џудо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzudo/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 09:11:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џудо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzudo/ 32 32 Шерифовски загуби со ипон на Олимписките игри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sherifovski-zagubi-so-ipon-na-olimpiskite-igri/ Tue, 30 Jul 2024 09:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=801560

Македонскиот џудист, Еди Шерифовски загуби во својот прв настап на Олимписките игри, тој беше поразен од Бразилецот, Гиљерме Шимид во категоријата до 81 килограм.

Шерифовски добро ја почна борбата, беше активен, но не успеа да направи изненадување против далеку подобро рангираниот џудист од Бразил кој е и панамерикански шампион.

Македонскиот џудист мечот го загуби со ипон во текот на третата минута од мечот.

Шерифовски е трет македонски Олимпиец кој го заврши настапот во Париз, претходно учествуваа стрелачката Мојсовска и пливачот Ѓуретановиќ.

The post Шерифовски загуби со ипон на Олимписките игри appeared first on Република.

]]>

Македонскиот џудист, Еди Шерифовски загуби во својот прв настап на Олимписките игри, тој беше поразен од Бразилецот, Гиљерме Шимид во категоријата до 81 килограм. Шерифовски добро ја почна борбата, беше активен, но не успеа да направи изненадување против далеку подобро рангираниот џудист од Бразил кој е и панамерикански шампион. Македонскиот џудист мечот го загуби со ипон во текот на третата минута од мечот. Шерифовски е трет македонски Олимпиец кој го заврши настапот во Париз, претходно учествуваа стрелачката Мојсовска и пливачот Ѓуретановиќ.

The post Шерифовски загуби со ипон на Олимписките игри appeared first on Република.

]]>
Македонскиот џудист Шерифовски обезбеди настап на Игрите во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-dhudist-sherifovski-obezbedi-nastap-na-igrite-vo-pariz/ Fri, 28 Jun 2024 09:55:50 +0000 https://republika.mk/?p=791522

Најдобриот македонски џудист Еди Шерифовски ќе настапи на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз, објави денеска Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Шерифовски, како што е соопштено, ќе настапи на олимпискиот турнир во џудо во категоријата до 81 килограми.

МОК беше информиран дека, со заедничка одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација, врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија-81 кгр) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024“, се наведува во соопштението.

Игрите во Париз ќе бидат трети по ред на која ќе настапат македонски џудисти, откако Катерина Николовска беше учесник на Игрите 2016 во Рио де Женеиро, додека Арбреша Реџепи настапи на Олимпијадата во Токио 2020.

 

The post Македонскиот џудист Шерифовски обезбеди настап на Игрите во Париз appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски џудист Еди Шерифовски ќе настапи на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз, објави денеска Македонскиот олимписки комитет (МОК). Шерифовски, како што е соопштено, ќе настапи на олимпискиот турнир во џудо во категоријата до 81 килограми.
МОК беше информиран дека, со заедничка одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација, врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија-81 кгр) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024“, се наведува во соопштението.
Игрите во Париз ќе бидат трети по ред на која ќе настапат македонски џудисти, откако Катерина Николовска беше учесник на Игрите 2016 во Рио де Женеиро, додека Арбреша Реџепи настапи на Олимпијадата во Токио 2020.  

The post Македонскиот џудист Шерифовски обезбеди настап на Игрите во Париз appeared first on Република.

]]>
Скопје домаќин на најдобрите европски јуниорски џудисти https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/skopje-domakin-na-najdobrite-evropski-juniorski-dhudisti/ Fri, 11 Aug 2023 15:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=671194

Македонската џудо федерација (ЏФМ) за прв пат во својата историја од утре до среда во Скопје ќе биде домаќин на Европскиот јуниорски куп во машка и женска конкуренција на кој ќе настапат 234 џудисти од 29 држави.

Натпреварите за пласман и медали, како што соопштија организаторите на денешната прес – конференција, ќе се одржат претстојниот викенд во Спортскиот центар „Јане Сандански“, а Европскиот џудо куп ќе продолжи до среда со јуниорски камп.

„Овој Европски куп за прв пат се одржува во Скопје и искрено се надевам дека во следните шест денови ќе бидеме добри домаќини и центар на џудото во Европа“, изјави денеска претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски.

Потпретседателот на ЏФМ, Благоја Гешовски, истакна дека доделувањето на организацијата на Европскиот џудо куп е резултат на долгогодишна спортска дипломатија со поддршка на домашните институции.

„Ние како ЏФМ сме возбудени, среќни и горди бидејќи успеавме конечно во нашата држава да организираме настан со кој Македонија и македонското џудо се впишува на европската џудо мапа. Не беше лесно, ова е резултат на макотрпна спортска дипломатија во изминатите години, упорност и лобирачки вештини на нашиот претседател Трпаноски“, рече Гешовски.

„Ние во оваа битка да го организираме Европскиот куп ја имавме поддршката и од Македонскиот олимписки комитет, Владата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт“, додаде потпретседателот на ЏФМ.

Селекторот на јуниорската џудо репрезентација Александар Фузевски најави дека на Европскиот куп ќе настапат вкупно 15 македонски џудисти, од кои деветмина се кадети.

„Ова и за нив и за нас ќе биде голем тест за тоа што можеме да очекуваме во иднина бидејќи станува збор за натпреварување од највисок ранг. Јас како селектор би бил презадоволен доколку нашите џудисти, меѓу кои неколкумина се во помала возрасна категорија, успеат да се вмешаат во борбата за медали, изјави селекторот Фузевски.

Првиот човек на ЏФМ истакна дека претстојниот Европски џудо куп е традиционално натпреварување и доколку годинешното издание мине беспрекорно на организациски пласман, Скопје и догодина ќе биде негов домаќин.

Воедно, Трпаноски објави дека ЏФМ поднела апликација за организација и на Европското јуниорско првенство во 2025 м година, а одлуката за домаќинот Европската џудо унија ќе ја објави на 21 овој месец.

Во името на Европската џудо унија нејзиниот претставник Бранислав Црногорац денеска изнесе комплименти за инфраструктурните и организациските капацитети на ЏФМ и изрази уверување дека Скопје ќе биде одличен домаќин на најдобрите џудисти во јуниорска конкуренција.

Прелиминарните борби започнуваат в сабота во 10 часот. Свеченото отворање е предвидено во 17 часот истиот ден, а по неговото затворање ќе следи финалниот блок кој ќе ги даде имињата на првите шампиони. Борбите продолжуваат в недела повторно со почеток од 10 часот.

Влезот за сите натпревари кои викендов ќе се одржат во спортската сала „Јане Сандански“ ќе биде бесплатен.

По завршувањето на купот, ќе се одржи и тридневен Јуниорски тренинг камп, исто така, во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

The post Скопје домаќин на најдобрите европски јуниорски џудисти appeared first on Република.

]]>

Македонската џудо федерација (ЏФМ) за прв пат во својата историја од утре до среда во Скопје ќе биде домаќин на Европскиот јуниорски куп во машка и женска конкуренција на кој ќе настапат 234 џудисти од 29 држави. Натпреварите за пласман и медали, како што соопштија организаторите на денешната прес – конференција, ќе се одржат претстојниот викенд во Спортскиот центар „Јане Сандански“, а Европскиот џудо куп ќе продолжи до среда со јуниорски камп. „Овој Европски куп за прв пат се одржува во Скопје и искрено се надевам дека во следните шест денови ќе бидеме добри домаќини и центар на џудото во Европа“, изјави денеска претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски. Потпретседателот на ЏФМ, Благоја Гешовски, истакна дека доделувањето на организацијата на Европскиот џудо куп е резултат на долгогодишна спортска дипломатија со поддршка на домашните институции. „Ние како ЏФМ сме возбудени, среќни и горди бидејќи успеавме конечно во нашата држава да организираме настан со кој Македонија и македонското џудо се впишува на европската џудо мапа. Не беше лесно, ова е резултат на макотрпна спортска дипломатија во изминатите години, упорност и лобирачки вештини на нашиот претседател Трпаноски“, рече Гешовски. „Ние во оваа битка да го организираме Европскиот куп ја имавме поддршката и од Македонскиот олимписки комитет, Владата на Македонија и Агенцијата за млади и спорт“, додаде потпретседателот на ЏФМ. Селекторот на јуниорската џудо репрезентација Александар Фузевски најави дека на Европскиот куп ќе настапат вкупно 15 македонски џудисти, од кои деветмина се кадети. „Ова и за нив и за нас ќе биде голем тест за тоа што можеме да очекуваме во иднина бидејќи станува збор за натпреварување од највисок ранг. Јас како селектор би бил презадоволен доколку нашите џудисти, меѓу кои неколкумина се во помала возрасна категорија, успеат да се вмешаат во борбата за медали, изјави селекторот Фузевски. Првиот човек на ЏФМ истакна дека претстојниот Европски џудо куп е традиционално натпреварување и доколку годинешното издание мине беспрекорно на организациски пласман, Скопје и догодина ќе биде негов домаќин. Воедно, Трпаноски објави дека ЏФМ поднела апликација за организација и на Европското јуниорско првенство во 2025 м година, а одлуката за домаќинот Европската џудо унија ќе ја објави на 21 овој месец. Во името на Европската џудо унија нејзиниот претставник Бранислав Црногорац денеска изнесе комплименти за инфраструктурните и организациските капацитети на ЏФМ и изрази уверување дека Скопје ќе биде одличен домаќин на најдобрите џудисти во јуниорска конкуренција. Прелиминарните борби започнуваат в сабота во 10 часот. Свеченото отворање е предвидено во 17 часот истиот ден, а по неговото затворање ќе следи финалниот блок кој ќе ги даде имињата на првите шампиони. Борбите продолжуваат в недела повторно со почеток од 10 часот. Влезот за сите натпревари кои викендов ќе се одржат во спортската сала „Јане Сандански“ ќе биде бесплатен. По завршувањето на купот, ќе се одржи и тридневен Јуниорски тренинг камп, исто така, во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

The post Скопје домаќин на најдобрите европски јуниорски џудисти appeared first on Република.

]]>
На џудо федерацијата им пречи Лентата на Св.Ѓорѓи на руските навивачи https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-dhudo-federatsijata-im-prechi-lentata-na-sv-gorgi-na-ruskite-navivachi/ Thu, 11 May 2023 15:21:42 +0000 https://republika.mk/?p=639814

Меѓународната џудо федерација (ИЈФ) исфрли од Светското првенство во Доха група руски навивачи кои во салата се појавија со Лентата на Свети Ѓорѓи, која од 18. век се користи во Русија како воен симбол, а по Втората светска војна како симбол на победата против нацизмот.

Организаторите првично ги повикаа руските навивачи да ја отстранат лентата, а откако тоа одбија да го сторат беа исфрлени од салата.

На руските навивачи им е забранет влез во салата во Доха до крајот на СП во џудо.

Од почетокот на војната во Украина, СП во џудо е првото големо меѓународно натпреварување на кое настапуваат спортисти од Русија и Белорусија.

ИЈФ даде дозвола за враќање на Русија и Белорусија, под услов тоа да го направат поединечно и како неутрални спортисти.

The post На џудо федерацијата им пречи Лентата на Св.Ѓорѓи на руските навивачи appeared first on Република.

]]>

Меѓународната џудо федерација (ИЈФ) исфрли од Светското првенство во Доха група руски навивачи кои во салата се појавија со Лентата на Свети Ѓорѓи, која од 18. век се користи во Русија како воен симбол, а по Втората светска војна како симбол на победата против нацизмот. Организаторите првично ги повикаа руските навивачи да ја отстранат лентата, а откако тоа одбија да го сторат беа исфрлени од салата. На руските навивачи им е забранет влез во салата во Доха до крајот на СП во џудо. Од почетокот на војната во Украина, СП во џудо е првото големо меѓународно натпреварување на кое настапуваат спортисти од Русија и Белорусија. ИЈФ даде дозвола за враќање на Русија и Белорусија, под услов тоа да го направат поединечно и како неутрални спортисти.

The post На џудо федерацијата им пречи Лентата на Св.Ѓорѓи на руските навивачи appeared first on Република.

]]>