џон малкович Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzon-malkovich/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 10:06:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png џон малкович Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzon-malkovich/ 32 32 Бугарите се навредија дека Џон Малкович во претстава ги прикажа како „орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarite-se-navredija-deka-dhon-malkovich-vo-pretstava-gi-prikazha-kako-orda-od-nechisti-i-nepismeni-kukavitsi-so-tsrni-klintsi/ Fri, 08 Nov 2024 10:02:22 +0000 https://republika.mk/?p=835427

Премиерата на, како што ја нарекуваат медиумите во Софија „идиотската“ антибугарска претстава „Оружјето и човекот“ според Бернард Шо, која директорот на Народниот театар Василев  ја смета за сосема „прикладна“,  пропадна!, објави весникот „Труд“

Во корпоративните медиуми има бесна пропаганда против луѓето на кои вчера протестиравме пред театарот. Главната поткрепа е што не сме ја прочитале претставата и сме „заведени“. Де факто сме будали, па дури и еден од актерите не нарече „стадо“!, пишува „Труд“.

Во „Оружјето и човекот“, со сарказам и иронија, победниците на Сливница, оние кои во далечната 1885 година според бугаркиот наратив ја спасиле Бугарија, се претставени како орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци.

Ги повикувам сите кои се чувствуваат Бугарин и сеуште ја носат Бугарија во душата и срцето да се приклучат на протестот против ова понижување на кое се обидува да го подложи нашиот театар неговиот директор Васил Василев-пишува Страхил Ангелов.

https://republika.mk/vesti/balkan/go-ismevala-bugarskiot-narod-tenzii-vo-sofija-protiv-antibugarskata-pretstava-na-dhon-malkovich/

The post Бугарите се навредија дека Џон Малкович во претстава ги прикажа како „орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци“ appeared first on Република.

]]>

Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-ismevala-bugarskiot-narod-tenzii-vo-sofija-protiv-antibugarskata-pretstava-na-dhon-malkovich/ Thu, 07 Nov 2024 21:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=835312

Тензично е пред влезот на најголемата театарска сцена во Бугарија, Народниот театар „Иван Вазов“, кој е окупиран од стотици граѓани кои го изразуваат своето незадоволство од поставувањето на претставата „Оружје и човек“ на Бернард Шо под режисерската палка на Џон Малкович, јавува БГНЕС.

Според демонстрантите -  претставата е антибугарска, ги исмева бугарските војници и го исмева бугарскиот народ. Тие бараат оставка од директорот на театарот Васил Василев.

https://youtu.be/cfD1SHcgWgE?si=ozHhDvLZ6cE_JItm

Протестот започна како мирен, но подоцна изреволтираните граѓани се поделија во две групи. Првата остана пред фонтаната и протестираше мирно, додека другата група се судри со полицијата, пред влезот на театарот. Толпата се обиде да влезе во театарот. На влезот неуспешно се обиде да излезе директорот на театарот Васил Василев, кој викаше дека ќе ја заштити културата во Бугарија.

Органите на редот интервенираа за да спречат посериозна пресметка.

Тензиите повторно ескалираа. Во фоајето на театарот дојдоа претставници на политички партии. На влезот во скенерот реплики разменуваат Ангел Џамбазки од ВМРО и директорот на театарот Васил Василев. Поранешниот пратеник и неговите другари купиле билети за да влезат, по што тензиите повторно ескалирале. Двајцата си размениле грди реплики.

https://youtu.be/xAfFcW0vwRk?si=2uuolCSONkAyGWd-

Причина за протестот пред Народниот театар „Иван Вазов“ беше одлуката да се постави претставата на Бернард Шо „Човекот и оружјето“, која се смета за навредлива за бугарското општество, бидејќи ги претставува Бугарите за време на српско- бугарската војна (1885).

Датумот на кој требаше да се изведе претставата е вечерва на 7 ноември – годишнината од словенската епопеја, каде Бугарите ја бранеа Унијата и својата независност. Нивниот подвиг го овековечи и Иван Вазов, чие име го носи Народниот театар. Следниот датум, 8 ноември, е поврзан со окупацијата на западната периферија од Србија, каде до ден денес Белград води политика на бришење на се што е бугарско. Третиот датум е 27 ноември – годишнината од потпишувањето на Договорот од Ној, пишува  БГНЕС.

The post Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович appeared first on Република.

]]>

Тензично е пред влезот на најголемата театарска сцена во Бугарија, Народниот театар „Иван Вазов“, кој е окупиран од стотици граѓани кои го изразуваат своето незадоволство од поставувањето на претставата „Оружје и човек“ на Бернард Шо под режисерската палка на Џон Малкович, јавува БГНЕС. Според демонстрантите -  претставата е антибугарска, ги исмева бугарските војници и го исмева бугарскиот народ. Тие бараат оставка од директорот на театарот Васил Василев. https://youtu.be/cfD1SHcgWgE?si=ozHhDvLZ6cE_JItm Протестот започна како мирен, но подоцна изреволтираните граѓани се поделија во две групи. Првата остана пред фонтаната и протестираше мирно, додека другата група се судри со полицијата, пред влезот на театарот. Толпата се обиде да влезе во театарот. На влезот неуспешно се обиде да излезе директорот на театарот Васил Василев, кој викаше дека ќе ја заштити културата во Бугарија. Органите на редот интервенираа за да спречат посериозна пресметка. Тензиите повторно ескалираа. Во фоајето на театарот дојдоа претставници на политички партии. На влезот во скенерот реплики разменуваат Ангел Џамбазки од ВМРО и директорот на театарот Васил Василев. Поранешниот пратеник и неговите другари купиле билети за да влезат, по што тензиите повторно ескалирале. Двајцата си размениле грди реплики. https://youtu.be/xAfFcW0vwRk?si=2uuolCSONkAyGWd- Причина за протестот пред Народниот театар „Иван Вазов“ беше одлуката да се постави претставата на Бернард Шо „Човекот и оружјето“, која се смета за навредлива за бугарското општество, бидејќи ги претставува Бугарите за време на српско- бугарската војна (1885).
Датумот на кој требаше да се изведе претставата е вечерва на 7 ноември – годишнината од словенската епопеја, каде Бугарите ја бранеа Унијата и својата независност. Нивниот подвиг го овековечи и Иван Вазов, чие име го носи Народниот театар. Следниот датум, 8 ноември, е поврзан со окупацијата на западната периферија од Србија, каде до ден денес Белград води политика на бришење на се што е бугарско. Третиот датум е 27 ноември – годишнината од потпишувањето на Договорот од Ној, пишува  БГНЕС.

The post Го исмевала бугарскиот народ: Тензии во Софија против „антибугарската“ претстава на Џон Малкович appeared first on Република.

]]>
Ерик Брнс: Решени сме да ги градиме филмските студија, со или без поддршка од Владата https://arhiva3.republika.mk/scena/film/erik-brns-resheni-sme-da-gi-gradime-filmskite-studija-so-ili-bez-poddrshka-od-vladata/ Tue, 08 Aug 2023 12:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=669985

Одлучивме дека нема повеќе да чекаме, ако владата не сака да ни даде одговор. Очекувам студиото да биде или во Кисела вода или можеби во Карпош, вели Брнс, соосновач на проектот за филмски студија „Стоун бриџ“ што актерот Џон Малкович ги најави пред една година, објави „VoiceofAmerica“ на македонски јазик.

Решена да го реализира проектот со филмски студија и таканаречениот Технолошки парк во Скопје е групацијата „STP Capital Partners“ во која се обединети инвеститори од САД, од Балканот, како и американски филмски имиња, меѓу кои е и светската филмска ѕвезда Џон Малкович.

Тоа, во разговор за Гласот на Америка го истакна Ерик Брнс, еден од носителите на проектот за филмските студија, кои се најавени под името „Стоун бриџ“.

Сакаме да го направиме овој проект, без оглед на сè. Но, сакаме да го направиме овде, во Македонија.Тоа ни е битно, поради сите причини што ги наведов.И навистина, сега одиме напред со проектот, па дури и без статус на стратешка инвестиција.Одлучивме дека нема повеќе да чекаме,ако владата не сака да ни даде одговор.Се надевам дека ќе ни одговорат и дека ќе речат „да“.Доаѓаме во мир, сакаме ова да успее за сите“, вели Брнс.

Повеќе на mk.voanews.com

The post Ерик Брнс: Решени сме да ги градиме филмските студија, со или без поддршка од Владата appeared first on Република.

]]>

Одлучивме дека нема повеќе да чекаме, ако владата не сака да ни даде одговор. Очекувам студиото да биде или во Кисела вода или можеби во Карпош, вели Брнс, соосновач на проектот за филмски студија „Стоун бриџ“ што актерот Џон Малкович ги најави пред една година, објави „VoiceofAmerica“ на македонски јазик.
Решена да го реализира проектот со филмски студија и таканаречениот Технолошки парк во Скопје е групацијата „STP Capital Partners“ во која се обединети инвеститори од САД, од Балканот, како и американски филмски имиња, меѓу кои е и светската филмска ѕвезда Џон Малкович. Тоа, во разговор за Гласот на Америка го истакна Ерик Брнс, еден од носителите на проектот за филмските студија, кои се најавени под името „Стоун бриџ“.
Сакаме да го направиме овој проект, без оглед на сè. Но, сакаме да го направиме овде, во Македонија.Тоа ни е битно, поради сите причини што ги наведов.И навистина, сега одиме напред со проектот, па дури и без статус на стратешка инвестиција.Одлучивме дека нема повеќе да чекаме,ако владата не сака да ни даде одговор.Се надевам дека ќе ни одговорат и дека ќе речат „да“.Доаѓаме во мир, сакаме ова да успее за сите“, вели Брнс.
Повеќе на mk.voanews.com

The post Ерик Брнс: Решени сме да ги градиме филмските студија, со или без поддршка од Владата appeared first on Република.

]]>
Џон Малкович прогласен за Doctor Honoris Causa на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dhon-malkovich-proglasen-za-doctor-honoris-causa-na-internatsionalniot-univerzitet-europa-prima/ Fri, 28 Jul 2023 15:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=666352

Славниот холивудски актер Џон Малкович, синоќа, на свечена вечера,  во Скопје , беше прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на универзитот Еуро Прима, чиј претседател е Јордан Плевнеш, со што ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран, Мето Јовановск и други.

Плакетата му ја врачи Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме, кој одржа брилјантна беседа за Малкович.

Сакам, прогласувајќи ве за Doctor Honoris Causa, да ве прогласам за Син на Вечноста во Минатото кое никогаш не минува и Иднината која никогаш не завршува!, рече меѓу другото во својата беседа, Јордан Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме.

The post Џон Малкович прогласен за Doctor Honoris Causa на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима appeared first on Република.

]]>

Славниот холивудски актер Џон Малкович, синоќа, на свечена вечера,  во Скопје , беше прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на универзитот Еуро Прима, чиј претседател е Јордан Плевнеш, со што ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран, Мето Јовановск и други. Плакетата му ја врачи Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме, кој одржа брилјантна беседа за Малкович.
Сакам, прогласувајќи ве за Doctor Honoris Causa, да ве прогласам за Син на Вечноста во Минатото кое никогаш не минува и Иднината која никогаш не завршува!, рече меѓу другото во својата беседа, Јордан Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме.
 
The post Џон Малкович прогласен за Doctor Honoris Causa на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима appeared first on Република.

]]>
Името на Џон Малкович се впишува во богата историја на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/imeto-na-dhon-malkovich-se-vpishuva-vo-bogata-istorija-na-ohridsko-leto/ Thu, 27 Jul 2023 17:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=666015

На големата сцена на Античкиот театар во Охрид вчеравечер во рамките на 63. „Охридско лето“ настапи славниот американски актер Џон Малкович во театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“.

Брилијантната и долгоочекувана изведба на славниот Малкович предизвика бурни овации и ракоплескање кај публиката и сигурно ќе остане редок настан за паметење кој понуди магичен амбиент и уникатност, збогатувајќи ја реномираната фестивалска историја на „Охридско лето“.  Во авторство и во режија на Михаел Штурмингер, ова несекојдневно уметничко остварување, музички придружено од сопранистките Чен Реис и Сузан Лангбеј и Оркестарот на Виенската академија, ја спои класичната музика со драмската уметност и актерството. 

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ја проследи вчерашната претстава и истакна дека е ова редок спектакл, а впечатоците од сценската изведба кај публиката се незаборавни и тоа очекувано ја потврдува уметничката големина на Малкович преку неговата маестрална глума. Таа упати благодарност до директорката и до тимот на „Охридско лето“ за нивната истрајност и професионализам, доследно да одговорат на предизвикот да се биде домаќин на една од најголемите и најславни светски ѕвезди. 

Пред почетокот на ова психолошка театарска драма, пред публиката се обрати директорката на оваа културна институција, Наташа Поповиќ, која рече дека „Охридско лето“ е поттик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се дополнува и да се надградува со нови креативни соѕвездија кои го обележуваат местото на фестивалот како најпрестижна уметничка сцена, но и како препознатлив уметнички симбол насекаде во светот. Поповиќ упати благодарност до Амбасадата на САД во Република Македонија, до Министерството за култура и до сите помагатели на фестивалот за исклучителната можност да уживаат во проектот со светски познатиот актер Џон Малкович. 

Заменик-амбасадорот на САД, Ерик Мејер, кажа дека една од најважните движечки сили на меѓусебната врска на САД и Македонија е  живата улога на културата која ги збогатува нашите заеднички цели.  

 Би сакал да ѝ се заблагодарам на директорката Наташа Поповиќ и да ѝ честитам за прекрасниот фестивал годинава. Ви благодарам за честа и можноста што ми ја дадовте да  најавам  голема симбиоза на два многу важни културни ентитети овде, во Охрид. Од една страна, овој неверојатен Антички театар во кој се наоѓаме, сцената на „Охридско лето“, една од најважните културни знаменитости во Македонија. И од друга страна, американската мегаѕвезда и културна икона, господинот Џон Малкович. Негувањето и зацврстувањето на врските меѓу нашите народи се неопходни за работата што ја вршиме во Американската амбасада, всушност овие врски се толку важни што ги сметаме за столбови на стратегискиот дијалог меѓу САД и Македонија, заедно со регионалната соработка, одбраната и безбедноста, спроведувањето на законите, трговијата, инвестициите и енергијата − истакна Мејер

The post Името на Џон Малкович се впишува во богата историја на „Охридско лето“ appeared first on Република.

Брилијантната ексцентричност на Џон Малкович донесе уникатно сценско доживување на Антички театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/brilijantnata-ekstsentrichnost-na-dhon-malkovich-donese-unikatno-stsensko-dozhivuvane-na-antichki-teatar/ Thu, 27 Jul 2023 08:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=665773

Уникатно сценско доживување приреди вчеравечер на 63-тото „Охридско лето“ славниот американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович.

Две и пол илјадната публика на Античкиот театар во Охрид уживаше во неговата брилијантна ексцентричност, но и целосната чистина преку неговиот настап во „Пеколна комедија:Исповеди на сериски убиец” “, која е возбудливо дело на театарот, напишана и режирана од Михаел Штурмингер. Солисти на вечерта беа сопраните Чен Реис и Сузан Лангбејн, во придружба на Оркестарот на Виенска Академија и под диригентство на маестро Мартин Хазелбoк.

Оваа претстава ја сакам како што ја претставивме бидејќи ги поврзува и театарот, и класиката, и глумата,  а претставува нешто иновативно што ја привлекува публиката, рече познатиот актер Џон Малкович кој првпат настапува во земјава, токму на фестивалот „Охридско лето“.

Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, истакна дека фестивалот е предизвик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се надополнува и надградува со нови креативни соѕвездија кои го обележуваат неговото место како најпрестижна уметничка сцена, но и како препознатлив уметнички симбол насекаде во светот.

Изразувам благодарност до Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Владата на Република Македонија и Министерството за култура за оваа исклучителна можност да уживаме во проект со светски познатиот Џон Малкович кој ќе остане запишан во фестивалската историја меѓу најславните уметници. „Охридско лето“ преку извонредното сценско доживување вечерва ќе понуди уникатност, совршенство и магичен амбиент, рече Поповиќ.

Американската вечер на „Охридско лето“ се одржува со поддршка од Амбасадата на САД во Република Македонија. Заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер, рече дека Американската амбасада има долга историја на соработка со „Охридско лето“, но и со многу други организации во Македонија со цел  да ги засили врските преку програми кои ги поддржуваат македонското граѓанско општество и културните и образовни институции.

Низ годините наназад, на сцените на „Охридско лето“ сме  ги прикажале најголемите културни богатства, вклучувајќи ги  госпел и џез музиката, преку настапите на џез легендите како Артуро Сандовал, класичниот виолинист и виртуоз Шломо Минц, и многу други. Тие можеби донеле американска музика во Охрид, но излегле со балкански песни во своите срца, кажа заменик-амбасадорот на САД, Мејер.

Холивудскиот актер со проектот „Вечер на Џон Малкович“, оценет како најексклузивен гостин на Охридско лето, предизвика огромен интерес кај публиката. Токму за овој настан беа  направени бројни резервации од целиот регион но и од Бразил, Холандија, Франција, САД и од многу други земји.

The post Брилијантната ексцентричност на Џон Малкович донесе уникатно сценско доживување на Антички театар appeared first on Република.

]]>

Уникатно сценско доживување приреди вчеравечер на 63-тото „Охридско лето“ славниот американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович. Две и пол илјадната публика на Античкиот театар во Охрид уживаше во неговата брилијантна ексцентричност, но и целосната чистина преку неговиот настап во „Пеколна комедија:Исповеди на сериски убиец” “, која е возбудливо дело на театарот, напишана и режирана од Михаел Штурмингер. Солисти на вечерта беа сопраните Чен Реис и Сузан Лангбејн, во придружба на Оркестарот на Виенска Академија и под диригентство на маестро Мартин Хазелбoк.
Оваа претстава ја сакам како што ја претставивме бидејќи ги поврзува и театарот, и класиката, и глумата,  а претставува нешто иновативно што ја привлекува публиката, рече познатиот актер Џон Малкович кој првпат настапува во земјава, токму на фестивалот „Охридско лето“.
Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, истакна дека фестивалот е предизвик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се надополнува и надградува со нови креативни соѕвездија кои го обележуваат неговото место како најпрестижна уметничка сцена, но и како препознатлив уметнички симбол насекаде во светот.  
Изразувам благодарност до Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Владата на Република Македонија и Министерството за култура за оваа исклучителна можност да уживаме во проект со светски познатиот Џон Малкович кој ќе остане запишан во фестивалската историја меѓу најславните уметници. „Охридско лето“ преку извонредното сценско доживување вечерва ќе понуди уникатност, совршенство и магичен амбиент, рече Поповиќ.
Американската вечер на „Охридско лето“ се одржува со поддршка од Амбасадата на САД во Република Македонија. Заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер, рече дека Американската амбасада има долга историја на соработка со „Охридско лето“, но и со многу други организации во Македонија со цел  да ги засили врските преку програми кои ги поддржуваат македонското граѓанско општество и културните и образовни институции.
Низ годините наназад, на сцените на „Охридско лето“ сме  ги прикажале најголемите културни богатства, вклучувајќи ги  госпел и џез музиката, преку настапите на џез легендите како Артуро Сандовал, класичниот виолинист и виртуоз Шломо Минц, и многу други. Тие можеби донеле американска музика во Охрид, но излегле со балкански песни во своите срца, кажа заменик-амбасадорот на САД, Мејер.
Холивудскиот актер со проектот „Вечер на Џон Малкович“, оценет како најексклузивен гостин на Охридско лето, предизвика огромен интерес кај публиката. Токму за овој настан беа  направени бројни резервации од целиот регион но и од Бразил, Холандија, Франција, САД и од многу други земји.

The post Брилијантната ексцентричност на Џон Малкович донесе уникатно сценско доживување на Антички театар appeared first on Република.

]]>
Вечер со Џон Малкович во претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” на Античкиот театар во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecher-so-dhon-malkovich-vo-pretstavata-pekolna-komedija-ispovedi-na-seriski-ubiets-na-antichkiot-teatar-vo-ohrid/ Wed, 26 Jul 2023 08:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=665397

Сцената на Античкиот театар во Охрид вечерва е резервирана за театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” со светски прославенот актер, сценарист и продуцент, Џон Малкович.

Станува збор за претстава работена според дело и режија на авторот Михаел Штурмингер, во музичка придружба на сопранистите Чен Реис и Сузан Лангбејн и оркестарот на „Виенската академија“.

„Пеколната комедија“ всушност претставува сценска изведба на австрискиот сериски убиец Џек Унтервегер, кој додека е во затвор станува поет и писател, што пак придонесува критиката да го засака, за потоа тој да биде помилуван како „пример за рехабилитација“.

Слободен, Унтервегер станува новинар и баран предавач, но и повеќекратен убиец. Фатен и повторно осуден, си го одзема животот.

Оваа претстава ги спојува Малкович, оркестарот на Виенската академија, како и два прекрасни сопрани Чен Рајс и Сузан  Лангбејн кои преку музика ги отсликуваат бесот, тагата и желбата за освета за жртвите. Според многумина оваа може да се нарече и нов жанр.

Обожавателите на овој познат актер имаат бројни можности за уживање во неговата брилијантна ексцентричност, но целосната чистина се согледува со неговиот настап во „Пеколна комедија“, која е возбудливо дело на театарот.

„Пеколна комедија“ може да се гледа и како предупредување и како опомена, Од една страна општеството на Унтервегер му се додворува и го слави и покрај тоа што сторил ужасни работи. Од друга страна го поставува прашањето: зошто на еден убиец би му била овозможена привилегијата на помилување. Гледајќи од друг аспект концептот на рехабилитација како таков е важен и суштински дел на моралните вредности. Но сепак,  не може да се види како некој може да ги искупи гревовите за насила одземените животи. Па според тоа делото можеби зборува повеќе за општеството отколку за самиот Унтервегер.

Џон Гавин Малкович  е американски глумец, продуцент и режисер. Роден е на 9 декември 1953 година во Кристофер, (Илиноис). Неговите дедо и баба по таткова линија биле Хрвати, со потекло од Озаљ, кај Карловац, Хрватска, а мајка му имала шкотско и германско потекло.

Малкович најпрво се прославил на театарската сцена, а во 1999 година се игра себеси во филмот „Да се биде Џон Малкович“.  Во својата кариера, тој имал две номинации за наградата „Оскар“, и тоа за улогите во филмовите „Места во срцето“ и „На линијата на огнот“ како и номинации за награда од Британската филмска академија и три номинации за наградата „Златен глобус“. Има настапувано во повеќе од 70 филмови.

Почетокот на претставата е предвиден за од 21 часот.

The post Вечер со Џон Малкович во претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” на Античкиот театар во Охрид appeared first on Република.

]]>

Сцената на Античкиот театар во Охрид вечерва е резервирана за театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” со светски прославенот актер, сценарист и продуцент, Џон Малкович. Станува збор за претстава работена според дело и режија на авторот Михаел Штурмингер, во музичка придружба на сопранистите Чен Реис и Сузан Лангбејн и оркестарот на „Виенската академија“. „Пеколната комедија“ всушност претставува сценска изведба на австрискиот сериски убиец Џек Унтервегер, кој додека е во затвор станува поет и писател, што пак придонесува критиката да го засака, за потоа тој да биде помилуван како „пример за рехабилитација“. Слободен, Унтервегер станува новинар и баран предавач, но и повеќекратен убиец. Фатен и повторно осуден, си го одзема животот. Оваа претстава ги спојува Малкович, оркестарот на Виенската академија, како и два прекрасни сопрани Чен Рајс и Сузан  Лангбејн кои преку музика ги отсликуваат бесот, тагата и желбата за освета за жртвите. Според многумина оваа може да се нарече и нов жанр. Обожавателите на овој познат актер имаат бројни можности за уживање во неговата брилијантна ексцентричност, но целосната чистина се согледува со неговиот настап во „Пеколна комедија“, која е возбудливо дело на театарот. „Пеколна комедија“ може да се гледа и како предупредување и како опомена, Од една страна општеството на Унтервегер му се додворува и го слави и покрај тоа што сторил ужасни работи. Од друга страна го поставува прашањето: зошто на еден убиец би му била овозможена привилегијата на помилување. Гледајќи од друг аспект концептот на рехабилитација како таков е важен и суштински дел на моралните вредности. Но сепак,  не може да се види како некој може да ги искупи гревовите за насила одземените животи. Па според тоа делото можеби зборува повеќе за општеството отколку за самиот Унтервегер. Џон Гавин Малкович  е американски глумец, продуцент и режисер. Роден е на 9 декември 1953 година во Кристофер, (Илиноис). Неговите дедо и баба по таткова линија биле Хрвати, со потекло од Озаљ, кај Карловац, Хрватска, а мајка му имала шкотско и германско потекло. Малкович најпрво се прославил на театарската сцена, а во 1999 година се игра себеси во филмот „Да се биде Џон Малкович“.  Во својата кариера, тој имал две номинации за наградата „Оскар“, и тоа за улогите во филмовите „Места во срцето“ и „На линијата на огнот“ како и номинации за награда од Британската филмска академија и три номинации за наградата „Златен глобус“. Има настапувано во повеќе од 70 филмови. Почетокот на претставата е предвиден за од 21 часот.

The post Вечер со Џон Малкович во претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” на Античкиот театар во Охрид appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Гостувањето на светски реномираниот актер Малкович е гест кој силно го обележува годинашното „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-gostuvaneto-na-svetski-renomiraniot-akter-malkovich-e-gest-koj-silno-go-obelezhuva-godinashnoto-ohridsko-leto/ Tue, 25 Jul 2023 13:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=665143

Во рамките на 63. издание на фестивалот „Охридско лето“, утревечер на сцената на Античкиот театар ќе биде изведена претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, која, за првпат на реномираниот фестивал и во нашата држава, го носи светски познатиот холивудски актер, режисер и продуцент Џон Малкович.

Гостувањето на претставата, која е во режија на Михаел Штруминген, е дел од европската турнеја. Настапуваат и солистите Чен Реис и Сузан Лангбеј, како и Оркестарот на Виенската академија под диригентската палка на Мартин Хаселбок.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција во Охрид, заедно со Џон Малкович и раководството на фестивалот „Охридско лето“, истакна дека честа е огромна што почитуваниот Џон Гавин Малкович, добро познато име на светската публика, ќе ја испише фестивалската историја на најголемите ѕвезди кои заблескале на „Охридско лето“  еден од петте најелитни европски фестивали.

Костадиновска-Стојчевска му посака добредојде на холивудскиот актер, режисер и продуцент Малкович во нашиот бисер на Балканот, Охрид, и додаде дека неговото гостување претставува вистинска реткост, изразувајќи му голема благодарност за поддршката што ја дава на 63. издание на „Охридско лето“.  

Ми причинува задоволство што по гостувањата на светски познатиот композитор Енио Мориконе, неповторливиот Хозе Карерас, славната Џеси Норман, маестро Зубин Мехта, белгискиот челист Миша Мајски, славниот диригент и композитор Кшиштов Пендерецки, Елена Мошуц, Иво Погорелиќ, Стефан Миленковиќ и ред други славни имиња, и американскиот актер Џон Малкович ќе влезе во низата најексклузивни уметници кои настапиле на грандиозната сцена на Античкиот театар. Тој, со својата драмска уметничка вредност прикажана во театарската претстава „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, ќе остави траен белег на нашата најеминентна културно-сценска манифестација, потенцираше Костадиновска-Стојчевска. 

Министерката за култура се заблагодари и на Амбасадата на САД во Република Македонија за поддршката и соработката како стратешки партнер на нашата земја, со кого имаме завидни резултати во областа на културата.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека гостувањето на светски реномираниот актер Малкович е гест кој силно го обележува годинашното „Охридско лето“, а на македонската јавност и на гостите во Охрид им нуди ретка можност да го проследат настапот на еден од водечките актери со многубројни остварени улоги и две номинации за „Оскар“.  

Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, посочи дека годинешново фестивалско издание ќе остане запаметено по најгламурозната оперска дива, Анџела Георгиу, која приреди незаборавен концерт на свеченото отворање, но и по славниот американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович кој првпат настапува во Македонија. Токму за утрешниот настан, како што посочи Поповиќ, се направени многубројни резервации од целиот регион, но и од Бразил, Холандија, Франција, САД и од многу други земји. 

Малкович, пред новинарите во Охрид, ја опиша соработката со диригентот Мартин Хаселбок и со Виенската академија, и, како што кажа, сакале да претстават некоја австриска приказна. Тој додаде дека ја сака оваа претстава бидејќи ги поврзува театарот и глумата со класичната музика и на иновативен начин ја привлекува публиката. 

Селекторката на драмската програма, Сања Арсовска, изрази задоволство што го имаме еден од најголемите актери во времето во кое живееме.

Сите го познаваме, пред сѐ, од неговата филмска кариера иако неговите почетоци во актерството се во театарска компанија во Чикаго. Малкович е еден од ретките актери во Холивуд кој сѐ уште има допир со театарската уметност, рече Арсовска. Таа додаде дека оваа претстава својата драматуршка структура и емотивна архитектура ја гради врз две спротивности, а тоа се комедијата и психолошката драма.

The post Костадиновска-Стојчевска: Гостувањето на светски реномираниот актер Малкович е гест кој силно го обележува годинашното „Охридско лето“ appeared first on Република.

Малкович: „Исповеди на сериски убиец“ секогаш ќе биде актуелна претстава бидејќи насилството го има и ќе го има меѓу нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/malkovich-ispovedi-na-seriski-ubiets-sekogash-ke-bide-aktuelna-pretstava-bidejki-nasilstvoto-go-ima-i-ke-go-ima-megu-nas/ Tue, 25 Jul 2023 12:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=665119

„Ја сакам оваа претстава бидејќи на некој начин ги поврзува и театарот и класиката и глумата и е нешто иновативно што ја привлекува публиката. Секогаш ќе биде актуелна бидејќи насилството отсекогаш го имало и ќе го има меѓу нас“.

Вака славниот актер Џон Малкович на денешната прес-конференција ја најави претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“ со која утревечер  на Античкиот театар во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе приреди незаборавно сценско уживање.

Вистината на сцената дава една посебна реалност која всушност ни ја нуди животот. Кога претставувате некаков карактер на таа сцена имате многу мал дел од времето да претставите начин на кој тој опстојува и живее. И токму заради тоа се обидувате што поцелосно и повистинито да го претставите тој карактер на театарската сцена. Претставата ја напиша Михаел Штурмингер на мое барање и на барање на диригентот  Мартин Хазелблок. Се сретнавме со Мартин и ја започнавме соработката со оркестарот на Виенската филхармонија, изјави Малкович.

Малкович првпат доаѓа во Македонија, но како што рече, добро му се познати поранешните југословенски републики, Хрватска, Србија и Црна Гора каде што работел.

Во Македонија пристигнав вчера попладне и не можам да кажам ништо повеќе од тоа дека е прекрасна земја, рече тој.

Министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска посакувајќи му да ужива во природните убавини, во одличната македонска храна  и да се запознае со нашето културно-историско наследство, нагласи дека е вистинска реткост да се има актер, режисер и продуцент како Џон Малкович.

Ми причинува задоволство што по гостувањата на светски познатиот композитор Енио Мориконе, неповторливиот Хозе Карерас, славната Џеси Норман, маестро Зубун Мехта, белгискиот челист Миша Мајски, славниот диригент и композитор Кшиштов Пендерецки, Елена Мошуц, Иво Погорелиќ, Стефан Миленковиќ и ред други славни имиња, и американскиот актер Џон Малкович ќе влезе во низата најексклузивни уметници кои настапиле на грандиозната сцена на Античкиот театар. Тој со својата драмска уметничка вредност прикажана во театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“ ќе остави траен белег на нашата најеминентна културно-сценска манифестација. Преку своето богато искуство и харизма како исклучителен актер, режисер и продуцент, неговото присуство ќе придонесе за уште поголемо афирмирање на „Охридско лето“ и на нашата држава, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Директорката на фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, кажа дека е голема  честа и задоволството да се пречека уметник кој со својата големина ја збогатува фестивалската историја на „Охридско лето“, фестивал кој претставува подиум на кој се обединуваат уметностите од целиот свет.

Годинешново фестивалско издание ќе остане запаметено по најгламурозната оперска дива, Анџела Георгиу, која приреди незаборавен концерт на Свеченото отворање но и по славниот американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович кој првпат настапува во Македонија. Ваквата ексклузивност само ја потврдува големината на „Охридско лето“, фестивал по кој нѐ препознаваат и вреднуваат насекаде во светот. Холивудскиот актер со проектот „Вечер на Џон Малкович“, оценет како најексклузивен гостин на „Охридско лето“, предизвика огромен интерес кај публиката. Токму за овој настан се направени бројни резервации од целиот регион но и од Бразил, Холандија, Франција, САД и многу други земји, рече директорката Поповиќ.

Како што истакна селекторката на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ ,Сања Арсовска, оваа претстава својата драматуршка структура и емотивна архитектура ја гради врз две спротивности, а тоа се комедијата и психолошката драма.

Од една страна серискиот убиец со лесна духовитост и луцидност ги нижи настаните од својот живот и ја лови на еден начин публиката во една мрежа од ироничен хумор. И додека публиката мисли дека е заловена во една таква комична атмосфера, на сцената започнува еден вистински пекол придружен со оркестар и силни сопрани, Унтервегер започнува да ги вади демоните од себе кои ја опседуваат сцената. Итаа приниклива игра помеѓу комедија и пекол се провејува  низ целата претстава. А за сите силни чувства во претставата е задолжен Џон Малкович еден од најголемите и најбрилјантните актери во времето во коешто живееме а и на сите времиња, рече селекторката Арсовска.

Уникатното и совршено сценско доживување  „Вечер на Џон Малкович“ се реализира со поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Владата на Република Македонија и Министерството за култура.

The post Малкович: „Исповеди на сериски убиец“ секогаш ќе биде актуелна претстава бидејќи насилството го има и ќе го има меѓу нас appeared first on Република.

Технолошкиот парк во Скопје каде што Џон Малкович најави дека ќе се снимаат холивудски филмови уште не е изграден https://arhiva3.republika.mk/scena/film/tehnoloshkiot-park-vo-skopje-kade-shto-dzon-malkovich-najavi-deka-kje-se-snimaat-holivudski-filmovi-ushte-ne-e-izgraden/ Tue, 09 Aug 2022 18:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=538481

Познатиот холивудски актер Џон Малкович вчера најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во рамки на проектот „Технолошки Парк Скопје“ (ТХП), кој чека одобрување од Владата. Од таму брифираат дека ТХП се уште е во фаза на утврдување.

ТХП Скопје е проект кој во моментов е во процедура за утврдување на статус на стратешки инвестициони проект за кои течат роковите за постапување согласно Законот, а процедурата и условите за добивање статус на стратешка инвестиција е иста за сите добиени барања за стратешки инвестиции, брифираат од Влада, објави порталот „Локално“.

Малкович во изјава за МРТ појасни дека работи на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје, што ќе биде прво студио од ваков тип на целиот Балкан.

Решивме да го наречеме проектот „Stonebridge Studios“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович и порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

Актерот цврсто верува дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и регионот.

https://republika.mk/scena/film/dzon-malkovich-kje-gradi-filmski-studija-vo-skopje-vo-koi-kje-se-snimaat-holivudski-filmovi/

The post Технолошкиот парк во Скопје каде што Џон Малкович најави дека ќе се снимаат холивудски филмови уште не е изграден appeared first on Република.

]]>

Познатиот холивудски актер Џон Малкович вчера најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во рамки на проектот „Технолошки Парк Скопје“ (ТХП), кој чека одобрување од Владата. Од таму брифираат дека ТХП се уште е во фаза на утврдување.
ТХП Скопје е проект кој во моментов е во процедура за утврдување на статус на стратешки инвестициони проект за кои течат роковите за постапување согласно Законот, а процедурата и условите за добивање статус на стратешка инвестиција е иста за сите добиени барања за стратешки инвестиции, брифираат од Влада, објави порталот „Локално“.
Малкович во изјава за МРТ појасни дека работи на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје, што ќе биде прво студио од ваков тип на целиот Балкан.
Решивме да го наречеме проектот „Stonebridge Studios“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович и порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.
Актерот цврсто верува дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и регионот. https://republika.mk/scena/film/dzon-malkovich-kje-gradi-filmski-studija-vo-skopje-vo-koi-kje-se-snimaat-holivudski-filmovi/

The post Технолошкиот парк во Скопје каде што Џон Малкович најави дека ќе се снимаат холивудски филмови уште не е изграден appeared first on Република.

]]>
Џон Малкович ќе гради филмски студија во Скопје во кои ќе се снимаат холивудски филмови https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dzon-malkovich-kje-gradi-filmski-studija-vo-skopje-vo-koi-kje-se-snimaat-holivudski-filmovi/ Mon, 08 Aug 2022 21:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=538169

Познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

– Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ.

Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

-Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович.

Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

– Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и ргионот, рече Џон Малкович.

Тој деновиве е во посета на Србија, кеде што вечерва во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, ќе глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“

The post Џон Малкович ќе гради филмски студија во Скопје во кои ќе се снимаат холивудски филмови appeared first on Република.

]]>

Познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“. – Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ. Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“. -Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович. Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект. – Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и ргионот, рече Џон Малкович. Тој деновиве е во посета на Србија, кеде што вечерва во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, ќе глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“

The post Џон Малкович ќе гради филмски студија во Скопје во кои ќе се снимаат холивудски филмови appeared first on Република.

]]>
Малкович не го примиле во луксузниот хотел „Даниели“ во Венеција, немал „супер грин пас“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/malkovich-ne-go-primile-vo-luksuzniot-hotel-danieli-vo-venecija-nemal-super-grin-pas/ Thu, 20 Jan 2022 10:14:45 +0000 https://republika.mk/?p=447021

Поради новите одредби на италијанската Влада поврзани со правилата на заштита од коронавирусот, кој беснее во Италија, дополнителното заострување на мерките вклучува (на одредени места) да се покаже „зелената пропусница“ за пристап, а за хотелите – таканаречен Super Green Pass.

Американскиот актер Џон Малкович деновиве е во Венеција бидејќи ја снима ТВ серијата Ripley, инспирирана од романите на Патриша Хајсмит. Сè му одело без проблеми, додека не дошол да се пријави во хотелот „Даниели“ во Венеција, каде што продукцијата му резервирала многу луксузен апартман, со поглед на каналот Сан Марко.

Проблемот, како што прв објави дневниот весник и портал „Газетино“, е што глумецот, немајќи зајакната зелена сертификација (супер грин пас), не можел да престојува во хотел(и). Организаторите на филмот изјавиле дека се изненадени од ситуацијата и веднаш се стрчале во потрага по друго сместување за Малкович. Решението е пронајдено за неколку часа: се работи за приватен и луксузен дом.

The post Малкович не го примиле во луксузниот хотел „Даниели“ во Венеција, немал „супер грин пас“ appeared first on Република.

]]>

Поради новите одредби на италијанската Влада поврзани со правилата на заштита од коронавирусот, кој беснее во Италија, дополнителното заострување на мерките вклучува (на одредени места) да се покаже „зелената пропусница“ за пристап, а за хотелите – таканаречен Super Green Pass. Американскиот актер Џон Малкович деновиве е во Венеција бидејќи ја снима ТВ серијата Ripley, инспирирана од романите на Патриша Хајсмит. Сè му одело без проблеми, додека не дошол да се пријави во хотелот „Даниели“ во Венеција, каде што продукцијата му резервирала многу луксузен апартман, со поглед на каналот Сан Марко. Проблемот, како што прв објави дневниот весник и портал „Газетино“, е што глумецот, немајќи зајакната зелена сертификација (супер грин пас), не можел да престојува во хотел(и). Организаторите на филмот изјавиле дека се изненадени од ситуацијата и веднаш се стрчале во потрага по друго сместување за Малкович. Решението е пронајдено за неколку часа: се работи за приватен и луксузен дом.