ДЗСИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzsi/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 13:05:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ДЗСИ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzsi/ 32 32 По починатотот бебе, ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-pochinatotot-bebe-dszi-najavuva-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-detskata-klinika-i-kozle/ Sat, 05 Oct 2024 11:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=823051

Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле, поради тоа што таму почина бебе за кое родителите тврдат дека било одбивано да биде хоспитализирано иако неколку пати го носеле во Детската Клиника.

Од ДСЗИ велат дека надзорот ќе го прават во присуство на докторите.

Со цел да се утврди вистинитоста за евентуалните пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица во здравствените установи како и лекарите кои учествувале во претходното пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Најавата да ДЗСИ доаѓа откако еано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе. МВР денеска потврди дека има починатот дете, а неговиот татко, според информациите од полицијата, по добиената информација кршел низ болницата.

„Слободен печат” објави дека бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника.

https://republika.mk/zivot/zdravje/14-mesechno-bebe-pochinalo-na-detska-klinika-tatkoto-tvrdi-deka-nekolku-pati-bilo-vrakano-doma-pred-da-bide-hospitalizirano/

The post По починатотот бебе, ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле appeared first on Република.

]]>

Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле, поради тоа што таму почина бебе за кое родителите тврдат дека било одбивано да биде хоспитализирано иако неколку пати го носеле во Детската Клиника. Од ДСЗИ велат дека надзорот ќе го прават во присуство на докторите.
Со цел да се утврди вистинитоста за евентуалните пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица во здравствените установи како и лекарите кои учествувале во претходното пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Најавата да ДЗСИ доаѓа откако еано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе. МВР денеска потврди дека има починатот дете, а неговиот татко, според информациите од полицијата, по добиената информација кршел низ болницата. „Слободен печат” објави дека бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника.   https://republika.mk/zivot/zdravje/14-mesechno-bebe-pochinalo-na-detska-klinika-tatkoto-tvrdi-deka-nekolku-pati-bilo-vrakano-doma-pred-da-bide-hospitalizirano/

The post По починатотот бебе, ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле appeared first on Република.

]]>
ДЗСИ: Затворена амбулантата на „Бехтел и Енка“ во Гостивар, без лиценца ги лекувала работниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzsi-zatvorena-ambulantata-na-behtel-i-enka-vo-gostivar-bez-litsentsa-gi-lekuvala-rabotnitsite/ Tue, 05 Mar 2024 16:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=751608

Амбулантата во сопственост на Бехтел и Енка е затворена по вонреден инспекциски надзор на Здравствениот санитарен инспекторат. При увидот било констатирано дека поликлиниката „Санте плус 2“ без лиценца им дава медицински услуги на работниците на „Бехтел и Енка“.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека на 28 февруари годинава извршиле вонреден инспекциски надзор при што биле констатирани нерегуларности.

„Врз основа на констатираната состојба, Државниот санитарен и здравствен инспекторат издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примарно ниво, во просторијата лоцирана на ул. Илинденска бб во Гостивар, бидејки нема Решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство.Во моментот на надзорот затекната е медицинска опрема, лекови, потрошен медицински материјал и медицински отпад од извршени медицински интервенции ( инфузии, шприцеви...).“ - велат од ДЗСИ

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат појаснуваат дека директорката на Санте Плус била повикана да ја достави документацијата до инспекторите, но таа не се појавила.

Од Санте Плус 2 тврдат дека амбулантата воопшто и не постоела но и тврдат дека не би работеле на штета на било кој.

“Можеме да ви потврдиме дека Санте Плус нема отворенo подружница во Гостивар, па од тука не може да биде затворено нешто што не е отворено. Оваа фама е нечија игра за која се известени надлежните институции.” - велат од Санте Плус 2.

Бехтел и Енка е американско-турски конзорциум кој гради дел од автопатиштата во Македонија долж коридорите 8 и 10Д, за овој конзорциум се плетата низа скандали во директна корелација со Владата на Македонија. Пред десет месеци Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за набавката на преговарач и надзор за изведбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, за кои веќе беше одлучено да ги гради „Бехтел и Енка“.

Обвинителот, Ислам Абази пред некој ден на брифинг со новинарите кратко рече дека како обвинителство постапуваат во врска со предметот за надзорот над „Бехтел и Енка“.

Извор: ТВ24

The post ДЗСИ: Затворена амбулантата на „Бехтел и Енка“ во Гостивар, без лиценца ги лекувала работниците appeared first on Република.

]]>

Амбулантата во сопственост на Бехтел и Енка е затворена по вонреден инспекциски надзор на Здравствениот санитарен инспекторат. При увидот било констатирано дека поликлиниката „Санте плус 2“ без лиценца им дава медицински услуги на работниците на „Бехтел и Енка“. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека на 28 февруари годинава извршиле вонреден инспекциски надзор при што биле констатирани нерегуларности.
„Врз основа на констатираната состојба, Државниот санитарен и здравствен инспекторат издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примарно ниво, во просторијата лоцирана на ул. Илинденска бб во Гостивар, бидејки нема Решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство.Во моментот на надзорот затекната е медицинска опрема, лекови, потрошен медицински материјал и медицински отпад од извршени медицински интервенции ( инфузии, шприцеви...).“ - велат од ДЗСИ
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат појаснуваат дека директорката на Санте Плус била повикана да ја достави документацијата до инспекторите, но таа не се појавила. Од Санте Плус 2 тврдат дека амбулантата воопшто и не постоела но и тврдат дека не би работеле на штета на било кој.
“Можеме да ви потврдиме дека Санте Плус нема отворенo подружница во Гостивар, па од тука не може да биде затворено нешто што не е отворено. Оваа фама е нечија игра за која се известени надлежните институции.” - велат од Санте Плус 2.
Бехтел и Енка е американско-турски конзорциум кој гради дел од автопатиштата во Македонија долж коридорите 8 и 10Д, за овој конзорциум се плетата низа скандали во директна корелација со Владата на Македонија. Пред десет месеци Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за набавката на преговарач и надзор за изведбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, за кои веќе беше одлучено да ги гради „Бехтел и Енка“. Обвинителот, Ислам Абази пред некој ден на брифинг со новинарите кратко рече дека како обвинителство постапуваат во врска со предметот за надзорот над „Бехтел и Енка“.
Извор: ТВ24

The post ДЗСИ: Затворена амбулантата на „Бехтел и Енка“ во Гостивар, без лиценца ги лекувала работниците appeared first on Република.

]]>
ДСЗИ нема добиено известување за случајот со починатото новороденче во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dszi-nema-dobieno-izvestuvane-za-sluchajot-so-pochinatoto-novorodenche-vo-bitola/ Mon, 17 Jul 2023 12:57:21 +0000 https://republika.mk/?p=662337

Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) засега нема да постапува во врска со случајот во Клиничката болница во Битола, каде родилка со неконтролирана бременост родила починато бебе. Оттаму информираат дека уште немаат добиено известување ниту од семејството на родилката, ниту од надлежен орган во врска со случајот.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска за МИА изјави дека постапуваат само по претходно добиена претставка или налог од министерот за здравство.

ДСЗИ за овој случај нема добиено известување ниту од семејство, ниту од надлежен орган или институција. Понекогаш, во вакви случаи, семејството не сака да биде јавно објавено за ситуацијата. Ние постапуваме само по претставка или налог од министерот. Додека не добиеме известување, не можеме да постапуваме, изјави Младеновска за МИА.

МИА побара изјава и од Министерството за здравство дали ќе испратат налог до ДСЗИ да изврши надзор во болницата во Битола, но оттаму до објавување на веста немаше одговор.

Вчера родилка со неконтролирана бременост, во Клиничката болница – Битола роди мртво бебе, два месеца по враќањето од Германија во Битола.

Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во кој мајката и претходно имала породување со мртво бебе.

The post ДСЗИ нема добиено известување за случајот со починатото новороденче во Битола appeared first on Република.

]]>

Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) засега нема да постапува во врска со случајот во Клиничката болница во Битола, каде родилка со неконтролирана бременост родила починато бебе. Оттаму информираат дека уште немаат добиено известување ниту од семејството на родилката, ниту од надлежен орган во врска со случајот.     Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска за МИА изјави дека постапуваат само по претходно добиена претставка или налог од министерот за здравство.
ДСЗИ за овој случај нема добиено известување ниту од семејство, ниту од надлежен орган или институција. Понекогаш, во вакви случаи, семејството не сака да биде јавно објавено за ситуацијата. Ние постапуваме само по претставка или налог од министерот. Додека не добиеме известување, не можеме да постапуваме, изјави Младеновска за МИА.
МИА побара изјава и од Министерството за здравство дали ќе испратат налог до ДСЗИ да изврши надзор во болницата во Битола, но оттаму до објавување на веста немаше одговор. Вчера родилка со неконтролирана бременост, во Клиничката болница – Битола роди мртво бебе, два месеца по враќањето од Германија во Битола. Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во кој мајката и претходно имала породување со мртво бебе.

The post ДСЗИ нема добиено известување за случајот со починатото новороденче во Битола appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство го добил извештајот на ДСЗИ за хрватскиот ракометар Тот, се чека извештајот од судска медицина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-go-dobil-izveshtajot-na-dszi-za-hrvatskiot-rakometar-tot-se-cheka-izveshtajot-od-sudska-medicina/ Wed, 13 Apr 2022 09:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=487747

Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот е доставен во мојата канцеларија, сега чекаме извештај од судска медицина. По комплетирање на сите документи ќе се формира комисија ако има потреба и ако има сомнеж за некој детаљ, па потоа ќе дадам дефинитивна изјава, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали.

Тој вели оти „сликата сè уште не е комплетирана“, па поради тоа не може да даде прецизен одговор во однос на тоа дали има некој лекарски пропуст во овој случај.

Не би сакал во период кога се уште е отворен процесот да дадам некоја изјава. Сè уште сликата не е комплетирана, не можам да дадам прецизен одговор, меѓутоа гледам дека секоја институција својата работа си ја обавува во рамки на своите ингеренции. И со директорката Мојсова и со директорката Букова сме разговарале, меѓутоа дозволете да заврши процесот, па да кажеме, додаде Сали.

The post Министерот за здравство го добил извештајот на ДСЗИ за хрватскиот ракометар Тот, се чека извештајот од судска медицина appeared first on Република.

]]>

Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот е доставен во мојата канцеларија, сега чекаме извештај од судска медицина. По комплетирање на сите документи ќе се формира комисија ако има потреба и ако има сомнеж за некој детаљ, па потоа ќе дадам дефинитивна изјава, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали. Тој вели оти „сликата сè уште не е комплетирана“, па поради тоа не може да даде прецизен одговор во однос на тоа дали има некој лекарски пропуст во овој случај.
Не би сакал во период кога се уште е отворен процесот да дадам некоја изјава. Сè уште сликата не е комплетирана, не можам да дадам прецизен одговор, меѓутоа гледам дека секоја институција својата работа си ја обавува во рамки на своите ингеренции. И со директорката Мојсова и со директорката Букова сме разговарале, меѓутоа дозволете да заврши процесот, па да кажеме, додаде Сали.
 
The post Министерот за здравство го добил извештајот на ДСЗИ за хрватскиот ракометар Тот, се чека извештајот од судска медицина appeared first on Република.

]]>
Решенијата за изолација отсега на страницата на ДСЗИ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/reshenijata-za-izolacija-otsega-na-stranicata-na-dszi/ Wed, 02 Feb 2022 08:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=452784

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. Од вчера новата Комисијата за заразни болести е со нов и проширен состав, но сепак со истиот став, апелираше на масовна вакцинација за побрзо завршување на пандемијата.

Во однос на новата одлука, решенијата за изолација да се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ, ќе се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на КОВИД-19 .

За овој начин на доставување на решенијата граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните, информираа вчера од Влада.

The post Решенијата за изолација отсега на страницата на ДСЗИ appeared first on Република.

]]>

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. Од вчера новата Комисијата за заразни болести е со нов и проширен состав, но сепак со истиот став, апелираше на масовна вакцинација за побрзо завршување на пандемијата. Во однос на новата одлука, решенијата за изолација да се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ, ќе се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на КОВИД-19 .