Џон Ленон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzon-lenon/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 08:35:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џон Ленон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzon-lenon/ 32 32 Суспендиран полски новинар кој песната на Ленон на отворањето на ОИ ја нарече „визија за комунизмот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/suspendiran-polski-novinar-koj-pesnata-na-lenon-na-otvoraneto-na-oi-ja-nareche-vizija-za-komunizmot/ Sun, 28 Jul 2024 08:35:24 +0000 https://republika.mk/?p=800949

Јавниот сервис на Полска вчера соопшти дека суспендирал новинар и спортски коментатор кој реагирал на изведбата на легендарната песна на Џон Ленон „Замисли“ („Imagine“) на отворањето на Олимписките игри со тврдење дека се работи за еден вид „визија на комунизмот“.

ТВП, полскиот јавен сервис, вчера соопшти дека Пшемислав Бабиаж е суспендиран и нема да му биде дозволено во живо да ги коментира спортските настани од Летните олимписки игри во Париз.

Во песната Ленон пее за имагинарен свет без рај и пекол, без држави, религија и приватна сопственост.

Замисли сите луѓе да живеат за денес, замисли сите да живеат во мир, можеби ќе речеш дека сум сонувач, но не сум единствен …“ се зборовите во легендарната песна од 1972 година

За жал, ова е визијата на комунизмот, рече Бабиаж за време на церемонијата на отворањето на Олимпијадата, што предизвика контроверзни коментари во Полска.

Објаснувајќи ја суспензијата, ТВП во соопштението наведе: „Заемно разбирање, толеранција, помирување – тоа не се само основните идеи на Олимпијадата, туку и основата на стандардите кои ја водат новата полска телевизија. Нема причина да се прекршуваат“.

Конзервативниот претседател Анджеј Дуда и поранешниот премиер Матеуш Моравјецки беа меѓу првите кои реагираа за да го „заштитат“ суспендираниот новинар.

Вистината ќе се брани! Вашите постапки ќе бидат запаметени и цензурата ќе пропадне, напиша Моравјецки на Х.

И некои коментатори блиски до политичката левица во Полска соопштија дека казната е престрога.

The post Суспендиран полски новинар кој песната на Ленон на отворањето на ОИ ја нарече „визија за комунизмот“ appeared first on Република.

]]>

Јавниот сервис на Полска вчера соопшти дека суспендирал новинар и спортски коментатор кој реагирал на изведбата на легендарната песна на Џон Ленон „Замисли“ („Imagine“) на отворањето на Олимписките игри со тврдење дека се работи за еден вид „визија на комунизмот“. ТВП, полскиот јавен сервис, вчера соопшти дека Пшемислав Бабиаж е суспендиран и нема да му биде дозволено во живо да ги коментира спортските настани од Летните олимписки игри во Париз. Во песната Ленон пее за имагинарен свет без рај и пекол, без држави, религија и приватна сопственост. „Замисли сите луѓе да живеат за денес, замисли сите да живеат во мир, можеби ќе речеш дека сум сонувач, но не сум единствен …“ се зборовите во легендарната песна од 1972 година
За жал, ова е визијата на комунизмот, рече Бабиаж за време на церемонијата на отворањето на Олимпијадата, што предизвика контроверзни коментари во Полска. Објаснувајќи ја суспензијата, ТВП во соопштението наведе: „Заемно разбирање, толеранција, помирување – тоа не се само основните идеи на Олимпијадата, туку и основата на стандардите кои ја водат новата полска телевизија. Нема причина да се прекршуваат“.
Конзервативниот претседател Анджеј Дуда и поранешниот премиер Матеуш Моравјецки беа меѓу првите кои реагираа за да го „заштитат“ суспендираниот новинар.
Вистината ќе се брани! Вашите постапки ќе бидат запаметени и цензурата ќе пропадне, напиша Моравјецки на Х.
И некои коментатори блиски до политичката левица во Полска соопштија дека казната е престрога.

The post Суспендиран полски новинар кој песната на Ленон на отворањето на ОИ ја нарече „визија за комунизмот“ appeared first on Република.

]]>
Oчила на Џон Ленон и фотографии од „Битлси“ одат на аукција https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ochila-na-dhon-lenon-i-fotografii-od-bitlsi-odat-na-auktsija/ Tue, 23 Jul 2024 20:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=799682

Еден пар сини очила подарени од Џон Ленон на маж кој го посетувал студиото Еби Роуд наскоро ќе одат на продажба, заедно со колекција на фотографии сликани во познатото музичко студио.

Очилата кои му биле подарени на мажот во 1968 година се очекува да достигнат сума од три илјади фунти.

Фотографиите и очилата ќе бидат ставени на аукција на 31 јули, а помеѓу фотографиите има и некои кои се сликани на денот кога Битлси се фотографирале за познатиот омот на албумот како преминуваат улица.

Аукцијата ја спроведува аукциската куќа „Кетрин Сутон“ и тие велат дека очилата му биле подарени на човекот лично од Џон Ленон.

Колекцијата од 33 црно-бели фотографии слкани во Еби Роуд се очекува да бидат продадени, заедно со авторските права, за 200 до 300 функти.

 

The post Oчила на Џон Ленон и фотографии од „Битлси“ одат на аукција appeared first on Република.

]]>

Еден пар сини очила подарени од Џон Ленон на маж кој го посетувал студиото Еби Роуд наскоро ќе одат на продажба, заедно со колекција на фотографии сликани во познатото музичко студио. Очилата кои му биле подарени на мажот во 1968 година се очекува да достигнат сума од три илјади фунти. Фотографиите и очилата ќе бидат ставени на аукција на 31 јули, а помеѓу фотографиите има и некои кои се сликани на денот кога Битлси се фотографирале за познатиот омот на албумот како преминуваат улица. Аукцијата ја спроведува аукциската куќа „Кетрин Сутон“ и тие велат дека очилата му биле подарени на човекот лично од Џон Ленон. Колекцијата од 33 црно-бели фотографии слкани во Еби Роуд се очекува да бидат продадени, заедно со авторските права, за 200 до 300 функти.  

The post Oчила на Џон Ленон и фотографии од „Битлси“ одат на аукција appeared first on Република.

]]>
Куршум од пиштолот што го уби Џон Ленон оди на аукција https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kurshum-od-pishtolot-shto-go-ubi-dhon-lenon-odi-na-auktsija/ Thu, 29 Feb 2024 13:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=749674

Куршум испукан од пиштолот употребен за убиството на Џон Ленон во Њујорк во 1980 година, ќе биде понуден на наддавање денеска во британскиот град Њукасл. Се очекува да достигне цена од 2.000 фунти (околу 2.350 евра).

Аукционерската фирма „Андерсон и Гарланд“ го продава сувенирот во име на семејството на Брајан Тејлор, британски полицаец кој служел во областа Нортамбрија во Англија. На Тејлор му било дозволено да пука од оружјето за време на посетата на полицискиот оддел во Њујорк, САД, во 1984 година. „Пакетот“ од наддавањето вклучува и фотографија на Тејлор во униформа како го држи револверот, соопшти аукциската куќа.

Занимливо, тој и самиот бил нападнат додека патувал со полициското возило при посетата, а како извинување му бил покажан мал полициски музеј каде што се чувал револверот. Семејството одлучило предметот да биде предаден на друг обожавател на „Битлс“, пренесе Би-би-си.

„Таму (на Тејлор) му беше дозволено да го испроба оружјето што претходно било искростено за убиството на една од најдобрите и најомилените ѕвезди на музиката, Џон Ленон. Куршумот и патронот беа извадени и дадени на Тејлор како подарок. Тој ги постави и ги закачи на ѕид од неговата канцеларија каде што останаа до крајот на неговата кариера“, објави аукциската куќа на својата интернет-страница.

Атентаторот на Џон Ленон - Марк Дејвид Чепмен, кој сега има 68 години, отслужува доживотна затворска казна.

The post Куршум од пиштолот што го уби Џон Ленон оди на аукција appeared first on Република.

]]>

Куршум испукан од пиштолот употребен за убиството на Џон Ленон во Њујорк во 1980 година, ќе биде понуден на наддавање денеска во британскиот град Њукасл. Се очекува да достигне цена од 2.000 фунти (околу 2.350 евра). Аукционерската фирма „Андерсон и Гарланд“ го продава сувенирот во име на семејството на Брајан Тејлор, британски полицаец кој служел во областа Нортамбрија во Англија. На Тејлор му било дозволено да пука од оружјето за време на посетата на полицискиот оддел во Њујорк, САД, во 1984 година. „Пакетот“ од наддавањето вклучува и фотографија на Тејлор во униформа како го држи револверот, соопшти аукциската куќа. Занимливо, тој и самиот бил нападнат додека патувал со полициското возило при посетата, а како извинување му бил покажан мал полициски музеј каде што се чувал револверот. Семејството одлучило предметот да биде предаден на друг обожавател на „Битлс“, пренесе Би-би-си. „Таму (на Тејлор) му беше дозволено да го испроба оружјето што претходно било искростено за убиството на една од најдобрите и најомилените ѕвезди на музиката, Џон Ленон. Куршумот и патронот беа извадени и дадени на Тејлор како подарок. Тој ги постави и ги закачи на ѕид од неговата канцеларија каде што останаа до крајот на неговата кариера“, објави аукциската куќа на својата интернет-страница. Атентаторот на Џон Ленон - Марк Дејвид Чепмен, кој сега има 68 години, отслужува доживотна затворска казна.

The post Куршум од пиштолот што го уби Џон Ленон оди на аукција appeared first on Република.

]]>
Макартни: Џон Ленон беше навистина посебен https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/makartni-dhon-lenon-beshe-navistina-poseben/ Tue, 14 Nov 2023 10:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=701355

Пол Макартни си спомна за животот на Џон Ленон на гостување на „Ајхарт рејдио“ и откри како покојниот член на „Битлс“ размислувал за смртта неколку години пред да биде убиен.

Макартни (81) откри дека Ленон бил вознемирен околу тоа - како луѓето ќе го паметат по неговата смрт.

Се сеќавам како ми кажа дека е загрижен како луѓето ќе го помнат кога ќе умре и тоа многу ме шокираше. Реков дека сите ќе го паметат како одличен музичар, затоа што направи многу за да го докаже тоа, вели Пол.

Тој, на некој начин, му бил „како свештеник“. - Честопати ќе морав да кажам: „'Синко', ти си одличен, не грижи се“, и тој ќе го прифатеше тоа. Тогаш се чувствуваше подобро, додаде музичкиот ветеран.

Истакна дека, да се работи со Ленон, било одлично поточно - „неверојатно“ искуство. Пол се присети и на мигот кога дознал дека Ленон го убиле, на 8 декември 1980 година пред неговиот стан во Њујорк, САД, на 40-годишна возраст.

Не можам да најдам зборови. На сите им беше тешко бидејќи беше многу сакан и луд тип. Тој беше навистина посебен!, заклучи Макартни.

The post Макартни: Џон Ленон беше навистина посебен appeared first on Република.

]]>

Пол Макартни си спомна за животот на Џон Ленон на гостување на „Ајхарт рејдио“ и откри како покојниот член на „Битлс“ размислувал за смртта неколку години пред да биде убиен. Макартни (81) откри дека Ленон бил вознемирен околу тоа - како луѓето ќе го паметат по неговата смрт.
Се сеќавам како ми кажа дека е загрижен како луѓето ќе го помнат кога ќе умре и тоа многу ме шокираше. Реков дека сите ќе го паметат како одличен музичар, затоа што направи многу за да го докаже тоа, вели Пол.
Тој, на некој начин, му бил „како свештеник“. - Честопати ќе морав да кажам: „'Синко', ти си одличен, не грижи се“, и тој ќе го прифатеше тоа. Тогаш се чувствуваше подобро, додаде музичкиот ветеран. Истакна дека, да се работи со Ленон, било одлично поточно - „неверојатно“ искуство. Пол се присети и на мигот кога дознал дека Ленон го убиле, на 8 декември 1980 година пред неговиот стан во Њујорк, САД, на 40-годишна возраст.
Не можам да најдам зборови. На сите им беше тешко бидејќи беше многу сакан и луд тип. Тој беше навистина посебен!, заклучи Макартни.

The post Макартни: Џон Ленон беше навистина посебен appeared first on Република.

]]>