едносменска настава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ednosmenska-nastava/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 12:39:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png едносменска настава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ednosmenska-nastava/ 32 32 Јаневска: Воведувањето на едносменската настава е со цел учениците да стекнуваат на различни начини повеќе знаење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-voveduvaneto-na-ednosmenskata-nastava-e-so-tsel-uchenitsite-da-steknuvaat-na-razlichni-nachini-poveke-znaene/ Fri, 06 Sep 2024 12:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=813829

Bоведувањето на едносменско работење на училиштата, таму каде што е можно е дел од реформата во образованието, а целта е учениците да бидат подолго во училиштата, за да стекнуваат на различни начини што повеќе знаење, истакна денеска Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во Скопје, која одговараше на новинарско прашање за воведување на едносменската настава во основните и средните училишта во земјава.

Таа додаде дека оваа реформа е и за наставниците да станат функционални во корист на знаењето, компетенциите и вештините на учениците.

-Ова е цела една Стратегија. Општо е познато дека ние во земјава имаме вишок на наставници, а се помалку деца. Но, не велиме дека тие се вишок, оти нас ни требаат наставниците, за да го подигнат квалитетот на знаењето. Ние сме последни на сите меѓународни тестирања и домашните тестирања покажуваат дека нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа, каде што ние се стремиме, рече Јаневска.

Министерката за образование и наука, Јаневска појаснува дека учениците кои ќе следат едносменска настава нема цел ден да бидат над книгата, туку целта е интерактивно да го совладаат материјалот.

-Ако имаат домашна, истражување, проектна задача да го завршат тоа, да имаат многу спорт, да имаат многу информатика, да имаат претприемништво, да имаат физичко. Значи се она што им е потребно за реално да влезат во животот, за којшто се подготвуваат. Но и да научат критичко мислење, она што им недостасува на нашите деца, да научат решавање на проблеми, препознавање на проблеми од типот на булинг, препознавање и прифаќање на различностите, појасни Јаневска.

Министерката за образование и наука истакна дека досегашниот образовен систем не го овозможува сето ова.

Јаневска вели престојот на децата во училиштата нема да им биде тежок, бидејќи освен настава ќе имаат разговори и слободно време. -Значи не е ништо страшно.

Таму каде што има услови започнуваме со оваа реформа.

Таму каде што нема услови, каде што децата и наставниците се во две смени не ни очекуваме тоа да се спроведува, изјави Јаневска во Скопје по потпишувањето на партнерство меѓу групацијата НЕЛТ и УНИЦЕФ за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини.

The post Јаневска: Воведувањето на едносменската настава е со цел учениците да стекнуваат на различни начини повеќе знаење appeared first on Република.

]]>

Bоведувањето на едносменско работење на училиштата, таму каде што е можно е дел од реформата во образованието, а целта е учениците да бидат подолго во училиштата, за да стекнуваат на различни начини што повеќе знаење, истакна денеска Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во Скопје, која одговараше на новинарско прашање за воведување на едносменската настава во основните и средните училишта во земјава. Таа додаде дека оваа реформа е и за наставниците да станат функционални во корист на знаењето, компетенциите и вештините на учениците.
-Ова е цела една Стратегија. Општо е познато дека ние во земјава имаме вишок на наставници, а се помалку деца. Но, не велиме дека тие се вишок, оти нас ни требаат наставниците, за да го подигнат квалитетот на знаењето. Ние сме последни на сите меѓународни тестирања и домашните тестирања покажуваат дека нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа, каде што ние се стремиме, рече Јаневска.
Министерката за образование и наука, Јаневска појаснува дека учениците кои ќе следат едносменска настава нема цел ден да бидат над книгата, туку целта е интерактивно да го совладаат материјалот.
-Ако имаат домашна, истражување, проектна задача да го завршат тоа, да имаат многу спорт, да имаат многу информатика, да имаат претприемништво, да имаат физичко. Значи се она што им е потребно за реално да влезат во животот, за којшто се подготвуваат. Но и да научат критичко мислење, она што им недостасува на нашите деца, да научат решавање на проблеми, препознавање на проблеми од типот на булинг, препознавање и прифаќање на различностите, појасни Јаневска.
Министерката за образование и наука истакна дека досегашниот образовен систем не го овозможува сето ова. Јаневска вели престојот на децата во училиштата нема да им биде тежок, бидејќи освен настава ќе имаат разговори и слободно време. -Значи не е ништо страшно. Таму каде што има услови започнуваме со оваа реформа.
Таму каде што нема услови, каде што децата и наставниците се во две смени не ни очекуваме тоа да се спроведува, изјави Јаневска во Скопје по потпишувањето на партнерство меѓу групацијата НЕЛТ и УНИЦЕФ за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини.

The post Јаневска: Воведувањето на едносменската настава е со цел учениците да стекнуваат на различни начини повеќе знаење appeared first on Република.

]]>
Од први септември 124 основни и средни училишта може да работат само прва смена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-prvi-septemvri-124-osnovni-i-sredni-uchilishta-mozhe-da-rabotat-samo-prva-smena/ Mon, 19 Aug 2024 16:08:24 +0000 https://republika.mk/?p=808020

Од први септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека со дел од училиштата сѐ уште се разговара, а дел веќе самостојно одлучиле од септември да почнат со едносменска настава.

Во тек е и анализата што ја прави Министерството за образование и наука, а ни помага и Светска банка, што точно ќе покаже кои училишта имаат можност да работат само во една смена. Според првичните сознанија, уште 50-тина училишта, со доградба на една до пет училници, би можеле да работат само во една смена, изјави министерката Јаневска.

Појасни дека овозможувањето едносменска настава е приоритет на Министерството и во следните неколку години ќе се вршат прилагодувања на сите училишта. Со тоа ќе се промени и самиот начин на учење и ангажирањето на наставниците, а за учениците ќе значи подолг престој во училиште исполнет со различни дополнителни наставни и воннаставни активности, кои во светот се покажале корисни во образовниот процес.

The post Од први септември 124 основни и средни училишта може да работат само прва смена appeared first on Република.

Јаневска: Охридската гимназија воведува едносменска настава, ги охрабрувам и другите да го следат овој пример https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ohridskata-gimnazija-voveduva-ednosmenska-nastava-gi-ohrabruvam-i-drugite-da-go-sledat-ovoj-primer/ Sat, 29 Jun 2024 16:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=791917

Учениците од прва до четврта година во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, од идната учебна година ќе посетуваат настава во една смена. Министерката за образование и наука (МОН) Весна Јаневска ги повикува и ги охрабрува и другите општини и училишта да го следат овој пример.

Една од целите во програмата со која настапивме пред граѓаните е едносменска настава во училиштата. Тоа ќе значи помалку трошоци, односно буџетски заштеди кои би можеле да се алоцираат во други инвестиции за поквалитетно образование. И оваа цел, во соработка со општините веќе почнуваме да ја остваруваме.

Учениците од прва до четврта година во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, од идната учебна година ќе посетуваат настава во една смена. Локалната самоуправа и училишното раководство ја препознаа придобивката од нашата иницијатива и успеаја да најдат начин како тоа го изведат. Секоја чест!, вели Јаневска.

The post Јаневска: Охридската гимназија воведува едносменска настава, ги охрабрувам и другите да го следат овој пример appeared first on Република.

]]>

Учениците од прва до четврта година во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, од идната учебна година ќе посетуваат настава во една смена. Министерката за образование и наука (МОН) Весна Јаневска ги повикува и ги охрабрува и другите општини и училишта да го следат овој пример.
Една од целите во програмата со која настапивме пред граѓаните е едносменска настава во училиштата. Тоа ќе значи помалку трошоци, односно буџетски заштеди кои би можеле да се алоцираат во други инвестиции за поквалитетно образование. И оваа цел, во соработка со општините веќе почнуваме да ја остваруваме. Учениците од прва до четврта година во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, од идната учебна година ќе посетуваат настава во една смена. Локалната самоуправа и училишното раководство ја препознаа придобивката од нашата иницијатива и успеаја да најдат начин како тоа го изведат. Секоја чест!, вели Јаневска.

The post Јаневска: Охридската гимназија воведува едносменска настава, ги охрабрувам и другите да го следат овој пример appeared first on Република.

]]>