едно име имаме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edno-ime-imame/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 12:17:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png едно име имаме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edno-ime-imame/ 32 32 Александар Тарабунов: Горд сум што ја препеав „Едно име имаме“ на Јонче, особено затоа што му беше голем пријател на татко ми! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/aleksandar-tarabunov-gord-sum-shto-ja-prepeav-edno-ime-imame-na-jonche-osobeno-zatoa-shto-mu-beshe-golem-prijatel-na-tatko-mi/ Tue, 25 Jul 2023 12:17:14 +0000 https://republika.mk/?p=665107

Можеби една од највпечатливите македонски песни „Едно име имаме“ отпеани од грлото на легендарниот Јонче Христовски, која е и своевидна химна и една од оние аманет-композиции со кои се идентификува македонскиот народ, маестро Николче Мицевски во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја спакува во ново руво, а Александар Тарабунов се обиде да ја донесе онака како што тој знае и умее – маестрално.

„Едно име имаме“ ја пеам одамна и ми е многу драга песна, ми буди убаво чувство за Македонија и горд сум што ја препеав и имам можност да ѝ ја претставам на публиката во едно ново руво“, вели Тарабунов и се присетува на една убава случка поврзана токму со македонската фолк легенда: „Одамна ми беше голема желба да препеам некоја од безвременските песни на Јонче Христовски бидејќи беа големи другари со татко ми. Се сеќавам дека кога бев мал на еден мој роденден Јонче ми подари цела ќеса џамлии „црнки“ коишто во тоа време беа највредните. Со роденденскиот подарок излегов во маало да играм со другарите и поголемите ме намирисаа и ми ги ќарија сите џамлии. Кога се вратив дома татко ми ме праша каде ми се џамлиите од Јонче, е а кога дозна каде се отиде на врата да им ги бара ха, ха, ха...“

Видеото за „Едно име имаме“ во изведба на Александар Тарабунов е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“, а во чии рамки се препеани 12 македонски легендарни песни, во изведба на 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Меѓу изведувачите кои публиката уште треба да ги слушне и види се и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска и Зуица Лазова.

Уживајте во изведбата на Тара и легендарната „Едно име имаме“ и, секако, очекувајте го концертниот караван кој ќе стартува кон крајот на летото и кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови

Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. Уживајте во гласот на Тара и неговата верзија на „Едно име имаме“:

https://www.youtube.com/watch?v=QhV2kukcM20

The post Александар Тарабунов: Горд сум што ја препеав „Едно име имаме“ на Јонче, особено затоа што му беше голем пријател на татко ми! appeared first on Република.

]]>

Можеби една од највпечатливите македонски песни „Едно име имаме“ отпеани од грлото на легендарниот Јонче Христовски, која е и своевидна химна и една од оние аманет-композиции со кои се идентификува македонскиот народ, маестро Николче Мицевски во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја спакува во ново руво, а Александар Тарабунов се обиде да ја донесе онака како што тој знае и умее – маестрално.
„Едно име имаме“ ја пеам одамна и ми е многу драга песна, ми буди убаво чувство за Македонија и горд сум што ја препеав и имам можност да ѝ ја претставам на публиката во едно ново руво“, вели Тарабунов и се присетува на една убава случка поврзана токму со македонската фолк легенда: „Одамна ми беше голема желба да препеам некоја од безвременските песни на Јонче Христовски бидејќи беа големи другари со татко ми. Се сеќавам дека кога бев мал на еден мој роденден Јонче ми подари цела ќеса џамлии „црнки“ коишто во тоа време беа највредните. Со роденденскиот подарок излегов во маало да играм со другарите и поголемите ме намирисаа и ми ги ќарија сите џамлии. Кога се вратив дома татко ми ме праша каде ми се џамлиите од Јонче, е а кога дозна каде се отиде на врата да им ги бара ха, ха, ха...“
Видеото за „Едно име имаме“ во изведба на Александар Тарабунов е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“, а во чии рамки се препеани 12 македонски легендарни песни, во изведба на 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Меѓу изведувачите кои публиката уште треба да ги слушне и види се и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска и Зуица Лазова. Уживајте во изведбата на Тара и легендарната „Едно име имаме“ и, секако, очекувајте го концертниот караван кој ќе стартува кон крајот на летото и кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови
Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. Уживајте во гласот на Тара и неговата верзија на „Едно име имаме“:
https://www.youtube.com/watch?v=QhV2kukcM20

The post Александар Тарабунов: Горд сум што ја препеав „Едно име имаме“ на Јонче, особено затоа што му беше голем пријател на татко ми! appeared first on Република.

]]>
Уште една бугаризација на „Едно мисла имаме“, сега Дана пее „България цяла да е“ и дека тие не се „руснаци и американци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-edna-bugarizacija-na-edno-misla-imame-sega-dana-pee-blgariya-cyala-da-e-i-deka-tie-ne-se-rusnaci-i-amerikanci/ Thu, 03 Nov 2022 08:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=569040

Песната „Една мисла имаме“ изведувана од македонскиот пејач Војо Стојаноски пред неколку години беше земена од бугарската пејачка Глорија, а познатите стихови преработени од „Македонија цела да е“ во „Бугарија цела да е“.

https://arhiva.republika.mk/949399

Станува збор за македонска песна чии автори се групата „Пелистер“, а текстот на Владе Георгиевски од истата група. Синот на легендарниот Војо, Драган Стојаноски неодамна реагираше дека никој од државата не се погрижил да реагира за авторските права на песната и како тоа од „чеда на Александар“ се дојде до „Аспарух“.

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-ukradoa-pesna-na-vojo-stojanovski-namesto-za-cheda-na-aleksandar-gordost-makedonska-se-pee-za-asparuh-gordost-bugarska/

Истата песна сега доби нова верзија од бугарската пејачка Дана. Покрај голем крст, облечена и во бугарско знаме, Дана пее „България цяла да е“ и како тие не се „ни Руси ни Американци“. Во описот на видеото никаде не стои кои се авторите на песната од 1992 година.

https://youtu.be/gH7ec2yEgLs

Новиот спот за „Всеки да я знае“ доаѓа само неколку недели по кражбата на „Свадба е голема“, исто така изведувана од Стојаноски. Текстот за „Свадба е голема“ го напиша Рад­ми­ла Ми­тро­виќ, а му­зи­ка­та и аранж­ма­нот се на неј­зи­ни­от со­пруг Ни­ко­ла Ми­тро­виќ. И нивните имиња се изоставени во бугарската верзија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/svatba-e-golema-bugarite-ukradoa-ushte-eden-hit-na-vojo-stojanovski/

The post Уште една бугаризација на „Едно мисла имаме“, сега Дана пее „България цяла да е“ и дека тие не се „руснаци и американци“ appeared first on Република.

]]>

Песната „Една мисла имаме“ изведувана од македонскиот пејач Војо Стојаноски пред неколку години беше земена од бугарската пејачка Глорија, а познатите стихови преработени од „Македонија цела да е“ во „Бугарија цела да е“. https://arhiva.republika.mk/949399 Станува збор за македонска песна чии автори се групата „Пелистер“, а текстот на Владе Георгиевски од истата група. Синот на легендарниот Војо, Драган Стојаноски неодамна реагираше дека никој од државата не се погрижил да реагира за авторските права на песната и како тоа од „чеда на Александар“ се дојде до „Аспарух“. https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-ukradoa-pesna-na-vojo-stojanovski-namesto-za-cheda-na-aleksandar-gordost-makedonska-se-pee-za-asparuh-gordost-bugarska/ Истата песна сега доби нова верзија од бугарската пејачка Дана. Покрај голем крст, облечена и во бугарско знаме, Дана пее „България цяла да е“ и како тие не се „ни Руси ни Американци“. Во описот на видеото никаде не стои кои се авторите на песната од 1992 година. https://youtu.be/gH7ec2yEgLs Новиот спот за „Всеки да я знае“ доаѓа само неколку недели по кражбата на „Свадба е голема“, исто така изведувана од Стојаноски. Текстот за „Свадба е голема“ го напиша Рад­ми­ла Ми­тро­виќ, а му­зи­ка­та и аранж­ма­нот се на неј­зи­ни­от со­пруг Ни­ко­ла Ми­тро­виќ. И нивните имиња се изоставени во бугарската верзија. https://republika.mk/vesti/makedonija/svatba-e-golema-bugarite-ukradoa-ushte-eden-hit-na-vojo-stojanovski/

The post Уште една бугаризација на „Едно мисла имаме“, сега Дана пее „България цяла да е“ и дека тие не се „руснаци и американци“ appeared first on Република.

]]>
Демонстрант на денот: Не може да ме попиташ, може да те пошљакам https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/demonstrant-na-denot-ne-moze-da-me-popitash-moze-da-te-poshljakam/ Thu, 07 Jul 2022 14:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=525442

Новинар од бугарска телевизија известува од протестите во Скопје и со цел памет среде толпа која скандира „Никогаш северна само Македонија“ и „Едно име имаме“ пред камерата изговара Северномакедонци. И тогаш на сцена стапува нашиот јунак.

The post Демонстрант на денот: Не може да ме попиташ, може да те пошљакам appeared first on Република.