ѕвезди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzvezdi/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 12:59:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ѕвезди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzvezdi/ 32 32 По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-edna-zvezda-na-shirok-sokak-za-laureatite-na-zlatna-kamera-300-za-zhivotno-delo/ Sat, 07 Sep 2024 12:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=814076

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата Златна камера 300 која се доделува за животен опус.
Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски во видео интервју за МИА открива детали за патеката, која ќе биде промовирана со свеченост достојна за ѕвезди на овој, како што вели, најстар и втор по големина, и во моментов многу значаен фестивал во светот.
- Не постои друг град во светот освен Холивуд, каде на главната улица, на Широк сокак, ќе бидат поставени ѕвезди на сите добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело со годината кога ги добиле почнувајќи од браќата Манаки, во чие име е направен фестивалот. Едниот има добиено почесна награда, годинава ќе му доделиме и на вториот постхумно. Ќе се обидеме да најдеме членови од семејствата кои се живи, разбрав каде може да има, ќе ги поканиме да дојдат, да им ја дадеме наградата за братот кој што никогаш не бил чествуван соодветно. Годинава на двајцата им ставаме посебни ѕвезди, вели Дамевски.


Оваа своевидна „Патека на славните“ ќе почнува од пред киното Манаки и ќе оди кон Офицерскиот дом. Годинава ќе бидат откриени 18 ѕвезди. Шестмина од досегашните лауреати ќе присуствуваат на гламурозната свеченост на која секој ќе ја открие својата ѕвезда. Тоа ќе го направи и годинашниот добитник на Златната Камера 300 за животен опус, францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој го потврдил своето присуство.
Ѕвездите се изработени од месинг со изгравирано име на кинематограферите лауреати и вградени во плоча од мермер, а дизајнерското решение е дело на компанијата „Божиновски“.
Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, директорот на фестивалот говори за напорите во неговиот четиригодишен мандат да го промовира и стави фестивалот во фокус на светската кинематограферска фела. Успехот се огледува, како што посочува, во постојаниот раст на бројот на гости на фестивалот и искористувањето на промените што се случуваат во филмската индустрија во последните години.
- Мојата крајна намера е овој фестивал не само да ја одбележува кинематографијата, туку да го сврти и веќе го врти окото на индустријата кон нас. На овој фестивал доаѓале наши медиуми, локални и регионални медиуми. Годинава, првпат ја имаме елитатата на филмската кинематограферска индустрија и светски најпознатите магазини посветени на филмската уметност. Ни доаѓа Бритиш синематографер, кое е едно од двете најголеми списанија, Американ синематографер, најголемото списание, доаѓа Синегрл, главното списание за жени во филмската индустрија, доаѓа Дефинишн магазин. Во моментов преговараме со Варајети кое е најголемото списание за филм во светот, кое досега најблиску во регионот било во Сараево и во Солун. Ни најавија дека ќе дојдат, и преговараме во моментов ако дојдат да има на една страница реклама за фестивалот „Браќа Манаки“. Значи тоа е растот што го правиме, вели директорот на Фестивалот.

Мотото на фестивалот годинава е „Еден е Манаки“. Се отвора на 21 септември, а ќе го донесе кремот на светската кинематографска фела. Во Битола се очекува да пристигнат 17 врвни мајстори на филмската камера кои за својата работа се закитиле со бројни награди од најпрестижните филмски фестивали и асоцијацијации.

Во седумте фестивалски дена публиката ќе ужива во 65 исклучителни филмски остварувања. Фестивалот го отвара филмот „Партенобе“,на прославениот Паоло Сорентино, кој беше хит на последниот Кански фестивал сниман од Дарија Д Антонио, претседателка на жирито на „Манаки“ од пред две години. Со македонската премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец, ќе се затвори Фестивалот.

https://www.youtube.com/watch?v=yPnDV_THrM4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

 

The post По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело appeared first on Република.

]]>

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата Златна камера 300 која се доделува за животен опус. Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски во видео интервју за МИА открива детали за патеката, која ќе биде промовирана со свеченост достојна за ѕвезди на овој, како што вели, најстар и втор по големина, и во моментов многу значаен фестивал во светот. - Не постои друг град во светот освен Холивуд, каде на главната улица, на Широк сокак, ќе бидат поставени ѕвезди на сите добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело со годината кога ги добиле почнувајќи од браќата Манаки, во чие име е направен фестивалот. Едниот има добиено почесна награда, годинава ќе му доделиме и на вториот постхумно. Ќе се обидеме да најдеме членови од семејствата кои се живи, разбрав каде може да има, ќе ги поканиме да дојдат, да им ја дадеме наградата за братот кој што никогаш не бил чествуван соодветно. Годинава на двајцата им ставаме посебни ѕвезди, вели Дамевски. Оваа своевидна „Патека на славните“ ќе почнува од пред киното Манаки и ќе оди кон Офицерскиот дом. Годинава ќе бидат откриени 18 ѕвезди. Шестмина од досегашните лауреати ќе присуствуваат на гламурозната свеченост на која секој ќе ја открие својата ѕвезда. Тоа ќе го направи и годинашниот добитник на Златната Камера 300 за животен опус, францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој го потврдил своето присуство. Ѕвездите се изработени од месинг со изгравирано име на кинематограферите лауреати и вградени во плоча од мермер, а дизајнерското решение е дело на компанијата „Божиновски“. Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, директорот на фестивалот говори за напорите во неговиот четиригодишен мандат да го промовира и стави фестивалот во фокус на светската кинематограферска фела. Успехот се огледува, како што посочува, во постојаниот раст на бројот на гости на фестивалот и искористувањето на промените што се случуваат во филмската индустрија во последните години. - Мојата крајна намера е овој фестивал не само да ја одбележува кинематографијата, туку да го сврти и веќе го врти окото на индустријата кон нас. На овој фестивал доаѓале наши медиуми, локални и регионални медиуми. Годинава, првпат ја имаме елитатата на филмската кинематограферска индустрија и светски најпознатите магазини посветени на филмската уметност. Ни доаѓа Бритиш синематографер, кое е едно од двете најголеми списанија, Американ синематографер, најголемото списание, доаѓа Синегрл, главното списание за жени во филмската индустрија, доаѓа Дефинишн магазин. Во моментов преговараме со Варајети кое е најголемото списание за филм во светот, кое досега најблиску во регионот било во Сараево и во Солун. Ни најавија дека ќе дојдат, и преговараме во моментов ако дојдат да има на една страница реклама за фестивалот „Браќа Манаки“. Значи тоа е растот што го правиме, вели директорот на Фестивалот. Мотото на фестивалот годинава е „Еден е Манаки“. Се отвора на 21 септември, а ќе го донесе кремот на светската кинематографска фела. Во Битола се очекува да пристигнат 17 врвни мајстори на филмската камера кои за својата работа се закитиле со бројни награди од најпрестижните филмски фестивали и асоцијацијации. Во седумте фестивалски дена публиката ќе ужива во 65 исклучителни филмски остварувања. Фестивалот го отвара филмот „Партенобе“,на прославениот Паоло Сорентино, кој беше хит на последниот Кански фестивал сниман од Дарија Д Антонио, претседателка на жирито на „Манаки“ од пред две години. Со македонската премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец, ќе се затвори Фестивалот. https://www.youtube.com/watch?v=yPnDV_THrM4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE  

The post По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело appeared first on Република.

]]>
„Макфест 2023“: Македонската музичка „прва лига“ и музика за сите вкусови и возрасти https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/makfest-2023-makedonskata-muzichka-prva-liga-i-muzika-za-site-vkusovi-i-vozrasti/ Tue, 12 Sep 2023 11:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=681266

Како што најавија организаторите, годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, според списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, ветува уште посодржајна и поатрактивна музичка понуда од минатата година. Ако фестивалот лани направи крупен исчекор од  „неколкугодишната летаргија“, годинава се очекува тој со крупни чекори „од седум милји“ да  зачекори кон изданијата од своите најдобри денови во долгата и богата историја.

За тоа гаранција даваат најнапред избраните композиции во обете фестивалски вечери. Првата вечер на млади надежни имиња и фестивалски дебитанти  воедно има и натпреварувачки карактер, зашто половината најдобри од неа ќе се најдат на сцената на “Макфест 2023“ и во следната, ревијална вечер, рамо до рамо со поголемите, попознати и веќе етаблирани естрадни имиња.

Некои од нив како Драгана Јовановска, Тијана Периќ, Бранкица Свирков – Бани (во дует со Томе Токи), Марија Грујовска, Александра Трајческа… веќе имаат големо естрадно искуство, зашто некои од нив учествувале на поголеми и помали домашни и регионални музички, талент, шоу натпреварувања и фестивали, па поединци дури имаат и фестивалски победи или освојувале друг тип награди.

Како и да е, севкупно и првата вечер ветува одличен сценски настап, потенцијални хитови и балади, интересни дуети и избор на најдобрите кои ќе ја комплетираат втората, ревијална вечер.

Во неа пак годинава ќе имаме вистинска македонска музичка „прва лига“ засилена со неколку македонски суперѕвезди. Некои од нив пред извесен број години учествувале на „Макфест“, некои за прв пат се на сцената на домот на културата во Штип, но сите заедно се едни од најголемите македонски музички имиња, со бројни настапи, концерти, турнеји и секако… дузина хитови зад себе што и денес ги пејат и повозрасните и помладата публика, радиостаниците  со години не престануваат да ги вртат во радиоетерот.

Музички и продукциски, уметничкиот директор Роберт Саздов и неговиот тим соработници како што самиот изјави, направија се’ звукот на „Макфест“ да биде уште поблизок до актуелните, светски, музички трендови  од друга страна, со свеж  звук и модерна продукција блиски до младата публика, да не се заборави и онаа повозрасната, која ќе може да ја препознае песната блиска до нејзиниот вкус и сензибилитет. Со еден збор на „Макфест 2023“ ќе има музика за сите вкусови и возрасти.

Со таа цел и во тој дух е создаден и годинешниот слоган, односно годинешното мото на фестивалот:  „38 години Макфест – „Фестивалска симфонија за цела Македонија“! Како дел од фестивалскиот редизајн е и новата официјална музичка шпица на „Макфест“, која после цели 32 години ќе ја доживее својата замена, а нејзин автор е токму уметничкиот директор на фестивалот, реномираниот македонски  композитор и музичар, Роберт Саздов.

Организационо-извршната и продуценстка екипа  предводена од Александар Арсовски, организатор и координатор на Макфест од општина Штип,  исто така има полни раце работа, сакајќи фестивалот покрај музичките, да го надополни и со иновативни визуелно-сценски содржини, кои ќе ја збогатат комплетната аудио-визуелна слика на „Макфест 2023“ за комплетно уживање и на публиката во салата и на ТВ гледачите.

Претходно за сите детали и поединости, претставниците на македонските медиуми ќе бидат известени и информирани на ПРЕСС конференцијата со мини коктел, која е планирана да се одржи во првата половина на месец октомври во еден елитен хотел во Скопје. На неа ќе бидат презентирани и најмалите ситници околу учесниците, композициите, водителите, презентерите, жирито, црвениот тепих, фоајето, сцената, бекстејџот… И секако директниот ТВ пренос на МРТ од двете вечери, но и директниот „лајв стриминг“ на Интернет  и социјалните мрежи на уште неколку интернет канали и платформи на кои сите случување пред почетокот, за време на одржувањето и по завршувањето на „Макфест 2023“ ќе бидат директно емитувани, а изјавите, разговорите, интервјуата… на фестивалските  протагонисти преку снимки, поткасти и емисии и одложно емитувани.

Се на се’,  на годинешниов „Макфест 2023“  кој ќе се одржи на 20 и 21 октомври во Центарот за културата „Ацо Шопов“ во Штип очекувајте едно многу поинакво издание на најпознатиот фестивал во Македонија.

The post „Макфест 2023“: Македонската музичка „прва лига“ и музика за сите вкусови и возрасти appeared first on Република.

]]>

Како што најавија организаторите, годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, според списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, ветува уште посодржајна и поатрактивна музичка понуда од минатата година. Ако фестивалот лани направи крупен исчекор од  „неколкугодишната летаргија“, годинава се очекува тој со крупни чекори „од седум милји“ да  зачекори кон изданијата од своите најдобри денови во долгата и богата историја. За тоа гаранција даваат најнапред избраните композиции во обете фестивалски вечери. Првата вечер на млади надежни имиња и фестивалски дебитанти  воедно има и натпреварувачки карактер, зашто половината најдобри од неа ќе се најдат на сцената на “Макфест 2023“ и во следната, ревијална вечер, рамо до рамо со поголемите, попознати и веќе етаблирани естрадни имиња. Некои од нив како Драгана Јовановска, Тијана Периќ, Бранкица Свирков – Бани (во дует со Томе Токи), Марија Грујовска, Александра Трајческа… веќе имаат големо естрадно искуство, зашто некои од нив учествувале на поголеми и помали домашни и регионални музички, талент, шоу натпреварувања и фестивали, па поединци дури имаат и фестивалски победи или освојувале друг тип награди. Како и да е, севкупно и првата вечер ветува одличен сценски настап, потенцијални хитови и балади, интересни дуети и избор на најдобрите кои ќе ја комплетираат втората, ревијална вечер. Во неа пак годинава ќе имаме вистинска македонска музичка „прва лига“ засилена со неколку македонски суперѕвезди. Некои од нив пред извесен број години учествувале на „Макфест“, некои за прв пат се на сцената на домот на културата во Штип, но сите заедно се едни од најголемите македонски музички имиња, со бројни настапи, концерти, турнеји и секако… дузина хитови зад себе што и денес ги пејат и повозрасните и помладата публика, радиостаниците  со години не престануваат да ги вртат во радиоетерот. Музички и продукциски, уметничкиот директор Роберт Саздов и неговиот тим соработници како што самиот изјави, направија се’ звукот на „Макфест“ да биде уште поблизок до актуелните, светски, музички трендови  од друга страна, со свеж  звук и модерна продукција блиски до младата публика, да не се заборави и онаа повозрасната, која ќе може да ја препознае песната блиска до нејзиниот вкус и сензибилитет. Со еден збор на „Макфест 2023“ ќе има музика за сите вкусови и возрасти. Со таа цел и во тој дух е создаден и годинешниот слоган, односно годинешното мото на фестивалот:  „38 години Макфест – „Фестивалска симфонија за цела Македонија“! Како дел од фестивалскиот редизајн е и новата официјална музичка шпица на „Макфест“, која после цели 32 години ќе ја доживее својата замена, а нејзин автор е токму уметничкиот директор на фестивалот, реномираниот македонски  композитор и музичар, Роберт Саздов. Организационо-извршната и продуценстка екипа  предводена од Александар Арсовски, организатор и координатор на Макфест од општина Штип,  исто така има полни раце работа, сакајќи фестивалот покрај музичките, да го надополни и со иновативни визуелно-сценски содржини, кои ќе ја збогатат комплетната аудио-визуелна слика на „Макфест 2023“ за комплетно уживање и на публиката во салата и на ТВ гледачите. Претходно за сите детали и поединости, претставниците на македонските медиуми ќе бидат известени и информирани на ПРЕСС конференцијата со мини коктел, која е планирана да се одржи во првата половина на месец октомври во еден елитен хотел во Скопје. На неа ќе бидат презентирани и најмалите ситници околу учесниците, композициите, водителите, презентерите, жирито, црвениот тепих, фоајето, сцената, бекстејџот… И секако директниот ТВ пренос на МРТ од двете вечери, но и директниот „лајв стриминг“ на Интернет  и социјалните мрежи на уште неколку интернет канали и платформи на кои сите случување пред почетокот, за време на одржувањето и по завршувањето на „Макфест 2023“ ќе бидат директно емитувани, а изјавите, разговорите, интервјуата… на фестивалските  протагонисти преку снимки, поткасти и емисии и одложно емитувани. Се на се’,  на годинешниов „Макфест 2023“  кој ќе се одржи на 20 и 21 октомври во Центарот за културата „Ацо Шопов“ во Штип очекувајте едно многу поинакво издание на најпознатиот фестивал во Македонија.

The post „Макфест 2023“: Македонската музичка „прва лига“ и музика за сите вкусови и возрасти appeared first on Република.

]]>
Ричард Гир, Кирстен Данст, Кевин Бејкон…го предводат штрајкот на писателите и актерите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/richard-gir-kirsten-danst-kevin-bejkon-go-predvodat-shtrajkot-na-pisatelite-i-akterite/ Sun, 13 Aug 2023 16:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=671703

Забавната индустрија е парализирана речиси еден месец поради заедничкиот штрајк на еснафот на писателите и актерите, преговорите со Унијата на филмски и телевизиски продуценти пропаднаа, а синдикалниот лидер на Американската федерација на телевизиски и радио уметници, Фран Дрешер ги соблече „ракавиците“: покани над 160.000 членови на протести без преседан.

„Целиот деловен модел е променет со стриминг сервисите, дигитализација, вештачка интелигенција. Ова е историски момент. Ако сега попуштиме, сите ќе бидеме во неволја“, рече 65-годишната актерка, која се искачи на слава со нејзината главна улога во ситкомот од 90-тите, The Nanny.

Холивудскиот актер Ричард Гир исто така го прифати повикот да се спротивстави на стриминг сервисите, филмските студија и продукциските компании кои застанаа на страната на „големите играчи“. Тој излегол на улица со колегите пред филијалата на компанијата „Ворнер Брос“ во Њујорк. Засега најголемата актерска ѕвезда која се приклучи на штрајкот, тој не зборуваше многу. Свесен дека ова е борба за опстанок на целата гранка, тој го крена својот транспарент со кој „кажа“ се што треба.

Познато е дека на 14 јули синдикатот на актерите се приклучи кон прекинот на работата на WGA, Здружението на писателите на Америка, кое протестира од мај годинава. Писателите, актерите и креативците кои живеат од работата на сетот се свесни дека целата индустрија многу брзо се менува, а цената на нивната работа паѓа. За прв пат од 1980 година, актерите започнаа работен спор и се приклучија на штрајкот на писателите, кој излезе на улица за прв пат од 1960 година, пишува Дејли Мејл.

Покрај Ричард Гир, Кирстен Данст и нејзиниот сопруг Џеси Племонс се исто така свесни за застрашувачките промени кои го загрозуваат постоењето на целата индустрија, без разлика дали станува збор за ѕвезди или помалку познати актери, пишува People. Придонесоа и во борбата за подобри услови за работа, регулирање на хонорарите од репризите на стриминг платформите и поддршка за писателите во Њујорк. Како Ричард Гир, тие зедоа транспаренти и им се придружија на демонстрантите на улица, свесни дека борбата за фер, колективен договор што ќе ги заштити актерите од дигиталната „конкуренција“ значи многу и за нивната иднина. Неодамна на демонстрантите во Њујорк им се придружи уште еден холивудски пар, Кевин Бејкон и Кира Сеџвик, пишува People.

„Протестирам во знак на солидарност со моите колеги членови на SAG-AFTRA“, објави Бејкон на Инстаграм. Неговата сопруга изјави за Deadline: „Среќна сум што ова се случува бидејќи мислам дека помина предолго од последниот пат. Студијата заработуваат многу бесплатни пари многу долго време и време е да се стави крај на тоа. “, заклучи актерката.

The post Ричард Гир, Кирстен Данст, Кевин Бејкон…го предводат штрајкот на писателите и актерите appeared first on Република.

]]>

Забавната индустрија е парализирана речиси еден месец поради заедничкиот штрајк на еснафот на писателите и актерите, преговорите со Унијата на филмски и телевизиски продуценти пропаднаа, а синдикалниот лидер на Американската федерација на телевизиски и радио уметници, Фран Дрешер ги соблече „ракавиците“: покани над 160.000 членови на протести без преседан. „Целиот деловен модел е променет со стриминг сервисите, дигитализација, вештачка интелигенција. Ова е историски момент. Ако сега попуштиме, сите ќе бидеме во неволја“, рече 65-годишната актерка, која се искачи на слава со нејзината главна улога во ситкомот од 90-тите, The Nanny. Холивудскиот актер Ричард Гир исто така го прифати повикот да се спротивстави на стриминг сервисите, филмските студија и продукциските компании кои застанаа на страната на „големите играчи“. Тој излегол на улица со колегите пред филијалата на компанијата „Ворнер Брос“ во Њујорк. Засега најголемата актерска ѕвезда која се приклучи на штрајкот, тој не зборуваше многу. Свесен дека ова е борба за опстанок на целата гранка, тој го крена својот транспарент со кој „кажа“ се што треба. Познато е дека на 14 јули синдикатот на актерите се приклучи кон прекинот на работата на WGA, Здружението на писателите на Америка, кое протестира од мај годинава. Писателите, актерите и креативците кои живеат од работата на сетот се свесни дека целата индустрија многу брзо се менува, а цената на нивната работа паѓа. За прв пат од 1980 година, актерите започнаа работен спор и се приклучија на штрајкот на писателите, кој излезе на улица за прв пат од 1960 година, пишува Дејли Мејл. Покрај Ричард Гир, Кирстен Данст и нејзиниот сопруг Џеси Племонс се исто така свесни за застрашувачките промени кои го загрозуваат постоењето на целата индустрија, без разлика дали станува збор за ѕвезди или помалку познати актери, пишува People. Придонесоа и во борбата за подобри услови за работа, регулирање на хонорарите од репризите на стриминг платформите и поддршка за писателите во Њујорк. Како Ричард Гир, тие зедоа транспаренти и им се придружија на демонстрантите на улица, свесни дека борбата за фер, колективен договор што ќе ги заштити актерите од дигиталната „конкуренција“ значи многу и за нивната иднина. Неодамна на демонстрантите во Њујорк им се придружи уште еден холивудски пар, Кевин Бејкон и Кира Сеџвик, пишува People. „Протестирам во знак на солидарност со моите колеги членови на SAG-AFTRA“, објави Бејкон на Инстаграм. Неговата сопруга изјави за Deadline: „Среќна сум што ова се случува бидејќи мислам дека помина предолго од последниот пат. Студијата заработуваат многу бесплатни пари многу долго време и време е да се стави крај на тоа. “, заклучи актерката.

The post Ричард Гир, Кирстен Данст, Кевин Бејкон…го предводат штрајкот на писателите и актерите appeared first on Република.

]]>
Егзит фестивалот-  „журка од самрак до зори“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/egzit-festivalot-zhurka-od-samrak-do-zori/ Fri, 28 Jul 2023 15:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=666379

И оваа година, EXIT Универзум заблеска со плејада најголеми светски ѕвезди, како што се The Prodigy, Wu-Tang Clan, Skrillex, Eric Prydz, Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, Nina Kraviz, Indira Paganotto, Keinemusik и многу други. Беше место за собирање на повеќе од 200.000 посетители од преку 120 земји во светот, но и бројни музички професионалци и водечки светски медиуми привлечени од програмата, локацијата, енергијата и големината на европскиот фестивалски шампион, меѓу кои се DJ Mag, Mixmag, Crack Magazine, Beatport, EDM, Euronews, Daily Express и бројни други. „Никаде не е како на Exit!“ – пренесува британскиот Mixmag, глобалниот гигант кога е во прашање светската електронска музичка сцена.

EXIT од своите почетоци го плени вниманието на водечките интернационални медиумски гиганти, кои и оваа година од фестивалот понесоа силни впечатоци. Така италијанскиот огранок на влијателниот DJ Mag го прогласи EXIT за „упориште на музичкото минато, сегашноста и иднината“, а еден од највлијателните светски магазини кои се бават со електронската музика, британскиот Mixmag, пренесе дека „EXIT не е како другите фестивали“, како и дека „никаде не е како на Exit“. Овој медиум, отворањето на Главната бина го нарече божествено, додека Денс Арената ја прогласи за „рај на електронската музика“. Престижниот Crack Magazine го истакна EXIT како „еден од најпознатите музички настани во летниот европски календар“ и пренесе: „Да се посети EXIT е налик на церемонијална иницијација. Огромната, лавиринстка Петроварадинска тврдина е сама по себе за восхит. Преминувајќи го мостот над Дунав кон фестивалот, нѐ преплави размерот на раскошниот четиридневен спектакл“.

Британскиот Euronews , EXIT го нарече „балканска оаза на драменбејс и техно“, истакнувајќи ја во преден план „неверојатната, единствена фестивалска локација“, а оваа репортажа ја пренесе и Yahoo! Продукцијата на Денс Арената за време на настапот на Eric Prydz опишана е како „еден од најимпресивните визуелни спектакли на фестивалот, кој ги маѓепса посетителите капејќи ги во светлина“. Посебно внимание посветија на прославата 50 години хип-хоп со Wu-Tang Clan како најистакнат претставник на жанрот, но и all-female вечерите на двете најголеми фестивалски бини. Британскиот Daily Express го опиша овогодишното издание на фестивалот како „журка од самрак до зори“, нарекувајќи ја Денс Арената „храм на електронската музика“, американскиот EDM четирите фестивалски ноќи ги претстави како „нескротливо блаженство на денс музиката“, прогласувајќи го EXIT за „еден од најразновидните и највозбудливите музички фестивали во Европа“, додека Deep House Amsterdam ја истакна „фестивалската продукција на највисоко ниво“.

Славниот Beatport и оваа година секоја вечер на својот Facebook и YouTube канал ги пренесуваше настапите од Денс Арена, а пред камерата на највлијателната дигитална платформа за електронска музика се најдоа Nina Kraviz, Hot Since 82, Agents of Time, Mind Against, Indira Paganotto, Vintage Culture, CamelPhat, Gioli & Assia, Layla Benitez, 8Kays, но и Tijana T, Lanna, Coeus, Marko Nastić, Kristijan Molnar и Space Motion. Посебно внимание доби Human Rias, во своевидниот Beatport Instagram takeover.

Овогодишното издание на EXIT фестивалот ги преплави и инстаграм страниците на Deep Tech MinimalTechno and House MusicEDMSound of TechnoTechno CityRavers Residence и многу други, кои заедно бројат повеќе од десет милиони следбеници! Посебно внимание привлече спонтаниот бек-ту-бек сет на Nina Kraviz и Indira Paganotto, но и настапот на Skrillex и магичното затворање на фестивалот на Денс Арена со колективот Keinemusik.

Од Exit годинава известуваа повеќе од 400 медиуми од земјите ширум светот, од С.А.Д. и Мексико, преку Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Германија, Велика Британија и Чешка, до Египет и Индија. Меѓи нив се и американските EDM и Nexus Radio, индискиот EDMLI, египетскиот Yalla Techo, мексиканскиот Vinil TV, ограноците на славниот Mixmag од Холандија и Германија, шпанскиот El Hype, француските Guettapen и Les Mixeurs, германскиот Backspin, чешкиот Headliner и многу други, а британскиот Euronews во својата видео репортажа порачува: „Беше навистина брилијантно искуство, апсолутна препорака за следната година“!

The post Егзит фестивалот-  „журка од самрак до зори“ appeared first on Република.

]]>

И оваа година, EXIT Универзум заблеска со плејада најголеми светски ѕвезди, како што се The Prodigy, Wu-Tang Clan, Skrillex, Eric Prydz, Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, Nina Kraviz, Indira Paganotto, Keinemusik и многу други. Беше место за собирање на повеќе од 200.000 посетители од преку 120 земји во светот, но и бројни музички професионалци и водечки светски медиуми привлечени од програмата, локацијата, енергијата и големината на европскиот фестивалски шампион, меѓу кои се DJ Mag, Mixmag, Crack Magazine, Beatport, EDM, Euronews, Daily Express и бројни други. „Никаде не е како на Exit!“ – пренесува британскиот Mixmag, глобалниот гигант кога е во прашање светската електронска музичка сцена. EXIT од своите почетоци го плени вниманието на водечките интернационални медиумски гиганти, кои и оваа година од фестивалот понесоа силни впечатоци. Така италијанскиот огранок на влијателниот DJ Mag го прогласи EXIT за „упориште на музичкото минато, сегашноста и иднината“, а еден од највлијателните светски магазини кои се бават со електронската музика, британскиот Mixmag, пренесе дека „EXIT не е како другите фестивали“, како и дека „никаде не е како на Exit“. Овој медиум, отворањето на Главната бина го нарече божествено, додека Денс Арената ја прогласи за „рај на електронската музика“. Престижниот Crack Magazine го истакна EXIT како „еден од најпознатите музички настани во летниот европски календар“ и пренесе: „Да се посети EXIT е налик на церемонијална иницијација. Огромната, лавиринстка Петроварадинска тврдина е сама по себе за восхит. Преминувајќи го мостот над Дунав кон фестивалот, нѐ преплави размерот на раскошниот четиридневен спектакл“. Британскиот Euronews , EXIT го нарече „балканска оаза на драменбејс и техно“, истакнувајќи ја во преден план „неверојатната, единствена фестивалска локација“, а оваа репортажа ја пренесе и Yahoo! Продукцијата на Денс Арената за време на настапот на Eric Prydz опишана е како „еден од најимпресивните визуелни спектакли на фестивалот, кој ги маѓепса посетителите капејќи ги во светлина“. Посебно внимание посветија на прославата 50 години хип-хоп со Wu-Tang Clan како најистакнат претставник на жанрот, но и all-female вечерите на двете најголеми фестивалски бини. Британскиот Daily Express го опиша овогодишното издание на фестивалот како „журка од самрак до зори“, нарекувајќи ја Денс Арената „храм на електронската музика“, американскиот EDM четирите фестивалски ноќи ги претстави како „нескротливо блаженство на денс музиката“, прогласувајќи го EXIT за „еден од најразновидните и највозбудливите музички фестивали во Европа“, додека Deep House Amsterdam ја истакна „фестивалската продукција на највисоко ниво“. Славниот Beatport и оваа година секоја вечер на својот Facebook и YouTube канал ги пренесуваше настапите од Денс Арена, а пред камерата на највлијателната дигитална платформа за електронска музика се најдоа Nina Kraviz, Hot Since 82, Agents of Time, Mind Against, Indira Paganotto, Vintage Culture, CamelPhat, Gioli & Assia, Layla Benitez, 8Kays, но и Tijana T, Lanna, Coeus, Marko Nastić, Kristijan Molnar и Space Motion. Посебно внимание доби Human Rias, во своевидниот Beatport Instagram takeover. Овогодишното издание на EXIT фестивалот ги преплави и инстаграм страниците на Deep Tech MinimalTechno and House MusicEDMSound of TechnoTechno CityRavers Residence и многу други, кои заедно бројат повеќе од десет милиони следбеници! Посебно внимание привлече спонтаниот бек-ту-бек сет на Nina Kraviz и Indira Paganotto, но и настапот на Skrillex и магичното затворање на фестивалот на Денс Арена со колективот Keinemusik. Од Exit годинава известуваа повеќе од 400 медиуми од земјите ширум светот, од С.А.Д. и Мексико, преку Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Германија, Велика Британија и Чешка, до Египет и Индија. Меѓи нив се и американските EDM и Nexus Radio, индискиот EDMLI, египетскиот Yalla Techo, мексиканскиот Vinil TV, ограноците на славниот Mixmag од Холандија и Германија, шпанскиот El Hype, француските Guettapen и Les Mixeurs, германскиот Backspin, чешкиот Headliner и многу други, а британскиот Euronews во својата видео репортажа порачува: „Беше навистина брилијантно искуство, апсолутна препорака за следната година“!

The post Егзит фестивалот-  „журка од самрак до зори“ appeared first on Република.

]]>
Што посакаа најголемите музички ѕвезди од регионот за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/shto-posakaa-najgolemite-muzichki-zvezdi-od-regionot-za-2023-godina/ Mon, 02 Jan 2023 18:36:47 +0000 https://republika.mk/?p=592899

Најголемата регионална церемонија на доделување музички награди Music Awards Ceremony (MAC) поддржана од MaxBet, во организација на Скајмјузик, годинава ќе се одржи по трет пат, на 25 и 26 јануари во белградската Штарк арена.

Овој пат MAC ги обедини сите музички жанрови и ги собра најголемите музички ѕвезди од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија, а своето учество досега го потврдија Констракта и Земља грува, Рибља чорба, Јелена Розга, Сара Јо, Каролина Гочева, Тончи Хуљиќ, Саша Матиќ, Милица Павловиќ, Ацо Пејовиќ, Девито, Амна, Војаж, Нучи, Теодора, Николија, Зера, Црни Церак, Мими Мерцедез, Махрина, Цобу, Лацку, составот 2Бона, Сајфер и Албино.

Тие ги повикаа своите фанови да ги поддржат гласајќи за нив, но и на самиот настан во Штарк арената, а што им посакаа во 2023 година погледнете овде.

Билетите за најголемиот музички настан во годината може да се купат преку веб-страницата efinity.rs, апликацијата e_Finity и на билетарницата на Штарк арена.

 

 

The post Што посакаа најголемите музички ѕвезди од регионот за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Најголемата регионална церемонија на доделување музички награди Music Awards Ceremony (MAC) поддржана од MaxBet, во организација на Скајмјузик, годинава ќе се одржи по трет пат, на 25 и 26 јануари во белградската Штарк арена.

Овој пат MAC ги обедини сите музички жанрови и ги собра најголемите музички ѕвезди од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Словенија, а своето учество досега го потврдија Констракта и Земља грува, Рибља чорба, Јелена Розга, Сара Јо, Каролина Гочева, Тончи Хуљиќ, Саша Матиќ, Милица Павловиќ, Ацо Пејовиќ, Девито, Амна, Војаж, Нучи, Теодора, Николија, Зера, Црни Церак, Мими Мерцедез, Махрина, Цобу, Лацку, составот 2Бона, Сајфер и Албино.

Тие ги повикаа своите фанови да ги поддржат гласајќи за нив, но и на самиот настан во Штарк арената, а што им посакаа во 2023 година погледнете овде.

Билетите за најголемиот музички настан во годината може да се купат преку веб-страницата efinity.rs, апликацијата e_Finity и на билетарницата на Штарк арена.    

The post Што посакаа најголемите музички ѕвезди од регионот за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Музичари, актери, блогери, водители, во улога во модели на Модната ноќ на ѕвездите во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/muzichari-akteri-blogeri-voditeli-vo-uloga-vo-modeli-na-modnata-nok-na-zvezdite-vo-skopje/ Fri, 30 Dec 2022 09:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=591755

Триесетина познати музичари, актери, блогери, водители, писателки беа во улога во модели на Модна ноќ на ѕвездите во Скопје која се одржа во трговскиот центар „Ист гејт мол“, носејќи облека на три бренда; Reserved, Gabbiacci и Sara Fashion.

Честа да ја отвори вечерта ѝ припадна на легендарната манекенка Вера Мештеровиќ во креација на Елена Лука, по која своето деби во улога на модели под блесокот од рефлекторите го имаа музичарите Давид Мука, Даниел Дан, Јана Бурческа и Гоце Маротов, актерите Марија Јанчевска и Валентин Дамчевски, писателката Ксенија Николова, уметникот Бојан Ковски, визажистката Марија Лазарова, тиктокерите Александар Динев и Душан Пауновски, водителите Миро Кацаров Нина Славковска и Анѓела Јакимовска, блогерките Антонија Локвенец и Анастасија Димеска, танчарот Џаст Даниелс итн.

 

The post Музичари, актери, блогери, водители, во улога во модели на Модната ноќ на ѕвездите во Скопје appeared first on Република.

]]>

Триесетина познати музичари, актери, блогери, водители, писателки беа во улога во модели на Модна ноќ на ѕвездите во Скопје која се одржа во трговскиот центар „Ист гејт мол“, носејќи облека на три бренда; Reserved, Gabbiacci и Sara Fashion. Честа да ја отвори вечерта ѝ припадна на легендарната манекенка Вера Мештеровиќ во креација на Елена Лука, по која своето деби во улога на модели под блесокот од рефлекторите го имаа музичарите Давид Мука, Даниел Дан, Јана Бурческа и Гоце Маротов, актерите Марија Јанчевска и Валентин Дамчевски, писателката Ксенија Николова, уметникот Бојан Ковски, визажистката Марија Лазарова, тиктокерите Александар Динев и Душан Пауновски, водителите Миро Кацаров Нина Славковска и Анѓела Јакимовска, блогерките Антонија Локвенец и Анастасија Димеска, танчарот Џаст Даниелс итн.  

The post Музичари, актери, блогери, водители, во улога во модели на Модната ноќ на ѕвездите во Скопје appeared first on Република.

]]>
Вечерва погледнете во небото и ако видите четири ѕвезди кои формираат крст, желбата ќе ви се исполни https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/vecherva-poglednete-vo-neboto-i-ako-vidite-chetiri-dzvezdi-koi-formiraat-krst-zelbata-kje-vi-se-ispolni/ Fri, 20 May 2022 21:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=505016

На денешен ден на небото над Ерусалим, во деновите познати како Света Педесетница, во 9 часот наутро во 357 година се појави Светиот Крст Господов, денот кога неверниците престанаа да се сомневаат!

Според народните обичаи, треба да погледнете во небото во доцните вечерни часови, а ако видите четири ѕвезди, поставени така да формираат крст, желбата ќе ви се исполни.

Исто така, денес треба да се воздржите од каква било женска работа, како шиење, плетење, везење…

The post Вечерва погледнете во небото и ако видите четири ѕвезди кои формираат крст, желбата ќе ви се исполни appeared first on Република.

]]>

На денешен ден на небото над Ерусалим, во деновите познати како Света Педесетница, во 9 часот наутро во 357 година се појави Светиот Крст Господов, денот кога неверниците престанаа да се сомневаат! Според народните обичаи, треба да погледнете во небото во доцните вечерни часови, а ако видите четири ѕвезди, поставени така да формираат крст, желбата ќе ви се исполни. Исто така, денес треба да се воздржите од каква било женска работа, како шиење, плетење, везење…

The post Вечерва погледнете во небото и ако видите четири ѕвезди кои формираат крст, желбата ќе ви се исполни appeared first on Република.

]]>
Верувајте, чуда се можни! Вечерва погледнете во небото и замислете желба https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/veruvajte-chuda-se-mozni-vecherva-poglednete-vo-neboto-i-zamislete-zelba/ Fri, 20 May 2022 12:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=504792

Верувајте во чуда и ќе создадете чуда

На денешен ден на небото над Ерусалим, во деновите познати како Света Педесетница, во 9 часот наутро во 357 година се појави Светиот Крст Господов, денот кога неверниците престанаа да се сомневаат! Сите оние кои се сомневаа во Синот Божји со голем страв и восхит го гледаа тој небесен знак, кој светеше со неопислива светлина, посилен од сонцето.

Ова излагање беше причина за многумина да го прифатат Православието, да се покаат и да го добијат светото крштевање.

Според народните обичаи, треба да погледнете во небото во доцните вечерни часови, а ако видите четири ѕвезди, поставени така да формираат крст, желбата ќе ви се исполни. Исто така, денес треба да се воздржите од каква било женска работа, како шиење, перење, везење...

По повод сеќавањето на овој голем настан, ви ја пренесуваме приказната за последните зборови на Исус Христос на крстот:

„Сакавте да го дознаете значењето на тие седум зборови, што Господ ги кажа од Крстот. Нели се јасни?“, вели владиката Николај и продолжува:

Прва реченица: Татко, прости им, зашто не знаат што прават.

Со овие зборови Господ најпрвин ја покажал Својата милост кон Своите убијци, чија злоба не Го оставила ниту во маките на крстот. И второ, тој од врвот на карпата Голгота објави една докажана, но никогаш замолчена вистина - дека злосторниците никогаш не знаат што прават. Убивајќи ги праведните, тие всушност се убиваат себеси, додека ги величаат праведните. Кога го згазија законот Божји, не го видоа воденичкиот камен, кој невидливо се спушта врз нив за да ги меле. Исмејувајќи се со Бога, тие не гледаат како нивните лица се претвораат во скотски муцки. Опиени од зло, никогаш не знаат што прават.

Втора реченица: Вистина ви кажувам - денес ќе бидете со мене во Рајот.

Овој збор му беше упатен на покајаниот разбојник на крстот. Благодатта Божја е неискажливо голема. Господ исто така ја извршува Својата мисија на крстот. До последен здив ги спасува оние кои покажуваат и најмала волја да се спасат.

Трета реченица: Жено, еве ти го синот.

Така ѝ рекол Господ на Својата Света Мајка, која стоела под крстот на распнатата душа. И му рече на апостол Јован: „Еве ја мајка ти! Овие зборови ја покажуваат синовска грижа, која секој им ја должи на своите родители. Ете, Оној Кој им заповеда на народот: Почитувај ги таткото и мајка си, тој самиот ја исполнува Неговата заповед до последниот час.

Четврта реченица: Боже, Боже мој, зошто ме остави?

Овие зборови ја изразуваат немоќта на човековата природа исто толку колку и јасновидноста. Затоа што човекот страда. Но, постои една тајна под човечката болка. Меѓутоа, вечниот Син Божји се воплоти како човек, за да може како човек, тело и душа, да страда за луѓето во даден момент и да умре за луѓето. Затоа што ако божеството во Христа страдаше, тоа значи дека Божеството во Христа умре. И тоа е незамисливо.

Петта реченица: Жеден сум.

Неговата крв течеше. Оттука и жедта. Сонцето од запад веќе Го удираше во лице и заедно со другите маки страшно Го гореше. Нормално дека е жеден. Но, Господи, дали навистина си жеден за вода или љубов? Дали си жеден како човек или како Бог, или и двете? Еве еден римски легионер кој додава сунѓер натопен во оцет. Една капка благодат, која ја почувствувавте од луѓето во трите часа висење на Крстот! Овој римски војник го ублажува гревот на Пилат, гревот на Римската империја кон тебе, дури и со оцет. Затоа ќе ја уништите Римската империја, но на нејзино место ќе изградите нова.

Шеста реченица: Оче, во твоите раце го предавам мојот дух.

Дека Синот го предава Својот дух во рацете на Својот Татко. Да се ​​знае дека дошол од Отецот, а не самоволно, како што Го обвинувале Евреите. Но, овие зборови беа изговорени и за да ги слушнат и разберат будистите, питагорејците, окултистите и сите оние филозофи кои баснуваат за миграцијата на душите на мртвите луѓе кон други луѓе, или животни, или растенија, или ѕвезди и минерали. Отфрли ги сите овие фантазии и види каде оди духот на мртвите праведници: Татко, во Твоите раце го доверувам мојот дух!

Седма реченица: Готово е.

Тоа не значи дека „животот заврши“. Не, но мисијата за искупување и спасение на човечкиот род е завршена. Завршено е и запечатено со крв и смрт на земјата, божественото дело на единствениот вистински Месија на луѓето. Маките завршија, а животот само што почнува. Трагедија заврши, но не и драмата. Следен е последниот, величенствен чин: победа на смртта, Велигден, слава“, објасни владиката Николај.

The post Верувајте, чуда се можни! Вечерва погледнете во небото и замислете желба appeared first on Република.

]]>

Верувајте во чуда и ќе создадете чуда На денешен ден на небото над Ерусалим, во деновите познати како Света Педесетница, во 9 часот наутро во 357 година се појави Светиот Крст Господов, денот кога неверниците престанаа да се сомневаат! Сите оние кои се сомневаа во Синот Божји со голем страв и восхит го гледаа тој небесен знак, кој светеше со неопислива светлина, посилен од сонцето. Ова излагање беше причина за многумина да го прифатат Православието, да се покаат и да го добијат светото крштевање. Според народните обичаи, треба да погледнете во небото во доцните вечерни часови, а ако видите четири ѕвезди, поставени така да формираат крст, желбата ќе ви се исполни. Исто така, денес треба да се воздржите од каква било женска работа, како шиење, перење, везење... По повод сеќавањето на овој голем настан, ви ја пренесуваме приказната за последните зборови на Исус Христос на крстот: „Сакавте да го дознаете значењето на тие седум зборови, што Господ ги кажа од Крстот. Нели се јасни?“, вели владиката Николај и продолжува: Прва реченица: Татко, прости им, зашто не знаат што прават. Со овие зборови Господ најпрвин ја покажал Својата милост кон Своите убијци, чија злоба не Го оставила ниту во маките на крстот. И второ, тој од врвот на карпата Голгота објави една докажана, но никогаш замолчена вистина - дека злосторниците никогаш не знаат што прават. Убивајќи ги праведните, тие всушност се убиваат себеси, додека ги величаат праведните. Кога го згазија законот Божји, не го видоа воденичкиот камен, кој невидливо се спушта врз нив за да ги меле. Исмејувајќи се со Бога, тие не гледаат како нивните лица се претвораат во скотски муцки. Опиени од зло, никогаш не знаат што прават. Втора реченица: Вистина ви кажувам - денес ќе бидете со мене во Рајот. Овој збор му беше упатен на покајаниот разбојник на крстот. Благодатта Божја е неискажливо голема. Господ исто така ја извршува Својата мисија на крстот. До последен здив ги спасува оние кои покажуваат и најмала волја да се спасат. Трета реченица: Жено, еве ти го синот. Така ѝ рекол Господ на Својата Света Мајка, која стоела под крстот на распнатата душа. И му рече на апостол Јован: „Еве ја мајка ти! Овие зборови ја покажуваат синовска грижа, која секој им ја должи на своите родители. Ете, Оној Кој им заповеда на народот: Почитувај ги таткото и мајка си, тој самиот ја исполнува Неговата заповед до последниот час. Четврта реченица: Боже, Боже мој, зошто ме остави? Овие зборови ја изразуваат немоќта на човековата природа исто толку колку и јасновидноста. Затоа што човекот страда. Но, постои една тајна под човечката болка. Меѓутоа, вечниот Син Божји се воплоти како човек, за да може како човек, тело и душа, да страда за луѓето во даден момент и да умре за луѓето. Затоа што ако божеството во Христа страдаше, тоа значи дека Божеството во Христа умре. И тоа е незамисливо. Петта реченица: Жеден сум. Неговата крв течеше. Оттука и жедта. Сонцето од запад веќе Го удираше во лице и заедно со другите маки страшно Го гореше. Нормално дека е жеден. Но, Господи, дали навистина си жеден за вода или љубов? Дали си жеден како човек или како Бог, или и двете? Еве еден римски легионер кој додава сунѓер натопен во оцет. Една капка благодат, која ја почувствувавте од луѓето во трите часа висење на Крстот! Овој римски војник го ублажува гревот на Пилат, гревот на Римската империја кон тебе, дури и со оцет. Затоа ќе ја уништите Римската империја, но на нејзино место ќе изградите нова. Шеста реченица: Оче, во твоите раце го предавам мојот дух. Дека Синот го предава Својот дух во рацете на Својот Татко. Да се ​​знае дека дошол од Отецот, а не самоволно, како што Го обвинувале Евреите. Но, овие зборови беа изговорени и за да ги слушнат и разберат будистите, питагорејците, окултистите и сите оние филозофи кои баснуваат за миграцијата на душите на мртвите луѓе кон други луѓе, или животни, или растенија, или ѕвезди и минерали. Отфрли ги сите овие фантазии и види каде оди духот на мртвите праведници: Татко, во Твоите раце го доверувам мојот дух! Седма реченица: Готово е. Тоа не значи дека „животот заврши“. Не, но мисијата за искупување и спасение на човечкиот род е завршена. Завршено е и запечатено со крв и смрт на земјата, божественото дело на единствениот вистински Месија на луѓето. Маките завршија, а животот само што почнува. Трагедија заврши, но не и драмата. Следен е последниот, величенствен чин: победа на смртта, Велигден, слава“, објасни владиката Николај.

The post Верувајте, чуда се можни! Вечерва погледнете во небото и замислете желба appeared first on Република.

]]>
Научници бараат доброволци кои ќе „ги слушаат“ ѕвездите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nauchnici-baraat-dobrovolci-koi-kje-gi-slushaat-dzvezdite/ Tue, 11 Jan 2022 14:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=443206

Белгиски научници бараат доброволци кои ќе „ги слушаат“ ѕвездите и ќе помогнат во откривањето и категоризација на нови ѕвезди и соѕвездија.

На интернет-страницата на астрономите од Универзитетот во Левен во Белгија за проектот „AstroSounds“, се наведува дека астрономијата не се состои само од набљудувања, туку дека ѕвездите можат да создаваат и звук преку вибрации. Предвидени се експерименти за тоа дали човечкото уво може да ги разликува звуците што ги произведуваат ѕвездите.

Кетрин Коленберг, научник од Универзитетот во Левен, вели дека одредени ѕвезди можат да произведат звук и вибрации коишто човечкото уво не може да ги слушне.

Ѕвездите може да вибрираат како огромни ѕвона и иако човечкото уво не може директно да ги слушне, тоа може да се види во промената на светлината што доаѓа од ѕвездите, која подоцна може да се претвори во звук... А ѕвездите, како и сонцето, се огромни топки од гас. Тие имаат посебни карактеристики кои произведуваат посебни звуци - вели Коленберг.

Овозможувајќи им на повеќе луѓе се сосредооточат и да слушаат различни видови ѕвезди, научниците ќе се обидат да откријат колку човечкото уво е способно за прием и анализа на вакви податоци.

The post Научници бараат доброволци кои ќе „ги слушаат“ ѕвездите appeared first on Република.

]]>

Белгиски научници бараат доброволци кои ќе „ги слушаат“ ѕвездите и ќе помогнат во откривањето и категоризација на нови ѕвезди и соѕвездија. На интернет-страницата на астрономите од Универзитетот во Левен во Белгија за проектот „AstroSounds“, се наведува дека астрономијата не се состои само од набљудувања, туку дека ѕвездите можат да создаваат и звук преку вибрации. Предвидени се експерименти за тоа дали човечкото уво може да ги разликува звуците што ги произведуваат ѕвездите. Кетрин Коленберг, научник од Универзитетот во Левен, вели дека одредени ѕвезди можат да произведат звук и вибрации коишто човечкото уво не може да ги слушне.
Ѕвездите може да вибрираат како огромни ѕвона и иако човечкото уво не може директно да ги слушне, тоа може да се види во промената на светлината што доаѓа од ѕвездите, која подоцна може да се претвори во звук... А ѕвездите, како и сонцето, се огромни топки од гас. Тие имаат посебни карактеристики кои произведуваат посебни звуци - вели Коленберг.
Овозможувајќи им на повеќе луѓе се сосредооточат и да слушаат различни видови ѕвезди, научниците ќе се обидат да откријат колку човечкото уво е способно за прием и анализа на вакви податоци.

The post Научници бараат доброволци кои ќе „ги слушаат“ ѕвездите appeared first on Република.

]]>