Џијан Емин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzijan-emin/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 08:05:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џијан Емин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dzijan-emin/ 32 32 Светската ѕвезда Курт Елинг ќе одржи концерт со Националниот џез-оркестар во Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/svetskata-zvezda-kurt-eling-ke-odrzhi-kontsert-so-natsionalniot-dhez-orkestar-vo-skopje/ Wed, 15 May 2024 08:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=778173

Во Македонскиот народен театар, вечерва со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на џез вокалистот Курт Елинг со Националниот џез оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин.

Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две награди за најдобар вокален џез албум за изданијата „Dedicated to you“ издаден во 2009 година, како и „Secrets are the best story“, издаден во 2021 година.

Во 2012 година е прогласен за прв почесен џез амбасадор на Шлезискиот џез фестивал во Полска, а добитник е и на германската награда Ехо џез и Шкотската награда за џез – меѓународна категорија. Во 2013 година е прогласен за Меѓународен џез -изведувач на годината на доделувањето на наградите „Jazz FM Awards“.

Во текот на својата кариера соработува и снима со Вејн Шортер, Данило Перез, Дејвид Амрам, Ренди Бахман, Боб Белден, Џоан Бракин, Оскар Браун Џуниор, Џоди Кристијан, Били Корган, Орберт Дејвис, Џорџ Фримен, Бади Гај, Јон Хендрикс, Чарли Хантер, Боб Минцер, Бред Мелдау, Ли Ритенур, Џон Пицарели и Боб Шепард. Покрај неговиот бенд со кој најчесто настапува, Курт Елинг бил и член на Квартетот на Бранфорд Марсалис.

Билетите за концертот може да се набават онлајн на страната на МНТ, како и на билетарницата на МНТ.

The post Светската ѕвезда Курт Елинг ќе одржи концерт со Националниот џез-оркестар во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Македонскиот народен театар, вечерва со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на џез вокалистот Курт Елинг со Националниот џез оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин. Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две награди за најдобар вокален џез албум за изданијата „Dedicated to you“ издаден во 2009 година, како и „Secrets are the best story“, издаден во 2021 година. Во 2012 година е прогласен за прв почесен џез амбасадор на Шлезискиот џез фестивал во Полска, а добитник е и на германската награда Ехо џез и Шкотската награда за џез – меѓународна категорија. Во 2013 година е прогласен за Меѓународен џез -изведувач на годината на доделувањето на наградите „Jazz FM Awards“. Во текот на својата кариера соработува и снима со Вејн Шортер, Данило Перез, Дејвид Амрам, Ренди Бахман, Боб Белден, Џоан Бракин, Оскар Браун Џуниор, Џоди Кристијан, Били Корган, Орберт Дејвис, Џорџ Фримен, Бади Гај, Јон Хендрикс, Чарли Хантер, Боб Минцер, Бред Мелдау, Ли Ритенур, Џон Пицарели и Боб Шепард. Покрај неговиот бенд со кој најчесто настапува, Курт Елинг бил и член на Квартетот на Бранфорд Марсалис. Билетите за концертот може да се набават онлајн на страната на МНТ, како и на билетарницата на МНТ.  

The post Светската ѕвезда Курт Елинг ќе одржи концерт со Националниот џез-оркестар во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Диши љубов“ и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ по текст на Славко Јаневски вечерва во „Кафе литература“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dishi-lubov-i-stsensko-muzichkiot-performans-ulitsa-po-tekst-na-slavko-janevski-vecherva-vo-kafe-literatura/ Fri, 19 Apr 2024 11:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=767999

Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ („Дајмонд мол“), вечерва, (19 април), со почеток во 21 часот, публиката ќе ужива во авторска музика, мешавина на рок и џез, на Џијан Емин, со текстови од Славко Јаневски и Тина Иванова.

Групата „Шлиц“, која ја предводи Џијан Емин, ќе ја видиме во една поинаква светлина со сосема нов, автентичен и уникатен проект преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова, и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски.

„Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана на американското и на британското музичко поднебје.

Настапуваат: Џијан Емин – гитара и вокал, Драган Гиновски-Гино – гитара, Георги Шарески – гитара, Дарко Мучев-Мучо – бас-гитара и Гоце Стевковски – тапани.

The post „Диши љубов“ и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ по текст на Славко Јаневски вечерва во „Кафе литература“ appeared first on Република.

]]>

Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ („Дајмонд мол“), вечерва, (19 април), со почеток во 21 часот, публиката ќе ужива во авторска музика, мешавина на рок и џез, на Џијан Емин, со текстови од Славко Јаневски и Тина Иванова. Групата „Шлиц“, која ја предводи Џијан Емин, ќе ја видиме во една поинаква светлина со сосема нов, автентичен и уникатен проект преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова, и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски. „Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана на американското и на британското музичко поднебје. Настапуваат: Џијан Емин – гитара и вокал, Драган Гиновски-Гино – гитара, Георги Шарески – гитара, Дарко Мучев-Мучо – бас-гитара и Гоце Стевковски – тапани.

The post „Диши љубов“ и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ по текст на Славко Јаневски вечерва во „Кафе литература“ appeared first on Република.

]]>
Читаме џез со Џијан Емин https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/chitame-dhez-so-dhijan-emin/ Fri, 08 Mar 2024 09:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=752335

Овој петок 08.03 од 21:00, во Cafè Literatura (Дајмонд мол), ќе се слават достигнувањата на жените низ историјата со посебна програма подготвена од Џијан Емин.

На репертоарот се најзначајните и најпопуларните џез стандарди од историјата на џезот, нотирани и забележани во книгата која што е тестамент на оваа значајна ера од музичката историја - The Great American Songbook.

Очекуваме на оваа концертна сесија стандардниот репертоар да стане не-толку-стандарден преку аранжманските и импровизациски идеи кои ќе ни ги претстават:

Џијан Емин - вокал
Иван Иванов - тенор саксофон
Гордан Спасовски - пијано
Кирил Туфекчиевски - контрабас
Виктор Филиповски - тапани

Дел од репертоарот се: Angel Eyes, How Insensitive, A Love Supreme, A Night In Tunisia, My Favourite Things, Caravan, It Don't Mean A Thing..., информираат организаторите.

The post Читаме џез со Џијан Емин appeared first on Република.

]]>

Овој петок 08.03 од 21:00, во Cafè Literatura (Дајмонд мол), ќе се слават достигнувањата на жените низ историјата со посебна програма подготвена од Џијан Емин.

На репертоарот се најзначајните и најпопуларните џез стандарди од историјата на џезот, нотирани и забележани во книгата која што е тестамент на оваа значајна ера од музичката историја - The Great American Songbook.

Очекуваме на оваа концертна сесија стандардниот репертоар да стане не-толку-стандарден преку аранжманските и импровизациски идеи кои ќе ни ги претстават:

Џијан Емин - вокал Иван Иванов - тенор саксофон Гордан Спасовски - пијано Кирил Туфекчиевски - контрабас Виктор Филиповски - тапани

Дел од репертоарот се: Angel Eyes, How Insensitive, A Love Supreme, A Night In Tunisia, My Favourite Things, Caravan, It Don't Mean A Thing..., информираат организаторите.

The post Читаме џез со Џијан Емин appeared first on Република.

]]>
Со настанот „Читаме џез“ вечерва почнуваат петочните сесии во кафе „Литература“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/so-nastanot-chitame-dhez-vecherva-pochnuvaat-petochnite-sesii-vo-kafe-literatura/ Fri, 23 Feb 2024 15:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=747523

Од вечерва, 23 февраури, со настанот „Читаме џез“ па секој иден петок ќе се одржуваат петочни сесии во кафе „Литература“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје. Низата од музучки настани е во организација на издавачката куќа „Литература,мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“.

Петочните сесии почнуваат со настанот „Читаме џез“ и Џијан Емин, кој е препознатлив по својот автентичен и оригинален музички израз и секогаш забавните и енергични настапи. Посетителите ќе можат да уживаат во неговите добро познати музички интерпретации на редовниот репертоар на музички настани на кафе „Литература“, секој втор петок. Емин е диригент на новооснованиот Национален џез-оркестар, како и композитор, аранжер и оркестратор на повеќе значајни проекти на Националниот џез-оркестар, Македонската филхармонија, неговиот авторски проект „Магичен оркестар“ и многу други, кажаа денеска на средбата со новинарите одговорите од „Литература.мк“.

Свирките ќе почнуваат во 21 часот и ќе бидат од отворен карактер. Вечерва Емин ќе настапи заедно со Гоце Стевковски, Кирил Кузманов и Оливер Јосифовски.

Мисијата е, како што велат од „Литература.мк“, организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе можат да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата.

Овие музички настани ќе ја слават динамичната врска помеѓу литературата и музиката. Новиот концепт ќе ја слави симбиотската врска помеѓу литературата и музиката, како две од најголемите уметнички форми што ја трансформираат глобалната култура.

Во обид да ја збогатиме градската програма и да ја едуцираме публиката, создадовме квалитетен музички репертоар што ќе го размрда скопското секојдневие. Воодушевени сме што имаме неверојатни музички имиња како што е Џијан Емин, кој настапува на лансирањето на новата мисија на ’Литература.мк‘ и ’Џез ФМ‘, подигнувајќи ја уметничката вредност на музичките сесии. Исклучително ќе се посветиме да ги донесеме сите домашни креативни гении чија дарба ќе живее низ сите нас“, истакнаа од „Литература.мк“.

„Џез ФМ“ е најстарото и единствено радио кај нас за промоција на џез-музиката и сродните жанрови. Ова скопско радио ќе стане достапно и за пошироката публика, на ниво на целата држава, како и интернационално, преку воведување на онлајн-стриминг на пет посебни канали. Секој канал ќе биде внимателно и тематски обработен да ги задоволува аудиторните потреби на љубителите на џез, блуз, фанк и соул.

„Џез ФМ“ е посветено и на едукација на младата публика и претставување на новата музика. Преку емисии и настани посветени кон помладата генерација, ќе се претстави новата џез-сцена и ќе се промовира слободната урбана мисла што е темел на џез-музиката, велат од „Џез ФМ“.

The post Со настанот „Читаме џез“ вечерва почнуваат петочните сесии во кафе „Литература“ appeared first on Република.

]]>

Од вечерва, 23 февраури, со настанот „Читаме џез“ па секој иден петок ќе се одржуваат петочни сесии во кафе „Литература“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје. Низата од музучки настани е во организација на издавачката куќа „Литература,мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“.
Петочните сесии почнуваат со настанот „Читаме џез“ и Џијан Емин, кој е препознатлив по својот автентичен и оригинален музички израз и секогаш забавните и енергични настапи. Посетителите ќе можат да уживаат во неговите добро познати музички интерпретации на редовниот репертоар на музички настани на кафе „Литература“, секој втор петок. Емин е диригент на новооснованиот Национален џез-оркестар, како и композитор, аранжер и оркестратор на повеќе значајни проекти на Националниот џез-оркестар, Македонската филхармонија, неговиот авторски проект „Магичен оркестар“ и многу други, кажаа денеска на средбата со новинарите одговорите од „Литература.мк“.
Свирките ќе почнуваат во 21 часот и ќе бидат од отворен карактер. Вечерва Емин ќе настапи заедно со Гоце Стевковски, Кирил Кузманов и Оливер Јосифовски. Мисијата е, како што велат од „Литература.мк“, организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе можат да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата. Овие музички настани ќе ја слават динамичната врска помеѓу литературата и музиката. Новиот концепт ќе ја слави симбиотската врска помеѓу литературата и музиката, како две од најголемите уметнички форми што ја трансформираат глобалната култура.
Во обид да ја збогатиме градската програма и да ја едуцираме публиката, создадовме квалитетен музички репертоар што ќе го размрда скопското секојдневие. Воодушевени сме што имаме неверојатни музички имиња како што е Џијан Емин, кој настапува на лансирањето на новата мисија на ’Литература.мк‘ и ’Џез ФМ‘, подигнувајќи ја уметничката вредност на музичките сесии. Исклучително ќе се посветиме да ги донесеме сите домашни креативни гении чија дарба ќе живее низ сите нас“, истакнаа од „Литература.мк“.
„Џез ФМ“ е најстарото и единствено радио кај нас за промоција на џез-музиката и сродните жанрови. Ова скопско радио ќе стане достапно и за пошироката публика, на ниво на целата држава, како и интернационално, преку воведување на онлајн-стриминг на пет посебни канали. Секој канал ќе биде внимателно и тематски обработен да ги задоволува аудиторните потреби на љубителите на џез, блуз, фанк и соул.
„Џез ФМ“ е посветено и на едукација на младата публика и претставување на новата музика. Преку емисии и настани посветени кон помладата генерација, ќе се претстави новата џез-сцена и ќе се промовира слободната урбана мисла што е темел на џез-музиката, велат од „Џез ФМ“.

The post Со настанот „Читаме џез“ вечерва почнуваат петочните сесии во кафе „Литература“ appeared first on Република.

]]>
Концерт „Раат“ на Џијан Емин во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-raat-na-dzijan-emin-vo-filharmonija/ Thu, 01 Dec 2022 07:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=580304

Во Филхармонија вечер во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија. Концертот е електро-акустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите.

„Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван во препознатливиот авторски стил на композиторот Џијан Емин.

Најубавите работи во животот, љубовта, среќата, мирот, разумот, небото, морето, реките, планините, се бесплатни и не можат да се купат. Една од тие убави и важни работи е и раатот кој може да го создадеме исклучиво само ние самите. Раатот не можеш да го купиш, ниту да го излажеш или измамиш, не можеш да го предвидиш, можеш да флертуваш со него, но најдобро е да му се препуштиш потполно. Раатот ќе ти даде сила и љубов кога мислиш дека најмалку ја имаш. Ќе ти даде разум кога најмногу ти треба. Ќе ги намести срцето и душата на своите места. Сите си имаме свој раат, на различни места и во различни нешта, но чувството е исто – раат, велат од Филхармонија.

The post Концерт „Раат“ на Џијан Емин во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Во Филхармонија вечер во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија. Концертот е електро-акустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите. „Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван во препознатливиот авторски стил на композиторот Џијан Емин.
Најубавите работи во животот, љубовта, среќата, мирот, разумот, небото, морето, реките, планините, се бесплатни и не можат да се купат. Една од тие убави и важни работи е и раатот кој може да го создадеме исклучиво само ние самите. Раатот не можеш да го купиш, ниту да го излажеш или измамиш, не можеш да го предвидиш, можеш да флертуваш со него, но најдобро е да му се препуштиш потполно. Раатот ќе ти даде сила и љубов кога мислиш дека најмалку ја имаш. Ќе ти даде разум кога најмногу ти треба. Ќе ги намести срцето и душата на своите места. Сите си имаме свој раат, на различни места и во различни нешта, но чувството е исто – раат, велат од Филхармонија.
 
The post Концерт „Раат“ на Џијан Емин во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Со проекција на „Носферату, симфонија на стравот“ на Фридрих Вилхелм Мурнау и музичка придружба на Џијан Емин почнува Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-proekcija-na-nosferatu-simfonija-na-stravot-na-fridrih-vilhelm-murnau-i-muzichka-pridruzba-na-dzijan-emin-pochnuva-festivalot-na-nem-i-klasichen-film-vo-kinoteka/ Fri, 12 Aug 2022 15:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=539724

Со проекција на НОСФЕРАТУ, СИМФОНИЈА НА СТРАВОТ (Nosferatu, eine Symphonie des Grauens / Nosferatu, a Symphony of the Gray), филм на Фридрих Вилхелм Мурнау (Friedrich Wilhelm Murnau) од 1922 година, во музичка придружба на Џијан Емин, на 31 август (среда) во 20:00 ч. во летното кино, Кинотека го започнува годинешното издание на ФЕСТИВАЛОТ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ, кој ќе трае до 7 септември.

Во 14 термини ќе презентираме: три филма на типичниот претставник на германскиот експресионизам Мурнау; два со Бастер Китон (Buster Keaton), „човекот со каменото лице што го засмејуваше светот“ од ерата на немиот филм; мини-циклус на Рајнер Вернер Фасбиндер (Rainer Werner Fassbinder); по еден филм на француските авторски ведети Луј Мал (Louis Malle) и Клод Соте (Claude Sautet),; како и домашното документарно наследство – ФИЛМСКИ НОВОСТИ (1945-1948). На 7 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч., на последната вечер на ФЕСТИВАЛОТ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ, во летното кино ќе бидат прикажани три етнолошки филмови во чест на проф. д-р Вера Кличкова, по повод 111 години од нејзиното раѓање. Оваа проекција на филмовите РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ ВО ГЕВГЕЛИСКО, ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ и МАРИОВСКА СВАДБА е дел од проектот „Сезона на филмски класици“ (A Season Of Classic Films) на Асоцијацијата на европски кинотеки (Association des Cinematheques Europeennes / ACE), со чија финансиска помош, истите беа дигитализирани и дигитално реставрирани. Освен НОСФЕРАТУ, ќе ги видиме и филмовите ФАУСТ (Faust / Faust) и ПАТУВАЊЕ ВО НОЌТА (Der Gang in die Nacht / Journey into the Night) на Мурнау. Можеби ќе звучи како интересна паралела што актерот Вилхелм Дитерле, кој во филмот ФАУСТ го игра Валентин, братот на Гречен, во 30-те години од минатиот век емигрирал во САД и направил светска кариера како режисер и актер под името Вилијам Дитерле (William Dieterle). Во богатата кариера го режирал и ДУБРОВСКИ (1959; според истоимената новела на Александар С. Пушкин за руската варијанта на Робин Худ) под оригиналниот наслов ОДМАЗДНИКОТ (Il vendicatore / The Avenger) како копродукција помеѓу „Вардар филм – Скопје“ од Македонија и „Хеспериа филм – Рома“ од Италија. Во него, покрај актерите Џон Форсајт (за нашата публика најпознат по главната улога во некогаш мега-популарната ТВ серија „Династија“), Росана Скиафино, Пол Далке и Мерио Бернарди во главните улоги, играат и Илија Џувалековски, Драгомир Фелба, Дара Милошевиќ, Јован Јаниќиевиќ, Божидар Дрниќ, а во екипата на филмот учествувале и Ацо Петровски како директор на филмот, костимографката Мира Глишиќ, асистентите на режија Александар Ѓурчинов, Кочо Недков и Миомир Мики Стаменковиќ, потоа асистент снимател Љубе Петковски, асистент на сценографија Диме Шумка и организаторот на снимање Ристо Теофиловски-Риџвеј. Кога сме кај куриозитетите врзани со овој филм, хрониките забележале дека на аудицијата за главната женска улога се пријавила и Лени Рифенштал (Leni Riefenstahl), подоцна успешна актерка, но многу попозната како режисерка на пропагандните документарни филмови од периодот на нацистичка Германија (ТРИУМФ НА ВОЛЈАТА и ОЛИМПИЈА се нејзини најпознати наслови). Меѓутоа, била одбиена. Фасбиндер, пак, во неговиот краток и бурен живот (1945-1982) снимил 30 филмови во период од 12 години. Вљубеникот во холивудските мелодрами на Даглас Сирк (Douglas Sirk), во раната младост ќе ја „размрда“ германската и европската кинематографија со неговите бескомпромисни филмови. ЛИЛИ МАРЛЕН (Lili Marleen), БРАКОТ НА МАРИЈА БРАУН (Die Ehe der Maria Braun / The Marriage of Maria Braun), ЕФИ БРИСТ (Fontane Effi Briest / Effi Briest), КОПНЕЖОТ НА ВЕРОНИКА ФОС (Die Sehnsucht der Veronika Voss / Veronika Voss) и МАРТА (Martha) се изборот од неговата исклучителна филмографија за ова издание на ФЕСТИВАЛОТ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ, велат од Кинотека.

НОСФЕРАТУ, СИМФОНИЈА НА СТРАВОТ (Nosferatu, eine Symphonie des Grauens / Nosferatu, a Symphony of the Gray) Игран филм, Германија 1922, 81 мин., црно-бел, 16 мм Режија: Фридрих Вилхелм Мурнау (Friedrich Wilhelm Murnau) Сценарио: Хенрик Гален (Henrik Galeen) Улоги: Макс Шрек, Александер Гранах, Густав фон Вангенхајм, Грета Шредер (Max Schreck, Alexander Granach, Gustav von Wangenheim, Greta Schröder) Музичка придружба: Џијан Емин

Во германскиот град Визбург, 1838 година, агентот за недвижности Нок (Гранах) го испраќа својот соработник Хутер (фон Вангенхајм) во Трансилванија, во замокот на грофот Орлок (Шрек), кој сака да купи куќа наспроти домот на Хутер. Хутер ја остава сопругата Елен кај својот богат пријател и тргнува на пат, а кога пристига во Трансилванија, тамошните жители не сакаат да му помогнат да го превезат до замокот на грофот ниту да се приближат до зданието кое го сметаат за проклето. Кога некако ќе дојде до грофот, на Хутер му е необично што тој се однесува чудно и што состаноците ги одржува само ноќе. Хутер не знае дека грофот е вампир кој наскоро ќе го затвори во замокот и ќе замине во Визбург, носејќи со себе неколку мртовечки ковчези, полни со проклетата земја во која бил закопан. Хутер бега од замокот и веднаш тргнува назад кон Визбург, каде што ќе почнат да се случуваат тегобни и мрачни случки. НОСФЕРАТУ е слободна адаптација на романот ДРАКУЛА на Брем Стокер (Bram Stoker) од 1897 година, со изменети имиња на ликовите. НОСФЕРАТУ е првиот голем филмски успех на Мурнау, кој има свое место во историјата на филмот заради сугестивната мрачна атмосфера, комбинирана со мелодраматичната морбидност, што било исчекор за стандардите на германскиот експресионизам.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

Џијан Емин е човек со име и презиме. Токму онака како што своевремено пееше „Архангел“, група во којашто едно време и самиот беше член. Име и презиме кое се запаметува од прва, човек за кого и светот слушна. Силната желба – сето она што во младоста, како музички уметник го стекнал и го практикувал – да го преточи во диригирањето, за кое велат дека е најкомплексниот сегмент од најубавата уметност – на Џијан му се оствари. Џијан Емин застана зад пултот со Македонска филхармонија во повеќе значајни проекти изминатите неколку години, во дел од нив и како оркестратор, привлекувајќи го силно вниманието на јавноста. На пример, масовните концерти со Феми Кути и Македонската филхармонија, „Скопје за Боуви“ и „Пинк флојд“ во Градскиот парк на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“, музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ во охридскиот Антички театар со еден од пионерите на детроитската техно-сцена Дерик Меј и повторно Македонската филхармонија, проект со кој го прошета светот (САД, Австралија, Европа), потоа се памети и настапот со Белградскиот симфониски оркестар и американскиот диџеј Јуан Аткинс – уште еден експериментален влог во кој фузијата на електронската и класичната музика се покажа мошне и.инспиративна. Како и минатогодишнио концерт „Париз те сакам“ по повод Денот на вљубените, на кој француски познати шансони беа во негови аранжмани, проект со кој, исто така, излезе надвор од нашите граници (Прага, Будимпешта). Потоа, тука е и мултимедијалниот проект „Neuland Sensorium“ што се одржа во „Мала ...станица“ и кој се издвои како еден од иновативните звучни проекти и во авторска, но и во продукциска конотација, како диригент на Симфониски концерти за деца, а и на новиот и мошне активен ансамбл на Здружението на џез-музичари на Македонија... „Секој уметник презема храбри чекори и одговара на предизвиците во уметноста, кои се круцијални за добивање нови форми, нов израз, нови начини кои носат воспоставување нови медиуми“. Токму тоа, Џијан Емин, во разни форми и жанрови, досега умешно го прави, тежнеејќи да претстави една нова музичка перцепција, да наметне нова звучна естетика која се базира на неговото навистина огромно искуство како мултимедијален музичар – многу години како прв хорнист во Македонска филхармонија, клавијатурист, гитарист, композитор, аранжер, сега и диригент...

Вели дека не може да ги наброи сите свои досегашни проекти и соработки, затоа што се многу. Сепак, ќе издвоиме уште неколку од нив: концертите како хорнист со Македонска филхармонија, но и со Белградската, концертите како класичен солист, камерен музичар, активностите во другите жанрови со бендовите како што се „Проект жлуст“, „Д.Н.О.“, Квартетот на Георги Шарески, „Скопје конекшн“, многу проекти со „Архангел“, соработките со Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Тони Китановски, Кирил Џајковски, „Фолтин“ и Никола Коџабашија, бројните дискографски изданија, ангажманите со оркестарот за снимање филмска музика „Фејмс“, каде е потпишан како оркестратор на повеќе од 80 проекти, меѓу кои се најде и неговата оркестрација на музиката на Мет Феди која го одбележа најголемиот новогодишен огномет кој се случи во Дубаи, соработки со добитници на Оскар и Греми награди како Малколм Брн, продуцент кој работел и со „У2“, Питер Габриел или Боб Дилан, потоа со А.Р. Рахман, Џеф Милс, Франческо Тристано, Вилијам Паркер, Грег Хопкинс, Питер Херберт, Дамо Сузуки, Џовани Фалцоне, Френк Лондон, Боб Стјуарт, Џанлука Петрела, Лука Аквино, Ернст Рејсегер, Рено Гарсија Фонс… Еден од неговите најнови настапи како диригент и композитор се случи во престижната концертна сала во Лондон, Ројал Фестивал Хол. Досега има диригирано со Детроитскиот симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Мелбурн, Оркестарот Ламоро – Париз, Фламанскиот симфониски оркестар, Националниот оркестар на Кан, Националниот оркестар на Мец, Националниот оркестар на Грузија, Дунавскиот оркестар Обуда – Будимпешта, Македонската филхармонија, Оркестарот ФАМЕС од Скопје. За Џијан Емин, музиката има магична моќ. На различни начини успева да нè води низ времето, ни ги пренесува мудростите на животот, несвесно влијае на нашиот разум и нè прави подобри луѓе. Тој го следи своето срце кое, признава, му нанело многу болки, но за возврат, денес ја има слободата која носи безмерна среќа и која сака да ја споделува со луѓето.

Целата програма овде.

The post Со проекција на „Носферату, симфонија на стравот“ на Фридрих Вилхелм Мурнау и музичка придружба на Џијан Емин почнува Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Со проекција на НОСФЕРАТУ, СИМФОНИЈА НА СТРАВОТ (Nosferatu, eine Symphonie des Grauens / Nosferatu, a Symphony of the Gray), филм на Фридрих Вилхелм Мурнау (Friedrich Wilhelm Murnau) од 1922 година, во музичка придружба на Џијан Емин, на 31 август (среда) во 20:00 ч. во летното кино, Кинотека го започнува годинешното издание на ФЕСТИВАЛОТ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ, кој ќе трае до 7 септември.
Во 14 термини ќе презентираме: три филма на типичниот претставник на германскиот експресионизам Мурнау; два со Бастер Китон (Buster Keaton), „човекот со каменото лице што го засмејуваше светот“ од ерата на немиот филм; мини-циклус на Рајнер Вернер Фасбиндер (Rainer Werner Fassbinder); по еден филм на француските авторски ведети Луј Мал (Louis Malle) и Клод Соте (Claude Sautet),; како и домашното документарно наследство – ФИЛМСКИ НОВОСТИ (1945-1948). На 7 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч., на последната вечер на ФЕСТИВАЛОТ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ, во летното кино ќе бидат прикажани три етнолошки филмови во чест на проф. д-р Вера Кличкова, по повод 111 години од нејзиното раѓање. Оваа проекција на филмовите РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ ВО ГЕВГЕЛИСКО, ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ и МАРИОВСКА СВАДБА е дел од проектот „Сезона на филмски класици“ (A Season Of Classic Films) на Асоцијацијата на европски кинотеки (Association des Cinematheques Europeennes / ACE), со чија финансиска помош, истите беа дигитализирани и дигитално реставрирани. Освен НОСФЕРАТУ, ќе ги видиме и филмовите ФАУСТ (Faust / Faust) и ПАТУВАЊЕ ВО НОЌТА (Der Gang in die Nacht / Journey into the Night) на Мурнау. Можеби ќе звучи како интересна паралела што актерот Вилхелм Дитерле, кој во филмот ФАУСТ го игра Валентин, братот на Гречен, во 30-те години од минатиот век емигрирал во САД и направил светска кариера како режисер и актер под името Вилијам Дитерле (William Dieterle). Во богатата кариера го режирал и ДУБРОВСКИ (1959; според истоимената новела на Александар С. Пушкин за руската варијанта на Робин Худ) под оригиналниот наслов ОДМАЗДНИКОТ (Il vendicatore / The Avenger) како копродукција помеѓу „Вардар филм – Скопје“ од Македонија и „Хеспериа филм – Рома“ од Италија. Во него, покрај актерите Џон Форсајт (за нашата публика најпознат по главната улога во некогаш мега-популарната ТВ серија „Династија“), Росана Скиафино, Пол Далке и Мерио Бернарди во главните улоги, играат и Илија Џувалековски, Драгомир Фелба, Дара Милошевиќ, Јован Јаниќиевиќ, Божидар Дрниќ, а во екипата на филмот учествувале и Ацо Петровски како директор на филмот, костимографката Мира Глишиќ, асистентите на режија Александар Ѓурчинов, Кочо Недков и Миомир Мики Стаменковиќ, потоа асистент снимател Љубе Петковски, асистент на сценографија Диме Шумка и организаторот на снимање Ристо Теофиловски-Риџвеј. Кога сме кај куриозитетите врзани со овој филм, хрониките забележале дека на аудицијата за главната женска улога се пријавила и Лени Рифенштал (Leni Riefenstahl), подоцна успешна актерка, но многу попозната како режисерка на пропагандните документарни филмови од периодот на нацистичка Германија (ТРИУМФ НА ВОЛЈАТА и ОЛИМПИЈА се нејзини најпознати наслови). Меѓутоа, била одбиена. Фасбиндер, пак, во неговиот краток и бурен живот (1945-1982) снимил 30 филмови во период од 12 години. Вљубеникот во холивудските мелодрами на Даглас Сирк (Douglas Sirk), во раната младост ќе ја „размрда“ германската и европската кинематографија со неговите бескомпромисни филмови. ЛИЛИ МАРЛЕН (Lili Marleen), БРАКОТ НА МАРИЈА БРАУН (Die Ehe der Maria Braun / The Marriage of Maria Braun), ЕФИ БРИСТ (Fontane Effi Briest / Effi Briest), КОПНЕЖОТ НА ВЕРОНИКА ФОС (Die Sehnsucht der Veronika Voss / Veronika Voss) и МАРТА (Martha) се изборот од неговата исклучителна филмографија за ова издание на ФЕСТИВАЛОТ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ, велат од Кинотека.
НОСФЕРАТУ, СИМФОНИЈА НА СТРАВОТ (Nosferatu, eine Symphonie des Grauens / Nosferatu, a Symphony of the Gray) Игран филм, Германија 1922, 81 мин., црно-бел, 16 мм Режија: Фридрих Вилхелм Мурнау (Friedrich Wilhelm Murnau) Сценарио: Хенрик Гален (Henrik Galeen) Улоги: Макс Шрек, Александер Гранах, Густав фон Вангенхајм, Грета Шредер (Max Schreck, Alexander Granach, Gustav von Wangenheim, Greta Schröder) Музичка придружба: Џијан Емин Во германскиот град Визбург, 1838 година, агентот за недвижности Нок (Гранах) го испраќа својот соработник Хутер (фон Вангенхајм) во Трансилванија, во замокот на грофот Орлок (Шрек), кој сака да купи куќа наспроти домот на Хутер. Хутер ја остава сопругата Елен кај својот богат пријател и тргнува на пат, а кога пристига во Трансилванија, тамошните жители не сакаат да му помогнат да го превезат до замокот на грофот ниту да се приближат до зданието кое го сметаат за проклето. Кога некако ќе дојде до грофот, на Хутер му е необично што тој се однесува чудно и што состаноците ги одржува само ноќе. Хутер не знае дека грофот е вампир кој наскоро ќе го затвори во замокот и ќе замине во Визбург, носејќи со себе неколку мртовечки ковчези, полни со проклетата земја во која бил закопан. Хутер бега од замокот и веднаш тргнува назад кон Визбург, каде што ќе почнат да се случуваат тегобни и мрачни случки. НОСФЕРАТУ е слободна адаптација на романот ДРАКУЛА на Брем Стокер (Bram Stoker) од 1897 година, со изменети имиња на ликовите. НОСФЕРАТУ е првиот голем филмски успех на Мурнау, кој има свое место во историјата на филмот заради сугестивната мрачна атмосфера, комбинирана со мелодраматичната морбидност, што било исчекор за стандардите на германскиот експресионизам. Возрасна категорија: 14 години Влезница: 100 денари Џијан Емин е човек со име и презиме. Токму онака како што своевремено пееше „Архангел“, група во којашто едно време и самиот беше член. Име и презиме кое се запаметува од прва, човек за кого и светот слушна. Силната желба – сето она што во младоста, како музички уметник го стекнал и го практикувал – да го преточи во диригирањето, за кое велат дека е најкомплексниот сегмент од најубавата уметност – на Џијан му се оствари. Џијан Емин застана зад пултот со Македонска филхармонија во повеќе значајни проекти изминатите неколку години, во дел од нив и како оркестратор, привлекувајќи го силно вниманието на јавноста. На пример, масовните концерти со Феми Кути и Македонската филхармонија, „Скопје за Боуви“ и „Пинк флојд“ во Градскиот парк на манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“, музичко-сценскиот спектакл „Музика универзалис“ во охридскиот Антички театар со еден од пионерите на детроитската техно-сцена Дерик Меј и повторно Македонската филхармонија, проект со кој го прошета светот (САД, Австралија, Европа), потоа се памети и настапот со Белградскиот симфониски оркестар и американскиот диџеј Јуан Аткинс – уште еден експериментален влог во кој фузијата на електронската и класичната музика се покажа мошне и.инспиративна. Како и минатогодишнио концерт „Париз те сакам“ по повод Денот на вљубените, на кој француски познати шансони беа во негови аранжмани, проект со кој, исто така, излезе надвор од нашите граници (Прага, Будимпешта). Потоа, тука е и мултимедијалниот проект „Neuland Sensorium“ што се одржа во „Мала ...станица“ и кој се издвои како еден од иновативните звучни проекти и во авторска, но и во продукциска конотација, како диригент на Симфониски концерти за деца, а и на новиот и мошне активен ансамбл на Здружението на џез-музичари на Македонија... „Секој уметник презема храбри чекори и одговара на предизвиците во уметноста, кои се круцијални за добивање нови форми, нов израз, нови начини кои носат воспоставување нови медиуми“. Токму тоа, Џијан Емин, во разни форми и жанрови, досега умешно го прави, тежнеејќи да претстави една нова музичка перцепција, да наметне нова звучна естетика која се базира на неговото навистина огромно искуство како мултимедијален музичар – многу години како прв хорнист во Македонска филхармонија, клавијатурист, гитарист, композитор, аранжер, сега и диригент... Вели дека не може да ги наброи сите свои досегашни проекти и соработки, затоа што се многу. Сепак, ќе издвоиме уште неколку од нив: концертите како хорнист со Македонска филхармонија, но и со Белградската, концертите како класичен солист, камерен музичар, активностите во другите жанрови со бендовите како што се „Проект жлуст“, „Д.Н.О.“, Квартетот на Георги Шарески, „Скопје конекшн“, многу проекти со „Архангел“, соработките со Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Тони Китановски, Кирил Џајковски, „Фолтин“ и Никола Коџабашија, бројните дискографски изданија, ангажманите со оркестарот за снимање филмска музика „Фејмс“, каде е потпишан како оркестратор на повеќе од 80 проекти, меѓу кои се најде и неговата оркестрација на музиката на Мет Феди која го одбележа најголемиот новогодишен огномет кој се случи во Дубаи, соработки со добитници на Оскар и Греми награди како Малколм Брн, продуцент кој работел и со „У2“, Питер Габриел или Боб Дилан, потоа со А.Р. Рахман, Џеф Милс, Франческо Тристано, Вилијам Паркер, Грег Хопкинс, Питер Херберт, Дамо Сузуки, Џовани Фалцоне, Френк Лондон, Боб Стјуарт, Џанлука Петрела, Лука Аквино, Ернст Рејсегер, Рено Гарсија Фонс… Еден од неговите најнови настапи како диригент и композитор се случи во престижната концертна сала во Лондон, Ројал Фестивал Хол. Досега има диригирано со Детроитскиот симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Мелбурн, Оркестарот Ламоро – Париз, Фламанскиот симфониски оркестар, Националниот оркестар на Кан, Националниот оркестар на Мец, Националниот оркестар на Грузија, Дунавскиот оркестар Обуда – Будимпешта, Македонската филхармонија, Оркестарот ФАМЕС од Скопје. За Џијан Емин, музиката има магична моќ. На различни начини успева да нè води низ времето, ни ги пренесува мудростите на животот, несвесно влијае на нашиот разум и нè прави подобри луѓе. Тој го следи своето срце кое, признава, му нанело многу болки, но за возврат, денес ја има слободата која носи безмерна среќа и која сака да ја споделува со луѓето. Целата програма овде.