Џој Фест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzoj-fest/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 12:36:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џој Фест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzoj-fest/ 32 32 Калиопи вечерва во Крива Паланка: Гостувањето на „Џој Фест“ за мене е празник за душа https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/kaliopi-vecherva-vo-kriva-palanka-gostuvaneto-na-dhoj-fest-za-mene-e-praznik-za-dusha/ Sat, 24 Aug 2024 13:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=808729

Ќе биде незаборавна ноќ за сите нас, порача Калиопи пред настапот на „Џој фест“ во Крива Паланка.

Во сабота, на 24 август Калиопи по подолго време ќе настапи на градскиот плоштад во Крива Паланка! Настапот е во рамките на музикиот фестивал „Џој фест“, кој гoдинава се организира по 11 пат. На овој долгоочекуван музички спектакл на Калиопи не се радува само публиката, туку и Калиопи, која вети незаборавна ноќ.

Гостувањето на „Џој Фест“ во Крива Паланка за мене е празник за душа. Едвај го чекаме концертот, бидејќи знаеме дека тоа ќе биде незаборавна ноќ за сите нас. Сите мои средби со овој прекрасен град, врежани се како најубави сеќавања, бидејќи Крива Паланка е соткаена со многу природни убавини, добри луѓе и секако, верувам дека ќе биде и одличен домаќин и ова лето за сите посетители овој викенд, желни за добра забава, рече Калиопи пред концертот.

По минатогодишниот јубилеј, за која журка се уште се зборува, оваа година на програмата ќе бидат застапени претежно домашни музички ѕвезди. Првата вечер, на 23 август ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкверинг лајон“. Втората вечер, на 24 август фестивлот ќе го отворат „Кисити“, потоа ќе настапат „Парампарчад“, гостите од Црна Гора – „Бубњеви и пси“, а главната ѕвезда годинава ќе биде Калиопи, која ќе го затвори фестивалот.

Фото: Ани Дими

The post Калиопи вечерва во Крива Паланка: Гостувањето на „Џој Фест“ за мене е празник за душа appeared first on Република.

]]>

Ќе биде незаборавна ноќ за сите нас, порача Калиопи пред настапот на „Џој фест“ во Крива Паланка. Во сабота, на 24 август Калиопи по подолго време ќе настапи на градскиот плоштад во Крива Паланка! Настапот е во рамките на музикиот фестивал „Џој фест“, кој гoдинава се организира по 11 пат. На овој долгоочекуван музички спектакл на Калиопи не се радува само публиката, туку и Калиопи, која вети незаборавна ноќ.
Гостувањето на „Џој Фест“ во Крива Паланка за мене е празник за душа. Едвај го чекаме концертот, бидејќи знаеме дека тоа ќе биде незаборавна ноќ за сите нас. Сите мои средби со овој прекрасен град, врежани се како најубави сеќавања, бидејќи Крива Паланка е соткаена со многу природни убавини, добри луѓе и секако, верувам дека ќе биде и одличен домаќин и ова лето за сите посетители овој викенд, желни за добра забава, рече Калиопи пред концертот.
По минатогодишниот јубилеј, за која журка се уште се зборува, оваа година на програмата ќе бидат застапени претежно домашни музички ѕвезди. Првата вечер, на 23 август ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкверинг лајон“. Втората вечер, на 24 август фестивлот ќе го отворат „Кисити“, потоа ќе настапат „Парампарчад“, гостите од Црна Гора – „Бубњеви и пси“, а главната ѕвезда годинава ќе биде Калиопи, која ќе го затвори фестивалот. Фото: Ани Дими

The post Калиопи вечерва во Крива Паланка: Гостувањето на „Џој Фест“ за мене е празник за душа appeared first on Република.

]]>
Здравко Чолиќ направи спектакл на „Џој фест“ во Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zdravko-cholik-napravi-spektakl-na-dhoj-fest-vo-kriva-palanka/ Tue, 29 Aug 2023 09:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=676854

„Џој фест“ на најубав можен начин го прослави 10 роденден! Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, кој во градот се врати по 50 години и направи концерт за паметење!

Крива Паланка беше место каде се слеваа луѓе, не само паланчани, туку и од многу други градови од државава, од Бугарија и Србија. Колони автомобили во попладневните часови почнаа да се слеваат од сите страни, а водеа до едно место, градскиот стадион, каде вчера и завчера се одржуваше Joy фест. Градските улици беа преполни со луѓе, беа направени пешачка зона, обиколницата беше преплавена од автомобили,  а градскиот стадион како никогаш досега наполнет до последното место. Крива Паланка собра публика три пати повеќе отколку што има жители. Над 30.000 илјади распеани, кои ги пофали и самиот Чола на социјалните мрежи.

Но, и покрај толку многу народ организацијата беше беспрекорна, немаше никаков застој, се беше под конец, а за тоа добија пофалби и од самите изведувачи, кои исто така беа пријатно изненадени како функционира се како треба, а на крајот можеби и најважното- се се заврши без ниеден инцидент. Навистина Крива Паланка одржа лекции за беспрекорно организирање манифестации. И не само тоа, веќе следниот ден после толку многу луѓе се беше беспрекорно чисто, и стадионот, и градот.

Во неделата журката ја поча „Фјужн“, а по нив настапија ДНК, кои дојдоа да ги поддржат сите генерации, а по нив своите безвременски хитови ги отпеа Владо Георгиев. Вчера, пак, фестивалот го отворија „Нокаут“, кои се заблагодарија на публиката за поддршката и , како што рече Пере, што ја сакаат македонската авторска музика.

И по „Нокаут“ почна три часовното лудило со безвременските хитови на Чола. Професионалец до крај, ја натера публиката да не престане да пее и игра. Неколку пати потенцираше дека е среќен што вчера е токму во Крива Паланка и заедно со сите да го прослави големиот христијански празник „Богородица“.

Насмеан, праќаше бакнежи во публиката, ја оставаше во хор да му ги пее песните. Чола уште еднаш покажа дека годините не му можат ништо... Дека половина век со ист интензитет ја држи публиката од сите генерации. А публиката му возврати со тоа што и по три часа не сакаше да го пушти да си оди и го враќаше на бис.

Но, како и да е концертот мораше да заврши, за да настапи диџеј Галоски, на задоволство на помладата генерација.

Лугето си заминуваа насмеани, среќни и полни со позитивна енергија. Си заминуваа со коментарите дека ваква убавина на Крива Паланка одамна не и се случила... Дека се радуваат што последниве години нивниот град се споменува само по убави вести.....

 

 

The post Здравко Чолиќ направи спектакл на „Џој фест“ во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

„Џој фест“ на најубав можен начин го прослави 10 роденден! Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, кој во градот се врати по 50 години и направи концерт за паметење! Крива Паланка беше место каде се слеваа луѓе, не само паланчани, туку и од многу други градови од државава, од Бугарија и Србија. Колони автомобили во попладневните часови почнаа да се слеваат од сите страни, а водеа до едно место, градскиот стадион, каде вчера и завчера се одржуваше Joy фест. Градските улици беа преполни со луѓе, беа направени пешачка зона, обиколницата беше преплавена од автомобили,  а градскиот стадион како никогаш досега наполнет до последното место. Крива Паланка собра публика три пати повеќе отколку што има жители. Над 30.000 илјади распеани, кои ги пофали и самиот Чола на социјалните мрежи. Но, и покрај толку многу народ организацијата беше беспрекорна, немаше никаков застој, се беше под конец, а за тоа добија пофалби и од самите изведувачи, кои исто така беа пријатно изненадени како функционира се како треба, а на крајот можеби и најважното- се се заврши без ниеден инцидент. Навистина Крива Паланка одржа лекции за беспрекорно организирање манифестации. И не само тоа, веќе следниот ден после толку многу луѓе се беше беспрекорно чисто, и стадионот, и градот. Во неделата журката ја поча „Фјужн“, а по нив настапија ДНК, кои дојдоа да ги поддржат сите генерации, а по нив своите безвременски хитови ги отпеа Владо Георгиев. Вчера, пак, фестивалот го отворија „Нокаут“, кои се заблагодарија на публиката за поддршката и , како што рече Пере, што ја сакаат македонската авторска музика. И по „Нокаут“ почна три часовното лудило со безвременските хитови на Чола. Професионалец до крај, ја натера публиката да не престане да пее и игра. Неколку пати потенцираше дека е среќен што вчера е токму во Крива Паланка и заедно со сите да го прослави големиот христијански празник „Богородица“. Насмеан, праќаше бакнежи во публиката, ја оставаше во хор да му ги пее песните. Чола уште еднаш покажа дека годините не му можат ништо... Дека половина век со ист интензитет ја држи публиката од сите генерации. А публиката му возврати со тоа што и по три часа не сакаше да го пушти да си оди и го враќаше на бис. Но, како и да е концертот мораше да заврши, за да настапи диџеј Галоски, на задоволство на помладата генерација. Лугето си заминуваа насмеани, среќни и полни со позитивна енергија. Си заминуваа со коментарите дека ваква убавина на Крива Паланка одамна не и се случила... Дека се радуваат што последниве години нивниот град се споменува само по убави вести.....    

The post Здравко Чолиќ направи спектакл на „Џој фест“ во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Аца Лукас не е дел од „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите, вели градоначалникот на Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aca-lukas-ne-e-del-od-dzoj-fest-kje-pee-za-denot-na-rudarite-veli-gradonachalnikot-na-kriva-palanka/ Thu, 18 Aug 2022 09:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=541619

Откако Министерството за култура објави дека нема да префрли средства на Општина Крива Паланка за организирање на музичкиот фестивал „Џој Фест“, бидејќи ќе настапи Аца Лукас, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, уверува дека настапот на српскиот турбо-фолк пејач е во чест на Денот на рударите, како и по повод 29 август, прославата на патрон-празникот на градот и чествувањето на светецот –закрилник на оваа општина, Јоаким Осоговски.

Парите од Министерство за култура не се префрлени на сметка на општината, досега само е склучен договор. Настапите на сите учесници на „Џој Фест“, кои се исклучиво македонски изведувачи, како и концертот на Аца Лукас, веќе се платени од спонзори. Министерство за култура не мора да ги префрла предвидените средства, иако станува збор за недоразбирање. Тие средства, вкупно 153.000 денари секако беа наменети за македонските пејачи кои ќе настапат на „Џој Фест“: Каролина Гочева, Бени „Нон Стоп“, Гоце Саф, „Бас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив тие 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, поради што бројни спонзори и донатори обезбедија средства и овие пејачи веќе исплатени – вели Митовски.

Основан како рок-фестивал, „Џој Фест“ годинава ќе се одржи по деветти пат, по две години пауза поради ковид-пандемијата. Иницијативата за формирање на фестивалот е од група музичари од градот кои го отстапија на органзиација на Општина Крива Паланка.

Годинашниот фестивал е дел од „Кривопаланечко културно лето 2022“ поддржано од Министерство за култура, Општина Крива Паланка, Националан установа Центар за култура Крива Паланка, Локална установа Градски музеј Крива Паланка, со поддршка и од Европска куќа Крива Паланка на дел од настаните.

 

The post Аца Лукас не е дел од „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите, вели градоначалникот на Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Откако Министерството за култура објави дека нема да префрли средства на Општина Крива Паланка за организирање на музичкиот фестивал „Џој Фест“, бидејќи ќе настапи Аца Лукас, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, уверува дека настапот на српскиот турбо-фолк пејач е во чест на Денот на рударите, како и по повод 29 август, прославата на патрон-празникот на градот и чествувањето на светецот –закрилник на оваа општина, Јоаким Осоговски.
Парите од Министерство за култура не се префрлени на сметка на општината, досега само е склучен договор. Настапите на сите учесници на „Џој Фест“, кои се исклучиво македонски изведувачи, како и концертот на Аца Лукас, веќе се платени од спонзори. Министерство за култура не мора да ги префрла предвидените средства, иако станува збор за недоразбирање. Тие средства, вкупно 153.000 денари секако беа наменети за македонските пејачи кои ќе настапат на „Џој Фест“: Каролина Гочева, Бени „Нон Стоп“, Гоце Саф, „Бас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив тие 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, поради што бројни спонзори и донатори обезбедија средства и овие пејачи веќе исплатени – вели Митовски.
Основан како рок-фестивал, „Џој Фест“ годинава ќе се одржи по деветти пат, по две години пауза поради ковид-пандемијата. Иницијативата за формирање на фестивалот е од група музичари од градот кои го отстапија на органзиација на Општина Крива Паланка. Годинашниот фестивал е дел од „Кривопаланечко културно лето 2022“ поддржано од Министерство за култура, Општина Крива Паланка, Националан установа Центар за култура Крива Паланка, Локална установа Градски музеј Крива Паланка, со поддршка и од Европска куќа Крива Паланка на дел од настаните.  

The post Аца Лукас не е дел од „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите, вели градоначалникот на Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Министерството за култура ги стопира парите за „Џој фест“ бидејќи организаторот не кажал оти ќе пее Аца Лукас https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-gi-stopira-parite-za-dzoj-fest-bidejkji-organizatorot-ne-kazal-oti-kje-pee-aca-lukas/ Wed, 17 Aug 2022 11:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=541362

Министерството за култура ги стопира парите за „Џој фест“ во Крива Паланка, бидејќи организаторот не кажал оти ќе пее Аца Лука, како што објавија медиумите.

Буџетските средства наменети за Здружението за културни и уметнички дејности „Џој Фест" од Крива Паланка, ќе бидат стопирани, бидејќи во апликацијата до Министерството за култура беа наведени други изведувачи, а не познат турбо-фолк пејач од Србија, се вели во реакцијата на Министерството за култура.

Популарниот српски турбо-фолкер Аца Лукас доаѓа во Крива Паланка на 28-ми август и ќе има концерт во склоп на фестивалот Џој фест 2022. Истата вечер на сцената ќе се појават и Црвена Јабука и диџеј Гоце, а пак вечерта пред тоа, на 27-ми август, ќе настапат Каролина Гочева, Бени и „Нон Стоп“ и „Брас Брадрс“.

Ова е деветто издание на Фестивалот, кој имаше две години пауза поради пандемијата со коронавирусот. Претходно, на Фестивалот гостуваа Влатко Стефановски, „Ареа“, „Ван Гог“, „Рибља Чорба“, „Студени нозе“, „Нокаут“, Бајага и Инструктори, Ален Исламовиќ и други.

Организаторите на фестивалот годинава добија 153.000 денари од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Но, поради непочитување на критериумите и вметнување на турбо-фолк пејач во програмата, тие нема да ги добијат овие средства, велат од Министерството за култура.

Оттаму велат дека кога Министерството за култура ги објави резултатите од Конкурсот во февруари годинава, појасни, дека предност имале проекти кои промовираат култура, посебно на домашните уметници.

„Џој фест“ е во рамките на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2022″ која ја организираат Општина Крива Паланка, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, во соработка со повеќе локални здруженија од областа на културата и уметноста, а е финансирана од Општина Крива Паланка, Министерство за култура на Македонија, како и останати поддржувачи.

 

The post Министерството за култура ги стопира парите за „Џој фест“ бидејќи организаторот не кажал оти ќе пее Аца Лукас appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура ги стопира парите за „Џој фест“ во Крива Паланка, бидејќи организаторот не кажал оти ќе пее Аца Лука, како што објавија медиумите. Буџетските средства наменети за Здружението за културни и уметнички дејности „Џој Фест" од Крива Паланка, ќе бидат стопирани, бидејќи во апликацијата до Министерството за култура беа наведени други изведувачи, а не познат турбо-фолк пејач од Србија, се вели во реакцијата на Министерството за култура. Популарниот српски турбо-фолкер Аца Лукас доаѓа во Крива Паланка на 28-ми август и ќе има концерт во склоп на фестивалот Џој фест 2022. Истата вечер на сцената ќе се појават и Црвена Јабука и диџеј Гоце, а пак вечерта пред тоа, на 27-ми август, ќе настапат Каролина Гочева, Бени и „Нон Стоп“ и „Брас Брадрс“. Ова е деветто издание на Фестивалот, кој имаше две години пауза поради пандемијата со коронавирусот. Претходно, на Фестивалот гостуваа Влатко Стефановски, „Ареа“, „Ван Гог“, „Рибља Чорба“, „Студени нозе“, „Нокаут“, Бајага и Инструктори, Ален Исламовиќ и други.
Организаторите на фестивалот годинава добија 153.000 денари од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Но, поради непочитување на критериумите и вметнување на турбо-фолк пејач во програмата, тие нема да ги добијат овие средства, велат од Министерството за култура.
Оттаму велат дека кога Министерството за култура ги објави резултатите од Конкурсот во февруари годинава, појасни, дека предност имале проекти кои промовираат култура, посебно на домашните уметници. „Џој фест“ е во рамките на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2022″ која ја организираат Општина Крива Паланка, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, во соработка со повеќе локални здруженија од областа на културата и уметноста, а е финансирана од Општина Крива Паланка, Министерство за култура на Македонија, како и останати поддржувачи.  

The post Министерството за култура ги стопира парите за „Џој фест“ бидејќи организаторот не кажал оти ќе пее Аца Лукас appeared first on Република.

]]>