едукација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edukacija/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Sep 2024 16:16:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png едукација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edukacija/ 32 32 Едукација за здравствени работници, соработници и помошно-медицински персонал на ТОАРИЛУЦ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/edukatsija-za-zdravstveni-rabotnitsi-sorabotnitsi-i-pomoshno-meditsinski-personal-na-toariluts/ Sun, 01 Sep 2024 16:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=812081

Едукации за здравствени работници, соработници и помошно-медицински персонал на ТОАРИЛУЦ беа организирани во насока на континуирана медицинска едукација во рамките на оваа Клиника.

– Наш императив е унапредување на безбедноста на работниците од една страна, како и унапредување на третманот за пациентите од друга страна. За таа цел над 50 здравствени работници и соработници беа дел од оваа едукација, во рамки на дводневна обука. За нас континуираната медицинска едукација и надградба е од витално значење и како ново раководство се обврзуваме дека посебен фокус ќе ставаме токму на едукативниот аспект, а оваа пракса ќе продолжи и во наредниот период – информираат од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, појаснувајќи дека по овој принцип силна заложба е кариерниот развој на сите профили на медицински профили во рамки на оваа Клиника.

The post Едукација за здравствени работници, соработници и помошно-медицински персонал на ТОАРИЛУЦ appeared first on Република.

]]>

ДИК ги усвои предлог-програмите за едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-gi-usvoi-predlog-programite-za-edukatsija-na-izbornite-organi-graganite-i-drugi-chiniteli-vo-izborite/ Sun, 24 Mar 2024 12:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=758102

Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за објава на опис на избирачки места на веб-страната на ДИК, и ги усвои програмите за задолжителна едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите.

На 89. Седница ДИК донесе одлука да се објават описите на избирачките места на веб-страницата на ДИК и да ги информираат граѓаните за начинот на објавување.

Во однос на Предлог – програмата за задолжителна едукација на изборните органи, тие посочија дека таа е со цел поголема професионалност и одговорност на изборните органи во спроведувањето на изборите.

„Сите сертифицирани обучувачи, околу 130 врз основа на план и програма прават задолжителна обука за сите изборни органи, им се даваат пишани прирачници и практични интерактивни обуки“, посочи членот Борис Кондарко.

На овој начин, според него, придонесуваат кон унификација и воедначена примена на Изборниот законик.

Предлог – програмата за едукација на граѓани, како што дополни, е со цел да ги информираат граѓаните и гласачите за начинот на остварувањето на нивните права и во овој дел ќе биде опфатена и во јавна медиумска кампања

Во однос на Предлог – програма за едукација на други чинители во изборите, како што се политички партии, кандидати, медиуми и невладини организации, програмата има за цел правилно или прецизно информирање за изборните процеси и елиминација на можноста од дезинформирање и пласирање лажни информации.

The post ДИК ги усвои предлог-програмите за едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за објава на опис на избирачки места на веб-страната на ДИК, и ги усвои програмите за задолжителна едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите. На 89. Седница ДИК донесе одлука да се објават описите на избирачките места на веб-страницата на ДИК и да ги информираат граѓаните за начинот на објавување. Во однос на Предлог – програмата за задолжителна едукација на изборните органи, тие посочија дека таа е со цел поголема професионалност и одговорност на изборните органи во спроведувањето на изборите. „Сите сертифицирани обучувачи, околу 130 врз основа на план и програма прават задолжителна обука за сите изборни органи, им се даваат пишани прирачници и практични интерактивни обуки“, посочи членот Борис Кондарко. На овој начин, според него, придонесуваат кон унификација и воедначена примена на Изборниот законик. Предлог – програмата за едукација на граѓани, како што дополни, е со цел да ги информираат граѓаните и гласачите за начинот на остварувањето на нивните права и во овој дел ќе биде опфатена и во јавна медиумска кампања Во однос на Предлог – програма за едукација на други чинители во изборите, како што се политички партии, кандидати, медиуми и невладини организации, програмата има за цел правилно или прецизно информирање за изборните процеси и елиминација на можноста од дезинформирање и пласирање лажни информации.

The post ДИК ги усвои предлог-програмите за едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите appeared first on Република.

]]>
Како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки: Народната банка ги едуцира граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kako-da-se-zashtitat-od-izmami-preku-somnitelni-poraki-narodnata-banka-gi-edutsira-graganite/ Tue, 27 Feb 2024 10:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=748839

Народната банка соопшти дека обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг). Според Банката, брзиот технолошки развој и дигитализацијата, отворањето на ИТ-системите кон надворешни платформи за комуникација, сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, наметна потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на граѓаните за безбедносните стандарди во борбата против измамите преку сомнителни пораки.

Народната банка е задолжена за воведување безбедносни стандарди од страна на деловните банки. Меѓутоа, очигледно е дека со развојот на технологијата, клиентите на оние банки со послаби безбедносни стандарди полесно стануваат жртви на измама. Како најраспространет начин на напад претставуваат измамите преку сомнителни пораки. Станува збор за кибернапад во кој напаѓачите користат измамнички тактики за да обезбедат чувствителни информации, како што се кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички или други лични податоци - вели Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи во Народната банка за платформата „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии.

Јанкоски објаснува дека овој вид измама е мрежна измама во која напаѓачите испраќаат електронски пораки коишто изгледаат како да доаѓаат од постоечки банки и бараат од вас да наведете определени чувствителни податоци. Најчесто тоа се постигнува со вклучување врска којашто ги носи граѓаните до веб-локација каде што би требало да ги внесат своите податоци, но веб-локацијата е лажна, а информациите одат директно во рацете на напаѓачите. Истакнува дека е многу битно при ваквите измами да се провери од каде доаѓа адресата, дали е онаа адреса преку која банката вообичаено воспоставува контакт, дали пораката упатува на итност и дали има некаква е-врска во самата порака.

Тоа се црвените сигнали според кои граѓаните треба да сфатат дека се работи за порака со сомнителна содржина. Таа може да дојде од различни канали, па покрај преку електронските пораки, може да дојде и од лажни веб-локации коишто имитираат легитимни веб-страници или преку испраќање лажни текстуални пораки (СМС) коишто стигнуваат на вашиот телефон. Сакам да укажам дека граѓаните треба да обрнат внимание и на објавите на социјалните мрежи и злонамерното рекламирање - истакнува Јанкоски.

Според него, важно е граѓаните да се едуцираат како да се заштитат од кибернапад, а Народната банка во соработка со Институтот за комуникациски студии објави едукативен видеоматеријал на платформата „Само прашај“.

The post Како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки: Народната банка ги едуцира граѓаните appeared first on Република.

Едукативна тура на „Гастромак“ во училиштата во Штип и Струмица: Едукација за идните готвачи, хотелиери и слаткари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/edukativna-tura-na-gastromak-vo-uchilishtata-vo-shtip-i-strumitsa-edukatsija-za-idnite-gotvachi-hotelieri-i-slatkari/ Tue, 10 Oct 2023 08:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=689747

„Гастромак и пријателите“ е насловот на седмото издание на Гастромак, што е замислено како едукативна тура која започна во прекрасниот Love by Allikas, каде со традиционалните гастрономски егзибиции беа пречекани гастрономските асови.
„Продолжуваме работно и понатаму со пријателството и довербата, на кои им се удрени темелите уште пред неколку години, вели претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, велејќи дека присуството на готвачката елита кај нас значи и унапредувањето на нашата гастрономска сцена.
„Гастромак“ и годинава ќе ја исполни својата цел со предавањата и мастер класовите на етаблираните готвачки имиња од екс -ју простори: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, ама и Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, што ќе се случуваат во средните угостителски училишта „Коле Нехтенин“ во Штип и „Димитар Влахов“ во Струмица. Со ова ќе се унапреди знаењето и светогледите на идните готвачи, слаткари, хотелиери...

Предавањата и презентациите ќе започнат во средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“ каде најголемите мастер шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, преку своите инспиративни биографски приказни ќе посочат колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет. Предавањата ќе продолжат и во „Димитар Влахов“во Струмица каде учениците ќе дознаат како се стигнува до Мишелин ѕвезда, како се создава угостителски бренд, ќе дознаат се за Медитеранската кујна и за разликите помеѓу модерната и традиционалната кујна.

The post Едукативна тура на „Гастромак“ во училиштата во Штип и Струмица: Едукација за идните готвачи, хотелиери и слаткари appeared first on Република.

]]>

„Гастромак и пријателите“ е насловот на седмото издание на Гастромак, што е замислено како едукативна тура која започна во прекрасниот Love by Allikas, каде со традиционалните гастрономски егзибиции беа пречекани гастрономските асови. „Продолжуваме работно и понатаму со пријателството и довербата, на кои им се удрени темелите уште пред неколку години, вели претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, велејќи дека присуството на готвачката елита кај нас значи и унапредувањето на нашата гастрономска сцена. „Гастромак“ и годинава ќе ја исполни својата цел со предавањата и мастер класовите на етаблираните готвачки имиња од екс -ју простори: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, ама и Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, што ќе се случуваат во средните угостителски училишта „Коле Нехтенин“ во Штип и „Димитар Влахов“ во Струмица. Со ова ќе се унапреди знаењето и светогледите на идните готвачи, слаткари, хотелиери... Предавањата и презентациите ќе започнат во средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“ каде најголемите мастер шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, преку своите инспиративни биографски приказни ќе посочат колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет. Предавањата ќе продолжат и во „Димитар Влахов“во Струмица каде учениците ќе дознаат како се стигнува до Мишелин ѕвезда, како се создава угостителски бренд, ќе дознаат се за Медитеранската кујна и за разликите помеѓу модерната и традиционалната кујна.  

The post Едукативна тура на „Гастромак“ во училиштата во Штип и Струмица: Едукација за идните готвачи, хотелиери и слаткари appeared first on Република.

]]>
ИЗИИС за Скопје: Едукативни посети на деца од претшколска и школска возраст за рана едукација на најмладите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/iziis-za-skopje-edukativni-poseti-na-detsa-od-pretshkolska-i-shkolska-vozrast-za-rana-edukatsija-na-najmladite/ Tue, 23 May 2023 08:20:23 +0000 https://republika.mk/?p=643839

Под мотото „ИЗИИС за Скопје“, тимот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија започна со посебно дизајнирани едукативни посети на деца од претшколска и школска возраст, со што дава акцент на вредноста на рана едукација каде најмладите жители на Скопје имаа можност да го истражуваат фасцинантниот свет на земјотресите преку забавни и динамични презентации и активности.

„Организиравме серија интерактивни работилници за најмладите, како потсетник на Скопје и земјотресот пред 60 години. Подготвивме наменски визуелни помошни алатки и практични демонстрации, при што ги запознаваме со концептот земјотрес и на начин соодветен на возраста се фокусираме на теми безбедност, отпорност и подготвеност„ - истакнуваат од ИЗИИС.

Со оваа серија работилници, оваа етаблирана и меѓународно призната научна институција го започна проектот „Градиме издржливост„ посветен на шесте децении од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје. Одбележувањето на годишнината од настанот, нема само да биде потсетник туку ќе има за цел да ги едуцира новите генерации за безбедноста од земјотресите. Беа посетени неколку градинки, основни и средни училишта низ Скопје,а програма опфаќаше од науката за земјотресите до подготвеност за итни случаи.

После трите недели во кои се одржаа серијата едукативни работилници, проектот на ИЗИИС продолжува кон истражување на сеизмичката сигурност и безбедност на три објекти кои се од особен интерес и се симболи на пост-земјотресно Скопје: МАНУ - Македонска Академија на Науки и Уметности, Музеј на град Скопје и Македонска Радио Телевизија (МРТ).

The post ИЗИИС за Скопје: Едукативни посети на деца од претшколска и школска возраст за рана едукација на најмладите appeared first on Република.

Едукација и практична настава на студентите за видео продукција, филмски уметности и фотографија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/edukacija-i-praktichna-nastava-na-studentite-za-video-produkcija-filmski-umetnosti-i-fotografija/ Fri, 29 Apr 2022 08:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=495128

Едукацијата и практичната настава на студентите за видео продукција, филмски уметности и фотографија ќе биде унапредена со меморандумот за соработка кој го потпишаа ДЕОСОЛ Медиа и Интернационалниот универзитет „ЕУРОПА ПРИМА”, Ректорот на универзитетот Д-р. Александар Трајковски и Дејан Станчевски од ДЕОСОЛ Медиа.

Соработката подразбира размена на информации од заеднички интерес, споделување на нови и тековни искуства, креирање и учество на настани од областа на филмските уметности кои ќе придонесат за едукација и инклузија преку развој на писменост, способност и практична настава на студентите во секторот за видео продукција , филмски уметности и фотографија во проектите и работата на ДЕОСОЛ Медиа, вели Дејан Станчевски.

На потпишувањето присуствуваа и дадоа поддршка Деканот на факултетот за филмски уметности М-р. Елена Бојаџиева Цветковска, професорот по филмска и ТВ камера М-р. Горан Наумовски, Александар Терпини, а истата е поддржана и од претседателот Д-р. Јордан Плевнеш.

На Универзитетот Еуропа Прима студентите имаат можност да студираат на едни од најатрактивните катедри кои се дел од креативните индустрии како едни од водечките професии во моментов. Додипломските и постдипломски студии овозможуваат интелектуален и креативен процес кој е пресуден за развивање на талентот што го поседуваат студентите. Трите факултети (фаултет за филмски, театарски и музички уметности) се во симбиоза преку која едни со други се надополнуваат и овозможуваат соработка и во иднина, смета Елена Бојаџиева,  Декан на факултетот за филмски уметности.

Ректорот на универзитетот Д-р. Александар Трајковски вели дека за Универзитетот особено е значајно воведувањето на дефицитарни катедри од областа на аудиовизуелните уметности, како што се: фотографија, анимација и звучен инженеринг.

Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима е единствената високообразовна институција во Македонија на која што се образуваат кадри за овие професии. Ние ги едуцираме студентите да бидат технички квалификувани, визуелно описменети и креативно подготвени за светот во којшто влегуваат.  Од неодамна значаен дел има и програмата Еразмус од која сме дел, преку која имаат можност да искусат и пренесат дел од европските искуства на исти или слични факутети со кои имаме соработка, информира Трајковски.

The post Едукација и практична настава на студентите за видео продукција, филмски уметности и фотографија appeared first on Република.