Џон Траволта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzon-travolta/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 22:22:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џон Траволта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzon-travolta/ 32 32 Тимоти Шаламе го собори рекордот што Џон Траволта стар 45 години https://arhiva3.republika.mk/scena/film/timoti-shalame-go-sobori-rekordot-shto-dhon-travolta-star-45-godini/ Mon, 18 Mar 2024 22:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=756104

Тимоти Шаламе се прослави со улогата во драмата „Call Me By Your Name“ од 2017 година, а во период од само седум години стана најбараниот млад актер во Холивуд. Неговите успеси се нижат еден по друг, а според порталот „Дексерто“, Шаламе штотуку го соборил рекордот што го држел само еден актер пред него.

Имено, благодарение на главните улоги во филмовите „Dune: Part Two“, кој беше премиерно прикажан на почетокот на месецот и „Вонка“, чија премиера беше во декември, Шаламе се појави во два блокбастери по ред, пренесува „Индекс“.

Пред него тоа му успеа само на Џон Траволта, најбараниот актер од 70-тите години. Во декември 1977 година, Траволта се појави во светскиот хит „Треска на саботната вечер“, а шест месеци подоцна ја игра главната улога во мјузиклот „Брилијантин“, кој многумина го сметаат за најдобар филмски мјузикл на сите времиња.

„Треска на саботната вечер“ заработи над 237 милиони долари од продажбата на бокс-офисот, додека „Брилијантин“ заработи повеќе од 366 милиони долари. Трошоците за снимање на овие два филма изнесуваа помалку од десет милиони долари.

Мјузиклот „Вонка“ на Шаламе заработи 628 милиони долари, додека „Dune: Part Two“, кој се уште се прикажува во кината, досега има заработено 498 милиони долари. Експертите предвидуваат дека вториот дел од „ Dune“ би можел да достигне приход од милијарда долари.

По два блокбастери по ред, Тимоти Шаламе моментално го снима биографскиот филм „A Complete Unknown“, базиран на животот на Боб Дилан.

The post Тимоти Шаламе го собори рекордот што Џон Траволта стар 45 години appeared first on Република.

]]>

Тимоти Шаламе се прослави со улогата во драмата „Call Me By Your Name“ од 2017 година, а во период од само седум години стана најбараниот млад актер во Холивуд. Неговите успеси се нижат еден по друг, а според порталот „Дексерто“, Шаламе штотуку го соборил рекордот што го држел само еден актер пред него. Имено, благодарение на главните улоги во филмовите „Dune: Part Two“, кој беше премиерно прикажан на почетокот на месецот и „Вонка“, чија премиера беше во декември, Шаламе се појави во два блокбастери по ред, пренесува „Индекс“. Пред него тоа му успеа само на Џон Траволта, најбараниот актер од 70-тите години. Во декември 1977 година, Траволта се појави во светскиот хит „Треска на саботната вечер“, а шест месеци подоцна ја игра главната улога во мјузиклот „Брилијантин“, кој многумина го сметаат за најдобар филмски мјузикл на сите времиња. „Треска на саботната вечер“ заработи над 237 милиони долари од продажбата на бокс-офисот, додека „Брилијантин“ заработи повеќе од 366 милиони долари. Трошоците за снимање на овие два филма изнесуваа помалку од десет милиони долари. Мјузиклот „Вонка“ на Шаламе заработи 628 милиони долари, додека „Dune: Part Two“, кој се уште се прикажува во кината, досега има заработено 498 милиони долари. Експертите предвидуваат дека вториот дел од „ Dune“ би можел да достигне приход од милијарда долари. По два блокбастери по ред, Тимоти Шаламе моментално го снима биографскиот филм „A Complete Unknown“, базиран на животот на Боб Дилан.  

The post Тимоти Шаламе го собори рекордот што Џон Траволта стар 45 години appeared first on Република.

]]>
Најемотивниот настап на Оскарите: Џон Траволта низ солзи најави песна посветена на починатите ѕвезди https://arhiva3.republika.mk/scena/film/najemotivniot-nastap-na-oskarite-dhon-travolta-niz-solzi-najavi-pesna-posvetena-na-pochinatite-zvezdi/ Mon, 13 Mar 2023 10:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=619060

Лени Кравиц имаше емотивен настап за време на сегментот „In Memoriam“ на 95-тото доделување на Оскарите во чест на ѕвездите кои починаа во изминатата година.

Настапот го најави Џон Траволта, кој се обиде да ги задржи солзите.

Но, во тоа не успеа, па низ солзи го најави Лени Кравиц, а особено го растажи споменот на Оливија Њутн-Џон, неговата колешка од „Брилијантин“.

The post Најемотивниот настап на Оскарите: Џон Траволта низ солзи најави песна посветена на починатите ѕвезди appeared first on Република.

]]>

Лени Кравиц имаше емотивен настап за време на сегментот „In Memoriam“ на 95-тото доделување на Оскарите во чест на ѕвездите кои починаа во изминатата година. Настапот го најави Џон Траволта, кој се обиде да ги задржи солзите. Но, во тоа не успеа, па низ солзи го најави Лени Кравиц, а особено го растажи споменот на Оливија Њутн-Џон, неговата колешка од „Брилијантин“.

The post Најемотивниот настап на Оскарите: Џон Траволта низ солзи најави песна посветена на починатите ѕвезди appeared first on Република.

]]>
Џон Траволта на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „Боинг 747“ произведен во Сиетл https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dhon-travolta-na-proshtalnata-svechenost-za-posledniot-patnichki-avion-boing-747-proizveden-vo-sietl/ Wed, 01 Feb 2023 12:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=603379

Илјадници работници на „Боинг“ од целиот свет, како и гости меѓу кои и холивудскиот глумец Џон Траволта, присуствуваа на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „747“ произведен во фабриката на авиокомпанијата северно од Сиетл, САД.

Џон Траволта, кој е обучен да управува со „Боинг 747“, како и со „707“ и „737“, одржа говор и го опиша своето искуство со летањето такви авиони… За нив тој рече дека тие се меѓу најбезбедните авиони кога било создадени.

Последниот „747“ е испорачан на компанијата „Атлас ер“.

Тој, инаку, се произведува од 1968 година и направи револуција во превозот на патници со двојно зголемување на бројот седишта – на 400, во споредба со претходниот „Боинг 707“.

Во текот на пет децении, Боинг изгради 1.574 авиони „747“, за повеќе од 100 клиенти. Последната верзија „747-8“, ќе лета на небото уште неколку години, пред сѐ во товарниот сообраќај.

Инаку, во подготовка е моделот „Боинг 777Х“, што треба да го замени познатиот „747“, но тој на пазарот нема да се појави уште најмалку две години.

The post Џон Траволта на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „Боинг 747“ произведен во Сиетл appeared first on Република.

]]>

Илјадници работници на „Боинг“ од целиот свет, како и гости меѓу кои и холивудскиот глумец Џон Траволта, присуствуваа на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „747“ произведен во фабриката на авиокомпанијата северно од Сиетл, САД.

Џон Траволта, кој е обучен да управува со „Боинг 747“, како и со „707“ и „737“, одржа говор и го опиша своето искуство со летањето такви авиони… За нив тој рече дека тие се меѓу најбезбедните авиони кога било создадени. Последниот „747“ е испорачан на компанијата „Атлас ер“. Тој, инаку, се произведува од 1968 година и направи револуција во превозот на патници со двојно зголемување на бројот седишта – на 400, во споредба со претходниот „Боинг 707“. Во текот на пет децении, Боинг изгради 1.574 авиони „747“, за повеќе од 100 клиенти. Последната верзија „747-8“, ќе лета на небото уште неколку години, пред сѐ во товарниот сообраќај. Инаку, во подготовка е моделот „Боинг 777Х“, што треба да го замени познатиот „747“, но тој на пазарот нема да се појави уште најмалку две години.

The post Џон Траволта на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „Боинг 747“ произведен во Сиетл appeared first on Република.

]]>
„Засекогаш твој Дени“: Емотивна порака од Џон Траволта за смртта на Оливија Њутн Џон https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/zasekogash-tvoj-deni-emotivna-poraka-od-dzon-travolta-za-smrtta-na-olivija-njutn-dzon/ Tue, 09 Aug 2022 12:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=538353

Aктерот Џон Траволта со последен поздрав до колешката Оливија Њутн Џон, со која играа заедно во легендарниот мјузикл „Брилијантин“ од 1978 година.

Моја најдрага Оливија, ни ги направи животите толку многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе те видиме по патот и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш!
Твојот Дени, твојот Џон!

View this post on Instagram

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Актерката почина на 73-годишна возраст по храбра и јавна битка со ракот во нејзиниот дом опкружена со семејството и пријателите.

The post „Засекогаш твој Дени“: Емотивна порака од Џон Траволта за смртта на Оливија Њутн Џон appeared first on Република.

]]>

Aктерот Џон Траволта со последен поздрав до колешката Оливија Њутн Џон, со која играа заедно во легендарниот мјузикл „Брилијантин“ од 1978 година.
Моја најдрага Оливија, ни ги направи животите толку многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе те видиме по патот и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Актерката почина на 73-годишна возраст по храбра и јавна битка со ракот во нејзиниот дом опкружена со семејството и пријателите.  

The post „Засекогаш твој Дени“: Емотивна порака од Џон Траволта за смртта на Оливија Њутн Џон appeared first on Република.

]]>
Среќен роденден, нема зборови колку ми недостигаш https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/srekjen-rodenden-nema-zborovi-kolku-mi-nedostigash/ Thu, 14 Apr 2022 09:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=488298

Познатиот актер Џон Траволта му посвети емотивна порака на својот покоен син Џет, кој оваа година би го прославил својот 30 роденден.

Мој најдраг Џети, ми недостигаш повеќе отколку што зборовите можат да опишат. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден. Те сака твојот тато, му напиша Траволта.

View this post on Instagram

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Џет почина во 2009 година, кога имаше само 16 години, на семејно патување на Бахамите. Тој имал напад додека бил во када и ја удрил главата на нејзиниот раб. На крајот, домарот го нашол како лежи во онесвестен, по што со Брза помош бил пренесен во болница, каде констатирале смрт.

Џет имал напади од раѓање - тој бил аутист, имал епилепсија и синдром Кавасаки.

The post Среќен роденден, нема зборови колку ми недостигаш appeared first on Република.

]]>

Познатиот актер Џон Траволта му посвети емотивна порака на својот покоен син Џет, кој оваа година би го прославил својот 30 роденден.
Мој најдраг Џети, ми недостигаш повеќе отколку што зборовите можат да опишат. Мислам на тебе секој ден. Среќен роденден. Те сака твојот тато, му напиша Траволта.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Џет почина во 2009 година, кога имаше само 16 години, на семејно патување на Бахамите. Тој имал напад додека бил во када и ја удрил главата на нејзиниот раб. На крајот, домарот го нашол како лежи во онесвестен, по што со Брза помош бил пренесен во болница, каде констатирале смрт. Џет имал напади од раѓање - тој бил аутист, имал епилепсија и синдром Кавасаки.

The post Среќен роденден, нема зборови колку ми недостигаш appeared first on Република.

]]>
Џон Траволта со поддршка за Брус Вилис: Тој има благородна душа, те сакам Брус https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dzon-travolta-so-poddrshka-za-brus-vilis-toj-ima-blagorodna-dusha-te-sakam-brus/ Fri, 01 Apr 2022 08:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=481802

Холивудскиот актер Џон Траволта на својот инстаграм профил се огласи со поддршка откако беше објавено дека Брус Вилис боледува од афазија.

„Брус и јас станавме добри пријатели на снимањето на нашите два хит филмови „Pulp Fiction“ и „Look Who`s Talking“. Години подоцна тој ми рече: „Џон, сакам да знаеш дека кога ќе ти се случи нешто добро, се чувствувам како да ми се случува мене. Ете толку благородна душа е тој. Те сакам, Брус“, напиша Траволта во описот на неколкуте заеднички фотографии кои ги сподели на својот инстаграм-профил.

View this post on Instagram

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

The post Џон Траволта со поддршка за Брус Вилис: Тој има благородна душа, те сакам Брус appeared first on Република.