џорџ буш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzordz-bush/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 10:25:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џорџ буш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzordz-bush/ 32 32 Враќањето на Трамп во Белата куќа добра вест за Македонија и регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrakaneto-na-tramp-vo-belata-kuka-dobra-vest-za-makedonija-i-regionot/ Wed, 06 Nov 2024 10:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=834660

Победата на Доналд Трамп е добра вест за Македонија и регионот. САД и Македонија се стратешки партнери и сојузници. Кој и да беше на власт соработката ќе продолжеше , но Републиканците имаат поголемо разбирање за нашата земја.

Кога на Македонија и беше најтешко, а тоа е после самитот во Букурешт и грчкото вето Републиканците на чело со тогашниот претседател Џорџ Буш застана зад нас. Набрзо потоа беше потпишан и Договорот за стратешко партнерство. Вакви или слични договори САД има само со неколку земји меѓу кои и Македонија.

Она што е уште повано за Македонија е што најверојатен нов Државен секретар ќе биде Ричард Гренел. Тој беше неодамна во Скопје и важи за наш голем подрувач. „Њујорк Тајмс тврди дека ќе биде нов Државен секретар.

Тој фрли „шпагети на ѕидот“ за Трамп. Сега тој е во врвна работа. Доколку Доналд Трамп победи на претседателската функција, Ричард Гренел се надева дека ќе биде државен секретар.-  анализира Њујорк Тајмс.

Воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски за „Република“ ги анализира изборите во САД. Тој вели дека  граѓаните на САД покажале и докажаа дека вербата во слободата и демократијата ќе ја направат Америка повторно голема.

Феноменот Трамп се врати на голема врата и покрај сите афери и обиди за атентати.
Гласот на народот е најважен. Наративите во кампањата на Трамп за мир и просперитет, зајкната миграциска политика, силна економија и безбедност ќе рефлектира кон нашиот немирен регион атмосфера на стабилност и развој-смета Стафановски.

 

Според него  главните очекувања од Трамп се дека војната во Украина ќе запре а Европа повторно економски и политички ќе заздравува.

Ако Европа се стабилизира економски, политички и безбедносно, индирекно и ние како држава ќе се стабилизираме.Очекувањата се дека во времето на администрацијата на Трамп ќе се затворат сите отворени прашања на Балканот и регионот.Трамп е изборот за силна личност во немирен свет-додава Стефановски.

The post Враќањето на Трамп во Белата куќа добра вест за Македонија и регионот appeared first on Република.

]]>

Победата на Доналд Трамп е добра вест за Македонија и регионот. САД и Македонија се стратешки партнери и сојузници. Кој и да беше на власт соработката ќе продолжеше , но Републиканците имаат поголемо разбирање за нашата земја. Кога на Македонија и беше најтешко, а тоа е после самитот во Букурешт и грчкото вето Републиканците на чело со тогашниот претседател Џорџ Буш застана зад нас. Набрзо потоа беше потпишан и Договорот за стратешко партнерство. Вакви или слични договори САД има само со неколку земји меѓу кои и Македонија. Она што е уште повано за Македонија е што најверојатен нов Државен секретар ќе биде Ричард Гренел. Тој беше неодамна во Скопје и важи за наш голем подрувач. „Њујорк Тајмс тврди дека ќе биде нов Државен секретар.
Тој фрли „шпагети на ѕидот“ за Трамп. Сега тој е во врвна работа. Доколку Доналд Трамп победи на претседателската функција, Ричард Гренел се надева дека ќе биде државен секретар.-  анализира Њујорк Тајмс.
Воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски за „Република“ ги анализира изборите во САД. Тој вели дека  граѓаните на САД покажале и докажаа дека вербата во слободата и демократијата ќе ја направат Америка повторно голема.
Феноменот Трамп се врати на голема врата и покрај сите афери и обиди за атентати. Гласот на народот е најважен. Наративите во кампањата на Трамп за мир и просперитет, зајкната миграциска политика, силна економија и безбедност ќе рефлектира кон нашиот немирен регион атмосфера на стабилност и развој-смета Стафановски.
  Според него  главните очекувања од Трамп се дека војната во Украина ќе запре а Европа повторно економски и политички ќе заздравува.
Ако Европа се стабилизира економски, политички и безбедносно, индирекно и ние како држава ќе се стабилизираме.Очекувањата се дека во времето на администрацијата на Трамп ќе се затворат сите отворени прашања на Балканот и регионот.Трамп е изборот за силна личност во немирен свет-додава Стефановски.

The post Враќањето на Трамп во Белата куќа добра вест за Македонија и регионот appeared first on Република.

]]>
Џорџ Буш случајно ја осуди „неоправданата и брутална инвазија на Ирак“ мислејќи на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dzordz-bush-sluchajno-ja-osudi-neopravdanata-i-brutalna-invazija-na-irak-mislejkji-na-ukraina/ Thu, 19 May 2022 09:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=504259

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш вчера направи гаф и ја осуди „бруталната“ „инвазија на Ирак“, пред самиот да се поправи дека ја осудува инвазијата на Украина.

43-от американски претседател говореше на изборен настан во претседателскиот центар во Далас.

За разлика од тоа, руските избори беа наместени. Политичките противници се затворани или на друг начин се елиминираат од учество во изборниот процес. Резултатот е отсуство на систем за контрола и рамнотежа во Русија- рече поранешниот претседател во своето обраќање.

А одлуката на еден човек да почне целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак... Мислам на Украина, додаде тој, пред да се насмее и за гафот да ја обвини својата старост.

Тој ги крена рамениците и промрморе „А и на Ирак“.

„Знаете, јас имам 75 години“, додаде републиканскиот лидер, а публиката прсна во смеа.

За време на претседателствувањето на Буш, во март 2003 година, коалицијата предводена од САД го нападна Ирак за да ја собори авторитарната влада на Садам Хусеин поради загриженоста дека тој набавува биолошко и нуклеарно оружје, без да покаже докази за својата загриженост.

Војната, меѓутоа, заврши со уште повеќе конфликти во регионот.

Бушовата администрација беше критикувана дека почнала брутална превентивна војна против Ирак во која загинаа десетици и илјадници ирачки граѓани и над 4.000 американски војници.

Студијата на Ирак боди каунт покажа дека цивилните жртви од инвазијата помеѓу 2003 и 2013 година изнесуваат 122.438.

Вчерашниот коментар е првата јавна осуда на Буш за руската инвазија на Украина, речиси три месеци по нејзиното почнување.

Буш се соочи со силни реакции поради неговиот „фројдовски гаф“.

Џорџ В. Буш е воен злосторник, напиша сенаторката Нина Тарнер.

„Потребни беа 20 години за Џорџ Буш конечно да признае“, напиша колумнистот Вајахат Али на Твитер.

Буш, исто така, го опиша украинскиот претседател Володимир Зеленски како „искулирано типче“ и го спореди со поранешниот британски премиер Винстон Черчил.

Начинот на кој земјите спроведуваат избори е знак за тоа како нивните лидери се однесуваат кон сопствениот народ и како нациите се однесуваат кон другите нации, рече Буш.

А ова никаде не се гледа појасно отколку во Украина.

The post Џорџ Буш случајно ја осуди „неоправданата и брутална инвазија на Ирак“ мислејќи на Украина appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш вчера направи гаф и ја осуди „бруталната“ „инвазија на Ирак“, пред самиот да се поправи дека ја осудува инвазијата на Украина. 43-от американски претседател говореше на изборен настан во претседателскиот центар во Далас. За разлика од тоа, руските избори беа наместени. Политичките противници се затворани или на друг начин се елиминираат од учество во изборниот процес. Резултатот е отсуство на систем за контрола и рамнотежа во Русија- рече поранешниот претседател во своето обраќање. А одлуката на еден човек да почне целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак... Мислам на Украина, додаде тој, пред да се насмее и за гафот да ја обвини својата старост. Тој ги крена рамениците и промрморе „А и на Ирак“. „Знаете, јас имам 75 години“, додаде републиканскиот лидер, а публиката прсна во смеа. За време на претседателствувањето на Буш, во март 2003 година, коалицијата предводена од САД го нападна Ирак за да ја собори авторитарната влада на Садам Хусеин поради загриженоста дека тој набавува биолошко и нуклеарно оружје, без да покаже докази за својата загриженост. Војната, меѓутоа, заврши со уште повеќе конфликти во регионот. Бушовата администрација беше критикувана дека почнала брутална превентивна војна против Ирак во која загинаа десетици и илјадници ирачки граѓани и над 4.000 американски војници. Студијата на Ирак боди каунт покажа дека цивилните жртви од инвазијата помеѓу 2003 и 2013 година изнесуваат 122.438. Вчерашниот коментар е првата јавна осуда на Буш за руската инвазија на Украина, речиси три месеци по нејзиното почнување. Буш се соочи со силни реакции поради неговиот „фројдовски гаф“. Џорџ В. Буш е воен злосторник, напиша сенаторката Нина Тарнер. „Потребни беа 20 години за Џорџ Буш конечно да признае“, напиша колумнистот Вајахат Али на Твитер. Буш, исто така, го опиша украинскиот претседател Володимир Зеленски како „искулирано типче“ и го спореди со поранешниот британски премиер Винстон Черчил. Начинот на кој земјите спроведуваат избори е знак за тоа како нивните лидери се однесуваат кон сопствениот народ и како нациите се однесуваат кон другите нации, рече Буш. А ова никаде не се гледа појасно отколку во Украина.

The post Џорџ Буш случајно ја осуди „неоправданата и брутална инвазија на Ирак“ мислејќи на Украина appeared first on Република.

]]>