Џозеф Борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzozef-borel/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 19:56:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џозеф Борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzozef-borel/ 32 32 Русите денеска нападаа шест области низ Украина, Борел морал да се засолни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-deneska-napadaa-shest-oblasti-niz-ukraina-borel-moral-da-se-zasolni/ Wed, 07 Feb 2024 19:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=741647

Најмалку пет цивили загинаа, а речиси 50 се ранети во рускиот напад утринава со крстаречки и балистички ракети и дронови врз шест области ширум Украина, соопштија вечерва локалните власти.

Цел на нападите беа три големи градови, меѓу кои и Киев, каде шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска разговараше за воена помош и финансиска поддршка за Украина.

Борел рече дека денот го почнал во засолниште, кое го опиша како дел од „секојдневната реалност“ на Украина по речиси две години отпор на руската инвазија.

Украинската војска соопшти дека пресретнала 44 од 64 руски дронови и проектили во денешниот напад.

Во првиот напад на Киев за две недели, извршен за време на утринскиот шпиц, четири лица загинаа кога беше погодена станбена зграда од 18 ката, што предизвика пожар на неколку ката, соопштија локалните власти, додавајќи дека 40 лица се ранети, меѓу кои и една бремена жена.

Во нападот на Миколаев, град на југот на Украина, едно лице загина, а шест се ранети, додека околу 20 станбени згради и јавна инфраструктура се оштетени, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким.

На Украина итно и е потребна помош од Западот бидејќи се соочува со недостиг од муниција и војници. Долгорочното странско финансирање е доведено во прашање, бидејќи вчера пропадна последниот обид во американскиот Сенат да се постигне договор за помош на Украина.

Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина денеска соопшти дека бројот на цивилни жртви во војната повторно почнал да расте по минатогодишниот пад.

Мисијата евидентирала дека минатиот месец биле убиени 158 цивили, а 483 биле ранети, што е зголемување за 37 отсто во однос на ноември. Од почетокот на војната, повеќе од 10.000 цивили загинале, а речиси 20.000 се ранети.

БОРЕЛНАПАДААОБЛАСТИРУСИТЕ

The post Русите денеска нападаа шест области низ Украина, Борел морал да се засолни appeared first on Република.

]]>

Најмалку пет цивили загинаа, а речиси 50 се ранети во рускиот напад утринава со крстаречки и балистички ракети и дронови врз шест области ширум Украина, соопштија вечерва локалните власти. Цел на нападите беа три големи градови, меѓу кои и Киев, каде шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска разговараше за воена помош и финансиска поддршка за Украина. Борел рече дека денот го почнал во засолниште, кое го опиша како дел од „секојдневната реалност“ на Украина по речиси две години отпор на руската инвазија. Украинската војска соопшти дека пресретнала 44 од 64 руски дронови и проектили во денешниот напад. Во првиот напад на Киев за две недели, извршен за време на утринскиот шпиц, четири лица загинаа кога беше погодена станбена зграда од 18 ката, што предизвика пожар на неколку ката, соопштија локалните власти, додавајќи дека 40 лица се ранети, меѓу кои и една бремена жена. Во нападот на Миколаев, град на југот на Украина, едно лице загина, а шест се ранети, додека околу 20 станбени згради и јавна инфраструктура се оштетени, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким. На Украина итно и е потребна помош од Западот бидејќи се соочува со недостиг од муниција и војници. Долгорочното странско финансирање е доведено во прашање, бидејќи вчера пропадна последниот обид во американскиот Сенат да се постигне договор за помош на Украина. Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина денеска соопшти дека бројот на цивилни жртви во војната повторно почнал да расте по минатогодишниот пад. Мисијата евидентирала дека минатиот месец биле убиени 158 цивили, а 483 биле ранети, што е зголемување за 37 отсто во однос на ноември. Од почетокот на војната, повеќе од 10.000 цивили загинале, а речиси 20.000 се ранети. БОРЕЛНАПАДААОБЛАСТИРУСИТЕ

The post Русите денеска нападаа шест области низ Украина, Борел морал да се засолни appeared first on Република.

]]>
Борел: Во ЕУ нема договор за забрана на увоз на руски гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-vo-eu-nema-dogovor-za-zabrana-na-uvoz-na-ruski-gas/ Mon, 25 Apr 2022 17:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=493449

Во моментов во Европската унија нема договор за воведување целосна забрана за увоз на руски енергетски извори, како гас и нафта, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џосеф Борел.

Тој во интервју за германски „Велт“ најави дека за тоа повторно ќе се разговара на следниот самит на лидерите на ЕУ во мај.

Комисијата оваа недела најверојатно ќе испрати предлози до членките на ЕУ за шестиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, пишува Билд.

The post Борел: Во ЕУ нема договор за забрана на увоз на руски гас appeared first on Република.

]]>

Во моментов во Европската унија нема договор за воведување целосна забрана за увоз на руски енергетски извори, како гас и нафта, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џосеф Борел. Тој во интервју за германски „Велт“ најави дека за тоа повторно ќе се разговара на следниот самит на лидерите на ЕУ во мај. Комисијата оваа недела најверојатно ќе испрати предлози до членките на ЕУ за шестиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, пишува Билд.

The post Борел: Во ЕУ нема договор за забрана на увоз на руски гас appeared first on Република.

]]>
Поради Украина ќе видиме провокации во Босна и Херцеговина, вели Борел https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poradi-ukraina-kje-vidime-provokacii-vo-bosna-i-hercegovina-veli-borel/ Sun, 27 Feb 2022 17:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=464754

Поради опасноста последиците од украинската криза да се прелеат и на другите земји од соседството на Русија, Европската Унија мора да им помогне на Молдавија и Грузија и внимателно да го разгледаат Западен Балкан, бидејќи таму ќе видиме провокации, особено во Босна и Херцеговина“, рече високиот претставник на ЕУ Џозеф Борел.

Тој, според медиумите во регионот, ова го изјавил по состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата кои воведоа остри санкции кон Русија поради воениот упад во Украина.

Европските дипломатски претставници, исто така, им кажале на новинарите дека одлуката за зголемување на трупите во мисијата на ЕУ „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и посилната посветеност на Западен Балкан е одговор на влошената безбедност во поголем обем не само поради Украина, туку и поради руското влијание во Босна како и Црна Гора и Србија, пишуваат медиумите.

Во исто време, очигледно со намера да ја нагласи подготвеноста за поддршка на Западен Балкан, Европската комисија повтори дека ќе помогне за закрепнување на регионот преку инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра, објавен од октомври 2020 година.

И германскиот медиум „Дојче веле“ со видливо внимание ја пренесува анализата на австрискиот весник „Стандард“ во која се наведува дека рускиот напад врз Украина доведе до преземање мерки на претпазливост и во Југоисточна Европа.

Во анализата се истакнува објаснувањето на европската воена мисија ЕУФОР во БиХ дека одлуката за испраќање дополнителни 500 војници во Босна е поради влошувањето на меѓународната безбедносна ситуација, што потенцијално може да доведе до нестабилност во Босна и Херцеговина.

„Стандард“ посочува дека „зајакнувањето на војниците пред сè треба да ја објави решеноста за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ, а трупите стационирани во Брчко би можеле да ја одложат или спречат окупацијата (отцепувањето) на целата територија на Република Српска“.

The post Поради Украина ќе видиме провокации во Босна и Херцеговина, вели Борел appeared first on Република.

]]>

Поради опасноста последиците од украинската криза да се прелеат и на другите земји од соседството на Русија, Европската Унија мора да им помогне на Молдавија и Грузија и внимателно да го разгледаат Западен Балкан, бидејќи таму ќе видиме провокации, особено во Босна и Херцеговина“, рече високиот претставник на ЕУ Џозеф Борел.
Тој, според медиумите во регионот, ова го изјавил по состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата кои воведоа остри санкции кон Русија поради воениот упад во Украина.
Европските дипломатски претставници, исто така, им кажале на новинарите дека одлуката за зголемување на трупите во мисијата на ЕУ „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и посилната посветеност на Западен Балкан е одговор на влошената безбедност во поголем обем не само поради Украина, туку и поради руското влијание во Босна како и Црна Гора и Србија, пишуваат медиумите.
Во исто време, очигледно со намера да ја нагласи подготвеноста за поддршка на Западен Балкан, Европската комисија повтори дека ќе помогне за закрепнување на регионот преку инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра, објавен од октомври 2020 година. И германскиот медиум „Дојче веле“ со видливо внимание ја пренесува анализата на австрискиот весник „Стандард“ во која се наведува дека рускиот напад врз Украина доведе до преземање мерки на претпазливост и во Југоисточна Европа. Во анализата се истакнува објаснувањето на европската воена мисија ЕУФОР во БиХ дека одлуката за испраќање дополнителни 500 војници во Босна е поради влошувањето на меѓународната безбедносна ситуација, што потенцијално може да доведе до нестабилност во Босна и Херцеговина.
„Стандард“ посочува дека „зајакнувањето на војниците пред сè треба да ја објави решеноста за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ, а трупите стационирани во Брчко би можеле да ја одложат или спречат окупацијата (отцепувањето) на целата територија на Република Српска“.

The post Поради Украина ќе видиме провокации во Босна и Херцеговина, вели Борел appeared first on Република.

]]>