EDUCut Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/educut/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 14:03:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png EDUCut Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/educut/ 32 32 Снимен првиот краток игран филм со поддршка на мрежата Edu Cuts https://arhiva3.republika.mk/scena/film/snimen-prviot-kratok-igran-film-so-poddrshka-na-mrezhata-edu-cuts/ Wed, 21 Aug 2024 14:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=808714

Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts чии активности се спроведуваат во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, предвидува поддршка за снимање на 3 кратки филмa на млади режисери кои учествуваа на работилниците што изминативе месеци се спроведуваа со поддршка на British Council.

Средношколецот Јон Будина од Албанија е првиот млад филмски автор што доби поддршка за снимање на краток филм, во рамките на мрежата Edu Cuts, што ги поддржува младите во Западен Балкан. Јон го сними својот дебитантски филм „Моне” во текот на јули, а во текот на месецов ќе биде завршена монтажата. Со овој филм Јон ќе аплицира на студиите по филмска режија во Романија, а потоа ќе аплицира за учество на филмски фестивали.

Филмот на Јон е еден од трите проекти избрани да добијат поддршка со бесплатно користење опрема за снимање кратки филмови како резултат на двете онлајн работилници под менторство на Стефан Арсенијевиќ и Вања Ковачевиќ од платформата First film First. На работилниците учествуваа над триесет филмаџии од сите земји на Западен Балкан. Останатите два филма се очекува да се снимаат во текот на октомври и ноември годинава.

Мрежата EDU CUTS опфаќа филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на младите таленти. (www.educuts.com)

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Снимен првиот краток игран филм со поддршка на мрежата Edu Cuts appeared first on Република.

]]>

Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts чии активности се спроведуваат во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, предвидува поддршка за снимање на 3 кратки филмa на млади режисери кои учествуваа на работилниците што изминативе месеци се спроведуваа со поддршка на British Council. Средношколецот Јон Будина од Албанија е првиот млад филмски автор што доби поддршка за снимање на краток филм, во рамките на мрежата Edu Cuts, што ги поддржува младите во Западен Балкан. Јон го сними својот дебитантски филм „Моне” во текот на јули, а во текот на месецов ќе биде завршена монтажата. Со овој филм Јон ќе аплицира на студиите по филмска режија во Романија, а потоа ќе аплицира за учество на филмски фестивали. Филмот на Јон е еден од трите проекти избрани да добијат поддршка со бесплатно користење опрема за снимање кратки филмови како резултат на двете онлајн работилници под менторство на Стефан Арсенијевиќ и Вања Ковачевиќ од платформата First film First. На работилниците учествуваа над триесет филмаџии од сите земји на Западен Балкан. Останатите два филма се очекува да се снимаат во текот на октомври и ноември годинава. Мрежата EDU CUTS опфаќа филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на младите таленти. (www.educuts.com) Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Снимен првиот краток игран филм со поддршка на мрежата Edu Cuts appeared first on Република.

]]>