египет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/egipet/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Oct 2024 11:08:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png египет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/egipet/ 32 32 Железничка несреќа во Египет, се судрија локомотива и воз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zheleznichka-nesreka-vo-egipet-se-sudrija-lokomotiva-i-voz/ Sun, 13 Oct 2024 11:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=826123

Најмалку 20 луѓе се повредени во судир на локомотива и патнички воз во јужниот дел на Египет.

Судирот се случи во провинцијата Миња, 270 километри јужно од Каиро. По судирот два вагона паднале во блиската река.

Се испитува причината за железничката несреќа.

За еден месец тоа е втора железничка несреќа во Египет

The post Железничка несреќа во Египет, се судрија локомотива и воз appeared first on Република.

]]>

Најмалку 20 луѓе се повредени во судир на локомотива и патнички воз во јужниот дел на Египет. Судирот се случи во провинцијата Миња, 270 километри јужно од Каиро. По судирот два вагона паднале во блиската река. Се испитува причината за железничката несреќа. За еден месец тоа е втора железничка несреќа во Египет

The post Железничка несреќа во Египет, се судрија локомотива и воз appeared first on Република.

]]>
Египет бара прекин на огнот во Газа поради можност од ескалација во целиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-bara-prekin-na-ognot-vo-gaza-poradi-mozhnost-od-eskalatsija-vo-tseliot-region/ Tue, 20 Aug 2024 14:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=808357

Египет повика на прекин на огнот во Газа и предупреди на можноста за проширување на конфликтот во регионална војна.

Изјавата ја даде египетскиот претседателот Абдел Фатах ал-Сиси по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Прекинот на огнот во Газа мора да биде почеток на пошироко меѓународно признавање на палестинската држава и спроведување на решението за две држави, бидејќи тоа е основен гарант за стабилноста во регионот. Дојде време да се стави крај на оваа војна и да се пристапи со мудрост, почитувајќи го јазикот на мирот и дипломатијата, изјави Сиси за време на нивната средба во Каиро.

Тој нагласи дека сите страни мора да бидат свесни за „опасноста од проширување на конфликтот на регионално ниво“.

Блинкен беше во египетската престолнина со цел да ги разгледа можностите за напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на затворениците, кои се планираат за подоцна оваа недела, иако остануваат значителни несогласувања.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им кажал на роднините на киднапираните во Газа дека не е „сигурен“ дали ќе има прекин на огнот, пренесува израелскиот портал „Вала“.

Не сум сигурен дека ќе има договор, но ако има, тој ќе биде таков што ќе ги зачува стратешките интереси на Израел“, изјавил Нетанјаху на средбата со роднините на лицата кои палестинската групација Хамас ги киднапираше од Израел.

The post Египет бара прекин на огнот во Газа поради можност од ескалација во целиот регион appeared first on Република.

]]>

Египет повика на прекин на огнот во Газа и предупреди на можноста за проширување на конфликтот во регионална војна. Изјавата ја даде египетскиот претседателот Абдел Фатах ал-Сиси по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Прекинот на огнот во Газа мора да биде почеток на пошироко меѓународно признавање на палестинската држава и спроведување на решението за две држави, бидејќи тоа е основен гарант за стабилноста во регионот. Дојде време да се стави крај на оваа војна и да се пристапи со мудрост, почитувајќи го јазикот на мирот и дипломатијата, изјави Сиси за време на нивната средба во Каиро.
Тој нагласи дека сите страни мора да бидат свесни за „опасноста од проширување на конфликтот на регионално ниво“. Блинкен беше во египетската престолнина со цел да ги разгледа можностите за напредок во преговорите за прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на затворениците, кои се планираат за подоцна оваа недела, иако остануваат значителни несогласувања. Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им кажал на роднините на киднапираните во Газа дека не е „сигурен“ дали ќе има прекин на огнот, пренесува израелскиот портал „Вала“.
Не сум сигурен дека ќе има договор, но ако има, тој ќе биде таков што ќе ги зачува стратешките интереси на Израел“, изјавил Нетанјаху на средбата со роднините на лицата кои палестинската групација Хамас ги киднапираше од Израел.

The post Египет бара прекин на огнот во Газа поради можност од ескалација во целиот регион appeared first on Република.

]]>
Египет негира дека има оперативни тунели преку неговата граница до Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-negira-deka-ima-operativni-tuneli-preku-negovata-granitsa-do-pojasot-gaza/ Mon, 05 Aug 2024 18:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=803660

Египет негира дека постојат оперативни тунели меѓу неговата граница со Појасот Газа, откако Израел соопшти дека елиминирал десетици од нив, јави ДПА.

Неименуван египетски извор од високо ниво соопшти дека нема оперативни тунели меѓу Египет и Појасот Газа.

За државната телевизија „Ал Каиро“ неименуваниот висок извор вели дека Израел „не доставил доказ за оперативните тунели на границата со Газа“ и дека извештаите за тунелите во израелските медиуми имаат за цел единствено „да ја оправдаат својата континуирана агресија на Појасот“, пренесе ДПА.

Тој додава дека целта е да се шират „лажни тврдења за постигнување политички цели“ и да се прикрие „неуспехот“ во Газа.

Израелската армија неделава објави дека на почетокот на минатата недела бил откриен тунел висок три метри во областа на коридорот Филаделфија, тесен појас што минува долж границата со Египет кај Рафа, од страната на Газа.

The post Египет негира дека има оперативни тунели преку неговата граница до Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Египет негира дека постојат оперативни тунели меѓу неговата граница со Појасот Газа, откако Израел соопшти дека елиминирал десетици од нив, јави ДПА. Неименуван египетски извор од високо ниво соопшти дека нема оперативни тунели меѓу Египет и Појасот Газа. За државната телевизија „Ал Каиро“ неименуваниот висок извор вели дека Израел „не доставил доказ за оперативните тунели на границата со Газа“ и дека извештаите за тунелите во израелските медиуми имаат за цел единствено „да ја оправдаат својата континуирана агресија на Појасот“, пренесе ДПА. Тој додава дека целта е да се шират „лажни тврдења за постигнување политички цели“ и да се прикрие „неуспехот“ во Газа. Израелската армија неделава објави дека на почетокот на минатата недела бил откриен тунел висок три метри во областа на коридорот Филаделфија, тесен појас што минува долж границата со Египет кај Рафа, од страната на Газа.

The post Египет негира дека има оперативни тунели преку неговата граница до Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Србија и Египет потпишаа Договор за слободна трговија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-i-egipet-potpishaa-dogovor-za-slobodna-trgovija/ Sat, 13 Jul 2024 11:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=796385

Во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, денесka во Каиро беше потпишан Договор за слободна трговија меѓу Србија и Египет и 10 други билатерални документи за соработка меѓу двете земји во различни области, јави дописникот на МИА од Белград.

На заедничката прес-конференција со неговиот египетски колега, по пленарната средба на двете делегации, претседателот Вучиќ изјави дека Договорот за слободна трговија е исклучително важен. Тој наведе дека се потпишани вкупно 10.412 тарифни линии за Србија и 6.075 тарифни линии за Египет.

Побрзо ќе ги развиваме нашите трговски односи и односите меѓу нашите индустрии, истакна Вучиќ.

Претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси изјави дека потпишаните договори дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите односи меѓу Србија и Египет.

- На денешните средби се согласивме за важноста од зајакнување на соработката во науката, преку договорот за слободна трговија што беше потпишан денеска и многу други документи. Тоа ќе ја зајакне економската и трговската соработка меѓу Србија и Египет, рече Сиси.

Тој ја нагласи значајната улога на Србија во зајакнувањето на соработката и стабилноста во регионот во кој се наоѓа.

Ние навистина го поддржуваме спроведувањето на иницијативата Отворен Балкан. И сакаме земјите од Западен Балкан да се зближат и да ја зајакнат регионалната стабилност, рече Ел Сиси.

Тој изјави дека со претседателот Вучиќ разговарал за случувањата на меѓународната сцена, со посебен осврт на Појасот Газа и Украина.

Договорот за слободна трговија го потпишаа министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ и министерот за инвестиции и надворешна трговија на Египет, Хасан ел Хатиб.

Министерот Момировиќ изјави дека по ратификацијата на Договорот за слободна трговија со Египет, царините ќе бидат укинати за речиси целото српско земјоделство.

Штом ќе биде ратификуван Договорот за слободна трговија, ќе се укинат царините од 40 отсто за свежите јаболка, како и царините од 30 отсто за сувите сливи и 20 отсто за замрзнатите бобинки. Царините за производите од нашата прехранбена индустрија, кои сега се движат од 20 на 60 отсто полека ќе почнат да се намалуваат, а ќе се укинат и царините за минералната вода и безалкохолното пиво, кои сега се движат меѓу 20 и 30 отсто, рече Момировиќ.

Тој посочи дека тоа е голема шанса за земјоделците и домаќините од Србија, но и огромна шанса за српската керамичка индустрија, фармацевтската индустрија и многу други индустрии.

The post Србија и Египет потпишаа Договор за слободна трговија appeared first on Република.

]]>

Во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, денесka во Каиро беше потпишан Договор за слободна трговија меѓу Србија и Египет и 10 други билатерални документи за соработка меѓу двете земји во различни области, јави дописникот на МИА од Белград. На заедничката прес-конференција со неговиот египетски колега, по пленарната средба на двете делегации, претседателот Вучиќ изјави дека Договорот за слободна трговија е исклучително важен. Тој наведе дека се потпишани вкупно 10.412 тарифни линии за Србија и 6.075 тарифни линии за Египет.
Побрзо ќе ги развиваме нашите трговски односи и односите меѓу нашите индустрии, истакна Вучиќ.
Претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси изјави дека потпишаните договори дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите односи меѓу Србија и Египет. - На денешните средби се согласивме за важноста од зајакнување на соработката во науката, преку договорот за слободна трговија што беше потпишан денеска и многу други документи. Тоа ќе ја зајакне економската и трговската соработка меѓу Србија и Египет, рече Сиси. Тој ја нагласи значајната улога на Србија во зајакнувањето на соработката и стабилноста во регионот во кој се наоѓа.
Ние навистина го поддржуваме спроведувањето на иницијативата Отворен Балкан. И сакаме земјите од Западен Балкан да се зближат и да ја зајакнат регионалната стабилност, рече Ел Сиси.
Тој изјави дека со претседателот Вучиќ разговарал за случувањата на меѓународната сцена, со посебен осврт на Појасот Газа и Украина. Договорот за слободна трговија го потпишаа министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ и министерот за инвестиции и надворешна трговија на Египет, Хасан ел Хатиб. Министерот Момировиќ изјави дека по ратификацијата на Договорот за слободна трговија со Египет, царините ќе бидат укинати за речиси целото српско земјоделство.
Штом ќе биде ратификуван Договорот за слободна трговија, ќе се укинат царините од 40 отсто за свежите јаболка, како и царините од 30 отсто за сувите сливи и 20 отсто за замрзнатите бобинки. Царините за производите од нашата прехранбена индустрија, кои сега се движат од 20 на 60 отсто полека ќе почнат да се намалуваат, а ќе се укинат и царините за минералната вода и безалкохолното пиво, кои сега се движат меѓу 20 и 30 отсто, рече Момировиќ.
Тој посочи дека тоа е голема шанса за земјоделците и домаќините од Србија, но и огромна шанса за српската керамичка индустрија, фармацевтската индустрија и многу други индустрии.

The post Србија и Египет потпишаа Договор за слободна трговија appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен на Инвестициска конференција во Египет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-na-investitsiska-konferentsija-vo-egipet/ Sat, 29 Jun 2024 07:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=791735

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе престојува во посета на Египет, каде ќе учествува на Инвестициската конференција ЕУ-Египет, што денеска и утре се одржува во Каиро.

Предвидено е Конференцијата да започне со воведни обраќања на Фон дер Лајен и египетскиот претседател Абдел Фатах Ал-Сиси.

На Конференцијата се очекуваат околу 1.000 учесници, вклучително и египетски министри, претставници на ЕУ и европски финансиски институции и извршни директори од широк спектар компании од Унијата и Египет.

Како што соопшти Европската комисија, оваа Инвестициска конференција е првиот клучен резултат на Стратешкото и сеопфатно партнерство меѓу Египет и ЕУ, договорено од страна на Фон дер Лајен и Ал-Сиси во март 2024 година. Со партнерството се опфатени политички односи, економска стабилност, инвестиции и трговијата, миграцијата и мобилноста, безбедноста и демографијата и човечкиот капитал.

Конференцијата има за цел дополнително да ги промовира можностите за инвестирање во клучните сектори во Египет, како што се обновливите извори на енергија, циркуларната економија, фармацевтската, медицинската и автомобилската индустрија, земјоделството, производството на храна, снабдувањето со вода, иновациите и дигитализацијата, кои имаат потенцијал да придонесат за одржливиот развој и економската диверзификација на земјата.

На маргините на Конференцијата се очекува склучување на повеќе инвестициски спогодби меѓу европски и египетски компании, како и билатерални договори за соработка меѓу ЕУ и Египет за поттикнување на вработувањето и стручното оспособување, производството на вакцини, безбедноста на храната и одржлив развој.

За време на престојот во Каиро, Фон дер Лајен ќе биде придружувана од извршниот потпретседател на Европската комисија за економија во полза на луѓето Валдис Домбровскис и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

Домбровскис во име на ЕУ ќе го потпише Меморандумот за разбирање со Египет за краткорочна макрофинансиска помош од една милијарда евра за поддршка на египетската програма за економски реформи, чија цел е зајакнување на отпорноста и потенцијалите на египетската економија. Помошта е дел од пакетот од 7,4 милијарди евра што го најави Фон дер Лајен во март за поддршка на стратешкото и сеопфатно партнерство со Египет.

The post Фон дер Лајен на Инвестициска конференција во Египет appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе престојува во посета на Египет, каде ќе учествува на Инвестициската конференција ЕУ-Египет, што денеска и утре се одржува во Каиро. Предвидено е Конференцијата да започне со воведни обраќања на Фон дер Лајен и египетскиот претседател Абдел Фатах Ал-Сиси. На Конференцијата се очекуваат околу 1.000 учесници, вклучително и египетски министри, претставници на ЕУ и европски финансиски институции и извршни директори од широк спектар компании од Унијата и Египет. Како што соопшти Европската комисија, оваа Инвестициска конференција е првиот клучен резултат на Стратешкото и сеопфатно партнерство меѓу Египет и ЕУ, договорено од страна на Фон дер Лајен и Ал-Сиси во март 2024 година. Со партнерството се опфатени политички односи, економска стабилност, инвестиции и трговијата, миграцијата и мобилноста, безбедноста и демографијата и човечкиот капитал. Конференцијата има за цел дополнително да ги промовира можностите за инвестирање во клучните сектори во Египет, како што се обновливите извори на енергија, циркуларната економија, фармацевтската, медицинската и автомобилската индустрија, земјоделството, производството на храна, снабдувањето со вода, иновациите и дигитализацијата, кои имаат потенцијал да придонесат за одржливиот развој и економската диверзификација на земјата. На маргините на Конференцијата се очекува склучување на повеќе инвестициски спогодби меѓу европски и египетски компании, како и билатерални договори за соработка меѓу ЕУ и Египет за поттикнување на вработувањето и стручното оспособување, производството на вакцини, безбедноста на храната и одржлив развој. За време на престојот во Каиро, Фон дер Лајен ќе биде придружувана од извршниот потпретседател на Европската комисија за економија во полза на луѓето Валдис Домбровскис и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. Домбровскис во име на ЕУ ќе го потпише Меморандумот за разбирање со Египет за краткорочна макрофинансиска помош од една милијарда евра за поддршка на египетската програма за економски реформи, чија цел е зајакнување на отпорноста и потенцијалите на египетската економија. Помошта е дел од пакетот од 7,4 милијарди евра што го најави Фон дер Лајен во март за поддршка на стратешкото и сеопфатно партнерство со Египет.

The post Фон дер Лајен на Инвестициска конференција во Египет appeared first on Република.

]]>
Египет испорача над 94.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на конфликтот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-isporacha-nad-94-000-toni-humanitarna-pomosh-vo-gaza-od-pochetokot-na-konfliktot/ Tue, 11 Jun 2024 17:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=786662

Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, изјави дека неговата земја доставила повеќе од 94.000 тони хуманитарна помош за Појасот Газа и обезбедила медицинска нега на повеќе од 85.000 Палестинци од почетокот на конфликтот меѓу палестинското движење Хамас и Израел на 7 октомври 2023 година.

На состанокот на високо ниво во Јордан за подобрување на критичната хуманитарна ситуација во енклавата, Шукри, исто така, објави дека Египет помогнал во евакуацијата на 74.000 странски државјани и двојни државјани во соработка со дипломатските мисии.

Во своето обраќање до учесниците на конференцијата, претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси повика на итен, целосен и траен прекин на огнот.

Тој побара ослободување на сите заложници кои ги држат Хамас и Палестинците кои се држат во израелските затвори, како и почитување на меѓународното право, вклучително и законите кои се однесуваат на заштита на цивилите.

Египет продолжува да игра клучна улога како посредник во преговорите за примирје меѓу Израел и Хамас во партнерство со Катар и САД.

Египет ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за поддршка на планот за примирје претставен од американскиот претседател Џо Бајден кон крајот на минатиот месец.

Арапската Република ги повика и Израел и Хамас да преземат сериозни чекори за да го финализираат договорот што е можно побрзо и да го спроведат без одлагање или дополнителни услови.

The post Египет испорача над 94.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на конфликтот appeared first on Република.

]]>

Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, изјави дека неговата земја доставила повеќе од 94.000 тони хуманитарна помош за Појасот Газа и обезбедила медицинска нега на повеќе од 85.000 Палестинци од почетокот на конфликтот меѓу палестинското движење Хамас и Израел на 7 октомври 2023 година. На состанокот на високо ниво во Јордан за подобрување на критичната хуманитарна ситуација во енклавата, Шукри, исто така, објави дека Египет помогнал во евакуацијата на 74.000 странски државјани и двојни државјани во соработка со дипломатските мисии. Во своето обраќање до учесниците на конференцијата, претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси повика на итен, целосен и траен прекин на огнот. Тој побара ослободување на сите заложници кои ги држат Хамас и Палестинците кои се држат во израелските затвори, како и почитување на меѓународното право, вклучително и законите кои се однесуваат на заштита на цивилите. Египет продолжува да игра клучна улога како посредник во преговорите за примирје меѓу Израел и Хамас во партнерство со Катар и САД. Египет ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за поддршка на планот за примирје претставен од американскиот претседател Џо Бајден кон крајот на минатиот месец. Арапската Република ги повика и Израел и Хамас да преземат сериозни чекори за да го финализираат договорот што е можно побрзо и да го спроведат без одлагање или дополнителни услови.

The post Египет испорача над 94.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на конфликтот appeared first on Република.

]]>
Милијарда евра од ЕУ за Египет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/milijarda-evra-od-eu-za-egipet/ Sat, 13 Apr 2024 07:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=765604

Европската Унија денеска соопшти дека ќе обезбеди една милијарда евра поддршка за помош на египетската економија.

Советот на ЕУ соопшти дека е прифатена макрофинансиската помош подготвена за Египет.

Во соопштението се посочува дека земјата веднаш ќе добие една милијарда евра поддршка за стабилизирање на египетската економија.

Потсетувајќи дека финансиската состојба и потребите на Египет неодамна се влошија, во соопштението се наведува дека првата фаза е финансиска помош од една милијарда евра, а во втората фаза ќе бидат обезбедени уште четири милијарди евра за периодот 2024-2027 година.

Во соопштението се наведува дека финансиската поддршка ќе биде дадена во форма на еднократен заем, а тоа ќе биде обезбедено под услов Египет да продолжи да презема конкретни чекори во области како што се демократијата, владеењето на правото и човековите права.

Минатиот месец Комисијата на ЕУ подготви предлог-операција за финансиска помош за Египет во вредност од пет милијарди евра.

По оваа фаза, одлуката за помош ќе стапи во сила по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ.

The post Милијарда евра од ЕУ за Египет appeared first on Република.

]]>

Европската Унија денеска соопшти дека ќе обезбеди една милијарда евра поддршка за помош на египетската економија. Советот на ЕУ соопшти дека е прифатена макрофинансиската помош подготвена за Египет. Во соопштението се посочува дека земјата веднаш ќе добие една милијарда евра поддршка за стабилизирање на египетската економија. Потсетувајќи дека финансиската состојба и потребите на Египет неодамна се влошија, во соопштението се наведува дека првата фаза е финансиска помош од една милијарда евра, а во втората фаза ќе бидат обезбедени уште четири милијарди евра за периодот 2024-2027 година. Во соопштението се наведува дека финансиската поддршка ќе биде дадена во форма на еднократен заем, а тоа ќе биде обезбедено под услов Египет да продолжи да презема конкретни чекори во области како што се демократијата, владеењето на правото и човековите права. Минатиот месец Комисијата на ЕУ подготви предлог-операција за финансиска помош за Египет во вредност од пет милијарди евра. По оваа фаза, одлуката за помош ќе стапи во сила по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ.

The post Милијарда евра од ЕУ за Египет appeared first on Република.

]]>
Египет подготвува зона за прием на Палестинци на Синај, тврдат анонимни извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-podgotvuva-zona-za-priem-na-palestintsi-na-sinaj-tvrdat-anonimni-izvori/ Fri, 16 Feb 2024 08:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=744722

Египет подготвува област долж границата со Газа што би можела да се користи за прифаќање на Палестинци доколку израелската офанзива предизвика егзодус преку границата, изјавиле четири извори опишувајќи ја можноста како резервен план на Каиро, јавија светските агенции.

Египет, кој официјално негира секакви подготовки во оваа насока, постојано предупредуваше на можноста израелската офанзива на Газа да резултира со раселување на Палестинците на Синај, што Каиро го смета за целосно неприфатливо. Слични предупредувања испратија и други арапски земји, вклучително и Јордан.

САД повеќе пати го повторија своето противење на какво било раселување на Палестинците од Газа.

Еден од изворите рекол дека Египет е оптимист дека разговорите за прекин на огнот би можеле да вродат со плод за да се избегне споменатото сценарио, но дека ја подготвува областа долж границата како привремена мерка на претпазливост. Три извори блиски до безбедносните сили тврдат дека Египет почнал да ја подготвува пустинската област Синај со некои основни капацитети за сместување на Палестинци, нагласувајќи дека се работи исклучиво за резервен план.

Поради чувствителноста на темата, изворите побарале да останат анонимни.

Израел соопшти дека ќе почне офанзива за уништување на „последното упориште“ на Хамас во Рафа. Во тој град на границата со Египет се сместени околу милион Палестинци кои нашле засолниште во него пред разорната израелска офанзива на Појасот Газа.

The post Египет подготвува зона за прием на Палестинци на Синај, тврдат анонимни извори appeared first on Република.

]]>

Египет подготвува област долж границата со Газа што би можела да се користи за прифаќање на Палестинци доколку израелската офанзива предизвика егзодус преку границата, изјавиле четири извори опишувајќи ја можноста како резервен план на Каиро, јавија светските агенции. Египет, кој официјално негира секакви подготовки во оваа насока, постојано предупредуваше на можноста израелската офанзива на Газа да резултира со раселување на Палестинците на Синај, што Каиро го смета за целосно неприфатливо. Слични предупредувања испратија и други арапски земји, вклучително и Јордан. САД повеќе пати го повторија своето противење на какво било раселување на Палестинците од Газа. Еден од изворите рекол дека Египет е оптимист дека разговорите за прекин на огнот би можеле да вродат со плод за да се избегне споменатото сценарио, но дека ја подготвува областа долж границата како привремена мерка на претпазливост. Три извори блиски до безбедносните сили тврдат дека Египет почнал да ја подготвува пустинската област Синај со некои основни капацитети за сместување на Палестинци, нагласувајќи дека се работи исклучиво за резервен план. Поради чувствителноста на темата, изворите побарале да останат анонимни. Израел соопшти дека ќе почне офанзива за уништување на „последното упориште“ на Хамас во Рафа. Во тој град на границата со Египет се сместени околу милион Палестинци кои нашле засолниште во него пред разорната израелска офанзива на Појасот Газа.

The post Египет подготвува зона за прием на Палестинци на Синај, тврдат анонимни извори appeared first on Република.

]]>
Во Египет денеска започнува гласањето за претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-egipet-deneska-zapochnuva-glasaneto-za-pretsedatelskite-izbori/ Sun, 10 Dec 2023 08:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=721410

Во Египет денеска почнува гласањето на претседателските избори, на кои се очекува актуелниот претседател Абдел Фатах ал Сиси да освои трет мандат.

Победата на изборите би значела нов шестгодишен мандат за Ал Сиси, кој тој може да го посвети на справување со инфлацијата, недостигот на девизи и напорите да го спречи конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас да се прелее во Египет.

Избирачите денеска и во наредните два дена ќе можат да го остварат своето избирачко право од 09 до 21 часот по локално време.

Се очекува резултатите да бидат објавени на 18 декември.

The post Во Египет денеска започнува гласањето за претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Во Египет денеска почнува гласањето на претседателските избори, на кои се очекува актуелниот претседател Абдел Фатах ал Сиси да освои трет мандат. Победата на изборите би значела нов шестгодишен мандат за Ал Сиси, кој тој може да го посвети на справување со инфлацијата, недостигот на девизи и напорите да го спречи конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас да се прелее во Египет. Избирачите денеска и во наредните два дена ќе можат да го остварат своето избирачко право од 09 до 21 часот по локално време. Се очекува резултатите да бидат објавени на 18 декември.

The post Во Египет денеска започнува гласањето за претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Египет го одбил предлогот на ЦИА привремено да управува со Појасот Газа по војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-go-odbil-predlogot-na-tsia-privremeno-da-upravuva-so-pojasot-gaza-po-vojnata/ Thu, 09 Nov 2023 10:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=699816

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, наводно, го отфрлил предлогот на директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс, Каиро да ја преземе привремената безбедносна администрација на Појасот Газа по војната додека палестинската управа не биде подготвена да ја преземе контролата. Весникот „Тајмс оф Израел“ се повикува на американски медиуми.

Египетскиот претседател му рекол на Барнс дека Египет нема да игра улога во елиминацијата на Хамас, кој ја има власта во Појасот Газа, бидејќи палестинските милитанти помогнаа границата на Египет со енклавата да се одржи релативно мирна во последниве години, изјавија високи египетски официјални лица за „Волстрит журнал“ под услов анонимност.

Абдел Фатах ел Сиси и директорот на Централната разузнавачка агенција се сретнале во вторник во Каиро за да разговараат за воената операција на Израел во Појасот Газа, соопшти египетското претседателство.

За време на средбата, египетскиот претседател го повтори повикот за итен прекин на огнот за заштита на цивилите и за „непречен проток на хуманитарна помош“, изјави портпаролот на египетскиот претседател.

The post Египет го одбил предлогот на ЦИА привремено да управува со Појасот Газа по војната appeared first on Република.

]]>

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, наводно, го отфрлил предлогот на директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс, Каиро да ја преземе привремената безбедносна администрација на Појасот Газа по војната додека палестинската управа не биде подготвена да ја преземе контролата. Весникот „Тајмс оф Израел“ се повикува на американски медиуми. Египетскиот претседател му рекол на Барнс дека Египет нема да игра улога во елиминацијата на Хамас, кој ја има власта во Појасот Газа, бидејќи палестинските милитанти помогнаа границата на Египет со енклавата да се одржи релативно мирна во последниве години, изјавија високи египетски официјални лица за „Волстрит журнал“ под услов анонимност. Абдел Фатах ел Сиси и директорот на Централната разузнавачка агенција се сретнале во вторник во Каиро за да разговараат за воената операција на Израел во Појасот Газа, соопшти египетското претседателство. За време на средбата, египетскиот претседател го повтори повикот за итен прекин на огнот за заштита на цивилите и за „непречен проток на хуманитарна помош“, изјави портпаролот на египетскиот претседател.

The post Египет го одбил предлогот на ЦИА привремено да управува со Појасот Газа по војната appeared first on Република.

]]>
Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-i-jordan-baraat-iten-prekin-na-ognot/ Sat, 04 Nov 2023 16:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=698211

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со министрите за надворешни работи на Јордан и Египет во Аман, главниот град на Јордан.

Клучниот момент на прес-конференцијата беа повиците на Јордан и Египет за итен прекин на огнот, но Блинкен јасно стави до знаење дека САД не ги поддржуваат тие барања.

„Примирјето едноставно ќе го остави Хамас на власт, способен да се прегрупира и да го повтори она што го направи на 7 октомври“, рече американскиот висок дипломат на прашање на новинарите.

„Пред само неколку дена, висок функционер на Хамас изјави дека нивната намера е да се повтори 7-ми октомври одново. Ниту една нација, ниту еден од нас, не може да го прифати тоа“, додаде Блинкен.

Блинкен го потврди правото на Израел на самоодбрана, но нагласи дека е важно и како Израел го прави тоа, односно максимално да се грижи за цивилите. Министрите за надворешни работи на Египет и Јордан беа прашани дали имало разговори за иднината на Газа без Хамас.

 

The post Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со министрите за надворешни работи на Јордан и Египет во Аман, главниот град на Јордан. Клучниот момент на прес-конференцијата беа повиците на Јордан и Египет за итен прекин на огнот, но Блинкен јасно стави до знаење дека САД не ги поддржуваат тие барања. „Примирјето едноставно ќе го остави Хамас на власт, способен да се прегрупира и да го повтори она што го направи на 7 октомври“, рече американскиот висок дипломат на прашање на новинарите. „Пред само неколку дена, висок функционер на Хамас изјави дека нивната намера е да се повтори 7-ми октомври одново. Ниту една нација, ниту еден од нас, не може да го прифати тоа“, додаде Блинкен. Блинкен го потврди правото на Израел на самоодбрана, но нагласи дека е важно и како Израел го прави тоа, односно максимално да се грижи за цивилите. Министрите за надворешни работи на Египет и Јордан беа прашани дали имало разговори за иднината на Газа без Хамас.  

The post Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Над 7.000 странци чекаат за да избегаат од Газа, тврди Египет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-7-000-strantsi-chekaat-za-da-izbegaat-od-gaza-tvrdi-egipet/ Thu, 02 Nov 2023 17:49:31 +0000 https://republika.mk/?p=697554

Околу 7.000 иматели на странски пасоши од 60 земји чекаат да го напуштат Појасот Газа, соопшти денеска египетското Министерство за надворешни работи.

Министерството ги покани претставниците на странските амбасади на состанок во Каиро за да ги информираат за документите потребни за влез во Египет од палестинската територија разурната од војна.

Не е јасно дали 7.000 лица се само странски државјани или Палестинци со друг пасош. Исто така, не е јасно дали има други странци во Газа кои не сакаат да заминат.

Вчера стотици странски државјани и Палестинци со двојно државјанство ја напуштија Газа и влегоа во Египет за прв пат по избивањето на војната меѓу Израел и Хамас. Некои тешко повредени Палестинци, исто така, беа префрлени на лекување во Египет преку преминот Рафах.

Палестинската Црвена полумесечина синоќа соопшти дека примила уште 55 камиони хуманитарна помош, со што вкупниот број достигна 272 - сè уште мал дел од она што хуманитарците велат дека е потребно.

Израел го затвори Појасот Газа и врши воздушни напади врз густо населената област откако милитантите од исламистичката група Хамас, која управува со Појасот Газа, извршија терористички напад врз израелските заедници на 7 октомври во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе.

Околу 240 други беа земени како заложници во Газа. Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, објави дека израелските сили убиле 8.796 луѓе, а раниле 22.219 во нападите врз Газа од почетокот на војната,објави Гардијан.

The post Над 7.000 странци чекаат за да избегаат од Газа, тврди Египет appeared first on Република.

]]>

Околу 7.000 иматели на странски пасоши од 60 земји чекаат да го напуштат Појасот Газа, соопшти денеска египетското Министерство за надворешни работи. Министерството ги покани претставниците на странските амбасади на состанок во Каиро за да ги информираат за документите потребни за влез во Египет од палестинската територија разурната од војна. Не е јасно дали 7.000 лица се само странски државјани или Палестинци со друг пасош. Исто така, не е јасно дали има други странци во Газа кои не сакаат да заминат. Вчера стотици странски државјани и Палестинци со двојно државјанство ја напуштија Газа и влегоа во Египет за прв пат по избивањето на војната меѓу Израел и Хамас. Некои тешко повредени Палестинци, исто така, беа префрлени на лекување во Египет преку преминот Рафах. Палестинската Црвена полумесечина синоќа соопшти дека примила уште 55 камиони хуманитарна помош, со што вкупниот број достигна 272 - сè уште мал дел од она што хуманитарците велат дека е потребно. Израел го затвори Појасот Газа и врши воздушни напади врз густо населената област откако милитантите од исламистичката група Хамас, која управува со Појасот Газа, извршија терористички напад врз израелските заедници на 7 октомври во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе. Околу 240 други беа земени како заложници во Газа. Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, објави дека израелските сили убиле 8.796 луѓе, а раниле 22.219 во нападите врз Газа од почетокот на војната,објави Гардијан.

The post Над 7.000 странци чекаат за да избегаат од Газа, тврди Египет appeared first on Република.

]]>
Страшна сообраќајка во Египет: Најмалку 32 мртви, над 60 повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/strashna-soobrakajka-vo-egipet-najmalku-32-mrtvi-nad-60-povredeni/ Sat, 28 Oct 2023 13:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=695808

Во судир на повеќе возила во Египет загинаа 32 лица, а 63 се повредени, објавија државните медиуми на земјата. Судирот на повеќе автомобили се случил на автопат во регионот Бехеира, кој се наоѓа на северниот брег на Египет. На местото на настанот пристигнале бројни возила на брза помош кои ги префрлиле повредените во болница.

Истекување масло од еден автомобил го предизвикало судирот, при што некои возила се запалиле, објави државниот весник Ал-Ахрам, повикувајќи се на полициски извори. Изгорени се шест возила, меѓу кои и патнички автобус.

Сообраќајните несреќи со фатални последици се релативно чести во Египет, а несовесното возење и лошите услови на патиштата се наведуваат како главни причини за несреќите. Во последниве години, Египет изгради мрежа од нови патишта за да го подобри севкупниот квалитет на патиштата.

 

The post Страшна сообраќајка во Египет: Најмалку 32 мртви, над 60 повредени appeared first on Република.

]]>

Во судир на повеќе возила во Египет загинаа 32 лица, а 63 се повредени, објавија државните медиуми на земјата. Судирот на повеќе автомобили се случил на автопат во регионот Бехеира, кој се наоѓа на северниот брег на Египет. На местото на настанот пристигнале бројни возила на брза помош кои ги префрлиле повредените во болница. Истекување масло од еден автомобил го предизвикало судирот, при што некои возила се запалиле, објави државниот весник Ал-Ахрам, повикувајќи се на полициски извори. Изгорени се шест возила, меѓу кои и патнички автобус. Сообраќајните несреќи со фатални последици се релативно чести во Египет, а несовесното возење и лошите услови на патиштата се наведуваат како главни причини за несреќите. Во последниве години, Египет изгради мрежа од нови патишта за да го подобри севкупниот квалитет на патиштата.  

The post Страшна сообраќајка во Египет: Најмалку 32 мртви, над 60 повредени appeared first on Република.

]]>
Египет: Има полесно повредени во ненамерниот израелски напад на нашата гранична точка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-ima-polesno-povredeni-vo-nenamerniot-izraelski-napad-na-nashata-granichna-tochka/ Sun, 22 Oct 2023 18:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=693977

Египетската војска соопшти дека има „лесно повредени“, без да го прецизира бројот, откако израелската армија соопшти дека еден од нејзините тенкови „по грешка“ погодил египетска позиција на границата меѓу двете земји.

„За време на тековните борби во Појасот Газа во неделата, египетска контролна кула беше погодена од шрапнел од граната испукана по грешка од израелски тенк, предизвикувајќи полесни повреди на припадниците на граничните контролни сили“, изјави портпаролот на египетската армија.

„Израелската страна изрази жалење веднаш по овој ненамерен инцидент, а истрагата е во тек“, додаде тој.


МИА

The post Египет: Има полесно повредени во ненамерниот израелски напад на нашата гранична точка appeared first on Република.

]]>

Египетската војска соопшти дека има „лесно повредени“, без да го прецизира бројот, откако израелската армија соопшти дека еден од нејзините тенкови „по грешка“ погодил египетска позиција на границата меѓу двете земји. „За време на тековните борби во Појасот Газа во неделата, египетска контролна кула беше погодена од шрапнел од граната испукана по грешка од израелски тенк, предизвикувајќи полесни повреди на припадниците на граничните контролни сили“, изјави портпаролот на египетската армија.
„Израелската страна изрази жалење веднаш по овој ненамерен инцидент, а истрагата е во тек“, додаде тој.

МИА

The post Египет: Има полесно повредени во ненамерниот израелски напад на нашата гранична точка appeared first on Република.

]]>
Израел случајно гранатираше воена станица во Египет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-sluchajno-granatirashe-voena-stanitsa-vo-egipet/ Sun, 22 Oct 2023 16:48:58 +0000 https://republika.mk/?p=693952

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека еден од нивните тенкови случајно гранатирал египетска воена станица во близина на Керем Шалом, на тромеѓето со Појасот Газа.

ИДф изрази „жалење поради инцидентот“ и рече дека ќе биде истражен, пишува „Тајмс оф Израел“.

Претходно Ројтерс објави дека попладнево се слушнале експлозии и сирени на возила на брза помош во близина на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа.

Експлозијата се случила веднаш откако друг хуманитарен конвој ја преминал границата од Египет, изјавија очевидци, пренесе Ројтерс.

Од почетокот на конфликтот на 7 октомври меѓу милитантниот Хамас и Израел, гранатирањето на преминот Рафах од Појасот Газа уништи згради и патишта, на кои им требаше поправка пред првиот конвој од 20 камиони да го премине Рафа во Газа во саботата.

The post Израел случајно гранатираше воена станица во Египет appeared first on Република.

]]>

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека еден од нивните тенкови случајно гранатирал египетска воена станица во близина на Керем Шалом, на тромеѓето со Појасот Газа. ИДф изрази „жалење поради инцидентот“ и рече дека ќе биде истражен, пишува „Тајмс оф Израел“. Претходно Ројтерс објави дека попладнево се слушнале експлозии и сирени на возила на брза помош во близина на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа. Експлозијата се случила веднаш откако друг хуманитарен конвој ја преминал границата од Египет, изјавија очевидци, пренесе Ројтерс. Од почетокот на конфликтот на 7 октомври меѓу милитантниот Хамас и Израел, гранатирањето на преминот Рафах од Појасот Газа уништи згради и патишта, на кои им требаше поправка пред првиот конвој од 20 камиони да го премине Рафа во Газа во саботата.

The post Израел случајно гранатираше воена станица во Египет appeared first on Република.

]]>
Зошто Епипет не сака да прими палестински бегалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zoshto-epipet-ne-saka-da-primi-palestintsi-begaltsi/ Fri, 20 Oct 2023 06:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=693046

Додека Палестинците во опколениот Појас Газа бараат засолниште од немилосрдното израелско бомбардирање како одговор на бруталниот напад на Хамас на 7 октомври, некои се прашуваат зошто соседните Египет и Јордан не ги прифаќаат. Двата израелски соседи, кои се граничат со Газа и окупираниот Западен Брег, одговорија со категорично одбивање. Во Јордан веќе има голема палестинска заедница.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси вчера во својот најостар говор досега рече дека сегашната војна не е само борба против групата Хамас, која владее со Појасот Газа, „туку тоа е и обид да се истуркаат цивилите од енклавата ... да имигрираат во Египет“. Тој предупреди дека тоа може да го наруши мирот во регионот.

Јорданскиот крал Абдула Втори објави слична порака еден ден претходно, велејќи: „Нема бегалци во Јордан, нема бегалци во Египет“.

Нивното одбивање се должи на загриженоста дека Израел сака да ги принуди Палестинците трајно да се преселат во нивните земји и да ги поништи палестинските барања за сопствена држава. Ал Сиси, исто така, рече дека масовниот егзодус ќе создаде ризик екстремистите да се инфилтрираат на египетскиот Синајски Полуостров, од каде што би можеле да извршат напади против Израел, загрозувајќи го мировниот договор меѓу двете земји потпишан пред речиси 40 години.

Што ги мотивира позициите на Египет и Јордан? Раселувањето е главно прашање во палестинската историја. За време на војната во 1948 година поврзана со формирањето на државата Израел, речиси 700 илјади Палестинци беа протерани од своите домови или избегаа надвор од границите на денешната еврејска држава. Палестинците овие настани ги нарекуваат „Ан Накба“, што на арапски значи „Катастрофа“.

За време на Шестдневната војна во 1967 година, во која Израел ги освои Западниот Брег и Појасот Газа, уште 300 илјади Палестинци беа раселени, главно во Јордан.

Бегалците и нивните потомци моментално брои речиси шест милиони луѓе, од кои повеќето живеат во бегалски кампови и населби на Западниот Брег, Газа, Либан, Сирија и Јордан. Палестинската дијаспора се прошири уште подалеку, со многу бегалци кои се населиле во земјите од Заливот и на Запад.

По прекинот на непријателствата во 1948 година, Израел одби да им дозволи на бегалците да се вратат во местата на потекло. Израел оттогаш ги отфрли палестинските барања за враќање на бегалците како дел од мировниот договор, велејќи дека тоа ќе го загрози еврејското мнозинство во земјата.

Египет стравува дека историјата ќе се повтори и голем број палестински бегалци од Газа трајно ќе се населат во арапската држава.

Овие грижи се условени од немањето јасно сценарио како ќе заврши војната.

Израел вели дека има намера да го уништи Хамас за неговиот крвав напад врз јужните израелски градови. Сепак, сè уште не е јасно што би можело да се случи понатаму и кој ќе владее со Газа. Ова ја зголеми загриженоста дека еврејската држава уште еднаш ќе ја окупира енклавата за одреден период, што дополнително ќе го разгори конфликтот.

Израелската армија соопшти дека Палестинците кои ја послушале нејзината наредба да се евакуираат од северна Газа на југ, ќе можат да се вратат во своите домови по завршувањето на војната. Египет не е убеден.

Ас-Сиси рече дека борбите би можеле да траат со години доколку Израел почувствува дека не ги погодил милитантите доволно силно. Египетскиот претседател предложи додека траат воените операции, Израел да ги прими бегалците во својата пустина Негев, која се граничи со Појасот Газа.

-Нејасноста на Израел за неговите намери во Газа и евакуацијата на населението сами по себе се проблематични, рече Рикардо Фабијани, директор на програмата за Северна Африка во независната невладина организација Меѓународна кризна група со седиште во Белгија. Оваа конфузија предизвикува загриженост во соседните земји, додаде аналитичарот.

Египет се залагаше за Израел да дозволи хуманитарна помош во Газа, а еврејската држава вчера соопшти дека ќе го стори тоа, иако не прецизираше кога. Египет, кој веќе се соочува со продлабочена економска криза, веќе е домаќин на речиси девет милиони бегалци и мигранти, вклучително и околу 300 илјади Суданци кои пристигнаа оваа година бегајќи од граѓанската војна во нивната земја, според Обединетите нации.

Сепак, арапските држави и многу Палестинци, исто така, се сомневаат дека Израел може да ја искористи ситуацијата за да предизвика трајни демографски промени и да ги порази палестинските барања за сопствена држава што ќе ги вклучи Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим, кој исто така беше заземен од еврејската земја во 1967 година.

Ал Сиси ја повтори својата загриженост дека егзодусот од Газа „е начин да се стави крај на палестинската кауза... која е најважна од сите причини за нашиот регион“. Тој посочи дека сега нема да има војна доколку одамна се преговарало за демилитаризирана палестинска држава.

-Сите историски преседани укажуваат на тоа кога Палестинците беа принудени да ги напуштат палестинските територии, не им беше дозволено да се вратат, рече високиот соработник на Фондацијата Карнеги за меѓународен мир Хишам Хелиер. Египет не сака да биде соучесник во етничкото чистење во Газа, додаде аналитичарот.

Стравувањата на арапските држави беа поттикнати само од подемот на десничарските конзервативни партии под израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кои зборуваат со позитивен тон за егзодусот на Палестинците. По нападот на Хамас, нивната реторика стана поневоздржана, а некои десничарски политичари и медиумски коментатори ја повикаа армијата да ја срамни Газа со земја и да ги протера нејзините жители. Израелски пратеник рече дека Израел треба да започне „нова Накба“ во Газа.

Во меѓувреме, Египет вели дека масовниот егзодус од Газа ќе го донесе Хамас или други палестински милитанти на нејзината територија. Тоа може да биде дестабилизирачко на Синајскиот Полуостров, каде што војската на Египет со години се бори против исламистичките екстремисти и дури во еден момент го обвини Хамас дека ги поддржува.

Египет ја поддржува израелската блокада на Газа откако Хамас ја презеде контролата врз енклавата во 2007 година, строго контролирајќи го преминот на стоки и цивили преку границата. Каиро, исто така, ја уништи прекуграничната мрежа на тунели што Хамас и другите Палестинци ги користеа за шверц на стоки во Газа.

Со оглед на тоа што Египет главно се справува со бунтовниците во Синај, „Каиро не сака да има друг безбедносен проблем за решавање во овој проблематичен регион“, рече Фабијани.

Ал Сиси предупреди на уште подестабилизирачко сценарио: пропаѓање на мировниот договор меѓу Египет и Израел од 1979 година. Тој рече дека во случај на присуство на палестински милитанти, Синај „ќе стане база за напади против Израел. Еврејската држава ќе има право да се брани ... и ќе почне да удира на египетска територија“.

-Мирот што го постигнавме ќе ни се измолкне, рече Ал Сиси, додавајќи: „И сето тоа во име на идејата за уништување на палестинската кауза

The post Зошто Епипет не сака да прими палестински бегалци appeared first on Република.

]]>

Додека Палестинците во опколениот Појас Газа бараат засолниште од немилосрдното израелско бомбардирање како одговор на бруталниот напад на Хамас на 7 октомври, некои се прашуваат зошто соседните Египет и Јордан не ги прифаќаат. Двата израелски соседи, кои се граничат со Газа и окупираниот Западен Брег, одговорија со категорично одбивање. Во Јордан веќе има голема палестинска заедница. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси вчера во својот најостар говор досега рече дека сегашната војна не е само борба против групата Хамас, која владее со Појасот Газа, „туку тоа е и обид да се истуркаат цивилите од енклавата ... да имигрираат во Египет“. Тој предупреди дека тоа може да го наруши мирот во регионот. Јорданскиот крал Абдула Втори објави слична порака еден ден претходно, велејќи: „Нема бегалци во Јордан, нема бегалци во Египет“. Нивното одбивање се должи на загриженоста дека Израел сака да ги принуди Палестинците трајно да се преселат во нивните земји и да ги поништи палестинските барања за сопствена држава. Ал Сиси, исто така, рече дека масовниот егзодус ќе создаде ризик екстремистите да се инфилтрираат на египетскиот Синајски Полуостров, од каде што би можеле да извршат напади против Израел, загрозувајќи го мировниот договор меѓу двете земји потпишан пред речиси 40 години. Што ги мотивира позициите на Египет и Јордан? Раселувањето е главно прашање во палестинската историја. За време на војната во 1948 година поврзана со формирањето на државата Израел, речиси 700 илјади Палестинци беа протерани од своите домови или избегаа надвор од границите на денешната еврејска држава. Палестинците овие настани ги нарекуваат „Ан Накба“, што на арапски значи „Катастрофа“. За време на Шестдневната војна во 1967 година, во која Израел ги освои Западниот Брег и Појасот Газа, уште 300 илјади Палестинци беа раселени, главно во Јордан. Бегалците и нивните потомци моментално брои речиси шест милиони луѓе, од кои повеќето живеат во бегалски кампови и населби на Западниот Брег, Газа, Либан, Сирија и Јордан. Палестинската дијаспора се прошири уште подалеку, со многу бегалци кои се населиле во земјите од Заливот и на Запад. По прекинот на непријателствата во 1948 година, Израел одби да им дозволи на бегалците да се вратат во местата на потекло. Израел оттогаш ги отфрли палестинските барања за враќање на бегалците како дел од мировниот договор, велејќи дека тоа ќе го загрози еврејското мнозинство во земјата. Египет стравува дека историјата ќе се повтори и голем број палестински бегалци од Газа трајно ќе се населат во арапската држава. Овие грижи се условени од немањето јасно сценарио како ќе заврши војната. Израел вели дека има намера да го уништи Хамас за неговиот крвав напад врз јужните израелски градови. Сепак, сè уште не е јасно што би можело да се случи понатаму и кој ќе владее со Газа. Ова ја зголеми загриженоста дека еврејската држава уште еднаш ќе ја окупира енклавата за одреден период, што дополнително ќе го разгори конфликтот. Израелската армија соопшти дека Палестинците кои ја послушале нејзината наредба да се евакуираат од северна Газа на југ, ќе можат да се вратат во своите домови по завршувањето на војната. Египет не е убеден. Ас-Сиси рече дека борбите би можеле да траат со години доколку Израел почувствува дека не ги погодил милитантите доволно силно. Египетскиот претседател предложи додека траат воените операции, Израел да ги прими бегалците во својата пустина Негев, која се граничи со Појасот Газа. -Нејасноста на Израел за неговите намери во Газа и евакуацијата на населението сами по себе се проблематични, рече Рикардо Фабијани, директор на програмата за Северна Африка во независната невладина организација Меѓународна кризна група со седиште во Белгија. Оваа конфузија предизвикува загриженост во соседните земји, додаде аналитичарот. Египет се залагаше за Израел да дозволи хуманитарна помош во Газа, а еврејската држава вчера соопшти дека ќе го стори тоа, иако не прецизираше кога. Египет, кој веќе се соочува со продлабочена економска криза, веќе е домаќин на речиси девет милиони бегалци и мигранти, вклучително и околу 300 илјади Суданци кои пристигнаа оваа година бегајќи од граѓанската војна во нивната земја, според Обединетите нации. Сепак, арапските држави и многу Палестинци, исто така, се сомневаат дека Израел може да ја искористи ситуацијата за да предизвика трајни демографски промени и да ги порази палестинските барања за сопствена држава што ќе ги вклучи Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим, кој исто така беше заземен од еврејската земја во 1967 година. Ал Сиси ја повтори својата загриженост дека егзодусот од Газа „е начин да се стави крај на палестинската кауза... која е најважна од сите причини за нашиот регион“. Тој посочи дека сега нема да има војна доколку одамна се преговарало за демилитаризирана палестинска држава. -Сите историски преседани укажуваат на тоа кога Палестинците беа принудени да ги напуштат палестинските територии, не им беше дозволено да се вратат, рече високиот соработник на Фондацијата Карнеги за меѓународен мир Хишам Хелиер. Египет не сака да биде соучесник во етничкото чистење во Газа, додаде аналитичарот. Стравувањата на арапските држави беа поттикнати само од подемот на десничарските конзервативни партии под израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кои зборуваат со позитивен тон за егзодусот на Палестинците. По нападот на Хамас, нивната реторика стана поневоздржана, а некои десничарски политичари и медиумски коментатори ја повикаа армијата да ја срамни Газа со земја и да ги протера нејзините жители. Израелски пратеник рече дека Израел треба да започне „нова Накба“ во Газа. Во меѓувреме, Египет вели дека масовниот егзодус од Газа ќе го донесе Хамас или други палестински милитанти на нејзината територија. Тоа може да биде дестабилизирачко на Синајскиот Полуостров, каде што војската на Египет со години се бори против исламистичките екстремисти и дури во еден момент го обвини Хамас дека ги поддржува. Египет ја поддржува израелската блокада на Газа откако Хамас ја презеде контролата врз енклавата во 2007 година, строго контролирајќи го преминот на стоки и цивили преку границата. Каиро, исто така, ја уништи прекуграничната мрежа на тунели што Хамас и другите Палестинци ги користеа за шверц на стоки во Газа. Со оглед на тоа што Египет главно се справува со бунтовниците во Синај, „Каиро не сака да има друг безбедносен проблем за решавање во овој проблематичен регион“, рече Фабијани. Ал Сиси предупреди на уште подестабилизирачко сценарио: пропаѓање на мировниот договор меѓу Египет и Израел од 1979 година. Тој рече дека во случај на присуство на палестински милитанти, Синај „ќе стане база за напади против Израел. Еврејската држава ќе има право да се брани ... и ќе почне да удира на египетска територија“. -Мирот што го постигнавме ќе ни се измолкне, рече Ал Сиси, додавајќи: „И сето тоа во име на идејата за уништување на палестинската кауза

The post Зошто Епипет не сака да прими палестински бегалци appeared first on Република.

]]>
Египет ќе ја отвори границата за 20 камиони со хуманитарна помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-ke-ja-otvori-granitsata-za-20-kamioni-so-humanitarna-pomosh/ Thu, 19 Oct 2023 07:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=692666

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафах за 20 камиони со хуманитарна помош за Појасот Газа, потврди американскиот претседател Џо Бајден.

Ал Сиси и Бајден постигнаа договор за отворање на граничниот премин поради влошувањето на хуманитарната криза во Појасот Газа и бројните антиизраелски протести низ Блискиот Исток.

Бајден не прецизираше кога ќе се отвори границата, но портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, наведе дека тоа ќе се случи кога ќе се поправи патот уништен од израелските напади.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и американскиот претседател Џо Бајден се договорија за одржлива испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа преку терминалот Рафах, изјави портпаролот на Сиси, Ахмед Фахми, без да се прецизира датум.

Египет соопшти дека преминот Рафах, витална артерија пред борбите и сега важен пат за очајно потребните резерви, не бил официјално затворен, туку било оневозможено функционирање поради израелските воздушни напади врз Газа.

Израелски медиуми објавија дека отворањето се очекува утре. Египет мора прво да го поправи патот преку границата, што беше уништен од израелските воздушни напади. Повеќе од 200 камиони и околу 3.000 тони помош чекаат на или во близина на преминот Рафах, единствената врска на Појасот Газа со Египет.

За време на посетата на Бајден на Израел, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ќе дозволи увоз на храна, вода и лекови во јужниот дел на Појасот Газа преку Египет.

The post Египет ќе ја отвори границата за 20 камиони со хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафах за 20 камиони со хуманитарна помош за Појасот Газа, потврди американскиот претседател Џо Бајден. Ал Сиси и Бајден постигнаа договор за отворање на граничниот премин поради влошувањето на хуманитарната криза во Појасот Газа и бројните антиизраелски протести низ Блискиот Исток. Бајден не прецизираше кога ќе се отвори границата, но портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, наведе дека тоа ќе се случи кога ќе се поправи патот уништен од израелските напади. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и американскиот претседател Џо Бајден се договорија за одржлива испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа преку терминалот Рафах, изјави портпаролот на Сиси, Ахмед Фахми, без да се прецизира датум. Египет соопшти дека преминот Рафах, витална артерија пред борбите и сега важен пат за очајно потребните резерви, не бил официјално затворен, туку било оневозможено функционирање поради израелските воздушни напади врз Газа. Израелски медиуми објавија дека отворањето се очекува утре. Египет мора прво да го поправи патот преку границата, што беше уништен од израелските воздушни напади. Повеќе од 200 камиони и околу 3.000 тони помош чекаат на или во близина на преминот Рафах, единствената врска на Појасот Газа со Египет. За време на посетата на Бајден на Израел, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ќе дозволи увоз на храна, вода и лекови во јужниот дел на Појасот Газа преку Египет.

The post Египет ќе ја отвори границата за 20 камиони со хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>
Египет го обвинува Израел дека не го отвори граничниот премин Рафах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-go-obvinuva-izrael-deka-ne-go-otvori-granichniot-premin-rafah/ Mon, 16 Oct 2023 10:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=691654

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри денеска изјави дека израелската влада допрва треба да заземе став што дозволува отворање на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа.

Тој нагласи дека Египет има за цел да го задржи преминот отворен.

Утринава има одредено движење на камиони со гориво под знамето на ОН на границата, но преминот меѓу Египет и Газа остана затворен.

На преминот се уште се собрани голем број луѓе и семејства, за кои се смета дека се лица со двојно државјанство.

The post Египет го обвинува Израел дека не го отвори граничниот премин Рафах appeared first on Република.

]]>

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри денеска изјави дека израелската влада допрва треба да заземе став што дозволува отворање на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа. Тој нагласи дека Египет има за цел да го задржи преминот отворен. Утринава има одредено движење на камиони со гориво под знамето на ОН на границата, но преминот меѓу Египет и Газа остана затворен. На преминот се уште се собрани голем број луѓе и семејства, за кои се смета дека се лица со двојно државјанство.

The post Египет го обвинува Израел дека не го отвори граничниот премин Рафах appeared first on Република.

]]>
Дали бегалците од Газа ќе заминат во Египет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dali-begaltsite-od-gaza-ke-zaminat-vo-egipet/ Fri, 13 Oct 2023 16:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=691015

Денешниот повик на Израел за евакуација на половината од населението на Појасот Газа кон јужниот дел од палестинската енклава ги зголеми стравувањата на Египет од масовен прилив на бегалци преку границата, која е обезбедена од илјадници египетски безбедносни сили.

Откако саботниот напад на палестинската екстремистичка група Хамас предизвика силна израелска одмазда во Газа, египетското раководство френетично се обидува да преговара за влез на хуманитарна помош од Египет на палестинската територија, делумно со надеж дека ќе спречи егзодус на Палестинците на Синајски полуостров.

Египетските власти велат дека Израел не одговорил на нивните напори.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се очекува да го посети Каиро за време на викендот, а египетските власти се очекува да разговараат со него за влезот на хуманитарна помош од Египет во Газа преку преминот Рафа.

Израел го блокираше Појасот Газа, запирајќи го влезот на храна, вода, лекови и гориво за 2,3 милиони Палестинци на територијата, која истовремено силно ја бомбардираше од саботата.

Како резултат на тоа, преминот Рафа остана единствениот можен начин за влез во Газа, но тој вчера беше затворен од египетските власти поради континуираните израелски воздушни напади на палестинската страна на преминот. Камиони со хуманитарна помош останаа на египетската страна на преминот.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси вчера повика на пристап до Газа преку преминот Рафа, но ја отфрли можноста да се дозволи голем број Палестинци да влезат во Египет, наведувајќи дека „важно е палестинскиот народ да преживее на својата земја“ и укажа дека во Египет веќе има околу девет милиони бегалци.

Бројот на бегалци во Египет годинава се зголеми бидејќи 300.000 Суданци влегоа во земјата, бегајќи од војната во својата земја

The post Дали бегалците од Газа ќе заминат во Египет appeared first on Република.

]]>

Денешниот повик на Израел за евакуација на половината од населението на Појасот Газа кон јужниот дел од палестинската енклава ги зголеми стравувањата на Египет од масовен прилив на бегалци преку границата, која е обезбедена од илјадници египетски безбедносни сили. Откако саботниот напад на палестинската екстремистичка група Хамас предизвика силна израелска одмазда во Газа, египетското раководство френетично се обидува да преговара за влез на хуманитарна помош од Египет на палестинската територија, делумно со надеж дека ќе спречи егзодус на Палестинците на Синајски полуостров. Египетските власти велат дека Израел не одговорил на нивните напори. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се очекува да го посети Каиро за време на викендот, а египетските власти се очекува да разговараат со него за влезот на хуманитарна помош од Египет во Газа преку преминот Рафа. Израел го блокираше Појасот Газа, запирајќи го влезот на храна, вода, лекови и гориво за 2,3 милиони Палестинци на територијата, која истовремено силно ја бомбардираше од саботата. Како резултат на тоа, преминот Рафа остана единствениот можен начин за влез во Газа, но тој вчера беше затворен од египетските власти поради континуираните израелски воздушни напади на палестинската страна на преминот. Камиони со хуманитарна помош останаа на египетската страна на преминот. Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси вчера повика на пристап до Газа преку преминот Рафа, но ја отфрли можноста да се дозволи голем број Палестинци да влезат во Египет, наведувајќи дека „важно е палестинскиот народ да преживее на својата земја“ и укажа дека во Египет веќе има околу девет милиони бегалци. Бројот на бегалци во Египет годинава се зголеми бидејќи 300.000 Суданци влегоа во земјата, бегајќи од војната во својата земја

The post Дали бегалците од Газа ќе заминат во Египет appeared first on Република.

]]>
Полицаец уби израелски туристи во Египет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politsaets-ubi-izraelski-turisti-vo-egipet/ Sun, 08 Oct 2023 11:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=689186

Двајца израелски туристи се убиени кога полицаец отворил оган врз туристичка група во Александрија, според египетски безбедносни извори.
Полицаец кој е полициски секретар одговорен за безбедноста на туристичките области, наводно пукал од своето лично оружје кон групата во областа Маншеја во Александрија.

Министерството за надворешни работи соопшти дека ги истражува информациите дека вооружен маж отворил оган врз автобус со израелски туристи во египетскиот пристанишен град Александрија.

RT Arabic вели дека двајца Израелци биле убиени од египетскиот полицаец, додека Walla News вели дека добила вест за еден убиен и еден ранет Израелец.

Нападот се случи еден ден по почетокот на големиот конфликт меѓу Хамас и Израел во кој беа убиени стотици лица.

The post Полицаец уби израелски туристи во Египет appeared first on Република.

]]>

Двајца израелски туристи се убиени кога полицаец отворил оган врз туристичка група во Александрија, според египетски безбедносни извори. Полицаец кој е полициски секретар одговорен за безбедноста на туристичките области, наводно пукал од своето лично оружје кон групата во областа Маншеја во Александрија. Министерството за надворешни работи соопшти дека ги истражува информациите дека вооружен маж отворил оган врз автобус со израелски туристи во египетскиот пристанишен град Александрија. RT Arabic вели дека двајца Израелци биле убиени од египетскиот полицаец, додека Walla News вели дека добила вест за еден убиен и еден ранет Израелец. Нападот се случи еден ден по почетокот на големиот конфликт меѓу Хамас и Израел во кој беа убиени стотици лица.

The post Полицаец уби израелски туристи во Египет appeared first on Република.

]]>