еди ирвајн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edi-irvajn/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Jun 2022 14:17:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еди ирвајн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/edi-irvajn/ 32 32 Се продава болид на Ферари од 1997 година со минати само 320 километри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/se-prodava-bolid-na-ferari-od-1997-godina-so-minati-samo-320-kilometri/ Mon, 13 Jun 2022 14:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=514618

Болидот на Ферари управуван од Еди Ирвајн на Големата награда на Шпанија во 1997 година е понуден на продажба.

Станува збор за болидот Ф310Б, кој беше произведен во девет примероци во текот на сезоната 1997 година, од кои три беа користени исклучиво од Михаел Шумаехер, два само Еди Ирвајн, додека другите возачи ги споделуваа останатите четири болиди.

Примерокот со шасијата број 176 се користеше само за време на трката за Големата награда на Шпанија во 1997 година и Ирвајн оттогаш не го возел болидот. Ирецот беше единаесетти во квалификациите и имаше проблеми со гумите за време на трката. Ситуацијата беше влошена со казна од 10 секунди поради игнорирање на сините знамиња, а Ирвајн на крајот заврши 12., додека Шумахер беше четврти.

На крајот на сезоната, Ферари го задржа болидот во својата колекција, но во 1998 година го продаде на Михаел Габел од Германија. Болидот потоа го купил друг германски колекционер кој го чувал 22 години.

Болидот има поминато само 320 километри и сè уште ги има оригиналните појаси на „Сабелт“ и пневматиците „Гудјиар слик“. Исто така, тука е и оригиналниот В10 мотор поврзан со седумстепен секвенцијален полуавтоматски менувач.

Цената е достапна по упатено барање за таква информација

The post Се продава болид на Ферари од 1997 година со минати само 320 километри appeared first on Република.

]]>

Болидот на Ферари управуван од Еди Ирвајн на Големата награда на Шпанија во 1997 година е понуден на продажба. Станува збор за болидот Ф310Б, кој беше произведен во девет примероци во текот на сезоната 1997 година, од кои три беа користени исклучиво од Михаел Шумаехер, два само Еди Ирвајн, додека другите возачи ги споделуваа останатите четири болиди. Примерокот со шасијата број 176 се користеше само за време на трката за Големата награда на Шпанија во 1997 година и Ирвајн оттогаш не го возел болидот. Ирецот беше единаесетти во квалификациите и имаше проблеми со гумите за време на трката. Ситуацијата беше влошена со казна од 10 секунди поради игнорирање на сините знамиња, а Ирвајн на крајот заврши 12., додека Шумахер беше четврти. На крајот на сезоната, Ферари го задржа болидот во својата колекција, но во 1998 година го продаде на Михаел Габел од Германија. Болидот потоа го купил друг германски колекционер кој го чувал 22 години. Болидот има поминато само 320 километри и сè уште ги има оригиналните појаси на „Сабелт“ и пневматиците „Гудјиар слик“. Исто така, тука е и оригиналниот В10 мотор поврзан со седумстепен секвенцијален полуавтоматски менувач. Цената е достапна по упатено барање за таква информација

The post Се продава болид на Ферари од 1997 година со минати само 320 километри appeared first on Република.

]]>