Единствен матичен број Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edinstven-matichen-broj/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 13:24:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Единствен матичен број Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edinstven-matichen-broj/ 32 32 Лидија Димковска е добитничка на наградата Роман на годината за „Единствен матичен број“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lidija-dimkovska-e-dobitnichka-na-nagradata-roman-na-godinata-za-edinstven-matichen-broj/ Fri, 15 Mar 2024 13:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=755146

Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева.

Во најтесен избор за наградата годинава влегоа и романите „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски, „Заборав“ од Томислав Османли, „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска и „Зелениот дворец“ од Сибо.

„Едниствен мачтичен број“ е мој четврти роман во којшто вложив многу труд, време, многу истражување и мислам дека е мојот најсериозен, најзрел роман досега. На некој начин Наградата „Роман на годината“ е моја трета среќа, бидејќи романите „Скриена камера“ и „Резервен живот“ се најдоа во потесната конкруенција на оваа награда во текот на годините. Многу ми е мило што зад оваа награда стои жири од вакви автори како што нашиот Влада Урошевиќ, нашиот класик и мој професор. Многу е необично за мене да седам овде до него како негова поранешна студентка, а сега на некое исто ниво. Тоа и така треба да се случува во животот. Многу ми е мило што фондацијата која ја доделува наградата го носи името на Славко Јаневски. Ние сите сме всушност следбеници на Славко Јаневски, во машки или женски лик. Сакам да се заблагодарам на повеќемина што придонесоа овој роман воопшто да биде напишен и објавен. Но, пред сè би сакала да и се заблагодарам на мојата книжевна мајка Оливера Николова, којашто ми дозволи да го искористам мотото во мојата книга, всушност реченица од нејзиниот роман „Песот со тажен поглед“ - зарам тоа што го немаме, не е мерка за она што го имаме? Ова е вистинско прашање за сите нас, изјави денеска Димковска.

Наградата Роман на годината првпат е доделена во 1999 година, од Утрински весник, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“.

Романот на Димковска е едно дело чија што основна основна идеја ги носи во себе обележјата на актуелноста. Преку историјата на едно семејство, Димковска се нафаќа да ја претстави, во сета нејзина трагика, едната од индивудуалните и колективните судбински состојби толку карактеристични за нашата епоха: ситуацијата на егзилот. Со овој роман, Димковска создала дело во кое личните истории, благодарение на прозната вештина на писателката ги шират своите кругови на значења се до глобални размери, велат во образложението за наградата членовите на жири комисијата.

За Издавачкиот центар „Три“ ова е петта награда Роман на годината, по наградените: Венко Андоновски со „Папокот на светот“ (2000 ), Кица Колбе со „Снегот во Казабланка“ (2006 ), Јагода Михајловска-Георгиева со „Индиго Бомбај“ (2008 ) и Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ (2012).

Роман на годината се доделува по 25. пат. Се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од околу 2.420 илјади евра (150 илјади денари).

Свеченото доделување на наградата ќе се одржи во мај, на свечена седница.

The post Лидија Димковска е добитничка на наградата Роман на годината за „Единствен матичен број“ appeared first on Република.

]]>

Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева. Во најтесен избор за наградата годинава влегоа и романите „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски, „Заборав“ од Томислав Османли, „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска и „Зелениот дворец“ од Сибо.
„Едниствен мачтичен број“ е мој четврти роман во којшто вложив многу труд, време, многу истражување и мислам дека е мојот најсериозен, најзрел роман досега. На некој начин Наградата „Роман на годината“ е моја трета среќа, бидејќи романите „Скриена камера“ и „Резервен живот“ се најдоа во потесната конкруенција на оваа награда во текот на годините. Многу ми е мило што зад оваа награда стои жири од вакви автори како што нашиот Влада Урошевиќ, нашиот класик и мој професор. Многу е необично за мене да седам овде до него како негова поранешна студентка, а сега на некое исто ниво. Тоа и така треба да се случува во животот. Многу ми е мило што фондацијата која ја доделува наградата го носи името на Славко Јаневски. Ние сите сме всушност следбеници на Славко Јаневски, во машки или женски лик. Сакам да се заблагодарам на повеќемина што придонесоа овој роман воопшто да биде напишен и објавен. Но, пред сè би сакала да и се заблагодарам на мојата книжевна мајка Оливера Николова, којашто ми дозволи да го искористам мотото во мојата книга, всушност реченица од нејзиниот роман „Песот со тажен поглед“ - зарам тоа што го немаме, не е мерка за она што го имаме? Ова е вистинско прашање за сите нас, изјави денеска Димковска.
Наградата Роман на годината првпат е доделена во 1999 година, од Утрински весник, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“.
Романот на Димковска е едно дело чија што основна основна идеја ги носи во себе обележјата на актуелноста. Преку историјата на едно семејство, Димковска се нафаќа да ја претстави, во сета нејзина трагика, едната од индивудуалните и колективните судбински состојби толку карактеристични за нашата епоха: ситуацијата на егзилот. Со овој роман, Димковска создала дело во кое личните истории, благодарение на прозната вештина на писателката ги шират своите кругови на значења се до глобални размери, велат во образложението за наградата членовите на жири комисијата.
За Издавачкиот центар „Три“ ова е петта награда Роман на годината, по наградените: Венко Андоновски со „Папокот на светот“ (2000 ), Кица Колбе со „Снегот во Казабланка“ (2006 ), Јагода Михајловска-Георгиева со „Индиго Бомбај“ (2008 ) и Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ (2012). Роман на годината се доделува по 25. пат. Се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од околу 2.420 илјади евра (150 илјади денари). Свеченото доделување на наградата ќе се одржи во мај, на свечена седница.  

The post Лидија Димковска е добитничка на наградата Роман на годината за „Единствен матичен број“ appeared first on Република.

]]>
Разговор со авторката на „Единствен матичен број“ Лидија Димковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-avtorkata-na-edinstven-matichen-broj-lidija-dimkovska/ Thu, 22 Feb 2024 08:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=746795

Во книжарница на ТРИ во Градскиот трговски центар во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со писателката и поетеса Лидија Димковска за нејзиниот роман „Единствен матичен број“. Разговорот ќе го води Виолета Танчева-Златева.

На оваа необична средба ќе успеете да откриете што стои зад бројките на единствениот матичен број, кои сме и што сме независно од него, и како да навлеземе подлабоко во себеси. а добредојдено е и вашето учество – велат од ТРИ.

Лидија Димковска е родена во Скопје во 1971 година. Ова е нејзин четврти роман. Димковска е поетеса, романописец и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик. Докторирала Романска литература на Универзитетот во Букурешт, Романија, каде предавала македонски јазик и литература. Живее во Љубљана, Словенија и преведува романска и словенечка литература на македонски јазик.

The post Разговор со авторката на „Единствен матичен број“ Лидија Димковска appeared first on Република.