Едвард втори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edvard-vtori/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 13:58:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Едвард втори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edvard-vtori/ 32 32 Претставата „Едвард Втори“ на Велешки театар на фестивал МЕСС во Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-edvard-vtori-na-veleshki-teatar-na-festival-mess-vo-saraevo/ Sun, 06 Oct 2024 13:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=823506

Претставата „Едвард Втори”, според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, селектирана е во официјалната селекција на 64. Интернационален театарски фестивал МЕСС во Сараево, Босна и Херцеговина. Претставата „Едвард Втори” е копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија, а ќе биде изведена на сцената на Народно Позориште Сараево, на 6 октомври.

Во претставата играат: Борис Крстев и Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. Сценографијата е на Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, а костимите се на Симон Мачабели и Раде Василев.

Ова е трета соработка на режисерот Андриј Жолдак со македонски актери по постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ. Претставата премиерно беше изведена на 6 август 2023 на „Охридско лето“ потоа на 9 септември на сцената на велешкиот театар и на 14 септември лани ви Пловдив Бугарија на фестивалот „Театар на крстопат“. На 28 јуни годинава со оваа претстава во Битола беше отворен фестивалот „Битола Шекспир“.

МЕСС е најстариот театарски фестивал во југоисточна Европа, основан во 1960 година и уште од своите зачетоци е иноваторски, ризикувајќи и вложувајќи во најхрабрите уметнички проекти. На фестивалот до сега учествувале имиња како Питер Брук, Роберт Вилсон, Еуџенио Барба, Одкарас Коршуновас, Франк Касторф, Томас Остермаер, Силвиу Пуркарете, Јиржи Менцл, Ромео Кастелучи, Кејти Мичел и други режисери.

The post Претставата „Едвард Втори“ на Велешки театар на фестивал МЕСС во Сараево appeared first on Република.

]]>

Претставата „Едвард Втори”, според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, селектирана е во официјалната селекција на 64. Интернационален театарски фестивал МЕСС во Сараево, Босна и Херцеговина. Претставата „Едвард Втори” е копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија, а ќе биде изведена на сцената на Народно Позориште Сараево, на 6 октомври. Во претставата играат: Борис Крстев и Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. Сценографијата е на Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, а костимите се на Симон Мачабели и Раде Василев. Ова е трета соработка на режисерот Андриј Жолдак со македонски актери по постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ. Претставата премиерно беше изведена на 6 август 2023 на „Охридско лето“ потоа на 9 септември на сцената на велешкиот театар и на 14 септември лани ви Пловдив Бугарија на фестивалот „Театар на крстопат“. На 28 јуни годинава со оваа претстава во Битола беше отворен фестивалот „Битола Шекспир“. МЕСС е најстариот театарски фестивал во југоисточна Европа, основан во 1960 година и уште од своите зачетоци е иноваторски, ризикувајќи и вложувајќи во најхрабрите уметнички проекти. На фестивалот до сега учествувале имиња како Питер Брук, Роберт Вилсон, Еуџенио Барба, Одкарас Коршуновас, Франк Касторф, Томас Остермаер, Силвиу Пуркарете, Јиржи Менцл, Ромео Кастелучи, Кејти Мичел и други режисери.

The post Претставата „Едвард Втори“ на Велешки театар на фестивал МЕСС во Сараево appeared first on Република.

]]>
Со „Едвард Втори“ стартува Битола „Шекспир фестивал“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-edvard-vtori-startuva-bitola-shekspir-festival/ Fri, 28 Jun 2024 07:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=791441

Со претставата „Едвард Втори“, копродукциски проект на Театарот „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмски Театар Н.О. Масалитинов, Пловдив, Бугарија, вечерва, на 28 јуни, во 20 часот, во Битола стартува јубилејното десетто издание на меѓународниот Шекспир фестивал.

„Месечината јасно свети, во ноќ како оваа“ е мотото на годинешното издание на Фестивалот кој ќе трае до 2 јули.

„’Едвард Втори’ е производ на драматуршкиот ‘римејк’ на режисерот Андриј Жолдак и драматургот Сашо Димоски на класичната драма на Кристофер Марлоу, со поп-артовска посвета на физичкиот театар, а во поголемиот дел од дејствието кокетирајќи со разни жанрови, во прв ред крими-трилерот. Стеснета и дизајнирана во минималистички стил, сцената го потенцира чувството на нелагодност: затоа ликовите манијакално се удираат во ѕидовите, не наоѓајќи го излезот. Претставата не е наменета за лица помлади од 16 години“, посочуваат од Битола Шекспир фестивал.

В сабота, на 29 јуни (20 часот) ќе бидат прикажани две претстави „Хамлет – Денот на убиствата”, според пиесата на Бернар – Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, на Битолски театар, која минатата недела ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад,  Србија. Во 21.30 часот е „Цезар” во режија на Сибел Абдиу, и во изведба на Катс Шахне театар од Истанбул, Турција.

Претставата „Отело” на ИмПерфект Денсерс Компани од Италија е на 30. јуни (20 часот), а на први јули е „Бура” (20 часот), претстава на „Марко Цепенков“ од Прилеп.

Фестивалот се затвора на втори јули (20 ч.), со претставата “Ромео и Јулија”, во продукција на Народен театар Тоша Јовановиќ од Зрењанин, Србија.

-Материјалниот свет може да исчезне, вредностите, идеите и емоциите кои Шекспир ги претставува во своите дела се толку длабоки и универзални што можат повторно да го изградат човечкиот дух и култура. Токму затоа, делата на Вилијам Шекспир се испратени во вселената. Во 2010 година, како дел од програмата Lunar Reconnaissance Orbiter” (LRO) на NASA, дигитална копија од делата на Шекспир беше испратена на Месечината. Ова беше дел од проектот Moon Arts Ark, кој имаше за цел да ги зачува човечките уметнички дела и културното наследство. Според тој модел доколку дојде до апокалипса би можело да се реконструира целата цивилизација, онаква каква што денес ја знаеме, каква и да е, изјави Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.

Дизајнот на визуелното решение за 10тиот по ред Битола Шекспир фестивал е на Сашо Илковски и е графичка интервенција врз фотографија на месечината фотографирана од авторот на ‎15 ‎јуни ‎2024.

The post Со „Едвард Втори“ стартува Битола „Шекспир фестивал“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Едвард Втори“, копродукциски проект на Театарот „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмски Театар Н.О. Масалитинов, Пловдив, Бугарија, вечерва, на 28 јуни, во 20 часот, во Битола стартува јубилејното десетто издание на меѓународниот Шекспир фестивал. „Месечината јасно свети, во ноќ како оваа“ е мотото на годинешното издание на Фестивалот кој ќе трае до 2 јули.
„’Едвард Втори’ е производ на драматуршкиот ‘римејк’ на режисерот Андриј Жолдак и драматургот Сашо Димоски на класичната драма на Кристофер Марлоу, со поп-артовска посвета на физичкиот театар, а во поголемиот дел од дејствието кокетирајќи со разни жанрови, во прв ред крими-трилерот. Стеснета и дизајнирана во минималистички стил, сцената го потенцира чувството на нелагодност: затоа ликовите манијакално се удираат во ѕидовите, не наоѓајќи го излезот. Претставата не е наменета за лица помлади од 16 години“, посочуваат од Битола Шекспир фестивал.
В сабота, на 29 јуни (20 часот) ќе бидат прикажани две претстави „Хамлет – Денот на убиствата”, според пиесата на Бернар – Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, на Битолски театар, која минатата недела ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад,  Србија. Во 21.30 часот е „Цезар” во режија на Сибел Абдиу, и во изведба на Катс Шахне театар од Истанбул, Турција. Претставата „Отело” на ИмПерфект Денсерс Компани од Италија е на 30. јуни (20 часот), а на први јули е „Бура” (20 часот), претстава на „Марко Цепенков“ од Прилеп. Фестивалот се затвора на втори јули (20 ч.), со претставата “Ромео и Јулија”, во продукција на Народен театар Тоша Јовановиќ од Зрењанин, Србија.
-Материјалниот свет може да исчезне, вредностите, идеите и емоциите кои Шекспир ги претставува во своите дела се толку длабоки и универзални што можат повторно да го изградат човечкиот дух и култура. Токму затоа, делата на Вилијам Шекспир се испратени во вселената. Во 2010 година, како дел од програмата Lunar Reconnaissance Orbiter” (LRO) на NASA, дигитална копија од делата на Шекспир беше испратена на Месечината. Ова беше дел од проектот Moon Arts Ark, кој имаше за цел да ги зачува човечките уметнички дела и културното наследство. Според тој модел доколку дојде до апокалипса би можело да се реконструира целата цивилизација, онаква каква што денес ја знаеме, каква и да е, изјави Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.
Дизајнот на визуелното решение за 10тиот по ред Битола Шекспир фестивал е на Сашо Илковски и е графичка интервенција врз фотографија на месечината фотографирана од авторот на ‎15 ‎јуни ‎2024.  

The post Со „Едвард Втори“ стартува Битола „Шекспир фестивал“ appeared first on Република.

]]>
Во велешкиот театар вечерва првпат ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-veleshkiot-teatar-vecherva-prvpat-ke-bide-izvedena-pretstavata-edvard-vtori/ Sat, 09 Sep 2023 18:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=680340

Претставата „Едвард Втори“ ќе биде изведена вечерва на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, со почеток во 20 часот. Нејзината премиера беше на 6 август на „Охридско лето“, а вечерва првпат ќе се одигра на матичната сцена.

Претставата „Едвард Втори“ е во режија на Андиј Жолдак, а работена според текст на Кристофер Марлоу, копродукциски проект на НУЦК Театар  „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмскиот театар „Н.О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија.

Во претставата главниот лик Едвард Втори е поделен на две улоги кои истовремено ги реализираа двајца актери, Илин Јованоски и Бугаринот Борис Крстев. Во главната  женска улога пак, настапи Јована Миладинова.

Темите на главната драма се односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите.

Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината.

Од театарот потенцираат дека претставата не е наменета за лица помлади од 16 години.

The post Во велешкиот театар вечерва првпат ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Едвард Втори“ ќе биде изведена вечерва на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, со почеток во 20 часот. Нејзината премиера беше на 6 август на „Охридско лето“, а вечерва првпат ќе се одигра на матичната сцена. Претставата „Едвард Втори“ е во режија на Андиј Жолдак, а работена според текст на Кристофер Марлоу, копродукциски проект на НУЦК Театар  „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмскиот театар „Н.О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија. Во претставата главниот лик Едвард Втори е поделен на две улоги кои истовремено ги реализираа двајца актери, Илин Јованоски и Бугаринот Борис Крстев. Во главната  женска улога пак, настапи Јована Миладинова. Темите на главната драма се односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите. Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината. Од театарот потенцираат дека претставата не е наменета за лица помлади од 16 години.

The post Во велешкиот театар вечерва првпат ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“ appeared first on Република.

]]>
„Едвард Втори“ – копродукциска драма помеѓу Велешкиот театар и бугарските актери од театарот „Масалтинов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/edvard-vtori-koproduktsiska-drama-pomegu-veleshkiot-teatar-i-bugarskite-akteri-od-teatarot-masaltinov/ Mon, 07 Aug 2023 10:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=669565

Театарската претстава „Едвард Втори“ од Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, а во копродукциска изведба на актерите од НУЦК Театар „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес и Драмски театар „Масалтинов“ од Пловдив, Бугарија вчеравечер премиерно беше изведена во рамки на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата имаше неколку различни насоки но главната насока беше приказната за „Едвард Втори“ во драмата на Марлоу, проследена од „Ричард II“ на Вилијам Шекспир. Во драмата се обработуваа темите како татко и син, отсуството на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност, бракот на Едвард,  создавањето семејство,  некомпатибилноста, како и  промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите.

Директорот на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“  и драматург на претставата, Сашо Димоски, вели дека на овој проект се работело макотрпно цели два месеци, како што појасни, во услови и на начини кои ги надминуваат рамките на она што досега било поимање на создавањето театарски претстави. Според него,  преку интензивен и многу жесток процес, завршниот резултат  е поразличен од сето она што Велешкиот театар го продуцирал досега.

Театарот на Андриј Жолдак почива на ирационалното, на манифестација на потсвеста преку создавање автентичен говор на телото во криза. Но, од една страна само. Од другата страна, маркер на неговиот ракопис е длабокото промислување на psihis-от на ликот и неговата реализација во концептот за актерската игра. Од трета страна, тој создава партитури преку поврзување отсечки во секвенците кои го градат мизансценот и нивно монтирање во целина на изведбата, поимајќи го притоа мизансценот како доминантен тип текст.  „Едвард Втори“ е синтеза на овие постапки, а особеноста на прочитот на пиесата на Марлоу стои во вртењето на оптиката од насловниот лик кон ликот на Изабела де Валоа, сопругата на Едвард Втори, како и во интерпретацијата на ликот на Едвард преку двајца актери, вели Димоски.

Во претставата играа Борис Крстев и Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. Сценографијата ја изработија Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, а костимите беа на Симон Мачабели и Раде Василев. Ова е трета соработка на режисерот Андриј Жолдак со македонски актери, по постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ.

The post „Едвард Втори“ – копродукциска драма помеѓу Велешкиот театар и бугарските актери од театарот „Масалтинов“ appeared first on Република.

]]>

Театарската претстава „Едвард Втори“ од Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, а во копродукциска изведба на актерите од НУЦК Театар „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес и Драмски театар „Масалтинов“ од Пловдив, Бугарија вчеравечер премиерно беше изведена во рамки на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“. Претставата имаше неколку различни насоки но главната насока беше приказната за „Едвард Втори“ во драмата на Марлоу, проследена од „Ричард II“ на Вилијам Шекспир. Во драмата се обработуваа темите како татко и син, отсуството на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност, бракот на Едвард,  создавањето семејство,  некомпатибилноста, како и  промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите. Директорот на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“  и драматург на претставата, Сашо Димоски, вели дека на овој проект се работело макотрпно цели два месеци, како што појасни, во услови и на начини кои ги надминуваат рамките на она што досега било поимање на создавањето театарски претстави. Според него,  преку интензивен и многу жесток процес, завршниот резултат  е поразличен од сето она што Велешкиот театар го продуцирал досега.
Театарот на Андриј Жолдак почива на ирационалното, на манифестација на потсвеста преку создавање автентичен говор на телото во криза. Но, од една страна само. Од другата страна, маркер на неговиот ракопис е длабокото промислување на psihis-от на ликот и неговата реализација во концептот за актерската игра. Од трета страна, тој создава партитури преку поврзување отсечки во секвенците кои го градат мизансценот и нивно монтирање во целина на изведбата, поимајќи го притоа мизансценот како доминантен тип текст.  „Едвард Втори“ е синтеза на овие постапки, а особеноста на прочитот на пиесата на Марлоу стои во вртењето на оптиката од насловниот лик кон ликот на Изабела де Валоа, сопругата на Едвард Втори, како и во интерпретацијата на ликот на Едвард преку двајца актери, вели Димоски.
Во претставата играа Борис Крстев и Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. Сценографијата ја изработија Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, а костимите беа на Симон Мачабели и Раде Василев. Ова е трета соработка на режисерот Андриј Жолдак со македонски актери, по постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ.

The post „Едвард Втори“ – копродукциска драма помеѓу Велешкиот театар и бугарските актери од театарот „Масалтинов“ appeared first on Република.

]]>
„Едвард Втори“- претстава со исклучително вредна авторска и актерска екипа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/edvard-vtori-pretstava-so-iskluchitelno-vredna-avtorska-i-akterska-ekipa/ Mon, 07 Aug 2023 08:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=669442

Првата драмска премиера на годинешното „Охридско лето“ беше изведена викендов во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Се работи за театарската претстава „Едвард Втори“  од Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, а во копродукциска изведба на НУЦК Театар „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес и Драмски театар „Масалтинов“ од Пловдив, Бугарија.

Драмската селекторка на фестивалот Сања Арсовска на прес-конференцијата по повод премиерата истакна дека станува збор за исклучително добар проект работен од еден од најдобрите режисери, но и професионална авторска и актерска екипа.

Во оваа претстава е ставен акцент на односот помеѓу таткото и синот, на ефектите од отсуството на мајката, луксузот и моќта, потребите од стапувањето во брак и формирањето семејство, менувањето на сексуалната ориентација и сето она коешто нам ни изгледа актуелно и нормално од една страна, а од друга страна нѐ скокотка и нѐ тера да ја вадиме есенцијата од ваквите појави и процеси, појасни селекторката Арсовска.

Директорот на Велешкиот театар „Јордан  Х.К. Џинот“, Сашо Димоски, рече дека е големо задоволството што фестивалот „Охридско лето“ ја угости премиерата на која макотрпно се работело два месеци.

Станува збор за претстава со исклучително вредна авторска и актерска екипа, продукција помеѓу Велешкиот театар и Театарот Масалитинов од Пловдив, Бугарија.Макотрпно работевме цели два месеци во услови и на начини кои ги надминуваат рамките на она што досега за мене било поимање на  создавањето театарски претстави, преку еден навистина интензивен, многу жесток процес преку кој стигнуваме до завршен резултат  поразличен од сето она што нашиот театар досега го продуцирал пред сѐ, кажа директорот Димоски.

Костимографи на  претставата „Едвард Втори“ се Грузиецот Симон Мачабели и извонредниот македонски костимограф  Раде Василев.

Ми претставува големо задоволство да соработувам со целокупната актерска екипа и со режисерот Жолдак, како и со сите луѓе овде кои ми помогнаа во остварувањето на овој проект кој навистина беше многу поразличен и со поинаков концепт.  Андриј Жолдак е нетрадиционален режисер и има свој начин на правење на костимите. Многу размислувавме за костимите и концептот како сето тоа ќе се одвива, меѓутоа, на крајот сето тоа испадна некако спонтано. Костимите произлегоа од самите проби во кои Андреј ги одобри, раскажа Мачабели.

Главната женска улога која воедно е и перспектива од која се гради целата претстава и која наедно е и главниот лик во драмското дејство ѝ е доделена на Јована Миладинова која дебитира на театарските штици токму со оваа улога.

Беше напорно, но ова е едно прекрасно искуство кое знам дека нема да го заборавам до крајот на мојот живот. Јас и режисерот Андриј воспоставивме една многу искрена врска, врска на доверба како актер и режисер. Тој секогаш ни вели дека најважна е довербата помеѓу актерот и режисерот, рече младата актерка Миладинова.

Улогата на главниот лик, Едвард Втори, е поделена на две улоги кои истовремено ги реализираат двајца актери во истоимената претстава. Како што беше речено на денешната прес-конференција, не се работи за алтернација, туку поимање на два стратуми на едно битие преку две различни експресии во самата изведба на претставата.

Сметам дека ова ми беше најголемото искуство во мојата актерска кариера. За мене предизвик е што во претставата морам да зборувам на македонски јазик, но благодарение на директорот на Велешкиот театар Сашо Димоски кој многу ми помага, се надевам дека добро ќе се справам со улогата. Многу интересен процес, сите знаеме каков режисер е Андриј Жолдак, многу сум среќен што работам со ваква врвна екипа на која човечноста ѝ е на прво место, истакна бугарскиот актер  Борис Крстев од пловдискиот театар „Масалитинов“  кого публиката ќе го види во улогата на Едвард Втори.

Режисерот Жолдак ни дава најдобар пример за тоа како треба да се однесуваме кон театарот и како треба да си ја сфатиме работата сериозно, како да се носиме надвор од сцена. Не научи на професионализам и мислам дека е репер којшто ние младите треба да го следиме за да создаваме уметност и театар, кажа Илин Јованоски кој исто така ќе го игра Едвард Втори.

Главната негативна машка улога во претставата му е доделена на Бранко Михајловски.

Пробите за оваа претстава беа многу интензивни и тешки во смисла на уметничкиот дел. Кога сме на сцена и кога работиме, едноставно заборавам на сѐ, го пуштам срцето и му дозволувам на Андриј да нѐ води, рече Михајловски.

По премиерната изведба на „Охридско лето“, театарската претстава „Едвард Втори“ во септември ќе се игра на матичната сцена на Велешкиот театар, а потоа и во Пловдив, Бугарија.

The post „Едвард Втори“- претстава со исклучително вредна авторска и актерска екипа appeared first on Република.

]]>

Првата драмска премиера на годинешното „Охридско лето“ беше изведена викендов во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Се работи за театарската претстава „Едвард Втори“  од Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, а во копродукциска изведба на НУЦК Театар „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес и Драмски театар „Масалтинов“ од Пловдив, Бугарија. Драмската селекторка на фестивалот Сања Арсовска на прес-конференцијата по повод премиерата истакна дека станува збор за исклучително добар проект работен од еден од најдобрите режисери, но и професионална авторска и актерска екипа.
Во оваа претстава е ставен акцент на односот помеѓу таткото и синот, на ефектите од отсуството на мајката, луксузот и моќта, потребите од стапувањето во брак и формирањето семејство, менувањето на сексуалната ориентација и сето она коешто нам ни изгледа актуелно и нормално од една страна, а од друга страна нѐ скокотка и нѐ тера да ја вадиме есенцијата од ваквите појави и процеси, појасни селекторката Арсовска.
Директорот на Велешкиот театар „Јордан  Х.К. Џинот“, Сашо Димоски, рече дека е големо задоволството што фестивалот „Охридско лето“ ја угости премиерата на која макотрпно се работело два месеци.
Станува збор за претстава со исклучително вредна авторска и актерска екипа, продукција помеѓу Велешкиот театар и Театарот Масалитинов од Пловдив, Бугарија.Макотрпно работевме цели два месеци во услови и на начини кои ги надминуваат рамките на она што досега за мене било поимање на  создавањето театарски претстави, преку еден навистина интензивен, многу жесток процес преку кој стигнуваме до завршен резултат  поразличен од сето она што нашиот театар досега го продуцирал пред сѐ, кажа директорот Димоски.
Костимографи на  претставата „Едвард Втори“ се Грузиецот Симон Мачабели и извонредниот македонски костимограф  Раде Василев.
Ми претставува големо задоволство да соработувам со целокупната актерска екипа и со режисерот Жолдак, како и со сите луѓе овде кои ми помогнаа во остварувањето на овој проект кој навистина беше многу поразличен и со поинаков концепт.  Андриј Жолдак е нетрадиционален режисер и има свој начин на правење на костимите. Многу размислувавме за костимите и концептот како сето тоа ќе се одвива, меѓутоа, на крајот сето тоа испадна некако спонтано. Костимите произлегоа од самите проби во кои Андреј ги одобри, раскажа Мачабели.
Главната женска улога која воедно е и перспектива од која се гради целата претстава и која наедно е и главниот лик во драмското дејство ѝ е доделена на Јована Миладинова која дебитира на театарските штици токму со оваа улога.
Беше напорно, но ова е едно прекрасно искуство кое знам дека нема да го заборавам до крајот на мојот живот. Јас и режисерот Андриј воспоставивме една многу искрена врска, врска на доверба како актер и режисер. Тој секогаш ни вели дека најважна е довербата помеѓу актерот и режисерот, рече младата актерка Миладинова.
Улогата на главниот лик, Едвард Втори, е поделена на две улоги кои истовремено ги реализираат двајца актери во истоимената претстава. Како што беше речено на денешната прес-конференција, не се работи за алтернација, туку поимање на два стратуми на едно битие преку две различни експресии во самата изведба на претставата.
Сметам дека ова ми беше најголемото искуство во мојата актерска кариера. За мене предизвик е што во претставата морам да зборувам на македонски јазик, но благодарение на директорот на Велешкиот театар Сашо Димоски кој многу ми помага, се надевам дека добро ќе се справам со улогата. Многу интересен процес, сите знаеме каков режисер е Андриј Жолдак, многу сум среќен што работам со ваква врвна екипа на која човечноста ѝ е на прво место, истакна бугарскиот актер  Борис Крстев од пловдискиот театар „Масалитинов“  кого публиката ќе го види во улогата на Едвард Втори.
 
Режисерот Жолдак ни дава најдобар пример за тоа како треба да се однесуваме кон театарот и како треба да си ја сфатиме работата сериозно, како да се носиме надвор од сцена. Не научи на професионализам и мислам дека е репер којшто ние младите треба да го следиме за да создаваме уметност и театар, кажа Илин Јованоски кој исто така ќе го игра Едвард Втори.
Главната негативна машка улога во претставата му е доделена на Бранко Михајловски.
Пробите за оваа претстава беа многу интензивни и тешки во смисла на уметничкиот дел. Кога сме на сцена и кога работиме, едноставно заборавам на сѐ, го пуштам срцето и му дозволувам на Андриј да нѐ води, рече Михајловски.
По премиерната изведба на „Охридско лето“, театарската претстава „Едвард Втори“ во септември ќе се игра на матичната сцена на Велешкиот театар, а потоа и во Пловдив, Бугарија.

The post „Едвард Втори“- претстава со исклучително вредна авторска и актерска екипа appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Едвард Втори“ во режија на Андриј Жолдак в недела на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-edvard-vtori-vo-rezhija-na-andrij-zholdak-v-nedela-na-ohridsko-leto/ Fri, 04 Aug 2023 13:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=668745

Премиерата на театарската продукција „Едвард Втори“ ќе се одржи в недела, на 6 август, во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, информираат од Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје (БГКИЦ).

Претставата е копродукција на Драмски театар – Пловдив и театарот „Јордан Хаџи Kонстантинов – Џинот“ од Велес. Претставата е дел од официјалната програма на фестивалот „Охридско лето“ и се реализира со поддршка на БГКИЦ и на Министерство за култура на Република Македонија.

Соработката меѓу двата театра опфаќа две копродукции.

Двегодишниот проект вклучува создавање на две претстави – под режисерската палка на Андриј Жолдак, Украина – „Едвард Втори“, и изведба на Дијана Добрева, Бугарија. Двете театарски претстави ќе бидат изведени на сцените на двата театра и ќе бидат придружени со работилници на кои ќе учествуваат студенти од Универзитетот „Европа Прима“, информираат од Драмскиот театар во Пловдив.

Претставата „Едвард Втори“ од Кристофер Марлоу опфаќа повеќе различни теми. Главната насока е приказната за Едвард Втори, а потоа следува „Ричард Втори“ од Шекспир. Темите за кои се разговара се односот меѓу таткото и синот, во отсуство на мајката, а потоа мотивите на моќта и луксузот, па оттука и прекумерното уживање, енергијата на младите и нивната директност. Ликот на Едвард Втори го игра бугарскиот актер Борис Крстев.

Крајниот конфликт на 21 век е конфликтот на превласт, меѓу мажот и жената, а во текот на оваа претстава ќе видиме како тоа ќе се одвива. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки реални ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината. Во центарот на приказната се актерите, кои се вистински луѓе, а преку нив можеме да видиме и нешто за луѓето кои живеат денес, во 2023 година, вели Андриј Жолдак.

Претставата не е наменета за лица помлади од 16 години, велат од БГКИЦ.

The post Премиера на „Едвард Втори“ во режија на Андриј Жолдак в недела на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Премиерата на театарската продукција „Едвард Втори“ ќе се одржи в недела, на 6 август, во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, информираат од Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје (БГКИЦ). Претставата е копродукција на Драмски театар – Пловдив и театарот „Јордан Хаџи Kонстантинов – Џинот“ од Велес. Претставата е дел од официјалната програма на фестивалот „Охридско лето“ и се реализира со поддршка на БГКИЦ и на Министерство за култура на Република Македонија. Соработката меѓу двата театра опфаќа две копродукции.