Ебрахим Раиси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ebrahim-raisi/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 07:51:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ебрахим Раиси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ebrahim-raisi/ 32 32 Раиси беше жесток противник на Израел и ултраконзервативец https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/raisi-beshe-zhestok-protivnik-na-izrael-i-ultrakonzervativets/ Mon, 20 May 2024 07:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=779975

Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран. Раиси беше претседател на Иран од 2021 година и ја водеше земјата во позадина на несогласувањата на меѓународно ниво и со внатрешни предизвици, оцени синоќа агенцијата Франс прес.

Во Иран во текот на ноќта траеше потрагата по исчезнатото летало, во кое, покрај Раиси, беа и шефот на дипломатијата Хосеин Амир Абдолахиан и уште двајца функционери.

Раиси (63), секогаш со црн турбан на главата и верска облека, важи за ултраконзервативец и отворен поддржувач на јавниот ред.

Раиси беше избран на 18 јуни 2021 година во првиот круг на гласање обележан со рекордно воздржување за претседателските избори и отсуство на силни конкуренти.

Тој го наследи умерениот Хасан Рохани, кој го порази на претседателските избори во 2017 година и не можеше повторно да се кандидира по два последователни мандата.

Раиси се појави зајакнат по парламентарните избори одржани во март и средината на мај. Тоа беа првите национални избори по протестното движење што го потресе Иран кон крајот на 2022 година по смртта на Махса Амини, млада жена уапсена поради непочитување на строгиот кодекс на облекување.

По тие избори, иранскиот претседател го поздрави „новиот историски неуспех на иранските непријатели по немирите“ во 2022 година.

Парламентот, кој ќе ја преземе функцијата на 27 мај, во голема мера ќе биде контролиран од конзервативните и ултраконзервативните табори, кои ја поддржуваат неговата влада.

Во последниве месеци, Раиси се претстави како жесток противник на Израел, заколнатиот непријател на Исламската Република, кој го поддржува палестинското исламистичко движење Хамас од 7 октомври, почетокот на војната во Газа.

Со тоа Раиси го оправда нападот без преседан на Иран на 13 април против Израел, со 350 беспилотни летала и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и уште неколку земји сојузници на САД.

Тој е ставен на црната листа во САД заедно со ирански официјални лица кои се санкционирани за „соучесништво во сериозно кршење на човековите права“, обвинение што го негираа официјалните лица на Техеран.

Роден во ноември 1960 година во светиот шиитски град Машхад на североисток, Раиси се искачи низ ранговите на судскиот систем во текот на три децении.

Тој имаше 20 години кога беше назначен за главен обвинител на Караџа, во близина на Техеран, за време на Исламската револуција во 1979 година. Потоа беше генерален обвинител на Техеран од 1989 до 1994 година, потоа заменик шеф на судството од 2004 до 2014 година, годината кога беше назначен за државен обвинител.

Во 2016 година, врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи го назначи за раководител на добротворната фондација Астан-е Кудс Разави, која управува со мавзолејот на Имам Реза во Машхад, како и со огромното наследство од индустриски и недвижен имот. Три години подоцна, тој стана шеф на главното тело на правосудните органи.

The post Раиси беше жесток противник на Израел и ултраконзервативец appeared first on Република.

]]>

Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран. Раиси беше претседател на Иран од 2021 година и ја водеше земјата во позадина на несогласувањата на меѓународно ниво и со внатрешни предизвици, оцени синоќа агенцијата Франс прес. Во Иран во текот на ноќта траеше потрагата по исчезнатото летало, во кое, покрај Раиси, беа и шефот на дипломатијата Хосеин Амир Абдолахиан и уште двајца функционери. Раиси (63), секогаш со црн турбан на главата и верска облека, важи за ултраконзервативец и отворен поддржувач на јавниот ред. Раиси беше избран на 18 јуни 2021 година во првиот круг на гласање обележан со рекордно воздржување за претседателските избори и отсуство на силни конкуренти. Тој го наследи умерениот Хасан Рохани, кој го порази на претседателските избори во 2017 година и не можеше повторно да се кандидира по два последователни мандата. Раиси се појави зајакнат по парламентарните избори одржани во март и средината на мај. Тоа беа првите национални избори по протестното движење што го потресе Иран кон крајот на 2022 година по смртта на Махса Амини, млада жена уапсена поради непочитување на строгиот кодекс на облекување. По тие избори, иранскиот претседател го поздрави „новиот историски неуспех на иранските непријатели по немирите“ во 2022 година. Парламентот, кој ќе ја преземе функцијата на 27 мај, во голема мера ќе биде контролиран од конзервативните и ултраконзервативните табори, кои ја поддржуваат неговата влада. Во последниве месеци, Раиси се претстави како жесток противник на Израел, заколнатиот непријател на Исламската Република, кој го поддржува палестинското исламистичко движење Хамас од 7 октомври, почетокот на војната во Газа. Со тоа Раиси го оправда нападот без преседан на Иран на 13 април против Израел, со 350 беспилотни летала и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и уште неколку земји сојузници на САД. Тој е ставен на црната листа во САД заедно со ирански официјални лица кои се санкционирани за „соучесништво во сериозно кршење на човековите права“, обвинение што го негираа официјалните лица на Техеран. Роден во ноември 1960 година во светиот шиитски град Машхад на североисток, Раиси се искачи низ ранговите на судскиот систем во текот на три децении. Тој имаше 20 години кога беше назначен за главен обвинител на Караџа, во близина на Техеран, за време на Исламската револуција во 1979 година. Потоа беше генерален обвинител на Техеран од 1989 до 1994 година, потоа заменик шеф на судството од 2004 до 2014 година, годината кога беше назначен за државен обвинител. Во 2016 година, врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи го назначи за раководител на добротворната фондација Астан-е Кудс Разави, која управува со мавзолејот на Имам Реза во Машхад, како и со огромното наследство од индустриски и недвижен имот. Три години подоцна, тој стана шеф на главното тело на правосудните органи.

The post Раиси беше жесток противник на Израел и ултраконзервативец appeared first on Република.

]]>
Столицата на која обично седи иранскиот претседател е празна и покриена со црна лента https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stolitsata-na-koja-obichno-sedi-iranskiot-pretsedatel-e-prazna-i-pokriena-so-tsrna-lenta/ Mon, 20 May 2024 07:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=779952

Иранската влада за денеска свика итен состанок по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир Абдолахиан во хеликоптерска несреќа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Според фотографијата што ја објави агенцијата, столицата на која обично седи Раиси е празна и покриена со црна лента во спомен на претседателот.

Иранските државни медиуми емитуваат исламска молитва меѓу извештаите за смртта на Раиси и уште осум други лица откако хеликоптерот со кој патуваа се урна во иранската провинција Источен Азербејџан.

На профилот на Раиси на Х се објавени стихови од Куранот.

„Мир со Ебрахим. Навистина, така ги наградуваме оние што прават добро. Тој беше еден од нашите верни слуги“, се вели во стиховите од Куранот на профилот на Раиси.

Раиси беше втората најмоќна фигура во политичката структура на Иран по врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи

The post Столицата на која обично седи иранскиот претседател е празна и покриена со црна лента appeared first on Република.

]]>

Иранската влада за денеска свика итен состанок по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир Абдолахиан во хеликоптерска несреќа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА. Според фотографијата што ја објави агенцијата, столицата на која обично седи Раиси е празна и покриена со црна лента во спомен на претседателот. Иранските државни медиуми емитуваат исламска молитва меѓу извештаите за смртта на Раиси и уште осум други лица откако хеликоптерот со кој патуваа се урна во иранската провинција Источен Азербејџан. На профилот на Раиси на Х се објавени стихови од Куранот. „Мир со Ебрахим. Навистина, така ги наградуваме оние што прават добро. Тој беше еден од нашите верни слуги“, се вели во стиховите од Куранот на профилот на Раиси. Раиси беше втората најмоќна фигура во политичката структура на Иран по врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи

The post Столицата на која обично седи иранскиот претседател е празна и покриена со црна лента appeared first on Република.

]]>
Пронајден e урнатиот хеликоптер на претседателот на Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pronajden-e-urnatiot-helikopter-na-pretsedatelot-na-iran/ Sun, 19 May 2024 18:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=779909

Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија.

Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган.

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан.

Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.

The post Пронајден e урнатиот хеликоптер на претседателот на Иран appeared first on Република.

]]>

Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија. Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган. Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан. Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.

The post Пронајден e урнатиот хеликоптер на претседателот на Иран appeared first on Република.

]]>
Иранскиот претседател разговараше со саудискиот принц, тие го споменуваат „исламскиот свет“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iranskiot-pretsedatel-razgovarashe-so-saudiskiot-prints-tie-go-spomenuvaat-islamskiot-svet/ Thu, 12 Oct 2023 07:58:02 +0000 https://republika.mk/?p=690374

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси телефонски разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман што е прв директен контакт на двајцата лидери од зближувањето на земјите на почетокот на годинава, јавија иранските државни медиуми.

Двајцата лидери разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, јави државната новинска агенција ИРНА. Според Иран, во разговорите било нагласено „единството на исламскиот свет“.

Хамас го нападна Израел во саботата, кој возврати во масовно бомбардирање на Појасот Газа.

Иранските лидери ги поздравија нападите на Хамас врз Израел, но негираа директна вмешаност. Саудиска Арабија се смета за важен заштитник на Палестинците.

Ријад во саботата повика на итен прекин на ескалацијата, и во исто време за нападите го обвини израелското „лишување на палестинскиот народ од неговите легитимни права“.

Иран и Саудиска Арабија долго време беа регионални ривали, но во март двете сили објавија договор за обновување на дипломатските односи како дел од приближувањето со посредство на Кина.

Ријад ги прекина дипломатските контакти во 2016 година, откако демонстранти ја нападнаа амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран.

Сунитското кралство и мнозинскиот шиитски Иран, исто така, беа на спротивни страни во воените конфликти во регионот

The post Иранскиот претседател разговараше со саудискиот принц, тие го споменуваат „исламскиот свет“ appeared first on Република.

]]>

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси телефонски разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман што е прв директен контакт на двајцата лидери од зближувањето на земјите на почетокот на годинава, јавија иранските државни медиуми. Двајцата лидери разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, јави државната новинска агенција ИРНА. Според Иран, во разговорите било нагласено „единството на исламскиот свет“. Хамас го нападна Израел во саботата, кој возврати во масовно бомбардирање на Појасот Газа. Иранските лидери ги поздравија нападите на Хамас врз Израел, но негираа директна вмешаност. Саудиска Арабија се смета за важен заштитник на Палестинците. Ријад во саботата повика на итен прекин на ескалацијата, и во исто време за нападите го обвини израелското „лишување на палестинскиот народ од неговите легитимни права“. Иран и Саудиска Арабија долго време беа регионални ривали, но во март двете сили објавија договор за обновување на дипломатските односи како дел од приближувањето со посредство на Кина. Ријад ги прекина дипломатските контакти во 2016 година, откако демонстранти ја нападнаа амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран. Сунитското кралство и мнозинскиот шиитски Иран, исто така, беа на спротивни страни во воените конфликти во регионот

The post Иранскиот претседател разговараше со саудискиот принц, тие го споменуваат „исламскиот свет“ appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Иран побара национално единство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-iran-pobara-nacionalno-edinstvo/ Tue, 04 Oct 2022 13:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=557264

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, по повеќе неделните протести во земјата, од Парламентот апелираше за национално единство.

Раиси порача дека Исламската Република има „слабости и недостатоци“, но го повтори официјалниот став на властите дека немирите предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена од полицијата за морал, не биле ништо повеќе од заговор на иранските непријатели.

Решителноста на земјата денес е насочена кон соработка за решавање на проблемите на луѓето. Потребно е национално единство и кохезија, бидејќи тоа ги прави нашите непријатели беспомошни - истакна Раиси.

Тој ги повтори тврдењата на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој вчера изјави дека протестите во Иран се организирани од САД и Израел.

Протестите од улиците во иранските градови се прелеаја и во универзитетите ширум земјата, но и во средните училишта.

The post Претседателот на Иран побара национално единство appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, по повеќе неделните протести во земјата, од Парламентот апелираше за национално единство. Раиси порача дека Исламската Република има „слабости и недостатоци“, но го повтори официјалниот став на властите дека немирите предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена од полицијата за морал, не биле ништо повеќе од заговор на иранските непријатели.
Решителноста на земјата денес е насочена кон соработка за решавање на проблемите на луѓето. Потребно е национално единство и кохезија, бидејќи тоа ги прави нашите непријатели беспомошни - истакна Раиси.
Тој ги повтори тврдењата на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој вчера изјави дека протестите во Иран се организирани од САД и Израел. Протестите од улиците во иранските градови се прелеаја и во универзитетите ширум земјата, но и во средните училишта.

The post Претседателот на Иран побара национално единство appeared first on Република.

]]>
Ердоган, Раиси и Путин денеска се среќаваат во Техеран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-raisi-i-putin-deneska-se-srekjavaat-vo-teheran/ Tue, 19 Jul 2022 07:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=530836

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган замина за Техеран каде денеска ќе учествува на состанок за Сирија со рускиот и иранскиот колега Владимир Путин и Ебрахим Раиси.

Како што пренесуваат турските медиуми, секоја посета на главниот град на Иран е важна. Но, овојпат, имајќи ја предвид активноста на процесите во регионот, може да се каже дека „оваа посета е од особено значење за Турција, со оглед на нејзините односи со земјите од Персискиот залив, кои во последно време се подобрени или нормализирани“.

Ердоган во Техеран прво ќе учествува на седмиот состанок на Советот за соработка Турција-Иран на високо ниво. Потоа ќе учествува на трилатералната средба со претседателите на Русија и Иран, која ќе биде посветена на Сирија.

Според прес-службата на турскиот претседател, се очекува тројцата да разговараат за актуелната ситуација во Сирија, вклучително и политичкиот процес, нацртот на новиот устав и борбата против тероризмот.

Како што е наведено, „многу важно за Турција е прашањето за враќањето на сириските бегалци, што предизвикува сериозна загриженост кај Ердоган на домашен терен поради силната огорченост дури и на сопствениот електорат против бегалците“.

Состанокот во Техеран ќе се одржи во момент на планови на Турција за вооружена интервенција во Сирија за воспоставување безбедносна зона од 30 километри.

Минатиот месец турскиот Парламент изгласа нов мандат за армијата за прекугранична операција во соседната земја.

The post Ердоган, Раиси и Путин денеска се среќаваат во Техеран appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган замина за Техеран каде денеска ќе учествува на состанок за Сирија со рускиот и иранскиот колега Владимир Путин и Ебрахим Раиси. Како што пренесуваат турските медиуми, секоја посета на главниот град на Иран е важна. Но, овојпат, имајќи ја предвид активноста на процесите во регионот, може да се каже дека „оваа посета е од особено значење за Турција, со оглед на нејзините односи со земјите од Персискиот залив, кои во последно време се подобрени или нормализирани“. Ердоган во Техеран прво ќе учествува на седмиот состанок на Советот за соработка Турција-Иран на високо ниво. Потоа ќе учествува на трилатералната средба со претседателите на Русија и Иран, која ќе биде посветена на Сирија. Според прес-службата на турскиот претседател, се очекува тројцата да разговараат за актуелната ситуација во Сирија, вклучително и политичкиот процес, нацртот на новиот устав и борбата против тероризмот. Како што е наведено, „многу важно за Турција е прашањето за враќањето на сириските бегалци, што предизвикува сериозна загриженост кај Ердоган на домашен терен поради силната огорченост дури и на сопствениот електорат против бегалците“. Состанокот во Техеран ќе се одржи во момент на планови на Турција за вооружена интервенција во Сирија за воспоставување безбедносна зона од 30 километри. Минатиот месец турскиот Парламент изгласа нов мандат за армијата за прекугранична операција во соседната земја.

The post Ердоган, Раиси и Путин денеска се среќаваат во Техеран appeared first on Република.

]]>