џорџа мелони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzordza-meloni/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 16:18:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џорџа мелони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzordza-meloni/ 32 32 Израелски Мосад наводно е вемешан во шпионски скандал против италијанската премиерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelski-mosad-navodno-e-vemeshan-vo-shpionski-skandal-protiv-italijanskata-premierka/ Sun, 03 Nov 2024 17:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=833812

Израелскиот Мосад наводно е вмешан во шпионски скандал против италијанската премиерка Џорџа Мелони и високи функционери, објави весникот „Једиот Ахронот“.

Извештајот тврди дека Мосад соработувал со приватна истражна фирма со седиште во Милано, во која работеле поранешни членови на безбедносните служби, кои наводно ги украле личните податоци на политичари и јавни личности за потенцијална изнуда.

Биле извршени четири апсења, а десетици се под истрага. Сајбер експертите сугерираат дека серверите на италијанското Министерство за внатрешни работи можеби биле хакирани.

Италијанските медиуми, скандалот го нарекуваат „заговор на високо ниво“ во кој се вклучени мафијаши и разузнавачи.

Мелони го осуди заговорот како „закана за демократијата“, додека министерот за одбрана Гидо Крозето повика на итна парламентарна истрага за можната компромитираност на државните тајни.

The post Израелски Мосад наводно е вемешан во шпионски скандал против италијанската премиерка appeared first on Република.

]]>

Израелскиот Мосад наводно е вмешан во шпионски скандал против италијанската премиерка Џорџа Мелони и високи функционери, објави весникот „Једиот Ахронот“. Извештајот тврди дека Мосад соработувал со приватна истражна фирма со седиште во Милано, во која работеле поранешни членови на безбедносните служби, кои наводно ги украле личните податоци на политичари и јавни личности за потенцијална изнуда. Биле извршени четири апсења, а десетици се под истрага. Сајбер експертите сугерираат дека серверите на италијанското Министерство за внатрешни работи можеби биле хакирани. Италијанските медиуми, скандалот го нарекуваат „заговор на високо ниво“ во кој се вклучени мафијаши и разузнавачи. Мелони го осуди заговорот како „закана за демократијата“, додека министерот за одбрана Гидо Крозето повика на итна парламентарна истрага за можната компромитираност на државните тајни.

The post Израелски Мосад наводно е вемешан во шпионски скандал против италијанската премиерка appeared first on Република.

]]>
Мелони добила смртни закани поради договорот за мигранти со Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meloni-dobila-smrtni-zakani-poradi-dogovorot-za-migranti-so-albanija/ Thu, 31 Oct 2024 10:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=832726

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека добила смртни закани од трговци со луѓе поради договорот за мигранти со Албанија, јавија денеска италијанските медиуми.

Мелони вчеравечер за телевизијата Раи1 изјави дека останува посветена на договорот со Албанија, бидејќи тоа е „ефикасно решение за управување со мигрантските текови“.

Првите смртни закани пристигнаа затоа што потпишав протокол за соработка со Албанија за имиграцијата. Ќе направам се оваа соработка да донесе опипливи резултати, рече Мелони.

Целта на италијанската Влада, според неа, е центрите за мигранти во Албанија да функционираат на начин што го почитува меѓународното право, но предупреди дека центрите ќе „создадат сериозни проблеми“ за трговците со луѓе кои и се заканувале со смрт.

Како што наведе, одлуката на судот во Болоња да побара од судот на ЕУ да го поништи декретот на римската влада за безбедни земји за мигрантите „повеќе личи на пропаганден памфлет отколку на судски документ“. Таа заклучи дека овие напади и противењето на опозицијата во Брисел се „агресивна реакција“ на тоа што, како што наведе, функционирањето на стратегијата на италијанската Влада.

Мелони додаде дека и покрај противењето, пристигнувањата се намалени за 60 отсто, додека репатријацијата е зголемена за 30 отсто. Откако првата група мигранти беше префрлена од Италија во миграциските центри во Албанија, опфатени со договорот Рим-Тирана, со одлука на судот во Рим тие беа вратени во Италија

The post Мелони добила смртни закани поради договорот за мигранти со Албанија appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека добила смртни закани од трговци со луѓе поради договорот за мигранти со Албанија, јавија денеска италијанските медиуми. Мелони вчеравечер за телевизијата Раи1 изјави дека останува посветена на договорот со Албанија, бидејќи тоа е „ефикасно решение за управување со мигрантските текови“. Првите смртни закани пристигнаа затоа што потпишав протокол за соработка со Албанија за имиграцијата. Ќе направам се оваа соработка да донесе опипливи резултати, рече Мелони. Целта на италијанската Влада, според неа, е центрите за мигранти во Албанија да функционираат на начин што го почитува меѓународното право, но предупреди дека центрите ќе „создадат сериозни проблеми“ за трговците со луѓе кои и се заканувале со смрт. Како што наведе, одлуката на судот во Болоња да побара од судот на ЕУ да го поништи декретот на римската влада за безбедни земји за мигрантите „повеќе личи на пропаганден памфлет отколку на судски документ“. Таа заклучи дека овие напади и противењето на опозицијата во Брисел се „агресивна реакција“ на тоа што, како што наведе, функционирањето на стратегијата на италијанската Влада. Мелони додаде дека и покрај противењето, пристигнувањата се намалени за 60 отсто, додека репатријацијата е зголемена за 30 отсто. Откако првата група мигранти беше префрлена од Италија во миграциските центри во Албанија, опфатени со договорот Рим-Тирана, со одлука на судот во Рим тие беа вратени во Италија

The post Мелони добила смртни закани поради договорот за мигранти со Албанија appeared first on Република.

]]>
Партијата Италија вива ќе ја тужи Мелони поради залудното трошење на парите на Италијанците за имигрантскиот камп во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/partijata-italija-viva-ke-ja-tuzhi-meloni-poradi-zaludnoto-troshene-na-parite-na-italijantsite-za-imigrantskiot-kamp-vo-albanija/ Sun, 20 Oct 2024 09:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=829052

Италијанскиот пратеник Франческо Бонифази од партијата Италија вива најави дека утре неговата партија ќе поднесе тужба против премиерката Џорџа Мелони поради „залудното трошење на парите на Италијанците за имигрантскиот камп во Албанија“.

Тој на социјалните мрежи напиша дека парите потрошени за изградба на кампот можело да се искористат за италијанските семејства.

- В понеделник ќе поднесеме жалба до Судот на ревизори со која се осудува Џорџа Мелони како одговорна за злоупотреба на јавни пари поврзани со скандалот со мигрантскиот центар во Албанија. Ова што го гледаме е скандал за италијанските семејства: парите требало да одат за карабинерите, здравството, младите, истакна Бонифази.

По петочната одлука на италијански суд да ги укине наредбите за испраќање на првата група мигранти фатени во Медитеранот во центрите за мигранти во Албанија, 12 мигранти кои беа сместени во кампот во Ѓадр веќе се вратени во Италија.

По веста за одлуката на судот премиерката Мелони за утре закажа владина седница за договорот потпишан на 6 ноември минатата година, а почна да се имплементира на 16 месецов со пристигнување на првата група имигранти во Албанија.

За Мелони судската е пристрасна и е „многу тешко да се работи на изнаоѓање решенија за проблемите на Италија кога се соочуваме со противење од некои од институциите кои треба да помогнат да се изнајдат решенија“.

The post Партијата Италија вива ќе ја тужи Мелони поради залудното трошење на парите на Италијанците за имигрантскиот камп во Албанија appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот пратеник Франческо Бонифази од партијата Италија вива најави дека утре неговата партија ќе поднесе тужба против премиерката Џорџа Мелони поради „залудното трошење на парите на Италијанците за имигрантскиот камп во Албанија“. Тој на социјалните мрежи напиша дека парите потрошени за изградба на кампот можело да се искористат за италијанските семејства. - В понеделник ќе поднесеме жалба до Судот на ревизори со која се осудува Џорџа Мелони како одговорна за злоупотреба на јавни пари поврзани со скандалот со мигрантскиот центар во Албанија. Ова што го гледаме е скандал за италијанските семејства: парите требало да одат за карабинерите, здравството, младите, истакна Бонифази. По петочната одлука на италијански суд да ги укине наредбите за испраќање на првата група мигранти фатени во Медитеранот во центрите за мигранти во Албанија, 12 мигранти кои беа сместени во кампот во Ѓадр веќе се вратени во Италија. По веста за одлуката на судот премиерката Мелони за утре закажа владина седница за договорот потпишан на 6 ноември минатата година, а почна да се имплементира на 16 месецов со пристигнување на првата група имигранти во Албанија. За Мелони судската е пристрасна и е „многу тешко да се работи на изнаоѓање решенија за проблемите на Италија кога се соочуваме со противење од некои од институциите кои треба да помогнат да се изнајдат решенија“.

The post Партијата Италија вива ќе ја тужи Мелони поради залудното трошење на парите на Италијанците за имигрантскиот камп во Албанија appeared first on Република.

]]>
Италија давала пример со тоа што испраќа мигранти во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/italija-davala-primer-so-toa-shto-ispraka-migranti-vo-albanija/ Tue, 15 Oct 2024 13:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=827198

Италија дава пример за другите европски земји со тоа што испраќа мигранти во трети земји поради обработка на нивните барања за азил, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Мелони пред Сенатот на италијанскиот парламент рече дека испраќањето мигранти во двата мигрантски центри изградени од Италија во Албанија претставува, како што рече, „нов, храбар, начин без преседан, но кој совршено го одразува европскиот дух“.

Првата група мигранти, составена од 10 државјани на Бангладеш и шест Египќани, во неделата е спасена на море во близина на Либија, а утре треба да пристигнат во Албанија. Мигрантите се превезуваат кон Албанија со бродот „Либра“.

Центрите за мигранти во Шенѓин и Ѓадер на северот на Албанија почнаа да функционираат минатата недела.

Центрите ќе бидат целосно управувани од италијанската Влада, која платила за нивната изградба. Повеќе од еден милион мигранти стигнале до Италија по море во последните 12 години

The post Италија давала пример со тоа што испраќа мигранти во Албанија appeared first on Република.

]]>

Италија дава пример за другите европски земји со тоа што испраќа мигранти во трети земји поради обработка на нивните барања за азил, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони. Мелони пред Сенатот на италијанскиот парламент рече дека испраќањето мигранти во двата мигрантски центри изградени од Италија во Албанија претставува, како што рече, „нов, храбар, начин без преседан, но кој совршено го одразува европскиот дух“. Првата група мигранти, составена од 10 државјани на Бангладеш и шест Египќани, во неделата е спасена на море во близина на Либија, а утре треба да пристигнат во Албанија. Мигрантите се превезуваат кон Албанија со бродот „Либра“. Центрите за мигранти во Шенѓин и Ѓадер на северот на Албанија почнаа да функционираат минатата недела. Центрите ќе бидат целосно управувани од италијанската Влада, која платила за нивната изградба. Повеќе од еден милион мигранти стигнале до Италија по море во последните 12 години

The post Италија давала пример со тоа што испраќа мигранти во Албанија appeared first on Република.

]]>
Мелони сведочеше на судењето на двајца мажи за лажни порно видеа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meloni-svedocheshe-na-sudeneto-na-dvajtsa-mazhi-za-lazhni-porno-videa/ Wed, 09 Oct 2024 14:07:00 +0000 https://republika.mk/?p=824753

Италијанскaтa премиерка Џорџа Мелони во средата сведочеше на судењето на двајца мажи кои произведувале и дистрибуирале лажни, т.н. „deepfake“ порно-видеа со нејзиниот лик.

Премиерката преку видео повик се обрати пред судот во Сасари, на Сардинија, инсистирајќи дека одговорните за лажните инсценирани снимки мора да бидат казнети.

„Тоа е форма на насилство врз жените“, рече Мелони.

Обвинети се 40-годишен маж, кој е осомничен дека ја монтирал лажната снимка и неговиот 73-годишен татко. Според обвинението, видеата биле објавени на американска порнографска веб-страница, каде што биле прегледани „милиони пати“ во текот на неколку месеци, а датираат од пред таа да стане премиер во 2022 година.

Во лажните видеа двојката го ставила лицето на италијанската актерка на телата на порно-актерките.

Двајцата осомничени се обвинети за клевета, а според италијанскиот закон, некои случаи на клевета може да бидат кривично гонети, па дури и да носат затворска казна.

Мелони бара отштета во висина од 100.000 евра.

Адвокатскиот тим на италијанската премиерка соопшти дека доколку барањето за отштета биде успешно, тие ќе ја донираат сумата во фонд за поддршка на жените кои биле жртви на насилство.

„Ефектот на тие видеа врз мене е неподнослив. Неподносливо е за никого, особено за некој како мене кој секојдневно се бори против насилството врз жените“, рече Мелони.

The post Мелони сведочеше на судењето на двајца мажи за лажни порно видеа appeared first on Република.

]]>

Италијанскaтa премиерка Џорџа Мелони во средата сведочеше на судењето на двајца мажи кои произведувале и дистрибуирале лажни, т.н. „deepfake“ порно-видеа со нејзиниот лик. Премиерката преку видео повик се обрати пред судот во Сасари, на Сардинија, инсистирајќи дека одговорните за лажните инсценирани снимки мора да бидат казнети.
„Тоа е форма на насилство врз жените“, рече Мелони.
Обвинети се 40-годишен маж, кој е осомничен дека ја монтирал лажната снимка и неговиот 73-годишен татко. Според обвинението, видеата биле објавени на американска порнографска веб-страница, каде што биле прегледани „милиони пати“ во текот на неколку месеци, а датираат од пред таа да стане премиер во 2022 година. Во лажните видеа двојката го ставила лицето на италијанската актерка на телата на порно-актерките. Двајцата осомничени се обвинети за клевета, а според италијанскиот закон, некои случаи на клевета може да бидат кривично гонети, па дури и да носат затворска казна. Мелони бара отштета во висина од 100.000 евра. Адвокатскиот тим на италијанската премиерка соопшти дека доколку барањето за отштета биде успешно, тие ќе ја донираат сумата во фонд за поддршка на жените кои биле жртви на насилство.
„Ефектот на тие видеа врз мене е неподнослив. Неподносливо е за никого, особено за некој како мене кој секојдневно се бори против насилството врз жените“, рече Мелони.

The post Мелони сведочеше на судењето на двајца мажи за лажни порно видеа appeared first on Република.

]]>
Мелони: Сè уште можам да соработувам со Фон дер Лајен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meloni-se-ushte-mozham-da-sorabotuvam-so-fon-der-lajen/ Sat, 20 Jul 2024 12:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=798724

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека сепак ќе може да соработува со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен и покрај тоа што нејзината партија Браќа на Италија гласаа против Фон дер Лајен да биде избрана за втор мандат на таа позиција.

Мелони во интервју за „Кориере дела сера“ изјави дека досега соработувала со Фон дер Лајен и ќе продолжи да го прави и во иднина затоа што, како што изјавила, „имаат обврски и се свесни за нивната важност“.

Мелони нагласи дека ја поддржува изјавата на Фон дер Лајен во нејзиното обраќање во Европскиот парламент за потребата од контрола на миграцијата.

Таа рече дека ќе може да соработува со кој и да биде избран за претседател на САД на изборите во ноември.

-За мене е важна силата на сојузот со САД, истакна Мелони, наведувајќи дека тоа не може да биде засегнато од промената во Белата куќа.

Фон дер Лајен беше избрана во четвртокот во Европскиот парламент (ЕП) за нов петгодишен мандат за претседател на ЕК.

The post Мелони: Сè уште можам да соработувам со Фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека сепак ќе може да соработува со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен и покрај тоа што нејзината партија Браќа на Италија гласаа против Фон дер Лајен да биде избрана за втор мандат на таа позиција. Мелони во интервју за „Кориере дела сера“ изјави дека досега соработувала со Фон дер Лајен и ќе продолжи да го прави и во иднина затоа што, како што изјавила, „имаат обврски и се свесни за нивната важност“. Мелони нагласи дека ја поддржува изјавата на Фон дер Лајен во нејзиното обраќање во Европскиот парламент за потребата од контрола на миграцијата. Таа рече дека ќе може да соработува со кој и да биде избран за претседател на САД на изборите во ноември. -За мене е важна силата на сојузот со САД, истакна Мелони, наведувајќи дека тоа не може да биде засегнато од промената во Белата куќа. Фон дер Лајен беше избрана во четвртокот во Европскиот парламент (ЕП) за нов петгодишен мандат за претседател на ЕК.

The post Мелони: Сè уште можам да соработувам со Фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>
Средба на Мицкоски со италијанската премиерка: Побарана поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на Македонија во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-mitskoski-so-italijanskata-premierka-pobarana-poddrshka-od-italija-za-realizatsija-na-strateshkiot-interes-za-vlez-na-makedonija-vo-eu/ Wed, 10 Jul 2024 18:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=795531

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на маргините на НАТО самитот, остварил разговор со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

Разговаравме за продлабочена соработка, побарав поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во Европската Унија. Разговарав и за можноста за зголемување на економската и трговската размена на двете земји. Мора да се бориме за позициите и државните интереси на секој чекор, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

The post Средба на Мицкоски со италијанската премиерка: Побарана поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на маргините на НАТО самитот, остварил разговор со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.
Разговаравме за продлабочена соработка, побарав поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во Европската Унија. Разговарав и за можноста за зголемување на економската и трговската размена на двете земји. Мора да се бориме за позициите и државните интереси на секој чекор, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

The post Средба на Мицкоски со италијанската премиерка: Побарана поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Бајден повторно залута, а Мелони го врати во игра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-povtorno-zaluta-a-meloni-go-vrati-vo-igra/ Fri, 14 Jun 2024 12:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=787567

Американскиот претседател Џо Бајден со своето однесување веќе подолго време предизвикува загриженост и сомнеж за неговото ментално здравје. Списокот на незавидни моменти е предолг, од мешање имиња на луѓе и држави, заборавеност, поздравување на мртвите и бројни други непријатни моменти.
Светските лидери во моментов се во Италија на состанокот на Г7 чиј домаќин е италијанската премиерка Џорџа Мелони.


Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека Бајден навидум се изгубил и се оддалечува од своите колеги за време на демонстрациите на скок со падобран.


Мелони потоа го повлече за ракав и го врати кај другите светски лидери, по што Бајден видно збунет ги стави очилата за сонце.


Ова не беше единствениот бизарен инцидент на Бајден на самитот на Г7. Пред тоа, на едно видео беше прикажано како американскиот претседател и салутира на МелонИ, а истото го направи и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

The post Бајден повторно залута, а Мелони го врати во игра appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден со своето однесување веќе подолго време предизвикува загриженост и сомнеж за неговото ментално здравје. Списокот на незавидни моменти е предолг, од мешање имиња на луѓе и држави, заборавеност, поздравување на мртвите и бројни други непријатни моменти. Светските лидери во моментов се во Италија на состанокот на Г7 чиј домаќин е италијанската премиерка Џорџа Мелони. Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека Бајден навидум се изгубил и се оддалечува од своите колеги за време на демонстрациите на скок со падобран. Мелони потоа го повлече за ракав и го врати кај другите светски лидери, по што Бајден видно збунет ги стави очилата за сонце. Ова не беше единствениот бизарен инцидент на Бајден на самитот на Г7. Пред тоа, на едно видео беше прикажано како американскиот претседател и салутира на МелонИ, а истото го направи и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

The post Бајден повторно залута, а Мелони го врати во игра appeared first on Република.

]]>
Мелони: Прерано е да се зборува за втор мандат на Урсула фон дер Лајен на чело на ЕК https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meloni-prerano-e-da-se-zboruva-za-vtor-mandat-na-ursula-fon-der-lajen-na-chelo-na-ek/ Mon, 10 Jun 2024 11:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=786221

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека е прерано да се зборува за втор мандат на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сè уште собираме податоци за да го разбереме мнозинството, но сè уште има мнозинство што ја поддржа Урсула, но и партиите кои не се дел од ова мнозинство растат - рече Мелони, говорејќи за италијанското радио РТЛ за резултатите од изборите за Европскиот Парламент (ЕП).

Таа додаде дека изборните резултати го покажуваат барањето на граѓаните, ЕУ да посвети поголемо внимание на десницата и дека Италија ќе има клучна улога во Европа. Мелони оцени дека изборниот успех на Марин Ле Пен во Франција е многу важен и дека укажува на настаните во Франција и другите европски земји.

Мислам дека ни треба Европа која е поспособна да ги слуша своите граѓани, која помалку се меша во нивните животи, но која се занимава со големите прашања што спаѓаат во нејзина јурисдикција - истакна Мелони.

Нејзината партија „Браќата на Италија“ на изборите за ЕП освоила 28,85 отсто од гласовите, додека на второ место е левичарската опозициска Демократска партија со 24,04 отсто, покажуваат податоцит.

The post Мелони: Прерано е да се зборува за втор мандат на Урсула фон дер Лајен на чело на ЕК appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека е прерано да се зборува за втор мандат на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Сè уште собираме податоци за да го разбереме мнозинството, но сè уште има мнозинство што ја поддржа Урсула, но и партиите кои не се дел од ова мнозинство растат - рече Мелони, говорејќи за италијанското радио РТЛ за резултатите од изборите за Европскиот Парламент (ЕП).
Таа додаде дека изборните резултати го покажуваат барањето на граѓаните, ЕУ да посвети поголемо внимание на десницата и дека Италија ќе има клучна улога во Европа. Мелони оцени дека изборниот успех на Марин Ле Пен во Франција е многу важен и дека укажува на настаните во Франција и другите европски земји.
Мислам дека ни треба Европа која е поспособна да ги слуша своите граѓани, која помалку се меша во нивните животи, но која се занимава со големите прашања што спаѓаат во нејзина јурисдикција - истакна Мелони.
Нејзината партија „Браќата на Италија“ на изборите за ЕП освоила 28,85 отсто од гласовите, додека на второ место е левичарската опозициска Демократска партија со 24,04 отсто, покажуваат податоцит.

The post Мелони: Прерано е да се зборува за втор мандат на Урсула фон дер Лајен на чело на ЕК appeared first on Република.

]]>
Десничарскиот сојуз на Мелони победи на регионалните избори во јужна Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/desnicharskiot-sojuz-na-meloni-pobedi-na-regionalnite-izbori-vo-juzhna-italija/ Tue, 23 Apr 2024 10:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=769681

Десничарскиот сојуз на италијанската премиерка Џорџа Мелони победи на регионалните избори, се сметаа за тест на јавното мислење пред европските избори во јуни.

Во Базиликата, јужна Италија, кандидатот на десниот центар Вито Барди беше реизбран за регионален претседател со 56,6 отсто од гласовите, наспроти неговиот противкандидат од левиот центар Пјеро Марезе, кој освои 42,1 проценти од гласовите.

Барди, кој е на власт во Базиликата од 2019 година, рече дека „ќе продолжи да биде претседател на сите“.

Во Базиликата живеат околу 540.000 луѓе, а излезноста на гласачите беше 49,8 отсто, излезноста.

Од октомври 2022 година, ултрадесничарската партија Браќата на Италија на Мелони владеат на национално ниво заедно со десничарската популистичка Лига на Матео Салвини и конзервативната партија Форца Италија. Четиринаесет од 20 региони во Италија имаат централнодесничарски влади.

The post Десничарскиот сојуз на Мелони победи на регионалните избори во јужна Италија appeared first on Република.

]]>

Десничарскиот сојуз на италијанската премиерка Џорџа Мелони победи на регионалните избори, се сметаа за тест на јавното мислење пред европските избори во јуни. Во Базиликата, јужна Италија, кандидатот на десниот центар Вито Барди беше реизбран за регионален претседател со 56,6 отсто од гласовите, наспроти неговиот противкандидат од левиот центар Пјеро Марезе, кој освои 42,1 проценти од гласовите. Барди, кој е на власт во Базиликата од 2019 година, рече дека „ќе продолжи да биде претседател на сите“. Во Базиликата живеат околу 540.000 луѓе, а излезноста на гласачите беше 49,8 отсто, излезноста. Од октомври 2022 година, ултрадесничарската партија Браќата на Италија на Мелони владеат на национално ниво заедно со десничарската популистичка Лига на Матео Салвини и конзервативната партија Форца Италија. Четиринаесет од 20 региони во Италија имаат централнодесничарски влади.

The post Десничарскиот сојуз на Мелони победи на регионалните избори во јужна Италија appeared first on Република.

]]>
Џорџа Мелони бара отштета од 100.000 евра поради нејзините лажни порно фотографии https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dhordha-meloni-bara-otshteta-od-100-000-evra-poradi-nejzinite-lazhni-porno-fotografii/ Fri, 22 Mar 2024 09:24:34 +0000 https://republika.mk/?p=757300

Италијанската премиерка Џорџа Мелони на 2 јули ќе сведочи пред судот за случајот што го покрена против двајца мажи обвинети за создавање и објавување лажни порнографски фотографии користејќи го нејзиното лице на интернет, објавија италијанските медиуми.

Мелони, која е оштетена во случајот, бара отштета од 100.000 евра.

Таа ќе ја донира сумата во фондот на Министерството за внатрешни работи за жени жртви на семејно насилство, изјави нејзината адвокатка Марија Џулија Маронџу.

Во 2020 година, поштенски работници ги идентификуваа таткото и синот кои ги поставиле лажните фотографии на порно-страница со седиште во САД, а податоците биле проследени на еден од нивните мобилни телефони.

Во тоа време Мелони сè уште не беше премиерка, туку претседателка на партијата „Италијански браќа“.

Адвокатката рече дека каква и да е отштетата ќе биде „симболична“. Таа изрази надеж дека одлуката на Мелони да поднесе тужба испраќа порака до жените кои се жртви на такво злоставување да не се плашат да поднесуваат жалби.

The post Џорџа Мелони бара отштета од 100.000 евра поради нејзините лажни порно фотографии appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони на 2 јули ќе сведочи пред судот за случајот што го покрена против двајца мажи обвинети за создавање и објавување лажни порнографски фотографии користејќи го нејзиното лице на интернет, објавија италијанските медиуми. Мелони, која е оштетена во случајот, бара отштета од 100.000 евра. Таа ќе ја донира сумата во фондот на Министерството за внатрешни работи за жени жртви на семејно насилство, изјави нејзината адвокатка Марија Џулија Маронџу. Во 2020 година, поштенски работници ги идентификуваа таткото и синот кои ги поставиле лажните фотографии на порно-страница со седиште во САД, а податоците биле проследени на еден од нивните мобилни телефони. Во тоа време Мелони сè уште не беше премиерка, туку претседателка на партијата „Италијански браќа“. Адвокатката рече дека каква и да е отштетата ќе биде „симболична“. Таа изрази надеж дека одлуката на Мелони да поднесе тужба испраќа порака до жените кои се жртви на такво злоставување да не се плашат да поднесуваат жалби.

The post Џорџа Мелони бара отштета од 100.000 евра поради нејзините лажни порно фотографии appeared first on Република.

]]>
Политико: Мелони планира да ја води Европа и да воспостави добри односи со Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politiko-meloni-planira-da-ja-vodi-evropa-i-da-vospostavi-dobri-odnosi-so-tramp/ Fri, 15 Mar 2024 09:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=755058

Италијанскaта премиерка Џорџа Мелони планира да ја води Европа и да воспостави добри односи со поранешниот американски претседател и најверојатно републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, пишува Политико.

Како што е наведено, Мелони се залагала ЕУ да обезбеди непоколеблива поддршка за Украина и дека влијаела, заедно со другите десничарски лидери, Унијата да ги откаже планираните ограничувања за употребата на пестициди и да го намали пакетот мерки за борба против климатските промени.

Мелони, исто така, се заложи за миграциската стратегија на ЕУ да се пренасочи кон плаќање на трети земји да ги задржат мигрантите надвор од границите на Унијата.

Исто така, се наведува дека таа продолжува да има моќно влијание врз највисоките претставници на ЕУ, како што е претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Италијанската премиерка во недела ќе го посети Египет заедно со Фон дер Лајен, која ќе потпише договор за миграција, според кој ЕУ ќе му плати на Египет 7,4 милијарди евра за поддршка на владините финансии и спречување на миграцијата.

Поради несогласувањата меѓу Брисел и Унгарија околу помошта за Украина, се додава, Мелони помогна да се убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан да одобри пакет помош од 50 милијарди евра за Украина. Во јуни, Европејците гласаат на изборите за Европскиот парламент кои најверојатно ќе резултираат со проширен десничарски блок во Парламентот.

 

The post Политико: Мелони планира да ја води Европа и да воспостави добри односи со Трамп appeared first on Република.

]]>

Италијанскaта премиерка Џорџа Мелони планира да ја води Европа и да воспостави добри односи со поранешниот американски претседател и најверојатно републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, пишува Политико. Како што е наведено, Мелони се залагала ЕУ да обезбеди непоколеблива поддршка за Украина и дека влијаела, заедно со другите десничарски лидери, Унијата да ги откаже планираните ограничувања за употребата на пестициди и да го намали пакетот мерки за борба против климатските промени. Мелони, исто така, се заложи за миграциската стратегија на ЕУ да се пренасочи кон плаќање на трети земји да ги задржат мигрантите надвор од границите на Унијата. Исто така, се наведува дека таа продолжува да има моќно влијание врз највисоките претставници на ЕУ, како што е претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Италијанската премиерка во недела ќе го посети Египет заедно со Фон дер Лајен, која ќе потпише договор за миграција, според кој ЕУ ќе му плати на Египет 7,4 милијарди евра за поддршка на владините финансии и спречување на миграцијата. Поради несогласувањата меѓу Брисел и Унгарија околу помошта за Украина, се додава, Мелони помогна да се убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан да одобри пакет помош од 50 милијарди евра за Украина. Во јуни, Европејците гласаат на изборите за Европскиот парламент кои најверојатно ќе резултираат со проширен десничарски блок во Парламентот.  

The post Политико: Мелони планира да ја води Европа и да воспостави добри односи со Трамп appeared first on Република.

]]>
„Игра на тронови“ за Европскиот Парламент: Италијанската премиерка Џорџа Мелони е новиот „кингмејкер“ во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/igra-na-tronovi-za-evropskiot-parlament-italijanskata-premierka-dhordha-meloni-e-noviot-kingmejker-vo-eu/ Sun, 11 Feb 2024 08:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=742715

При изборот на Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија во јули 2019 година клучна беше поддршката на 14-те европратениците од италијанското „Движење Пет ѕвезди“, благодарение на кои Фон дер Лајен доби 383 гласа или девет повеќе од неопходните 374, додека против нејзиниот избор гласаа 327 пратеници.

Иако Фон дер Лајен се уште официјално не потврдила дека има амбиции за втор мандат на сегашната функција, за нејзиниот евентуален реизбор клучна улога одново би можела да одигра Италија, и тоа овој пат, нејзината премиерка Џорџа Мелони, која за возврат најверојатно би барала една од клучните позиции во ЕУ за нејзината политичка групација Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР).

Според професорот од италијанската Национална академија „Линчеи“, Џанфранко Паскино, Мелони не би ја чинело ништо доколку ја поддржи Фон дер Лајен, а за возврат би можела да ги зајакне својата позиција и влијание во ЕУ.

Дополнително, ако сака да ја оствари своја цел следниот италијански еврокомесар да биде од редовите на нејзината партија „Браќата на Италија“ (ФДИ) и да биде прифатен од идниот претседател на ЕК, би било пожелно Мелони да го поддржи неговиот или нејзиниот избор во Европскиот парламент.

Доколку се остварат прогнозите за резултатите на јунските европски избори, Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) би можеле да бидат четврта по бројност политичка групација во Европарламентот, пред либералите. Во такви услови, ЕЦР би можела да бара за себе една од водечките функции во ЕУ, кои досега традиционално се делеа меѓу трите водечки групации, Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералите.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска од Лампедуза ги повикаа европските партнери да и помогнат на Италија во управувањет

Во моментов ЕПП држи две функции - претседателките на Европската комисија и на Европарламентот (Фон дер Лајен и Роберта Мецола), СД - високиот претставник на ЕК за надворешна политика и безбедност (Жосеп Борел), а либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) - претседателот на Советот на ЕУ (Шарл Мишел).

Чешкиот европратеник Јан Захрадил од „Граѓанската демократска партија“ (ОДС), која е членка на ЕЦР, неодамна за „Еурактив“ изјави дека по изборите Италија би можела да добие една од водечките функции во ЕУ.

Според Захрадил, кој беше и „шпиценкандидат“ на ЕЦР на изборите во 2019 година, доколку се појави таква можност, ОДС би требало да ја поддржи ФДИ на Мелони во добивањето на таа позиција.

Ваквата можност ја потврди и советникот на чешкиот премиер и лидер на ОДС, Петр Фиала, Вацлав Смолка, кој изјави дека веќе се разговара за идните позиции во институциите на ЕУ.

Ако сакаме да протуркаме нешто, мораме тоа да го направиме дискретно. Токму така сега преговараме со клучните играчи, изјави Смолка.

На зајакната позиција на Малони во ЕУ укажуваат и информациите дека таа имала клучна улога во „разубедувањето“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан да се согласи на финансиската поддршка на Унијата за Украина за време на Европскиот совет на почетокот на месецов. Според дипломатски извори, Мелони била клучниот посредник во убедувањето на Орбан ноќта пред Самиот на ЕУ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во Брисел разговараше со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти неговиот кабинет.

Дополнително, таа се наметна и како стратешки играч во спроведувањето на Планот на ЕУ за ограничување на миграцијата преку партнерства со трети земји во Медитеранот, а ја ублажи и својата антиевропска реторика со изјава од типот дека ЕУ треба да има позначајна улога во справувањето со „големите прашања“ со кои земјите членки не можат да се справат сами.

Во прилог на можната поддршка на Мелони за Фон дер Лајен одат и нивните зачестени средби во последните месеци на кои прегратките и насмевките пред објективите на камерите и фотоапаратите не останаа незабележани во јавноста. Фон дер Лајен и Мелони минатиот викенд присуствува на Самитот Италија-Африка, пред тоа во два наврати заедно ги посетија поплавените области во италијанскиот регион Емилија-Ромања, лани во септември во екот на напливот на мигранти тие допатуваа на островот Лампедуза, а претходно во јули заедно со холандскиот премиер Марк Руте отпатуваа во Тунис.

Европратеник на ФДИ, кој побарал анонимност, во изјава за „Еурактив“ тврди дека Мелони најверојатно ќе го поддржи евентуалниот реизбор на Фон дер Лајен, но засега е неизвесно дали ЕЦР ќе стане дел од мнозинството во ЕУ, имајќи предвид дека италијанската премиерка „не сака да прави договори со социјалистите“. Според него, ФДИ се надева дека по евроизборите ќе дојде до промена на рамнотежата на силите во Европарламентот и ќе се формира ново мнозинство на ЕПП, ЕЦР и либералите.

Сепак според професорот Паскино, доколку сака да го одржи и зајакне своето влијание во ЕУ, Мелони ќе мора да се дистанцира од нејзиниот коалициски партнер во италијанската Влада, Матео Салвини, кој отворено флертува со европската екстремна десница. Впрочем и неговата партија „Лига“ е членка на семејството на десничарската групација „Идентитет и демократија“ (ИД), предводена од францускиот „Национален собир“ (РН) на Марин ле Пен.

Сметките на Мелони би можела да ги побрка и втората голема партија во ЕЦР покрај ФДИ, полската „Право и правда“ (ПиС), која до неодамна беше на власт во Полска и за време на чие владеење земјата се најде под критики и санкции на Еврокомисијата поради непочитување на принципите на владеењето на правото и на независноста на судството.

Претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола на Твитер објави фотографија каде се ракува со Мелони и напиша дека Италија „отсекогаш имала централна улога во ЕУ“ и апелираше за сораб

Радослав Фогиел од ПиС изјави дека тие не се задоволни од актуелната претседателка на ЕК, како и дека за „темата фон дер Лајен не се дискутира во партијата“.

Нејзините постапки многу често беа политички, таа многупати се мешаше во полските работи, поддржувајќи го таборот на (актуелниот полски премиер) Доналд Туск, вели Фогиел, нагласувајќи дека Фон дер Лајен ја „издала“ Варшава со замрзнувањето на исплатите на средства од фондовите на ЕУ.

Според аналитичарите, доколку ПиС остане на ваквиот став, а Мелони „премногу отворено“ ја поддржи Фон дер Лајен, тоа би можело да доведе и до поделба на ЕЦР.

Дополнителен проблем за италијанската премиерка може да биде и реализацијата на најавата на Орбан дека по изборите за Европскиот парламент во јуни неговата „Фидес“ - Унгарска граѓанска алијанса ќе се приклучи на ЕЦР. „Фидес“ до март 2021 година беше членка на ЕПП, од која беше суспендирана поради непочитување на принципите на владеењето на правото, човековите права и слободата на медиумите.

Ова би можело, исто така, да биде причина за поделби во ЕЦР, бидејќи чешката ОДС јавно се спротивстави на пристапување на „Фидес“ во групата, додека ПиС ја поддржи ваквата идеја. Мелони и нејзината ФДИ засега не се изјаснија дали се за можно приклучување на „Фидес“ кон ЕЦР. Копретседателот на ЕЦР и европратеник од редовите на ФДИ, Никола Прокачини во коментар на ваквата можност изјави дека „Фидес“ никогаш не аплицирала за членство во групацијата.

Морам да кажам дека ние добро соработуваме со пратениците на Фидес, но мислам дека за тоа ќе се разговара по изборите. До сега нема официјално барање (од Фидес) за приклучување, изјави Прокачини.

Италијанската крајнодесничарска партија „Италијански браќа“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во

Аналитичари во Рим оценуваат и дека „пријателските врски“ меѓу Мелони и Фон дер Лајен ќе се најдат на тест како ќе се приближуваат европските извори, бидејќи се очекува предизборната јавна реторика на италијанската премиерка да станува се поагресивна и поблиска до ставовите на десничарските популисти, што би довело до оддалечување меѓу ЕПП и ЕЦР.

Кон заладувањето на односите меѓу двете групации може да придонесе и пристапувањето на францускиот европратеник Никола Бе кон ЕЦР. Бе е член на партијата „Повторно освојување“ (Р!) на Ерик Земур, која важи за поекстремна од РН на Ле Пен. Носител на изборната листата на Р! на евроизборите во Франција ќе биде внуката на Марин Ле Пен, Марион Марешал Ле Пен, која е сопруга на европратеникот од редовите на ФДИ, Винченцо Софо.

Групата ЕЦР е нашето природно семејство за да се справиме со илегалната имиграција и да ги браниме идентитетот на Европа, рамнотежа помеѓу екологијата и економските потреби и националниот суверенитет, но и да се бориме против ЛГБТ и разгорената пропаганда, изјави Марешал Ле Пен.

Ваквото „проширување“ на ЕЦР се оценува како нејзино скршнување „в десно“, со што групата се оддалечува од десноцентристичките позиции на ЕПП.

Претставници на Европската народна партија (ЕПП) во неколку наврати ја отфрлаа можноста за распад на нивното сегашно „проевропско“ мнозинство во Европарламентот со социјалдемократите и либералите, а партиски извори посочуваат и дека сегашните тенденции за приклучување на антиевропски и десно популистички партии во ЕЦР би ја отежнале секоја форма на идна соработка на ЕПП со Браќата на Италија (ФДИ) на Мелони.

Според последните анкети на јавното мислење, објавени на почетокот на месецов, ЕПП би освоила меѓу 176 и 180 европратеници, пред СД со 138 до 140 и ИД со 91 до 94 мандати. ЕЦР може да се надева на меѓу 80 и 88 мандати, либералната РЕ меѓу 78 и 82, Зелените меѓу 49 и 51, а групата Левица на 42 европратеници. Останатите 54 или 55 места би ги освоиле партии што во моментов не припаѓаат на ниту една политичка групација, меѓу кои и „Фидес“ на Орбан, како и „Насока - Социјална демократија“ (СМЕР-СД) на словачкиот премиер Роберт Фицо и „Глас - Социјална демократија“ (ХЛАС-СД) на претседателот на Парламентот на Словачка, Петер Пелегрини, кои лани во октомври беа суспендирани од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) поради нивото коалицирање на десничарската „Словачка национална партија“ (СНС).

The post „Игра на тронови“ за Европскиот Парламент: Италијанската премиерка Џорџа Мелони е новиот „кингмејкер“ во ЕУ appeared first on Република.

]]>

При изборот на Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија во јули 2019 година клучна беше поддршката на 14-те европратениците од италијанското „Движење Пет ѕвезди“, благодарение на кои Фон дер Лајен доби 383 гласа или девет повеќе од неопходните 374, додека против нејзиниот избор гласаа 327 пратеници. Иако Фон дер Лајен се уште официјално не потврдила дека има амбиции за втор мандат на сегашната функција, за нејзиниот евентуален реизбор клучна улога одново би можела да одигра Италија, и тоа овој пат, нејзината премиерка Џорџа Мелони, која за возврат најверојатно би барала една од клучните позиции во ЕУ за нејзината политичка групација Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР). Според професорот од италијанската Национална академија „Линчеи“, Џанфранко Паскино, Мелони не би ја чинело ништо доколку ја поддржи Фон дер Лајен, а за возврат би можела да ги зајакне својата позиција и влијание во ЕУ. Дополнително, ако сака да ја оствари своја цел следниот италијански еврокомесар да биде од редовите на нејзината партија „Браќата на Италија“ (ФДИ) и да биде прифатен од идниот претседател на ЕК, би било пожелно Мелони да го поддржи неговиот или нејзиниот избор во Европскиот парламент. Доколку се остварат прогнозите за резултатите на јунските европски избори, Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) би можеле да бидат четврта по бројност политичка групација во Европарламентот, пред либералите. Во такви услови, ЕЦР би можела да бара за себе една од водечките функции во ЕУ, кои досега традиционално се делеа меѓу трите водечки групации, Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералите. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска од Лампедуза ги повикаа европските партнери да и помогнат на Италија во управувањет Во моментов ЕПП држи две функции - претседателките на Европската комисија и на Европарламентот (Фон дер Лајен и Роберта Мецола), СД - високиот претставник на ЕК за надворешна политика и безбедност (Жосеп Борел), а либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) - претседателот на Советот на ЕУ (Шарл Мишел). Чешкиот европратеник Јан Захрадил од „Граѓанската демократска партија“ (ОДС), која е членка на ЕЦР, неодамна за „Еурактив“ изјави дека по изборите Италија би можела да добие една од водечките функции во ЕУ. Според Захрадил, кој беше и „шпиценкандидат“ на ЕЦР на изборите во 2019 година, доколку се појави таква можност, ОДС би требало да ја поддржи ФДИ на Мелони во добивањето на таа позиција. Ваквата можност ја потврди и советникот на чешкиот премиер и лидер на ОДС, Петр Фиала, Вацлав Смолка, кој изјави дека веќе се разговара за идните позиции во институциите на ЕУ.
Ако сакаме да протуркаме нешто, мораме тоа да го направиме дискретно. Токму така сега преговараме со клучните играчи, изјави Смолка.
На зајакната позиција на Малони во ЕУ укажуваат и информациите дека таа имала клучна улога во „разубедувањето“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан да се согласи на финансиската поддршка на Унијата за Украина за време на Европскиот совет на почетокот на месецов. Според дипломатски извори, Мелони била клучниот посредник во убедувањето на Орбан ноќта пред Самиот на ЕУ. Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во Брисел разговараше со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти неговиот кабинет. Дополнително, таа се наметна и како стратешки играч во спроведувањето на Планот на ЕУ за ограничување на миграцијата преку партнерства со трети земји во Медитеранот, а ја ублажи и својата антиевропска реторика со изјава од типот дека ЕУ треба да има позначајна улога во справувањето со „големите прашања“ со кои земјите членки не можат да се справат сами. Во прилог на можната поддршка на Мелони за Фон дер Лајен одат и нивните зачестени средби во последните месеци на кои прегратките и насмевките пред објективите на камерите и фотоапаратите не останаа незабележани во јавноста. Фон дер Лајен и Мелони минатиот викенд присуствува на Самитот Италија-Африка, пред тоа во два наврати заедно ги посетија поплавените области во италијанскиот регион Емилија-Ромања, лани во септември во екот на напливот на мигранти тие допатуваа на островот Лампедуза, а претходно во јули заедно со холандскиот премиер Марк Руте отпатуваа во Тунис. Европратеник на ФДИ, кој побарал анонимност, во изјава за „Еурактив“ тврди дека Мелони најверојатно ќе го поддржи евентуалниот реизбор на Фон дер Лајен, но засега е неизвесно дали ЕЦР ќе стане дел од мнозинството во ЕУ, имајќи предвид дека италијанската премиерка „не сака да прави договори со социјалистите“. Според него, ФДИ се надева дека по евроизборите ќе дојде до промена на рамнотежата на силите во Европарламентот и ќе се формира ново мнозинство на ЕПП, ЕЦР и либералите. Сепак според професорот Паскино, доколку сака да го одржи и зајакне своето влијание во ЕУ, Мелони ќе мора да се дистанцира од нејзиниот коалициски партнер во италијанската Влада, Матео Салвини, кој отворено флертува со европската екстремна десница. Впрочем и неговата партија „Лига“ е членка на семејството на десничарската групација „Идентитет и демократија“ (ИД), предводена од францускиот „Национален собир“ (РН) на Марин ле Пен. Сметките на Мелони би можела да ги побрка и втората голема партија во ЕЦР покрај ФДИ, полската „Право и правда“ (ПиС), која до неодамна беше на власт во Полска и за време на чие владеење земјата се најде под критики и санкции на Еврокомисијата поради непочитување на принципите на владеењето на правото и на независноста на судството. Претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола на Твитер објави фотографија каде се ракува со Мелони и напиша дека Италија „отсекогаш имала централна улога во ЕУ“ и апелираше за сораб Радослав Фогиел од ПиС изјави дека тие не се задоволни од актуелната претседателка на ЕК, како и дека за „темата фон дер Лајен не се дискутира во партијата“.
Нејзините постапки многу често беа политички, таа многупати се мешаше во полските работи, поддржувајќи го таборот на (актуелниот полски премиер) Доналд Туск, вели Фогиел, нагласувајќи дека Фон дер Лајен ја „издала“ Варшава со замрзнувањето на исплатите на средства од фондовите на ЕУ.
Според аналитичарите, доколку ПиС остане на ваквиот став, а Мелони „премногу отворено“ ја поддржи Фон дер Лајен, тоа би можело да доведе и до поделба на ЕЦР. Дополнителен проблем за италијанската премиерка може да биде и реализацијата на најавата на Орбан дека по изборите за Европскиот парламент во јуни неговата „Фидес“ - Унгарска граѓанска алијанса ќе се приклучи на ЕЦР. „Фидес“ до март 2021 година беше членка на ЕПП, од која беше суспендирана поради непочитување на принципите на владеењето на правото, човековите права и слободата на медиумите. Ова би можело, исто така, да биде причина за поделби во ЕЦР, бидејќи чешката ОДС јавно се спротивстави на пристапување на „Фидес“ во групата, додека ПиС ја поддржи ваквата идеја. Мелони и нејзината ФДИ засега не се изјаснија дали се за можно приклучување на „Фидес“ кон ЕЦР. Копретседателот на ЕЦР и европратеник од редовите на ФДИ, Никола Прокачини во коментар на ваквата можност изјави дека „Фидес“ никогаш не аплицирала за членство во групацијата.
Морам да кажам дека ние добро соработуваме со пратениците на Фидес, но мислам дека за тоа ќе се разговара по изборите. До сега нема официјално барање (од Фидес) за приклучување, изјави Прокачини.
Италијанската крајнодесничарска партија „Италијански браќа“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во Аналитичари во Рим оценуваат и дека „пријателските врски“ меѓу Мелони и Фон дер Лајен ќе се најдат на тест како ќе се приближуваат европските извори, бидејќи се очекува предизборната јавна реторика на италијанската премиерка да станува се поагресивна и поблиска до ставовите на десничарските популисти, што би довело до оддалечување меѓу ЕПП и ЕЦР. Кон заладувањето на односите меѓу двете групации може да придонесе и пристапувањето на францускиот европратеник Никола Бе кон ЕЦР. Бе е член на партијата „Повторно освојување“ (Р!) на Ерик Земур, која важи за поекстремна од РН на Ле Пен. Носител на изборната листата на Р! на евроизборите во Франција ќе биде внуката на Марин Ле Пен, Марион Марешал Ле Пен, која е сопруга на европратеникот од редовите на ФДИ, Винченцо Софо.
Групата ЕЦР е нашето природно семејство за да се справиме со илегалната имиграција и да ги браниме идентитетот на Европа, рамнотежа помеѓу екологијата и економските потреби и националниот суверенитет, но и да се бориме против ЛГБТ и разгорената пропаганда, изјави Марешал Ле Пен.
Ваквото „проширување“ на ЕЦР се оценува како нејзино скршнување „в десно“, со што групата се оддалечува од десноцентристичките позиции на ЕПП. Претставници на Европската народна партија (ЕПП) во неколку наврати ја отфрлаа можноста за распад на нивното сегашно „проевропско“ мнозинство во Европарламентот со социјалдемократите и либералите, а партиски извори посочуваат и дека сегашните тенденции за приклучување на антиевропски и десно популистички партии во ЕЦР би ја отежнале секоја форма на идна соработка на ЕПП со Браќата на Италија (ФДИ) на Мелони. Според последните анкети на јавното мислење, објавени на почетокот на месецов, ЕПП би освоила меѓу 176 и 180 европратеници, пред СД со 138 до 140 и ИД со 91 до 94 мандати. ЕЦР може да се надева на меѓу 80 и 88 мандати, либералната РЕ меѓу 78 и 82, Зелените меѓу 49 и 51, а групата Левица на 42 европратеници. Останатите 54 или 55 места би ги освоиле партии што во моментов не припаѓаат на ниту една политичка групација, меѓу кои и „Фидес“ на Орбан, како и „Насока - Социјална демократија“ (СМЕР-СД) на словачкиот премиер Роберт Фицо и „Глас - Социјална демократија“ (ХЛАС-СД) на претседателот на Парламентот на Словачка, Петер Пелегрини, кои лани во октомври беа суспендирани од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) поради нивото коалицирање на десничарската „Словачка национална партија“ (СНС).

The post „Игра на тронови“ за Европскиот Парламент: Италијанската премиерка Џорџа Мелони е новиот „кингмејкер“ во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Вучиќ ја пречека италијанската премиерка со букет рози и со унгарски знамиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-ja-precheka-italijanskata-premierka-so-buket-rozi-i-so-ungarski-znamina/ Sun, 03 Dec 2023 19:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=719037

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска е во посета на Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ ја пречека на аеродромот со голем букет цвеќе, а во знак на добредојде беа поставени и знамиња.

Но, проблемот е што ја пречекаа италијанската премиерка – со унгарски знамиња.

Знамињата, како и секогаш при пристигнување на странските гости, беа поставени покрај автопатот и главните улици во градот, како и пред Палатата Србија, каде што се одржува средбата меѓу италијанската премиерка и српскиот претседател. Пред Палатата знамињата беа правилно поставени, но проблем настана со поставените покрај автопатот.

Имено, комбинацијата на боите на италијанското и унгарското знаме е иста, но унгарските пруги се поставени хоризонтално, а италијанските вертикални.

Српското знаме беше поставено по должина, но нешто запна кај италијанското знаме, ригите не беа правилно поставени, па италијанската премиерка беше пречекана со унгарски знамиња.

– Сакаме да нагласиме дека процедурите за поставување на знамето на Република Италија беа спроведени со најголема грижа и во согласност со меѓународните протоколи. Форматот за поставување знамиња покрај автопатиштата кај нас е вертикален, што бара специфична адаптација на знамињата на сите земји на овој формат. Овој метод на инсталација е усвоен за да се обезбеди еднообразна презентација и почитување на сите знамиња, без разлика на нивните оригинални пропорции - соопшти Владата на Србија.

The post Вучиќ ја пречека италијанската премиерка со букет рози и со унгарски знамиња appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска е во посета на Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ ја пречека на аеродромот со голем букет цвеќе, а во знак на добредојде беа поставени и знамиња. Но, проблемот е што ја пречекаа италијанската премиерка – со унгарски знамиња. Знамињата, како и секогаш при пристигнување на странските гости, беа поставени покрај автопатот и главните улици во градот, како и пред Палатата Србија, каде што се одржува средбата меѓу италијанската премиерка и српскиот претседател. Пред Палатата знамињата беа правилно поставени, но проблем настана со поставените покрај автопатот. Имено, комбинацијата на боите на италијанското и унгарското знаме е иста, но унгарските пруги се поставени хоризонтално, а италијанските вертикални. Српското знаме беше поставено по должина, но нешто запна кај италијанското знаме, ригите не беа правилно поставени, па италијанската премиерка беше пречекана со унгарски знамиња.
– Сакаме да нагласиме дека процедурите за поставување на знамето на Република Италија беа спроведени со најголема грижа и во согласност со меѓународните протоколи. Форматот за поставување знамиња покрај автопатиштата кај нас е вертикален, што бара специфична адаптација на знамињата на сите земји на овој формат. Овој метод на инсталација е усвоен за да се обезбеди еднообразна презентација и почитување на сите знамиња, без разлика на нивните оригинални пропорции - соопшти Владата на Србија.

The post Вучиќ ја пречека италијанската премиерка со букет рози и со унгарски знамиња appeared first on Република.

]]>
Вучиќ со огромен букет црвени рози ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-so-ogromen-buket-tsrveni-rozi-ja-precheka-italijanskata-premierka-dhordha-meloni/ Sun, 03 Dec 2023 16:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=718994

Економските и политичките односи беа во фокус на разговорите на италијанската премиерка Џорџа Мелони со српскиот претседател Алекдандар Вучиќ на денешната средба во Белград, со акцент на евроинтегративните процеси и мигрантската политика, и почетокот на производството на електричното возило „Панда“ на Стелантис во Крагувац, јави дописникот на МИА од Белград.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека за Рим е важно Западен Балкан да се приклучи на европското семејство и дека Србија има стратешко значење за Италија.

Затоа сме тука и ќе продолжиме да бидеме меѓу првите кои го поддржуваат процесот на проширување, не толку проширувањето колку обединувањето на Европа, бидејќи Европа не е клуб каде што се одлучува кој треба да биде таму. Она што европските институции треба да го направат е сериозен и брз процес за да се гарантира дека цела Европа ќе биде обединета, рече Мелони.

Таа потенцираше дека за „Италија е важно Западна Европа да биде дел од семејството на ЕУ и Србија може да смета на поддршката од Италија и во Европскиот совет, со цел да се забрза процесот на приближување кон ЕУ и се она што го бара Европската комисија“.

Знам дека Србија ќе продолжи да има конструктивен пристап во дијалогот за Косово. Италија го поддржува тој процес и ние работиме на реализација на сите обврски што ги презедоа страните, рече Мелони.

Вучиќ на прес-конференцијата рече дека Италија објективно и суштински пристапува кон решавање на проблемите во регионот.

Разговарав со Мелони за сите регионални прашања и европскиот пат на Србија и благодарен сум на премиерката на Италија за суштинската и упорна поддршка на Италија за европскиот пат на Србија, а особено сум благодарен на Мелони што секогаш сакаше да го слушне нашето мислење, да сослуша што има да каже Србија, и што нема едностран пристап кон проблемите во регионот, рече Вучиќ.

Во врска со економската соработка, Вучиќ изрази надеж дека во иднина таа може да биде многу повисоко, особено кога „Стелантис ќе почне да ја произведува електричната „панда“ во Крагуевац“.

Компанијата „Стелантис“ може, покрај производството на „пандата“, ново електрично возило, да биде и генератор на нови инвестиции во автомобилската индустрија, рече Вучиќ.

The post Вучиќ со огромен букет црвени рози ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони appeared first on Република.

]]>

Економските и политичките односи беа во фокус на разговорите на италијанската премиерка Џорџа Мелони со српскиот претседател Алекдандар Вучиќ на денешната средба во Белград, со акцент на евроинтегративните процеси и мигрантската политика, и почетокот на производството на електричното возило „Панда“ на Стелантис во Крагувац, јави дописникот на МИА од Белград. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека за Рим е важно Западен Балкан да се приклучи на европското семејство и дека Србија има стратешко значење за Италија.
Затоа сме тука и ќе продолжиме да бидеме меѓу првите кои го поддржуваат процесот на проширување, не толку проширувањето колку обединувањето на Европа, бидејќи Европа не е клуб каде што се одлучува кој треба да биде таму. Она што европските институции треба да го направат е сериозен и брз процес за да се гарантира дека цела Европа ќе биде обединета, рече Мелони.
Таа потенцираше дека за „Италија е важно Западна Европа да биде дел од семејството на ЕУ и Србија може да смета на поддршката од Италија и во Европскиот совет, со цел да се забрза процесот на приближување кон ЕУ и се она што го бара Европската комисија“.
Знам дека Србија ќе продолжи да има конструктивен пристап во дијалогот за Косово. Италија го поддржува тој процес и ние работиме на реализација на сите обврски што ги презедоа страните, рече Мелони.
Вучиќ на прес-конференцијата рече дека Италија објективно и суштински пристапува кон решавање на проблемите во регионот.
Разговарав со Мелони за сите регионални прашања и европскиот пат на Србија и благодарен сум на премиерката на Италија за суштинската и упорна поддршка на Италија за европскиот пат на Србија, а особено сум благодарен на Мелони што секогаш сакаше да го слушне нашето мислење, да сослуша што има да каже Србија, и што нема едностран пристап кон проблемите во регионот, рече Вучиќ.
Во врска со економската соработка, Вучиќ изрази надеж дека во иднина таа може да биде многу повисоко, особено кога „Стелантис ќе почне да ја произведува електричната „панда“ во Крагуевац“.
Компанијата „Стелантис“ може, покрај производството на „пандата“, ново електрично возило, да биде и генератор на нови инвестиции во автомобилската индустрија, рече Вучиќ.

The post Вучиќ со огромен букет црвени рози ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони appeared first on Република.

]]>
Мелони утре во Белград ќе се сретне со Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/meloni-utre-vo-belgrad-ke-se-sretne-so-vuchik/ Sat, 02 Dec 2023 15:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=718728

Италијанската премиерка Џорџа Мелони утре доаѓа во Белград на средба со претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението од Службата за медиуми на српскиот претседател, таа во Белград ќе одржи состанок со Вучиќ, по што ќе имаат прес-конференција.

Вучиќ, вчера во Дубаи ја најави посетата на Мелони и посочи дека тоа е важна посета за билатералните односи, за носење инвеститори, но и за политичките односи и натамошната поддршка на Италија за напредокот на Србија на патот кон ЕУ.

Тој кажа дека Мелони е личност која долго ќе биде успешна на италијанската политичка сцена.

-Таа не припаѓа на оние кратки италијански влади што ги водат некои луѓе, затоа што по тоа Италија е позната по Втората светска војна. Таа ќе биде на чело на италијанската извршна власт уште долго време, рече Вучиќ.

Тој посочи дека посетата на Мелони на Белград е важна, бидејќи тие се вториот најважен партнер на Србија во ЕУ, и трет најважен партнер на Србија во целина.

Секогаш кога можеа, ни помагаа на нашиот европски пат. Ако можам да кажам така, тие навистина никогаш не отстапија. А Мелони е храбра, одговорна и сериозна жена и верувам дека нејзината поддршка ќе значи многу за нашите билатерални односи и внесување инвеститори, но и за нашите политички односи и за понатамошната поддршка на Италија за напредокот на Србија кон ЕУ, рече Вучиќ.

The post Мелони утре во Белград ќе се сретне со Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони утре доаѓа во Белград на средба со претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Според соопштението од Службата за медиуми на српскиот претседател, таа во Белград ќе одржи состанок со Вучиќ, по што ќе имаат прес-конференција. Вучиќ, вчера во Дубаи ја најави посетата на Мелони и посочи дека тоа е важна посета за билатералните односи, за носење инвеститори, но и за политичките односи и натамошната поддршка на Италија за напредокот на Србија на патот кон ЕУ. Тој кажа дека Мелони е личност која долго ќе биде успешна на италијанската политичка сцена. -Таа не припаѓа на оние кратки италијански влади што ги водат некои луѓе, затоа што по тоа Италија е позната по Втората светска војна. Таа ќе биде на чело на италијанската извршна власт уште долго време, рече Вучиќ. Тој посочи дека посетата на Мелони на Белград е важна, бидејќи тие се вториот најважен партнер на Србија во ЕУ, и трет најважен партнер на Србија во целина.
Секогаш кога можеа, ни помагаа на нашиот европски пат. Ако можам да кажам така, тие навистина никогаш не отстапија. А Мелони е храбра, одговорна и сериозна жена и верувам дека нејзината поддршка ќе значи многу за нашите билатерални односи и внесување инвеститори, но и за нашите политички односи и за понатамошната поддршка на Италија за напредокот на Србија кон ЕУ, рече Вучиќ.

The post Мелони утре во Белград ќе се сретне со Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Meлони: Потребно е враќање на целосниот територијален интегритет и суверенитет на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meloni-potrebno-e-vrakane-na-tselosniot-teritorijalen-integritet-i-suverenitet-na-ukraina/ Wed, 22 Nov 2023 21:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=715231

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Русија може лесно да го врати мирот во Украина во секое време, како што рече, со повлекување од нелегално окупираните територии.

„Потребно е враќање на целосниот територијален интегритет и суверенитет на Украина“, рече Мелони за време на говорот на виртуелниот самит на Г20.

Според извори во резиденцијата на италијанската премиерка, таа испратила нова осуда за постапките на Москва, поради, како што додаваат изворите, „сериозните последици и штети предизвикани за најсиромашните земји“.

Изјавата на Мелони дека Русија лесно може да ја запре војната во Украина следува по говорот на рускиот претседател Владимир Путин, кој во обраќањето на Самитот на Г20 рече дека треба да се размислува како да се врати мирот во Украина, заради запирање на „трагедија

The post Meлони: Потребно е враќање на целосниот територијален интегритет и суверенитет на Украина appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Русија може лесно да го врати мирот во Украина во секое време, како што рече, со повлекување од нелегално окупираните територии.
„Потребно е враќање на целосниот територијален интегритет и суверенитет на Украина“, рече Мелони за време на говорот на виртуелниот самит на Г20.
Според извори во резиденцијата на италијанската премиерка, таа испратила нова осуда за постапките на Москва, поради, како што додаваат изворите, „сериозните последици и штети предизвикани за најсиромашните земји“. Изјавата на Мелони дека Русија лесно може да ја запре војната во Украина следува по говорот на рускиот претседател Владимир Путин, кој во обраќањето на Самитот на Г20 рече дека треба да се размислува како да се врати мирот во Украина, заради запирање на „трагедија

The post Meлони: Потребно е враќање на целосниот територијален интегритет и суверенитет на Украина appeared first on Република.

]]>
Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи од 13 до 15 јуни во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sledniot-samit-na-liderite-na-g7-ke-se-odrzhi-od-13-do-15-juni-vo-italija/ Sat, 11 Nov 2023 10:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=700499

Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи во Италија од 13 до 15 јуни, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Самитот ќе се одржи во Борго Игнација, италијанско одморалиште во југоисточниот регион Пуља, објави Мелони на социјалните мрежи.

Групата седум индустриски најразвиени земји ја сочинуваат Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД и Канада.

The post Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи од 13 до 15 јуни во Италија appeared first on Република.

]]>

Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи во Италија од 13 до 15 јуни, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони. Самитот ќе се одржи во Борго Игнација, италијанско одморалиште во југоисточниот регион Пуља, објави Мелони на социјалните мрежи. Групата седум индустриски најразвиени земји ја сочинуваат Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД и Канада.

The post Следниот самит на лидерите на Г7 ќе се одржи од 13 до 15 јуни во Италија appeared first on Република.

]]>
Мелони по средбата со Рама: Ќе градиме прифатен центар за имигранти во пристаништето Шенѓин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meloni-po-sredbata-so-rama-ke-gradime-prifaten-tsentar-za-imigranti-vo-pristanishteto-shengin/ Mon, 06 Nov 2023 18:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=698932

Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека во албанскиот пристаништен град Шенѓин ќе биде изграден прифатен центар за имигранти, кој се очекува да биде отворен идната пролет.

Ова, како што рече таа, по договорот за соработка за имигрантите меѓу двете земји, што денеска го потпишале со албанскиот премиер Еди Рама, кој е во посета на Рим.

Задржувајќи се на добрата билатерална соработка, посочи дека сега „оваа соработка станува уште поплодна“, при тоа додавајќи дека пред еден месец на средба што ја имале со Рама ја разгледале иницијативата поврзана со миграцијата за преземање заеднички иницијативи.

- Против овој феномен не може да се борите сам. Работевме заедно за да ја зајакнеме соработката и поставивме три цели, борба против нелегалната трговија, не само прием на бегалци, Албанија ќе ја даде својата поддршка, додека Италија може да работи со финансии за да го направи овој тип на селекција. Бегалците ќе останат на овие територии и ќе бидат селектирани. Во однос на населението имаме 3.000 луѓе, по одреден режим. Овој проток може да достигне до 36 илјади луѓе и овој договор не вклучува малолетници, трудници и ранливи групи. Во Шенѓин, ќе се изгради прифатен и скрининг центар а ќе има друга структура, додека албанскиот дел ќе се занимава со контрола и набљудување и истиот ќе профункционира следната пролет, изјави Мелони, јави агенцијата Балканвеб.

Во однос на договорот со Италија за справување со имигрантите, Рама оценил дека тоа е големо достигнување.

Меѓу другото, додал дека нема да може да потпише таков договор со ниту една друга земја од ЕУ, но Италија претставува исклучок „поради самиот фактот што сè таа направила за Албанците за време на егзодусот во 90-те години“.

- Не верувам дека нема да можеме во годините што доаѓаат да ги предвидиме годините што може да ги имаме пред нас да го платиме долгот што го чувствуваме кон Италија, и народот на Италија, за она што го направи за нас, од денот кога стигнавме на оваа страна од брегот. Кога и да се јави Италија, Албанија ќе одговори, посочил Рама.

Мелони исто така ја изразила силната поддршка на нејзината земја за евронтегративниот пат на Албанија.

The post Мелони по средбата со Рама: Ќе градиме прифатен центар за имигранти во пристаништето Шенѓин appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека во албанскиот пристаништен град Шенѓин ќе биде изграден прифатен центар за имигранти, кој се очекува да биде отворен идната пролет. Ова, како што рече таа, по договорот за соработка за имигрантите меѓу двете земји, што денеска го потпишале со албанскиот премиер Еди Рама, кој е во посета на Рим. Задржувајќи се на добрата билатерална соработка, посочи дека сега „оваа соработка станува уште поплодна“, при тоа додавајќи дека пред еден месец на средба што ја имале со Рама ја разгледале иницијативата поврзана со миграцијата за преземање заеднички иницијативи. - Против овој феномен не може да се борите сам. Работевме заедно за да ја зајакнеме соработката и поставивме три цели, борба против нелегалната трговија, не само прием на бегалци, Албанија ќе ја даде својата поддршка, додека Италија може да работи со финансии за да го направи овој тип на селекција. Бегалците ќе останат на овие територии и ќе бидат селектирани. Во однос на населението имаме 3.000 луѓе, по одреден режим. Овој проток може да достигне до 36 илјади луѓе и овој договор не вклучува малолетници, трудници и ранливи групи. Во Шенѓин, ќе се изгради прифатен и скрининг центар а ќе има друга структура, додека албанскиот дел ќе се занимава со контрола и набљудување и истиот ќе профункционира следната пролет, изјави Мелони, јави агенцијата Балканвеб. Во однос на договорот со Италија за справување со имигрантите, Рама оценил дека тоа е големо достигнување. Меѓу другото, додал дека нема да може да потпише таков договор со ниту една друга земја од ЕУ, но Италија претставува исклучок „поради самиот фактот што сè таа направила за Албанците за време на егзодусот во 90-те години“. - Не верувам дека нема да можеме во годините што доаѓаат да ги предвидиме годините што може да ги имаме пред нас да го платиме долгот што го чувствуваме кон Италија, и народот на Италија, за она што го направи за нас, од денот кога стигнавме на оваа страна од брегот. Кога и да се јави Италија, Албанија ќе одговори, посочил Рама. Мелони исто така ја изразила силната поддршка на нејзината земја за евронтегративниот пат на Албанија.

The post Мелони по средбата со Рама: Ќе градиме прифатен центар за имигранти во пристаништето Шенѓин appeared first on Република.

]]>
Мелони: Белград и Приштина да преземат чекори во однос на спроведувањето на потпишаните договори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meloni-belgrad-i-prishtina-da-prezemat-chekori-vo-odnos-na-sproveduvaneto-na-potpishanite-dogovori/ Thu, 26 Oct 2023 16:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=695328

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и таа повикале на спроведување на веќе постигнатите договори на денешните средби со лидерите на Србија и Косово.

Побаравме од двајцата лидери да преземат чекори напред во однос на имплементацијата на договорите постигнати во последните години и месеци, рече Мелони по одделните состаноци на лидерите на ЕУ, Франција, Германија и Италија со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Вучиќ и Курти денеска во Брисел одвоено разговараа со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и лидерите на Франција, Германија и Италија, Емануел Макрон, Олаф Шолц и Џорџа Мелони.

Се надеваме на напредок, изјави Мелони пред пристигнувањето на Самитот на ЕУ.

The post Мелони: Белград и Приштина да преземат чекори во однос на спроведувањето на потпишаните договори appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и таа повикале на спроведување на веќе постигнатите договори на денешните средби со лидерите на Србија и Косово. Побаравме од двајцата лидери да преземат чекори напред во однос на имплементацијата на договорите постигнати во последните години и месеци, рече Мелони по одделните состаноци на лидерите на ЕУ, Франција, Германија и Италија со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти. Вучиќ и Курти денеска во Брисел одвоено разговараа со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и лидерите на Франција, Германија и Италија, Емануел Макрон, Олаф Шолц и Џорџа Мелони. Се надеваме на напредок, изјави Мелони пред пристигнувањето на Самитот на ЕУ.

The post Мелони: Белград и Приштина да преземат чекори во однос на спроведувањето на потпишаните договори appeared first on Република.

]]>