џорџ флојд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzordz-flojd/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 14:02:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џорџ флојд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzordz-flojd/ 32 32 Четири години по смртта на Џорџ Флојд се уште нема полициски реформи во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetiri-godini-po-smrtta-na-dhordh-flojd-se-ushte-nema-politsiski-reformi-vo-sad/ Sat, 25 May 2024 14:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=781655

Денеска се навршуваат четири години од смртта на Џорџ Флојд како последица на полициско насилство. Инцидентот што се случи во Минеаполис, сојузна држава Мичиген, предизвика невиден бран протести во САД и низ целиот свет при што милиони повикуваа на правда и запирање на насилството засновано на расна омраза. И покрај мноубројните масовни протести, Конгресот се уште е далеку од усвојување на бараните реформи во полицијата на сојузно ниво.

Неколку членови од семејството на Флојд неделава беа во Вашингтон во посета на Конгресот на средби со конгресната група за пријателство со црномурестите, а за подршка да се усвои нацрт законот за полиција наречен Правда за Џорџ Флојд.

Мерката поднесена од тексашката претставничка Шејла Џексон Ли ќе овозможи поригорозни реформи за одговор на полициските службени престапи и зајакнување на стандардите за одговорност во полицијата.

Кога Претставничкиот дом беше под контрола на демократите нацрт законот беше изгласан двапати, во 2020 и во 2021 година. Предлогот повикуваше на ограничување на квалификуваниот имунитет на службените лица, спречување расно профилирање и употреба на прекумерна сила. Но, не помина во Сенатот, по неуспехот во преговорите меѓу сенаторот Кори Букер, демократ од Њу Џерси и неговиот колега од Јужна Каролина, републиканецот Тим Скот, а по предлогот да се забрани давењето, налозите за апсење без чукање на врата и проширување на напорите за сојузно собирање податоци.

Флојд (46) беше усмртен откако Дерек Шовин, полицаец од Минеаполис, клечеше на неговиот врат повеќе од девет минути додека Флојд речиси без здив велеше „не можам да дишам“. Инцидентот, фатен на видео, предизвика глобални протести и срамнување на сметките на расна основа кои се случуваа во текот на беснеењето на пандемијата со коронавирус во 2020 година. Шовин беше обвинет и моментално служи казна затвор од 22 и пол години.

Братот на Флојд, Филонис, и неговата сопруга за „Си-би-ес њуз“ неделава изјавија дека тој се уште има кошмари за смртта на неговиот брат.

The post Четири години по смртта на Џорџ Флојд се уште нема полициски реформи во САД appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат четири години од смртта на Џорџ Флојд како последица на полициско насилство. Инцидентот што се случи во Минеаполис, сојузна држава Мичиген, предизвика невиден бран протести во САД и низ целиот свет при што милиони повикуваа на правда и запирање на насилството засновано на расна омраза. И покрај мноубројните масовни протести, Конгресот се уште е далеку од усвојување на бараните реформи во полицијата на сојузно ниво. Неколку членови од семејството на Флојд неделава беа во Вашингтон во посета на Конгресот на средби со конгресната група за пријателство со црномурестите, а за подршка да се усвои нацрт законот за полиција наречен Правда за Џорџ Флојд. Мерката поднесена од тексашката претставничка Шејла Џексон Ли ќе овозможи поригорозни реформи за одговор на полициските службени престапи и зајакнување на стандардите за одговорност во полицијата. Кога Претставничкиот дом беше под контрола на демократите нацрт законот беше изгласан двапати, во 2020 и во 2021 година. Предлогот повикуваше на ограничување на квалификуваниот имунитет на службените лица, спречување расно профилирање и употреба на прекумерна сила. Но, не помина во Сенатот, по неуспехот во преговорите меѓу сенаторот Кори Букер, демократ од Њу Џерси и неговиот колега од Јужна Каролина, републиканецот Тим Скот, а по предлогот да се забрани давењето, налозите за апсење без чукање на врата и проширување на напорите за сојузно собирање податоци. Флојд (46) беше усмртен откако Дерек Шовин, полицаец од Минеаполис, клечеше на неговиот врат повеќе од девет минути додека Флојд речиси без здив велеше „не можам да дишам“. Инцидентот, фатен на видео, предизвика глобални протести и срамнување на сметките на расна основа кои се случуваа во текот на беснеењето на пандемијата со коронавирус во 2020 година. Шовин беше обвинет и моментално служи казна затвор од 22 и пол години. Братот на Флојд, Филонис, и неговата сопруга за „Си-би-ес њуз“ неделава изјавија дека тој се уште има кошмари за смртта на неговиот брат.

The post Четири години по смртта на Џорџ Флојд се уште нема полициски реформи во САД appeared first on Република.

]]>
Полицаецот осуден за убиството на Џорџ Флојд избоден со нож во затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politsaetsot-osuden-za-ubistvoto-na-dhordh-flojd-izboden-so-nozh-vo-zatvor/ Sat, 25 Nov 2023 20:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=716262

Дерек Чавин, експолицаецот од Минеаполис кој беше осуден во случајот со убиството на Џорџ Флојд во 2020 година бил избоден со нож во федералниот затвор во Аризона, соопштија од главното обвинителство на Минесота.

Од канцеларијата на обвинителството кое вршеше прогон на Човин поради главната улога во случајот со Флојд, биле информирани за нападот врз Човин и јавија дека тој е во стабилна состојба. Ова го потврдија и од американското Биро за затвори.

Човин отслужува две казни затвор поради убиството на Флојд. Во мај 2020 тој за време на задржување, со колено го приклешти Флојд за вратот и така го држеше неколку минути. Флојд, кој беше Афроамериканец, почина веднаш потоа.

Ова предизвика национален гнев, подем на движењето „Животите на црномурестите се важни“ и насилни протести во многу градови низ Америка.

The post Полицаецот осуден за убиството на Џорџ Флојд избоден со нож во затвор appeared first on Република.

]]>

Дерек Чавин, експолицаецот од Минеаполис кој беше осуден во случајот со убиството на Џорџ Флојд во 2020 година бил избоден со нож во федералниот затвор во Аризона, соопштија од главното обвинителство на Минесота. Од канцеларијата на обвинителството кое вршеше прогон на Човин поради главната улога во случајот со Флојд, биле информирани за нападот врз Човин и јавија дека тој е во стабилна состојба. Ова го потврдија и од американското Биро за затвори. Човин отслужува две казни затвор поради убиството на Флојд. Во мај 2020 тој за време на задржување, со колено го приклешти Флојд за вратот и така го држеше неколку минути. Флојд, кој беше Афроамериканец, почина веднаш потоа. Ова предизвика национален гнев, подем на движењето „Животите на црномурестите се важни“ и насилни протести во многу градови низ Америка.

The post Полицаецот осуден за убиството на Џорџ Флојд избоден со нож во затвор appeared first on Република.

]]>
Судијата очекувал повеќе каење и жалење: И четвртиот полицаец од убиството на Џорџ Флојд осуден на затворска казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudijata-ochekuval-poveke-kaene-i-zhalene-i-chetvrtiot-politsaets-od-ubistvoto-na-dhordh-flojd-osuden-na-zatvorska-kazna/ Tue, 08 Aug 2023 06:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=669792

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Ту Тао, доби казна од четири години и девет месеци затвор за соучесништво во убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина при неговото апсење на 25 мај 2020 година.

Тао е прогласен за виновен во мај дека помогнал во убиство од небрежност од втор степен, објави „Гласот на Америка“.

Се надевав дека ќе има повеќе покајување, жалење, признавање на одредена одговорност“, изјави судијата пред да ја изрече пресудата.

Тао кажа дека немал намера никому да наштети, ниту некого да повреди.

Тоа никогаш не ми беше намерата. Направив се што мислев дека можам, изјави тој.

Тао, кој девет години бил во полициските сили, спречил група минувачи да се приближат додека белиот полицаец Дерек Шовин, клечеше на вратот на Флојд девет и пол минути, кој за тоа време молел за неговиот живот, велејќи дека не може да дише. Флојд првично беше приведен под сомнение дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари во блиската продавница.

Апсењето и смртта на Флојд беа снимени од случаен минувач. Убиството предизвика протести против расизмот и полициската бруталност низ Америка и во светот. Јавниот обвинител на Минесота, Кит Елисон и другите обвинители побараа Тао да биде осуден на 51 месец затвор.

Шовин беше прогласен за виновен за убиство во 2021 година. Двајца други полицајци, Томас Лејн и Александар Куенг, го држеа Флојд додека Шовин клечеше на неговиот врат.

Минатата година пред државниот суд, тие се изјаснија за виновни за соучесништво во убиство од втор степен. Лејн беше осуден на три ипол години затвор, а Куенг на три.

Шовин беше осуден во државата Минесота на 22 ипол години затвор за убиство од втор степен и уште 21 година поради федерални обвиненија за кршење на правата на Флојд.

Казните ќе ги издржуваат истовремено.

The post Судијата очекувал повеќе каење и жалење: И четвртиот полицаец од убиството на Џорџ Флојд осуден на затворска казна appeared first on Република.

]]>

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Ту Тао, доби казна од четири години и девет месеци затвор за соучесништво во убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина при неговото апсење на 25 мај 2020 година. Тао е прогласен за виновен во мај дека помогнал во убиство од небрежност од втор степен, објави „Гласот на Америка“.
Се надевав дека ќе има повеќе покајување, жалење, признавање на одредена одговорност“, изјави судијата пред да ја изрече пресудата.
Тао кажа дека немал намера никому да наштети, ниту некого да повреди.
Тоа никогаш не ми беше намерата. Направив се што мислев дека можам, изјави тој.
Тао, кој девет години бил во полициските сили, спречил група минувачи да се приближат додека белиот полицаец Дерек Шовин, клечеше на вратот на Флојд девет и пол минути, кој за тоа време молел за неговиот живот, велејќи дека не може да дише. Флојд првично беше приведен под сомнение дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари во блиската продавница. Апсењето и смртта на Флојд беа снимени од случаен минувач. Убиството предизвика протести против расизмот и полициската бруталност низ Америка и во светот. Јавниот обвинител на Минесота, Кит Елисон и другите обвинители побараа Тао да биде осуден на 51 месец затвор. Шовин беше прогласен за виновен за убиство во 2021 година. Двајца други полицајци, Томас Лејн и Александар Куенг, го држеа Флојд додека Шовин клечеше на неговиот врат. Минатата година пред државниот суд, тие се изјаснија за виновни за соучесништво во убиство од втор степен. Лејн беше осуден на три ипол години затвор, а Куенг на три. Шовин беше осуден во државата Минесота на 22 ипол години затвор за убиство од втор степен и уште 21 година поради федерални обвиненија за кршење на правата на Флојд. Казните ќе ги издржуваат истовремено.

The post Судијата очекувал повеќе каење и жалење: И четвртиот полицаец од убиството на Џорџ Флојд осуден на затворска казна appeared first on Република.

]]>
Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд избегна смртна казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/policaecot-koj-go-ubi-dzordz-flojd-izbegna-smrtna-kazna/ Thu, 05 May 2022 14:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=498135

Дерек Шовин, поранешен американски полицаец кој го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, избегна смртна казна откако судијата ја прифати спогодбата за признавање вина, објавува „Си-Ен-Ен“.

Шовин нема да биде осуден на смрт, туку ќе добие затворска казна од 20 до 25 години. Опсегот на казната за полицаецот од Минеаполис беше наведен во спогодбата за признавање вина поднесена пред неколку месеци.

Шовин беше осуден за убиството на Флојд во 2020 година. Тоа е случај кој предизвика големи протести во САД и укажа на полициската бруталност кон Афроамериканците.

The post Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд избегна смртна казна appeared first on Република.

]]>

Дерек Шовин, поранешен американски полицаец кој го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, избегна смртна казна откако судијата ја прифати спогодбата за признавање вина, објавува „Си-Ен-Ен“. Шовин нема да биде осуден на смрт, туку ќе добие затворска казна од 20 до 25 години. Опсегот на казната за полицаецот од Минеаполис беше наведен во спогодбата за признавање вина поднесена пред неколку месеци. Шовин беше осуден за убиството на Флојд во 2020 година. Тоа е случај кој предизвика големи протести во САД и укажа на полициската бруталност кон Афроамериканците.

The post Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд избегна смртна казна appeared first on Република.

]]>