ДЗР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzr/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 09:48:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ДЗР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzr/ 32 32 ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на навремената достава и квалитетот на услугата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dzr-kontinuiranite-zagubi-vo-raboteneto-na-ad-poshta-vlijaat-na-navremenata-dostava-i-kvalitetot-na-uslugata-2/ Thu, 14 Nov 2024 09:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=837515

Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста како јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај, се наведува во денеска објавениот конечен ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија на АД за поштенски сообраќај Пошта на Република Македонија во државна сопственост Скопје.

Согласно ревизорскиот извештај друштвото се наоѓа во неповолна финансиска положба почнувајќи од 2017 година, при што во континуитет остварува загуби од работењето, а најголема загуба во износ од 229.883 илјади денари или 3.726.000 евра е искажана во 2022 година.

Друштвото се соочува со голема задолженост по основ на заеми, кредити и пресметани камати, кои не се сервисираат навремено, што дополнително ја влошува финансиска состојба и ја нарушуваа ликвидноста. Вкупните обврски за краткорочни кредити и заеми на крајот на 2023 година изнесуваат 219.650 илјади денари, а се однесуваат на земен краткорочен заем од МЕПСО – АД за пренос на електрична енергија во износ од 100.000 илјади денари и два краткорочни кредити од деловни банки во вкупен износ од 119.650 илјади денари. За доспеаните, а неисплатени кредити во 2024 година, пресметана е договорна казнена камата од 24,45% или 6,7 милиони денари, односно 109.000 евра, се вели во извештајот.

Во текот на 2023 година бил вратен краткорочен кредит во износ од 40.000 илјади денари, кој бил одобрен во 2022 година, а одобрен е друг кредит од деловна банка на износ од 32.500 илјади денари кој доспева за враќање на крајот на 2024 година.

Во извештајот се подвлекува дека сите земени кредити се со висока каматна стапка која се движи во интервал од 4,8% до 6,25%.

Ревизорите направиле анализа на квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга и утврдиле ненавремена достава на пратки. Во 2023 година, 59,7% од пратките биле доставени во првиот ден, додека 30,5% биле доставени во период подолг од три дена. Овие резултати укажуваат на отстапување од целите поставени од Светскиот поштенски сојуз, кој пропишува минимален стандард од 75% и максималниот стандард од 88% за успешно и навремено доставени пратки.

Меѓу другото се додава дека со Годишниот план за јавни набавки во 2023 година друштвото планирано да набави машина за сортирање на поштенски пратки со проценета вредност од 30.000 илјади денари со која би се овозможило побрзо и флексибилно сортирање на поштата, подобрувајќи го целокупниот процес на услугата од почеток до крај, но истата не е спроведена.

Ревизорите утврдиле и сериозни неправилности во работењето на АД Пошта на Македонија.

Недостасуваат точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти, што влијае на квалитетот на податоците во трговските книги. Дел од објектите, како и два одморалишта во Охрид вредни 6,4 милиони денари, се во лоша состојба и потребна им е санација, а за еден е утврдено бесправно користење, посочуваат во извештајот од ДЗР.

Исто така и процесот за поделба на имотот меѓу АД Пошта и Македонски Телеком, започнат во 1996 година, не е завршен, а од 2017 година е запрен и до денот на ревизијата не се дадени насоки за понатамошно постапување со заедничкиот имот на двете друштва.

Законот за поштенските услуги пропишува давателите на поштенските услуги да плаќаат годишен надоместок на Агенцијата за пошти. За 2023 година, АД Пошта на Македонија требало да плати 23.461 илјади денари, но поради финансиски тешкотии, друштвото ненавремено ги подмирило овие обврски, што резултирало со каматни трошоци од 1.990 илјади денари. Сите обврски биле подмирени во април 2024 година.

Во делот на јавните набавки ревизорите утврдиле дека АД Пошта на Македонија без спроведена постапка за јавна набавка има преземено обврски за набавка на стоки и услуги, во вкупен износ од 3,7 милиони денари или приближно 60 илјади евра, што претставува надминување за 36 илјади евра или приближно 2,2 милиони денари над утврдениот вредносен праг од 24 илјади евра во денарска противвредност.

Во постапките за доделување на рамковна спогодба со еден економски оператор за набавка на услуги за осигурување на имот со отворена постапка во 2022 и 2023 година, биле склучени две рамковни спогодби, со вкупна вредност од 28.169 илјади денари (од кои 16.207 илјади денари во 2023 година). Ревизорите утврдиле дека истите можеле да бидат спроведени во делови, што би имало влијание врз конкуренцијата во постапката и рационалното користење на финансиските средства. Покрај тоа, утврдено е ненавремено плаќање на премиите (еден месец пред истекот на важноста на полисата премијата не е подмирена). Заклучено било дека ова ја загрозува сигурноста на материјалните и паричните средства, а дополнително може да доведе до зголемување на премиите во иднина поради влошениот рејтинг на друштвото.

Со ревизијата утврдени се чести измени на актот на систематизација, особено во однос на бројот на извршители, работното искуство, степенот на образование и видот на стручна подготовка. Утврдени се и неправилности во пополнување на работните места и евиденцијата на работното време, како и во пресметката на додатоци, надоместоци и награди за дел од вработените. Понатаму, друштвото има склучено договори со 276 пошторазнесувачи, но дел од нив, наместо за договорените услуги, ангажирани се за извршување на други административни задачи.

Во извештајот од ДЗР се подвлекува дека во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва. Според законот, во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции, предвидени во менаџерскиот договор може да се намалат.

Ревизорите укажуваат на потребата од поголема меѓуинституционална соработка за обнова на руинираните делови од зградата во која се наоѓа Дирекцијата на АД Пошта на Македонија.

Со извршената ревизија, се вели во зивештајот, констатирани се и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива.

За надминување на констатираните состојби, како што стои во објавеноит извештај од ДЗР, дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

 

The post ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на навремената достава и квалитетот на услугата appeared first on Република.

]]>

Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста како јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај, се наведува во денеска објавениот конечен ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија на АД за поштенски сообраќај Пошта на Република Македонија во државна сопственост Скопје. Согласно ревизорскиот извештај друштвото се наоѓа во неповолна финансиска положба почнувајќи од 2017 година, при што во континуитет остварува загуби од работењето, а најголема загуба во износ од 229.883 илјади денари или 3.726.000 евра е искажана во 2022 година. Друштвото се соочува со голема задолженост по основ на заеми, кредити и пресметани камати, кои не се сервисираат навремено, што дополнително ја влошува финансиска состојба и ја нарушуваа ликвидноста. Вкупните обврски за краткорочни кредити и заеми на крајот на 2023 година изнесуваат 219.650 илјади денари, а се однесуваат на земен краткорочен заем од МЕПСО – АД за пренос на електрична енергија во износ од 100.000 илјади денари и два краткорочни кредити од деловни банки во вкупен износ од 119.650 илјади денари. За доспеаните, а неисплатени кредити во 2024 година, пресметана е договорна казнена камата од 24,45% или 6,7 милиони денари, односно 109.000 евра, се вели во извештајот. Во текот на 2023 година бил вратен краткорочен кредит во износ од 40.000 илјади денари, кој бил одобрен во 2022 година, а одобрен е друг кредит од деловна банка на износ од 32.500 илјади денари кој доспева за враќање на крајот на 2024 година. Во извештајот се подвлекува дека сите земени кредити се со висока каматна стапка која се движи во интервал од 4,8% до 6,25%. Ревизорите направиле анализа на квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга и утврдиле ненавремена достава на пратки. Во 2023 година, 59,7% од пратките биле доставени во првиот ден, додека 30,5% биле доставени во период подолг од три дена. Овие резултати укажуваат на отстапување од целите поставени од Светскиот поштенски сојуз, кој пропишува минимален стандард од 75% и максималниот стандард од 88% за успешно и навремено доставени пратки. Меѓу другото се додава дека со Годишниот план за јавни набавки во 2023 година друштвото планирано да набави машина за сортирање на поштенски пратки со проценета вредност од 30.000 илјади денари со која би се овозможило побрзо и флексибилно сортирање на поштата, подобрувајќи го целокупниот процес на услугата од почеток до крај, но истата не е спроведена. Ревизорите утврдиле и сериозни неправилности во работењето на АД Пошта на Македонија. Недостасуваат точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти, што влијае на квалитетот на податоците во трговските книги. Дел од објектите, како и два одморалишта во Охрид вредни 6,4 милиони денари, се во лоша состојба и потребна им е санација, а за еден е утврдено бесправно користење, посочуваат во извештајот од ДЗР. Исто така и процесот за поделба на имотот меѓу АД Пошта и Македонски Телеком, започнат во 1996 година, не е завршен, а од 2017 година е запрен и до денот на ревизијата не се дадени насоки за понатамошно постапување со заедничкиот имот на двете друштва. Законот за поштенските услуги пропишува давателите на поштенските услуги да плаќаат годишен надоместок на Агенцијата за пошти. За 2023 година, АД Пошта на Македонија требало да плати 23.461 илјади денари, но поради финансиски тешкотии, друштвото ненавремено ги подмирило овие обврски, што резултирало со каматни трошоци од 1.990 илјади денари. Сите обврски биле подмирени во април 2024 година. Во делот на јавните набавки ревизорите утврдиле дека АД Пошта на Македонија без спроведена постапка за јавна набавка има преземено обврски за набавка на стоки и услуги, во вкупен износ од 3,7 милиони денари или приближно 60 илјади евра, што претставува надминување за 36 илјади евра или приближно 2,2 милиони денари над утврдениот вредносен праг од 24 илјади евра во денарска противвредност. Во постапките за доделување на рамковна спогодба со еден економски оператор за набавка на услуги за осигурување на имот со отворена постапка во 2022 и 2023 година, биле склучени две рамковни спогодби, со вкупна вредност од 28.169 илјади денари (од кои 16.207 илјади денари во 2023 година). Ревизорите утврдиле дека истите можеле да бидат спроведени во делови, што би имало влијание врз конкуренцијата во постапката и рационалното користење на финансиските средства. Покрај тоа, утврдено е ненавремено плаќање на премиите (еден месец пред истекот на важноста на полисата премијата не е подмирена). Заклучено било дека ова ја загрозува сигурноста на материјалните и паричните средства, а дополнително може да доведе до зголемување на премиите во иднина поради влошениот рејтинг на друштвото. Со ревизијата утврдени се чести измени на актот на систематизација, особено во однос на бројот на извршители, работното искуство, степенот на образование и видот на стручна подготовка. Утврдени се и неправилности во пополнување на работните места и евиденцијата на работното време, како и во пресметката на додатоци, надоместоци и награди за дел од вработените. Понатаму, друштвото има склучено договори со 276 пошторазнесувачи, но дел од нив, наместо за договорените услуги, ангажирани се за извршување на други административни задачи. Во извештајот од ДЗР се подвлекува дека во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва. Според законот, во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции, предвидени во менаџерскиот договор може да се намалат. Ревизорите укажуваат на потребата од поголема меѓуинституционална соработка за обнова на руинираните делови од зградата во која се наоѓа Дирекцијата на АД Пошта на Македонија. Со извршената ревизија, се вели во зивештајот, констатирани се и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива. За надминување на констатираните состојби, како што стои во објавеноит извештај од ДЗР, дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.  

The post ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на навремената достава и квалитетот на услугата appeared first on Република.

]]>
Милиони евра народни пари се трошени на сомнителен начин, што криеле СДС и ДУИ, праша Петрушевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milioni-evra-narodni-pari-se-trosheni-na-somnitelen-nachin-shto-kriele-sds-i-dui-prasha-petrushevski/ Thu, 07 Nov 2024 13:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=835199

„ДЗР во Ревизија за 2023 година, на министерството за финансии и буџетските трошења констатира низа нерегуларности. Власта на СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошела народните пари. Милиони евра народни пари се трошени на сомнителен начин“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ – функции на државата во службено гласило.

Што криеле СДС и ДУИ? Со СДС и ДУИ јавните финансии се управувани недомаќински и неодговорно. Граѓаните не знаеле каде одат нивните пари. 7 години се трошени цели буџети, а ништо не е мрднато од мртва точка.

Неспособноста заврши со СДС и ДУИ. Следува економска трансформација на Македонија“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=_R0CS3x85F8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25D0%25B2%25D0%25B8%25D0%25B4%25D0%25B5%25D0%25BE-%25D0%25BC%25D0%25B8%25D0%25BB%25D0%25B8%25D0%25BE%25D0%25BD%25D0%25B8-%25D0%25B5%25D0%25B2%25D1%2580%25D0&source_ve_path=MjM4NTE

The post Милиони евра народни пари се трошени на сомнителен начин, што криеле СДС и ДУИ, праша Петрушевски appeared first on Република.

]]>

„ДЗР во Ревизија за 2023 година, на министерството за финансии и буџетските трошења констатира низа нерегуларности. Власта на СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошела народните пари. Милиони евра народни пари се трошени на сомнителен начин“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ревизорот констатира дека власта на СДС и ДУИ не ги објавувала одлуките за одобрување на средства од раздел МФ – функции на државата во службено гласило. Што криеле СДС и ДУИ? Со СДС и ДУИ јавните финансии се управувани недомаќински и неодговорно. Граѓаните не знаеле каде одат нивните пари. 7 години се трошени цели буџети, а ништо не е мрднато од мртва точка. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ. Следува економска трансформација на Македонија“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=_R0CS3x85F8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25D0%25B2%25D0%25B8%25D0%25B4%25D0%25B5%25D0%25BE-%25D0%25BC%25D0%25B8%25D0%25BB%25D0%25B8%25D0%25BE%25D0%25BD%25D0%25B8-%25D0%25B5%25D0%25B2%25D1%2580%25D0&source_ve_path=MjM4NTE

The post Милиони евра народни пари се трошени на сомнителен начин, што криеле СДС и ДУИ, праша Петрушевски appeared first on Република.

]]>
Нови детали за скандалот на Онкологија: Утврдени се неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-detali-za-skandalot-na-onkologija-utvrdeni-se-nepravilnosti-vo-sproveduvaneto-na-popisot-na-zalihite-i-upravuvaneto/ Tue, 22 Oct 2024 08:22:19 +0000 https://republika.mk/?p=829640

Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година.

-Недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и материјали со фактичката состојба, а евидентирањето на приемот и издавањето на лековите од аптека до организационите единици се врши со задоцнување. Исто така, не се внесуваат податоци за вредноста на лековите примени преку донации, што влијае на целосноста на податоците во Билансот на состојба, соопшти ДЗР.

Во текот на 2023 година Клиниката, како што се додава во соопштението, примила лекови во вредност од 33 милиони денари по основ на донации, но овие податоци не биле внесени во финансиската евиденција.

Во ревизорскиот извештај истакнато е дека состојби во врска со прием, складирање и издавање на залихи на лекови се утврдени и во Конечниот ревизорски извештај на овластениот државен ревизор за 2021 година, за што пред надлежен орган во тек е постапка.

За вршење на дејноста Клиниката од Фондот добива договорен надоместок како и условен надоместок кој се доделува за набавка на т.н. биолошка терапија. Висината на надоместоците за период 2021 до 2023 година е прикажана на следниот графикон.

Во извештајот се напоменува дека и покрај преземените активности од страна на одговорните лица по дадените препораки во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор од извршена ревизија за 2021 година и понатаму постојат определени состојби кои се значајни да се истакнат и кои влијаат на работењето на Клиниката.

Во текот на 2023 година, како што информираат од ДЗР, изготвени се и се применуваат повеќе протоколи/упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и биолошката, но се уште не се одобрени од страна на Министерството за здравство.

-И покрај зголемувањето, одобрениот условен надоместок не е доволен за вклучување на сите пациенти кои според медицинските индикации би можеле да ја примаат терапијата, односно одобрените средства се доволни за приклучување на само 24 отсто од пациентите кои примаат терапија во дневна болница, се наведува во извештајот.

Од ДЗР посочуваат дека воспоставениот начин на контрола од Фондот и плаќање на една дванаесетина од износот на условниот надоместок и понатаму остава простор фактурите кои се доспеани да не се платат навремено. Состојбата на вкупните обврски на Клиниката на 31.12.2023 година изнесува приближно 952 милиони денари од кои доспеани се 402 милиони денари, а нивната доспеаност е сведена од 2 години на 6 месеци.

-Клиниката е единствениот функционален центар на територија на државата кој дава услуги на пациенти од областа на радиотерапијата. За таа цел до денот на вршење на ревизијата во соодветни простории инсталирани се и функционални три линеарни акцелератори со кои според информациите од Клиниката се даваат услуги во просек од 180 до 200 пациенти дневно, се наведува во извештајот.

Од ДЗР посочуваат дека Клиниката располага со уште два линеарни акцелератори кои не се ставени во употреба. За акцелераторот набавен во 2014 година, чија вкуона вредност е 2.900 илјади денари, во тек се активности кои се предуслов за ставање во употреба, при што се очекува истиот да биде функционален до крајот на 2024 година. Другиот акцелератор, добиен по пат на донација во 2016 година, чија вкупна вредност е 1.715 илјади денари, се чува неотпакуван во царинско складиште за што годишно се плаќаат 189 илјади денари. Според информации добиени од одговорните лица на Клиниката, акцелераторот претходно бил користен во здравствена установа во Австралија и долго време не е во функција. Во 2024 година, производителот соопштил дека поради застареност на компонентите и технологијата, може да понуди само ограничена поддршка за негово одржување, без гаранции за компатибилност со новите онколошки софтвери.

Ревизорите препорачуваат дека е потребно Клиниката во координација со Министерството да ја преиспитаат состојбата и изнајдат оптимално решение за начин на постапување со овој апарат во наредниот период како и да се разгледаат можностите за понатамошно одложување на апаратот на начин кој нема да предизвикува дополнителни трошоци на Клиниката.

– Во рамките на Клиниката постои Единица за централна подготовка на цитостатска терапија, опремена со КАТО софтверска лиценца, но системот не е во функција од времето на неговата набавка во 2013 година, чија набавна вредност изнесува околу 10 милиони денари, се наведува во извештајот.

Во 2023 година, одговорните лица ги разгледале можностите за активирање на системот и го информирале Министерството за здравство за неколку клучни проблеми. Според нив, системот е делумно опремен, недостасуваат клучни компоненти, а просторот не е адаптиран за стерилно работење. Дополнително, подготовката на терапијата со овој систем трае подолго време, што ќе го зголеми времето на чекање за апликација на терапија, Клиниката нема доволен број фармацевти за работа со системот, а потребни се и дополнителни средства од околу 8 милиони денари годишно за потрошен материјал. Во текот на 2024 година Министерството спровело постапка за јавна набавка со која било предвидено да се набават сите неопходни делови за да се стави системот во употреба, но истата е поништена бидејќи не била поднесена ниту една прифатлива понуда.

Во оваа насока ревизорите препорачуваат Клиниката во координација со Министерството и Фондот да направат комплетна анализа на капацитетите и можностите, медицинските и економските ефекти, со цел изнаоѓање најоптимално решение за иднината на системот и подобрување на услугите за пациентите.

-Покрај наведените состојби од страна на ревизорите е идентификувано и клучно ревизорско прашање кое влијае на вршењето на дејноста на Клиниката а кое се однесува на централизираното давање на здравствени услуги во областа на радиотерапијата и онкологијата. Имено, бројот на пациенти кои се лекуваат на клиниката е во континуиран пораст, се посочува во извештајот.

Од ДЗР посочуваат дека континуираниот пораст на бројот на пациенти, меѓу другото се должи и на тоа што, речиси сите пациенти на кои им се потребни здравствени услуги од областа на радиотерапијата и онкологијата бараат услуги на Клиниката. За оваа состојба Клиниката го информирала Министерството за здравство во кое наведува дека на ниво на држава има уште 4 јавни здравстени установи во кои онколошките одделенија не се функционални во целост, а дел располагаат и со акцелератори кои не се користат.

-Во 2023 година, Клиниката располага со 35 доктори и 96 лица останат медицински персонал , кои во текот на 2023 година извршиле вкупно 104.196 здравствени услуги. Просечниот број на извршени услуги за одредени дијагностики надминува по 5 илјади прегледи годишно по специјалист, што во услови на континуиран пораст на бројот на пациенти, доведува до преоптовареност на вработените, а нивниот број е недоволен за овој обем на работа, се наведува во извештајот.

Ревизорите укажуваат дека е потребно Министерството да преземе активности за ангажирање на капацитетите во оние јавни здравстени установи кои имаат услови за тоа, со што би се овозможило прифиќање на дел од зголемениот број на онколошки пациенти, особено на оние надвор од Скопје, а со тоа и дисперзирање на здравствените услуги во оваа област, намалување на големиот наплив од пациенти со кој се соочува Клиниката и подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

The post Нови детали за скандалот на Онкологија: Утврдени се неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето appeared first on Република.

]]>

Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година. -Недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и материјали со фактичката состојба, а евидентирањето на приемот и издавањето на лековите од аптека до организационите единици се врши со задоцнување. Исто така, не се внесуваат податоци за вредноста на лековите примени преку донации, што влијае на целосноста на податоците во Билансот на состојба, соопшти ДЗР. Во текот на 2023 година Клиниката, како што се додава во соопштението, примила лекови во вредност од 33 милиони денари по основ на донации, но овие податоци не биле внесени во финансиската евиденција. Во ревизорскиот извештај истакнато е дека состојби во врска со прием, складирање и издавање на залихи на лекови се утврдени и во Конечниот ревизорски извештај на овластениот државен ревизор за 2021 година, за што пред надлежен орган во тек е постапка. За вршење на дејноста Клиниката од Фондот добива договорен надоместок како и условен надоместок кој се доделува за набавка на т.н. биолошка терапија. Висината на надоместоците за период 2021 до 2023 година е прикажана на следниот графикон. Во извештајот се напоменува дека и покрај преземените активности од страна на одговорните лица по дадените препораки во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор од извршена ревизија за 2021 година и понатаму постојат определени состојби кои се значајни да се истакнат и кои влијаат на работењето на Клиниката. Во текот на 2023 година, како што информираат од ДЗР, изготвени се и се применуваат повеќе протоколи/упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и биолошката, но се уште не се одобрени од страна на Министерството за здравство.
-И покрај зголемувањето, одобрениот условен надоместок не е доволен за вклучување на сите пациенти кои според медицинските индикации би можеле да ја примаат терапијата, односно одобрените средства се доволни за приклучување на само 24 отсто од пациентите кои примаат терапија во дневна болница, се наведува во извештајот.
Од ДЗР посочуваат дека воспоставениот начин на контрола од Фондот и плаќање на една дванаесетина од износот на условниот надоместок и понатаму остава простор фактурите кои се доспеани да не се платат навремено. Состојбата на вкупните обврски на Клиниката на 31.12.2023 година изнесува приближно 952 милиони денари од кои доспеани се 402 милиони денари, а нивната доспеаност е сведена од 2 години на 6 месеци.
-Клиниката е единствениот функционален центар на територија на државата кој дава услуги на пациенти од областа на радиотерапијата. За таа цел до денот на вршење на ревизијата во соодветни простории инсталирани се и функционални три линеарни акцелератори со кои според информациите од Клиниката се даваат услуги во просек од 180 до 200 пациенти дневно, се наведува во извештајот.
Од ДЗР посочуваат дека Клиниката располага со уште два линеарни акцелератори кои не се ставени во употреба. За акцелераторот набавен во 2014 година, чија вкуона вредност е 2.900 илјади денари, во тек се активности кои се предуслов за ставање во употреба, при што се очекува истиот да биде функционален до крајот на 2024 година. Другиот акцелератор, добиен по пат на донација во 2016 година, чија вкупна вредност е 1.715 илјади денари, се чува неотпакуван во царинско складиште за што годишно се плаќаат 189 илјади денари. Според информации добиени од одговорните лица на Клиниката, акцелераторот претходно бил користен во здравствена установа во Австралија и долго време не е во функција. Во 2024 година, производителот соопштил дека поради застареност на компонентите и технологијата, може да понуди само ограничена поддршка за негово одржување, без гаранции за компатибилност со новите онколошки софтвери. Ревизорите препорачуваат дека е потребно Клиниката во координација со Министерството да ја преиспитаат состојбата и изнајдат оптимално решение за начин на постапување со овој апарат во наредниот период како и да се разгледаат можностите за понатамошно одложување на апаратот на начин кој нема да предизвикува дополнителни трошоци на Клиниката.
– Во рамките на Клиниката постои Единица за централна подготовка на цитостатска терапија, опремена со КАТО софтверска лиценца, но системот не е во функција од времето на неговата набавка во 2013 година, чија набавна вредност изнесува околу 10 милиони денари, се наведува во извештајот.
Во 2023 година, одговорните лица ги разгледале можностите за активирање на системот и го информирале Министерството за здравство за неколку клучни проблеми. Според нив, системот е делумно опремен, недостасуваат клучни компоненти, а просторот не е адаптиран за стерилно работење. Дополнително, подготовката на терапијата со овој систем трае подолго време, што ќе го зголеми времето на чекање за апликација на терапија, Клиниката нема доволен број фармацевти за работа со системот, а потребни се и дополнителни средства од околу 8 милиони денари годишно за потрошен материјал. Во текот на 2024 година Министерството спровело постапка за јавна набавка со која било предвидено да се набават сите неопходни делови за да се стави системот во употреба, но истата е поништена бидејќи не била поднесена ниту една прифатлива понуда. Во оваа насока ревизорите препорачуваат Клиниката во координација со Министерството и Фондот да направат комплетна анализа на капацитетите и можностите, медицинските и економските ефекти, со цел изнаоѓање најоптимално решение за иднината на системот и подобрување на услугите за пациентите.
-Покрај наведените состојби од страна на ревизорите е идентификувано и клучно ревизорско прашање кое влијае на вршењето на дејноста на Клиниката а кое се однесува на централизираното давање на здравствени услуги во областа на радиотерапијата и онкологијата. Имено, бројот на пациенти кои се лекуваат на клиниката е во континуиран пораст, се посочува во извештајот.
Од ДЗР посочуваат дека континуираниот пораст на бројот на пациенти, меѓу другото се должи и на тоа што, речиси сите пациенти на кои им се потребни здравствени услуги од областа на радиотерапијата и онкологијата бараат услуги на Клиниката. За оваа состојба Клиниката го информирала Министерството за здравство во кое наведува дека на ниво на држава има уште 4 јавни здравстени установи во кои онколошките одделенија не се функционални во целост, а дел располагаат и со акцелератори кои не се користат.
-Во 2023 година, Клиниката располага со 35 доктори и 96 лица останат медицински персонал , кои во текот на 2023 година извршиле вкупно 104.196 здравствени услуги. Просечниот број на извршени услуги за одредени дијагностики надминува по 5 илјади прегледи годишно по специјалист, што во услови на континуиран пораст на бројот на пациенти, доведува до преоптовареност на вработените, а нивниот број е недоволен за овој обем на работа, се наведува во извештајот.
Ревизорите укажуваат дека е потребно Министерството да преземе активности за ангажирање на капацитетите во оние јавни здравстени установи кои имаат услови за тоа, со што би се овозможило прифиќање на дел од зголемениот број на онколошки пациенти, особено на оние надвор од Скопје, а со тоа и дисперзирање на здравствените услуги во оваа област, намалување на големиот наплив од пациенти со кој се соочува Клиниката и подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

The post Нови детали за скандалот на Онкологија: Утврдени се неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzr-sudovite-bez-pravila-im-davaat-plata-na-vrabotenite-od-tehnichkiot-i-pomoshen-personal/ Wed, 11 Sep 2024 09:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=815239

Отсуство на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во системските слабости што ги утврдил од извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Основен граѓански суд Скопје (Сметка на основниот буџет 603, Сметка на основниот буџет 631 и Депозитна сметка 696).

Во апстрактот од извештаите ДЗР наведува дека средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 проценти од Бруто домашниот производ на Буџетот на Република Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3 проценти од БДП и истите се за 58 проценти помали од законски утврдениот лимит.

Утврдено е и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити , како и дека има неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.

Во клучните утврдени состојби стои дека има отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на набавната вредност на зградата во која е сместен судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција на судот поради неизвршено примопредавање на истите.

Се констатира и дека не е обезбедена поткрепувачка документација за извршен физички попис. Исто така, дека е склучен договор за закуп на деловна просторија на 01.12.1989 година со валута која не е во примена. До денес не е изготвен нов договор за закуп или анекс на постоечкиот договор, со утврден месечен надомест во валута која официјално е во оптек од 2002 година и депозитите се со утврдена старосна структура и се однесуваат на период 2005 – 2023 година но не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени /незавршени со цел
преземање мерки за евентуално враќање на судскиот депозит или уплата на средствата во Буџетот на Република Македонија, стои во наодите од извештаите на ДЗР  кои се достапни на линкот .

 


The post ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал appeared first on Република.

]]>

Отсуство на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во системските слабости што ги утврдил од извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Основен граѓански суд Скопје (Сметка на основниот буџет 603, Сметка на основниот буџет 631 и Депозитна сметка 696).
Во апстрактот од извештаите ДЗР наведува дека средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 проценти од Бруто домашниот производ на Буџетот на Република Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3 проценти од БДП и истите се за 58 проценти помали од законски утврдениот лимит.
Утврдено е и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити , како и дека има неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање. Во клучните утврдени состојби стои дека има отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на набавната вредност на зградата во која е сместен судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција на судот поради неизвршено примопредавање на истите.
Се констатира и дека не е обезбедена поткрепувачка документација за извршен физички попис. Исто така, дека е склучен договор за закуп на деловна просторија на 01.12.1989 година со валута која не е во примена. До денес не е изготвен нов договор за закуп или анекс на постоечкиот договор, со утврден месечен надомест во валута која официјално е во оптек од 2002 година и депозитите се со утврдена старосна структура и се однесуваат на период 2005 – 2023 година но не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени /незавршени со цел преземање мерки за евентуално враќање на судскиот депозит или уплата на средствата во Буџетот на Република Македонија, стои во наодите од извештаите на ДЗР  кои се достапни на линкот .  

The post ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Концесионери се богателе од продажба на најквалитетниот домашен мермер, државата добила само 1 процент од приходот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dzr-kontsesioneri-se-bogatele-od-prodazhba-na-najkvalitetniot-domashen-mermer-drzhavata-dobila-samo-1-protsent-od-prihodot/ Thu, 13 Jun 2024 10:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=787190

Ископувале минерални суровини надвор од дозволата за експлоатација. На грбот на државата се богателе концесионерите. Државниот ревизор излезе со извештај за ефикасноста на постапките за доделување на право за експлоатација на минерални суровини и реализација на склучените договори.

Во извештајот стои дека со тоа што концесионерите вршеле ископ на минерални суровини надвор од дозволата за експлоатација остава ризик тие да не го пресметуваат и плаќаат надоместокот за експлоатираните количини

Ревизорот констатирал и дека за период од четири години од 2018 до 2022, државата заработила само 1, 7 милиони евра или 1 процент од продажба на најквалитетниот мермер и ова е незначително во однос на она што го заработил концесионерот.

Исто така, констатирано е и дека со активностите на надлежните институции не се обезбедува целосна сигурност за оптимално користење на минералните суровини, навремена наплата на концесискиот надомест ефикасен надзор при склучување на договори, а висината на надоместокот за користење на просторот е на многу ниско ниво.

За подобрување на состојбата дадени се и препораки до институциите.

The post ДЗР: Концесионери се богателе од продажба на најквалитетниот домашен мермер, државата добила само 1 процент од приходот appeared first on Република.

]]>

Ископувале минерални суровини надвор од дозволата за експлоатација. На грбот на државата се богателе концесионерите. Државниот ревизор излезе со извештај за ефикасноста на постапките за доделување на право за експлоатација на минерални суровини и реализација на склучените договори. Во извештајот стои дека со тоа што концесионерите вршеле ископ на минерални суровини надвор од дозволата за експлоатација остава ризик тие да не го пресметуваат и плаќаат надоместокот за експлоатираните количини Ревизорот констатирал и дека за период од четири години од 2018 до 2022, државата заработила само 1, 7 милиони евра или 1 процент од продажба на најквалитетниот мермер и ова е незначително во однос на она што го заработил концесионерот. Исто така, констатирано е и дека со активностите на надлежните институции не се обезбедува целосна сигурност за оптимално користење на минералните суровини, навремена наплата на концесискиот надомест ефикасен надзор при склучување на договори, а висината на надоместокот за користење на просторот е на многу ниско ниво. За подобрување на состојбата дадени се и препораки до институциите.

The post ДЗР: Концесионери се богателе од продажба на најквалитетниот домашен мермер, државата добила само 1 процент од приходот appeared first on Република.

]]>
Пишани се објекти кои не постојат: Владата противзаконски не остави стратегија за управување со државниот имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pishani-se-objekti-koi-ne-postojat-vladata-protivzakonski-ne-ostavi-strategija-za-upravuvane-so-drzhavniot-imot/ Thu, 30 May 2024 09:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=783105

Законската регулатива не создава услови, а активностите на надлежните институции не обезбедуваат ефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот – станбен и деловен имот, соопшти денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР), којшто изврши ревизија на успешност на тема „Управување со државниот имот“ со цел да се даде одговор на прашањето „Дали надлежните институции управуваат и стопанисуваат со државниот недвижен имот – деловни и станбени објекти на државата на ефикасен начин?“.

Како што се посочува во соопштението од ДЗР, со ревизијата е оценето дека постојната законска регулатива, мерките и активностите кои се преземани од Владата и другите надлежни институции не овозможуваат ефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот – деловни и станбени објекти на државата.

Постоечката законска регулатива има воспоставено систем со разграничени надлежности меѓу институциите во однос на одлучување, управување, располагање и евидентирање со државниот недвижен имот.

Утврдено е дека законската регулатива не предвидува обврска за изработка и донесување на стратешки документи за управување со државниот имот, поради што Владата на РСМ нема донесено национална стратегија за управување, користење, одржување и отуѓување со државниот недвижен имот, ниту државна стратегија во областа на домувањето, иако има законска обврска за истото.

АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје (АДИССПДП) и АД за стопанисување за деловен простор (АДСДП) немаат изготвено стратешки документи со долгорочни приоритети и цели, активности и расположливи ресурси; немаат изготвено програми за инвестиционо вложување.

Не воспоставува воедначен начин на постапување на надлежните институции, а во отсуство на стратешко планирање, не се донесени ниту акти, процедури/упатства/прирачници за работните процеси поврзани со управување со недвижниот имот на ниво на држава. Не предвидува централизирана евиденција односно сеопфатен регистар на државен недвижен имот со финансиски и нефинансиски податоци, ниту е определен орган или тело надлежно за воспоставување на истиот, се посочува во извештајот на ДЗР.

Евиденцијата на недвижниот имот се води во СОЗР, АДИССПДП, АДСДП, но и во секој државен орган на кој Владата со одлука му има доделено право на времено или трајно користење запишани во Катастарот на недвижности.

Владата која располага со недвижниот имот во државна сопственост, може со одлука да го даде на времено или трајно користење, со или без надоместок, на државни органи, на правни лица основани од државата, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, здруженија на граѓани и фондации. Но со ревизијата констатирано е дека Одлуките на Владата немаат унифицирана содржина која ќе обезбеди целосни и следливи податоци и информации за институциите од кои се зема, односно на кои се дава правото на користење на имотот, начинот на примопредавање, со цел негово соодветно евидентирање, велат ревизорите.

Како резултат на ова, како што стои, ДЗР утврдила различно постапување кај девет министерства при евидентирањето на деловниот простор што го користат.

Од вкупно 1.214 објекти кои ги користат, за 1.002 објекти или за 83% имаат обезбедено одлука од Владата за право на користење, додека за 212 објекти, односно 17% немаат обезбедено одлука. 49% од објектите што се користат се сметководствено евидентирани, 29% се евидентирани во вонбилансната евиденција, додека преостанатите 22% од објектите воопшто не се евидентирани.

Во причините за сметководствено неевидентирање на објектите кои ги користат министерствата ДЗР наведува дека четири министерства искажале потреба од дополнителен простор, за сместување на вработените, за чување на расходувана опрема, а три министерства располагаат со објекти/делови од објекти кои не ги користат (празен простор), ниту имаат потреба од користење на истите, во периодот oд 2019 заклучно со 30.10.2023 година по основ за закуп на простор само за потребите на две министерства, исплатени се средства во вкупен износ од 47.918 илјади денари односно 779 илјади евра, што е значителен одлив на буџетски средства.

Со увид во доставената документација и евиденција за деловниот простор во државна сопственост со кој стопанисуваат АДИССПДП и АДСДП, со ревизијата се утврди дека имаат воспоставено „единствена евиденција“ на деловниот простор, во софтверска апликација со финансиски и нефинансиски податоци, информации за локацијата, површината, дали истиот е даден под закуп, и други технички и катастарски податоци, но не секогаш и податоци за физичката и функционалната состојба на објектите, иако софтверската апликација го овозможува истото, воспоставена е материјална евиденција за објектите но податоците не се ажурирани и усогласени со податоците содржани во „единствената евиденција“ и со помошните евиденции кои ги водат одделните организациони единици, по градови.

Сеуште е евидентиран имот кој е отуѓен или за кој е одземено правото на користење, кој согласно податоците во помошните евиденции е срушен и слично, а за истиот иако реално не постои, сеуште се прават трошоци за осигурување како и трошоци за амортизација, се наведува во соопштението.

Во соопштението до медиумите ДЗР објавува фотографија од локацијата каде што некогаш бил деловниот простор - поранешна барака од 181 м2, кој сеуште е во евиденцијата на АДИССПДП, иако истиот физички не постои.

АДИССПДП стопанисува со 1.163 деловни објекти од кои 51% не се издадени под закуп. Со најголем дел односно 818 објекти стопанисуваат подружница Скопје и Битола, односно Скопје со 35% и Битола 35%, Куманово со РЕ Крива Паланка – 13% објект, а со преостанатите 17% од објекти располагаат другите девет подружници.

Податоците од помошната евиденција упатуваат дека 51% од деловен простор се третира како „спорен“ поради нерешени имотно-правни спорови, бесправно користење или неосновано запишани права на сопственост од други правни и физички лица, срушени и руинирани објекти, како и објекти кои се отуѓени или за кои е изземено правото за стопанисување, а сеуште се водат во евиденцијата на Друштвото.

АДИССПДП стопанисува и со службени станови за кои е доделено право на користење на избрани и именувани лица, како и службени лица кои вршат посебно должности во државните органи. Заклучно со 2023 година, од вкупно 86 корисници на службени станови, 33 корисници не ги исполнуваат условите за користење на доделените службени станови. Контрола на користењето на службени станови не e направена после 2019 година.

Исто така, АДСДП стопанисува со 1.171 објекти од кои 51% не е издаден под закуп. Со најголем дел, односно 545 објекти стопанисува регионален центар Скопје и работна единица Битола, а од извршената анализа утврдено е дека со најголем дел од деловните објекти односно 25% стопанисува регионалниот центар Скопје, a со 22% од објектите стопанисува работна единица Битола., се наведува во извештајот на ДЗР.

The post Пишани се објекти кои не постојат: Владата противзаконски не остави стратегија за управување со државниот имот appeared first on Република.

]]>

Законската регулатива не создава услови, а активностите на надлежните институции не обезбедуваат ефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот – станбен и деловен имот, соопшти денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР), којшто изврши ревизија на успешност на тема „Управување со државниот имот“ со цел да се даде одговор на прашањето „Дали надлежните институции управуваат и стопанисуваат со државниот недвижен имот – деловни и станбени објекти на државата на ефикасен начин?“. Како што се посочува во соопштението од ДЗР, со ревизијата е оценето дека постојната законска регулатива, мерките и активностите кои се преземани од Владата и другите надлежни институции не овозможуваат ефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот – деловни и станбени објекти на државата. Постоечката законска регулатива има воспоставено систем со разграничени надлежности меѓу институциите во однос на одлучување, управување, располагање и евидентирање со државниот недвижен имот. Утврдено е дека законската регулатива не предвидува обврска за изработка и донесување на стратешки документи за управување со државниот имот, поради што Владата на РСМ нема донесено национална стратегија за управување, користење, одржување и отуѓување со државниот недвижен имот, ниту државна стратегија во областа на домувањето, иако има законска обврска за истото. АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје (АДИССПДП) и АД за стопанисување за деловен простор (АДСДП) немаат изготвено стратешки документи со долгорочни приоритети и цели, активности и расположливи ресурси; немаат изготвено програми за инвестиционо вложување.
Не воспоставува воедначен начин на постапување на надлежните институции, а во отсуство на стратешко планирање, не се донесени ниту акти, процедури/упатства/прирачници за работните процеси поврзани со управување со недвижниот имот на ниво на држава. Не предвидува централизирана евиденција односно сеопфатен регистар на државен недвижен имот со финансиски и нефинансиски податоци, ниту е определен орган или тело надлежно за воспоставување на истиот, се посочува во извештајот на ДЗР.
Евиденцијата на недвижниот имот се води во СОЗР, АДИССПДП, АДСДП, но и во секој државен орган на кој Владата со одлука му има доделено право на времено или трајно користење запишани во Катастарот на недвижности.
Владата која располага со недвижниот имот во државна сопственост, може со одлука да го даде на времено или трајно користење, со или без надоместок, на државни органи, на правни лица основани од државата, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, здруженија на граѓани и фондации. Но со ревизијата констатирано е дека Одлуките на Владата немаат унифицирана содржина која ќе обезбеди целосни и следливи податоци и информации за институциите од кои се зема, односно на кои се дава правото на користење на имотот, начинот на примопредавање, со цел негово соодветно евидентирање, велат ревизорите.
Како резултат на ова, како што стои, ДЗР утврдила различно постапување кај девет министерства при евидентирањето на деловниот простор што го користат.
Од вкупно 1.214 објекти кои ги користат, за 1.002 објекти или за 83% имаат обезбедено одлука од Владата за право на користење, додека за 212 објекти, односно 17% немаат обезбедено одлука. 49% од објектите што се користат се сметководствено евидентирани, 29% се евидентирани во вонбилансната евиденција, додека преостанатите 22% од објектите воопшто не се евидентирани.
Во причините за сметководствено неевидентирање на објектите кои ги користат министерствата ДЗР наведува дека четири министерства искажале потреба од дополнителен простор, за сместување на вработените, за чување на расходувана опрема, а три министерства располагаат со објекти/делови од објекти кои не ги користат (празен простор), ниту имаат потреба од користење на истите, во периодот oд 2019 заклучно со 30.10.2023 година по основ за закуп на простор само за потребите на две министерства, исплатени се средства во вкупен износ од 47.918 илјади денари односно 779 илјади евра, што е значителен одлив на буџетски средства.
Со увид во доставената документација и евиденција за деловниот простор во државна сопственост со кој стопанисуваат АДИССПДП и АДСДП, со ревизијата се утврди дека имаат воспоставено „единствена евиденција“ на деловниот простор, во софтверска апликација со финансиски и нефинансиски податоци, информации за локацијата, површината, дали истиот е даден под закуп, и други технички и катастарски податоци, но не секогаш и податоци за физичката и функционалната состојба на објектите, иако софтверската апликација го овозможува истото, воспоставена е материјална евиденција за објектите но податоците не се ажурирани и усогласени со податоците содржани во „единствената евиденција“ и со помошните евиденции кои ги водат одделните организациони единици, по градови.
Сеуште е евидентиран имот кој е отуѓен или за кој е одземено правото на користење, кој согласно податоците во помошните евиденции е срушен и слично, а за истиот иако реално не постои, сеуште се прават трошоци за осигурување како и трошоци за амортизација, се наведува во соопштението. Во соопштението до медиумите ДЗР објавува фотографија од локацијата каде што некогаш бил деловниот простор - поранешна барака од 181 м2, кој сеуште е во евиденцијата на АДИССПДП, иако истиот физички не постои. АДИССПДП стопанисува со 1.163 деловни објекти од кои 51% не се издадени под закуп. Со најголем дел односно 818 објекти стопанисуваат подружница Скопје и Битола, односно Скопје со 35% и Битола 35%, Куманово со РЕ Крива Паланка – 13% објект, а со преостанатите 17% од објекти располагаат другите девет подружници. Податоците од помошната евиденција упатуваат дека 51% од деловен простор се третира како „спорен“ поради нерешени имотно-правни спорови, бесправно користење или неосновано запишани права на сопственост од други правни и физички лица, срушени и руинирани објекти, како и објекти кои се отуѓени или за кои е изземено правото за стопанисување, а сеуште се водат во евиденцијата на Друштвото. АДИССПДП стопанисува и со службени станови за кои е доделено право на користење на избрани и именувани лица, како и службени лица кои вршат посебно должности во државните органи. Заклучно со 2023 година, од вкупно 86 корисници на службени станови, 33 корисници не ги исполнуваат условите за користење на доделените службени станови. Контрола на користењето на службени станови не e направена после 2019 година. Исто така, АДСДП стопанисува со 1.171 објекти од кои 51% не е издаден под закуп. Со најголем дел, односно 545 објекти стопанисува регионален центар Скопје и работна единица Битола, а од извршената анализа утврдено е дека со најголем дел од деловните објекти односно 25% стопанисува регионалниот центар Скопје, a со 22% од објектите стопанисува работна единица Битола., се наведува во извештајот на ДЗР.

The post Пишани се објекти кои не постојат: Владата противзаконски не остави стратегија за управување со државниот имот appeared first on Република.

]]>
ДЗС: Ноемвриската просечна плата се намалила за 484 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dzs-noemvriskata-prosechna-plata-se-namalila-za-484-denari/ Tue, 23 Jan 2024 12:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=735937

Државниот завод за статистика објави дека просечната нето-плата во ноември изнесувала 38.359 денари, а тоа значи дека е помала за дури 484 денари во однос на октомврискиот републички просек кога изнесувала 38.843 денари. За разлика од месечното намалување кое е 1,2 проценти, на годишно ниво имало номинален раст на просечната плата од 16,2 проценти, или за 5.384 денари, затоа што во ноември 2022 година просечната нето-плата била 33.011 денари.

Со вкалкулирана инфлација, Државниот завод за статистика пресметал дека ноемвриската плата е уште повеќе намалена во однос на октомвриската, односно за 1,4 проценти. Инфлацијата изеде дел и од номиналниот раст на платите на годишно ниво, па со пресметана инфлација тие се зголемиле за 12,7 проценти.

 

 

Статистичарите пресметаа дека годишниот раст на платите се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22,0%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8,0 %), Рударство и вадење на камен (5,9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6 %).

The post ДЗС: Ноемвриската просечна плата се намалила за 484 денари appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика објави дека просечната нето-плата во ноември изнесувала 38.359 денари, а тоа значи дека е помала за дури 484 денари во однос на октомврискиот републички просек кога изнесувала 38.843 денари. За разлика од месечното намалување кое е 1,2 проценти, на годишно ниво имало номинален раст на просечната плата од 16,2 проценти, или за 5.384 денари, затоа што во ноември 2022 година просечната нето-плата била 33.011 денари. Со вкалкулирана инфлација, Државниот завод за статистика пресметал дека ноемвриската плата е уште повеќе намалена во однос на октомвриската, односно за 1,4 проценти. Инфлацијата изеде дел и од номиналниот раст на платите на годишно ниво, па со пресметана инфлација тие се зголемиле за 12,7 проценти.
 
 
Статистичарите пресметаа дека годишниот раст на платите се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22,0%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,4 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8,0 %), Рударство и вадење на камен (5,9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6 %).

The post ДЗС: Ноемвриската просечна плата се намалила за 484 денари appeared first on Република.

]]>
ДЗР: За локалните избори потрошени 7,3 милиони евра, само три партии доставиле финансиски извештаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzr-za-lokalnite-izbori-potrosheni-7-3-milioni-evra-samo-tri-partii-dostavile-finansiski-izveshtai/ Mon, 19 Jun 2023 11:36:32 +0000 https://republika.mk/?p=653079

Политичките партии за локалните избори 2021 година потрпшиле 454 милиони денари или над 7,3 милиони евра, а имале приход од 449 милиони денари или 7,3 милиони евра , стои во најновиот извешатај на Државниот заво за ревизија.

„Со ревизијата опфатени се финансиските извештаи за изборната кампања на 27 политички партии, 22 коалиции и 92 независните кандидати поддржани од „група избирачи. Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2022 година изврши ревизија на Вкупниот финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, заедно со ревизија на усогласеност на сметките на 141 учесници во Изборната кампања за Избори на членови на советите на општините и советот на градот Скопје и градоначалниците на општините и  градоначалник на градот Скопје 2021 година“, соопшти ДЗР.

Од доставените финансиски извештаи за изборната кампања Локални избори 2021 година ревизорите утврдиле дека  68 учесници од кои 14 политички партии, 20 коалиции и 34 независни кандидати поддржани од „група избирачи“ во законски утврдениот рок имаат поднесено финансиски извештај.

Финансиски извештаи за изборната кампања во законски утврдениот рок не поднеле 11 политички партии и 34 независните кандидати поддржани од „група избирачи“.

„Две политички партии, две коалиции и 24 независни кандидати поддржани од група избирачи“ доставиле финансиски извештаи во кои не се искажани приходи и расходи“, стои во извештајот на ДЗР

Ревизорите за констатираните состојби дадоа вкупно 32 препораки, за да се преземат мерки со кои ќе се надминат состојбите за кои има забелешки.

Според ревизорите неопходно е  да се преиспитаат и допрецизираат одредбите од член 83 став 2 во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија и од донации од политичка партија, во делот на поединечните и вкупните лимити на средства финансирани/донирани од физички и правни лица.

Ревизорите бараат дасе доуреди член 76-д со пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија наменети за платено политичко рекламирање.

„Да се уреди начинот на кој донаторите ќе докажат, потврдат дека не се поврзани лица“ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми, интернет порталите, при финансирање или давање донации на политичките партии“, препорача ДЗР.

Според Државниот завод за ревизија  постои потреба од пропишување на одредби со кои ќе се уреди дали може коалиција или политичка партија да поддржи независен кандидат – група избирачи и да ги користи доделените средства за платено политичко рекламирање за независниот кандидат – група избирачи, доколку може во кои услови и на кој начин и дали при таквата поддршка истиот има право да ги користи и средствата што му следуваат како независен кандидат.

„Пропишување на обврска за доставување на извештај за искористените рекламни паноа и билборди од страна на општините во Република Македонија и градот Скопје.  Да се преземат активности за доуредување на Изборниот законик во делот на определување надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми-интернет портали“, препорачува Државниот заво за ревизија.

–Според ДЗР постои потреба од доуредување на условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во ДИК.

„Пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми интернет портали. Преиспитување на утврдениот краен рок за уплата на донации, односно потребно е да се утврди донациите да се уплатуваат најдоцна до денот на завршување на изборната кампања“, препораќува ДЗР.

Ревизорите бараат доуредување на Изборниот законик со што во делот на Казни и прекршочни одредби ќе бидат предвидени глоби и за електронските медиуми, електронските портали, во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа.

„Постои потреба од одредување на орган за спроведување на обуки поврзани со обврските за финансиско известување, со што ќе се придонесе за подобрување на транспарентноста за навремено информирање на јавноста за финансирањето на изборната кампања“, препорача ДЗР

The post ДЗР: За локалните избори потрошени 7,3 милиони евра, само три партии доставиле финансиски извештаи appeared first on Република.

]]>

Политичките партии за локалните избори 2021 година потрпшиле 454 милиони денари или над 7,3 милиони евра, а имале приход од 449 милиони денари или 7,3 милиони евра , стои во најновиот извешатај на Државниот заво за ревизија. „Со ревизијата опфатени се финансиските извештаи за изборната кампања на 27 политички партии, 22 коалиции и 92 независните кандидати поддржани од „група избирачи. Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2022 година изврши ревизија на Вкупниот финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, заедно со ревизија на усогласеност на сметките на 141 учесници во Изборната кампања за Избори на членови на советите на општините и советот на градот Скопје и градоначалниците на општините и  градоначалник на градот Скопје 2021 година“, соопшти ДЗР.
Од доставените финансиски извештаи за изборната кампања Локални избори 2021 година ревизорите утврдиле дека  68 учесници од кои 14 политички партии, 20 коалиции и 34 независни кандидати поддржани од „група избирачи“ во законски утврдениот рок имаат поднесено финансиски извештај. Финансиски извештаи за изборната кампања во законски утврдениот рок не поднеле 11 политички партии и 34 независните кандидати поддржани од „група избирачи“. „Две политички партии, две коалиции и 24 независни кандидати поддржани од група избирачи“ доставиле финансиски извештаи во кои не се искажани приходи и расходи“, стои во извештајот на ДЗР Ревизорите за констатираните состојби дадоа вкупно 32 препораки, за да се преземат мерки со кои ќе се надминат состојбите за кои има забелешки. Според ревизорите неопходно е  да се преиспитаат и допрецизираат одредбите од член 83 став 2 во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија и од донации од политичка партија, во делот на поединечните и вкупните лимити на средства финансирани/донирани од физички и правни лица. Ревизорите бараат дасе доуреди член 76-д со пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија наменети за платено политичко рекламирање. „Да се уреди начинот на кој донаторите ќе докажат, потврдат дека не се поврзани лица“ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми, интернет порталите, при финансирање или давање донации на политичките партии“, препорача ДЗР. Според Државниот завод за ревизија  постои потреба од пропишување на одредби со кои ќе се уреди дали може коалиција или политичка партија да поддржи независен кандидат – група избирачи и да ги користи доделените средства за платено политичко рекламирање за независниот кандидат – група избирачи, доколку може во кои услови и на кој начин и дали при таквата поддршка истиот има право да ги користи и средствата што му следуваат како независен кандидат. „Пропишување на обврска за доставување на извештај за искористените рекламни паноа и билборди од страна на општините во Република Македонија и градот Скопје.  Да се преземат активности за доуредување на Изборниот законик во делот на определување надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми-интернет портали“, препорачува Државниот заво за ревизија. –Според ДЗР постои потреба од доуредување на условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во ДИК. „Пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми интернет портали. Преиспитување на утврдениот краен рок за уплата на донации, односно потребно е да се утврди донациите да се уплатуваат најдоцна до денот на завршување на изборната кампања“, препораќува ДЗР. Ревизорите бараат доуредување на Изборниот законик со што во делот на Казни и прекршочни одредби ќе бидат предвидени глоби и за електронските медиуми, електронските портали, во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа. „Постои потреба од одредување на орган за спроведување на обуки поврзани со обврските за финансиско известување, со што ќе се придонесе за подобрување на транспарентноста за навремено информирање на јавноста за финансирањето на изборната кампања“, препорача ДЗР

The post ДЗР: За локалните избори потрошени 7,3 милиони евра, само три партии доставиле финансиски извештаи appeared first on Република.

]]>
Такс фре зона: Арачиново не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taks-fre-zona-arachinovo-ne-naplaka-danok-na-imot-i-komunalni-taksi-od-firmite/ Thu, 13 Apr 2023 09:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=630482

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на работата на Општина Арачинов за 2021 година и во извештајот изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Ревизијата утврди дека од дадените шест препораки, пет не се спроведени, а една е во тек на спроведување. Притоа констатирани се следниве состојби:

Слабост при спроведување на процесот на буџетирање, реализација на планираните приходи и расходи од 77% и недонесен ребаланс на Буџетот за 2021 година;

– Не е воспоставена единица за внатрешна ревизија ниту меѓу општинска соработка со друга општина во делот на внатрешната ревизија;

– Општината не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за задолжување за данок на имот на физички и правни лица, а данокот на промет на недвижности и данок на наследство и подарок не се утврдуваат согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност;

–Општината не остварува приходи по основ на комунална такса на фирма, комунална такса за користење на музика во јавните локали, комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување на градежно земјиште;

– Не е воспоставена аналитичка евиденција на побарувањата за физички и правни лица со соодветна поткрепувачка документација, не е утврден основот за нивно постоење и можноста за нивна наплата.

Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

The post Такс фре зона: Арачиново не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на работата на Општина Арачинов за 2021 година и во извештајот изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Ревизијата утврди дека од дадените шест препораки, пет не се спроведени, а една е во тек на спроведување. Притоа констатирани се следниве состојби: Слабост при спроведување на процесот на буџетирање, реализација на планираните приходи и расходи од 77% и недонесен ребаланс на Буџетот за 2021 година; – Не е воспоставена единица за внатрешна ревизија ниту меѓу општинска соработка со друга општина во делот на внатрешната ревизија; – Општината не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за задолжување за данок на имот на физички и правни лица, а данокот на промет на недвижности и данок на наследство и подарок не се утврдуваат согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност; –Општината не остварува приходи по основ на комунална такса на фирма, комунална такса за користење на музика во јавните локали, комунална такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување на градежно земјиште; – Не е воспоставена аналитичка евиденција на побарувањата за физички и правни лица со соодветна поткрепувачка документација, не е утврден основот за нивно постоење и можноста за нивна наплата. Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

The post Такс фре зона: Арачиново не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите appeared first on Република.

]]>
На Онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од рак, но никогаш не се користел бидејќи немало каде да биде поставен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-onkologija-vo-2021-godina-bil-nabaven-aktselerator-za-bolnite-od-rak-no-nikogash-ne-se-koristel-bidejki-nemalo-kade-da-bide-postaven/ Tue, 04 Apr 2023 11:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=627073

На Универзитетската клиника за онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од канцер, но тој никогаш не се користел, бидејќи Клиниката не располагала со соодветен простор во кој истиот би можел да биде инсталиран“, објави Државниот завод за ревизија (ДЗР) кој денеска го соопшти извештајот за работата на Клиниката за онкологија за 2021 година.

ДЗР известува дека во постапките за сервисирање на опрема за која економските оператори имаа монополска позиција или ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис при што не постои можност да се спореди, утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги. Набавен е линеарен акцелератор од страна на министерството за здравство кој до денот на вршење на ревизијата не е ставен во употреба, од причина што Клиниката не располагала со соодветен простор во кој истиот би можел да биде инсталиран, се вели во извшетајот на ДЗР.

Во ревизорскиот извештај се констатира дека клиниката не ја евидетирала потрошувачката на биолошка терапија навреме затоа што торшокот од безмалку 650.000 денари бил евидентиран на крајот од 2021 година затоа што лековите биле набавувани на реверс без при тоа да биде определена конкретна цена. ДЗР исто така утврдил дека не постојат медицински протоколи и упатства со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми кои пациенти и како ќе бидат приклучени на биолошка терапија. Од ДЗР имаат забелешки и за јавните набавки на Клиниката за онкологија.

Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за една од прегледаните сметки во делот на работата на Клиниката за онкологија а кој се однесува на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за нивната усогласенот со законите за 2021 година.

Поради ова од ДЗР меѓу другото препорачуваат биолошката терапија да се набавува во рамки на буџетот што го има Клиниката за онкологија но при тоа да се склучи договор за јавна набавка.

Биолошката терапија да се набавува во рамки на буџетот што го има Клиниката за онкологија но при тоа да се склучи договор за јавна набавка и истата да се определува и доделува на пациенти по претходно мислење на стручен колегиум. Велосно да се спроведува годишниот попис. Да се преземаат обврски само во рамки на буџетото и истите редовно да се исплатуваат. Навремено да се евидентира трошокот за биолошка терапија и да се обезбеди доследна примена на Законот за јавни набавки, велат од ДЗР.

Што се однесува до втората сметка што ја испитувал ДЗР, во издвоеното мислење пишува дека нема резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финанските извештаи но изразува резерва за тоа колку финансиските транскации се усогласени со законите за 2021 година.

Државниот завод за ревизија во работата на Клиниката за онкологија утврдил слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи и упатства со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија. Исто така ДЗР утврди дека Клиниката за онкологија не го спровела во целост пописот на средствата и обврските што ги имала, пишува во извештајот на ДЗР.

Од ДЗР велат дека постојат и прашања кои остануваат неизвесни а тоа е наплатата на Клиниката за онкологија за своите извршени услуги. По оваа основа Министерството за здраваство (МЗ) ѝ должи на клиниката повеќе од 160.000 денари а не се наплатени ни близу 60.000 денари од другите Јавно-здравствени установи.

Поради утврдените недостатоци во работењето на клиниката во делот на финансиските трансакции, ДЗР ѝ препорачува на оваа здравствена установа биолошката терапија да се набавува само рамки на веќе обезбедени пари за таа намена а по претходно склучен договор за јавна набавка и истата да се определува и доделува на пацинети по претходно мислење на стручен колегиум. ДЗР уште препорачува Клиниката за онкологија целосно да го спроведува пописот за секоја тековна година“, препорачуваат од ДЗР.

Од Државниот завод за ревизија потенцираат дека по однос на двата извештаи не добиле никакви забелешки од Клиниката за онкологија.

 

The post На Онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од рак, но никогаш не се користел бидејќи немало каде да биде поставен appeared first on Република.

]]>

На Универзитетската клиника за онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од канцер, но тој никогаш не се користел, бидејќи Клиниката не располагала со соодветен простор во кој истиот би можел да биде инсталиран“, објави Државниот завод за ревизија (ДЗР) кој денеска го соопшти извештајот за работата на Клиниката за онкологија за 2021 година.
ДЗР известува дека во постапките за сервисирање на опрема за која економските оператори имаа монополска позиција или ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис при што не постои можност да се спореди, утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги. Набавен е линеарен акцелератор од страна на министерството за здравство кој до денот на вршење на ревизијата не е ставен во употреба, од причина што Клиниката не располагала со соодветен простор во кој истиот би можел да биде инсталиран, се вели во извшетајот на ДЗР.
Во ревизорскиот извештај се констатира дека клиниката не ја евидетирала потрошувачката на биолошка терапија навреме затоа што торшокот од безмалку 650.000 денари бил евидентиран на крајот од 2021 година затоа што лековите биле набавувани на реверс без при тоа да биде определена конкретна цена. ДЗР исто така утврдил дека не постојат медицински протоколи и упатства со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми кои пациенти и како ќе бидат приклучени на биолошка терапија. Од ДЗР имаат забелешки и за јавните набавки на Клиниката за онкологија. Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за една од прегледаните сметки во делот на работата на Клиниката за онкологија а кој се однесува на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за нивната усогласенот со законите за 2021 година. Поради ова од ДЗР меѓу другото препорачуваат биолошката терапија да се набавува во рамки на буџетот што го има Клиниката за онкологија но при тоа да се склучи договор за јавна набавка.
Биолошката терапија да се набавува во рамки на буџетот што го има Клиниката за онкологија но при тоа да се склучи договор за јавна набавка и истата да се определува и доделува на пациенти по претходно мислење на стручен колегиум. Велосно да се спроведува годишниот попис. Да се преземаат обврски само во рамки на буџетото и истите редовно да се исплатуваат. Навремено да се евидентира трошокот за биолошка терапија и да се обезбеди доследна примена на Законот за јавни набавки, велат од ДЗР.
Што се однесува до втората сметка што ја испитувал ДЗР, во издвоеното мислење пишува дека нема резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финанските извештаи но изразува резерва за тоа колку финансиските транскации се усогласени со законите за 2021 година.
Државниот завод за ревизија во работата на Клиниката за онкологија утврдил слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи и упатства со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија. Исто така ДЗР утврди дека Клиниката за онкологија не го спровела во целост пописот на средствата и обврските што ги имала, пишува во извештајот на ДЗР.
Од ДЗР велат дека постојат и прашања кои остануваат неизвесни а тоа е наплатата на Клиниката за онкологија за своите извршени услуги. По оваа основа Министерството за здраваство (МЗ) ѝ должи на клиниката повеќе од 160.000 денари а не се наплатени ни близу 60.000 денари од другите Јавно-здравствени установи.
Поради утврдените недостатоци во работењето на клиниката во делот на финансиските трансакции, ДЗР ѝ препорачува на оваа здравствена установа биолошката терапија да се набавува само рамки на веќе обезбедени пари за таа намена а по претходно склучен договор за јавна набавка и истата да се определува и доделува на пацинети по претходно мислење на стручен колегиум. ДЗР уште препорачува Клиниката за онкологија целосно да го спроведува пописот за секоја тековна година“, препорачуваат од ДЗР.
Од Државниот завод за ревизија потенцираат дека по однос на двата извештаи не добиле никакви забелешки од Клиниката за онкологија.  

The post На Онкологија во 2021 година бил набавен акцелератор за болните од рак, но никогаш не се користел бидејќи немало каде да биде поставен appeared first on Република.

]]>
Ревизорите со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/revizorite-so-rezerva-za-vistinitosta-i-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mf-za-2021-godina/ Thu, 23 Mar 2023 12:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=622862

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за финансии за 2021 година.

Од извршената ревизија на финансиските извештаи на МФ и ревизијата на усогласеност на сметката на основен буџет (631) за 2021 година, ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, констатиравме дека пописот на средствата не е извршен целосно согласно со Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, во делот на пописот на постојаните средства и ситниот инвентар, како и во делот на усогласување на фактички утврдената состојба со сметководствена евиденција на средствата. За утврдената состојба дадена е препорака до одговорните лица во МФ со цел преземање мерки за надминување, наведува ДЗР во резимето за ревизијата.

Од извршената ревизија на финансиските извештаи на Министерство за финансии и ревизија на усогласеност на сметката на основен буџет (637) за 2021 година, исто така е изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, ревизорите констатирале дека е извршено осигурување на дел од недвижниот имот и опрема со кои располага МФ, земјиштето како и дел од објектите за кое МФ има стекнато право на трајно користење, не се сметководствено евидентирани, 35 објекти за кои Министерството има обезбедено имотни листови, сметководствено се евидентирани без вредност, поради необезбедена документација за утврдување на вредноста, пописот на средствата, побарувањата и обврските не е целосно извршен, а во дел од постапките за јавни набавки, предметот на набавка не е утврден како делив заради обезбедување на целосна конкуренција.

Ревизорите истакнуваат дека постои потреба од усогласување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со поодделните закони кои го регулираат основањето на државни органи и институции и дека во тек е постапка на донесување Предлог закон за вработените во јавниот сектор во кој е утврдена висината на платата на посебните советници во одделните институции.

Целосните извештаи од ревизијата се достапни линкот на страницата на ДЗР.

The post Ревизорите со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за финансии за 2021 година. Од извршената ревизија на финансиските извештаи на МФ и ревизијата на усогласеност на сметката на основен буџет (631) за 2021 година, ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.
Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, констатиравме дека пописот на средствата не е извршен целосно согласно со Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, во делот на пописот на постојаните средства и ситниот инвентар, како и во делот на усогласување на фактички утврдената состојба со сметководствена евиденција на средствата. За утврдената состојба дадена е препорака до одговорните лица во МФ со цел преземање мерки за надминување, наведува ДЗР во резимето за ревизијата.
Од извршената ревизија на финансиските извештаи на Министерство за финансии и ревизија на усогласеност на сметката на основен буџет (637) за 2021 година, исто така е изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, ревизорите констатирале дека е извршено осигурување на дел од недвижниот имот и опрема со кои располага МФ, земјиштето како и дел од објектите за кое МФ има стекнато право на трајно користење, не се сметководствено евидентирани, 35 објекти за кои Министерството има обезбедено имотни листови, сметководствено се евидентирани без вредност, поради необезбедена документација за утврдување на вредноста, пописот на средствата, побарувањата и обврските не е целосно извршен, а во дел од постапките за јавни набавки, предметот на набавка не е утврден како делив заради обезбедување на целосна конкуренција. Ревизорите истакнуваат дека постои потреба од усогласување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со поодделните закони кои го регулираат основањето на државни органи и институции и дека во тек е постапка на донесување Предлог закон за вработените во јавниот сектор во кој е утврдена висината на платата на посебните советници во одделните институции. Целосните извештаи од ревизијата се достапни линкот на страницата на ДЗР.

The post Ревизорите со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата анални алпинисти на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-luge-umiraat-dur-nie-ja-hranime-armijata-analni-alpinisti-na-sdsm/ Thu, 09 Mar 2023 13:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=617745

Милион евра фрлени за хонорари во фонд за иновации, пола милион кај Груби, којзнае колку од владата (пуштија список, ги знаете). Ете ги парите за лек на болни дева, за Трифакта. Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата анални алпинисти на сдсм, коментира писателот и активист Божидар Божиновски.

Реакцијата доаѓа по денешниот извештај на Државниот завод за ревизија за активностите и потрошените пари во ФИТР.
https://republika.mk/zivot/zdravje/utre-pochnuva-lekuvaneto-so-trikafta-za-osum-patsienti-bolni-od-tsistichna-fibroza-ima-pari-da-se-obezbedi-lekot-za-ushte-chetvoritsa/?fbclid=IwAR3HzjqFbJYz7ea-w0OHwOOtf_cN4x4horYjQGdaM4fdxgmjOIfrezEp3Rw

The post Божиновски: Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата анални алпинисти на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Милион евра фрлени за хонорари во фонд за иновации, пола милион кај Груби, којзнае колку од владата (пуштија список, ги знаете). Ете ги парите за лек на болни дева, за Трифакта. Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата анални алпинисти на сдсм, коментира писателот и активист Божидар Божиновски. Реакцијата доаѓа по денешниот извештај на Државниот завод за ревизија за активностите и потрошените пари во ФИТР. https://republika.mk/zivot/zdravje/utre-pochnuva-lekuvaneto-so-trikafta-za-osum-patsienti-bolni-od-tsistichna-fibroza-ima-pari-da-se-obezbedi-lekot-za-ushte-chetvoritsa/?fbclid=IwAR3HzjqFbJYz7ea-w0OHwOOtf_cN4x4horYjQGdaM4fdxgmjOIfrezEp3Rw

The post Божиновски: Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата анални алпинисти на СДСМ appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzr-fondot-za-inovatsii-potroshil-eden-milion-evra-za-honorartsi-i-eksperti-koi-ne-pominale-intervju/ Thu, 09 Mar 2023 13:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=617726

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај за работата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2022 година за периодот од 2019 до 2021 година. Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти и воспоставените политики од иновациска дејност, информираат од ДЗР.

ФИТР потрошил 750.000 евра за ангажирање на надворешни соработници во периодот од 2019 до 2021 година, а 250.000 евра за ангажирање на стручњаци кои требало да ги оценуваат проектите, а ниту тие како експерти не поминале процес на тестирање и интервју.

Со ревизијата е констатирано дека во периодот 2019-2021 година, ФИТР ангажира стручни лица за евалуација и давање на стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка, за кои исплатени се средства во вкупен износ од околу 16 милиони денари. Од страна на ФИТР не се преземени активности за категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции во Регистарот од кој ќе се избираат стручните лица по систем на ротација, не е формирана Комисија за оценување на стручните лица, не е донесен акт за работа на Комисијата и не се врши тестирање и интервју за оценување на стручните лица, врз основа на што ќе се изврши ажурирање на листата со редните броеви на стручните лица запишани во Регистарот.

Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага , поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори. Поради наведеното, а со цел навремено извршување на обврските кои произлегуваат од Договорите склучени со корисниците, чии проекти се одобрени за финансирање, ФИТР објавува јавен повик ,,Услуги за управување со проекти (мониторинг)“. Во периодот 2019-2021 година ФИТР има склучено четири рамковни спогодби за набавка на услуги за управување со проекти (мониторинг) во вкупен износ од околу 101 милион денари, заклучуваат од ДЗР.

Според податоците што ги објави ДЗР, ФИТР не извршил ажурирање на Статутот со измените на законите со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и друга состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност.

Ревизијата уште покажува дека ФИТР извршувал активности кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со планот на владата за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари а нецелосно се реализирани и мерките и активностите утврдени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015, 2016-2018 и 2019-2020 година.

Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки, од кои 7 седум мерки не се реализирани, отсуството на Стратегија за паметна специјализација, а со тоа и не обезбеден континуитет на активностите во иновациската дејност по 2020 година, стратешки документ кој има влијание на креирање и реализација на политиките во областа иновации, односно обезбедување на модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизнис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира, во актите не е определен рокот за склучување на договорите , а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен извештај за претходно спроведени активности. Утврдена е потреба од допрецизирање на програмите за работа на ФИТР со вредносните показатели по инструмент во рамките на одобрените буџетски средства и воспоставување на централизирана база со податоци за доделената финансиска поддршка, констатира ДЗР.

Заводот уште констатирал дека Годишните програми за работа за период 2019- 2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.

Со извршената анализа на актите за систематизација и организација на работните места , со ревизијата се утврди дека истите не соодветствуваат со надлежностите, тежината и обемноста на задачите на ФИТР, односно од систематизирани 16 работни места , пополнети се само 8. Поради зголемениот обем на работа како резултат на законските измени, зголемен буџет, проширените стратешки и програмски определби на ФИТР, доделените надлежности за спроведување на ПЕР, столб 3, во услови на недоволен административен капацитет, ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари,  забележуваат од ДЗР.

Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период.

ЛИНК до целиот извештај

The post ДЗР: Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај за работата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2022 година за периодот од 2019 до 2021 година. Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти и воспоставените политики од иновациска дејност, информираат од ДЗР. ФИТР потрошил 750.000 евра за ангажирање на надворешни соработници во периодот од 2019 до 2021 година, а 250.000 евра за ангажирање на стручњаци кои требало да ги оценуваат проектите, а ниту тие како експерти не поминале процес на тестирање и интервју. Со ревизијата е констатирано дека во периодот 2019-2021 година, ФИТР ангажира стручни лица за евалуација и давање на стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка, за кои исплатени се средства во вкупен износ од околу 16 милиони денари. Од страна на ФИТР не се преземени активности за категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции во Регистарот од кој ќе се избираат стручните лица по систем на ротација, не е формирана Комисија за оценување на стручните лица, не е донесен акт за работа на Комисијата и не се врши тестирање и интервју за оценување на стручните лица, врз основа на што ќе се изврши ажурирање на листата со редните броеви на стручните лица запишани во Регистарот.
Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага , поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори. Поради наведеното, а со цел навремено извршување на обврските кои произлегуваат од Договорите склучени со корисниците, чии проекти се одобрени за финансирање, ФИТР објавува јавен повик ,,Услуги за управување со проекти (мониторинг)“. Во периодот 2019-2021 година ФИТР има склучено четири рамковни спогодби за набавка на услуги за управување со проекти (мониторинг) во вкупен износ од околу 101 милион денари, заклучуваат од ДЗР.
Според податоците што ги објави ДЗР, ФИТР не извршил ажурирање на Статутот со измените на законите со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и друга состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност. Ревизијата уште покажува дека ФИТР извршувал активности кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со планот на владата за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари а нецелосно се реализирани и мерките и активностите утврдени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015, 2016-2018 и 2019-2020 година.
Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки, од кои 7 седум мерки не се реализирани, отсуството на Стратегија за паметна специјализација, а со тоа и не обезбеден континуитет на активностите во иновациската дејност по 2020 година, стратешки документ кој има влијание на креирање и реализација на политиките во областа иновации, односно обезбедување на модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизнис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира, во актите не е определен рокот за склучување на договорите , а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен извештај за претходно спроведени активности. Утврдена е потреба од допрецизирање на програмите за работа на ФИТР со вредносните показатели по инструмент во рамките на одобрените буџетски средства и воспоставување на централизирана база со податоци за доделената финансиска поддршка, констатира ДЗР.
Заводот уште констатирал дека Годишните програми за работа за период 2019- 2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.
Со извршената анализа на актите за систематизација и организација на работните места , со ревизијата се утврди дека истите не соодветствуваат со надлежностите, тежината и обемноста на задачите на ФИТР, односно од систематизирани 16 работни места , пополнети се само 8. Поради зголемениот обем на работа како резултат на законските измени, зголемен буџет, проширените стратешки и програмски определби на ФИТР, доделените надлежности за спроведување на ПЕР, столб 3, во услови на недоволен административен капацитет, ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари,  забележуваат од ДЗР.
Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период. ЛИНК до целиот извештај

The post ДЗР: Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју appeared first on Република.

]]>
Искористени се само пола од ваучерите за домашен туризам, Владата не го следи исполнувањето на антикризните мерки, утврдил ДЗР https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nizok-stepen-na-realizacija-na-vladinite-merki-za-namaluvanje-na-efektite-od-pandemijata-vo-sektorot-turizam/ Fri, 12 Aug 2022 08:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=539392

Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб-страница го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Ефикасност на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам“. Во него констатира дека мерките имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата, дека има низок степен на реализација на владините мерки во секторот туризам, како и дека недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на владините мерките во секторот туризам.

Со ревизијата на успешност го опфативме периодот од 2018 до 2021 година, како и одредени прашања до денот на известување од извршената ревизија. Целта на извршената ревизија e да се даде одговор на прашањето „Дали преземените мерки и политики од страна на Владата и надлежните институции се во функција на развој на туризмот и намалување на ефектите од кризата од пандемијата во секторот туризам?”. Со ревизијата е утврдено дека има потреба од измени на законската регулатива поради потешкотии во имплементацијата на законските решенија, што води кон отежната реализација на програмите за развој на туризмот, велат од ДЗР и додаваат дека нискиот степен на реализација на мерките од областа туризам не одговара на поставените цели за справување со кризата од пандемијата.

Нагласуваат дека ревизорите констатирале оти креирањето на мерките и политиките треба да се врши со среднорочно и долгорочно стратешко планирање на државно ниво, со дефинирање на цели и приоритети, како и потреба од анализа за влијанието на мерките со што ќе се обезбеди следење на ефикасноста од нивното спроведување и ќе се дадат идни насоки за постапување.

Недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на мерките во секторот туризам. Ревизорите утврдија низок степен на реализација на мерките во секторот туризам кој не одговара на поставените цели за справување со кризата од пандемијата, се порачува во извештајот од ДЗР.

Реализацијата на мерката „ваучери за домашен туризам“, како што се истакнува, е 55 отсто од планираните 704.106.000 денари, мерката „грант за туристички водичи“ е реализирана со 52 отсто од планираните 9.800.000 денари, мерката „грант за туристички агенции“ е реализира со 68 отсто од планираните 116.850.000 денари, повратот за туристичка такса за 2019 година е 48 отсто од планираните 120.000.000 денари, целосно е нереализиран проектот „хотели надвор од туристичките центри“ во вредност од 64.600.000 денари, а мерката „финансиска помош за туристички агенции“ е реализира со 61 отсто од планираните 86.100.000 денари.

Со анализата на Националната стратегија за развој на туризмот 2016-2021 и Акцискиот план 2019-2021, ревизорите констатирале дека не се следи реализацијата на планираните активности и дека е незадоволителен степенот на имплементација на активностите од Акцискиот план, што влијае на планирањето, креирањето, донесувањето и имплементацијата на политиките и мерките во областа туризам. Во делот на реализацијата на програмските активности на надлежните институции за туризам е утврдено континуирано намалување на Буџетот за период 2018-2021 година, со исклучок на 2020 година.

Исто така, утврдена е потреба од унапредување на институционалните капацитети, соработка и координација на активностите на централно и локално ниво и формирање на Комитет за туризам како орган од највисок ранг надлежен за туризмот во земјата.

Со престанок на работата на Координативното тело за туризам не постои целосна координација меѓу институциите и носителите на секторот туризам, а поединечното делување доведува до намалување на влијанието на секторот при креирањето на интервентни политики за справување со кризата од Ковид-19, видот на мерките, нивното навремено носење и брза реализација. Во однос на креирањето на економските мерки за справување со пандемијата утврдено е отсуство на документација за извршена претходна анализа и проценка при креирањето на мерките на која се базира планираниот опфат и потребните средства за секоја економска мерка, условите и критериумите за нивно доделување, како и анализа за влијанието на мерките и утврдување на целта што треба да се постигне на краток, среден и долг рок. Ваквата состојба го отежнува следењето на успешноста од спроведување на мерките, како и отсуство на идни насоки за постапување, се констатира во извештајот од ДЗР.

Се посочува дека Владата нема воспоставено систем за следење на секоја мерка одделно и не е развиена и објавена централна база на податоци во која на дневно или месечно ниво би се објавиле информации за степенот на реализација на секоја поединечна мерка со податоци за планираните средства, бројот на деловни субјекти и граѓани за кои е наменета мерката, изворот на средствата, степенот на нивната искористеност и неискористеност, причините за не реализираност на мерката.

Во однос на контролата над исполнувањето на условите за доделената финансиска поддршка на туристичките агенции од шестиот пакет на мерки, ревизорите констатирале дека не е утврден начинот на кој ќе се врши контролата за исполнување на условите, ниту, пак, е определена надлежната институција која ќе ја врши контролата и мерки кои ќе се преземат во случај на неисполнување на критериумите и неизвршен поврат на средства.

Со спроведената ревизија е добиено разумно уверување дека Владата преку донесените антикризни мерки за поддршка на економијата/туристички сектор, кои се фокусирани на граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност и креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од корона вирусот, како и програмските активности на надлежните институции за туризам имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата и намалување на ефектите од кризата во секторот туризам, се посочува во извештајот од ДЗР што е објавен денеска.

The post Искористени се само пола од ваучерите за домашен туризам, Владата не го следи исполнувањето на антикризните мерки, утврдил ДЗР appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб-страница го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Ефикасност на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам“. Во него констатира дека мерките имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата, дека има низок степен на реализација на владините мерки во секторот туризам, како и дека недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на владините мерките во секторот туризам. Со ревизијата на успешност го опфативме периодот од 2018 до 2021 година, како и одредени прашања до денот на известување од извршената ревизија. Целта на извршената ревизија e да се даде одговор на прашањето „Дали преземените мерки и политики од страна на Владата и надлежните институции се во функција на развој на туризмот и намалување на ефектите од кризата од пандемијата во секторот туризам?”. Со ревизијата е утврдено дека има потреба од измени на законската регулатива поради потешкотии во имплементацијата на законските решенија, што води кон отежната реализација на програмите за развој на туризмот, велат од ДЗР и додаваат дека нискиот степен на реализација на мерките од областа туризам не одговара на поставените цели за справување со кризата од пандемијата. Нагласуваат дека ревизорите констатирале оти креирањето на мерките и политиките треба да се врши со среднорочно и долгорочно стратешко планирање на државно ниво, со дефинирање на цели и приоритети, како и потреба од анализа за влијанието на мерките со што ќе се обезбеди следење на ефикасноста од нивното спроведување и ќе се дадат идни насоки за постапување. Недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на мерките во секторот туризам. Ревизорите утврдија низок степен на реализација на мерките во секторот туризам кој не одговара на поставените цели за справување со кризата од пандемијата, се порачува во извештајот од ДЗР. Реализацијата на мерката „ваучери за домашен туризам“, како што се истакнува, е 55 отсто од планираните 704.106.000 денари, мерката „грант за туристички водичи“ е реализирана со 52 отсто од планираните 9.800.000 денари, мерката „грант за туристички агенции“ е реализира со 68 отсто од планираните 116.850.000 денари, повратот за туристичка такса за 2019 година е 48 отсто од планираните 120.000.000 денари, целосно е нереализиран проектот „хотели надвор од туристичките центри“ во вредност од 64.600.000 денари, а мерката „финансиска помош за туристички агенции“ е реализира со 61 отсто од планираните 86.100.000 денари. Со анализата на Националната стратегија за развој на туризмот 2016-2021 и Акцискиот план 2019-2021, ревизорите констатирале дека не се следи реализацијата на планираните активности и дека е незадоволителен степенот на имплементација на активностите од Акцискиот план, што влијае на планирањето, креирањето, донесувањето и имплементацијата на политиките и мерките во областа туризам. Во делот на реализацијата на програмските активности на надлежните институции за туризам е утврдено континуирано намалување на Буџетот за период 2018-2021 година, со исклучок на 2020 година. Исто така, утврдена е потреба од унапредување на институционалните капацитети, соработка и координација на активностите на централно и локално ниво и формирање на Комитет за туризам како орган од највисок ранг надлежен за туризмот во земјата. Со престанок на работата на Координативното тело за туризам не постои целосна координација меѓу институциите и носителите на секторот туризам, а поединечното делување доведува до намалување на влијанието на секторот при креирањето на интервентни политики за справување со кризата од Ковид-19, видот на мерките, нивното навремено носење и брза реализација. Во однос на креирањето на економските мерки за справување со пандемијата утврдено е отсуство на документација за извршена претходна анализа и проценка при креирањето на мерките на која се базира планираниот опфат и потребните средства за секоја економска мерка, условите и критериумите за нивно доделување, како и анализа за влијанието на мерките и утврдување на целта што треба да се постигне на краток, среден и долг рок. Ваквата состојба го отежнува следењето на успешноста од спроведување на мерките, како и отсуство на идни насоки за постапување, се констатира во извештајот од ДЗР. Се посочува дека Владата нема воспоставено систем за следење на секоја мерка одделно и не е развиена и објавена централна база на податоци во која на дневно или месечно ниво би се објавиле информации за степенот на реализација на секоја поединечна мерка со податоци за планираните средства, бројот на деловни субјекти и граѓани за кои е наменета мерката, изворот на средствата, степенот на нивната искористеност и неискористеност, причините за не реализираност на мерката. Во однос на контролата над исполнувањето на условите за доделената финансиска поддршка на туристичките агенции од шестиот пакет на мерки, ревизорите констатирале дека не е утврден начинот на кој ќе се врши контролата за исполнување на условите, ниту, пак, е определена надлежната институција која ќе ја врши контролата и мерки кои ќе се преземат во случај на неисполнување на критериумите и неизвршен поврат на средства. Со спроведената ревизија е добиено разумно уверување дека Владата преку донесените антикризни мерки за поддршка на економијата/туристички сектор, кои се фокусирани на граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност и креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од корона вирусот, како и програмските активности на надлежните институции за туризам имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата и намалување на ефектите од кризата во секторот туризам, се посочува во извештајот од ДЗР што е објавен денеска.

The post Искористени се само пола од ваучерите за домашен туризам, Владата не го следи исполнувањето на антикризните мерки, утврдил ДЗР appeared first on Република.

]]>
Ревизорите се сомневаат во вистинитоста на финансиските извештаи од МРТВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/revizorite-se-somnevaat-vo-vistinitosta-na-finansiskite-izveshtai-od-mrtv/ Fri, 29 Jul 2022 07:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=534506

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје“.

Во извештајот ДЗР наведува неколку клучни утврдени состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од барањата и описот на работните задачи и неусогласени акти за пресметка на плата со важечките законски одредби; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија; нецелосно спроведен попис на средствата и обврските; невоспоставено следење на преземените мерки за наплата на побарувањата постари од пет години и неправилности во планирањето, доделувањето на договорите за јавни набавки и нивната реализација.

Во издадено мислење стои дека е „мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“.

Клучни препораки на ДЗР се: донесување на стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; – прецизирање на барањата и прилагодување на описот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и усогласување на актите за пресметка на плата со законските прописи; воспоставување на внатрешна ревизија; спроведување целосен попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба; ажурирање на евиденција за следење на побарувањата и навремено преземање правни дејствија за ненаплатените
побарувања од комитентите и подобрување на планирањето, начинот на спроведување
на постапките за јавни набавки, како и потребата од прецизни одредби во договорите за начинот на
реализација на набавката и плаќањето.

Линк до објавениот извештај: https://dzr.mk/sites/default/files/2022-07/RR_MRTV_Skopje_29_08_2022.pdf

The post Ревизорите се сомневаат во вистинитоста на финансиските извештаи од МРТВ appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје“. Во извештајот ДЗР наведува неколку клучни утврдени состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од барањата и описот на работните задачи и неусогласени акти за пресметка на плата со важечките законски одредби; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија; нецелосно спроведен попис на средствата и обврските; невоспоставено следење на преземените мерки за наплата на побарувањата постари од пет години и неправилности во планирањето, доделувањето на договорите за јавни набавки и нивната реализација. Во издадено мислење стои дека е „мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“. Клучни препораки на ДЗР се: донесување на стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; – прецизирање на барањата и прилагодување на описот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и усогласување на актите за пресметка на плата со законските прописи; воспоставување на внатрешна ревизија; спроведување целосен попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба; ажурирање на евиденција за следење на побарувањата и навремено преземање правни дејствија за ненаплатените побарувања од комитентите и подобрување на планирањето, начинот на спроведување на постапките за јавни набавки, како и потребата од прецизни одредби во договорите за начинот на реализација на набавката и плаќањето. Линк до објавениот извештај: https://dzr.mk/sites/default/files/2022-07/RR_MRTV_Skopje_29_08_2022.pdf

The post Ревизорите се сомневаат во вистинитоста на финансиските извештаи од МРТВ appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzr-pogreshni-chekori-na-ministerstvoto-za-zdravstvo-ushte-na-startot-na-pandemijata-se-prichina-za-problemot-so-testovite-na-drzavna-smetka/ Fri, 22 Jul 2022 13:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=532195

Над 18,6 милиони евра се офајдиле приватните лаборатории за време на ковид-пандемијата. Недоволниот број термини во јавното здратво ги наполни сметките на приватното, констатира државниот ревизор. Тоа што до преку „Мој термин“ можеше да се дојде дури откако ќе ја победите, или загубите битката со Ковид, ги притисна граѓаните од свој џеб приватно да плаќаат за ПЦР тестирање, бидејќи стана задолжително, со што за две години, во приватните лаборатории завршиле милиони суми евра.

Ревизорот потенцира дека до оваа сума дошол, сметајќи ја најниската наплатувана цена од 1.400 денари, иако сумата за еден тест достигнувала и до 5.500 денари.

Првата година од пандемијата, државното и приватното здравство направиле речиси идентичен број на тестови, но веќе наредната година има драматичен пораст во приватните лаборатории. Наредните шест месеци разликата во тестовите е 100.000 во корист на приватното, осносно со 25 процети повеќе направени тестови. Разликата, уште подраматично продолжува да расте, со што на крајот на март оваа година, приватните реализирале 60 проценти повеќе ПЦР трестови од државните лаборатории, или во бројки, разликата е над 300 илјади тестови.

Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка.

Министерството не преземало активности за обезбедување на поголем број термини за тестирање на товар на Фондот во поголем број ЈЗУ поради што голем дел од осигурениците тестирањето го вршеле на свој трошок во приватни лаборатории, се вели во извештајот на  ДЗР.

Повеќе фондовски пари на сметките на приватните биолници легнале и за извршени кардиоваскуларно – хируршки здравствени услуги, во 2019 и 2020 година. Проблемот не е во кадарот, туку во просторните услови во јавното здравство.

 Иимено, Фондот има склучено договори со три ЈЗУ и две ПЗУ за што се исплатени 1.254.330.000 денари (20.317.000 ЕВРА) од кои 95% од услугите се вршат во ПЗУ. Најголем дел од услугите во ЈЗУ се извршени од ЈЗУ УК за државна Кардиологија која иако располага со квалификуван кадар, ги нема потребните просторни услови, што неповолно влијае на обемот на вршењето на здравствената дејност, констатирал ДЗР.

Здравствената криза во 2020-та, го десеткувала и бројот на теренски контроли кај здравствените установи. Намален е за 74%, со што признавањето и плаќањето на здравствените услуги, е различно од реално извршените. Во 2020-та имало само 83 контроли, или речиси шест пати помалку, споредбено со годината претходно, кога биле извршени близу 500.Најмал број контроли се извршени кај здравствените установи од болничка здравствена заштита, чии договорни надоместоци се највисоки, а неправилности се утврдени во дури 85% случаи.

Не се почитувале ниту роковите, со што без казни поминале здравстените установи кои не ги почитувале договорите со Фондот.

Пропусти и во постапките за лекување во странство. Не е обезбедена соодветна правна заштита и контрола, ниту пак систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето. Без повратни информации и за над три милиони евра во аванси за лекување во странство.

The post ДЗР: Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка appeared first on Република.

]]>

Над 18,6 милиони евра се офајдиле приватните лаборатории за време на ковид-пандемијата. Недоволниот број термини во јавното здратво ги наполни сметките на приватното, констатира државниот ревизор. Тоа што до преку „Мој термин“ можеше да се дојде дури откако ќе ја победите, или загубите битката со Ковид, ги притисна граѓаните од свој џеб приватно да плаќаат за ПЦР тестирање, бидејќи стана задолжително, со што за две години, во приватните лаборатории завршиле милиони суми евра. Ревизорот потенцира дека до оваа сума дошол, сметајќи ја најниската наплатувана цена од 1.400 денари, иако сумата за еден тест достигнувала и до 5.500 денари. Првата година од пандемијата, државното и приватното здравство направиле речиси идентичен број на тестови, но веќе наредната година има драматичен пораст во приватните лаборатории. Наредните шест месеци разликата во тестовите е 100.000 во корист на приватното, осносно со 25 процети повеќе направени тестови. Разликата, уште подраматично продолжува да расте, со што на крајот на март оваа година, приватните реализирале 60 проценти повеќе ПЦР трестови од државните лаборатории, или во бројки, разликата е над 300 илјади тестови. Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка.
Министерството не преземало активности за обезбедување на поголем број термини за тестирање на товар на Фондот во поголем број ЈЗУ поради што голем дел од осигурениците тестирањето го вршеле на свој трошок во приватни лаборатории, се вели во извештајот на  ДЗР.
Повеќе фондовски пари на сметките на приватните биолници легнале и за извршени кардиоваскуларно – хируршки здравствени услуги, во 2019 и 2020 година. Проблемот не е во кадарот, туку во просторните услови во јавното здравство.
 Иимено, Фондот има склучено договори со три ЈЗУ и две ПЗУ за што се исплатени 1.254.330.000 денари (20.317.000 ЕВРА) од кои 95% од услугите се вршат во ПЗУ. Најголем дел од услугите во ЈЗУ се извршени од ЈЗУ УК за државна Кардиологија која иако располага со квалификуван кадар, ги нема потребните просторни услови, што неповолно влијае на обемот на вршењето на здравствената дејност, констатирал ДЗР.
Здравствената криза во 2020-та, го десеткувала и бројот на теренски контроли кај здравствените установи. Намален е за 74%, со што признавањето и плаќањето на здравствените услуги, е различно од реално извршените. Во 2020-та имало само 83 контроли, или речиси шест пати помалку, споредбено со годината претходно, кога биле извршени близу 500.Најмал број контроли се извршени кај здравствените установи од болничка здравствена заштита, чии договорни надоместоци се највисоки, а неправилности се утврдени во дури 85% случаи. Не се почитувале ниту роковите, со што без казни поминале здравстените установи кои не ги почитувале договорите со Фондот. Пропусти и во постапките за лекување во странство. Не е обезбедена соодветна правна заштита и контрола, ниту пак систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето. Без повратни информации и за над три милиони евра во аванси за лекување во странство.

The post ДЗР: Погрешни чекори на Министерството за здравство уште на стартот на пандемијата, се причина за проблемот со тестовите на државна сметка appeared first on Република.

]]>