едуард хегер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eduard-heger/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Jun 2022 12:51:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png едуард хегер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eduard-heger/ 32 32 Ковачевски – Хегер: Да започнат пристапните преговори без одлагање за да се обезбеди стабилноста на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-heger-da-zapochnat-pristapnite-pregovori-bez-odlaganje-za-da-se-obezbedi-stabilnosta-na-regionot/ Fri, 03 Jun 2022 12:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=510685

На маргините на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 што се одржува во Братислава, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со неговиот колега, премиерот на Словачка Република Едуард Хегер.

На средбата двајцата премиери изразија задоволство од билатералните односи меѓу двете земји кои во последно време дополнително се динамизираат и унапредуваат со отворањето на амбасадата на Република Македонија во Братислава.

Двајцата премиери на средбата истакнаа дека активностите на амбасадата ќе дадат дополнителен поттик за сеопфатен развој на билатерални односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската соработка со Словачка и со земјите членки на Вишеградската група.

Премиерот Ковачевски во разговорот со словачкиот премиер Хегер се заблагодари за континуираните јавни застапувања и изјави на највисоки претставници на Словачката Република за недвосмислената поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ, каква што беше заедничката иницијатива со Чешката Република за блокирањето на усвојувањето на заклучоците на ЕУ во однос на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан кои содржат неприфатливи референци за некои историски прашања.

Премиерите Ковачевски и Хегер се согласија дека е крајно време Македонија и регионот да добијат силна, јасна и кохерентна порака од сите земји членки и институции на ЕУ за почеток на преговорите за членство за да се потврди нивната европска перспектива.

Застојот во процесот на пристапување во ЕУ, беше речено на средбата, предизвикува силни безбедносни ризици, и сега е моментот конзистентните напори на Македонија и Албанија да се препознаат од страна на ЕУ со што побрзо започнување на пристапните преговори без одлагање.

The post Ковачевски – Хегер: Да започнат пристапните преговори без одлагање за да се обезбеди стабилноста на регионот appeared first on Република.

]]>

На маргините на конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 што се одржува во Братислава, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски оствари средба со неговиот колега, премиерот на Словачка Република Едуард Хегер. На средбата двајцата премиери изразија задоволство од билатералните односи меѓу двете земји кои во последно време дополнително се динамизираат и унапредуваат со отворањето на амбасадата на Република Македонија во Братислава. Двајцата премиери на средбата истакнаа дека активностите на амбасадата ќе дадат дополнителен поттик за сеопфатен развој на билатерални односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската соработка со Словачка и со земјите членки на Вишеградската група. Премиерот Ковачевски во разговорот со словачкиот премиер Хегер се заблагодари за континуираните јавни застапувања и изјави на највисоки претставници на Словачката Република за недвосмислената поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ, каква што беше заедничката иницијатива со Чешката Република за блокирањето на усвојувањето на заклучоците на ЕУ во однос на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан кои содржат неприфатливи референци за некои историски прашања. Премиерите Ковачевски и Хегер се согласија дека е крајно време Македонија и регионот да добијат силна, јасна и кохерентна порака од сите земји членки и институции на ЕУ за почеток на преговорите за членство за да се потврди нивната европска перспектива. Застојот во процесот на пристапување во ЕУ, беше речено на средбата, предизвикува силни безбедносни ризици, и сега е моментот конзистентните напори на Македонија и Албанија да се препознаат од страна на ЕУ со што побрзо започнување на пристапните преговори без одлагање.

The post Ковачевски – Хегер: Да започнат пристапните преговори без одлагање за да се обезбеди стабилноста на регионот appeared first on Република.

]]>
Словачкиот премиер: Ако Украина падне, следни сме ние https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovachkiot-premier-ako-ukraina-padne-sledni-sme-nie/ Wed, 25 May 2022 16:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=506874

Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска предупреди дека иднината на неговата земја е во опасност доколку Русија целосно ја освои Украина.

„Ако Украина падне, Словачка е следна. Тие (Украина) мора да победат“, рече Хегер на панелот на Светскиот економски форум во Давос.

Хегер ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на руската енергија. Тој ги повика европските лидери да не ги компромитираат своите принципи во односите со Русија, пренесува Си-Ен-Ен.

„Предолго ги тргуваме нашите вредности за евтин гас и нафта. Компромисите со Путин предизвикаа војна во Украина. Агресивна војна во која гинат луѓе“, изјави Хегер.

Украинците, како што рече, „ја пролеваат крвта за нашите вредности, за да не мораме ние“.

Хегер ја повика ЕУ да работи со Украина и Западен Балкан за да се исполнат „стандардизираните правила за да можат да се приклучат на ЕУ“.

The post Словачкиот премиер: Ако Украина падне, следни сме ние appeared first on Република.

]]>

Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска предупреди дека иднината на неговата земја е во опасност доколку Русија целосно ја освои Украина.
„Ако Украина падне, Словачка е следна. Тие (Украина) мора да победат“, рече Хегер на панелот на Светскиот економски форум во Давос.
Хегер ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на руската енергија. Тој ги повика европските лидери да не ги компромитираат своите принципи во односите со Русија, пренесува Си-Ен-Ен.
„Предолго ги тргуваме нашите вредности за евтин гас и нафта. Компромисите со Путин предизвикаа војна во Украина. Агресивна војна во која гинат луѓе“, изјави Хегер.
Украинците, како што рече, „ја пролеваат крвта за нашите вредности, за да не мораме ние“. Хегер ја повика ЕУ да работи со Украина и Западен Балкан за да се исполнат „стандардизираните правила за да можат да се приклучат на ЕУ“.

The post Словачкиот премиер: Ако Украина падне, следни сме ние appeared first on Република.

]]>