ефтимиј велики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eftimij-veliki/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 08:11:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ефтимиј велики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eftimij-veliki/ 32 32 Денеска е Преподобен Ефтимиј Велики https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-prepodoben-eftimij-veliki/ Fri, 02 Feb 2024 08:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=739591

Свети Ефтимиј потекнуваше од ерменскиот град Мелитин. Се роди во 377 година. Како син измолен од Бога од родители кои долго време немале деца, тој уште од детството му беше посветен на Бога. Подоцна, за време на едно поклоничко патување во Ерусалим, реши да го земе на себе монашкиот подвиг и се насели во Фаранската лавра.

Животот го исполни со подвизи и богомислие и достигна толкава духовна висина, што не можеше да се скрие од луѓето. Зашто, како што рече Христос: може ли да се скрие град на врвот од планината?

Се упокои во 473 година со овие зборови на усните: Пред се имајте љубов меѓу себе си, зашто љубовта за добродетелта е тоа што е солта за храната.

 

The post Денеска е Преподобен Ефтимиј Велики appeared first on Република.

]]>

Свети Ефтимиј потекнуваше од ерменскиот град Мелитин. Се роди во 377 година. Како син измолен од Бога од родители кои долго време немале деца, тој уште од детството му беше посветен на Бога. Подоцна, за време на едно поклоничко патување во Ерусалим, реши да го земе на себе монашкиот подвиг и се насели во Фаранската лавра. Животот го исполни со подвизи и богомислие и достигна толкава духовна висина, што не можеше да се скрие од луѓето. Зашто, како што рече Христос: може ли да се скрие град на врвот од планината? Се упокои во 473 година со овие зборови на усните: Пред се имајте љубов меѓу себе си, зашто љубовта за добродетелта е тоа што е солта за храната.  

The post Денеска е Преподобен Ефтимиј Велики appeared first on Република.

]]>
Се честува Ефтимиј Велики, голем грев е денес да го правите ова https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/se-chestuva-eftimij-veliki-golem-grev-e-denes-da-go-pravite-ova/ Wed, 02 Feb 2022 08:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=452737

Православната црква и верниците денеска го слават празникот на Преподобниот Ефтимиј Велики, голем светител кој уште за време на животот го почитувале и нарекувале син на светлоста.

Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, остана во пустината меѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со молитва, внатрешно богомислие, созерцание и телесен подвиг. Околу него се собраа многубројни ученици, од кои некои станаа славни светители: Киријак Отшелник, Сава Осветен, Теоктист и др. По Божји дар беше голем чудотворец: изгонуваше дем они, лечеше од тешки болести, изведе вода во пустината, умножи леб, пророкуваше.

Монасите ги учеше на трудољубие, велејќи: „Ако го јадете својот леб без труд, значи дека јадете туѓ труд“. Кога некои помлади браќа сакаа да постат повеќе од другите, тој им забрани да доаѓаат на општата трпеза за да не се погордеат заради својот поголем пост. Уште говореше дека за монахот не е добро да преминува од место на место, зашто: „Дрвото кое често се пресадува не носи плодови“. Секој што сака да прави добро може да го прави на местото каде што се наоѓа. За љубовта велеше: „Тоа што е солта за лебот, тоа е љубовта за другите добродетели“. Во првата недела од Чесниот Пост се оддалечуваше во пустина и таму остануваше во молчание и богомислие до пред Велигден.

Поради животот кој го посветил на други и учењето за тоа дека човек мора да пружи помош, дури и на непознати, Преподобниот Ефтимиј и денеска се смета за заштитник на слабите и несреќни луѓе.

Се смета дека е голем грев на ден да се избрака просјак од прагот или да се одбие да се помогне на некој кој бара помош. Ако тоа го направите, народот верува дека ќе се навреди Ефтимиј, а потоа животот ќе ви помине без негов благослов и ништо нема да ви оди од рака.

The post Се честува Ефтимиј Велики, голем грев е денес да го правите ова appeared first on Република.

]]>

Православната црква и верниците денеска го слават празникот на Преподобниот Ефтимиј Велики, голем светител кој уште за време на животот го почитувале и нарекувале син на светлоста. Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, остана во пустината меѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со молитва, внатрешно богомислие, созерцание и телесен подвиг. Околу него се собраа многубројни ученици, од кои некои станаа славни светители: Киријак Отшелник, Сава Осветен, Теоктист и др. По Божји дар беше голем чудотворец: изгонуваше дем они, лечеше од тешки болести, изведе вода во пустината, умножи леб, пророкуваше. Монасите ги учеше на трудољубие, велејќи: „Ако го јадете својот леб без труд, значи дека јадете туѓ труд“. Кога некои помлади браќа сакаа да постат повеќе од другите, тој им забрани да доаѓаат на општата трпеза за да не се погордеат заради својот поголем пост. Уште говореше дека за монахот не е добро да преминува од место на место, зашто: „Дрвото кое често се пресадува не носи плодови“. Секој што сака да прави добро може да го прави на местото каде што се наоѓа. За љубовта велеше: „Тоа што е солта за лебот, тоа е љубовта за другите добродетели“. Во првата недела од Чесниот Пост се оддалечуваше во пустина и таму остануваше во молчание и богомислие до пред Велигден. Поради животот кој го посветил на други и учењето за тоа дека човек мора да пружи помош, дури и на непознати, Преподобниот Ефтимиј и денеска се смета за заштитник на слабите и несреќни луѓе. Се смета дека е голем грев на ден да се избрака просјак од прагот или да се одбие да се помогне на некој кој бара помош. Ако тоа го направите, народот верува дека ќе се навреди Ефтимиј, а потоа животот ќе ви помине без негов благослов и ништо нема да ви оди од рака.

The post Се честува Ефтимиј Велики, голем грев е денес да го правите ова appeared first on Република.

]]>