Џон Кирби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzon-kirbi/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 20:19:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џон Кирби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzon-kirbi/ 32 32 Кирби: Бајден е загрижен поради објавувањето на тајните документи за потенцијалниот напад на Израел врз Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kirbi-bajden-e-zagrizhen-poradi-objavuvaneto-na-tajnite-dokumenti-za-potentsijalniot-napad-na-izrael-vrz-iran/ Mon, 21 Oct 2024 20:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=829582

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден е многу загрижен поради објавувањето на тајните документи за подготовките на Израел за потенцијален одмазднички напад врз Иран.

Американските власти потврдија во саботата дека администрацијата го истражува неовластеното објавување на доверливи документи со кои се проценуваат плановите на Израел за напад на Иран.

Портпаролот Кирби денеска изјави дека администрацијата се уште не е сигурна дали информацијата што беше јавно објавена протекла или е хакирана.

Кирби додаде дека претставниците на администрацијата „во овој момент немаат индикации дека се очекува и други такви документи да стигнат до јавноста“, пренесоа светските агенции.

Портпаролот на Белата куќа, исто така, рече дека американските претставници разговарале за случајот со нивните израелски колеги.

The post Кирби: Бајден е загрижен поради објавувањето на тајните документи за потенцијалниот напад на Израел врз Иран appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден е многу загрижен поради објавувањето на тајните документи за подготовките на Израел за потенцијален одмазднички напад врз Иран. Американските власти потврдија во саботата дека администрацијата го истражува неовластеното објавување на доверливи документи со кои се проценуваат плановите на Израел за напад на Иран. Портпаролот Кирби денеска изјави дека администрацијата се уште не е сигурна дали информацијата што беше јавно објавена протекла или е хакирана. Кирби додаде дека претставниците на администрацијата „во овој момент немаат индикации дека се очекува и други такви документи да стигнат до јавноста“, пренесоа светските агенции. Портпаролот на Белата куќа, исто така, рече дека американските претставници разговарале за случајот со нивните израелски колеги.

The post Кирби: Бајден е загрижен поради објавувањето на тајните документи за потенцијалниот напад на Израел врз Иран appeared first on Република.

]]>
Кирби: САД ќе го бранат Израел во каков било напад на Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kirbi-sad-ke-go-branat-izrael-vo-kakov-bilo-napad-na-iran/ Wed, 28 Aug 2024 08:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=810770

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, порача дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени на одбраната на Израел во кој било напад на Иран.

Кирби за израелскиот Канал 12 рече дека е тешко е да се предвиди колкави се шансите за ирански напад врз Израел, но дека Белата куќа сериозно ги сфаќа најавите на Техеран.

Нашите пораки до Иран се конзистентни доследни и ќе останат такви. Првата е да не почне ескалација. Втората е дека САД се подготвени да го бранат Израел доколку тоа се случи“, посочи Кирби.

The post Кирби: САД ќе го бранат Израел во каков било напад на Иран appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, порача дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени на одбраната на Израел во кој било напад на Иран. Кирби за израелскиот Канал 12 рече дека е тешко е да се предвиди колкави се шансите за ирански напад врз Израел, но дека Белата куќа сериозно ги сфаќа најавите на Техеран.
Нашите пораки до Иран се конзистентни доследни и ќе останат такви. Првата е да не почне ескалација. Втората е дека САД се подготвени да го бранат Израел доколку тоа се случи“, посочи Кирби.

The post Кирби: САД ќе го бранат Израел во каков било напад на Иран appeared first on Република.

]]>
Кирби: САД се внимателно оптимистични за прекин на огнот во Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kirbi-sad-se-vnimatelno-optimistichni-za-prekin-na-ognot-vo-pojasot-gaza/ Thu, 11 Jul 2024 07:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=795653

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД се „внимателно оптимистични“ за преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

Ние сме внимателни оптимисти дека работите одат во вистинската насока. Сè уште има празнини меѓу двете страни (Израел и Хамас), но веруваме дека тие можат да се намалат, посочи Кирби.

Тој додаде дека претставникот на Белата куќа за Блискиот Исток, Брет Мекгурк и директорот на ЦИА, Бил Барнс се обидува да ги намалат разликите помеѓу Израел и Хамас.

The post Кирби: САД се внимателно оптимистични за прекин на огнот во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД се „внимателно оптимистични“ за преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа. Ние сме внимателни оптимисти дека работите одат во вистинската насока. Сè уште има празнини меѓу двете страни (Израел и Хамас), но веруваме дека тие можат да се намалат, посочи Кирби. Тој додаде дека претставникот на Белата куќа за Блискиот Исток, Брет Мекгурк и директорот на ЦИА, Бил Барнс се обидува да ги намалат разликите помеѓу Израел и Хамас.

The post Кирби: САД се внимателно оптимистични за прекин на огнот во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
САД му одговори на Нетанјаху: Целата Газа мора да остане палестинска земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-mu-odgovori-na-netanjahu-tselata-gaza-mora-da-ostane-palestinska-zemja/ Sat, 02 Dec 2023 08:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=718542

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, порача дека Газа мора да остане палестинска земја. Кирби додаде дека САД се противат на намалување на територијата на енклавата откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе се случи такво нешто.

Нетанјаху вчера му кажал на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Израел ќе воспостави безбедносна тампон зона „длабоко“ во Газа.

Не поддржуваме никакво било намалување на географските граници на Газа. Газа мора да остане палестинска земја и не може да биде намалена, изјави Кирби во обраќање до јавноста.

Некои медиуми, претходно јавија дека Израел информирал неколку арапски земји дека сака да воспостави тампон зона на палестинската страна од границата по завршувањето на војната.

The post САД му одговори на Нетанјаху: Целата Газа мора да остане палестинска земја appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, порача дека Газа мора да остане палестинска земја. Кирби додаде дека САД се противат на намалување на територијата на енклавата откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе се случи такво нешто. Нетанјаху вчера му кажал на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Израел ќе воспостави безбедносна тампон зона „длабоко“ во Газа.
Не поддржуваме никакво било намалување на географските граници на Газа. Газа мора да остане палестинска земја и не може да биде намалена, изјави Кирби во обраќање до јавноста.
Некои медиуми, претходно јавија дека Израел информирал неколку арапски земји дека сака да воспостави тампон зона на палестинската страна од границата по завршувањето на војната.

The post САД му одговори на Нетанјаху: Целата Газа мора да остане палестинска земја appeared first on Република.

]]>
Кирби: САД работат на „безбеден премин“ за жителите на Газа, но нема напредок https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kirbi-sad-rabotat-na-bezbeden-premin-za-zhitelite-na-gaza-no-nema-napredok/ Wed, 11 Oct 2023 18:47:00 +0000 https://republika.mk/?p=690292

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека САД работат на создавање безбеден премин за жителите на Газа кои сакаат да побегнат од израелското бомбардирање, но нема напредок.

Активно разговараме за ова со нашите израелски и египетски колеги. Ние поддржуваме безбеден премин за цивилите. Цивилите не се виновни за она што го направи Хамас. Тие не направија ништо лошо, рече Кирби на брифинг.

Тој додаде дека бројот на загинати американски државјани во Израел се искачи на 22, а 17 се исчезнати.

Кирби избегна да одговори на прашањето дали американската влада се обиде да ја одврати израелската копнена операција во Газа.

Ќе оставиме Израелците да зборуваат за нивните воени операции, рече тој.

The post Кирби: САД работат на „безбеден премин“ за жителите на Газа, но нема напредок appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека САД работат на создавање безбеден премин за жителите на Газа кои сакаат да побегнат од израелското бомбардирање, но нема напредок. Активно разговараме за ова со нашите израелски и египетски колеги. Ние поддржуваме безбеден премин за цивилите. Цивилите не се виновни за она што го направи Хамас. Тие не направија ништо лошо, рече Кирби на брифинг. Тој додаде дека бројот на загинати американски државјани во Израел се искачи на 22, а 17 се исчезнати. Кирби избегна да одговори на прашањето дали американската влада се обиде да ја одврати израелската копнена операција во Газа. Ќе оставиме Израелците да зборуваат за нивните воени операции, рече тој.

The post Кирби: САД работат на „безбеден премин“ за жителите на Газа, но нема напредок appeared first on Република.

]]>
САД потврдија дека им ги дале касетните бомби на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-potvrdija-deka-im-gi-dale-kasetnite-bombi-na-ukraina/ Thu, 20 Jul 2023 20:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=663724

Касетната муниција испорачана од САД е во рацете на Украина и распоредена на терен, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.

„Добивме некои првични повратни информации од Украинците и тие ја користат доста ефикасно“, рече Кирби на брифинг со новинарите.

Тој додаде дека касетната муниција влијае на руските одбранбени формации и маневрирање.

Украина се обврза дека ќе користи касетни бомби само за да ги отстрани концентрациите на руски непријателски војници.

Касетната муниција, која е забранета во повеќе од 100 земји, обично ослободува голем број помали бомби кои можат неселективно да убијат на голема површина. Оние што не експлодираат се опасност со децении.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за употреба на касетни бомби во конфликтот предизвикан од руската инвазија во февруари 2022 година.

The post САД потврдија дека им ги дале касетните бомби на Украина appeared first on Република.

]]>

Касетната муниција испорачана од САД е во рацете на Украина и распоредена на терен, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.
„Добивме некои првични повратни информации од Украинците и тие ја користат доста ефикасно“, рече Кирби на брифинг со новинарите.
Тој додаде дека касетната муниција влијае на руските одбранбени формации и маневрирање. Украина се обврза дека ќе користи касетни бомби само за да ги отстрани концентрациите на руски непријателски војници. Касетната муниција, која е забранета во повеќе од 100 земји, обично ослободува голем број помали бомби кои можат неселективно да убијат на голема површина. Оние што не експлодираат се опасност со децении. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за употреба на касетни бомби во конфликтот предизвикан од руската инвазија во февруари 2022 година.

The post САД потврдија дека им ги дале касетните бомби на Украина appeared first on Република.

]]>
Кирби: САД и понатаму ќе оперираат во водите на Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kirbi-sad-i-ponatamu-ke-operiraat-vo-vodite-na-tsrnoto-more/ Tue, 14 Mar 2023 18:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=619673

САД оперираат во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа.

Изјавата на Кирби доаѓа откако два руски ловци Су-27 принудија американски дрон М-Кју 9 „Рипер“ да се урне во водите на Црното Море.

Ќе оперираме и понатаму во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави тој на денешниот телефонски брифинг за новинарите.

Пентагон инцидентот го опиша како „непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување“ на Русија.

Руски и американски воздухоплови се активни над Црното Море од почетокот на војната, но ова е прв таков инцидент со потенцијал да ја ескалира ситуацијата меѓу двете конфронтирани страни, во време кога се водат борби во источна Украина.

The post Кирби: САД и понатаму ќе оперираат во водите на Црното Море appeared first on Република.

]]>

САД оперираат во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа. Изјавата на Кирби доаѓа откако два руски ловци Су-27 принудија американски дрон М-Кју 9 „Рипер“ да се урне во водите на Црното Море.
Ќе оперираме и понатаму во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави тој на денешниот телефонски брифинг за новинарите.
Пентагон инцидентот го опиша како „непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување“ на Русија. Руски и американски воздухоплови се активни над Црното Море од почетокот на војната, но ова е прв таков инцидент со потенцијал да ја ескалира ситуацијата меѓу двете конфронтирани страни, во време кога се водат борби во источна Украина.

The post Кирби: САД и понатаму ќе оперираат во водите на Црното Море appeared first on Република.

]]>
САД ги повлекува воените бродови од Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-gi-povlekuva-voenite-brodovi-od-crnoto-more/ Thu, 31 Mar 2022 07:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=481199

САД ги повлекуваат своите воени бродови од Црното Море.

Според портпаролот на Пентагон Џон Кирби, американската воена команда ги распоредила бродовите како мерка на претпазливост кога увидела дека руската воена операција во Украина „станува неизбежна“, пренесе агенцијата РИА Новости.

Нека им биде јасно на сите: САД немаат интерес да предизвикаат конфликт со каква било одлука за распоредување сили - порача Кирби.

Тој додаде дека засега нема детали за времето на враќање на американските бродови во Црното Море.

The post САД ги повлекува воените бродови од Црното Море appeared first on Република.

]]>

САД ги повлекуваат своите воени бродови од Црното Море. Според портпаролот на Пентагон Џон Кирби, американската воена команда ги распоредила бродовите како мерка на претпазливост кога увидела дека руската воена операција во Украина „станува неизбежна“, пренесе агенцијата РИА Новости.
Нека им биде јасно на сите: САД немаат интерес да предизвикаат конфликт со каква било одлука за распоредување сили - порача Кирби.
Тој додаде дека засега нема детали за времето на враќање на американските бродови во Црното Море.

The post САД ги повлекува воените бродови од Црното Море appeared first on Република.

]]>
На Пентагон не му е јасно зошто руските сили употребиле хиперсонични ракети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-pentagon-ne-mu-e-jasno-zoshto-ruskite-sili-upotrebile-hipersonichni-raketi/ Wed, 23 Mar 2022 07:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=476929

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека САД не разбраат зошто руските вооружени сили одлучиле да употребат хиперсонична ракета за време на воената акција во Украина.

Кирби за време на прес-конференцијата потврди дека во најмалку еден случај била истрелана руска хиперсонична ракета.

Интересно е што тоа го избраа во нападот врз фиксната градба. Кога ќе го погледнете опсегот на хиперсонични проектили и релативно блиската цел, тешко е да се знае кое е точното оправдување за тоа. Нејасно е кои биле нивните намери - изјави Кирби.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, претходно соопшти дека руските сили користеле хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина.

The post На Пентагон не му е јасно зошто руските сили употребиле хиперсонични ракети appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека САД не разбраат зошто руските вооружени сили одлучиле да употребат хиперсонична ракета за време на воената акција во Украина. Кирби за време на прес-конференцијата потврди дека во најмалку еден случај била истрелана руска хиперсонична ракета.
Интересно е што тоа го избраа во нападот врз фиксната градба. Кога ќе го погледнете опсегот на хиперсонични проектили и релативно блиската цел, тешко е да се знае кое е точното оправдување за тоа. Нејасно е кои биле нивните намери - изјави Кирби.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, претходно соопшти дека руските сили користеле хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина.

The post На Пентагон не му е јасно зошто руските сили употребиле хиперсонични ракети appeared first on Република.

]]>
Американското разузнавање: Нема индикации за вклучување на белоруската армија во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskoto-razuznavanje-nema-indikacii-za-vkluchuvanje-na-beloruskata-armija-vo-ukraina/ Thu, 03 Mar 2022 07:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=466740

Министерството за одбрана на САД не гледа индикации дека армијата на Белорусија се вклучува или се подготвува за ангажман во воените дејствија во Украина.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, пред медиумите уште рече дека американското разузнавање не поседува ниту индикации дека руската армија прераспоредува воени засилувања. Според него, руската армија уште од есента распоредила околу 150.000 војници на границата со Украина од кои повеќето се ангажирани во воените дејствија во моментот во Украина.

Руските сили како да го загубија моментумот, но тоа не значи дека немаат сила на располагање. Сепак, и Украинците сè уште располагаат со доста од своите борбени капацитети, рече портпаролот на Пентагон.

Кирби оцени дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште има опции на располагање за да се спречи најлошото сценарио.

Тој сè уште може да избере согласност за прекин на огнот. Тој се уште може да ги повлече своите трупи. Тој може да придонесе за деескалација на состојбите, рече Кирби.

Истовремено изрази уверување дека иднината на Украина треба да зависи од украинскиот народ што, како што рече, прилично јасно го демонстрира со отпорот што го дава на неиспровоцираната и незаконската инвазија.

The post Американското разузнавање: Нема индикации за вклучување на белоруската армија во Украина appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на САД не гледа индикации дека армијата на Белорусија се вклучува или се подготвува за ангажман во воените дејствија во Украина. Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, пред медиумите уште рече дека американското разузнавање не поседува ниту индикации дека руската армија прераспоредува воени засилувања. Според него, руската армија уште од есента распоредила околу 150.000 војници на границата со Украина од кои повеќето се ангажирани во воените дејствија во моментот во Украина. Руските сили како да го загубија моментумот, но тоа не значи дека немаат сила на располагање. Сепак, и Украинците сè уште располагаат со доста од своите борбени капацитети, рече портпаролот на Пентагон. Кирби оцени дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште има опции на располагање за да се спречи најлошото сценарио. Тој сè уште може да избере согласност за прекин на огнот. Тој се уште може да ги повлече своите трупи. Тој може да придонесе за деескалација на состојбите, рече Кирби. Истовремено изрази уверување дека иднината на Украина треба да зависи од украинскиот народ што, како што рече, прилично јасно го демонстрира со отпорот што го дава на неиспровоцираната и незаконската инвазија.

The post Американското разузнавање: Нема индикации за вклучување на белоруската армија во Украина appeared first on Република.

]]>