Егзит фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/egzit-festival/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Sep 2023 13:54:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Егзит фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/egzit-festival/ 32 32 Хитовите „тешки“ над пет милијарди слушања пристигнуваат на големиот Get EXITed спектакл во Струмица! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/hitovite-teshki-nad-pet-milijardi-slushana-pristignuvaat-na-golemiot-get-exited-spektakl-vo-strumitsa/ Mon, 04 Sep 2023 14:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=678677

Започна последното одбројување до долгоочекуваниот Get EXITed спектакл, кој на 7 септември во преполниот струмички Градски парк ќе ги собере најголемите светски и регионални ѕвезди! Поп и соул сензацијата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалните икони Констракта и „Ван Гог“, како и Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и „Д Георс“, со себе носат хитови кои бројат повеќе од пет милијарди слушања на водечките стриминг платформи! Влезот на овој голем настан е бесплатен за сите посетители, а за сите кои сакаат да го доживеат настанот на највисоко ниво достапни се ВИП влезници по цена од 3.100 денари!

Најголемата забава за испраќање на летната сезона на настани во организација на тимот на ЕГЗИТ, следниот четврток пристигнува во струмичкиот Градски парк, а исчекувањето дополнително го зголемуваат глобалните хитови и жанровски шареноликата програма кои пристигнуваат со водечките светски и регионални имиња! Џон Њуман повеќе од деценија наназад суверено владее на светската музичка сцена и ги освојува срцата на фановите со моќниот глас, емотивните мелодии и песните кои се искачија на самиот врв на водечките топ листи, судбина која досега ја имаа дури девет негови синглови. Уште синглот „Feel The Love“, со кој во 2012 година се придружи на мегапопуларната група Рудиментал, наговестуваше дека зад оваа соработка се крие глобална музичка сензација во зародок. Денеска Џон Њуман стои зад соработките со лидерите на музичкиот свет и песните кои ги знае целиот свет, меѓу кои се Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „Cheating“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), свежиот хит Call Your Name“ (feat. Alesso) и бројни други.

Исклучителниот турски продуцент, глобален хитмејкер и диџеј Бурак Јетер плени со својата музичка умешност, но и со атмосферата и енергијата кои ги креира каде и да се појави, што уште еднаш се потврди и со исклучителниот настап на овогодишниот ЕГЗИТ фестивал! Изминатата деценија песните Friday Night“, „Oh My My“, „Crash“, „Happy“ ги освојуваа планетата, радискиот етер и фестивалските сцени, додека омилената Tuesday“ заработи платинеста плакета во повеќе земји, а тој се потпишува и зад неоспорно најзапазениот ремикс на песната My Life Is Going On!

На големиот Get EXITed спектакл пристигнува и најбараната регионална музичарка Констракта, која со песната In Corpore Sano“ ги освои Европа и светот! Иако како вокалистка на групата „Земља Грува“ веќе две децении е присутна на музичката сцена, Констракта се чини преку ноќ стана центар на внимание за регионалните медиуми, главна ѕвезда на социјалните мрежи, а бргу потоа и првиот домашен хедлајнер во историјата на ЕГЗИТ фестивалот! Публиката пред сѐ ја воодушеви со својот Triptih, а оваа година следуваше и ново тројно музичко уживање Evo, obećavam, кое ја потврди уникатноста на музичкиот и визуелниот израз на омилената регионална уметница!

Квалитетната гитарска страна на програмата ја предводат ветераните на регионалната рок сцена, групата „Ван Гог“, со кариера долга повеќе од три децении, 10 феноменални студиски албуми и две регионални ЕмТиВи награди зад себе, како и омилените, безвремени песни Neko te ima“, „Ludo, luda“, „Skačem, skači“, „Za godine tvoje“, „Klatno“, „Anđele moj brate“, но и Emotivno miniran“ и другите од последното лонгплеј издание More bez obala“ од 2019 година.

На одличната регионална екипа ѝ се придружува и струмичкиот Џамбо Агушеви Оркестар, еден од најдобрите трубачки ансамбли од Балканот, како и исклучителните уметници од полето на електронската музика – новосадската продуцентка и диџејка Лана, една од најперспективните млади надежи на електронската сцена, и македонскиот мелодик-техно тандем „Д Георс“.

Второто струмичко Get EXITed издание кое ќе се одржува во четврток, на 7 септември ветува несекојдневно разновиден музички настан на кој сите се добродојдени –  влезот е бесплатен, додека за посетителите кои ќе сакаат овој спектакл да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезници по промотивна цена од 3.100 денари. Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со општината Струмица.

The post Хитовите „тешки“ над пет милијарди слушања пристигнуваат на големиот Get EXITed спектакл во Струмица! appeared first on Република.

]]>

Започна последното одбројување до долгоочекуваниот Get EXITed спектакл, кој на 7 септември во преполниот струмички Градски парк ќе ги собере најголемите светски и регионални ѕвезди! Поп и соул сензацијата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалните икони Констракта и „Ван Гог“, како и Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и „Д Георс“, со себе носат хитови кои бројат повеќе од пет милијарди слушања на водечките стриминг платформи! Влезот на овој голем настан е бесплатен за сите посетители, а за сите кои сакаат да го доживеат настанот на највисоко ниво достапни се ВИП влезници по цена од 3.100 денари! Најголемата забава за испраќање на летната сезона на настани во организација на тимот на ЕГЗИТ, следниот четврток пристигнува во струмичкиот Градски парк, а исчекувањето дополнително го зголемуваат глобалните хитови и жанровски шареноликата програма кои пристигнуваат со водечките светски и регионални имиња! Џон Њуман повеќе од деценија наназад суверено владее на светската музичка сцена и ги освојува срцата на фановите со моќниот глас, емотивните мелодии и песните кои се искачија на самиот врв на водечките топ листи, судбина која досега ја имаа дури девет негови синглови. Уште синглот „Feel The Love“, со кој во 2012 година се придружи на мегапопуларната група Рудиментал, наговестуваше дека зад оваа соработка се крие глобална музичка сензација во зародок. Денеска Џон Њуман стои зад соработките со лидерите на музичкиот свет и песните кои ги знае целиот свет, меѓу кои се Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „Cheating“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), свежиот хит Call Your Name“ (feat. Alesso) и бројни други. Исклучителниот турски продуцент, глобален хитмејкер и диџеј Бурак Јетер плени со својата музичка умешност, но и со атмосферата и енергијата кои ги креира каде и да се појави, што уште еднаш се потврди и со исклучителниот настап на овогодишниот ЕГЗИТ фестивал! Изминатата деценија песните Friday Night“, „Oh My My“, „Crash“, „Happy“ ги освојуваа планетата, радискиот етер и фестивалските сцени, додека омилената Tuesday“ заработи платинеста плакета во повеќе земји, а тој се потпишува и зад неоспорно најзапазениот ремикс на песната My Life Is Going On! На големиот Get EXITed спектакл пристигнува и најбараната регионална музичарка Констракта, која со песната In Corpore Sano“ ги освои Европа и светот! Иако како вокалистка на групата „Земља Грува“ веќе две децении е присутна на музичката сцена, Констракта се чини преку ноќ стана центар на внимание за регионалните медиуми, главна ѕвезда на социјалните мрежи, а бргу потоа и првиот домашен хедлајнер во историјата на ЕГЗИТ фестивалот! Публиката пред сѐ ја воодушеви со својот Triptih, а оваа година следуваше и ново тројно музичко уживање Evo, obećavam, кое ја потврди уникатноста на музичкиот и визуелниот израз на омилената регионална уметница! Квалитетната гитарска страна на програмата ја предводат ветераните на регионалната рок сцена, групата „Ван Гог“, со кариера долга повеќе од три децении, 10 феноменални студиски албуми и две регионални ЕмТиВи награди зад себе, како и омилените, безвремени песни Neko te ima“, „Ludo, luda“, „Skačem, skači“, „Za godine tvoje“, „Klatno“, „Anđele moj brate“, но и Emotivno miniran“ и другите од последното лонгплеј издание More bez obala“ од 2019 година. На одличната регионална екипа ѝ се придружува и струмичкиот Џамбо Агушеви Оркестар, еден од најдобрите трубачки ансамбли од Балканот, како и исклучителните уметници од полето на електронската музика – новосадската продуцентка и диџејка Лана, една од најперспективните млади надежи на електронската сцена, и македонскиот мелодик-техно тандем „Д Георс“. Второто струмичко Get EXITed издание кое ќе се одржува во четврток, на 7 септември ветува несекојдневно разновиден музички настан на кој сите се добродојдени –  влезот е бесплатен, додека за посетителите кои ќе сакаат овој спектакл да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезници по промотивна цена од 3.100 денари. Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со општината Струмица.

The post Хитовите „тешки“ над пет милијарди слушања пристигнуваат на големиот Get EXITed спектакл во Струмица! appeared first on Република.

]]>
На „Егзит“ повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/na-egzit-povekje-od-200-000-posetiteli-od-107-zemji-vo-svetot/ Fri, 11 Nov 2022 08:19:49 +0000 https://republika.mk/?p=572612

ЕГЗИТ (EXIT) Фестивал со изданието од 2022 година донесе нови 19,7 милиони евра профит за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од основањето до денеска се искачува на повеќе од 220 милиони евра. Ова го покажа истражувањето на „ТИМ Центарот“ од Нови Сад, кое секоја година, за време на фестивалот, се спроведува со посетители од Србија, регионот и странство.

Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога тој изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат на зголемувањето на неколку клучни параметри, меѓу кои се рекордната потрошувачка и зголемениот удел на посетителите надвор од Србија. EXIT Фестивалот придонесува за Нови Сад и Србија и во форма на меѓународно промовирање на дестинацијата, чија вредност многу експерти ја сместуваат во категоријата – бесценето. Меѓу нив е и новинарот на престижниот економски магазин „Ди Економист“, кој претходно изјави дека доколку Србија го вложи целиот свој буџет во пи-ар, не би го постигнала она што за нејзината промоција го имаат направено Новак Ѓоковиќ и ЕГЗИТ.

Тоа уште еднаш го потврдуваат и резултатите на овогодишното истражување, според кое најголемиот број од испитаниците сметаат дека ЕГЗИТ, покрај Новак Ѓоковиќ, е најпознатиот српски бренд во странство. Дури 89,8 отсто од испитаниците истакнуваат дека ЕГЗИТ позитивно влијае на глобалниот имиџ на Србија, додека неверојатни 97,8 отсто од испитаниците изјавиле дека нивното мислење за Нови Сад се подобрило или останало исто по посетата на фестивалот!

Во јули 2022 година низ фестивалските порти поминаа повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот, при што најмногу странски гости пристигнаа од Германија, Велика Британија, Турција, Унгарија и Франција, додека од регионот предничат Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Дури 91 отсто од посетителите во Нови Сад дошле поради „Егзит“, што е доказ за директното позитивно влијание на фестивалот врз туризмот, но и врз имиџот на Нови Сад и Србија во целост. Посетителите за време на фестивалот во Нови Сад и Србија, во просек потрошиле по 549 евра, што е скок од 22 отсто во однос на претходното издание. Туристите од Западна Европа трошеле во просек по 821 евро, а оние од Источна Европа по 720 евра.

Бројот на посетители кои не се од Србија е зголемен во однос на претходната година – тие сочинувале дури 65,4 отсто од овогодинешната публика, што е нов рекорд од основањето на фестивалот. ЕГЗИТ го посетиле повеќе фанови од Западна Европа (21 %) отколку од Источна (12,5 %), бројот на посетителите од регионот е традиционално висок – 24 %, од другите континенти пристигнале 7,8 % од посетителите, а сместување платиле 71,5 % од испитаниците..

Процентот на нови посетители продолжил да се зголемува, тие меѓу испитаниците годинава биле дури 50,7 %. Нови посетители од Србија оваа година биле  38 отсто.

Просечната возраст на посетителите кои учествувале во анкетата е 25,7 години, што е незначително намалување во однос на претходната година (26,1 години). Високообразованите посетители, вклучувајќи ги тука и студентите, сочинувале 77 отсто од публиката. 58 отсто биле вработени, а 35 отсто студенти. Дури 75 отсто од испитаниците мислат дека музичките фестивали можат да направат општествени промени. Овогодишното издание беше посебно посветено на менталното здравје, па секаде низ Петроварадинската тврдина можеше да се видат пораки за поддршка и охрабрување. Ова е особено значајно имајќи предвид дека резултатите од анкетата покажуваат дека 86 отсто од испитаниците се изјасниле дека ЕГЗИТ позитивно влијае на нивното ментално здравје.

Истражувањето го спроведе новосадскиот „ТИМ центар“, а беше спроведено на репрезентативен примерок од 1.350 посетители на фестивалот, за време на неговото одржување. Анкетирани се исклучиво посетители кои купиле билети, додека учесниците, работниците, претставниците на медиумите, спонзорите и институциите биле исклучени од истражувањето.

The post На „Егзит“ повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот appeared first on Република.

]]>

ЕГЗИТ (EXIT) Фестивал со изданието од 2022 година донесе нови 19,7 милиони евра профит за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од основањето до денеска се искачува на повеќе од 220 милиони евра. Ова го покажа истражувањето на „ТИМ Центарот“ од Нови Сад, кое секоја година, за време на фестивалот, се спроведува со посетители од Србија, регионот и странство. Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога тој изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат на зголемувањето на неколку клучни параметри, меѓу кои се рекордната потрошувачка и зголемениот удел на посетителите надвор од Србија. EXIT Фестивалот придонесува за Нови Сад и Србија и во форма на меѓународно промовирање на дестинацијата, чија вредност многу експерти ја сместуваат во категоријата – бесценето. Меѓу нив е и новинарот на престижниот економски магазин „Ди Економист“, кој претходно изјави дека доколку Србија го вложи целиот свој буџет во пи-ар, не би го постигнала она што за нејзината промоција го имаат направено Новак Ѓоковиќ и ЕГЗИТ. Тоа уште еднаш го потврдуваат и резултатите на овогодишното истражување, според кое најголемиот број од испитаниците сметаат дека ЕГЗИТ, покрај Новак Ѓоковиќ, е најпознатиот српски бренд во странство. Дури 89,8 отсто од испитаниците истакнуваат дека ЕГЗИТ позитивно влијае на глобалниот имиџ на Србија, додека неверојатни 97,8 отсто од испитаниците изјавиле дека нивното мислење за Нови Сад се подобрило или останало исто по посетата на фестивалот! Во јули 2022 година низ фестивалските порти поминаа повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот, при што најмногу странски гости пристигнаа од Германија, Велика Британија, Турција, Унгарија и Франција, додека од регионот предничат Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Дури 91 отсто од посетителите во Нови Сад дошле поради „Егзит“, што е доказ за директното позитивно влијание на фестивалот врз туризмот, но и врз имиџот на Нови Сад и Србија во целост. Посетителите за време на фестивалот во Нови Сад и Србија, во просек потрошиле по 549 евра, што е скок од 22 отсто во однос на претходното издание. Туристите од Западна Европа трошеле во просек по 821 евро, а оние од Источна Европа по 720 евра. Бројот на посетители кои не се од Србија е зголемен во однос на претходната година – тие сочинувале дури 65,4 отсто од овогодинешната публика, што е нов рекорд од основањето на фестивалот. ЕГЗИТ го посетиле повеќе фанови од Западна Европа (21 %) отколку од Источна (12,5 %), бројот на посетителите од регионот е традиционално висок – 24 %, од другите континенти пристигнале 7,8 % од посетителите, а сместување платиле 71,5 % од испитаниците.. Процентот на нови посетители продолжил да се зголемува, тие меѓу испитаниците годинава биле дури 50,7 %. Нови посетители од Србија оваа година биле  38 отсто. Просечната возраст на посетителите кои учествувале во анкетата е 25,7 години, што е незначително намалување во однос на претходната година (26,1 години). Високообразованите посетители, вклучувајќи ги тука и студентите, сочинувале 77 отсто од публиката. 58 отсто биле вработени, а 35 отсто студенти. Дури 75 отсто од испитаниците мислат дека музичките фестивали можат да направат општествени промени. Овогодишното издание беше посебно посветено на менталното здравје, па секаде низ Петроварадинската тврдина можеше да се видат пораки за поддршка и охрабрување. Ова е особено значајно имајќи предвид дека резултатите од анкетата покажуваат дека 86 отсто од испитаниците се изјасниле дека ЕГЗИТ позитивно влијае на нивното ментално здравје. Истражувањето го спроведе новосадскиот „ТИМ центар“, а беше спроведено на репрезентативен примерок од 1.350 посетители на фестивалот, за време на неговото одржување. Анкетирани се исклучиво посетители кои купиле билети, додека учесниците, работниците, претставниците на медиумите, спонзорите и институциите биле исклучени од истражувањето.

The post На „Егзит“ повеќе од 200.000 посетители, од 107 земји во светот appeared first on Република.

]]>
Егзит фестивалот од 6-9 јули на добро познатото место – Петроварадинската тврдина https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/egzit-festivalot-od-6-9-juli-na-dobro-poznatoto-mesto-petrovaradinskata-tvrdina/ Sat, 05 Nov 2022 11:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=569957

Поминаа дваесет години од кога ЕГЗИТ (EXIT) прогласи држава, која истовремено претставува метафоричка земја со свои пасоши и граници означени со ѕидините на Петроварадинската тврдина, но и „State of EXIT“, како состојба на свеста на стотици илјади нејзини жители, кои веруваат дека различните нации и религии се богатство, а не причина за конфликт. Создадена е од сите за кои излез е слободата да бидеме она што сме, а фестивалот идеалното место да бидеме прифатени во својата автентичност и да возвратиме во иста мера.

Само две години пред прогласувањето на државата, ЕГЗИТ за прв пат по војните во поранешна Југославија, на едно место масовно ги собра младите од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија, и тогаш почнаа да се раѓаат некои нови пријателства и да се шират нови начини на комуникација во регионот. Стотина илјади млади луѓе увидоа дека не треба да веруваат на екстремната политичка пропаганда и дека преку границите се наоѓаат луѓе исти како нив, со исти стремежи, желби и проблеми. На младите, кои останаа дезориентирани по војните, „Државата на Излезот“ им пружи засолниште, чувство на припадност и место чиј ритам го поставуваат љубовта, толеранцијата и мирот.

Неколку години подоцна, оваа регионална тајна врска се прошири низ целиот свет, кој дојде лично да се увери каква нова енергија се раѓа на Балканот, креирајќи го глобалниот мит за „Егзит“, кој трае и денеска. Следејќи ја легендата за фестивалот на тврдината, во земја во која претходно никогаш не биле, луѓето од преку 100 светски земји секој јули патуваа на музичко поклонение во Србија и Нови Сад. Токму силата на таа енергија успеа да надвладее и во пандемијата, па ЕГЗИТ минатата година беше првиот голем фестивал на светот и единствен во Европа кој се случи по скоро две години пауза. ЕГЗИТ така се издигна и над наднационалната држава, станувајќи Универзим за себе, во кој луѓето одеднаш повторно имаа слобода да бидат едни со други, да се прегрнуваат, да танцуваат и да сонуваат заедно.

Денеска дојде време за уште еднаш да излеземе од границите на познатото и заедно да зачекориме во ЕГЗИТ Универзумот, место соткаено од емоциите на сите кои барем еднаш стапнале на Тврдината, просторот во кој чудата се можни, а најсјајната ѕвезда е токму секој од нас. Овој простор ќе се манифестира од сон во јаве од 6 до 9 јули, на добро познатото место – Петроварадинската тврдина, а патувањето започнува денеска.

Во време кога инфлацијата остава сè подлабока трага, во голема мера вклучувајќи ги и цените на билетите, ЕГЗИТ се погрижи за најверните почетната цена да остане иста како и претходните години. Продажбата на билетите ќе започне на 15 ноември 2022, точно на пладне, а цената ќе изнесува 3.699 дeнари. Купувањето ќе биде овозможено на веб-страницата на Фестивалот и преку МкТикетс, а оваа многу ограничена количина се очекува да биде распродадена за само неколку минути.

The post Егзит фестивалот од 6-9 јули на добро познатото место – Петроварадинската тврдина appeared first on Република.

]]>

Поминаа дваесет години од кога ЕГЗИТ (EXIT) прогласи држава, која истовремено претставува метафоричка земја со свои пасоши и граници означени со ѕидините на Петроварадинската тврдина, но и „State of EXIT“, како состојба на свеста на стотици илјади нејзини жители, кои веруваат дека различните нации и религии се богатство, а не причина за конфликт. Создадена е од сите за кои излез е слободата да бидеме она што сме, а фестивалот идеалното место да бидеме прифатени во својата автентичност и да возвратиме во иста мера. Само две години пред прогласувањето на државата, ЕГЗИТ за прв пат по војните во поранешна Југославија, на едно место масовно ги собра младите од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија, и тогаш почнаа да се раѓаат некои нови пријателства и да се шират нови начини на комуникација во регионот. Стотина илјади млади луѓе увидоа дека не треба да веруваат на екстремната политичка пропаганда и дека преку границите се наоѓаат луѓе исти како нив, со исти стремежи, желби и проблеми. На младите, кои останаа дезориентирани по војните, „Државата на Излезот“ им пружи засолниште, чувство на припадност и место чиј ритам го поставуваат љубовта, толеранцијата и мирот. Неколку години подоцна, оваа регионална тајна врска се прошири низ целиот свет, кој дојде лично да се увери каква нова енергија се раѓа на Балканот, креирајќи го глобалниот мит за „Егзит“, кој трае и денеска. Следејќи ја легендата за фестивалот на тврдината, во земја во која претходно никогаш не биле, луѓето од преку 100 светски земји секој јули патуваа на музичко поклонение во Србија и Нови Сад. Токму силата на таа енергија успеа да надвладее и во пандемијата, па ЕГЗИТ минатата година беше првиот голем фестивал на светот и единствен во Европа кој се случи по скоро две години пауза. ЕГЗИТ така се издигна и над наднационалната држава, станувајќи Универзим за себе, во кој луѓето одеднаш повторно имаа слобода да бидат едни со други, да се прегрнуваат, да танцуваат и да сонуваат заедно. Денеска дојде време за уште еднаш да излеземе од границите на познатото и заедно да зачекориме во ЕГЗИТ Универзумот, место соткаено од емоциите на сите кои барем еднаш стапнале на Тврдината, просторот во кој чудата се можни, а најсјајната ѕвезда е токму секој од нас. Овој простор ќе се манифестира од сон во јаве од 6 до 9 јули, на добро познатото место – Петроварадинската тврдина, а патувањето започнува денеска. Во време кога инфлацијата остава сè подлабока трага, во голема мера вклучувајќи ги и цените на билетите, ЕГЗИТ се погрижи за најверните почетната цена да остане иста како и претходните години. Продажбата на билетите ќе започне на 15 ноември 2022, точно на пладне, а цената ќе изнесува 3.699 дeнари. Купувањето ќе биде овозможено на веб-страницата на Фестивалот и преку МкТикетс, а оваа многу ограничена количина се очекува да биде распродадена за само неколку минути.

The post Егзит фестивалот од 6-9 јули на добро познатото место – Петроварадинската тврдина appeared first on Република.

]]>
Во Струмица Владата организира фестивал на храна и вино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-strumica-vladata-organizira-festival-na-hrana-i-vino/ Tue, 30 Aug 2022 09:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=545527

Како продолжение на Саемот на вино, храна и туризам кој од 1 до 4 септември се одржува во Белград, Владата на Република Македонија на 7 септември, во рамките на иницијативата Отворен Балкан, организира и регионален Фестивал на храна и вино во Струмица. Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација Егзит во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна етно-гастрономска програма.

Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште кои заедно ќе спремаат локални специјалитети.

Спојот на вино, храна и музика е дефиниција за незаборавна забава. На фестивалот со врвна винска и гастрономска содржина, а во соработка со музичкиот хепенинг Get EXITed планирана е попладневна програма проследена со концерти кои ќе траат од 18:00 до 21:00 часот. Ќе настапат култниот македонски бенд 21 Век, младата поп дива Дина Јашари world music составот кој од Струмица го освои светот со едноставен трубачки звук, Џамбо Агушеви Оркестар, како и хип хоп ветераните и едни од најистакнатите имиња на македонската музичка сцена DJ Goce S.A.F и DJ Chvare.

21 Век е култно македонско трио со презабавен поп панк звук. Статусот на македонски волшебници и неверојатната енергија која ја носат со себе ветуваат триумф секој пат кога ќе се качат на сцена.

Џамбо Агушеви Оркестар ги освојува најголемите сцени во светот, а нивните почетоци се бележат токму во Струмица.

Дина Јашари е млад уметник од Македонија, а нејзините модерни ритми на dream поп, соул и џез се вистинско освежување на музичката сцена.

DJ Goce е дел од хип хоп сцената уште од раните 90ти кога со својата група S.A.F. ја објавија првата трака во 1993 година. Работи како продуцент за голем број на домашни и регионални уметници, копродуцент и диџеј на ТВ емисии, организира и модерира најразлични работилници во Македонија, а организира и сопствена винил конвенција со DJ Chvare со кој е дел од Funky Fresh екипата.

На веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed пак, ќе настапат едни од најпознатите имиња на регионалната и светската електронска музичка сцена Deborah De Luca и Mahmut Orhan.

The post Во Струмица Владата организира фестивал на храна и вино appeared first on Република.

]]>

Како продолжение на Саемот на вино, храна и туризам кој од 1 до 4 септември се одржува во Белград, Владата на Република Македонија на 7 септември, во рамките на иницијативата Отворен Балкан, организира и регионален Фестивал на храна и вино во Струмица. Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација Егзит во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна етно-гастрономска програма. Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште кои заедно ќе спремаат локални специјалитети. Спојот на вино, храна и музика е дефиниција за незаборавна забава. На фестивалот со врвна винска и гастрономска содржина, а во соработка со музичкиот хепенинг Get EXITed планирана е попладневна програма проследена со концерти кои ќе траат од 18:00 до 21:00 часот. Ќе настапат култниот македонски бенд 21 Век, младата поп дива Дина Јашари world music составот кој од Струмица го освои светот со едноставен трубачки звук, Џамбо Агушеви Оркестар, како и хип хоп ветераните и едни од најистакнатите имиња на македонската музичка сцена DJ Goce S.A.F и DJ Chvare. 21 Век е култно македонско трио со презабавен поп панк звук. Статусот на македонски волшебници и неверојатната енергија која ја носат со себе ветуваат триумф секој пат кога ќе се качат на сцена. Џамбо Агушеви Оркестар ги освојува најголемите сцени во светот, а нивните почетоци се бележат токму во Струмица. Дина Јашари е млад уметник од Македонија, а нејзините модерни ритми на dream поп, соул и џез се вистинско освежување на музичката сцена. DJ Goce е дел од хип хоп сцената уште од раните 90ти кога со својата група S.A.F. ја објавија првата трака во 1993 година. Работи како продуцент за голем број на домашни и регионални уметници, копродуцент и диџеј на ТВ емисии, организира и модерира најразлични работилници во Македонија, а организира и сопствена винил конвенција со DJ Chvare со кој е дел од Funky Fresh екипата. На веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed пак, ќе настапат едни од најпознатите имиња на регионалната и светската електронска музичка сцена Deborah De Luca и Mahmut Orhan.

The post Во Струмица Владата организира фестивал на храна и вино appeared first on Република.

]]>
EXIT покренува фестивал и во Македонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/exit-pokrenuva-festival-i-vo-makedonija/ Wed, 03 Aug 2022 10:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=536360

EXIT најави почеток на фестивал во Македонија, планиран за 2023. година.
Ќе му претходи големата Get EXITed забава на 7. септември во Струмица, која во овој македонски град ќе донесе голем број познати меѓународни и регионални музички ѕвезди. Наскоро ќе биде објавена целосната листа на изведувачи и локации, како и почетокот на продажбата на првиот контингент билети. Со новиот фестивал EXIT во 2023. година, ќе го зајакне своето веќе многубројно фестивалско семејство на дури десет члена во осум земји и ќе ја зајакне својата позиција како најголема фестивалска групација во Југоисточна Европа.

Уникатниот концепт на музичкиот настан Get EXITed беше претставен на прес-конференција во Струмица, на која пред бројните насобрани медиуми се обратија градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов и претставници на фестивалот EXIT.

Get EXITed ќе пристигне во Струмица на 7. септември! Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изненадувања. Ги поканувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица, заедно да отвориме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“, изјави градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.

EXIT е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа, чија мисија е поврзување на регионите и промовирање на мирот, како и брендирање на дестинации и градење на нивниот препознатлив фестивалски имиџ. Покрај матичниот фестивал, кој традиционално се одржува во Нови Сад повеќе од 20. години, EXIT досега организираше бројни фестивали и големи концерти, како фестивалот No Sleep во Белград, Sea Dance и Ada Divine Awakening во Црна Гора. Револуција во Романија, Sea Star во Хрватска, Echowaves во Грузија, Фестивал 84 во Босна и Херцеговина, Sunland на плажата Перла во Бугарија, концерти на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, Red Hot Chili Peppers во Инџија и многу други, и со Get EXITed забава и фестивал во 2023. Македонија се приклучува на оваа листа.
Мисијата на ЕГЗИТ од самото настанување е поврзување на регионот и промоција на мирот, како и брендирање на дестинации и изградба на нивниот препознатлив имиџ.

Од самото основање на Егзит, постојат силни врски меѓу Македонија и нашиот фестивал, кој го одржуваме веќе две децении, а сега е време да застанеме и кај вас! Бидејќи врските меѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради историјата и заедничката култура, многу ни е драго што Македонија конечно се приклучува на семејството на EXIT настани, а почетокот на оваа соработка е токму големиот музички настан Get EXITed во септември во Струмица. Една од основните визии на овој проект е воведот во создавањето на нов македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот“, велат од тимот на EXIT.

The post EXIT покренува фестивал и во Македонија appeared first on Република.

]]>

EXIT најави почеток на фестивал во Македонија, планиран за 2023. година. Ќе му претходи големата Get EXITed забава на 7. септември во Струмица, која во овој македонски град ќе донесе голем број познати меѓународни и регионални музички ѕвезди. Наскоро ќе биде објавена целосната листа на изведувачи и локации, како и почетокот на продажбата на првиот контингент билети. Со новиот фестивал EXIT во 2023. година, ќе го зајакне своето веќе многубројно фестивалско семејство на дури десет члена во осум земји и ќе ја зајакне својата позиција како најголема фестивалска групација во Југоисточна Европа. Уникатниот концепт на музичкиот настан Get EXITed беше претставен на прес-конференција во Струмица, на која пред бројните насобрани медиуми се обратија градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов и претставници на фестивалот EXIT.
Get EXITed ќе пристигне во Струмица на 7. септември! Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изненадувања. Ги поканувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица, заедно да отвориме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“, изјави градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.
EXIT е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа, чија мисија е поврзување на регионите и промовирање на мирот, како и брендирање на дестинации и градење на нивниот препознатлив фестивалски имиџ. Покрај матичниот фестивал, кој традиционално се одржува во Нови Сад повеќе од 20. години, EXIT досега организираше бројни фестивали и големи концерти, како фестивалот No Sleep во Белград, Sea Dance и Ada Divine Awakening во Црна Гора. Револуција во Романија, Sea Star во Хрватска, Echowaves во Грузија, Фестивал 84 во Босна и Херцеговина, Sunland на плажата Перла во Бугарија, концерти на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, Red Hot Chili Peppers во Инџија и многу други, и со Get EXITed забава и фестивал во 2023. Македонија се приклучува на оваа листа. Мисијата на ЕГЗИТ од самото настанување е поврзување на регионот и промоција на мирот, како и брендирање на дестинации и изградба на нивниот препознатлив имиџ.
Од самото основање на Егзит, постојат силни врски меѓу Македонија и нашиот фестивал, кој го одржуваме веќе две децении, а сега е време да застанеме и кај вас! Бидејќи врските меѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради историјата и заедничката култура, многу ни е драго што Македонија конечно се приклучува на семејството на EXIT настани, а почетокот на оваа соработка е токму големиот музички настан Get EXITed во септември во Струмица. Една од основните визии на овој проект е воведот во создавањето на нов македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот“, велат од тимот на EXIT.

The post EXIT покренува фестивал и во Македонија appeared first on Република.

]]>
Иги Азалиа и Афроџек на Петроварадинската тврдина на Егзит Фестивал! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/igi-azalia-i-afrodzek-na-petrovaradinskata-tvrdina-na-egzit-festival/ Thu, 24 Mar 2022 14:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=477758

Едно од најсилните програмски изданија во историјата на ЕГЗИТ фестивалот штотуку е дополнително засилено! Својот настап на Главната бина на Фестивалот го потврди повеќекратно наградуваната австралиска раперка Иги Азалиа (Iggy Azalea), една од најголемите хип-хоп ѕвезди на денешницата, со повеќе од 10 милијарди стримови и дури 70 милиони продадени албуми! Во јули на Петроварадинската тврдина пристигнуваат уште две имиња од годишната Топ 10 листа на славниот DJ Mag – ценетиот диџеј и продуцент Афроџек (Afrojack) и најголемиот бразилски суперстар Алок (Alok), како и германскиот хитмејкер Ејтиби (ATB)!

Сите тие се придружуваат на претходно објавените големи имиња, меѓу кои се и некои од најголемите светски ѕвезди, како Калвин Харис, Ник Кејв енд д Бед Сидс, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Џоел Кори, Џек Џонс, Борис Брејча, Хани Дижон, Масео Плекс, Реинер Зоневелд, Монолинк, Денис Султа, Сепултура, Напалм Дет, Марки Рамон и многу други. Новото издание на ЕГЗИТ фестивал, под слоганот „Заедно. Засекогаш!“ ќе биде одржано од 7 до 10 јули, а наскоро ќе бидат објавени и нови големи имиња од програмата за славната Денс Арена! Поради огромниот интерес, актуелните цени на стандардните фестивалски влезници ќе важи најдоцна до петок, 8 април, до крај на денот.

Новата хедлајнерка на ЕГЗИТ фестивал, мултиталентираната раперка Иги Азалиа, во изминатата деценија се проби како едно од најважните имиња на глобално најпопуларниот музички правец денеска. Зад оваа музичарка на социјалните мрежи стојат повеќе од 35 милиони луѓе, како и најголемите музички имиња со кои таа соработувала, како што се Бритни Спирс, Џенифер Лопез и Ариана Гранде. Во јуни 2014 година нејзините синглови „Fancy“ и „Problems“ дојдоа до првите две места на Билбордовите Хот 100, со што таа се изедначи со рекордот кои го држеа „Битлси“. Австралиската раперка на тоа одговори: „Попрво би сакала да сум ’Ролинг Стоунс’“, и покрена лавина по која, токму со мегахитот „Fancy“, стана женската хип-хоп изведувачка со најдолготраен број 1 сингл во историјата, надминувајќи ја дотогашната лидерка Лил’ Ким. Својот голем талент таа веќе го закити со повеќекратни музички признанија, меѓу кои се „Американ“, „Билборд“ и „Емтиви“ музичките награди, како и „Пиплс Чоис“ и „Тин Чоис“, покрај четирите „Греми“ номинации.
Со „Греми“ награда зад себе, на ЕГЗИТ се враќа и Афроџек, влијателниот холандски диџеј, продуцент и текстописец, кој својот продор на меѓународната сцена го направи со мултиплатинестиот хит „Take Over Control“. Со години е еден од најплатените диџеи на светот, веќе цела деценија е неизбежен на листата за најдобри диџеи на престижниот „Диџеј Маг“ и добитник е на „Емтиви“ наградите. Дека неговата позиција е заслужена покажува и бескрајниот список со музички имиња чии песни ги има тој напишано и ремиксирано, меѓу кои се Бијонси, Ју2, Сиа, Мартин Гарикс... Сите граници ги помести песната „Hey Mama“, со Дејвид Гета, Ники Минаж и Бебе Реџа, која има неверојатни 1.5 милијарди прегледи на „ЈуТјуб“! По енергичниот заеднички настап со Квинтин во 2014 на Денс Арената, своите хитови Афроџек сега ги носи на Главната бина.

Неприкосновениот бразилски суперстар Алок во овој момент е еден од најистакнатите личности на светската електронска музичка сцена, а својот стил го опишува како „денс поп“ и „бразилски бас“. Изминатите две години ни ги донесоа неговите хитови „Don't Cry For Me“ со Џејсон Деруло, „In My Mind“ со Џон Леџенд и „Don't Say Goodbye“, додека една од неговите најубави песни е „Hear Me Now“. На социјалните мрежи има повеќе од 40 милиони следбеници, што го прават втор најследен диџеј на светот, а угледниот „Диџеј Маг“ во 2021 година го прогласи за четвриот најдобар диџеј на светот.

Андре Танебергер попознат како АТБ е германски музичар, диџеј и продуцент на транс и прогресив хаус жанровите, кој зад себе има повеќе од 20 години исклучително успешна кариера. Неговата дебитантска песна од 1998 година, „9PM (Till I Come)“ денеска е платинеста класика која ја обележа ерата, стана број еден сингл во ОК и се искачи на врвот на листите ширум Европа. Потоа следуваа и хитовите „Hold You“, „You're Not Alone“, „Ecstasy“, „Marrakech“ и многу други со кои АТБ ја остварува својата зацртана цел како што неодамна изјави во едно интервју, односно „да создава мелодии кои со години ќе опстојуваат на сцената“.

ПОВОЛНИТЕ ВЛЕЗНИЦИ НАЈДОЦНА ДО 8 АПРИЛ!
Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3.700 денари и со заштеда од 60%. Овој контингент е лимитиран и ќе биде во понуда најдоцна до петок, 8 април, до крај на денот. Еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапуваат Nick Cave & The Bad Seeds се достапни по подарок цената, со повеќе од 40% намалување. Цената на регуларните еднодневни влезници за овој ден е 1.950 денари, фан пит влезниците се достапни по цена од 2.550 денари, а ВИП по цена од 6.550 денари. Влезниците кај нас може да се купат преку МкТикетс, официјалниот тикет-сервис за ЕГЗИТ во Македонија.

The post Иги Азалиа и Афроџек на Петроварадинската тврдина на Егзит Фестивал! appeared first on Република.

]]>

Едно од најсилните програмски изданија во историјата на ЕГЗИТ фестивалот штотуку е дополнително засилено! Својот настап на Главната бина на Фестивалот го потврди повеќекратно наградуваната австралиска раперка Иги Азалиа (Iggy Azalea), една од најголемите хип-хоп ѕвезди на денешницата, со повеќе од 10 милијарди стримови и дури 70 милиони продадени албуми! Во јули на Петроварадинската тврдина пристигнуваат уште две имиња од годишната Топ 10 листа на славниот DJ Mag – ценетиот диџеј и продуцент Афроџек (Afrojack) и најголемиот бразилски суперстар Алок (Alok), како и германскиот хитмејкер Ејтиби (ATB)! Сите тие се придружуваат на претходно објавените големи имиња, меѓу кои се и некои од најголемите светски ѕвезди, како Калвин Харис, Ник Кејв енд д Бед Сидс, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Џоел Кори, Џек Џонс, Борис Брејча, Хани Дижон, Масео Плекс, Реинер Зоневелд, Монолинк, Денис Султа, Сепултура, Напалм Дет, Марки Рамон и многу други. Новото издание на ЕГЗИТ фестивал, под слоганот „Заедно. Засекогаш!“ ќе биде одржано од 7 до 10 јули, а наскоро ќе бидат објавени и нови големи имиња од програмата за славната Денс Арена! Поради огромниот интерес, актуелните цени на стандардните фестивалски влезници ќе важи најдоцна до петок, 8 април, до крај на денот. Новата хедлајнерка на ЕГЗИТ фестивал, мултиталентираната раперка Иги Азалиа, во изминатата деценија се проби како едно од најважните имиња на глобално најпопуларниот музички правец денеска. Зад оваа музичарка на социјалните мрежи стојат повеќе од 35 милиони луѓе, како и најголемите музички имиња со кои таа соработувала, како што се Бритни Спирс, Џенифер Лопез и Ариана Гранде. Во јуни 2014 година нејзините синглови „Fancy“ и „Problems“ дојдоа до првите две места на Билбордовите Хот 100, со што таа се изедначи со рекордот кои го држеа „Битлси“. Австралиската раперка на тоа одговори: „Попрво би сакала да сум ’Ролинг Стоунс’“, и покрена лавина по која, токму со мегахитот „Fancy“, стана женската хип-хоп изведувачка со најдолготраен број 1 сингл во историјата, надминувајќи ја дотогашната лидерка Лил’ Ким. Својот голем талент таа веќе го закити со повеќекратни музички признанија, меѓу кои се „Американ“, „Билборд“ и „Емтиви“ музичките награди, како и „Пиплс Чоис“ и „Тин Чоис“, покрај четирите „Греми“ номинации. Со „Греми“ награда зад себе, на ЕГЗИТ се враќа и Афроџек, влијателниот холандски диџеј, продуцент и текстописец, кој својот продор на меѓународната сцена го направи со мултиплатинестиот хит „Take Over Control“. Со години е еден од најплатените диџеи на светот, веќе цела деценија е неизбежен на листата за најдобри диџеи на престижниот „Диџеј Маг“ и добитник е на „Емтиви“ наградите. Дека неговата позиција е заслужена покажува и бескрајниот список со музички имиња чии песни ги има тој напишано и ремиксирано, меѓу кои се Бијонси, Ју2, Сиа, Мартин Гарикс... Сите граници ги помести песната „Hey Mama“, со Дејвид Гета, Ники Минаж и Бебе Реџа, која има неверојатни 1.5 милијарди прегледи на „ЈуТјуб“! По енергичниот заеднички настап со Квинтин во 2014 на Денс Арената, своите хитови Афроџек сега ги носи на Главната бина. Неприкосновениот бразилски суперстар Алок во овој момент е еден од најистакнатите личности на светската електронска музичка сцена, а својот стил го опишува како „денс поп“ и „бразилски бас“. Изминатите две години ни ги донесоа неговите хитови „Don't Cry For Me“ со Џејсон Деруло, „In My Mind“ со Џон Леџенд и „Don't Say Goodbye“, додека една од неговите најубави песни е „Hear Me Now“. На социјалните мрежи има повеќе од 40 милиони следбеници, што го прават втор најследен диџеј на светот, а угледниот „Диџеј Маг“ во 2021 година го прогласи за четвриот најдобар диџеј на светот. Андре Танебергер попознат како АТБ е германски музичар, диџеј и продуцент на транс и прогресив хаус жанровите, кој зад себе има повеќе од 20 години исклучително успешна кариера. Неговата дебитантска песна од 1998 година, „9PM (Till I Come)“ денеска е платинеста класика која ја обележа ерата, стана број еден сингл во ОК и се искачи на врвот на листите ширум Европа. Потоа следуваа и хитовите „Hold You“, „You're Not Alone“, „Ecstasy“, „Marrakech“ и многу други со кои АТБ ја остварува својата зацртана цел како што неодамна изјави во едно интервју, односно „да создава мелодии кои со години ќе опстојуваат на сцената“. ПОВОЛНИТЕ ВЛЕЗНИЦИ НАЈДОЦНА ДО 8 АПРИЛ! Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3.700 денари и со заштеда од 60%. Овој контингент е лимитиран и ќе биде во понуда најдоцна до петок, 8 април, до крај на денот. Еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапуваат Nick Cave & The Bad Seeds се достапни по подарок цената, со повеќе од 40% намалување. Цената на регуларните еднодневни влезници за овој ден е 1.950 денари, фан пит влезниците се достапни по цена од 2.550 денари, а ВИП по цена од 6.550 денари. Влезниците кај нас може да се купат преку МкТикетс, официјалниот тикет-сервис за ЕГЗИТ во Македонија.

The post Иги Азалиа и Афроџек на Петроварадинската тврдина на Егзит Фестивал! appeared first on Република.

]]>
Калвин Харис, Џајковски и над 60 нови изведувачи на ЕГЗИТ Фестивал! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kalvin-haris-dzajkovski-i-nad-60-novi-izveduvachi-na-egzit-festival/ Mon, 21 Feb 2022 12:39:25 +0000 https://republika.mk/?p=461481

Калвин Харис, најуспешниот диџеј и продуцент на сите времиња, пристигнува на ЕГЗИТ Фестивал! Оваа повеќекратно наградувана музичка суперѕвезда ја предводи моќната Егзитова објава на повеќе од 64 нови имиња, меѓу кои се Џејмс Артур, „Маскед Вулф“, Џоел Кори, Џекс Џонс, Зу, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Реиниер Зоневелд, Сатори, Денис Султа, „Сепултура“, „Напалм Дет“, но и музичкиот гениј на македонската електронска сцена КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, како и многу други изведувачи за дури пет фестивалски бини на Петроварадинската тврдина, кои заедно бројат преку неверојатни 50 милијарди прегледи на „ЈуТјуб“ и стриминг платформите! Сите тие се придружуваат на претходно најавените Ник Кејв и „Д Бед Сидс“ и Борис Брејча во новото издание на Фестивалот, кое ќе биде одржано од 7 до 10 јули 2022 под слоганот „Заедно. Засекогаш!“, а наскоро стигнуваат и уште големи музички имиња!

Калвин Харис (Calvin Harris) е една од најголемите суперѕвезди во историјата на ЕГЗИТ фестивал! Апсолутниот хедлајнер на Главната бина магазинот „Форбс“ шест години по ред го стави на #1 место на листата на најплатени диџеи на светот, со заработка поголема од 300 милиони долари, што е дури три пати повеќе од вкупната заработка на Дејвид Гета и Мартин Гарикс. Овој мегауспешен продуцент, пејач и текстописец досега освои 32 најпрестижни музички награди, вклучувајќи ги Греми, Билборд, Ем-ти-ви и Брит, покрај дури 118 номинации! Соработките со Ријана, Ели Гулдинг, Д Викнд, Дуа Липа, Фарел Вилијамс и Мигос се само некои од вонвременските хитови со негов потпис. Познат е по рушење рекорди и поставување стандарди – неговите песни имаат импресивни 35 милијарди аудио и видео стримови, и го надмина Мајкл Џексон по бројот на песни од еден албум кои се нашле на британската топ 10 листа!

Откога победи на британското натпреварување „Икс фактор“, поп, РнБ и соул пејачот Џејмс Артур (James Arthur) го освојува светот, а сега стигнува и на Егзитовиот „Меин Стејџ“, броејќи во овој момент преку пет милијарди прегледи и стримови! Неговата интерпретација на песната „Impossible“ го достигна првото место на британската топ листа на синглови и стана најпродаваниот победнички сингл на целокупното натпреварување. Следуваа големите хитови како „Say You Won't Let Go“, која исто така го достигна првото место на британската топ листа и стана една од најслушаните песни на „Спотифај“, потоа „Train Wreck“ и „Naked“, додека неговиот нов албум „It'll All Make Sense in the End“, како и сите претходни, се најде меѓу првите три албуми.

Австралискиот рапер „Маскед Вулф“ (Masked Wolf), кој се наоѓа во врвот на Билборд листата на најбарани нови изведувачи, се придружува на тимот хитмејкери на Главната бина на Егзит. Тој е автор на планетарно виралната песна „Astronaut In The Ocean“, која е прогласена за најголем хит на 2021 година на ТикТок!

Уште еден „ЈуТјуб милијардер” кој пристигнува на Главната бина е британскиот диџеј и хитмејкер Џекс Џонс (Jax Jones). Неговиот пробој на музичката сцена се случи со соработката со Дјук Думонт на синглот „I Got U“, кој набргу го достигна првото место на британската сингл топ листа. Откако ги освои европските радио-станици, неговиот хит „You Don't Know Me“ со пејачката Раје е номиниран за Брит награда, а следеа и бројни популарни песни, како што се „Instruction“, на која гостуваат Деми Ловато и Стефлон Дон, „Breathe“ и „All Day and Night“ во соработка со Мартин Солвеиг.

Џекс Џонс и уште едно ново Егзитово име – диџејот и продуцент Џоел Кори (Joel Corry), минатата година го објавија заедничкиот сингл „Out Out“ кој е обработка на планетарниот денс-хит „Alors on Danse“ на Стромае и кој наиде на одлични реакции. Џоел Кори е една од најголемите нови ѕвезди во Велика Британија, кој радио-станиците и фановите ги освои со сингловите „Sorry“, „Lonely“ и „Head & Heart“.

Две песни кои дефинитивно ја обележаа претходната година се клупската химна „Love Tonight“, која на ЕГЗИТ ја носи австралискиот есид-хаус двоец „Шоус“ (Shouse), и „Do It To It“, која за публиката на Главната бина ќе ја изведе „Акрејз“ (ACRAZE). Своите мегахитови „Faded“, „In the Morning“ и „Working For It“ енергично ќе ги претстави ЗУ (ZHU), а за најжестокиот звук на оваа бина ќе бидат задолжени големите имиња кои ја обележаа историјата на метал и хардкор, њу-вејв и пост-панк сцената – култната бразилска „Сепултура“ (Sepultura), легендарната четворка од Бирмингем „Напалм Дет“ (Napalm Death), „Блајнд Чанел“ (Blind Channel) од Финска и белорускиот состав „Молчат Дома“ (Molchat Doma).

Настапите на еден од најпознатите фестивалски танцови подиуми – фамозната Денс Арена, ги потврдија претставничката на хаус звукот, модната икона и активистка Хани Дижон (Honey Dijon), предводникот на светската сцена и продуцентскиот гениј Масео Плекс (Maceo Plex), холандската сензација која зад себе има распродадени сали и најуспешниот настап на минатогодишниот „Амстердам Денс Евент“, еден од моментно најбараните техно продуценти Реинир Зоневелд (Reinier Zonneveld), потоа младиот Британец со завидна кариера, музичко знаење и сестран пристап кон денс музиката Денис Султа (Denis Sulta), претставничката на новата генерација на италијанската техно сцена Анфиса Летјаго (Anfisa Letyago), членовите на угледниот „Afterlife“ лејбл – техно дуото „Матаме“ (Mathame), како и словенечката хаус диџејка во подем Брина Кнаус (Brina Knauss)Уметничка нота на електронската музика ќе дадат единствениот изведувач Сатори и  сестраниот мултиинструменталист и лајв-перформер Монолинк. Заеднички сет со брилијантниот техно звук носат кралицата на палестинската сцена, единствената Сама’ Абдулади (Sama’ Abdulhadi) и АНА (ANNA), која светската сцена ја освои доаѓајќи од Бразил. Нови големи имиња на Денс Арена ќе бидат објавени наскоро!

На „Фјужн“ бината пристигнуваат добитникот на Греми наградата за животно дело и живата икона на панкот Марки Рамон (Marky Ramone), еден од пионерите на електронската музика со балкански етно елементи ЏАЈКОВСКИ, водечкиот пост-панк дарк-вејв бенд „Ши Паст Авеј“ (She Past Away), еден од концертно најактивните и најатрактивните бендови од регионот – панк-фолк бендот „Бркови“, култните риечки и повторно собрани панкери „Параф“, како и „Прти Бе Ге“, „Визељ“, „Коуч Парти“ и Сана Гариќ.
Жестоката „Експлозив“ бина ја предводат „Бери Тумороу“ (Bury Tomorrow), „Дисчарџ“ (Discharge), „Инкантејшн“ (Incantation), „Москов Дет Бригаде“ (Moscow Death Brigade), „Нервоса“ (Nervosa) и „Танкард“ (Tankard), а настапите ќе ги засилат и „Архитект оф пеин“ (Architect of Pain), „Блек Тут“ (Black Tooth), „Чеинс“ (Chains), „Хереси“ (Heresy), „Мадвро“ (Madvro), „Мискондукт“ (Misconduct), „Ноктифериа“ (Noctiferia), „Оатхбрингер“ (Oathbringer), „Прогон“ (Progon), „Шајнинг“ (Shining), „Стреинџер“ (Stranger), „Терминал Проспект“ (Terminal Prospect) и „Андерстоунс“ (The Understones).

На „Икс бас Пит“ бината ќе настапат локалните драмендбејс изведувачи Бабун, Бане, Бо Џа МЦ, Базин, Кодекс, Дроп Сенсеи, Еуфорикс, Индукт, Неми, Соулдрајв, Синфронисити, Тис и Ветас.
Славниот британски магазин Ен-ем-и (NME) неодамна го номинираше ЕГЗИТ за најдобар фестивал на светот! Исклучителни новости се и дека ЕГЗИТ влегува во Метаверз и го најавува претставувањето на специјална дигитална уметност во форма на незаменливи токени - НФТ. Првата НФТ колекција, која наскоро ќе биде достапна, ЕГЗИТ ја креира во соработка со големите музички ѕвезди на денешницата.

ЕГЗИТ фестивалот ќе се одржува од 7 до 10 јули 2022 година на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, Србија, а своите настапи ги потврдија некои од најголемите светски и регионални имиња, како што се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, James Arthur, Masked Wolf, Joel Corry, Jax Jones, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex, Reinier Zonneveld, Monolink, Denis Sulta, ZHU, ACRAZE, Djaikovski, Sama’ Abdulhadi, ANNA, Sepultura, Napalm Death, Marky Ramone, Molchat Doma, She Past Away, Brkovi, Paraf, Vizelj, Coach Party, Sana Garić, Prti Bee Gee и многу други, а нови имиња пристигнуваат наскоро!

Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3.700 денари, со заштеда од 60 отсто. Нивниот контингент е лимитиран и кога ќе се распродаде во понудата ќе се најдат влезниците со повисока цена. Еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапуваат Nick Cave & The Bad Seeds се достапни по подарок цени, со повеќе од 40 отсто попуст. Цената на регуларните еднодневни влезници е 1.950 денари, фан-пит влезниците се достапни по цена од 2.550 денари, а ВИП по цена од 6.550 денари. Влезниците можат да се купат онлајн преку страницата на МкТикетс.

The post Калвин Харис, Џајковски и над 60 нови изведувачи на ЕГЗИТ Фестивал! appeared first on Република.

]]>

Калвин Харис, најуспешниот диџеј и продуцент на сите времиња, пристигнува на ЕГЗИТ Фестивал! Оваа повеќекратно наградувана музичка суперѕвезда ја предводи моќната Егзитова објава на повеќе од 64 нови имиња, меѓу кои се Џејмс Артур, „Маскед Вулф“, Џоел Кори, Џекс Џонс, Зу, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Реиниер Зоневелд, Сатори, Денис Султа, „Сепултура“, „Напалм Дет“, но и музичкиот гениј на македонската електронска сцена КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, како и многу други изведувачи за дури пет фестивалски бини на Петроварадинската тврдина, кои заедно бројат преку неверојатни 50 милијарди прегледи на „ЈуТјуб“ и стриминг платформите! Сите тие се придружуваат на претходно најавените Ник Кејв и „Д Бед Сидс“ и Борис Брејча во новото издание на Фестивалот, кое ќе биде одржано од 7 до 10 јули 2022 под слоганот „Заедно. Засекогаш!“, а наскоро стигнуваат и уште големи музички имиња! Калвин Харис (Calvin Harris) е една од најголемите суперѕвезди во историјата на ЕГЗИТ фестивал! Апсолутниот хедлајнер на Главната бина магазинот „Форбс“ шест години по ред го стави на #1 место на листата на најплатени диџеи на светот, со заработка поголема од 300 милиони долари, што е дури три пати повеќе од вкупната заработка на Дејвид Гета и Мартин Гарикс. Овој мегауспешен продуцент, пејач и текстописец досега освои 32 најпрестижни музички награди, вклучувајќи ги Греми, Билборд, Ем-ти-ви и Брит, покрај дури 118 номинации! Соработките со Ријана, Ели Гулдинг, Д Викнд, Дуа Липа, Фарел Вилијамс и Мигос се само некои од вонвременските хитови со негов потпис. Познат е по рушење рекорди и поставување стандарди – неговите песни имаат импресивни 35 милијарди аудио и видео стримови, и го надмина Мајкл Џексон по бројот на песни од еден албум кои се нашле на британската топ 10 листа! Откога победи на британското натпреварување „Икс фактор“, поп, РнБ и соул пејачот Џејмс Артур (James Arthur) го освојува светот, а сега стигнува и на Егзитовиот „Меин Стејџ“, броејќи во овој момент преку пет милијарди прегледи и стримови! Неговата интерпретација на песната „Impossible“ го достигна првото место на британската топ листа на синглови и стана најпродаваниот победнички сингл на целокупното натпреварување. Следуваа големите хитови како „Say You Won't Let Go“, која исто така го достигна првото место на британската топ листа и стана една од најслушаните песни на „Спотифај“, потоа „Train Wreck“ и „Naked“, додека неговиот нов албум „It'll All Make Sense in the End“, како и сите претходни, се најде меѓу првите три албуми. Австралискиот рапер „Маскед Вулф“ (Masked Wolf), кој се наоѓа во врвот на Билборд листата на најбарани нови изведувачи, се придружува на тимот хитмејкери на Главната бина на Егзит. Тој е автор на планетарно виралната песна „Astronaut In The Ocean“, која е прогласена за најголем хит на 2021 година на ТикТок! Уште еден „ЈуТјуб милијардер” кој пристигнува на Главната бина е британскиот диџеј и хитмејкер Џекс Џонс (Jax Jones). Неговиот пробој на музичката сцена се случи со соработката со Дјук Думонт на синглот „I Got U“, кој набргу го достигна првото место на британската сингл топ листа. Откако ги освои европските радио-станици, неговиот хит „You Don't Know Me“ со пејачката Раје е номиниран за Брит награда, а следеа и бројни популарни песни, како што се „Instruction“, на која гостуваат Деми Ловато и Стефлон Дон, „Breathe“ и „All Day and Night“ во соработка со Мартин Солвеиг. Џекс Џонс и уште едно ново Егзитово име – диџејот и продуцент Џоел Кори (Joel Corry), минатата година го објавија заедничкиот сингл „Out Out“ кој е обработка на планетарниот денс-хит „Alors on Danse“ на Стромае и кој наиде на одлични реакции. Џоел Кори е една од најголемите нови ѕвезди во Велика Британија, кој радио-станиците и фановите ги освои со сингловите „Sorry“, „Lonely“ и „Head & Heart“. Две песни кои дефинитивно ја обележаа претходната година се клупската химна „Love Tonight“, која на ЕГЗИТ ја носи австралискиот есид-хаус двоец „Шоус“ (Shouse), и „Do It To It“, која за публиката на Главната бина ќе ја изведе „Акрејз“ (ACRAZE). Своите мегахитови „Faded“, „In the Morning“ и „Working For It“ енергично ќе ги претстави ЗУ (ZHU), а за најжестокиот звук на оваа бина ќе бидат задолжени големите имиња кои ја обележаа историјата на метал и хардкор, њу-вејв и пост-панк сцената – култната бразилска „Сепултура“ (Sepultura), легендарната четворка од Бирмингем „Напалм Дет“ (Napalm Death), „Блајнд Чанел“ (Blind Channel) од Финска и белорускиот состав „Молчат Дома“ (Molchat Doma). Настапите на еден од најпознатите фестивалски танцови подиуми – фамозната Денс Арена, ги потврдија претставничката на хаус звукот, модната икона и активистка Хани Дижон (Honey Dijon), предводникот на светската сцена и продуцентскиот гениј Масео Плекс (Maceo Plex), холандската сензација која зад себе има распродадени сали и најуспешниот настап на минатогодишниот „Амстердам Денс Евент“, еден од моментно најбараните техно продуценти Реинир Зоневелд (Reinier Zonneveld), потоа младиот Британец со завидна кариера, музичко знаење и сестран пристап кон денс музиката Денис Султа (Denis Sulta), претставничката на новата генерација на италијанската техно сцена Анфиса Летјаго (Anfisa Letyago), членовите на угледниот „Afterlife“ лејбл – техно дуото „Матаме“ (Mathame), како и словенечката хаус диџејка во подем Брина Кнаус (Brina Knauss)Уметничка нота на електронската музика ќе дадат единствениот изведувач Сатори и  сестраниот мултиинструменталист и лајв-перформер Монолинк. Заеднички сет со брилијантниот техно звук носат кралицата на палестинската сцена, единствената Сама’ Абдулади (Sama’ Abdulhadi) и АНА (ANNA), која светската сцена ја освои доаѓајќи од Бразил. Нови големи имиња на Денс Арена ќе бидат објавени наскоро! На „Фјужн“ бината пристигнуваат добитникот на Греми наградата за животно дело и живата икона на панкот Марки Рамон (Marky Ramone), еден од пионерите на електронската музика со балкански етно елементи ЏАЈКОВСКИ, водечкиот пост-панк дарк-вејв бенд „Ши Паст Авеј“ (She Past Away), еден од концертно најактивните и најатрактивните бендови од регионот – панк-фолк бендот „Бркови“, култните риечки и повторно собрани панкери „Параф“, како и „Прти Бе Ге“, „Визељ“, „Коуч Парти“ и Сана Гариќ. Жестоката „Експлозив“ бина ја предводат „Бери Тумороу“ (Bury Tomorrow), „Дисчарџ“ (Discharge), „Инкантејшн“ (Incantation), „Москов Дет Бригаде“ (Moscow Death Brigade), „Нервоса“ (Nervosa) и „Танкард“ (Tankard), а настапите ќе ги засилат и „Архитект оф пеин“ (Architect of Pain), „Блек Тут“ (Black Tooth), „Чеинс“ (Chains), „Хереси“ (Heresy), „Мадвро“ (Madvro), „Мискондукт“ (Misconduct), „Ноктифериа“ (Noctiferia), „Оатхбрингер“ (Oathbringer), „Прогон“ (Progon), „Шајнинг“ (Shining), „Стреинџер“ (Stranger), „Терминал Проспект“ (Terminal Prospect) и „Андерстоунс“ (The Understones). На „Икс бас Пит“ бината ќе настапат локалните драмендбејс изведувачи Бабун, Бане, Бо Џа МЦ, Базин, Кодекс, Дроп Сенсеи, Еуфорикс, Индукт, Неми, Соулдрајв, Синфронисити, Тис и Ветас. Славниот британски магазин Ен-ем-и (NME) неодамна го номинираше ЕГЗИТ за најдобар фестивал на светот! Исклучителни новости се и дека ЕГЗИТ влегува во Метаверз и го најавува претставувањето на специјална дигитална уметност во форма на незаменливи токени - НФТ. Првата НФТ колекција, која наскоро ќе биде достапна, ЕГЗИТ ја креира во соработка со големите музички ѕвезди на денешницата. ЕГЗИТ фестивалот ќе се одржува од 7 до 10 јули 2022 година на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, Србија, а своите настапи ги потврдија некои од најголемите светски и регионални имиња, како што се Calvin Harris, Nick Cave & The Bad Seeds, James Arthur, Masked Wolf, Joel Corry, Jax Jones, Boris Brejcha, Honey Dijon, Maceo Plex, Reinier Zonneveld, Monolink, Denis Sulta, ZHU, ACRAZE, Djaikovski, Sama’ Abdulhadi, ANNA, Sepultura, Napalm Death, Marky Ramone, Molchat Doma, She Past Away, Brkovi, Paraf, Vizelj, Coach Party, Sana Garić, Prti Bee Gee и многу други, а нови имиња пристигнуваат наскоро! Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3.700 денари, со заштеда од 60 отсто. Нивниот контингент е лимитиран и кога ќе се распродаде во понудата ќе се најдат влезниците со повисока цена. Еднодневните влезници за петок, 8 јули, кога настапуваат Nick Cave & The Bad Seeds се достапни по подарок цени, со повеќе од 40 отсто попуст. Цената на регуларните еднодневни влезници е 1.950 денари, фан-пит влезниците се достапни по цена од 2.550 денари, а ВИП по цена од 6.550 денари. Влезниците можат да се купат онлајн преку страницата на МкТикетс.

The post Калвин Харис, Џајковски и над 60 нови изведувачи на ЕГЗИТ Фестивал! appeared first on Република.

]]>