егилс левиц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/egils-levic/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Apr 2022 18:14:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png егилс левиц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/egils-levic/ 32 32 Османи – Левиц: Почнувањето на преговорите со ЕУ од витално значење за Македонија и за Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-levic-pochnuvanjeto-na-pregovorite-so-eu-od-vitalno-znachenje-za-makedonija-i-za-evropa/ Wed, 20 Apr 2022 18:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=491374

Членството на двете држави во НАТО и, поврзано со него, придонесот за безбедноста и стабилноста на европскиот континент е од огромна важност, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот официјален фејсбук по средбата со претседателот на Летонија Егилс Левиц, кој денеска пристигна во официјална посета на земјава.

Османи, кој на скопскиот аеродром го пречека Левиц, наведува дека во фокусот на нивите разговори биле актуелните политичко-безбедносни предизвици, како последица на руската инвазија на Украина.

Како балтичка земја со изострена диоптрија за геополитичките ризици, Летонија останува наш доследен поддржувач на патот кон ЕУ, со став дека отпочнувањето пристапни преговори со ЕУ е од витално значење како за нашата држава, така и за Европа, напиша Османи.

Наша намера е, додава шефот на дипломатијата, да пристапиме кон Иницијативата на трите мориња, чијшто актуелен претседавач е Летонија, а во која членуваат дванаесет држави членки на ЕУ меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското море, меѓу нив и држави без излез на море, како што е Македонија.

Предвидено е летонскиот претседател Егилс Левиц, во рамки на официјалната посета, утре да има средба со својот домаќин претседателот на С Македонија Стево Пендаровски.

The post Османи – Левиц: Почнувањето на преговорите со ЕУ од витално значење за Македонија и за Европа appeared first on Република.

]]>

Членството на двете држави во НАТО и, поврзано со него, придонесот за безбедноста и стабилноста на европскиот континент е од огромна важност, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот официјален фејсбук по средбата со претседателот на Летонија Егилс Левиц, кој денеска пристигна во официјална посета на земјава. Османи, кој на скопскиот аеродром го пречека Левиц, наведува дека во фокусот на нивите разговори биле актуелните политичко-безбедносни предизвици, како последица на руската инвазија на Украина.
Како балтичка земја со изострена диоптрија за геополитичките ризици, Летонија останува наш доследен поддржувач на патот кон ЕУ, со став дека отпочнувањето пристапни преговори со ЕУ е од витално значење како за нашата држава, така и за Европа, напиша Османи.
Наша намера е, додава шефот на дипломатијата, да пристапиме кон Иницијативата на трите мориња, чијшто актуелен претседавач е Летонија, а во која членуваат дванаесет држави членки на ЕУ меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското море, меѓу нив и држави без излез на море, како што е Македонија. Предвидено е летонскиот претседател Егилс Левиц, во рамки на официјалната посета, утре да има средба со својот домаќин претседателот на С Македонија Стево Пендаровски.

The post Османи – Левиц: Почнувањето на преговорите со ЕУ од витално значење за Македонија и за Европа appeared first on Република.

]]>