една третина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edna-tretina/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 08:38:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png една третина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edna-tretina/ 32 32 УНИЦЕФ: Една третина од децата и младите во Македонија доживеале булинг преку интернет https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/unitsef-edna-tretina-od-detsata-i-mladite-vo-makedonija-dozhiveale-buling-preku-internet/ Wed, 07 Feb 2024 08:38:54 +0000 https://republika.mk/?p=741285

Една третина од децата и младите луѓе во Македонија доживеале булгинг преку интерннет. Од вкупно 400 испитаници 18 отсто сметаат дека основна причина зошто опстојува онлајн-насилството е недостиг од информации и знаење, а 41 отсто веруваат дека инсититуциите не го сфаќаат сериозно проблемот. Ова се резултатите од анкетата на U-Report за безбедноста на интернет, спроведена во 2023 година. На Меѓународниот ден за побезбеден интернет што се одбележува како глобална иницијатива за промовирање побезбеден и подобар интернет за сите корисници, особено за децата и младите, УНИЦЕФ ги повикаа сите чинители да ги зголемат напорите за заштита на децата од растечките ризици на интернет.

Растењето онлајн нуди неограничени можности децата да учат, критички да размислуваат, да градат вештини и да се изразуваат преку интернет. Според последните податоци (ДЗС, 2023) практично сите (100 отсто) млади на возраст од 15 до 24 години во нашата земја користат интернет и речиси сите (97 отсто) го користат секојдневно по неколкупати, се вели во извештајот на УНИЦЕФ.

Долгото време што децата го поминуваат на виртуелните платформи може исто така да ги направи поранливи на сајбер-малтретирање и други форми на насилство од врсници, говор на омраза и изложеност на штетни содржини – во кои спаѓаат и пораки со кои се поттикнува самоповредување, па дури и самоубиство.

Најалармантна е зголемената закана од сексуална злоупотреба и експлоатација, вклучувајќи грабнување и трговија со деца. Според податоците од истражувачкиот проект Disrupting Harm се проценува дека милиони деца биле жртви на онлајн сексуална експлоатација и злоупотреба во тринаесетте земји учеснички во истражувањето од 2020 година.

На децата им треба поддршка за да станат одговорни дигитални граѓани; родителите треба да бидат оспособени за разговор околу чувствителни прашања со своите деца, а властите имаат моќ да обезбедат системи за заштита на правата на децата на интернет, сметаат од УНИЦЕФ.

Во својот најнов извештај (2022) Комитетот за правата на детето ги поздравува мерките што ги презеде земјата за справување со насилството врз децата, вклучително и законодавните реформи, усвојувањето на Националниот план за акција и ратификација на дополнителни меѓународни конвенции. Но тој исто така ја повикува земјата да преземе насочени активности како одговор на сексуалната злоупотреба и експлоатацијата на децата преку интернет.

Исто така, Комитетот укажува на потребата од распределба на доволно човечки, технички и финансиски ресурси за спроведување на Националната стратегија за превенција и заштита на децата од насилство (2020–2025) и воспоставување систем за задолжително известување, истрага во која ќе се вклучат повеќе институции и која ќе биде сензитивна кон децата во сите случаи на насилство врз деца – вклучително и во дигиталната средина.

Заштитата на децата од онлајн-насилство налага холистички пристап, синергија меѓу јавниот и приватниот сектор, како и вклучување и учество на младите. Неопходна е соработка меѓу секторите здравство, образование и заштита за да се реализира образовна програма за децата и родителите, вклучително и пристап до телефонска линија за помош, а службите во сите сектори треба да бидат информирани за доживената траума на децата со цел стручните лица да бараат предупредувачки знаци на насилство и соодветно да реагираат. Претпријатијата имаат одговорност да ги почитуваат и да ги поддржуваат правата на децата преку своите производи и услуги, и да се погрижат правото на децата на заштита од насилство да биде втемелено во нивната деловна практика, пишува во извештајот на УНИЦЕФ.

 

 

The post УНИЦЕФ: Една третина од децата и младите во Македонија доживеале булинг преку интернет appeared first on Република.

]]>

Една третина од децата и младите луѓе во Македонија доживеале булгинг преку интерннет. Од вкупно 400 испитаници 18 отсто сметаат дека основна причина зошто опстојува онлајн-насилството е недостиг од информации и знаење, а 41 отсто веруваат дека инсититуциите не го сфаќаат сериозно проблемот. Ова се резултатите од анкетата на U-Report за безбедноста на интернет, спроведена во 2023 година. На Меѓународниот ден за побезбеден интернет што се одбележува како глобална иницијатива за промовирање побезбеден и подобар интернет за сите корисници, особено за децата и младите, УНИЦЕФ ги повикаа сите чинители да ги зголемат напорите за заштита на децата од растечките ризици на интернет. Растењето онлајн нуди неограничени можности децата да учат, критички да размислуваат, да градат вештини и да се изразуваат преку интернет. Според последните податоци (ДЗС, 2023) практично сите (100 отсто) млади на возраст од 15 до 24 години во нашата земја користат интернет и речиси сите (97 отсто) го користат секојдневно по неколкупати, се вели во извештајот на УНИЦЕФ. Долгото време што децата го поминуваат на виртуелните платформи може исто така да ги направи поранливи на сајбер-малтретирање и други форми на насилство од врсници, говор на омраза и изложеност на штетни содржини – во кои спаѓаат и пораки со кои се поттикнува самоповредување, па дури и самоубиство. Најалармантна е зголемената закана од сексуална злоупотреба и експлоатација, вклучувајќи грабнување и трговија со деца. Според податоците од истражувачкиот проект Disrupting Harm се проценува дека милиони деца биле жртви на онлајн сексуална експлоатација и злоупотреба во тринаесетте земји учеснички во истражувањето од 2020 година.
На децата им треба поддршка за да станат одговорни дигитални граѓани; родителите треба да бидат оспособени за разговор околу чувствителни прашања со своите деца, а властите имаат моќ да обезбедат системи за заштита на правата на децата на интернет, сметаат од УНИЦЕФ.
Во својот најнов извештај (2022) Комитетот за правата на детето ги поздравува мерките што ги презеде земјата за справување со насилството врз децата, вклучително и законодавните реформи, усвојувањето на Националниот план за акција и ратификација на дополнителни меѓународни конвенции. Но тој исто така ја повикува земјата да преземе насочени активности како одговор на сексуалната злоупотреба и експлоатацијата на децата преку интернет. Исто така, Комитетот укажува на потребата од распределба на доволно човечки, технички и финансиски ресурси за спроведување на Националната стратегија за превенција и заштита на децата од насилство (2020–2025) и воспоставување систем за задолжително известување, истрага во која ќе се вклучат повеќе институции и која ќе биде сензитивна кон децата во сите случаи на насилство врз деца – вклучително и во дигиталната средина.
Заштитата на децата од онлајн-насилство налага холистички пристап, синергија меѓу јавниот и приватниот сектор, како и вклучување и учество на младите. Неопходна е соработка меѓу секторите здравство, образование и заштита за да се реализира образовна програма за децата и родителите, вклучително и пристап до телефонска линија за помош, а службите во сите сектори треба да бидат информирани за доживената траума на децата со цел стручните лица да бараат предупредувачки знаци на насилство и соодветно да реагираат. Претпријатијата имаат одговорност да ги почитуваат и да ги поддржуваат правата на децата преку своите производи и услуги, и да се погрижат правото на децата на заштита од насилство да биде втемелено во нивната деловна практика, пишува во извештајот на УНИЦЕФ.
   

The post УНИЦЕФ: Една третина од децата и младите во Македонија доживеале булинг преку интернет appeared first on Република.

]]>
Истражување: Една третина од починатите од Ковид всушност починале од други болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/istrazuvanje-edna-tretina-od-pochinatite-od-kovid-vsushnost-pochinale-od-drugi-bolesti/ Tue, 18 Jan 2022 14:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=446433

Во германската покраина Заксен-Анхалт, 29 отсто од починатите, кои се на списокот на починати како последица на коронавирусот, не умреле поради тој вирус, покажува истражувањето објавено во дневниот весник „Билд”.

Во Германија, секој починат заразен со коронавирусот е наведен во статистиката како починат од вирусот.

Сепак, статистиката не покажува дали смртта е последица на инфекција со коронавирус, па една студија откри податоци за пациенти кои не починале од Ковид-19.

Во Захсен Анхалт речиси една третина од починатите од Ковид всушност починале од други болести.

Кај 64 отсто, Ковид е причина за смрт, а за останатите шест отсто, причината е непозната.

Во другите покраини постигнат е поинаков резултат, а во Баден-Виртенберг и Зарланд, 90 проценти од смртните случаи од Ковид се починаа токму поради коронавирусот.

Во Баварија бројот на починати од вирусот, а се регистрирани како смртни случаи од Ковид е 84 отсто.

Бројката не е позната за цела Германија, наведува „Билд”, а од Институтот „Роберт Кох” истакнуваат дека коронавирусот во најголем број случаи е причина за смртта.

The post Истражување: Една третина од починатите од Ковид всушност починале од други болести appeared first on Република.

]]>

Во германската покраина Заксен-Анхалт, 29 отсто од починатите, кои се на списокот на починати како последица на коронавирусот, не умреле поради тој вирус, покажува истражувањето објавено во дневниот весник „Билд”. Во Германија, секој починат заразен со коронавирусот е наведен во статистиката како починат од вирусот. Сепак, статистиката не покажува дали смртта е последица на инфекција со коронавирус, па една студија откри податоци за пациенти кои не починале од Ковид-19. Во Захсен Анхалт речиси една третина од починатите од Ковид всушност починале од други болести. Кај 64 отсто, Ковид е причина за смрт, а за останатите шест отсто, причината е непозната. Во другите покраини постигнат е поинаков резултат, а во Баден-Виртенберг и Зарланд, 90 проценти од смртните случаи од Ковид се починаа токму поради коронавирусот. Во Баварија бројот на починати од вирусот, а се регистрирани како смртни случаи од Ковид е 84 отсто. Бројката не е позната за цела Германија, наведува „Билд”, а од Институтот „Роберт Кох” истакнуваат дека коронавирусот во најголем број случаи е причина за смртта.

The post Истражување: Една третина од починатите од Ковид всушност починале од други болести appeared first on Република.

]]>