„Ефтеркланг: Македониум бенд” Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/efterklang-makedonium-bend/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jul 2024 08:25:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Ефтеркланг: Македониум бенд” Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/efterklang-makedonium-bend/ 32 32 Се чувствуваме како да се вративме дома, рекоа Данците од групата „Ефтеркланг“ на отворањето на „Синедејс 2024“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/se-chuvstvuvame-kako-da-se-vrativme-doma-rekoa-dantsite-od-grupata-efterklang-na-otvoraneto-na-sinedejs-2024/ Fri, 12 Jul 2024 08:06:17 +0000 https://republika.mk/?p=795990

Драго ми е што сме тука повторно, се чувстуваме како да се вративме дома, рекоа синоќа Данците од бендот „Ефтеркланг“ на концертот кој следеше по прикажување на музичко-документарниот филм „Ефтеркланг-Македониум бенд“ со кој синоќа се отвори 23. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ).

Музичкиот документарец „Ефтеркланг-Македониум бенд“ на Андреас Јонсен го следи патешествието на Ефтеркланг во Скопје, со цел да состават нов бенд, кој би извел перформанс пред споменикот на слободата, „Македониум“ во Крушево. Групата ја сочинуваат тројца музичари - Мадс Брауер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг кои во април доаѓаат во Скопје, во МКЦ и на оглас ги наоѓаат останатите музичари со кои ќе одржат концертот пред „Македониум“. Во бендот се уште и пејачката Дина Јашари, пијанистката и поетеса Ива Дамјановски, тапанарката Мартина Баракоска, гитаристот Јане Трајковски, Женскиот младински хор при МКЦ со диригентот Сашо Татарчевски, музичарот на народни инструменти Стефче Стојковски и скулпторот и музичар Дејан Спасовиќ. Овој голем тим го организира продуцентот од МКЦ Владица Младеновски-Грга.

По завршување на документарецот бендот одржа концерт во паркот зад МКЦ во истиот состав кој го видовме во филмот. Публиката која присустуваше на проекцијата понесена од еуфоријата на концертот и убавата енергија, на крајот се фати на оро.

Ова беше неверојатно искуство, да твориш со комплетни странци, а на крајот да се чувствуваш како да сте најблиски пријатели. Мислам дека секој треба да направи такво нешто бар еднаш во животот“, рече на концертот пејачот Каспер Клаусен.

Светска премиера „Eфтеркланг: Македониум бенд” имаше во март 2024 на фестивалот „CPH“ во Копенхаген, Данска. Филмот на фестивалот имаше две проекции, по што следеа и два настапи на бендот кој и таму, како и во Скопје ја крена публиката на нозе.

https://republika.mk/scena/film/mkts-go-osvoi-kopenhagen-so-svetskata-premiera-na-filmot-efterklang-makedonium-bend-vo-rezhija-na-andreas-jonsen/

 

 

The post Се чувствуваме како да се вративме дома, рекоа Данците од групата „Ефтеркланг“ на отворањето на „Синедејс 2024“ appeared first on Република.

]]>

Драго ми е што сме тука повторно, се чувстуваме како да се вративме дома, рекоа синоќа Данците од бендот „Ефтеркланг“ на концертот кој следеше по прикажување на музичко-документарниот филм „Ефтеркланг-Македониум бенд“ со кој синоќа се отвори 23. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ). Музичкиот документарец „Ефтеркланг-Македониум бенд“ на Андреас Јонсен го следи патешествието на Ефтеркланг во Скопје, со цел да состават нов бенд, кој би извел перформанс пред споменикот на слободата, „Македониум“ во Крушево. Групата ја сочинуваат тројца музичари - Мадс Брауер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг кои во април доаѓаат во Скопје, во МКЦ и на оглас ги наоѓаат останатите музичари со кои ќе одржат концертот пред „Македониум“. Во бендот се уште и пејачката Дина Јашари, пијанистката и поетеса Ива Дамјановски, тапанарката Мартина Баракоска, гитаристот Јане Трајковски, Женскиот младински хор при МКЦ со диригентот Сашо Татарчевски, музичарот на народни инструменти Стефче Стојковски и скулпторот и музичар Дејан Спасовиќ. Овој голем тим го организира продуцентот од МКЦ Владица Младеновски-Грга. По завршување на документарецот бендот одржа концерт во паркот зад МКЦ во истиот состав кој го видовме во филмот. Публиката која присустуваше на проекцијата понесена од еуфоријата на концертот и убавата енергија, на крајот се фати на оро.
Ова беше неверојатно искуство, да твориш со комплетни странци, а на крајот да се чувствуваш како да сте најблиски пријатели. Мислам дека секој треба да направи такво нешто бар еднаш во животот“, рече на концертот пејачот Каспер Клаусен.
Светска премиера „Eфтеркланг: Македониум бенд” имаше во март 2024 на фестивалот „CPH“ во Копенхаген, Данска. Филмот на фестивалот имаше две проекции, по што следеа и два настапи на бендот кој и таму, како и во Скопје ја крена публиката на нозе. https://republika.mk/scena/film/mkts-go-osvoi-kopenhagen-so-svetskata-premiera-na-filmot-efterklang-makedonium-bend-vo-rezhija-na-andreas-jonsen/    

The post Се чувствуваме како да се вративме дома, рекоа Данците од групата „Ефтеркланг“ на отворањето на „Синедејс 2024“ appeared first on Република.

]]>
„Ефтеркланг: Македониум бенд“ го отвора вечерва „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/efterklang-makedonium-bend-go-otvora-vecherva-sinedejs/ Thu, 11 Jul 2024 07:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=795650

Под годинешниот слоган „Како е? Викај ура“, денеска започнува 23. издание на меѓународниот фестивал на европски филм „CINEDAYS“, каде ќе бидат прикажани повеќе од 40 филмски наслови. Филмските вечери ќе се одржат во периодот од 11 до 17 јули, во паркот зад Младинскиот културен центар, во киното Фросина, како и летното кино на отворено во Кинотека.

Како што е наведено во соопштението од Младинскиот културен центар, натпреварувачката програма е селекција на Бернд Будер и се состои од македонски и интернационални филмови и копродукции кои се дел од Официјалната селекција, Гала програмата, SEE програма, МК Shorts (кратки филмови), Ретроспектива на филмови посветена на легендарниот југословенски режисер Вељко Булајиќ како и кратки филмови од култниот европски автор Вим Вендерс.

Во ГАЛА програмата, „CINEDAYS“ ги носи наградените филмски остварувања од овогодинешниот филмски фестивал од Кан, како што се филмовите на Кроненберг, Вуди Ален, Корали Фержо со Деми Мур во главна улога, последниот филм на иранскиот режисер Расулоф, потоа Оноре, Жанг Жи, Хазанавициус, Полански.

Од МКЦ велат „CINEDAYS“ е единствениот фестивал во Европа кој ја има таа привилегија да ги прикаже овие наслови директно по нивната премиера во Кан.

Овогодинешниот „CINEDAYS“ ќе го отвори македонскo-данската соработка на бендовите Ефтеркланг и Македониум бенд, кои својата концертна премиера ја имаа пред споменикот Македониум во Крушево во април минатата година, додека филмската премиера на фестивалот „CPH-DOX“ во Копенхаген на 23 март 2024 година.

Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Во тој процес на регрутација на членови за новиот мета состав наречен „Ефтеркланг : Македониум бенд”, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски - Грга, кој е нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент, преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект, се вели во дописот од МКЦ.

Додаваат дека во придружната програма ќе се реализира меѓународниот проект „LIVING MUSIC“, под водство на професката Дарија Андовска, во која студенти или тукушто дипломирани режисери и композитори од Европа работат заедно во резиденцијален проект за време на фестивалот и создаваат филмска музика која ќе ја изведат во живо.

Музичката програма на фестивалот под наслов „CINEmusic“ и оваа година носи изненадувања. Покрај свеченото отворање на фестивалот со ГАЛА концертот на „Efterklang: Makedonium band”, свој настап ќе имаат и регионалниот експериментален панк бенд „Turbo Trans Turisti“, скопскиот инди состав „СИЗ“ како и психоделичното музичко дуо „Cyril-Cyril“ од Швајцарија, стои во соопштението на МКЦ.

Билетите за фестивалот „CINEDAYS“ ќе бидат по цена од 250 денари на билетарниците на МКЦ и Кинотека, како и на линкот за онлајн продажба на билети на МКЦ, bileti.mkc.mk.

Фестивалот е финансиски поддржан од Град Скопје, Делегацијата на ЕУ преку програмата „EU Film Festivals”, Агенцијата за филм во партнерство со Публицис и Кинотеката на Република Македонија.

The post „Ефтеркланг: Македониум бенд“ го отвора вечерва „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Под годинешниот слоган „Како е? Викај ура“, денеска започнува 23. издание на меѓународниот фестивал на европски филм „CINEDAYS“, каде ќе бидат прикажани повеќе од 40 филмски наслови. Филмските вечери ќе се одржат во периодот од 11 до 17 јули, во паркот зад Младинскиот културен центар, во киното Фросина, како и летното кино на отворено во Кинотека. Како што е наведено во соопштението од Младинскиот културен центар, натпреварувачката програма е селекција на Бернд Будер и се состои од македонски и интернационални филмови и копродукции кои се дел од Официјалната селекција, Гала програмата, SEE програма, МК Shorts (кратки филмови), Ретроспектива на филмови посветена на легендарниот југословенски режисер Вељко Булајиќ како и кратки филмови од култниот европски автор Вим Вендерс. Во ГАЛА програмата, „CINEDAYS“ ги носи наградените филмски остварувања од овогодинешниот филмски фестивал од Кан, како што се филмовите на Кроненберг, Вуди Ален, Корали Фержо со Деми Мур во главна улога, последниот филм на иранскиот режисер Расулоф, потоа Оноре, Жанг Жи, Хазанавициус, Полански. Од МКЦ велат „CINEDAYS“ е единствениот фестивал во Европа кој ја има таа привилегија да ги прикаже овие наслови директно по нивната премиера во Кан. Овогодинешниот „CINEDAYS“ ќе го отвори македонскo-данската соработка на бендовите Ефтеркланг и Македониум бенд, кои својата концертна премиера ја имаа пред споменикот Македониум во Крушево во април минатата година, додека филмската премиера на фестивалот „CPH-DOX“ во Копенхаген на 23 март 2024 година.
Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Во тој процес на регрутација на членови за новиот мета состав наречен „Ефтеркланг : Македониум бенд”, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски - Грга, кој е нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент, преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект, се вели во дописот од МКЦ.
Додаваат дека во придружната програма ќе се реализира меѓународниот проект „LIVING MUSIC“, под водство на професката Дарија Андовска, во која студенти или тукушто дипломирани режисери и композитори од Европа работат заедно во резиденцијален проект за време на фестивалот и создаваат филмска музика која ќе ја изведат во живо.
Музичката програма на фестивалот под наслов „CINEmusic“ и оваа година носи изненадувања. Покрај свеченото отворање на фестивалот со ГАЛА концертот на „Efterklang: Makedonium band”, свој настап ќе имаат и регионалниот експериментален панк бенд „Turbo Trans Turisti“, скопскиот инди состав „СИЗ“ како и психоделичното музичко дуо „Cyril-Cyril“ од Швајцарија, стои во соопштението на МКЦ.
Билетите за фестивалот „CINEDAYS“ ќе бидат по цена од 250 денари на билетарниците на МКЦ и Кинотека, како и на линкот за онлајн продажба на билети на МКЦ, bileti.mkc.mk. Фестивалот е финансиски поддржан од Град Скопје, Делегацијата на ЕУ преку програмата „EU Film Festivals”, Агенцијата за филм во партнерство со Публицис и Кинотеката на Република Македонија.

The post „Ефтеркланг: Македониум бенд“ го отвора вечерва „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Овации и бис на премиерата на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ovatsii-i-bis-na-premierata-na-muzichkiot-dokumentaren-film-efterklang-makedonium-bend-vo-kopenhagen/ Wed, 27 Mar 2024 08:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=759132

На 23 март 2024 во рамките на фестивалот CPH:DOX во Копенхаген, Данска се одржа светската премиера на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во режија на Андреас Јонсен, а прикажан во специјалната програма „Sound & Vision”.

Премиерата беше во концертната сала 2 на градиозниот објект DB Koncerthuset во срцето на Данска. Присустуваа повеќе од илјада гледачи на двете распродадени проекции, каде по истите следеа и двата настапи на музичкиот состав чиј наслов го носи и самиот филм. „Eфтеркланг: Македониум бенд” е прв филм во продукција на МКЦ Скопје, задно со Rumraket и Rosfort од Данска, како македонско - данска ко-продукција, соооштија од МКЦ.

Ефтеркланг: Македониум бенд е всушност мета музички бенд, составен од данскиот ансамбл Ефтеркланг, кои во нивната непрекината 20 годишна кариера, експерименталната музичка инспирација ја црпат од сите страни на светот. Од македонска страна, во составот се вбројуваат музичарите Дина Јашари, Ива Дамјановски, Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Мартина Баракоска, Јане Трајковски и Женскиот младински хор при МКЦ, секој како посебен, уникатен дел во прекрасниот музички калеидоскоп од 22 изведувачи на бина.

Оваа плејада на неверојатни уметници, на двата последователни концерти, изнудија овации од присутната публика која по вториот концерт и побараниот бис, се крена на нозе и развиори македонско оро кое продолжи и вон концертната просторија.

Оваа неверојатна ноќ, исполнета со невидени емоции која сите не донесе до солзи, делумно од тага, но и од неверојатна среќа и радост не потсети дека сите, на уметничко ниво, не врзуваат исти емоции. Убавата музика создадена од вистински поврзани уметнички души не ежи сите на ист начин секаде во светот, не тера да веруваме во поубаво утре и да создаваме подобар свет. Самите песни кои беа изведени се универзални пораки за неверојатната моќ на љубовта, на заедништвото, на храброста да се биде жив како и на потребата за убавина. Никогаш нема да го заборавиме, она што ни се случи таа вечер во Копенхаген. Триумф на универзалната љубов. Особено ми е драго што овој филм, е прв вистински документарен филм во продукција на МКЦ Скопје, што не прави сите особено горди“ - вели Владица Младеновски, музичкиот уредник во МКЦ и воедно еден од главните ликови во филмот.

Музичките настапи на 22 члениот музички состав на „Eфтеркланг: Македониум бенд” беа доказ дека Македонија е земја на вечна музичка инспирација, која се преведува на најубавиот можен јазик на светот, јазикот на срца кои бијат во ист такт.

За сега, филмот “Eфтеркланг: Македониум бенд” има закажни 18 проекции низ територијата на Данска, како и своја премиера на фестивалот “Milenium Docs Gravity” во Варшава, додека во Македонија, својата домашна премиера ќе ја има на отворањето на 23.издание на фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС во Скопје, на 11 јули 2024 година во МКЦ, со концерт на целокупниот ансамбл.

Филмот беше снимен во април 2023 година, каде дел од активностите врзани со неговата реализација беа финансирани од страна на Министерството за култура.

Фото: Младински културен центар

The post Овации и бис на премиерата на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген appeared first on Република.

]]>

На 23 март 2024 во рамките на фестивалот CPH:DOX во Копенхаген, Данска се одржа светската премиера на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во режија на Андреас Јонсен, а прикажан во специјалната програма „Sound & Vision”.
Премиерата беше во концертната сала 2 на градиозниот објект DB Koncerthuset во срцето на Данска. Присустуваа повеќе од илјада гледачи на двете распродадени проекции, каде по истите следеа и двата настапи на музичкиот состав чиј наслов го носи и самиот филм. „Eфтеркланг: Македониум бенд” е прв филм во продукција на МКЦ Скопје, задно со Rumraket и Rosfort од Данска, како македонско - данска ко-продукција, соооштија од МКЦ.
Ефтеркланг: Македониум бенд е всушност мета музички бенд, составен од данскиот ансамбл Ефтеркланг, кои во нивната непрекината 20 годишна кариера, експерименталната музичка инспирација ја црпат од сите страни на светот. Од македонска страна, во составот се вбројуваат музичарите Дина Јашари, Ива Дамјановски, Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Мартина Баракоска, Јане Трајковски и Женскиот младински хор при МКЦ, секој како посебен, уникатен дел во прекрасниот музички калеидоскоп од 22 изведувачи на бина. Оваа плејада на неверојатни уметници, на двата последователни концерти, изнудија овации од присутната публика која по вториот концерт и побараниот бис, се крена на нозе и развиори македонско оро кое продолжи и вон концертната просторија.
Оваа неверојатна ноќ, исполнета со невидени емоции која сите не донесе до солзи, делумно од тага, но и од неверојатна среќа и радост не потсети дека сите, на уметничко ниво, не врзуваат исти емоции. Убавата музика создадена од вистински поврзани уметнички души не ежи сите на ист начин секаде во светот, не тера да веруваме во поубаво утре и да создаваме подобар свет. Самите песни кои беа изведени се универзални пораки за неверојатната моќ на љубовта, на заедништвото, на храброста да се биде жив како и на потребата за убавина. Никогаш нема да го заборавиме, она што ни се случи таа вечер во Копенхаген. Триумф на универзалната љубов. Особено ми е драго што овој филм, е прв вистински документарен филм во продукција на МКЦ Скопје, што не прави сите особено горди“ - вели Владица Младеновски, музичкиот уредник во МКЦ и воедно еден од главните ликови во филмот.
Музичките настапи на 22 члениот музички состав на „Eфтеркланг: Македониум бенд” беа доказ дека Македонија е земја на вечна музичка инспирација, која се преведува на најубавиот можен јазик на светот, јазикот на срца кои бијат во ист такт. За сега, филмот “Eфтеркланг: Македониум бенд” има закажни 18 проекции низ територијата на Данска, како и своја премиера на фестивалот “Milenium Docs Gravity” во Варшава, додека во Македонија, својата домашна премиера ќе ја има на отворањето на 23.издание на фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС во Скопје, на 11 јули 2024 година во МКЦ, со концерт на целокупниот ансамбл. Филмот беше снимен во април 2023 година, каде дел од активностите врзани со неговата реализација беа финансирани од страна на Министерството за култура. Фото: Младински културен центар

The post Овации и бис на премиерата на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ на фестивал во Копенхаген https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-filmot-efterklang-makedonium-bend-na-festival-vo-kopenhagen/ Sat, 23 Mar 2024 09:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=757702

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - Светска премиера на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX“ во Копенхаген, Данска денеска ќе има филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на Младински културен центар (МКЦ), Rosforth и Rumraket.

Премиерата на филмот ќе биде проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, ќе бидат отсвирени најпознатите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам.

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.

Филмот ја заокружува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ нашата земја. Во тој процес на регртурација на членови за новиот супер состав наречен „Ефтеркланг: Македониум бенд“, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски Грга, нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

-Неверојатно сме возбудени за приликата да ете, се испробаме и во филмот. МКЦ стои гордо како продуцент на овој музички документарен запис, чија идеја потекна токму од тука, од еден од настапите на Ефтеркланг на музичкиот фестивал Здраво Млади. Инспирацијата од Крушево, од монументалноста на споменикот „Македониум“ кој покрај државотворниот симболизам, буди и чувства на уметничка независност и израз беше токму вистинската линија за нарација на целиот филм. Веста дека премиерата на филмот ќе се случи на „CPH:DOX“ беше огромно изненадување, изјави Владица Младеновски од МКЦ.

Реализацијата на филмот е поддржана од Министерството за култура со 250.000 денари, како и од Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe“ програмата на Европска Унија.

 

The post Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ на фестивал во Копенхаген appeared first on Република.

]]>

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - Светска премиера на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX“ во Копенхаген, Данска денеска ќе има филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на Младински културен центар (МКЦ), Rosforth и Rumraket. Премиерата на филмот ќе биде проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, ќе бидат отсвирени најпознатите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност. Филмот ја заокружува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ нашата земја. Во тој процес на регртурација на членови за новиот супер состав наречен „Ефтеркланг: Македониум бенд“, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски Грга, нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект. Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски. -Неверојатно сме возбудени за приликата да ете, се испробаме и во филмот. МКЦ стои гордо како продуцент на овој музички документарен запис, чија идеја потекна токму од тука, од еден од настапите на Ефтеркланг на музичкиот фестивал Здраво Млади. Инспирацијата од Крушево, од монументалноста на споменикот „Македониум“ кој покрај државотворниот симболизам, буди и чувства на уметничка независност и израз беше токму вистинската линија за нарација на целиот филм. Веста дека премиерата на филмот ќе се случи на „CPH:DOX“ беше огромно изненадување, изјави Владица Младеновски од МКЦ. Реализацијата на филмот е поддржана од Министерството за култура со 250.000 денари, како и од Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe“ програмата на Европска Унија.  

The post Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ на фестивал во Копенхаген appeared first on Република.

]]>
„Ефтеркланг: Македониум бенд” ќе има светска премиера на најголемиот Фестивал за домументарни фимови во Копенхаген во сабота https://arhiva3.republika.mk/scena/film/efterklang-makedonium-bend-ke-ima-svetska-premiera-na-najgolemiot-festival-za-domumentarni-fimovi-vo-kopenhagen-vo-sabota/ Thu, 21 Mar 2024 09:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=756927

Младински културен центар (МКЦ) ја најави светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм “CPH:DOX” на 23 март 2024 година во Копенхаген, Данска.

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.

Премиерата на филмот, која е закажана за 23 март 2024 во рамките на “CPH:DOX” ќе биде проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд” во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, ќе бидат отсвирени најпознтите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам.

Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Во тој процес на регртурација на членови за новиот супер состав наречен „Ефтеркланг : Македониум бенд”, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски Грга, нивен пријател и посредник во целата авантура.

Режисер на филмот е Андреас Јонсен, наградуван дански документаристички режисер чиј филм “Ai Weiwei: The Fake case” го отворил изданието на “CPH:DOX” во 2013 година.

Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

Неверојатно сме возбудени за приликата се испробаме и во филмот. МКЦ стои гордо како продуцент на овој музички документарен запис, чија идеја потекна токму од тука, од еден од настапите на Ефтеркланг на музичкиот фестивал „Здраво Млади“. Инспирацијата од Крушево, од монументалноста на споменикот „Македониум” кој покрај државотворниот симболизам, буди и чувства на уметничка независност и израз беше токму вистинската линија за нарација на целиот филм. Веста дека премиерата на филмот ќе се случи на “CPH:DOX беше огромно изненадување” – изјави Младеновски.

Светската премиера заедно со концертниот настап ќе се случи во познатата сала “DR Koncerthuset”, која за време на изградбата во 2007 година важела за најскапата музичка сала некогаш изградена. Архитектот Жан Нувел, за дизајнот на “DR Koncerthuset” се здобива и со Прицкерова награда за архитектура.

Реализацијата на филмот е поддржана од страна на Министерството за култура на Македонија со 250.000 денари, потоа Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe” програмата на Европска унија.

 

The post „Ефтеркланг: Македониум бенд” ќе има светска премиера на најголемиот Фестивал за домументарни фимови во Копенхаген во сабота appeared first on Република.

]]>

Младински културен центар (МКЦ) ја најави светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм “CPH:DOX” на 23 март 2024 година во Копенхаген, Данска. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност. Премиерата на филмот, која е закажана за 23 март 2024 во рамките на “CPH:DOX” ќе биде проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд” во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, ќе бидат отсвирени најпознтите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам. Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Во тој процес на регртурација на членови за новиот супер состав наречен „Ефтеркланг : Македониум бенд”, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски Грга, нивен пријател и посредник во целата авантура. Режисер на филмот е Андреас Јонсен, наградуван дански документаристички режисер чиј филм “Ai Weiwei: The Fake case” го отворил изданието на “CPH:DOX” во 2013 година. Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.
Неверојатно сме возбудени за приликата се испробаме и во филмот. МКЦ стои гордо како продуцент на овој музички документарен запис, чија идеја потекна токму од тука, од еден од настапите на Ефтеркланг на музичкиот фестивал „Здраво Млади“. Инспирацијата од Крушево, од монументалноста на споменикот „Македониум” кој покрај државотворниот симболизам, буди и чувства на уметничка независност и израз беше токму вистинската линија за нарација на целиот филм. Веста дека премиерата на филмот ќе се случи на “CPH:DOX беше огромно изненадување” – изјави Младеновски.
Светската премиера заедно со концертниот настап ќе се случи во познатата сала “DR Koncerthuset”, која за време на изградбата во 2007 година важела за најскапата музичка сала некогаш изградена. Архитектот Жан Нувел, за дизајнот на “DR Koncerthuset” се здобива и со Прицкерова награда за архитектура. Реализацијата на филмот е поддржана од страна на Министерството за култура на Македонија со 250.000 денари, потоа Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe” програмата на Европска унија.  

The post „Ефтеркланг: Македониум бенд” ќе има светска премиера на најголемиот Фестивал за домументарни фимови во Копенхаген во сабота appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Ефтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм https://arhiva3.republika.mk/scena/film/premiera-na-efterklang-makedonium-bend-vo-kopenhagen-na-eden-od-najgolemite-svetski-festivali-za-dokumentaren-film/ Tue, 28 Nov 2023 08:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=716990

Младински културен центар (МКЦ) ја најавува светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм “CPH:DOX” на 23 март 2024 година во Копенхаген, Данска.

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.

Премиерата на филмот, која е закажана за 23 март 2024 во рамките на “CPH:DOX” ќе биде проследена со уникатен концерт на ансамблот “Ефтеркланг: Македониум бенд” во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, ќе бидат отсвирени најпознтите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам.
Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Во тој процес на регртурација на членови за новиот супер состав наречен “Ефтеркланг : Македониум бенд”, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски Грга, нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Режисер на филмот е Андреас Јонсен, наградуван дански документаристички режисер чиј филм “Ai Weiwei: The Fake case” го отворил изданието на “CPH:DOX” во 2013 година.

Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

Неверојатно сме возбудени за приликата да ете, се испробаме и во филмот. МКЦ стои гордо како продуцент на овој музички документарен запис, чија идеја потекна токму од тука, од еден од настапте на Ефтеркланг на музичкиот фестивал Здраво Млади. Инспирацијата од Крушево, од монументалноста на споменикот “Македониум” кој покрај државотворниот симболизам, буди и чувства на уметничка независност и израз беше токму вистинската линија за нарација на целиот филм. Веста дека премиерата на филмот ќе се случи на “CPH:DOX беше огромно изненадување” – изјави Владица Младеновски од МКЦ.

Светската премиера заедно со концертниот настап ќе се случи во познатата сала “DR Koncerthuset”, која за време на изградбата во 2007 година важела за најскапата музичка сала некогаш изградена. Архитектот Жан Нувел, за дизајнот на “DR Koncerthuset” се здобива и со Прицкерова награда за архитектура.

Реализацијата на филмот е поддржана од страна на Министерството за култура.

The post Премиера на „Ефтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм appeared first on Република.

]]>

Младински културен центар (МКЦ) ја најавува светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм “CPH:DOX” на 23 март 2024 година во Копенхаген, Данска. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност. Премиерата на филмот, која е закажана за 23 март 2024 во рамките на “CPH:DOX” ќе биде проследена со уникатен концерт на ансамблот “Ефтеркланг: Македониум бенд” во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, ќе бидат отсвирени најпознтите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам. Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Во тој процес на регртурација на членови за новиот супер состав наречен “Ефтеркланг : Македониум бенд”, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски Грга, нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект. Режисер на филмот е Андреас Јонсен, наградуван дански документаристички режисер чиј филм “Ai Weiwei: The Fake case” го отворил изданието на “CPH:DOX” во 2013 година. Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.
Неверојатно сме возбудени за приликата да ете, се испробаме и во филмот. МКЦ стои гордо како продуцент на овој музички документарен запис, чија идеја потекна токму од тука, од еден од настапте на Ефтеркланг на музичкиот фестивал Здраво Млади. Инспирацијата од Крушево, од монументалноста на споменикот “Македониум” кој покрај државотворниот симболизам, буди и чувства на уметничка независност и израз беше токму вистинската линија за нарација на целиот филм. Веста дека премиерата на филмот ќе се случи на “CPH:DOX беше огромно изненадување” – изјави Владица Младеновски од МКЦ.
Светската премиера заедно со концертниот настап ќе се случи во познатата сала “DR Koncerthuset”, која за време на изградбата во 2007 година важела за најскапата музичка сала некогаш изградена. Архитектот Жан Нувел, за дизајнот на “DR Koncerthuset” се здобива и со Прицкерова награда за архитектура. Реализацијата на филмот е поддржана од страна на Министерството за култура.

The post Премиера на „Ефтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм appeared first on Република.

]]>