Едвард Џозеф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edvard-dzozef/ За подобро да се разбереме Wed, 31 May 2023 06:35:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Едвард Џозеф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edvard-dzozef/ 32 32 Се сеќавате на Едвард Џозеф: Вели дека САД му помагаат на Вучиќ за состојбата на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-sekavate-na-edvard-dhozef-veli-deka-sad-mu-pomagaat-na-vuchik-za-sostojbata-na-kosovo/ Wed, 31 May 2023 06:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=646311

САД отидоа предалеку со критиките до властите на Косово кои сакаа да ги спроведат новоизбраните градоначалници на нивните места, изјави денеска Едвард Џозеф политички аналитичар од Вашингтон и познавач на Балканот.

Како што јави дописникот на МИА, САД и ЕУ претходно повикаа дека официјална Приштина ја дестабилизира ситуацијата во земјата.

-Со тоа што САД отидоа предалеку велејќи дека со ова односите со Косово ќе бидат оштетени, тие му дадоа зелено светло на Вучиќ да ескалира и да го обвини Албин Курти, изјави Џозеф во интервју за Ал Џезеира.

Додаде дека косовскиот премиер можеби заслужува критицизам, на дека САД отишле предалеку откако Вашингтон даде до знаење дека односите со Приштина ќе бидат оштетени поради четирите градоначалници.

-Според законот, Косово е во право. Тие имаат право на тоа, Србите ги бојкотираа овие избори кои водеа кон тоа да бидат избрани овие четири градоначалници, изјави Џозеф.

-Александар Вучиќ ја ескалира ситуацијата на Косово иако де-факто се согласи на признавање во март (на преговорите во Охрид) благодарејќи на посредништво на ЕУ и САД.

Дигање тензии е последното нешто што треба да го прават како Косово така и Србија, изјави Џозеф.

-Но оваа тензична ситуација му одговара на Вучиќ, кој е под голем притисок дома, со досега незабележани масовни демонстрации против неговата власт. Тој сака да се претстави како голем патриот, бранител на Косово и на косовските Срби, точно во време кога е под огромен притисок дома

The post Се сеќавате на Едвард Џозеф: Вели дека САД му помагаат на Вучиќ за состојбата на Косово appeared first on Република.

]]>

САД отидоа предалеку со критиките до властите на Косово кои сакаа да ги спроведат новоизбраните градоначалници на нивните места, изјави денеска Едвард Џозеф политички аналитичар од Вашингтон и познавач на Балканот. Како што јави дописникот на МИА, САД и ЕУ претходно повикаа дека официјална Приштина ја дестабилизира ситуацијата во земјата.
-Со тоа што САД отидоа предалеку велејќи дека со ова односите со Косово ќе бидат оштетени, тие му дадоа зелено светло на Вучиќ да ескалира и да го обвини Албин Курти, изјави Џозеф во интервју за Ал Џезеира.
Додаде дека косовскиот премиер можеби заслужува критицизам, на дека САД отишле предалеку откако Вашингтон даде до знаење дека односите со Приштина ќе бидат оштетени поради четирите градоначалници. -Според законот, Косово е во право. Тие имаат право на тоа, Србите ги бојкотираа овие избори кои водеа кон тоа да бидат избрани овие четири градоначалници, изјави Џозеф. -Александар Вучиќ ја ескалира ситуацијата на Косово иако де-факто се согласи на признавање во март (на преговорите во Охрид) благодарејќи на посредништво на ЕУ и САД. Дигање тензии е последното нешто што треба да го прават како Косово така и Србија, изјави Џозеф.
-Но оваа тензична ситуација му одговара на Вучиќ, кој е под голем притисок дома, со досега незабележани масовни демонстрации против неговата власт. Тој сака да се претстави како голем патриот, бранител на Косово и на косовските Срби, точно во време кога е под огромен притисок дома

The post Се сеќавате на Едвард Џозеф: Вели дека САД му помагаат на Вучиќ за состојбата на Косово appeared first on Република.

]]>
Џозеф: За успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, треба да гледате кон Вашингтон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzozef-za-uspeshna-promena-na-ustavot-i-vlez-vo-eu-treba-da-gledate-kon-vashington/ Fri, 11 Nov 2022 17:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=572870

Според политичкиот експерт Едвард Џозеф нема да има промени во политиката на САД кон Балканот и во законодавната сфера на Конгресот за зголемени финансии, а српскиот претседател Александар Вучиќ манипулира со Брисел и Вашингтон додека е верен на Москва.

Џозеф, предавач во Универзитетот Џонс Хопкинс и голем познавач на Балканот кој таму чесо патува, истакна дека регионот треба да бара посилна соработка со Вашингтон за да добие поголема поддршка од актуелната Администрација, со оглед дека исходот од конгресните избори, барем засега, не наведува дека ќе има драстични промени во курсот на надворешната политика во конгресните комисии, кои ја насочуваат и надворешната политика на САД.

Тој ја исктритикува Србија поради својот амбивалентен однос кон ЕУ и блискоста кон Русија и кажа дека за успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, Македонија треба да гледа кон Вашингтон.

Најпроблематично прашање е однесувањето на Белград, кој одбива да ја прилагоди политиката со ЕУ, иако е во преговори за членство, и продолжува да ја поддржува Русија. Тоа го стори во ОН во септември во Њујорк, кога потпиша спогодба со Русија за зголемена соработка. Мора да му се предочи на српскиот претседател Вучиќ дека не може да ги уценува САД за предизвиците поради Косово. Тоа се одразува врз целиот Балкан, изјави Џозеф во интервју за Гласот на Америка

Околу прашањето како Македонија да се обедини околу евентуална промена на Уставот, услов за продолжување на преговорите за членство во ЕУ, Џозеф смета дека погледот на Скопје треба да биде насочен кон Вашингтон.

Државата треба да се обрати до администрацијата на Бајден за поддршка и да побараат од Соединетите Држави да го потврдат македонскиот идентитет што САД можат да го направат во рамките на своето стратешко партнерство. Го објаснив ова во мојот напис за надворешната политика на САД, кој беше објавен во јуни, истакна Џозеф.

Во интервјуто тој потсети дека властите во Скопје имаат и внатрешнополитички предизвици, а справувањето со нив треба да ја приближи земјата до ЕУ.

Друга работа е дека владата мора сериозно да се зафати со борбата против корупцијата. Ова ќе ја зголеми домашната поддршка за владејачката партија, за Владата, и ќе ги одврати опозициските сили кои, за воља навистината, не се за членство во Европската Унија, наведува тој.

Смета дека САД се манипулирани од Вучиќ и ако Вашинтон тоа го увиде може да го запре руското влијание во регионот.

Многу е едноставно. Тоа бара водење сериозна политика спрема Србија. САД мора да престанат да бидат манипулирани од Александар Вучиќ. Мора да престанат да го фалат и поддржуваат српскиот претседател, кој отворено ја усогласува неговата земја со Русија. Мора да престанеме да се залажуваме, како што изјави виш американски претставник во јули, дека Србија е на вистинската страна на историјата. Ова е лажно. Тоа само го охрабрува Вучиќ. Тој е примарна пречка за напредокот на Балканот, а може во спротивно да ја води својата земја кон нејзината судбина да биде дел од Европската Унија, дури и во крајна линија, да биде дел од НАТО, изјави Џозеф.

Дециден е дека по руската инвазија во Украина, „веќе не може да се преправа кои земји се на страната на ЕУ, САД и НАТО, а кои земји се на страната на Русија“.

The post Џозеф: За успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, треба да гледате кон Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Според политичкиот експерт Едвард Џозеф нема да има промени во политиката на САД кон Балканот и во законодавната сфера на Конгресот за зголемени финансии, а српскиот претседател Александар Вучиќ манипулира со Брисел и Вашингтон додека е верен на Москва. Џозеф, предавач во Универзитетот Џонс Хопкинс и голем познавач на Балканот кој таму чесо патува, истакна дека регионот треба да бара посилна соработка со Вашингтон за да добие поголема поддршка од актуелната Администрација, со оглед дека исходот од конгресните избори, барем засега, не наведува дека ќе има драстични промени во курсот на надворешната политика во конгресните комисии, кои ја насочуваат и надворешната политика на САД. Тој ја исктритикува Србија поради својот амбивалентен однос кон ЕУ и блискоста кон Русија и кажа дека за успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, Македонија треба да гледа кон Вашингтон.
Најпроблематично прашање е однесувањето на Белград, кој одбива да ја прилагоди политиката со ЕУ, иако е во преговори за членство, и продолжува да ја поддржува Русија. Тоа го стори во ОН во септември во Њујорк, кога потпиша спогодба со Русија за зголемена соработка. Мора да му се предочи на српскиот претседател Вучиќ дека не може да ги уценува САД за предизвиците поради Косово. Тоа се одразува врз целиот Балкан, изјави Џозеф во интервју за Гласот на Америка
Околу прашањето како Македонија да се обедини околу евентуална промена на Уставот, услов за продолжување на преговорите за членство во ЕУ, Џозеф смета дека погледот на Скопје треба да биде насочен кон Вашингтон.
Државата треба да се обрати до администрацијата на Бајден за поддршка и да побараат од Соединетите Држави да го потврдат македонскиот идентитет што САД можат да го направат во рамките на своето стратешко партнерство. Го објаснив ова во мојот напис за надворешната политика на САД, кој беше објавен во јуни, истакна Џозеф.
Во интервјуто тој потсети дека властите во Скопје имаат и внатрешнополитички предизвици, а справувањето со нив треба да ја приближи земјата до ЕУ. Друга работа е дека владата мора сериозно да се зафати со борбата против корупцијата. Ова ќе ја зголеми домашната поддршка за владејачката партија, за Владата, и ќе ги одврати опозициските сили кои, за воља навистината, не се за членство во Европската Унија, наведува тој. Смета дека САД се манипулирани од Вучиќ и ако Вашинтон тоа го увиде може да го запре руското влијание во регионот.
Многу е едноставно. Тоа бара водење сериозна политика спрема Србија. САД мора да престанат да бидат манипулирани од Александар Вучиќ. Мора да престанат да го фалат и поддржуваат српскиот претседател, кој отворено ја усогласува неговата земја со Русија. Мора да престанеме да се залажуваме, како што изјави виш американски претставник во јули, дека Србија е на вистинската страна на историјата. Ова е лажно. Тоа само го охрабрува Вучиќ. Тој е примарна пречка за напредокот на Балканот, а може во спротивно да ја води својата земја кон нејзината судбина да биде дел од Европската Унија, дури и во крајна линија, да биде дел од НАТО, изјави Џозеф.
Дециден е дека по руската инвазија во Украина, „веќе не може да се преправа кои земји се на страната на ЕУ, САД и НАТО, а кои земји се на страната на Русија“.

The post Џозеф: За успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, треба да гледате кон Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Ликовите од 2001-ва се враќаат во игра: Едвар Џозеф смета дека Преспанскиот договор бил постигнат на фер основа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/likovite-od-2001-va-se-vrakjaat-vo-igra-edvar-dzozef-smeta-deka-prespanskiot-dogovor-bil-postignat-na-fer-osnova/ Thu, 22 Sep 2022 11:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=553164

И покрај тоа што францускиот предлог не е избалансиран Македонија треба да го искористи скрининг процесот и да се фокусира на реформите кои се важни за граѓаните и ќе ја придвижат земјата напред, изјави Едвард П. Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс (Johns Hopkins School of Advanced International Studies) од САД.

-Преспанскиот договор беше постигнат на фер основа бидејќи, иако Грција беше членка на НАТО и ЕУ, преговорите се водеа на еднаква основа и беше постигнат фер компромис со отстапки од Грција и од Македонија. Францускиот предлог пак воопшто не ја засегна предноста на Бугарија и тој го одразува тоа. Тоа, е вели, исто така е грешка и на САД и на ЕУ, бидејќи создава лош преседан во Унијата. До граѓаните на земјата е да решат, дали тој го загрозува или не македонскиот идентитет. Но сакам да подвлечам дека е важно да се искористат предностите од скрининг процесот, без оглед на Бугарија. Тој не е во интерес на Бугарија, туку на граѓаните на оваа земја. Искористете го и направете максимум во реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и други важни реформи кои ќе ја придвижат земјата напред и ќе им покажат на граѓаните дека тоа е реално и е важно, вели Џозеф на новинарско прашање кој денеска учествуваше на годишната меѓународна конференција „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“ во Скопје.

Тој смета дека со оглед на тоа дека САД и ЕУ не успеаја да ја стават Бугарија на исто ниво со Македонија, како што беше со Грција, и и овозможија да ја зачува нејзината предност, Македонија треба да бара од САД, особено од Франција, но и од Германија, па и од Велика Британија афирмација на македонскиот идентитет, цврсто признавање на македонскиот народ, македонскиот јазик, па и на аспекти од македонската историја, и тие можат да го направат тоа.

The post Ликовите од 2001-ва се враќаат во игра: Едвар Џозеф смета дека Преспанскиот договор бил постигнат на фер основа appeared first on Република.

Eдвард Џозеф: Францускиот предлог го признава македонскиот јазик и идентитет, тоа треба да го направат и САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edvard-dzozef-francuskiot-predlog-go-priznava-makedonskiot-jazik-i-identitet-toa-treba-da-go-napravat-i-sad/ Sat, 09 Jul 2022 17:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=526371

Политичкиот аналитичар Едвард Џозеф, кој во неодамнешна статија за Форејн полиси порача САД да ја повикаат Бугарија на одговорност поради двегодишната блокада за Македонија и Албанија, на Твитер реплицираше на отвореното писмо до македонската јавност на американската амбасадорка Кејт Брнз.

Џозеф, добар познавач на приликите на Балканот, е предавач по меѓународни студии на престижниот универзитет „Џон Хопкинс” во Вашингтон.

-До Македонците е да одлучат во демократска и транспарентна дебата дали предлогот за пристапување во ЕУ го штити нивното достоинство, безбедност и идентитет, порача тој.

Амбасадорката Брнз во отвореното писмо наведува дека САД се „сојузник, партнер и пријател” на Македонија. Џозеф повика САД да ги поткрепат своите добри намери со вистинска поддршка како „онаа што ја покажаа кон Македонците со признавањето на уставното име на земјата од страна на претседателот Џорџ Буш во 2004 година, во критичен момент и покрај забелешките на Грција”.

-Точно е дека овој предлог за пристапување во ЕУ го признава македонскиот јазик и идентитет, тогаш тоа треба да го направат и САД, вели Џозеф.

Според него, претседателот Џо Бајден треба да го афирмира македонскиот идентитет во Билатерална културна спогодба со преземен текст од Преспанскиот договор.

Во писмото на Брнз се сугерира дека Бугарија веќе го признала македонскиот идентитет „па затоа ако тоа е вистина тогаш Софија нема да има забелешки” како за тоа, така и за македонскиот јазик.

-САД само ќе го реафирмираат она за што Бугарија веќе се потпишала, наведува Џозеф.

Според него овој политички гест на САД ќе биде широко поддржан од етничките Македонци, Албанци во земјата.

-После се, САД го издејствуваа и Охридскиот договор, кој вклучува заштита на албанскиот идентитет, јазик и симболи како албанското знаме, вели тој.

Џозеф наведува дека колку и да изгледаат неразумни споровите за идентитетот, јазикот и историјата, тие обично прикриваат реални закани по безбедноста.

-Во позадина на тековната агресија на Владимир Путин во Украина е тврдењето дека таа земја и нејзиниот идентитет се „вештачки”, додава тој.

Џозеф вели дека „Бугарија и нејзиниот претседател Румен Радев се посрамотија со нивните навреди, провокации, барања – и закани – против помалиот сосед Македонија”.

-Интересите на САД и ЕУ се содржат во тоа соседите да решаваат вакви прашања преку дијалог и дебата меѓу експертите, како што е предвидено во Договорот за пријателство од 2017 година, кој Бугарија флагрантно го кршеше, наведува Џозеф

The post Eдвард Џозеф: Францускиот предлог го признава македонскиот јазик и идентитет, тоа треба да го направат и САД appeared first on Република.

]]>

Политичкиот аналитичар Едвард Џозеф, кој во неодамнешна статија за Форејн полиси порача САД да ја повикаат Бугарија на одговорност поради двегодишната блокада за Македонија и Албанија, на Твитер реплицираше на отвореното писмо до македонската јавност на американската амбасадорка Кејт Брнз. Џозеф, добар познавач на приликите на Балканот, е предавач по меѓународни студии на престижниот универзитет „Џон Хопкинс” во Вашингтон.
-До Македонците е да одлучат во демократска и транспарентна дебата дали предлогот за пристапување во ЕУ го штити нивното достоинство, безбедност и идентитет, порача тој.
Амбасадорката Брнз во отвореното писмо наведува дека САД се „сојузник, партнер и пријател” на Македонија. Џозеф повика САД да ги поткрепат своите добри намери со вистинска поддршка како „онаа што ја покажаа кон Македонците со признавањето на уставното име на земјата од страна на претседателот Џорџ Буш во 2004 година, во критичен момент и покрај забелешките на Грција”. -Точно е дека овој предлог за пристапување во ЕУ го признава македонскиот јазик и идентитет, тогаш тоа треба да го направат и САД, вели Џозеф. Според него, претседателот Џо Бајден треба да го афирмира македонскиот идентитет во Билатерална културна спогодба со преземен текст од Преспанскиот договор. Во писмото на Брнз се сугерира дека Бугарија веќе го признала македонскиот идентитет „па затоа ако тоа е вистина тогаш Софија нема да има забелешки” како за тоа, така и за македонскиот јазик.
-САД само ќе го реафирмираат она за што Бугарија веќе се потпишала, наведува Џозеф.
Според него овој политички гест на САД ќе биде широко поддржан од етничките Македонци, Албанци во земјата. -После се, САД го издејствуваа и Охридскиот договор, кој вклучува заштита на албанскиот идентитет, јазик и симболи како албанското знаме, вели тој. Џозеф наведува дека колку и да изгледаат неразумни споровите за идентитетот, јазикот и историјата, тие обично прикриваат реални закани по безбедноста.
-Во позадина на тековната агресија на Владимир Путин во Украина е тврдењето дека таа земја и нејзиниот идентитет се „вештачки”, додава тој.
Џозеф вели дека „Бугарија и нејзиниот претседател Румен Радев се посрамотија со нивните навреди, провокации, барања – и закани – против помалиот сосед Македонија”. -Интересите на САД и ЕУ се содржат во тоа соседите да решаваат вакви прашања преку дијалог и дебата меѓу експертите, како што е предвидено во Договорот за пријателство од 2017 година, кој Бугарија флагрантно го кршеше, наведува Џозеф

The post Eдвард Џозеф: Францускиот предлог го признава македонскиот јазик и идентитет, тоа треба да го направат и САД appeared first on Република.

]]>
Едвард Џозеф: Она што го прави Путин со бомби, Бугарија го прави со блокирање, тоа е агресија врз членка на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edvard-dzozef-ona-shto-go-pravi-putin-so-bombi-bugarija-go-pravi-so-blokiranje-toa-e-agresija-vrz-chlenka-na-nato/ Wed, 29 Jun 2022 19:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=521288

Бугарија го негира македонскиот идентитет. Ова е основата на бугарските позиции за Македонија, негираат. Ова е суштината нивните позиции, негирањето. Може да кажуваат што сакаат, но има конзистентен обид и напор да го негираат македонскиот идентитет. Тоа е целта да го оспорaт идентитетот и да создадат поттик за македонските граѓани тука со бугарско државјанство и така да го оспорат во свое време. Бугарската основна позиција не е сменета, позицијата за историјата не е сменета, изјави Едвард Џозеф предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот, за Агенда35 на МТВ.

Тој посочи дека предлага САД да го афирмира македонскиот идентитет, преку договор меѓу САД и Македонија, билатерален културен документ во рамките на стратешкиот дијалог што ќе го афирмира идентитетот, затоа што ова веќе е проблем и на НАТО и на САД.

НАТО членкатa Бугарија ја користи својата позиција на ЕУ членка за ефективно да врши идентитетска агресија што е форма на агресија врз друг НАТО сојузник. Не може ова да го имаме во НАТО, овој тип е на агресија е сличен на она што го прави Русија во Украина кога и вика дека се вештачка држава, тоа го прави Бугарија, ви вика вие сте вештачка нација, вие сте Бугарија, вашиот јазик е бугарски, вашата историја до 1944 е бугарска. Ние велиме дека тоа е неприфатливо. Путин го прави тоа со бомби, Бугарија со блокирање. Ова е проблем на НАТО затоа што една членка врши агресија на друга. Но ова е и проблем на САД. Затоа што претседателот Румен Радев и други во бугарскиот парламент и функционери го користат ова прашање за агенда што е во сојузништво со Путин, оние кои го користат ова прашање во Бугарија се сојузници на Путин. Затоа е проблем и за САД, рече Џозеф.

Во врска со тоа што треба да преземат македонските власти тој истакна дека Бугарија го поткопува македонскиот идентитет и премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски да одлучат каква позиција ќе заземат и што ќе им објаснат на граѓаните на Македонија.

The post Едвард Џозеф: Она што го прави Путин со бомби, Бугарија го прави со блокирање, тоа е агресија врз членка на НАТО appeared first on Република.

Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија е веќе и проблем на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzozef-bugarskoto-maltretiranje-na-makedonija-e-vekje-i-problem-na-nato/ Sat, 25 Jun 2022 13:21:31 +0000 https://republika.mk/?p=519625

Американскиот претседател Џо Бајден не може да се дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да „и се сили“ и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Македонија, затоа што е членка на ЕУ, смета американскиот универзитетски професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф.

 Тоа е веќе и проблем на НАТО. Тоа не можеме да го дозволиме. Ова е сојуз, НАТО е сојуз, не може САД да толерира агресија кон идентитетот, искористување на силата, на овој начин. Ова е сериозно, не е мало прашање. Идентитетот на луѓето е поврзан со идентитетот на државата, со напредокот на државата, со внатрешната стабилност и добрите односи меѓу Македонците и Албанците, што е наш интерес. Од друга страна интерес на Владимир Путин се поделбите и конфликтите. Поделба меѓу Бугарите и Македонците, поделби меѓу Албанците и Македонците, меѓу Србите и Косовците, сето ова. Путин тоа го сака во Украина, тоа го сака и на Балканот, поделби, конфликти, додека интересот на САД е да се запре сето тоа, почнувајќи со афирмација во официјална пишана форма на македонскиот идентитет - вели Џозеф во интервју за ТВ Клан Македонија.

Според него, на тој начин со американската афирмација на македонскиот идентитет, нација и јазик, ќе се испрати порака до Софија: „Вие никогаш нема да победите, никогаш нема да го избришете македонскиот идентитет“.

Тој смета дека тоа е сигналот што им треба во Бугарија и на бугарските лидери, како премиерот Кирил Петков, кои сакаат да го решат ова прашање.

Им даваат простор на историчарите во заедничката комисија да разговараат, врз експертска основа, а не врз основа на сила, од типот „ние сме посилни од вас, па не мораме да ги почитуваме одредбите од Договорот за пријателство, вие мора да ја слушате нашата верзија на историјата, со сила“. Тоа е против принципите на НАТО, на ЕУ и на САД - додава Џозеф.

Според него, по падот на Владата на Петков, како технички премиер во Бугарија би можел да се врати Стефан Јанев, кој како министер за одбрана руската агресија врз Украина ја нарекуваше „специјална воена операција“.

Значи ќе имаме човек на Путин, кој одново ќе го води шоуто во Бугарија, членка на НАТО и ЕУ. Тоа е голем проблем за претседателот Бајден. Тоа е голем проблем за НАТО. Дополнително, во Македонија имаме лојална членка на НАТО, земја што пружа целосна поддршка за Украина. Знаеме дека лидерството на земјата, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски ќе се соочат со остри критики, загрижености и напади. Тоа веќе го видовме од ВМРО, од Христијан Мицковски. Значи веќе имаше реакции поради францускиот предлог овде. Ова значи дека претседателот Бајден ќе има двојна криза овде. Односите меѓу две земји, сојузнички во НАТО ќе се влошат, а тоа е загриженост за САД - оценува Џозеф.

Запрашан за коментар на „францускиот прелог“, Џозеф вели дека не верува оти Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон имале „лоши мотиви“, туку проблем е е во „слабоста и немоќта на Европската Унија“.

Значи Макрон, како и други ЕУ земји, и се разбира САД, иако не се членка на ЕУ, сакаат да биде кренато ветото и Македонија и Албанија да можат да почнат преговори. Очајни се за да се крене ветото. Но, проблемот е што се многу слаби, а Бугарија ја користи таа ситуација, ја искористува, злоупотребувајќи го процесот на ЕУ. Правилата, протоколите на ЕУ велат дека не смеете да внесувате билатерални прашања во пристапниот процес. Тој процес се однесува на друго – дали Македонија ги исполнува условите, дали спроведува реформи и владеење на правото и други прашања, но не за поплаки околу историјата и јазикот - истакнува Џозеф.

Тој смета дека во сегашните услови на ЕУ и се потребни САД „за запирање на Путин во Украина и за запирање на агресија кон идентитетот и малтретирањето од Бугарија“.

Потребни се САД да се вклучат и да ја охрабрат Македонија дека Вашингтон го признава македонскиот идентитет и да и пратат сигнал на Бугарија дека „нема никогаш да ја постигне својата цел, никогаш нема да го избрише македонскиот идентитет“. Тоа е клучното - заклучува Џозеф во интервјуто.

The post Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија е веќе и проблем на НАТО appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден не може да се дозволи меѓу сојузничките од НАТО, една земја членка да „и се сили“ и да малтретира друга земја членка затоа што е поголема или како што е во случајот со Бугарија и Македонија, затоа што е членка на ЕУ, смета американскиот универзитетски професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф.
 Тоа е веќе и проблем на НАТО. Тоа не можеме да го дозволиме. Ова е сојуз, НАТО е сојуз, не може САД да толерира агресија кон идентитетот, искористување на силата, на овој начин. Ова е сериозно, не е мало прашање. Идентитетот на луѓето е поврзан со идентитетот на државата, со напредокот на државата, со внатрешната стабилност и добрите односи меѓу Македонците и Албанците, што е наш интерес. Од друга страна интерес на Владимир Путин се поделбите и конфликтите. Поделба меѓу Бугарите и Македонците, поделби меѓу Албанците и Македонците, меѓу Србите и Косовците, сето ова. Путин тоа го сака во Украина, тоа го сака и на Балканот, поделби, конфликти, додека интересот на САД е да се запре сето тоа, почнувајќи со афирмација во официјална пишана форма на македонскиот идентитет - вели Џозеф во интервју за ТВ Клан Македонија.
Според него, на тој начин со американската афирмација на македонскиот идентитет, нација и јазик, ќе се испрати порака до Софија: „Вие никогаш нема да победите, никогаш нема да го избришете македонскиот идентитет“. Тој смета дека тоа е сигналот што им треба во Бугарија и на бугарските лидери, како премиерот Кирил Петков, кои сакаат да го решат ова прашање.
Им даваат простор на историчарите во заедничката комисија да разговараат, врз експертска основа, а не врз основа на сила, од типот „ние сме посилни од вас, па не мораме да ги почитуваме одредбите од Договорот за пријателство, вие мора да ја слушате нашата верзија на историјата, со сила“. Тоа е против принципите на НАТО, на ЕУ и на САД - додава Џозеф.
Според него, по падот на Владата на Петков, како технички премиер во Бугарија би можел да се врати Стефан Јанев, кој како министер за одбрана руската агресија врз Украина ја нарекуваше „специјална воена операција“.
Значи ќе имаме човек на Путин, кој одново ќе го води шоуто во Бугарија, членка на НАТО и ЕУ. Тоа е голем проблем за претседателот Бајден. Тоа е голем проблем за НАТО. Дополнително, во Македонија имаме лојална членка на НАТО, земја што пружа целосна поддршка за Украина. Знаеме дека лидерството на земјата, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски ќе се соочат со остри критики, загрижености и напади. Тоа веќе го видовме од ВМРО, од Христијан Мицковски. Значи веќе имаше реакции поради францускиот предлог овде. Ова значи дека претседателот Бајден ќе има двојна криза овде. Односите меѓу две земји, сојузнички во НАТО ќе се влошат, а тоа е загриженост за САД - оценува Џозеф.
Запрашан за коментар на „францускиот прелог“, Џозеф вели дека не верува оти Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон имале „лоши мотиви“, туку проблем е е во „слабоста и немоќта на Европската Унија“.
Значи Макрон, како и други ЕУ земји, и се разбира САД, иако не се членка на ЕУ, сакаат да биде кренато ветото и Македонија и Албанија да можат да почнат преговори. Очајни се за да се крене ветото. Но, проблемот е што се многу слаби, а Бугарија ја користи таа ситуација, ја искористува, злоупотребувајќи го процесот на ЕУ. Правилата, протоколите на ЕУ велат дека не смеете да внесувате билатерални прашања во пристапниот процес. Тој процес се однесува на друго – дали Македонија ги исполнува условите, дали спроведува реформи и владеење на правото и други прашања, но не за поплаки околу историјата и јазикот - истакнува Џозеф.
Тој смета дека во сегашните услови на ЕУ и се потребни САД „за запирање на Путин во Украина и за запирање на агресија кон идентитетот и малтретирањето од Бугарија“.
Потребни се САД да се вклучат и да ја охрабрат Македонија дека Вашингтон го признава македонскиот идентитет и да и пратат сигнал на Бугарија дека „нема никогаш да ја постигне својата цел, никогаш нема да го избрише македонскиот идентитет“. Тоа е клучното - заклучува Џозеф во интервјуто.

The post Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија е веќе и проблем на НАТО appeared first on Република.

]]>
Едвард Џозеф: Бугарската блокада е мошне позитивна политика за Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edvard-dzozef-bugarskata-blokada-e-moshne-pozitivna-politika-za-rusija/ Tue, 07 Jun 2022 21:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=512394

САД треба да реагираат на Балканот каде ЕУ не може да постигне поместување на позициите, коментираше за Гласот на Америка аналитичарот Едвард Џозеф од Школата за напредни и меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Тој се осврна на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија, прв од таков вид, и влијанието врз регионот.

Тајмингот на одржување на Стратешкиот дијалог во Вашингтон не можеше да биде подобар за Македонија, затоа што подоцна месецов ЕУ ќе одржи Самит од каде ќе биде донесена одлука за евентуален излез од овој анти-демократски и проруски маневар на Бугарија со блокирањето на почетокот на преговорите за Скопје и за Тирана, рече Едвард Џозеф во изјава за Гласот на Америка

Според Џозеф, аналитичар со фокус на Балканот, земјава се уште ги чувствува негативните последици од Бугарија со ветото, а ситуацијата е уште повеќе влошена по инвазијата на Русија во Украина.

Тој изјави дека Македонија и Албанија го имаат исполнето тоа што од нив се бараше за почеток на преговори со ЕУ, и затоа блокирањето на интегративниот процес претставува проблем за самата ЕУ, но и за САД.

-Бугарската блокада е мошне позитивна за Русија. Тоа е важно да се нагласи. Интересот на Русија да го спречи Балканот да се придвижи кон стабилност кон ЕУ и НАТО, рече аналитичарот.

Блокирањето на двете земји и помага и на Србија да носи одлуки кои се косат со меѓународната заедница, наведува Џозеф.

Србија е на страната на Русија. Ваквата ситуација дава моќ на Белград јавно да го предизвика воведувањето санкции врз Русија, или да мора да постигне договор за Косово, кога нема јасен патоказ за членство во ЕУ, како што е тоа во случајот со Македонија и со Албанија, кои се заглавени поради бугарското вето, смета тој.

Според него, актуелната политика на Бугарија кон проширувањето на ЕУ, само оди во прилог на интересите на Русија во регионот.

Тој анализираше и дека Србија им пркоси на повиците на ЕУ и САД да воведат санкции врз Русија, и дека хрватскиот претседател се заканува дека ќе го блокира членството на Финска и Шведска во НАТО доколку нема решение за некои наталожени предизвици во Босна и Херцеговина.

The post Едвард Џозеф: Бугарската блокада е мошне позитивна политика за Русија appeared first on Република.

]]>

САД треба да реагираат на Балканот каде ЕУ не може да постигне поместување на позициите, коментираше за Гласот на Америка аналитичарот Едвард Џозеф од Школата за напредни и меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон. Тој се осврна на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија, прв од таков вид, и влијанието врз регионот.
Тајмингот на одржување на Стратешкиот дијалог во Вашингтон не можеше да биде подобар за Македонија, затоа што подоцна месецов ЕУ ќе одржи Самит од каде ќе биде донесена одлука за евентуален излез од овој анти-демократски и проруски маневар на Бугарија со блокирањето на почетокот на преговорите за Скопје и за Тирана, рече Едвард Џозеф во изјава за Гласот на Америка
Според Џозеф, аналитичар со фокус на Балканот, земјава се уште ги чувствува негативните последици од Бугарија со ветото, а ситуацијата е уште повеќе влошена по инвазијата на Русија во Украина. Тој изјави дека Македонија и Албанија го имаат исполнето тоа што од нив се бараше за почеток на преговори со ЕУ, и затоа блокирањето на интегративниот процес претставува проблем за самата ЕУ, но и за САД.
-Бугарската блокада е мошне позитивна за Русија. Тоа е важно да се нагласи. Интересот на Русија да го спречи Балканот да се придвижи кон стабилност кон ЕУ и НАТО, рече аналитичарот.
Блокирањето на двете земји и помага и на Србија да носи одлуки кои се косат со меѓународната заедница, наведува Џозеф.
Србија е на страната на Русија. Ваквата ситуација дава моќ на Белград јавно да го предизвика воведувањето санкции врз Русија, или да мора да постигне договор за Косово, кога нема јасен патоказ за членство во ЕУ, како што е тоа во случајот со Македонија и со Албанија, кои се заглавени поради бугарското вето, смета тој.
Според него, актуелната политика на Бугарија кон проширувањето на ЕУ, само оди во прилог на интересите на Русија во регионот. Тој анализираше и дека Србија им пркоси на повиците на ЕУ и САД да воведат санкции врз Русија, и дека хрватскиот претседател се заканува дека ќе го блокира членството на Финска и Шведска во НАТО доколку нема решение за некои наталожени предизвици во Босна и Херцеговина.