna) и Д Георс (The Geors). Лана е продуцентка и диџејка од Нови Сад, една од најперспективните млади надежи на електронската сцена. Нејзиниот пат кон ѕвездите почна кога на 13 години за прв пат настапи на Егзит како најмлада учесничка, а зад себе веќе има настапи со најголемите глобални имиња, меѓу кои се Нина Кравиц, Амели Ленс, Пол Калкбренер и Индира ПаганотоЛани есента започна да ги објавува првите изданија – прво „My Journey“, а потоа и ЕП „White Shadows“ во соработка со Себастијан Хас. Така стана најмладата продуцентка на Топ 100 Прогресив-хаус листата на Битпорт. Оваа инспиративна млада музичарка е воедно и првото име кое истапи пред сеопфатниот центар на ЕГЗИТ за развој на глобални музички ѕвезди, насловен „EXIT Echosystem“.

„Д Георс“ е македонско мелодик-техно дуо составено од двете сестри близначки – Патриција и Андреа Геор. Патувањето во светот на електронската музика го започнаа во 2015 година, а освен во родната Македонија, до сега настапувале и во Швајцарија, Грција, Албанија, Бугарија, додека глобалните сцени секако ги очекуваат. Покрај големата љубов кон класичната музика и свирењето клавир и виолина, сестрите Геор зад себе имаат и успешни кариери во манекенството, кои траат повеќе од деценија.

Со седум исклучителни изведувачи меѓу кои се Џон Њуман, Бурак Јетер, Констракта, Џамбо Агушеви Оркестар, Ланна и Д Георс, второто Get EXITed издание ветува несекојдневно разновиден музички настан на кој сите се добредојдени! Влезот е слободен, додека за посетителите кои овој голем настан сакаат да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезници по промотивна цена од 3.100 денари. Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со Општина Струмица.

The post Објавена програмата за Get EXITed спектаклот во Струмица appeared first on Република.

]]>

Објавена е целосната програма на второто издание на Get EXITed настанот во преубавиот струмички Градски парк. ЕГЗИТ и Општина Струмица за 7 септември подготвуваат спектакл кој го предводат Џон Њуман, Бурак Јетер и Констракта, а сега им се придружуваат Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и „Д Георс“. Овие одлични изведувачи за време на маратонската забава на посетителите ќе им донесат разновиден звук – од соул, поп и рок, преку најголемите глобални хитови, до музика на светот и техно! Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со општината Струмица, влезот е слободен, додека за посетителите кои овој голем настан сакаат да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезниците по промотивната цена од 3100 денари. Суверената поп/соул ѕвезда Џон Њуман, турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј Бурак Јетер и една од најпосебните музичарки на нашите простори Констракта на 7 септември ќе се најдат во исклучително друштво на колегите и колешките од регионов! Квалитетната гитарска страна на Get EXITed настанот ќе ја предводат рок ветераните на регионалната сцена, бендот Ван Гог. Во тридецениската кариера тие создадоа 10 студиски албуми, меѓу кои најновиот „More bez obala“. Овој бенд, оформен во 1986 година, наполни многу арени во Србија и светот и два пати ја освои регионалната „Емтиви“ награда. Пејачот, гитарист, автор на песните и фронтмен на групата , Звонимир Ѓуриќ - Џуле во 2019 ја објави книгата „Ван Гог – Море без брег“, со стихови од песните, фотографии и, како што се вели во описот на книгата – тајни. Македонскиот Џамбо Агушев Оркестар потекнува токму од Струмица, а денеска е еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот. Првото аудио-издание за меѓународниот пазар го објавија во 2016 година, што беше важен чекор во трасирањето на патот на овој бенд кон светската сцена, додека во 2020 пристигна вториот албум, насловен „Brasses For the Masses“, и тоа за угледната германска издавачка куќа „Асфалт Танго“. Овој албум донесе одлична изведба, но и нов, практично фанки звук, како и композиторска разновидност која Оркестарот Џамбо Агушеви во полн сјај ќе ја покаже во струмичкиот Градски парк. На овој Get EXITed настан ќе бидат претставени и исклучителни млади уметници од полето на електронската музика, меѓу кои се Лана (Lanna) и Д Георс (The Geors). Лана е продуцентка и диџејка од Нови Сад, една од најперспективните млади надежи на електронската сцена. Нејзиниот пат кон ѕвездите почна кога на 13 години за прв пат настапи на Егзит како најмлада учесничка, а зад себе веќе има настапи со најголемите глобални имиња, меѓу кои се Нина Кравиц, Амели Ленс, Пол Калкбренер и Индира ПаганотоЛани есента започна да ги објавува првите изданија – прво „My Journey“, а потоа и ЕП „White Shadows“ во соработка со Себастијан Хас. Така стана најмладата продуцентка на Топ 100 Прогресив-хаус листата на Битпорт. Оваа инспиративна млада музичарка е воедно и првото име кое истапи пред сеопфатниот центар на ЕГЗИТ за развој на глобални музички ѕвезди, насловен „EXIT Echosystem“. „Д Георс“ е македонско мелодик-техно дуо составено од двете сестри близначки – Патриција и Андреа Геор. Патувањето во светот на електронската музика го започнаа во 2015 година, а освен во родната Македонија, до сега настапувале и во Швајцарија, Грција, Албанија, Бугарија, додека глобалните сцени секако ги очекуваат. Покрај големата љубов кон класичната музика и свирењето клавир и виолина, сестрите Геор зад себе имаат и успешни кариери во манекенството, кои траат повеќе од деценија. Со седум исклучителни изведувачи меѓу кои се Џон Њуман, Бурак Јетер, Констракта, Џамбо Агушеви Оркестар, Ланна и Д Георс, второто Get EXITed издание ветува несекојдневно разновиден музички настан на кој сите се добредојдени! Влезот е слободен, додека за посетителите кои овој голем настан сакаат да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезници по промотивна цена од 3.100 денари. Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со Општина Струмица.

The post Објавена програмата за Get EXITed спектаклот во Струмица appeared first on Република.

]]>
Бурак Јетер на големиот Егзитов настан во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/burak-jeter-na-golemiot-egzitov-nastan-vo-strumitsa/ Wed, 16 Aug 2023 11:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=672713

Бурак Јетер, турскиот продуцент, диџеј и автор на едни од најголемите светски хитови „тешки“ речиси милијарда стримови само на „ЈуТјуб“, изминатава деценија ја освојува планетата, радискиот етер и најголемите фестивалски сцени со својата музика, но и со атмосферата и енергијата која ја креира каде и да се појави. По настапот на овогодишниот ЕГЗИТ фестивал, каде што до утро ги држеше разиграни дестиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист и уште еднаш го потврди статусот на мега-ѕвезда, на 7 септември пристигнува во преубавиот струмички Градски парк на Get EXITed спектаклот!

Растејќи во родната Турција, Бурак Јетер бил успешен студент, по што станал инженер, специјализиран за изградба на автопати. Му нуделе богата кариера во струката, а семејството и пријателите биле горди на него. Меѓутоа, како во секоја филмска приказна за успехот и за остварувањето на својот сон и страст, паралелно тој работел на себе, на својата диџејска вештина, но и продукцијата на звук. По студиите во Турција, го продолжил школувањето во Лондон, каде што станал инженер за звук и со тоа ја отворил вратата кон музичката кариера.

Со музика започнал да се занимава уште како дете. На осум години научил да свири гитара, а потоа и други инструменти. Со заминувањето од Турција станува граѓанин на светот, со постојани преселби и патувања на кои прерасна во врвен музичар. Значајна ставка во неговото патешествие е Малта, каде што настапи на MTV Dance Floor Chart забавата и се стекна со првите значајни фанови и познанства. Десетина години објавуваше песни, одеше на турнеи и ја градеше кариерата, а потоа сѐ кликна во 2016 година. Јетер се посветува на New world проектот“, кој донесе нова свежина како нему и на неговото творештво, така и на целата глобална хаус и денс музичка сцена.

Со песната „Happy“ фати залет, а потоа во соработка со Данел Сандовал го објавува синглот „Tuesday“, кој беше веројатно најголемиот хит тоа лето, а песната не можевте да ја избегнете на ниедна плажа, кафуле или трговски центар. Во вторник или било кој друг ден. Влезе во листата најпребарувани песни на „Шазам“ за 2017 година, и тоа на планетарно ниво. Само од таа песна и ловориките кои ги заработи, можеше да се повлече на некое мирно место и да не работи веќе ништо до крајот на животот. Меѓутоа, Бурак реши дека неговото гесло во животот мора да биде поместувањето граници и одење понатаму. Токму тоа го препорача со следниот гигантски голем хит „My life is going on“. Во меѓувреме започнаа да пристигнуваат интернационалните пофалби и признанија од музичката индустрија, па така тој се најде и на „Диџеј Маг“ листата на топ 100 најдобри диџеи во светот!

Последните години, се стационира во своето студио во Амстердам, од каде што ја гради кариерата и ги освојува фестивалите и клубовите ширум светот, а на 7 септември пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Градскиот парк во Струмица, на кој ќе настапат и поп-соул ѕвездата Џон Њуман, регионалната сензација Констракта, а уште имиња ќе бидат објавени наскоро!

Влезот е слободен и отворен за сите посетители, додека за сите заинтересирани кои овој голем настан во организација на ЕГЗИТ фестивалот сакаат да го доживеат на највисоко ниво, во продажба се ВИП влезници по цена од 3.100 денари.

https://www.youtube.com/watch?v=_ZXbxWFx8YM

The post Бурак Јетер на големиот Егзитов настан во Струмица appeared first on Република.

]]>

Бурак Јетер, турскиот продуцент, диџеј и автор на едни од најголемите светски хитови „тешки“ речиси милијарда стримови само на „ЈуТјуб“, изминатава деценија ја освојува планетата, радискиот етер и најголемите фестивалски сцени со својата музика, но и со атмосферата и енергијата која ја креира каде и да се појави. По настапот на овогодишниот ЕГЗИТ фестивал, каде што до утро ги држеше разиграни дестиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист и уште еднаш го потврди статусот на мега-ѕвезда, на 7 септември пристигнува во преубавиот струмички Градски парк на Get EXITed спектаклот! Растејќи во родната Турција, Бурак Јетер бил успешен студент, по што станал инженер, специјализиран за изградба на автопати. Му нуделе богата кариера во струката, а семејството и пријателите биле горди на него. Меѓутоа, како во секоја филмска приказна за успехот и за остварувањето на својот сон и страст, паралелно тој работел на себе, на својата диџејска вештина, но и продукцијата на звук. По студиите во Турција, го продолжил школувањето во Лондон, каде што станал инженер за звук и со тоа ја отворил вратата кон музичката кариера. Со музика започнал да се занимава уште како дете. На осум години научил да свири гитара, а потоа и други инструменти. Со заминувањето од Турција станува граѓанин на светот, со постојани преселби и патувања на кои прерасна во врвен музичар. Значајна ставка во неговото патешествие е Малта, каде што настапи на MTV Dance Floor Chart забавата и се стекна со првите значајни фанови и познанства. Десетина години објавуваше песни, одеше на турнеи и ја градеше кариерата, а потоа сѐ кликна во 2016 година. Јетер се посветува на New world проектот“, кој донесе нова свежина како нему и на неговото творештво, така и на целата глобална хаус и денс музичка сцена. Со песната „Happy“ фати залет, а потоа во соработка со Данел Сандовал го објавува синглот „Tuesday“, кој беше веројатно најголемиот хит тоа лето, а песната не можевте да ја избегнете на ниедна плажа, кафуле или трговски центар. Во вторник или било кој друг ден. Влезе во листата најпребарувани песни на „Шазам“ за 2017 година, и тоа на планетарно ниво. Само од таа песна и ловориките кои ги заработи, можеше да се повлече на некое мирно место и да не работи веќе ништо до крајот на животот. Меѓутоа, Бурак реши дека неговото гесло во животот мора да биде поместувањето граници и одење понатаму. Токму тоа го препорача со следниот гигантски голем хит „My life is going on“. Во меѓувреме започнаа да пристигнуваат интернационалните пофалби и признанија од музичката индустрија, па така тој се најде и на „Диџеј Маг“ листата на топ 100 најдобри диџеи во светот! Последните години, се стационира во своето студио во Амстердам, од каде што ја гради кариерата и ги освојува фестивалите и клубовите ширум светот, а на 7 септември пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Градскиот парк во Струмица, на кој ќе настапат и поп-соул ѕвездата Џон Њуман, регионалната сензација Констракта, а уште имиња ќе бидат објавени наскоро! Влезот е слободен и отворен за сите посетители, додека за сите заинтересирани кои овој голем настан во организација на ЕГЗИТ фестивалот сакаат да го доживеат на највисоко ниво, во продажба се ВИП влезници по цена од 3.100 денари. https://www.youtube.com/watch?v=_ZXbxWFx8YM

The post Бурак Јетер на големиот Егзитов настан во Струмица appeared first on Република.

]]>
Констракта пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Струмица! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/konstrakta-pristignuva-na-golemiot-get-exited-spektakl-vo-strumitsa/ Thu, 10 Aug 2023 11:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=670775

Ана Ѓуриќ Констракта, регионалниот феномен кој го восхити и освои целиот свет, на 7 септември пристигнува на спектакуларниот Get EXITed настан во преубавиот струмички Градски парк! И покрај тоа што имаше безброј настапи кои ја воодушевија публиката ширум регионот и даде илјадници изјави и интервјуа, таа и понатаму за многумина е чудо кое тешко може да се објасни. Иако од претходно ѝ беше позната на јавноста како вокалистка во бендот „Земља Грува“, со неверојатна популарност се стекна по минатогодишниот настап на Евросонг. Веќе по полуфиналето на српската Беовизија, целиот регион зборуваше за необичната уметница и нејзиниот невообичаен спој на настап, текст и музика кој постојано се прегледуваше и преслушуваше одново. И така започна „хајпот“ наречен Констракта, кој сѐ уште трае.

Подготовките за заминување во Торино на Евросонг беа проследени со дотогаш невидена еуфорија – Констракта тогаш, иако присутна на сцената веќе 20 години, речиси преку ноќ стана центар на вниманието на регионалните медиуми, главна ѕвезда на социјалните мрежи кои беа преплавени со хитот „In Corpore Sano“, одеднаш сите ја имитираа препознатливата кореографија, а нејзиното „и шта чемо сад“ се најде секаде каде што можеше да се вметне – од парламенти до секојдневен говор. Необичната уметница стана мејнстрим ѕвезда во своите четириесетти години, со што прегази безброј непишани правила и воедно им даде надеж на сите оние кои веруваат дека најголемиот успех не е условен од возраста. И така таа стана универзално прифатена и сакана: од децата, тинејџерите, патријархот Порфириј со кого таа размени подароци пред заминувањето во Торино, интелектуалците, работниците, мажите, жените, сите.

Констракта сите нѐ освои со едноставноста на „обичната жена“, скромноста со која успешно се носи, леснотијата со која суптилно ги критикува естрадата, општеството и теориите на заговор, воедно овозможувајќи алтернативната сцена да биде многу повидлива и поприсутна отколку досега. Иако не победи на Евросонг, квалитетот на нејзиното творештво не можеше да пројде незабележано. Само неколку часа пред завршницата на Евросонг, ѝ беше доделена награда „Marsel Bezanson“ за најдобар уметнички настап во Торино, а во прилог на фактот дека остави огромен впечаток на натпреварувањето оди и тоа што таа освои две награди во склоп на истото – за најдобар текст и за најиновативен сценски настап. Покрај тоа, Ана Ѓуриќ е номинирана и за бројни други награди, а Радио Белград ја избра за еден од претставниците на фестивалот Еуросоник во Холандија.

Констракта без сомнеж ја обележа годината зад нас кога станува збор за музиката, а по Евросонг таа настапи на бројни фестивали низ регионот и ги заинтригира луѓето со својот „Triptih“. Беше прва домашна хедлајнерка во историјата на ЕГЗИТ Фестивалота нејзиниот настап ја покори публиката. Годинава, следуваше уште еден триптих – „Evo, obećavam“, кој ја потврди посебноста на Констракта и нејзиниот тим, како и високите визуелни и музички стандарди кои тие ги поставија испраќајќи моќни и освестувачки општествени пораки.

Оваа неверојатна уметница, на септември пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Градскиот парк во Струмица, на кој ќе настапат и поп-соул ѕвездата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер и низа други имиња кои наскоро ќе бидат објавени!

Влезот е слободен и отворен за сите посетители, додека за сите заинтересирани кои овој спектакуларен настан сакаат да го доживеат на највисоко ниво во продажба се ВИП влезници по цена од 3.100 денари.

The post Констракта пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Струмица! appeared first on Република.

]]>

Ана Ѓуриќ Констракта, регионалниот феномен кој го восхити и освои целиот свет, на 7 септември пристигнува на спектакуларниот Get EXITed настан во преубавиот струмички Градски парк! И покрај тоа што имаше безброј настапи кои ја воодушевија публиката ширум регионот и даде илјадници изјави и интервјуа, таа и понатаму за многумина е чудо кое тешко може да се објасни. Иако од претходно ѝ беше позната на јавноста како вокалистка во бендот „Земља Грува“, со неверојатна популарност се стекна по минатогодишниот настап на Евросонг. Веќе по полуфиналето на српската Беовизија, целиот регион зборуваше за необичната уметница и нејзиниот невообичаен спој на настап, текст и музика кој постојано се прегледуваше и преслушуваше одново. И така започна „хајпот“ наречен Констракта, кој сѐ уште трае. Подготовките за заминување во Торино на Евросонг беа проследени со дотогаш невидена еуфорија – Констракта тогаш, иако присутна на сцената веќе 20 години, речиси преку ноќ стана центар на вниманието на регионалните медиуми, главна ѕвезда на социјалните мрежи кои беа преплавени со хитот „In Corpore Sano“, одеднаш сите ја имитираа препознатливата кореографија, а нејзиното „и шта чемо сад“ се најде секаде каде што можеше да се вметне – од парламенти до секојдневен говор. Необичната уметница стана мејнстрим ѕвезда во своите четириесетти години, со што прегази безброј непишани правила и воедно им даде надеж на сите оние кои веруваат дека најголемиот успех не е условен од возраста. И така таа стана универзално прифатена и сакана: од децата, тинејџерите, патријархот Порфириј со кого таа размени подароци пред заминувањето во Торино, интелектуалците, работниците, мажите, жените, сите. Констракта сите нѐ освои со едноставноста на „обичната жена“, скромноста со која успешно се носи, леснотијата со која суптилно ги критикува естрадата, општеството и теориите на заговор, воедно овозможувајќи алтернативната сцена да биде многу повидлива и поприсутна отколку досега. Иако не победи на Евросонг, квалитетот на нејзиното творештво не можеше да пројде незабележано. Само неколку часа пред завршницата на Евросонг, ѝ беше доделена награда „Marsel Bezanson“ за најдобар уметнички настап во Торино, а во прилог на фактот дека остави огромен впечаток на натпреварувањето оди и тоа што таа освои две награди во склоп на истото – за најдобар текст и за најиновативен сценски настап. Покрај тоа, Ана Ѓуриќ е номинирана и за бројни други награди, а Радио Белград ја избра за еден од претставниците на фестивалот Еуросоник во Холандија. Констракта без сомнеж ја обележа годината зад нас кога станува збор за музиката, а по Евросонг таа настапи на бројни фестивали низ регионот и ги заинтригира луѓето со својот „Triptih“. Беше прва домашна хедлајнерка во историјата на ЕГЗИТ Фестивалота нејзиниот настап ја покори публиката. Годинава, следуваше уште еден триптих – „Evo, obećavam“, кој ја потврди посебноста на Констракта и нејзиниот тим, како и високите визуелни и музички стандарди кои тие ги поставија испраќајќи моќни и освестувачки општествени пораки. Оваа неверојатна уметница, на септември пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Градскиот парк во Струмица, на кој ќе настапат и поп-соул ѕвездата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер и низа други имиња кои наскоро ќе бидат објавени! Влезот е слободен и отворен за сите посетители, додека за сите заинтересирани кои овој спектакуларен настан сакаат да го доживеат на највисоко ниво во продажба се ВИП влезници по цена од 3.100 денари.

The post Констракта пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Струмица! appeared first on Република.

]]>
Џон Њуман и Бурак Јетер со Констракта пристигнуваат на „ЕГЗИТ“ спектаклот во Струмица, влезот слободен! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dhon-numan-i-burak-jeter-so-konstrakta-pristignuvaat-na-egzit-spektaklot-vo-strumitsa-vlezot-sloboden/ Mon, 07 Aug 2023 10:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=669555

На второто издание на „Get EXITed“ настанот во Градскиот парк во Струмица на 7 септември пристигнуваат возбудливи светски и регионални имиња! На овој Егзитов спектакл, кој минатата година го посетија повеќе од 20.000 луѓе, ќе настапи мега-ѕвезда – единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј Џон Њуман, кој со години суверено ја носи титулата поп и соул ѕвезда! Во Струмица пристигнува и творецот на најголемите светски хитови Бурак Јетер, кој на овогодишниот „ЕГЗИТ“ фестивал со спектакуларен настап до утро ги држеше разиграни десетиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист. Тие ѝ се придружуваат на неповторливата Констракта, а уште имиња ќе бидат објавени набргу. Струмичкиот „Get EXITed“ го организира „ЕГЗИТ“ тимот во соработка со Општина Струмица, влезот на овој голем настан е слободен, додека за заинтерсираните посетители кои имаат желба за ВИП секција, на овој линк има повеќе информации и детали.

Од првиот ‘Егзит’, гостите од Македонија беа меѓу најбројните и особено задоволство ни е, уште еднаш да ја донесеме моќната енергија на ЕГЗИТ фестивалот во Струмица. Минатогодишното издание навистина ги надмина сите очекувања, за време на настанот немаше слободно сместување во околината на Струмица, туристите дојдоа од целиот регион, а на 7 септември со најголемите глобални и регионални имиња продолжуваме во уште посилен ритам“, најавува основачот и директор на ЕГЗИТ Фестивал Душан Ковачевиќ.

Џон Њуман (Јohn Newman)суверената поп/соул ѕвезда со преку 2,5 милијарди стримови и дури девет одлични песни кои беа број 1 на светските топ листи во Струмица го носи својот специјален хибриден настап, во чии рамки ќе ги изведе своите најголеми хитови. Зад себе има соработки со лидерите на музичкиот свет, меѓу кои се Дејвид ГетаКалвин Харис, Алесо, Рудиментал, Сигала, Најл Роџерс, Галантис и Кајго. Оствари настапи кои ја редефинираат кариерата, како што беше затворањето на фестивалот „Коачела“ со Калвин Харис, и приреди спектакуларни лајв изведби на настаните од светска класа, меѓу кои се „ЕГЗИТ“ и „Гластонбери“. Само што ја објави песната „Call Your Name“ со Алесо, на која  предодредено ѝ е да стане глобален хит и која е прогласена за песна на неверојатниот „Тумороуленд“ фестивал! Њуман зад себе ги има песните кои ги знае цел свет, како „Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), „Feel The Love“ и „Not Giving In“ (feat. Rudimental), „Cheating“ и многу други.

Со своите исклучителни хитови, програмата ќе ја засили и Бурак Јетер (Burak Yeter), турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј со речиси милијарда стримови само на „Јутјуб“. Изминатава деценија песните „Crash“, „Friday Night“, „Happy“, „Oh My My“ ја освојуваат планетата, радискиот етер и фестивалските сцени, додека „Tuesday“ заработи платинеста плакета во повеќе земји, а го создаде и многу забележителниот ремикс за прекрасната песна „My Life Is Going On“. Настапи на овогодишниот „ЕГЗИТ“ фестивал, на Главната бина Горки Лист, и во таа прилика уште еднаш го потврди својот статус на мега-ѕвезда која создава атмосфера и енергија за илјадници и илјадници луѓе.

Констракта беше првото најавено име на ова ново издание на „Get EXITed“ настанот. Една од најисклучителните музичарки од нашите простори и пошироко, го освои целиот свет со песната „In Corpore Sano“, што фрли заслужено светло на нејзината генијалност. На оние кои претходно не ја следеле нејзината самостојна работа им донесе целосно освежување и автентичност, но и изненаденост. „In corpore sano“ е дел од проектот „Triptih“, во кој се и песните Nobl“ и „Mekano“, а авторка на сите текстови е Констракта. Следуваше уште еден триптих – „Evo, obećavam“, кој ја потврди посебноста на Констракта и нејзиниот тим, како и високите визуелни и музички стандарди кои ги поставија, со испраќање на силни и освестувачки општествени пораки.

Џон ЊуманБурак Јетер и Констракта ќе донесат разновидност и квалитетен звук во прекрасниот струмички Градски парк, а уште имиња ќе бидат објавени наскоро! Влезот на овогодинешната грандиозна „Get EXITed“ журка е слободен, додека за заинтерсираните посетители кои имаат желба за ВИП секција, повеќе информации и детали има на овој линк.

https://www.youtube.com/watch?v=zQrT9DKcBgQ

The post Џон Њуман и Бурак Јетер со Констракта пристигнуваат на „ЕГЗИТ“ спектаклот во Струмица, влезот слободен! appeared first on Република.

]]>

На второто издание на „Get EXITed“ настанот во Градскиот парк во Струмица на 7 септември пристигнуваат возбудливи светски и регионални имиња! На овој Егзитов спектакл, кој минатата година го посетија повеќе од 20.000 луѓе, ќе настапи мега-ѕвезда – единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј Џон Њуман, кој со години суверено ја носи титулата поп и соул ѕвезда! Во Струмица пристигнува и творецот на најголемите светски хитови Бурак Јетер, кој на овогодишниот „ЕГЗИТ“ фестивал со спектакуларен настап до утро ги држеше разиграни десетиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист. Тие ѝ се придружуваат на неповторливата Констракта, а уште имиња ќе бидат објавени набргу. Струмичкиот „Get EXITed“ го организира „ЕГЗИТ“ тимот во соработка со Општина Струмица, влезот на овој голем настан е слободен, додека за заинтерсираните посетители кои имаат желба за ВИП секција, на овој линк има повеќе информации и детали.
Од првиот ‘Егзит’, гостите од Македонија беа меѓу најбројните и особено задоволство ни е, уште еднаш да ја донесеме моќната енергија на ЕГЗИТ фестивалот во Струмица. Минатогодишното издание навистина ги надмина сите очекувања, за време на настанот немаше слободно сместување во околината на Струмица, туристите дојдоа од целиот регион, а на 7 септември со најголемите глобални и регионални имиња продолжуваме во уште посилен ритам“, најавува основачот и директор на ЕГЗИТ Фестивал Душан Ковачевиќ.
Џон Њуман (Јohn Newman)суверената поп/соул ѕвезда со преку 2,5 милијарди стримови и дури девет одлични песни кои беа број 1 на светските топ листи во Струмица го носи својот специјален хибриден настап, во чии рамки ќе ги изведе своите најголеми хитови. Зад себе има соработки со лидерите на музичкиот свет, меѓу кои се Дејвид ГетаКалвин Харис, Алесо, Рудиментал, Сигала, Најл Роџерс, Галантис и Кајго. Оствари настапи кои ја редефинираат кариерата, како што беше затворањето на фестивалот „Коачела“ со Калвин Харис, и приреди спектакуларни лајв изведби на настаните од светска класа, меѓу кои се „ЕГЗИТ“ и „Гластонбери“. Само што ја објави песната „Call Your Name“ со Алесо, на која  предодредено ѝ е да стане глобален хит и која е прогласена за песна на неверојатниот „Тумороуленд“ фестивал! Њуман зад себе ги има песните кои ги знае цел свет, како „Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), „Feel The Love“ и „Not Giving In“ (feat. Rudimental), „Cheating“ и многу други. Со своите исклучителни хитови, програмата ќе ја засили и Бурак Јетер (Burak Yeter), турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј со речиси милијарда стримови само на „Јутјуб“. Изминатава деценија песните „Crash“, „Friday Night“, „Happy“, „Oh My My“ ја освојуваат планетата, радискиот етер и фестивалските сцени, додека „Tuesday“ заработи платинеста плакета во повеќе земји, а го создаде и многу забележителниот ремикс за прекрасната песна „My Life Is Going On“. Настапи на овогодишниот „ЕГЗИТ“ фестивал, на Главната бина Горки Лист, и во таа прилика уште еднаш го потврди својот статус на мега-ѕвезда која создава атмосфера и енергија за илјадници и илјадници луѓе. Констракта беше првото најавено име на ова ново издание на „Get EXITed“ настанот. Една од најисклучителните музичарки од нашите простори и пошироко, го освои целиот свет со песната „In Corpore Sano“, што фрли заслужено светло на нејзината генијалност. На оние кои претходно не ја следеле нејзината самостојна работа им донесе целосно освежување и автентичност, но и изненаденост. „In corpore sano“ е дел од проектот „Triptih“, во кој се и песните Nobl“ и „Mekano“, а авторка на сите текстови е Констракта. Следуваше уште еден триптих – „Evo, obećavam“, кој ја потврди посебноста на Констракта и нејзиниот тим, како и високите визуелни и музички стандарди кои ги поставија, со испраќање на силни и освестувачки општествени пораки. Џон ЊуманБурак Јетер и Констракта ќе донесат разновидност и квалитетен звук во прекрасниот струмички Градски парк, а уште имиња ќе бидат објавени наскоро! Влезот на овогодинешната грандиозна „Get EXITed“ журка е слободен, додека за заинтерсираните посетители кои имаат желба за ВИП секција, повеќе информации и детали има на овој линк. https://www.youtube.com/watch?v=zQrT9DKcBgQ

The post Џон Њуман и Бурак Јетер со Констракта пристигнуваат на „ЕГЗИТ“ спектаклот во Струмица, влезот слободен! appeared first on Република.

]]>
Егзит фестивалот-  „журка од самрак до зори“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/egzit-festivalot-zhurka-od-samrak-do-zori/ Fri, 28 Jul 2023 15:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=666379

И оваа година, EXIT Универзум заблеска со плејада најголеми светски ѕвезди, како што се The Prodigy, Wu-Tang Clan, Skrillex, Eric Prydz, Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, Nina Kraviz, Indira Paganotto, Keinemusik и многу други. Беше место за собирање на повеќе од 200.000 посетители од преку 120 земји во светот, но и бројни музички професионалци и водечки светски медиуми привлечени од програмата, локацијата, енергијата и големината на европскиот фестивалски шампион, меѓу кои се DJ Mag, Mixmag, Crack Magazine, Beatport, EDM, Euronews, Daily Express и бројни други. „Никаде не е како на Exit!“ – пренесува британскиот Mixmag, глобалниот гигант кога е во прашање светската електронска музичка сцена.

EXIT од своите почетоци го плени вниманието на водечките интернационални медиумски гиганти, кои и оваа година од фестивалот понесоа силни впечатоци. Така италијанскиот огранок на влијателниот DJ Mag го прогласи EXIT за „упориште на музичкото минато, сегашноста и иднината“, а еден од највлијателните светски магазини кои се бават со електронската музика, британскиот Mixmag, пренесе дека „EXIT не е како другите фестивали“, како и дека „никаде не е како на Exit“. Овој медиум, отворањето на Главната бина го нарече божествено, додека Денс Арената ја прогласи за „рај на електронската музика“. Престижниот Crack Magazine го истакна EXIT како „еден од најпознатите музички настани во летниот европски календар“ и пренесе: „Да се посети EXIT е налик на церемонијална иницијација. Огромната, лавиринстка Петроварадинска тврдина е сама по себе за восхит. Преминувајќи го мостот над Дунав кон фестивалот, нѐ преплави размерот на раскошниот четиридневен спектакл“.

Британскиот Euronews , EXIT го нарече „балканска оаза на драменбејс и техно“, истакнувајќи ја во преден план „неверојатната, единствена фестивалска локација“, а оваа репортажа ја пренесе и Yahoo! Продукцијата на Денс Арената за време на настапот на Eric Prydz опишана е како „еден од најимпресивните визуелни спектакли на фестивалот, кој ги маѓепса посетителите капејќи ги во светлина“. Посебно внимание посветија на прославата 50 години хип-хоп со Wu-Tang Clan како најистакнат претставник на жанрот, но и all-female вечерите на двете најголеми фестивалски бини. Британскиот Daily Express го опиша овогодишното издание на фестивалот како „журка од самрак до зори“, нарекувајќи ја Денс Арената „храм на електронската музика“, американскиот EDM четирите фестивалски ноќи ги претстави како „нескротливо блаженство на денс музиката“, прогласувајќи го EXIT за „еден од најразновидните и највозбудливите музички фестивали во Европа“, додека Deep House Amsterdam ја истакна „фестивалската продукција на највисоко ниво“.

Славниот Beatport и оваа година секоја вечер на својот Facebook и YouTube канал ги пренесуваше настапите од Денс Арена, а пред камерата на највлијателната дигитална платформа за електронска музика се најдоа Nina Kraviz, Hot Since 82, Agents of Time, Mind Against, Indira Paganotto, Vintage Culture, CamelPhat, Gioli & Assia, Layla Benitez, 8Kays, но и Tijana T, Lanna, Coeus, Marko Nastić, Kristijan Molnar и Space Motion. Посебно внимание доби Human Rias, во своевидниот Beatport Instagram takeover.

Овогодишното издание на EXIT фестивалот ги преплави и инстаграм страниците на Deep Tech MinimalTechno and House MusicEDMSound of TechnoTechno CityRavers Residence и многу други, кои заедно бројат повеќе од десет милиони следбеници! Посебно внимание привлече спонтаниот бек-ту-бек сет на Nina Kraviz и Indira Paganotto, но и настапот на Skrillex и магичното затворање на фестивалот на Денс Арена со колективот Keinemusik.

Од Exit годинава известуваа повеќе од 400 медиуми од земјите ширум светот, од С.А.Д. и Мексико, преку Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Германија, Велика Британија и Чешка, до Египет и Индија. Меѓи нив се и американските EDM и Nexus Radio, индискиот EDMLI, египетскиот Yalla Techo, мексиканскиот Vinil TV, ограноците на славниот Mixmag од Холандија и Германија, шпанскиот El Hype, француските Guettapen и Les Mixeurs, германскиот Backspin, чешкиот Headliner и многу други, а британскиот Euronews во својата видео репортажа порачува: „Беше навистина брилијантно искуство, апсолутна препорака за следната година“!

The post Егзит фестивалот-  „журка од самрак до зори“ appeared first on Република.

]]>

И оваа година, EXIT Универзум заблеска со плејада најголеми светски ѕвезди, како што се The Prodigy, Wu-Tang Clan, Skrillex, Eric Prydz, Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, Nina Kraviz, Indira Paganotto, Keinemusik и многу други. Беше место за собирање на повеќе од 200.000 посетители од преку 120 земји во светот, но и бројни музички професионалци и водечки светски медиуми привлечени од програмата, локацијата, енергијата и големината на европскиот фестивалски шампион, меѓу кои се DJ Mag, Mixmag, Crack Magazine, Beatport, EDM, Euronews, Daily Express и бројни други. „Никаде не е како на Exit!“ – пренесува британскиот Mixmag, глобалниот гигант кога е во прашање светската електронска музичка сцена. EXIT од своите почетоци го плени вниманието на водечките интернационални медиумски гиганти, кои и оваа година од фестивалот понесоа силни впечатоци. Така италијанскиот огранок на влијателниот DJ Mag го прогласи EXIT за „упориште на музичкото минато, сегашноста и иднината“, а еден од највлијателните светски магазини кои се бават со електронската музика, британскиот Mixmag, пренесе дека „EXIT не е како другите фестивали“, како и дека „никаде не е како на Exit“. Овој медиум, отворањето на Главната бина го нарече божествено, додека Денс Арената ја прогласи за „рај на електронската музика“. Престижниот Crack Magazine го истакна EXIT како „еден од најпознатите музички настани во летниот европски календар“ и пренесе: „Да се посети EXIT е налик на церемонијална иницијација. Огромната, лавиринстка Петроварадинска тврдина е сама по себе за восхит. Преминувајќи го мостот над Дунав кон фестивалот, нѐ преплави размерот на раскошниот четиридневен спектакл“. Британскиот Euronews , EXIT го нарече „балканска оаза на драменбејс и техно“, истакнувајќи ја во преден план „неверојатната, единствена фестивалска локација“, а оваа репортажа ја пренесе и Yahoo! Продукцијата на Денс Арената за време на настапот на Eric Prydz опишана е како „еден од најимпресивните визуелни спектакли на фестивалот, кој ги маѓепса посетителите капејќи ги во светлина“. Посебно внимание посветија на прославата 50 години хип-хоп со Wu-Tang Clan како најистакнат претставник на жанрот, но и all-female вечерите на двете најголеми фестивалски бини. Британскиот Daily Express го опиша овогодишното издание на фестивалот како „журка од самрак до зори“, нарекувајќи ја Денс Арената „храм на електронската музика“, американскиот EDM четирите фестивалски ноќи ги претстави како „нескротливо блаженство на денс музиката“, прогласувајќи го EXIT за „еден од најразновидните и највозбудливите музички фестивали во Европа“, додека Deep House Amsterdam ја истакна „фестивалската продукција на највисоко ниво“. Славниот Beatport и оваа година секоја вечер на својот Facebook и YouTube канал ги пренесуваше настапите од Денс Арена, а пред камерата на највлијателната дигитална платформа за електронска музика се најдоа Nina Kraviz, Hot Since 82, Agents of Time, Mind Against, Indira Paganotto, Vintage Culture, CamelPhat, Gioli & Assia, Layla Benitez, 8Kays, но и Tijana T, Lanna, Coeus, Marko Nastić, Kristijan Molnar и Space Motion. Посебно внимание доби Human Rias, во своевидниот Beatport Instagram takeover. Овогодишното издание на EXIT фестивалот ги преплави и инстаграм страниците на Deep Tech MinimalTechno and House MusicEDMSound of TechnoTechno CityRavers Residence и многу други, кои заедно бројат повеќе од десет милиони следбеници! Посебно внимание привлече спонтаниот бек-ту-бек сет на Nina Kraviz и Indira Paganotto, но и настапот на Skrillex и магичното затворање на фестивалот на Денс Арена со колективот Keinemusik. Од Exit годинава известуваа повеќе од 400 медиуми од земјите ширум светот, од С.А.Д. и Мексико, преку Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Германија, Велика Британија и Чешка, до Египет и Индија. Меѓи нив се и американските EDM и Nexus Radio, индискиот EDMLI, египетскиот Yalla Techo, мексиканскиот Vinil TV, ограноците на славниот Mixmag од Холандија и Германија, шпанскиот El Hype, француските Guettapen и Les Mixeurs, германскиот Backspin, чешкиот Headliner и многу други, а британскиот Euronews во својата видео репортажа порачува: „Беше навистина брилијантно искуство, апсолутна препорака за следната година“!

The post Егзит фестивалот-  „журка од самрак до зори“ appeared first on Република.

]]>
Eгзит 2024 од 11 до 14 јули на магичната Петроварадинска тврдина https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/egzit-2024-od-11-do-14-juli-na-magichnata-petrovaradinska-tvrdina/ Wed, 26 Jul 2023 12:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=665555

EXIT 2024 ќе се одржи од 11 до 14 јули на магичната Петроварадинска тврдина, а покрај традиционалниот голем број на домашни фанови од Србија и од сите земји во регионот – Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора – најголемиот број заинтересирани посетители пристигнуваат од Турција, Холандија, Германија, Велика Британија, САД, Австрија, Русија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Грција, Италија, Романија, Бугарија...

Особено радува што во Нови Сад ќе пристигнат и гости од подалечните земји, како Индија, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Мароко, Бразил, Кипар, Перу, Костарика, Оман, Шри Ланка, Тунис, Кина, Тајланд, Египет, Чиле. На списокот со регистрирани за EXIT 2024 има дури и фанови од Барбадос, Маврициус, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Виетнам, Нов Зеланд... За вистинските фестивалски фанови ништо не е предалеку! Во знак на благодарност за посветеноста и лојалноста кон Exit, ним ќе им биде испратен специјален линк, преку кој ќе можат да ги купат фестивалските влезници по најповолните цени.

Сите оние кои во меѓувреме ја носат одлуката дека EXIT следната година е неизбежна дестинација – ќе можат да ги купат фестивалските влезници по почетната промотивна цена. Повеќе информации за официјалниот почеток на продажбата ќе бидат објавени наскоро.

Големиот интерес за EXIT 2024 доаѓа додека импресиите од неодамна завршеното издание сѐ уште слегнуваат и се собираат. Се случија четири магични дена на Петроварадинската тврдина. Започнувајќи од првото досега отворање на фестивалот од вселената, ѕвездите се усогласија за несекојдневно издание, со повторното, емотивно собирање со The Prodigy и Skrillex, двата all-female концепти на двете најголеми бини со Nina Kraviz, Indira Paganotto, Amelie Lens, Senida, Mimi Mercedez, Sajsi MC и други, но и прославата на 50 години хип-хоп со најголемата рап група на сите времиња Wu-Tang Clan! Денс Арената заблеска и оваа година, со оправданата репутација храм на електронската музика, која, покрај моќните техно жени, ја славеа и Eric Prydz, Hot Since 82, Vintage Culture, CamelPhat, Agents Of Time и бројни други.

И понатаму, најголемиот впечаток од овогодишното издание е дека повеќе од 200.000 фанови – најсјајните ѕвезди – ја осветлија Петроварадинската тврдина, обединети во пораките за љубов и слобода. EXIT тимот од срце им се заблагодарува на сите кои едвај го чекаат следното фестивалско издание.

The post Eгзит 2024 од 11 до 14 јули на магичната Петроварадинска тврдина appeared first on Република.

]]>

EXIT 2024 ќе се одржи од 11 до 14 јули на магичната Петроварадинска тврдина, а покрај традиционалниот голем број на домашни фанови од Србија и од сите земји во регионот – Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора – најголемиот број заинтересирани посетители пристигнуваат од Турција, Холандија, Германија, Велика Британија, САД, Австрија, Русија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Грција, Италија, Романија, Бугарија... Особено радува што во Нови Сад ќе пристигнат и гости од подалечните земји, како Индија, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Мароко, Бразил, Кипар, Перу, Костарика, Оман, Шри Ланка, Тунис, Кина, Тајланд, Египет, Чиле. На списокот со регистрирани за EXIT 2024 има дури и фанови од Барбадос, Маврициус, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Виетнам, Нов Зеланд... За вистинските фестивалски фанови ништо не е предалеку! Во знак на благодарност за посветеноста и лојалноста кон Exit, ним ќе им биде испратен специјален линк, преку кој ќе можат да ги купат фестивалските влезници по најповолните цени. Сите оние кои во меѓувреме ја носат одлуката дека EXIT следната година е неизбежна дестинација – ќе можат да ги купат фестивалските влезници по почетната промотивна цена. Повеќе информации за официјалниот почеток на продажбата ќе бидат објавени наскоро. Големиот интерес за EXIT 2024 доаѓа додека импресиите од неодамна завршеното издание сѐ уште слегнуваат и се собираат. Се случија четири магични дена на Петроварадинската тврдина. Започнувајќи од првото досега отворање на фестивалот од вселената, ѕвездите се усогласија за несекојдневно издание, со повторното, емотивно собирање со The Prodigy и Skrillex, двата all-female концепти на двете најголеми бини со Nina Kraviz, Indira Paganotto, Amelie Lens, Senida, Mimi Mercedez, Sajsi MC и други, но и прославата на 50 години хип-хоп со најголемата рап група на сите времиња Wu-Tang Clan! Денс Арената заблеска и оваа година, со оправданата репутација храм на електронската музика, која, покрај моќните техно жени, ја славеа и Eric Prydz, Hot Since 82, Vintage Culture, CamelPhat, Agents Of Time и бројни други. И понатаму, најголемиот впечаток од овогодишното издание е дека повеќе од 200.000 фанови – најсјајните ѕвезди – ја осветлија Петроварадинската тврдина, обединети во пораките за љубов и слобода. EXIT тимот од срце им се заблагодарува на сите кои едвај го чекаат следното фестивалско издание.

The post Eгзит 2024 од 11 до 14 јули на магичната Петроварадинска тврдина appeared first on Република.

]]>
Егзит најави голем настан годинава во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/egzit-najavi-golem-nastan-godinava-vo-strumitsa/ Mon, 13 Mar 2023 07:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=618949

Откако ланското издание на големиот „Get EXITed“ настан во Струмица ги надмина сите очекувања, собирајќи повеќе од 20.000 посетители, тимот на ЕГЗИТ (Exit) во соработка со општината Струмица организира второ издание, со уште поамбициозни планови! Новиот  „Get EXITed“ настан ќе биде одржан на 7 септември во струмичкиот Голем парк, каде што премиерно ќе настапи ненадминливата Констракта, најбараното музичко име во нашиот регион. Наскоро ќе бидат познати и останатите интернационални и регионални музички ѕвезди, кои во Струмица повторно ќе донесат гости од целиот регион, годинава во уште поголем број.

Прес-конференцијата на која беше потврдено одржувањето на второто издание на големиот „Get EXITed“ настан во Струмица, се одржа денеска во Градската куќа во Нови Сад, а присуствуваа музичарката Ана Ѓуриќ Констракта, првиот човек на Општина Струмица Костадин Костадинов, градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ и основачот и директор на Егзитовата фестивалска групација Душан Ковачевиќ.

Основачот и директор на Егзитовата фестивалска групација Душан Ковачевиќ нагласи дека ЕГЗИТ минатата година организирал дури 26 настани во 10 земји.

„По Дубаи, Истанбул, Амстердам и градовите во регионов, драго ни е дека се враќаме во Струмица и Македонија. Минатогодишниот ’Get EXITed’ навистина ги надмина сите очекувања, за време на одржувањето немаше слободно сместување во пошироката околина на Струмица, а туристи доаѓаа од целиот регион. Планираме новиот настан да го издигнеме на уште повисоко ниво“, кажа Ковачевиќ.

Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов истакна дека за него и за струмичани е задоволство да бидат домаќини на големиот настан на кој ќе настапат музичките ѕвезди.

„Како прв човек на општина Струмица, оттука, од Нови Сад, сакам да истакнам дека и оваа година ќе се потрудиме за настанот ’GetEXITed’ да се чуе надалеку и повторно да биде грандиозен. Инспирирани од културната размена и реализацијата на првото ’GetEXITed’ издание, се договоривме да го започнеме процесот на збратимување на градовите Нови Сад и Струмица“, порача Костадинов.

Музичарката Ана Ѓуриќ Констракта, која штотуку ја претстави новата песна „Еве, ветувам“, изјави дека е среќна ако и таа, со помош на Егзит, може да придонесе за културното поврзување.

Мислам дека тоа по себе е веќе остварување, а секако се радуваме и на македонската публика која е строга, не може кај нив сѐ да пројде и треба да се потрудиме за да ги придобиеме“, изјави Констракта.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека Нови Сад е препознатлив во регионот и пошироко како извозник на креативните индустрии и расадник на фестивалско-музичкиот туризам.

„Горд сум на фактот што ЕГЗИТ изникна токму од нашиот град пред повеќе од две децении, а заедничка желба ни е тој да продолжи да се развива. На организаторите на фестивалот им посакувам уште многу успеси и квалитетни проекти, а на Констракта, како и на другите изведувачи, на 7 септември да ги надминат очекувањата и да остварат уште повеќе од минатогодишните 20.000 посетители“, рече Ѓуриќ.

Наскоро ќе бидат објавени останатите светски и регионални ѕвезди кои на 7 септември ќе настапат во струмичкиот Голем парк, а влезот на големиот „Get EXITed“ настан ќе биде бесплатен.

The post Егзит најави голем настан годинава во Струмица appeared first on Република.

]]>

Откако ланското издание на големиот „Get EXITed“ настан во Струмица ги надмина сите очекувања, собирајќи повеќе од 20.000 посетители, тимот на ЕГЗИТ (Exit) во соработка со општината Струмица организира второ издание, со уште поамбициозни планови! Новиот  „Get EXITed“ настан ќе биде одржан на 7 септември во струмичкиот Голем парк, каде што премиерно ќе настапи ненадминливата Констракта, најбараното музичко име во нашиот регион. Наскоро ќе бидат познати и останатите интернационални и регионални музички ѕвезди, кои во Струмица повторно ќе донесат гости од целиот регион, годинава во уште поголем број. Прес-конференцијата на која беше потврдено одржувањето на второто издание на големиот „Get EXITed“ настан во Струмица, се одржа денеска во Градската куќа во Нови Сад, а присуствуваа музичарката Ана Ѓуриќ Констракта, првиот човек на Општина Струмица Костадин Костадинов, градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ и основачот и директор на Егзитовата фестивалска групација Душан Ковачевиќ. Основачот и директор на Егзитовата фестивалска групација Душан Ковачевиќ нагласи дека ЕГЗИТ минатата година организирал дури 26 настани во 10 земји. „По Дубаи, Истанбул, Амстердам и градовите во регионов, драго ни е дека се враќаме во Струмица и Македонија. Минатогодишниот ’Get EXITed’ навистина ги надмина сите очекувања, за време на одржувањето немаше слободно сместување во пошироката околина на Струмица, а туристи доаѓаа од целиот регион. Планираме новиот настан да го издигнеме на уште повисоко ниво“, кажа Ковачевиќ. Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов истакна дека за него и за струмичани е задоволство да бидат домаќини на големиот настан на кој ќе настапат музичките ѕвезди. „Како прв човек на општина Струмица, оттука, од Нови Сад, сакам да истакнам дека и оваа година ќе се потрудиме за настанот ’GetEXITed’ да се чуе надалеку и повторно да биде грандиозен. Инспирирани од културната размена и реализацијата на првото ’GetEXITed’ издание, се договоривме да го започнеме процесот на збратимување на градовите Нови Сад и Струмица“, порача Костадинов. Музичарката Ана Ѓуриќ Констракта, која штотуку ја претстави новата песна „Еве, ветувам“, изјави дека е среќна ако и таа, со помош на Егзит, може да придонесе за културното поврзување. Мислам дека тоа по себе е веќе остварување, а секако се радуваме и на македонската публика која е строга, не може кај нив сѐ да пројде и треба да се потрудиме за да ги придобиеме“, изјави Констракта. Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека Нови Сад е препознатлив во регионот и пошироко како извозник на креативните индустрии и расадник на фестивалско-музичкиот туризам. „Горд сум на фактот што ЕГЗИТ изникна токму од нашиот град пред повеќе од две децении, а заедничка желба ни е тој да продолжи да се развива. На организаторите на фестивалот им посакувам уште многу успеси и квалитетни проекти, а на Констракта, како и на другите изведувачи, на 7 септември да ги надминат очекувањата и да остварат уште повеќе од минатогодишните 20.000 посетители“, рече Ѓуриќ. Наскоро ќе бидат објавени останатите светски и регионални ѕвезди кои на 7 септември ќе настапат во струмичкиот Голем парк, а влезот на големиот „Get EXITed“ настан ќе биде бесплатен.

The post Егзит најави голем настан годинава во Струмица appeared first on Република.

]]>
Најдоброто од електронската музика: Ерик Придз ја предводи супермоќната програма на Егзитовата Денс Арена https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/najdobroto-od-elektronskata-muzika-erik-pridz-ja-predvodi-supermoknata-programa-na-egzitovata-dens-arena/ Thu, 09 Mar 2023 07:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=617533

Повеќе од 20 години Егзитовата „Денс Арена“ растеше до планетарниот феномен за кој важи денеска, а водечките глобални медиуми и музичари ја прогласуваа за најдобра бина на електронската музика на светот.  Небројните легендарни ноќи и утра од лето во лето го додаваа својот придонес во изградбата на местото кое стана многу повеќе од бина, раскрсница на патот на комплетната сцена, величенствен храм на електронската музика. Во новото издание на најголемиот музички фестивал во регионов, славниот ров на Петроварадинската тврдина ќе заблеска од 6 до 9 јули со посебна енергија поради едно од своите најсилни изданија кое од денеска го предводи апсолутниот број 1 на електронската сцена, Ерик Придз (Eric Prydz), чиј настап публиката на „Егзит“ го чека цела деценија!
Токму тој е на чело на мега-силната листа на имиња кои ќе ја заземат „Денс Арената“, а во која се наоѓаат најголемите интернационални ѕвезди на електронската музика  Амели Ленс, Индира Паганото, Нина Кравиц, „Каинемузик“, Мајкл Биби, „Хот Синс 82“, „КамелФат“, „Мајнд Агеинст“, „Ејџентс оф Тајм“, „Гиоли&Ассиа“, Бен Бумар, „Винтиџ Калчр“, Лејла Бенитез, како и водечките локални изведувачи меѓу кои се Марко Настиќ, кој оваа година слави 25 години работа, потоа Тијана Т, „Спејс Моушн“, „Коес“ и Кристијан Молнар.

Куриозитет на овогодишниот фестивал не е само суперсилната програма, туку и посебната визија на „Егзит“ за отворањето и финишот на фестивалот. Не само што првиот ден на „Денс Арената“ во целост ќе биде препуштен на all female“ програмскиот состав кој го чинат Нина Кравиц, Амели Ленс, Индира Паганото, Тијана Т и Мију, туку станува збор и за веројатно најсилната техно програма која денеска може да се состави на едно место. Сетот за затворањето на Арената ова лето, со голема возбуда, ќе биде препуштен на најбараниот хаус колектив на денешницата – „Каинемузик“ (Keinemusik), кој по затворањето на официјалната програма ќе настапи и на афтерпарти, а сѐ заедно во траење од најмалку шест часа! Ќе останеме до вторник“ –беше еден од коментарите на социјалните мрежи откако беше покрената онлајн кампањата дека токму овие велемајстори ќе ја затворат Арената.

Фантастичниот бран на нови имиња ја заокружува овогодишната електронска програма на „Егзит“ и се придружува во низата претходно потврдени изведувачи кои пристигнуваат во Нови Сад, како што се „Продиџи“, „Ву-Танг Клан“, „Скрилекс“, „Алесо“, „Виагра Бојс“, „Чејс енд Статус“, Клептон, „Софи Такер“, Димитри Вегас и Лајк Мајк, „ЛФ Систем“ и многу други. Продажбата на еднодневните влезници почнува на 15 март на пладнеВо понудата ќе се најде лимитиран контингент влезници по промо-цена од 2200 денари за секој ден и се очекува брзо распродавање.

The post Најдоброто од електронската музика: Ерик Придз ја предводи супермоќната програма на Егзитовата Денс Арена appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 20 години Егзитовата „Денс Арена“ растеше до планетарниот феномен за кој важи денеска, а водечките глобални медиуми и музичари ја прогласуваа за најдобра бина на електронската музика на светот.  Небројните легендарни ноќи и утра од лето во лето го додаваа својот придонес во изградбата на местото кое стана многу повеќе од бина, раскрсница на патот на комплетната сцена, величенствен храм на електронската музика. Во новото издание на најголемиот музички фестивал во регионов, славниот ров на Петроварадинската тврдина ќе заблеска од 6 до 9 јули со посебна енергија поради едно од своите најсилни изданија кое од денеска го предводи апсолутниот број 1 на електронската сцена, Ерик Придз (Eric Prydz), чиј настап публиката на „Егзит“ го чека цела деценија! Токму тој е на чело на мега-силната листа на имиња кои ќе ја заземат „Денс Арената“, а во која се наоѓаат најголемите интернационални ѕвезди на електронската музика  Амели Ленс, Индира Паганото, Нина Кравиц, „Каинемузик“, Мајкл Биби, „Хот Синс 82“, „КамелФат“, „Мајнд Агеинст“, „Ејџентс оф Тајм“, „Гиоли&Ассиа“, Бен Бумар, „Винтиџ Калчр“, Лејла Бенитез, како и водечките локални изведувачи меѓу кои се Марко Настиќ, кој оваа година слави 25 години работа, потоа Тијана Т, „Спејс Моушн“, „Коес“ и Кристијан Молнар. Куриозитет на овогодишниот фестивал не е само суперсилната програма, туку и посебната визија на „Егзит“ за отворањето и финишот на фестивалот. Не само што првиот ден на „Денс Арената“ во целост ќе биде препуштен на all female“ програмскиот состав кој го чинат Нина Кравиц, Амели Ленс, Индира Паганото, Тијана Т и Мију, туку станува збор и за веројатно најсилната техно програма која денеска може да се состави на едно место. Сетот за затворањето на Арената ова лето, со голема возбуда, ќе биде препуштен на најбараниот хаус колектив на денешницата – „Каинемузик“ (Keinemusik), кој по затворањето на официјалната програма ќе настапи и на афтерпарти, а сѐ заедно во траење од најмалку шест часа! Ќе останеме до вторник“ –беше еден од коментарите на социјалните мрежи откако беше покрената онлајн кампањата дека токму овие велемајстори ќе ја затворат Арената. Фантастичниот бран на нови имиња ја заокружува овогодишната електронска програма на „Егзит“ и се придружува во низата претходно потврдени изведувачи кои пристигнуваат во Нови Сад, како што се „Продиџи“, „Ву-Танг Клан“, „Скрилекс“, „Алесо“, „Виагра Бојс“, „Чејс енд Статус“, Клептон, „Софи Такер“, Димитри Вегас и Лајк Мајк, „ЛФ Систем“ и многу други. Продажбата на еднодневните влезници почнува на 15 март на пладнеВо понудата ќе се најде лимитиран контингент влезници по промо-цена од 2200 денари за секој ден и се очекува брзо распродавање.

The post Најдоброто од електронската музика: Ерик Придз ја предводи супермоќната програма на Егзитовата Денс Арена appeared first on Република.

]]>
Легендарните Wu-Tang Clan пристигнуваат на ЕГЗИТ! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/legendarnite-wu-tang-clan-pristignuvaat-na-egzit/ Thu, 09 Feb 2023 15:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=606973

Wu-Tang Clan, најголемата рап група на сите времиња, ќе ја предводи големата прослава на 50 години на хип-хоп културата на ЕГЗИТ фестивал! Ним, и на веќе објавените имиња кои ги предводат The Prodigy, Viagra Boys, Keinemusik, Indira Paganotto, Hot Since 82, CamelPhat, LF System и Vintage Culture, им се придружуваат Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, Chase & Status, Sofi Tukker, Claptone и Burak Yeter! „Егзит“ ќе биде одржан од 6 до 9 јули 2023 година на Петроварадинската тврдина, една од најдобрите фестивалски локации на светот.

Основачот и директорот на ЕГЗИТ фестивал Душан Ковачевиќ го истакна значењето на Wu-Tang Clan и нивното гостување на Петроварадинската тврдина: Егзит ќе биде едно од главните места на големата светска прослава на 50 години хип-хоп, за која осигуравме ѕвезди кои ова лето на Петроварадинската тврдина ќе ги соберат фановите од сите краеви на светот! Осум албуми продадени во над 40 милиони примероци, улица во родниот Њујорк, распродадени стадиони, арени и главни бини на најголемите светски фестивали, го потврдуваат феноменот на Wu-Tang, чии членови и поединечно се рап ѕвезди сами по себе“.

Wu-Tang Clan, новиот голем хедлајнер на ЕГЗИТ фестивал, длабоко ја промени хип-хоп играта, и тоа веќе со деби албумот „Enter The Wu-Tang (36 Chambers), чии 30 години исто така ќе бидат прославени во Нови Сад. Оваа група првата деценија постоење ја обележа како најлудата, највлијателната, најавангардната и најдобрата група на деценијата, напиша магазинот „Ен-Ем-И“ во 2005 година, а тој опис и денеска остана статус кво. Истовремено, славниот „Ролинг Стоун“ ги нарече „најдобрата рап група било кога“, „Ен-Ем-И“ додава дека „засекогаш го променија хип-хопот“, а „Билборд“ го дефинира нивното значење со едноставен опис: „Wu-Tang е вечен“.

Стокхолмскиот продуцдент и диџеј Alesso зад себе има ѕвездени соработки со имињата како што се Calvin Harris, дуото HurtsDavid Guetta, Tove Lo и Katy Perry, а со неговото доаѓање на ЕГЗИТ се продолжува ѕвездената низа настапи на најпопуларните диџеи на светот на Главната бина! Двократните прваци на престижната „Диџеј Маг“ листа на најдобрите светски диџеи Dimitri Vegas & Like Mike на „Егзит“ прославуваат две децении апсолутна доминација на електронската сцена! Повеќекратно наградуваните драмендбејс легенди Chase & Status со ланскиот албум What Came Before“ потврдија дека составен дел на сѐ што имаат создадено е исклучителната доследност, која им го осигура местото на самиот врв на музичката игра.

Џангл-поп дуото Sofi Tukker познато е по енергичните настапи во живо со кои стигна до „Коачела“, „Лолапалуза“ и „Гластонбери“, а ова лето премиерно пристигнува и на ЕГЗИТ фестивал! Мистериозниот Claptone со првиот албум Charmer“ собра повеќе од 60 милиони слушања на платформата „Спотифај“, а неговиот успех е крунисан со трикратно признание за најдобар хаус изведувач на „Ibiza DJ Awards“ и пласман на Битпортовата листа на десет најпродавани изведувачи. Во програмата се придружува и Burak Yeter, турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј со речиси милијарда стримови само на „ЈуТјуб“. Силниот бас звук дополнително ќе го засили драмендбејс селекторката и диџејка Charlie Tee.

„EXIT 2023“ ќе се одржува од 6 до 9 јули 2023 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија. Влезниците може да се набават онлајн на фестивалскиот сајт, како и преку МкТикетс , по промотивната цена од 3999 денари.

The post Легендарните Wu-Tang Clan пристигнуваат на ЕГЗИТ! appeared first on Република.

]]>

Wu-Tang Clan, најголемата рап група на сите времиња, ќе ја предводи големата прослава на 50 години на хип-хоп културата на ЕГЗИТ фестивал! Ним, и на веќе објавените имиња кои ги предводат The Prodigy, Viagra Boys, Keinemusik, Indira Paganotto, Hot Since 82, CamelPhat, LF System и Vintage Culture, им се придружуваат Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, Chase & Status, Sofi Tukker, Claptone и Burak Yeter! „Егзит“ ќе биде одржан од 6 до 9 јули 2023 година на Петроварадинската тврдина, една од најдобрите фестивалски локации на светот. Основачот и директорот на ЕГЗИТ фестивал Душан Ковачевиќ го истакна значењето на Wu-Tang Clan и нивното гостување на Петроварадинската тврдина: Егзит ќе биде едно од главните места на големата светска прослава на 50 години хип-хоп, за која осигуравме ѕвезди кои ова лето на Петроварадинската тврдина ќе ги соберат фановите од сите краеви на светот! Осум албуми продадени во над 40 милиони примероци, улица во родниот Њујорк, распродадени стадиони, арени и главни бини на најголемите светски фестивали, го потврдуваат феноменот на Wu-Tang, чии членови и поединечно се рап ѕвезди сами по себе“. Wu-Tang Clan, новиот голем хедлајнер на ЕГЗИТ фестивал, длабоко ја промени хип-хоп играта, и тоа веќе со деби албумот „Enter The Wu-Tang (36 Chambers), чии 30 години исто така ќе бидат прославени во Нови Сад. Оваа група првата деценија постоење ја обележа како најлудата, највлијателната, најавангардната и најдобрата група на деценијата, напиша магазинот „Ен-Ем-И“ во 2005 година, а тој опис и денеска остана статус кво. Истовремено, славниот „Ролинг Стоун“ ги нарече „најдобрата рап група било кога“, „Ен-Ем-И“ додава дека „засекогаш го променија хип-хопот“, а „Билборд“ го дефинира нивното значење со едноставен опис: „Wu-Tang е вечен“. Стокхолмскиот продуцдент и диџеј Alesso зад себе има ѕвездени соработки со имињата како што се Calvin Harris, дуото HurtsDavid Guetta, Tove Lo и Katy Perry, а со неговото доаѓање на ЕГЗИТ се продолжува ѕвездената низа настапи на најпопуларните диџеи на светот на Главната бина! Двократните прваци на престижната „Диџеј Маг“ листа на најдобрите светски диџеи Dimitri Vegas & Like Mike на „Егзит“ прославуваат две децении апсолутна доминација на електронската сцена! Повеќекратно наградуваните драмендбејс легенди Chase & Status со ланскиот албум What Came Before“ потврдија дека составен дел на сѐ што имаат создадено е исклучителната доследност, која им го осигура местото на самиот врв на музичката игра. Џангл-поп дуото Sofi Tukker познато е по енергичните настапи во живо со кои стигна до „Коачела“, „Лолапалуза“ и „Гластонбери“, а ова лето премиерно пристигнува и на ЕГЗИТ фестивал! Мистериозниот Claptone со првиот албум Charmer“ собра повеќе од 60 милиони слушања на платформата „Спотифај“, а неговиот успех е крунисан со трикратно признание за најдобар хаус изведувач на „Ibiza DJ Awards“ и пласман на Битпортовата листа на десет најпродавани изведувачи. Во програмата се придружува и Burak Yeter, турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј со речиси милијарда стримови само на „ЈуТјуб“. Силниот бас звук дополнително ќе го засили драмендбејс селекторката и диџејка Charlie Tee. „EXIT 2023“ ќе се одржува од 6 до 9 јули 2023 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија. Влезниците може да се набават онлајн на фестивалскиот сајт, како и преку МкТикетс , по промотивната цена од 3999 денари.

The post Легендарните Wu-Tang Clan пристигнуваат на ЕГЗИТ! appeared first on Република.

]]>
„Егзит“ на петто место на најдобри фестивали во светот според гласовите објавени во „Диџеј Маг“, еден од водечките музички медиуми https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/egzit-na-petto-mesto-na-najdobri-festivali-vo-svetot-spored-glasovite-objaveni-vo-didhej-mag-eden-od-vodechkite-muzichki-mediumi/ Mon, 30 Jan 2023 11:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=602607

Најголемиот музички фестивал во нашиот регион, „ЕГЗИТ“ е изгласан за 5-ти најдобар фестивал во светот, објави еден од водечките светски музички медиуми „Диџеј Маг“ (DJ Mag)! Повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет гласаа за своите омилени фестивали, а „Егзит“ се најде пред гигантските настани како што се „Гластонбери“, „Коачела“, „Брнинг Мен“, „Лолапалуза“, „Сигет“, „Авејкенингс“ и многу други!

Со ова признание уште еднаш се потврдува глобалниот углед на ‘Егзит’, кој веќе над две децении важи за еден од најпрестижните фестивали на светот. Посебно е значаен фактот дека листата е формирана исклучиво со гласови од публиката ширум планетата“, изјави основачот и директор на „ЕГЗИТ“ фестивалот Душан Ковачевиќ.

Гласањето за најдобрите фестивали траеше од 5 до 26 октомври 2022 година. На прво место е белгискиот „Тумороуленд“, по него следуваат американските „Ултра Мјузик“ и „ЕДК Лас Вегас“, а потоа британскиот „Кримфилдс Норт“. Големото значење на ова признание е во тоа што доаѓа баш од читателите на угледниот „ДЈ Маг“, чии листи Топ 100 фестивалиТоп 100 диџеи и Топ 100 клубови претставуваат индустриски стандард, особено во електронската музика.

Затоа не изненадува фактот дека фестивалите кои се најдоа пред најголемиот регионален фестивал се посветени исклучиво на електронската музика, додека пак „ЕГЗИТ“ веќе над две децении негува мултижанровски пристап. Едно од главните обележја по кои „Егзит“ е познат во светот е фамозната Денс Аренакоја важи за водечка сцена на електронската музика во светот. Голем придонес даваат и „Но Слип Нови Сад“ бината, која доби и свој повеќекратно наградуван фестивал, како и низата помали бини кои веќе две децении ја промовираат електронската музика. „ЕГЗИТ“ беше домаќин на највозбудливите имиња на електронската музика во последните 20 години, а многу од нив редовно се наоѓаат на „ДЈ Маг“ листата на најдобри диџеи.

На фестивалската листа на „ДЈ Маг“, покрај „Егзит“, се најдоа и уште неколку фестивали од регионот, како што се „Антолд“, „Хајдаут“, „Сонус“, „Ултра Јуроп“. Овогодишните резултати од гласањето се објавуваат по тригодишна пауза, а „ЕГЗИТ“ беше на „ДЈ Маг“ листата и во  2019 година.

Овој британски магазин со тридецениска традиција е основан како месечник посветен на електронската музика и како таков се дистрибуира во повеќе земји во светот, меѓу кои се С.А.Д., Шпанија, Франција, Италија, Кина, Холандија, а негов заштитен знак се токму споменатите топ-листи.

The post „Егзит“ на петто место на најдобри фестивали во светот според гласовите објавени во „Диџеј Маг“, еден од водечките музички медиуми appeared first on Република.

]]>

Најголемиот музички фестивал во нашиот регион, „ЕГЗИТ“ е изгласан за 5-ти најдобар фестивал во светот, објави еден од водечките светски музички медиуми „Диџеј Маг“ (DJ Mag)! Повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет гласаа за своите омилени фестивали, а „Егзит“ се најде пред гигантските настани како што се „Гластонбери“, „Коачела“, „Брнинг Мен“, „Лолапалуза“, „Сигет“, „Авејкенингс“ и многу други!
Со ова признание уште еднаш се потврдува глобалниот углед на ‘Егзит’, кој веќе над две децении важи за еден од најпрестижните фестивали на светот. Посебно е значаен фактот дека листата е формирана исклучиво со гласови од публиката ширум планетата“, изјави основачот и директор на „ЕГЗИТ“ фестивалот Душан Ковачевиќ.
Гласањето за најдобрите фестивали траеше од 5 до 26 октомври 2022 година. На прво место е белгискиот „Тумороуленд“, по него следуваат американските „Ултра Мјузик“ и „ЕДК Лас Вегас“, а потоа британскиот „Кримфилдс Норт“. Големото значење на ова признание е во тоа што доаѓа баш од читателите на угледниот „ДЈ Маг“, чии листи Топ 100 фестивалиТоп 100 диџеи и Топ 100 клубови претставуваат индустриски стандард, особено во електронската музика. Затоа не изненадува фактот дека фестивалите кои се најдоа пред најголемиот регионален фестивал се посветени исклучиво на електронската музика, додека пак „ЕГЗИТ“ веќе над две децении негува мултижанровски пристап. Едно од главните обележја по кои „Егзит“ е познат во светот е фамозната Денс Аренакоја важи за водечка сцена на електронската музика во светот. Голем придонес даваат и „Но Слип Нови Сад“ бината, која доби и свој повеќекратно наградуван фестивал, како и низата помали бини кои веќе две децении ја промовираат електронската музика. „ЕГЗИТ“ беше домаќин на највозбудливите имиња на електронската музика во последните 20 години, а многу од нив редовно се наоѓаат на „ДЈ Маг“ листата на најдобри диџеи. На фестивалската листа на „ДЈ Маг“, покрај „Егзит“, се најдоа и уште неколку фестивали од регионот, како што се „Антолд“, „Хајдаут“, „Сонус“, „Ултра Јуроп“. Овогодишните резултати од гласањето се објавуваат по тригодишна пауза, а „ЕГЗИТ“ беше на „ДЈ Маг“ листата и во  2019 година. Овој британски магазин со тридецениска традиција е основан како месечник посветен на електронската музика и како таков се дистрибуира во повеќе земји во светот, меѓу кои се С.А.Д., Шпанија, Франција, Италија, Кина, Холандија, а негов заштитен знак се токму споменатите топ-листи.

The post „Егзит“ на петто место на најдобри фестивали во светот според гласовите објавени во „Диџеј Маг“, еден од водечките музички медиуми appeared first on Република.

]]>
Четири од фестивалите на Exit во трка за Европските фестивалски награди https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/chetiri-od-festivalite-na-exit-vo-trka-za-evropskite-festivalski-nagradi/ Thu, 17 Nov 2022 12:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=574937

Идејата за важноста на промоцијата и развојот на фестивалскиот туризам во нашиот регион штотуку доби нова потврда од едно од најпрестижните глобални признанија на музичката индустрија. Дури четири фестивали од Егзитовото семејство - EXIT, Sea Star, Sea Dance и No Sleep, се натпреваруваат за влијателните Европски фестивалски награди (EFA).

На објавената листа, овогодишното издание на Exit се натпреварува за титулата „Најдобар голем фестивал“, награда која новосадскиот фестивал веќе двапати ја освои – во 2013 и 2017 година.

Во трката за наградата „Најдобар фестивал од средна големина“ кој брои до 40.000 посетители дневно, се наоѓаат Егзитовите настани од земјите во регионов, кои претставуваат еден од најдобрите примери на извоз на креативните индустрии од Србија – црногорскиот Sea Dance фестивал од Будва, кој ова признание го доби за 2014 година и хрватскиот Sea Star фестивал од Умаг. Штотуку завршениот No Sleep фестивал, сѐ уште официјален носител на титулата „Најдобар нов европски фестивал“, за првпат е во конкуренција за „Најдобар фестивал во затворен простор“.

Гласањето за Европските фестивалски награди отворено е за сите и ќе трае до 7 декември, на официјалниот сајт на Европските фестивалски награди, или преку линкот, со избирање на EXIT во категоријата „Best Major Festival“, избирајќи го Sea Dance или Sea Star фестивалот во категоријата „Best Medium-Sized Festival“, и избирајќи го No Sleep фестивалот во категоријата „Best Indoor Festival“.

Гласовите на милионската публика ширум светот одлучуваат за победниците, а ним ќе им се придружат и гласовите од жирито, составено од водечки експерти во музичката индустрија. Победниците ќе бидат прогласени на 18 јануари следната година, на церемонијата за доделување награди на отворањето на фестивалот Eurosonic Noorderslag во Гронинген во Холандија.

EXIT 2023 ВЛЕЗНИЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПРОДАЖБА!

Следното издание на EXIT фестивалот ќе се одржи од 6 до 9 јули 2023 година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Во продажба се early-bird влезниците по цена од 3999 ДЕНАРИ со 50% заштеда. Влезниците може да се купат преку сајтот на EXIT Фестивалот и на karti.com.mk .

 

The post Четири од фестивалите на Exit во трка за Европските фестивалски награди appeared first on Република.

]]>

Идејата за важноста на промоцијата и развојот на фестивалскиот туризам во нашиот регион штотуку доби нова потврда од едно од најпрестижните глобални признанија на музичката индустрија. Дури четири фестивали од Егзитовото семејство - EXIT, Sea Star, Sea Dance и No Sleep, се натпреваруваат за влијателните Европски фестивалски награди (EFA). На објавената листа, овогодишното издание на Exit се натпреварува за титулата „Најдобар голем фестивал“, награда која новосадскиот фестивал веќе двапати ја освои – во 2013 и 2017 година. Во трката за наградата „Најдобар фестивал од средна големина“ кој брои до 40.000 посетители дневно, се наоѓаат Егзитовите настани од земјите во регионов, кои претставуваат еден од најдобрите примери на извоз на креативните индустрии од Србија – црногорскиот Sea Dance фестивал од Будва, кој ова признание го доби за 2014 година и хрватскиот Sea Star фестивал од Умаг. Штотуку завршениот No Sleep фестивал, сѐ уште официјален носител на титулата „Најдобар нов европски фестивал“, за првпат е во конкуренција за „Најдобар фестивал во затворен простор“. Гласањето за Европските фестивалски награди отворено е за сите и ќе трае до 7 декември, на официјалниот сајт на Европските фестивалски награди, или преку линкот, со избирање на EXIT во категоријата „Best Major Festival“, избирајќи го Sea Dance или Sea Star фестивалот во категоријата „Best Medium-Sized Festival“, и избирајќи го No Sleep фестивалот во категоријата „Best Indoor Festival“. Гласовите на милионската публика ширум светот одлучуваат за победниците, а ним ќе им се придружат и гласовите од жирито, составено од водечки експерти во музичката индустрија. Победниците ќе бидат прогласени на 18 јануари следната година, на церемонијата за доделување награди на отворањето на фестивалот Eurosonic Noorderslag во Гронинген во Холандија. EXIT 2023 ВЛЕЗНИЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПРОДАЖБА! Следното издание на EXIT фестивалот ќе се одржи од 6 до 9 јули 2023 година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Во продажба се early-bird влезниците по цена од 3999 ДЕНАРИ со 50% заштеда. Влезниците може да се купат преку сајтот на EXIT Фестивалот и на karti.com.mk .  

The post Четири од фестивалите на Exit во трка за Европските фестивалски награди appeared first on Република.

]]>
Фестивалот „Егзит“ досега на Србија и донел над 200 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/festivalot-egzit-dosega-na-srbija-i-donel-nad-200-milioni-evra/ Thu, 10 Nov 2022 15:04:32 +0000 https://republika.mk/?p=572393

Оваа година фестивалот Егзит (EXIT) донесе нови 19,7 милиони евра за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од неговото основање до денес е над 220 милиони евра, објавија денеска организаторите на EXIT, пренесе Бета.

Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат на зголемувањето на неколку клучни параметри, меѓу кои се рекордна потрошувачка и зголемениот број посетители надвор од Србија, покажуваат резултатите од „ТИМ Центар“ од Нови Сад.

За време на фестивалот во Нови Сад и Србија посетителите потрошиле во просек по 549 евра, што е скок од 22 отсто во однос на претходната година, туристите од Западна Европа во просек потрошиле 821 евро, а оние од Источна Европа 720 евра.

Во јули 2022 година низ фестивалските порти поминаа повеќе од 200.000 посетители од 107 земји, а најмногу странски гости доаѓаат од Германија, Велика Британија, Турција, Унгарија и Франција, додека Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска водат во регионот.

Бројот на посетители од несрпска националност сочинува 65,4 отсто од овогодинешната публика, што, според организаторите на фестивалот, е нов рекорд од неговото основање.

Фестивалот, како што покажа истражувањето, го посетуваат повеќе фанови од Западна Европа (21 отсто) отколку од Источна (12,5 отсто), традиционално висок е бројот на посетители од регионот (24 отсто), 7,8 отсто од посетителите се од други континенти, а сместување платиле 71,5 отсто од испитаниците.

Кај испитаниците годинава повеќе од 50 отсто биле нови посетители на фестивалот, а меѓу нив 38 отсто биле од Србија

The post Фестивалот „Егзит“ досега на Србија и донел над 200 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Оваа година фестивалот Егзит (EXIT) донесе нови 19,7 милиони евра за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од неговото основање до денес е над 220 милиони евра, објавија денеска организаторите на EXIT, пренесе Бета. Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат на зголемувањето на неколку клучни параметри, меѓу кои се рекордна потрошувачка и зголемениот број посетители надвор од Србија, покажуваат резултатите од „ТИМ Центар“ од Нови Сад. За време на фестивалот во Нови Сад и Србија посетителите потрошиле во просек по 549 евра, што е скок од 22 отсто во однос на претходната година, туристите од Западна Европа во просек потрошиле 821 евро, а оние од Источна Европа 720 евра. Во јули 2022 година низ фестивалските порти поминаа повеќе од 200.000 посетители од 107 земји, а најмногу странски гости доаѓаат од Германија, Велика Британија, Турција, Унгарија и Франција, додека Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска водат во регионот. Бројот на посетители од несрпска националност сочинува 65,4 отсто од овогодинешната публика, што, според организаторите на фестивалот, е нов рекорд од неговото основање. Фестивалот, како што покажа истражувањето, го посетуваат повеќе фанови од Западна Европа (21 отсто) отколку од Источна (12,5 отсто), традиционално висок е бројот на посетители од регионот (24 отсто), 7,8 отсто од посетителите се од други континенти, а сместување платиле 71,5 отсто од испитаниците. Кај испитаниците годинава повеќе од 50 отсто биле нови посетители на фестивалот, а меѓу нив 38 отсто биле од Србија

The post Фестивалот „Егзит“ досега на Србија и донел над 200 милиони евра appeared first on Република.

]]>